Return to Video

Црни дупки-Чудата на Универзумот:Паѓање-BBC 2

  • 0:24 - 0:31
    Во близина на црната дупка просторот и времето се однесуваат навистина многу чудно бидејќи црните дупки се најверојатно
  • 0:31 - 0:39
    најразорните места што ги знаеме во универзумот.Оваа река овозможува вистински приказ што се случува
  • 0:39 - 0:43
    со просторот и времето како што се приближуваат до црната дупка.
  • 0:48 - 0:51
    Нагоре по течението на реката водата тече прилично бавно.
  • 0:51 - 0:54
    Да замислиме дека реката тече со брзина од 3 километри на час
  • 0:54 - 1:01
    и дека јас можам да пливам со брзина од 4 км/ч. значи јас можам да пливам побрзо од течението на реката, па лесно ќе можам да избегам од неа.
  • 1:16 - 1:20
    Но, како што одиш понатаму и понатаму низводно кон
  • 1:20 - 1:24
    водопадот во близина, реката тече побрзо и побрзо.
  • 1:43 - 1:49
    Замисли дека сум одлучил да скокнам во реката точно од врвот од водопадот.
  • 1:49 - 1:53
    Водата тече премногу брзо за да би можел да пливам.
  • 1:53 - 1:56
    Па без разлика што и да направам,колку и да се трудам
  • 1:56 - 2:00
    не би можел да пливам спротивно од текот на водата,
  • 2:00 - 2:04
    туку би бил носен кон врвот на водопадот и просто би исчезнал во него.
  • 2:21 - 2:23
    Всушност,слично е она што се случува во близина на црната дупка
  • 2:23 - 2:29
    бидејќи просторот се влева побрзо и побрзо
  • 2:29 - 2:30
    кон црната дупка.
  • 2:30 - 2:36
    Буквално,овој простор каде што сум јас се влева кон работ на црната дупка.
  • 2:36 - 2:43
    И потоа,на многу специјално место наречено хоризонтот на настани, се влева
  • 2:43 - 2:46
    со брзина на светлината во црната дупка.
  • 2:51 - 2:57
    Светлината патувајќи со брзина од 300.000 км/с не се движи доволно брзо за да го избегне ова
  • 2:57 - 3:01
    и едноставно ќе потоне во внатрешноста на црната дупка.
  • 3:16 - 3:23
    Како што паѓаш во цранатa дупка, преку хоризонтот на настани, ако одиш со нозете напред,твоите нозе
  • 3:23 - 3:27
    ќе забрзуваат побрзо отколку твојата глава,па ќе се издолжиш
  • 3:27 - 3:31
    и ќе станеш буквално тенок како шпагета.
  • 3:38 - 3:40
    Како што се оди понатаму во нејзиниот центар,
  • 3:40 - 3:44
    нашето разбирање на законите на физиката наполно се руши.
  • 3:44 - 3:48
    Досега најдобрата теорија за просторот и времето,Ајнштајновата теорија за релативност
  • 3:48 - 3:52
    која вели дека просторот и времето стануваат бескрајно изобличени,што
  • 3:52 - 3:56
    центарот на црната дупка станува бесконечно набиен.
  • 3:56 - 4:00
    Тоа место е наречено сингуларност и е точката
  • 4:00 - 4:05
    каде нашето разбирање за Универзумот престанува.
Title:
Црни дупки-Чудата на Универзумот:Паѓање-BBC 2
Description:

За повеќе информации:
http://www.bbc.co.uk/programmes/b00zv39p
Со приказ на Викториините водопади во Замбија,професотот Брајан Кокс демонстрира што се случува во близина на црна дупка.

more » « less
Video Language:
English
Team:
Volunteer
Duration:
04:22
Marija Tepegjozova added a translation

Macedonian subtitles

Revisions