Return to Video

Едноставно Одземање

  • 0:00 - 0:06
    Добредојдовте на видеото за едноставно одземање.
  • 0:06 - 0:10
    Ајде прво малку да се потсетиме на едноставно собирање.
  • 0:10 - 0:19
    Ако речам 4 плус 3, што значи тоа?
  • 0:19 - 0:21
    На што е еднакво тоа?
  • 0:21 - 0:23
    Па, имаше два начина на кои можеше ова да го разгледаме.
  • 0:23 - 0:25
    Можеше да речеме дека јас имав четири нешта.
  • 0:25 - 0:28
    Да речеме дека имав 4 кругови или незнам што, имав
  • 0:28 - 0:30
    4 лимони за доручек.
  • 0:30 - 0:36
    Значи 1, 2, 3, 4 лимони за доручек.
  • 0:36 - 0:41
    И ајде да речеме, дека имав уште 3 лимони за ручек.
  • 0:41 - 0:46
    1, 2, 3, и така може да го сметаме 4 плус 3 како колку
  • 0:46 - 0:48
    вкупно лимони имав?
  • 0:48 - 0:50
    Јас додавам 3 на 4.
  • 0:50 - 0:51
    Значи колку вкупно имав?
  • 0:51 - 0:55
    Епа, тоа е 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7.
  • 0:55 - 0:59
    Значи имав вкупно 7 лимони.
  • 0:59 - 1:01
    Друг начин на кој можеше ова да го сметаме е ако
  • 1:01 - 1:04
    ја нацртаме нашата бројна оска.
  • 1:04 - 1:07
    И ќе ја нацртам со жолта боја бидејќи -- но тоа
  • 1:07 - 1:10
    не е доволно широко.
  • 1:10 - 1:14
    Ќе ја нацртам со жолто затоа што ние зборуваме за лимони.
  • 1:14 - 1:18
    Да речеме дека тоа е нашата бројна оска.
  • 1:18 - 1:21
    И ако почнеме од бројот -- ајде прво да ги нацртам сите броеви.
  • 1:21 - 1:32
    0, 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7.
  • 1:32 - 1:34
    Можете да го разберете ова како да речеме,
  • 1:34 - 1:35
    ние сме на бројната оска.
  • 1:35 - 1:38
    Почнуваме од бројот 4.
  • 1:38 - 1:39
    Тоа е овој број 4.
  • 1:39 - 1:41
    И ќе додадеме 3 на него.
  • 1:41 - 1:44
    Значи ќе зголемуваме, по долж на бројната оска за 3.
  • 1:44 - 1:49
    Значи ќе одиме 1, 2, 3 и ќе стигнеме кај 7.
  • 1:49 - 1:52
    Значи може да речеме дека имам 4 и добив уште 3, значи добив вкупно 7.
  • 1:52 - 1:57
    Или дека го зголемив 4 за 3 и исто така добив 7.
  • 1:57 - 1:59
    Епа што е сега одземање?
  • 1:59 - 2:00
    Бидејќи ова видео е за тоа.
  • 2:00 - 2:03
    Не би требало да губам време зборувајќи за собирање.
  • 2:03 - 2:06
    Епа ајде да го разгледаме примерот со 4 минус 3.
  • 2:06 - 2:08
    На што е тоа еднакво?
  • 2:08 - 2:12
    Ајде да земам друга боја за да ни бидат работите поинтересни.
  • 2:12 - 2:19
    Значи колку е 4 минус 3?
  • 2:19 - 2:23
    Одземање или минус е спротивно на собирање.
  • 2:23 - 2:27
    Значи со собирање правиме нешто повеќе, додаваме.
  • 2:27 - 2:30
    Не сакам да го користам зборот собирање за да го дефинирам самото собирање, но
  • 2:30 - 2:31
    тоа е тоа што го правиме.
  • 2:31 - 2:34
    Имав 4 лимони и тогас имав уште три повеќе.
  • 2:34 - 2:36
    Со одземање ние земаме назад.
  • 2:36 - 2:43
    Па во овој пример, ако почнав со 4 лимони, да речеме дека
  • 2:43 - 2:45
    имам 4 лимони во чинија.
  • 2:45 - 2:50
    Ако одземам 3, ако речам минус 3, наместо да
  • 2:50 - 2:54
    додадеме 3 и да добиеме 7, ние ќе си земеме 3.
  • 2:54 - 2:56
    Па така можеби ќе ги изедам или ќе ги ви дадам
  • 2:56 - 3:00
    на вас во замена за тоа што ги гледате овие видеа.
  • 3:00 - 3:04
    Значи да одземеме 3 од овие 4, да речеме дека ова ќе си отиде,
  • 3:04 - 3:07
    ова ќе си отиде, и ова ќе си отиде.
  • 3:07 - 3:10
    Колку лимони ќе ни останат?
  • 3:10 - 3:12
    Па, ова е единствениот што не го прешкртав.
  • 3:12 - 3:17
    Значи ќе ни остане 1 лимон.
  • 3:17 - 3:18
    И ова е лимонот што остана.
  • 3:18 - 3:19
    Не мораше да биде тој, можев да ги прешрктам
  • 3:19 - 3:21
    било кои 3.
  • 3:21 - 3:25
    Друг начин да го разбереме ова е, да ја нацртаме истата жолто
  • 3:25 - 3:28
    обоена бројна оска
  • 3:28 - 3:34
    Да речеме дека оваа десно е бројната оска.
  • 3:34 - 3:36
    И јас ќе ги нацртам сите исти броеви.
  • 3:36 - 3:47
    Тоа се 0, 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7.
  • 3:47 - 3:50
    Се разбира, бројната оска продолжува.
  • 3:50 - 3:51
    Нема најголем број.
  • 3:51 - 3:55
    И може да замислите, секој број што можете да го замислите, јас можам
  • 3:55 - 3:57
    да замислам еден поголем од тој.
  • 3:57 - 3:58
    Па така нема најголем број.
  • 3:58 - 3:59
    Затоа ја цртаме таа стрелка таму.
  • 3:59 - 4:01
    Никогаш неможам да ја нацртам целата бројна оска.
  • 4:01 - 4:03
    Но како и да е, назад на одземање.
  • 4:03 - 4:07
    Значи почнуваме со 4 лимони, така?
  • 4:07 - 4:12
    Кога додававме 3 -- плус 3 --- ние одевме 4 места на десно
  • 4:12 - 4:13
    на бројната оска.
  • 4:13 - 4:15
    А тоа е затоа што на десно се зголемуваат броевите.
  • 4:15 - 4:16
    Значи отидовме од 4 на 5.
  • 4:16 - 4:17
    Тоа беше едно повеќе.
  • 4:17 - 4:21
    5 до 6 беше две повеќе, и 7 беше 3 повеќе.
  • 4:21 - 4:24
    Сега земаме назад од 4.
  • 4:24 - 4:25
    Па што правиме?
  • 4:25 - 4:27
    Што мислите дека правиме?
  • 4:27 - 4:30
    Па, бидејќи земаме назад, ние ќе го намалиме
  • 4:30 - 4:32
    вкупниот број на лимони што ги имаме.
  • 4:32 - 4:34
    Значи земаме еден, и стигнуваме до 3.
  • 4:34 - 4:36
    Одземаме две, стигнувем до 2.
  • 4:36 - 4:39
    Одземаме три, ние одземавме три, така?
  • 4:39 - 4:42
    Значи ќе одиме назад 1, 2, 3 по бројната оска
  • 4:42 - 4:44
    и ќе стигнеме кај бројот 1.
  • 4:44 - 4:47
    И тоа е овој број 1.
  • 4:47 - 4:52
    Значи да повториме, со собирање се прави повеќе од нешто.
  • 4:52 - 4:55
    Со одземање се зема назад.
  • 4:55 - 4:58
    Ако го гледате тоа на бројната оска, собирање е
  • 4:58 - 5:01
    зголемување по должина на бројната оска во таа вредност.
  • 5:01 - 5:04
    Значи во овој случај зголемивме по бројната оска за 3.
  • 5:04 - 5:06
    И отидовме од 4 до 7.
  • 5:06 - 5:10
    Во случајот со одземање ние намалувавме по
  • 5:10 - 5:11
    бројната оска.
  • 5:11 - 5:14
    Значи ја намаливме вредноста на која правевме одземање.
  • 5:14 - 5:17
    Па во овој случај ја намаливме за 3.
  • 5:17 - 5:21
    Отидовме назад 1, 2, 3 и имавме 1.
  • 5:21 - 5:23
    А другиот начин на гледање е, ако имаме 4 од нешто.
  • 5:23 - 5:27
    Ако дадам 3 на некого или ги изедам тие 3 или било што
  • 5:27 - 5:28
    да им направам на тие 3.
  • 5:28 - 5:31
    Ако изгубам 3 од нив, тогаш ќе ми остане 1.
  • 5:31 - 5:33
    Сега да ви покажам неколку интересни работи
  • 5:33 - 5:35
    за одземањето.
  • 5:35 - 5:38
    Знаеме дека 4 минус 3 е еднаква на 1.
  • 5:38 - 5:41
    Да ви покажам несто друго што е интересно.
  • 5:41 - 5:46
    Колку е 4 минус 1?
  • 5:46 - 5:50
    Па, може да го користиме било кој пример.
  • 5:50 - 5:51
    Ајде да го направиме примерот со лимоните.
  • 5:51 - 5:54
    Ајде со јаболки сега; ми се здосади од лимоните.
  • 5:54 - 6:01
    Да речеме дека имам 1, 2, 3, 4.
  • 6:01 - 6:04
    Имам и ново пенкало, некогаш не црта правилно.
  • 6:04 - 6:05
    Да речеме дека имам 4 јаболки.
  • 6:05 - 6:07
    Ова е примерот со кој работиме.
  • 6:07 - 6:09
    И ако изедеме едно од нив.
  • 6:09 - 6:11
    Значи едно од нив го снема.
  • 6:11 - 6:13
    Колку јаболки ни останаа?
  • 6:13 - 6:16
    Па, 3 -- 1, 2, 3.
  • 6:16 - 6:19
    Значи 4 минус 1 е еднакво на 3.
  • 6:19 - 6:22
    И ако го направевме ова на бројната оска, ако почневме од 4 и
  • 6:22 - 6:24
    одземевме 1 -- земавме 1 назад.
  • 6:24 - 6:26
    Значи ќе стане за едно помало.
  • 6:26 - 6:28
    Се враќаме назад за едно, и добиваме 3.
  • 6:28 - 6:30
    И двата начини работат.
  • 6:30 - 6:31
    Но зарем не е ова интересно?
  • 6:31 - 6:38
    4 минус 3 е еднакво на 1 и 4 минус 1 е еднакво на 3.
  • 6:38 - 6:41
    Може да си речете, можеби дека ги одбрав броевите така за да работат?
  • 6:41 - 6:45
    Но, испаѓа дека ова е секогаш точно.
  • 6:45 - 6:47
    Па, не сакам да станам премногу технички, но ние веќе
  • 6:47 - 6:51
    допираме нешто што ќе го научите подоцна, можеби
  • 6:51 - 6:52
    во алгебра некој ден.
  • 6:52 - 6:55
    Но всушност јас не сакам да навлезам во тоа сега.
  • 6:55 - 6:56
    Па од каде доаѓа ова?
  • 6:56 - 7:02
    Па, ова е исто основано на фактот дека 3 плус 1 -- Јас
  • 7:02 - 7:04
    не сакам да ве збунам.
  • 7:04 - 7:06
    Па се извинувам ако ве збунив.
  • 7:06 - 7:07
    Но ќе ви покажам уште нешто интересно.
  • 7:07 - 7:11
    Колку е 3 плус 1?
  • 7:11 - 7:13
    3 плус 1 е еднакво на колку?
  • 7:13 - 7:13
    Па, тоа е едноставно.
  • 7:13 - 7:15
    Тоа го знаете од едноставно собирање.
  • 7:15 - 7:21
    Може да почнете на бројната оска од 3 и да додадете 1 на него.
  • 7:21 - 7:22
    И каде ќе стигнете?
  • 7:22 - 7:23
    Ќе стигнете кај 4.
  • 7:23 - 7:25
    3 плус 1 е еднакво на 4.
  • 7:25 - 7:29
    Или можевте да почнете од 1 на бројната оска и да додадете 3.
  • 7:29 - 7:33
    1, 2, 3 и пак исто така ќе стигневте до 4.
  • 7:33 - 7:37
    Значи знаеме дека можевме и да им ги смениме местата било како.
  • 7:37 - 7:39
    И двете равенки се еднакви на 4.
  • 7:39 - 7:40
    Што забележавте овде?
  • 7:40 - 7:43
    Па, напишавме еден куп работи овде и сите тие
  • 7:43 - 7:44
    се на некој начин поврзани меѓу себе.
  • 7:44 - 7:46
    1 плус 3 е еднакво на 4.
  • 7:46 - 7:48
    3 плус 1 е еднакво на 4.
  • 7:48 - 7:50
    4 минус 1 е еднакво на 3.
  • 7:50 - 7:54
    Во суштина, 4 минус 1 и добивањето на 3 е исто со --
  • 7:54 - 7:59
    е исто како да речеме дека 3 плус 1 е еднакво на 4.
  • 7:59 - 8:03
    Ова кажува дека ако додадам 1 на 3 ќе добијам 4.
  • 8:03 - 8:08
    Ова кажува дека ако одземам 1 од 4 ќе добијам 3.
  • 8:08 - 8:11
    Значи ако почнам од 4, се вратам назад, добивам 3.
  • 8:11 - 8:15
    Ова вели ако почнам од 3, додадам едно нагоре, добивам 4.
  • 8:15 - 8:18
    Се надевам дека ова ви дава мала интуиција
  • 8:18 - 8:20
    за тоа што е одземање.
  • 8:20 - 8:25
    Во следното видео јас само ќе правам колку што можам повеќе равенки
  • 8:25 - 8:28
    со едноставно одземање во 10 минути.
  • 8:28 - 8:30
    И тогаш вие ќе бидете спремни за да ги правите вежбите.
  • 8:30 - 8:35
    Се гледаме наскоро.
Title:
Едноставно Одземање
Description:

Introduction to subtraction

more » « less
Video Language:
English
Duration:
08:32
indovskid added a translation

Macedonian subtitles

Incomplete

Revisions