Return to Video

Што мислат девојките за нивното сексуално задоволство

  • 0:01 - 0:02
    Неколку години веќе,
  • 0:02 - 0:07
    водиме национални дебати за сексуалните
    напади на универзитетите.
  • 0:07 - 0:08
    Без сомнение,
  • 0:08 - 0:13
    значајно е младите да ги разберат основите
    на согласноста за сексуален однос,
  • 0:13 - 0:16
    но токму тука завршува
    дискусијата за сексот.
  • 0:17 - 0:19
    Во овој вакуум на информации,
  • 0:19 - 0:21
    медиумите и интернетот-
  • 0:21 - 0:23
    новите дигитални маала-
  • 0:23 - 0:25
    ги образуваат нашите деца наместо нас.
  • 0:26 - 0:31
    Ако навистина сакаме младите
    да ги вклучиме безбедно, етички
  • 0:31 - 0:34
    и да, со задоволство,
  • 0:34 - 0:40
    време е отворено да проговориме
    за она што се случува после „Да“
  • 0:41 - 0:44
    и да го срушиме најголемото табу од сите
  • 0:44 - 0:46
    и да зборуваме со младите
  • 0:46 - 0:50
    за способноста на жените и нивните
    права на сексуално задоволство.
  • 0:51 - 0:53
    Да.
  • 0:53 - 0:54
    (Аплауз)
  • 0:54 - 0:55
    Ајде, дами.
  • 0:55 - 0:57
    (Аплауз)
  • 0:57 - 1:01
    Три години поминав зборувајќи
    со девојки од 15-20 години
  • 1:01 - 1:04
    за нивните ставови и искуства со сексот.
  • 1:04 - 1:05
    Открив дека
  • 1:05 - 1:09
    младите жени може чувствуваат дека
    имаат право на сексуално искуство,
  • 1:09 - 1:13
    но не секогаш се чувствуваат
    слободни да уживаат во него.
  • 1:13 - 1:15
    На пример, студентка од престижен колеџ
  • 1:15 - 1:17
    ми рече:
  • 1:17 - 1:20
    „Потекнувам од семејство
    со редица умни и силни жени.
  • 1:20 - 1:22
    Баба ми била пожарникар,
  • 1:22 - 1:24
    мајка ми има кариера,
  • 1:24 - 1:27
    сестра ми и јас сме гласни
    и тоа е нашата форма на феминизам.“
  • 1:28 - 1:31
    Потоа ми го опиша
    нејзиниот сексуален живот:
  • 1:31 - 1:33
    редица на врски за една ноќ
  • 1:33 - 1:35
    кои започнале на 13 години,
  • 1:35 - 1:36
    кои биле..
  • 1:36 - 1:38
    не посебно одговорни,
  • 1:39 - 1:41
    ниту реципрочни
  • 1:41 - 1:42
    и не многу пријатни.
  • 1:43 - 1:45
    Таа крена раменици.
  • 1:45 - 1:48
    „Изгледа ние девојките се социјализираме
    да бидеме покорни суштества
  • 1:48 - 1:51
    кои не ги искажуваат
    своите желби и потреби.“
  • 1:52 - 1:53
    „Чекај,“-реков.
  • 1:53 - 1:56
    „Не рече пред малку дека
    сте биле умни и силни жени?“
  • 1:57 - 1:58
    Се поколеба за миг.
  • 1:59 - 2:01
    Потоа рече: „Изгледа,
  • 2:01 - 2:04
    никој не ми кажа дека
    „силна и умна“ се однесува и на сексот.“
  • 2:06 - 2:09
    Можеби треба да кажам
    отворено дека и покрај поривот
  • 2:09 - 2:14
    тинејџерите не влегуваат во сексуални
    врски почесто или на помлада возраст
  • 2:14 - 2:16
    за разлика од пред 25 години.
  • 2:16 - 2:20
    Но, започнуваат со друг вид на однесување.
  • 2:20 - 2:21
    Кога го игнорираме тоа,
  • 2:21 - 2:24
    кога го обележуваме како „не е секс“,
  • 2:25 - 2:28
    тоа отвора пат кон ризично
    однесување и непочитување.
  • 2:29 - 2:32
    Ова особено се однесува на оралниот секс
  • 2:32 - 2:35
    кој тинејџерите сметаат дека
    е помалку интимен од имањето однос.
  • 2:36 - 2:38
    Девојките велат :„Не е голема работа,“
  • 2:38 - 2:41
    како да го читаат истиот прирачник-
  • 2:42 - 2:45
    барем кога на другата
    страна се момчињата.
  • 2:46 - 2:48
    Младите жени имаат многу
    причини за да учествуваат.
  • 2:48 - 2:50
    Тоа ги прави да се посакувани;
  • 2:50 - 2:53
    тоа е начинот на подигнување
    на социјалниот статус.
  • 2:53 - 2:56
    Понекогаш тоа е начинот
    на излегување од зоната на комфор.
  • 2:57 - 3:00
    Како што изјави еден бруцош:
  • 3:00 - 3:02
    „Девојка ќе му пружи орален секс
    на тип на крајот на вечерта
  • 3:02 - 3:05
    бидејќи не сака да има секс со него,
  • 3:05 - 3:07
    а, тој очекува да биде задоволен.
  • 3:07 - 3:09
    Така што ако сакам да си оди
  • 3:09 - 3:11
    и не сакам ништо да се случи....“
  • 3:13 - 3:17
    Имам слушнато толку многу приказни за
    девојки кои пружиле едностран орален секс.
  • 3:17 - 3:19
    што почнав да прашувам:
  • 3:19 - 3:21
    „Што ако секогаш кога си сама со момче
  • 3:21 - 3:24
    ти побара да му донесеш чаша вода,
  • 3:24 - 3:28
    а тој никогаш не ти донел чаша вода,
  • 3:28 - 3:29
    или ако ти донел, било вака:
  • 3:32 - 3:33
    „Сакаш да те...?“’
  • 3:34 - 3:35
    Онака, безволно.
  • 3:36 - 3:38
    Нема да го трпите тоа.
  • 3:39 - 3:42
    Но, не дека момчињата не сакаат и обратно.
  • 3:42 - 3:44
    Девојките не сакаат тоа да им се прави.
  • 3:44 - 3:47
    Девојките се срамат
    кога се работи за гениталиите.
  • 3:47 - 3:51
    Имаат чувство дека e непријатно и свето.
  • 3:52 - 3:54
    Нивните чувства за интимните делови
  • 3:54 - 3:57
    се директно поврзани
    со нивното уживање во сексот.
  • 3:58 - 4:02
    Деби Херберик, истражувач
    на Универзитетот Индијана,
  • 4:02 - 4:06
    смета дека претставата
    за гениталиите кај жените е под опсада,
  • 4:06 - 4:08
    со најголем притисок досега
  • 4:08 - 4:12
    да се видат како неприфаливи
    во нивната природна состојба.
  • 4:13 - 4:14
    Според истражувањата,
  • 4:14 - 4:18
    околу 3/4 од студентките
    ги острануваат пубичните влакна, целосно
  • 4:18 - 4:20
    или повремено
  • 4:20 - 4:22
    и поголемиот дел го прават тоа редовно.
  • 4:23 - 4:27
    Велат дека отстранувањето на влакната
    ги прави да се чувствуваат почисто,
  • 4:27 - 4:29
    дека тоа е личен избор.
  • 4:31 - 4:35
    Но, се прашувам кога би биле
    сами на пуст остров,
  • 4:35 - 4:38
    дали тоа ќе беше нивниот избор.
  • 4:38 - 4:40
    (Смеа)
  • 4:40 - 4:41
    Кога отидов подалеку,
  • 4:41 - 4:43
    се појави една уште помрачна страна:
  • 4:43 - 4:45
    избегнување на понижување.
  • 4:46 - 4:49
    „Момчињата се однесуваат
    како да се гадат од тоа“-
  • 4:49 - 4:50
    рече една млада жена.
  • 4:51 - 4:53
    „Никој не сака да биде озборуван за тоа.“
  • 4:54 - 4:58
    Отстранувањето на пубичните влакна
    ме потсети на почетокот на 20 век
  • 4:58 - 5:02
    кога жените почнале
    да ги бричат пазувите и ноѕете.
  • 5:02 - 5:05
    Ова е кога новите фустани почнаа
  • 5:05 - 5:07
    да ги откриваат нозете на жените
  • 5:07 - 5:09
    пред јавноста.
  • 5:10 - 5:13
    Има уште нешто што сметам дека е знак.
  • 5:13 - 5:17
    Дека најитимниот женски дел
    е изложен на јавното мислење,
  • 5:17 - 5:19
    изложен на критика,
  • 5:19 - 5:23
    за изгледот на тој дел во очите на другите
  • 5:23 - 5:25
    а не во очите на самата жена.
  • 5:26 - 5:30
    Трендот на бричење прерасна
    во друг тренд-лабиопластика.
  • 5:30 - 5:35
    Лабиопластика, корекција на надворешните
    и внатрешни интимни усни,
  • 5:35 - 5:40
    станува популарна козметичка
    интервенција кај тинејџерките.
  • 5:41 - 5:46
    Од 2014-2015 се зголеми за 80 проценти,
  • 5:46 - 5:50
    и ако девојките под 18 год. сочинуваат
    2% од сите козметички интервенции,
  • 5:50 - 5:53
    5% се лабиопластики.
  • 5:54 - 5:56
    Најбараниот изглед, случајно,
  • 5:56 - 6:00
    каде надворешните усни
    се споени како школка,
  • 6:00 - 6:01
    и овој изглед се вика...
  • 6:01 - 6:02
    слушнете само..
  • 6:03 - 6:05
    „Барби“.
  • 6:05 - 6:06
    (Негодување)
  • 6:06 - 6:08
    Мислам не треба да ви кажам
  • 6:08 - 6:11
    Барби е направена од пластика,
  • 6:11 - 6:14
    и нема гениталии.
  • 6:14 - 6:16
    (Смеа)
  • 6:16 - 6:19
    Трендот на лабиопластика
    станува толку загрижувачки
  • 6:19 - 6:23
    што Здружението
    на гинеколози-акушери во САД
  • 6:23 - 6:25
    дадоа изјава за процедурата,
  • 6:25 - 6:27
    што ретко е медицински неопходно,
  • 6:28 - 6:30
    не е докажано дека е безбедна
  • 6:30 - 6:36
    и има несакани ефекти
    како чешање, тапост, болка
  • 6:36 - 6:38
    и намалена сексуална чувствителност.
  • 6:39 - 6:40
    Сега, да признаеме
  • 6:40 - 6:42
    и за среќа,
  • 6:42 - 6:44
    бројот на девојките
    кои го прават тоа е прилично мал,
  • 6:45 - 6:48
    но, може да ги видите како птички наоколу
  • 6:48 - 6:52
    кои ни кажуваат важни информации за тоа
    како девојките ги гледаат своите тела.
  • 6:54 - 6:55
    Сара Меклеланд,
  • 6:55 - 6:58
    психолог на Университетот во Мичиген,
  • 6:58 - 7:02
    ја срочи мојата
    омилена фраза на оваа тема:
  • 7:03 - 7:05
    „Интимна правда“.
  • 7:07 - 7:11
    Тоа значи дека сексот има политички
    и лични последици,
  • 7:11 - 7:13
    слично како на тоа кој
    ги мие садовите во вашиот дом
  • 7:13 - 7:15
    или кој го чисти тепихот.
  • 7:16 - 7:19
    Тоа исто повлекува прашања
    и за нееднаквоста,
  • 7:20 - 7:21
    за економската неусогласеност,
  • 7:22 - 7:23
    насилството,
  • 7:23 - 7:24
    физичкото и металното здравје.
  • 7:25 - 7:29
    Интимната правда нè тера да размислиме
  • 7:29 - 7:32
    кој има право да се вклучи во искуството.
  • 7:32 - 7:34
    Кој има право да ужива во него?
  • 7:34 - 7:37
    Кој има најмногу корист од тоа?
  • 7:37 - 7:41
    Како секој од партнерите
    го дефинира „доволно добро“?
  • 7:42 - 7:46
    Искрено, мислам дека такви прашања
    се незгодни и понекогаш трауматски
  • 7:46 - 7:48
    и за возрасни жени,
  • 7:49 - 7:51
    но, кога зборуваме за девојките,
  • 7:51 - 7:57
    пак се враќам на мојата идеја
    дека нивното рано сексуално искуство
  • 7:57 - 7:59
    не треба да е нешто што
    тие треба да го преболат.
  • 8:02 - 8:03
    Во својата работа,
  • 8:03 - 8:07
    Меклеланд открива дека младите
    жени за разлика од младите мажи
  • 8:07 - 8:11
    го користат задоволството на партнерот
    како мерка за сопствено задоволство.
  • 8:11 - 8:12
    Велат нешто како ова:
  • 8:12 - 8:14
    „Ако тој е сексуално задоволен
  • 8:14 - 8:16
    и јас сум сексуално задоволена.“
  • 8:16 - 8:21
    Младите мажи го мерат своето задоволство
    со своите оргазми.
  • 8:23 - 8:26
    Младите жени исто различно
    го дефинираат лошиот секс.
  • 8:28 - 8:29
    Во најголемата анкета досега
  • 8:29 - 8:33
    за сексуалното однесување на Американците,
  • 8:33 - 8:36
    тие наведуваат болка
    во нивните сексуални искуства
  • 8:36 - 8:38
    во текот на 30 проценти од времето.
  • 8:40 - 8:42
    Истотака употребуваат зборови
    како „депресивно“,
  • 8:43 - 8:45
    „омаловажувачко“,
  • 8:45 - 8:46
    „„понижувачко“.
  • 8:46 - 8:50
    Младите мажи никогаш
    не ги употребиле тие зборови.
  • 8:50 - 8:54
    Кога млади жени изразуваат
    нивоа на сексуални задоволства
  • 8:54 - 8:57
    кои се еднакви или повисоки
    од оние на младите мажи-
  • 8:57 - 8:59
    а ги има во истражувањата-
  • 8:59 - 9:01
    тоа може да е лажно.
  • 9:02 - 9:05
    Ако девојка има однос
    со надеж дека нема да боли,
  • 9:05 - 9:07
    сакајќи да е поблиска со партнерот
  • 9:07 - 9:09
    и очекувајќи го неговиот оргазам,
  • 9:10 - 9:13
    ќе биде задоволна ако
    тие критериуми се исполнат.
  • 9:13 - 9:16
    И нема ништо погрешно да сакаш
    да си поблиску до партнерот
  • 9:16 - 9:18
    или да сакаш да е среќен,
  • 9:18 - 9:20
    а, оргазмот не е единственото
    мерило на искуството-
  • 9:22 - 9:23
    но отсуството на болка-
  • 9:24 - 9:27
    тоа е доста низок праг
    за сопственото задоволство.
  • 9:29 - 9:31
    Го слушав сето тоа и размислував,
  • 9:31 - 9:37
    почнав да сфаќам дека правиме
    психолошка клиторидектомија
  • 9:37 - 9:38
    на американските девојки.
  • 9:38 - 9:40
    Од раното детство,
  • 9:40 - 9:43
    најчесто родителите на машките деца
    ги именуваат деловите на телото
  • 9:44 - 9:46
    и најчесто велат: Еве го „пипето“.
  • 9:46 - 9:49
    Родителите на девојчињата вообичаено
    делот меѓу папокот и колената
  • 9:49 - 9:53
    избегнуваат да го именуваат.
  • 9:53 - 9:54
    (Смеа)
  • 9:54 - 9:58
    Најдобар начин да се избегне темата
  • 9:58 - 9:59
    е да не се именува.
  • 10:00 - 10:03
    Подоцна кога почнуваат
    со сексуално образование
  • 10:03 - 10:06
    децата учат дека машките
    имаат ерекција и ејакулација
  • 10:07 - 10:08
    а девојчињата имаат
  • 10:08 - 10:11
    циклуси и несакани бремености.
  • 10:12 - 10:16
    Го гледаат дијаграмот на женскиот
    репродуктвен систем,
  • 10:16 - 10:19
    знаете кој, оној што
    наликува на телешка глава-
  • 10:19 - 10:20
    (Смеа)
  • 10:23 - 10:25
    И секогаш е сиво меѓу нозете.
  • 10:26 - 10:28
    Така, никогаш не велиме вулва,
  • 10:28 - 10:30
    никогаш не велиме клиторис.
  • 10:30 - 10:32
    Без сомнение,
  • 10:32 - 10:35
    помалку од половина
    тинејџерки од 14-17 год.
  • 10:35 - 10:37
    никогаш не маструрбирале.
  • 10:37 - 10:40
    Потоа влегуваат во врски
  • 10:40 - 10:44
    и очекуваме да мислат
    дека сексот е за нив,
  • 10:44 - 10:49
    дека ќе можат гласно да ги кажат
    своите потреби, желби и граници.
  • 10:49 - 10:51
    Ове е нереално.
  • 10:52 - 10:54
    Сепак, еве нешто.
  • 10:54 - 10:57
    Влогот на девојките во уживањето
    на нивните партнери останува
  • 10:58 - 11:00
    без разлика на родот на партнерот.
  • 11:01 - 11:03
    Во истополовите односи,
  • 11:03 - 11:05
    јазот помеѓу органите го нема.
  • 11:06 - 11:09
    Младите жени имаат оргазам
    на исто ниво како мажите.
  • 11:10 - 11:12
    Лезбејки и бисексуални девојки ми кажуваат
  • 11:12 - 11:16
    дека се чувствуваат ослободени
    да излезат од шаблоните-
  • 11:16 - 11:19
    ослободени да формираат врски
    кои се успешни за нив.
  • 11:19 - 11:23
    Геј девојките ги нарекуваат првите односи
  • 11:23 - 11:25
    со дефиниција на невиност.
  • 11:25 - 11:28
    Не затоашто односот не е нешто сериозно
  • 11:28 - 11:32
    туку затоашто вреди да видиме
    зошто активноста,
  • 11:32 - 11:35
    која многу девојки ја поврзуваат
    со нелагодност или болка,
  • 11:35 - 11:38
    е крајната линија на сексуалната зрелост-
  • 11:38 - 11:40
    толку многу позначајна,
  • 11:40 - 11:43
    и потрансформативна од било што друго.
  • 11:44 - 11:47
    Вреди да се види и како
    сето тоа им служи на девојките;
  • 11:47 - 11:50
    дали ги заштитува од болести,
  • 11:50 - 11:53
    присила, предавство, напад.
  • 11:54 - 11:57
    Дали е охрабрувачко и внимателно
    за двата партнери;
  • 11:57 - 12:01
    што значи за начинот на кој
    ги гледаат другите сексуални дејствија;
  • 12:01 - 12:03
    дали им дава повеќе контрола над
  • 12:03 - 12:05
    уживањето и нивното искуство
  • 12:06 - 12:09
    и што значи за геј тинејџерите,
  • 12:09 - 12:13
    кои можат да имаат повеќе
    геј партнери без хетеросексуален однос.
  • 12:14 - 12:16
    Прашав геј девојка која ја запознав,
  • 12:17 - 12:19
    „Како ќе знаеш дека не си невина?“
  • 12:20 - 12:21
    Рече дека ќе мора да изгугла.
  • 12:21 - 12:23
    (Смеа)
  • 12:23 - 12:25
    И Гугл не беше сигурен.
  • 12:25 - 12:27
    (Смеа)
  • 12:27 - 12:30
    На крај одлучи дека не е веќе невина
  • 12:30 - 12:33
    откако го имала првиот оргазам
    со партнерката.
  • 12:34 - 12:36
    Си реков:
  • 12:36 - 12:37
    Вау!
  • 12:37 - 12:40
    Што ако за миг помислиме
  • 12:40 - 12:42
    дека таа е дефиницијата?
  • 12:44 - 12:46
    Повторно, не зашто
    односот е голема работа-
  • 12:46 - 12:47
    се разбира дека е-
  • 12:47 - 12:50
    но не е единствената,
  • 12:50 - 12:54
    и наместо да мислиме на сексот
    како на трка да се стигне до целата,
  • 12:54 - 12:59
    ова ни помага да му дадеме содржина
    како на збир на искуства
  • 12:59 - 13:04
    кои вклучуваат топлина,
    прирзаност, возбуда,
  • 13:04 - 13:07
    желба, допир, интимност.
  • 13:08 - 13:10
    Вреди да ги запрашаме младите,
  • 13:10 - 13:13
    кој е навистина сексуално поискусен?
  • 13:13 - 13:16
    Тој што бил со партнерот три саати
  • 13:17 - 13:21
    и експериментирал со сензуалната
    напнатост и комуникација,
  • 13:21 - 13:25
    или оној кој се досадува на забава
    и случајно завршува со некој
  • 13:25 - 13:29
    за да ја „среди“ невиноста
    пред да замине на факултет.
  • 13:30 - 13:33
    Единствен начин на кој може
    да настане пресврт во размислувањето
  • 13:33 - 13:37
    е да зборуваме почесто
    со младите за сексот-
  • 13:37 - 13:39
    ако ги нормализираме тие дискусии,
  • 13:39 - 13:42
    ги вметниме во секојдневниот живот,
  • 13:42 - 13:46
    зборувајќи за интимните дејствија
    на различен начин-
  • 13:46 - 13:49
    на начинот на кој најмногу се променивме,
  • 13:49 - 13:51
    на начинот на кој зборуваме
    за жените во јавниот живот.
  • 13:52 - 13:56
    Во една анкета на 300 случајно
    избрани девојки
  • 13:56 - 13:59
    од холандски и американски универзитет,
  • 13:59 - 14:00
    два слични универзитети,
  • 14:00 - 14:03
    зборуваат за нивните
    рани сексуални искуства.
  • 14:04 - 14:09
    Холанѓанките опфатија сè
    што велиме дека сакаме од девојките.
  • 14:09 - 14:11
    Тие имаа помалку негативни последици,
  • 14:11 - 14:14
    како болести, бремености, каење,
  • 14:15 - 14:16
    повеќе позитивни исходи
  • 14:16 - 14:19
    како способност да
    комуницираат со партнерот,
  • 14:19 - 14:21
    за кој рекоа дека добро го познаваат;
  • 14:21 - 14:23
    се подготвиле за искуството одговорно
  • 14:23 - 14:25
    уживајќи во активноста.
  • 14:26 - 14:27
    Која беше нивната тајна?
  • 14:28 - 14:32
    Холанѓанките рекоа дека лекарите,
    наставниците и родителите
  • 14:32 - 14:34
    уште од рана возраст и отворено,
  • 14:34 - 14:35
    разговарале со нив,
  • 14:35 - 14:40
    за сексот, задоволството и важноста
    на заедничката доверба.
  • 14:41 - 14:43
    Уште повеќе,
  • 14:43 - 14:47
    додека Американците не се помалку спремни
    да зборуваат со своите деца за сексот,
  • 14:48 - 14:50
    разговорите се сведуваат во рамките
  • 14:50 - 14:54
    на опасностите и ризиците,
  • 14:55 - 14:59
    за разлика од Холанѓаните кои ги изедначуваат
    уживањето и одговорноста.
  • 15:00 - 15:01
    Морам да ви кажам,
  • 15:01 - 15:03
    мене како родител,
  • 15:03 - 15:05
    ова ме погоди многу,
  • 15:05 - 15:08
    бидејќи знам,
  • 15:08 - 15:10
    ако не продрев длабоко во истражувањето,
  • 15:10 - 15:14
    ќе зборував отворено
    со моето дете за контрацепција,
  • 15:14 - 15:16
    за заштита од болести,
  • 15:16 - 15:19
    за согласноста зашто сум современ родител,
  • 15:19 - 15:20
    и ќе си речев-
  • 15:22 - 15:23
    браво себе си.
  • 15:24 - 15:27
    Сега знам дека тоа не е доволно.
  • 15:28 - 15:31
    Исто така знам што очекувам од девојките,
  • 15:32 - 15:36
    сакам да ја видат сексуалноста
    како извор на само-спознание,
  • 15:36 - 15:38
    креативност и комуникација
  • 15:38 - 15:41
    и покрај потенцијалните ризици.
  • 15:41 - 15:45
    Сакам да можат да се нурнат
    во сензуалноста на своето тело
  • 15:45 - 15:46
    без да бидат ограничувани.
  • 15:47 - 15:50
    Сакам да можат да побараат
    што сакаат во постела
  • 15:50 - 15:52
    и да го добијат тоа.
  • 15:53 - 15:56
    Сакам да бидат безбедни
    од несакана бременост,
  • 15:56 - 15:57
    болест,
  • 15:57 - 15:58
    суровост,
  • 15:59 - 16:00
    нечовечност,
  • 16:00 - 16:01
    насилство.
  • 16:02 - 16:04
    Ако се нападнати,
  • 16:04 - 16:07
    сакам да имаат заштита од училиштето,
  • 16:07 - 16:09
    работодавецот,
  • 16:09 - 16:10
    судовите.
  • 16:11 - 16:13
    Многу барам,
  • 16:13 - 16:14
    но, не е премногу.
  • 16:15 - 16:20
    Како родители, наставници,
    активисти и поборници
  • 16:20 - 16:24
    воспитуваме генерација на девојки
    кои имаат право на глас,
  • 16:24 - 16:28
    право да имаат еднаков третман дома,
  • 16:28 - 16:29
    на училиште,
  • 16:30 - 16:31
    на работно место.
  • 16:32 - 16:36
    Сега е време да ја бараме
    оваа интимна правда
  • 16:36 - 16:39
    и во нивните лични животи.
  • 16:40 - 16:41
    Ви благодарам!
  • 16:41 - 16:44
    (Аплауз)
Title:
Што мислат девојките за нивното сексуално задоволство
Speaker:
Пеги Оренстаин
Description:

Зошто девојките имаат смелост да се впуштат во сексуални активности но, не и да уживаат во нив? Пеги Орентеин, цели три години водеше разговори со девојки на возраст од 15-20 години за нивниот однос и искуствата во сексот. Таа зборува за задоволството кое во голема мера отсуствува во нивните сексуални активности и нè повикува да го премостиме јазот на оргазмот со тоа што ќе зборуваме отворено со нашите девојчиња за сексот, телото, задоволството и интимноста.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
17:00

Macedonian subtitles

Revisions