Return to Video

Ако некогаш имам ќерка...

  • 0:00 - 0:03
    Ако некогаш имам ќерка,
  • 0:03 - 0:05
    наместо „мама“,
  • 0:05 - 0:08
    ќе ме вика „Точка Б“,
  • 0:08 - 0:11
    затоа што на тој начин ќе знае дека без разлика што и да се случи,
  • 0:11 - 0:14
    барем секогаш ќе може да дојде до мене.
  • 0:14 - 0:17
    И ќе ѝ го насликам сончевиот систем на задната страна од рачињата,
  • 0:17 - 0:20
    за да може да го научи целиот универзум
  • 0:20 - 0:23
    пред и да може да каже: „Ох, го знам тоа како задната страна од мојата рака.“
  • 0:23 - 0:25
    И ќе научи дека
  • 0:25 - 0:28
    овој живот ќе те удри силно по лицето,
  • 0:28 - 0:31
    ќе чека да се средиш, за повторно да може да те удри во стомакот.
  • 0:31 - 0:33
    Но, со тоа што ќе ти го одземе „ветрот“,
  • 0:33 - 0:35
    е единствениот начин да ги потсети твоите бели дробови
  • 0:35 - 0:37
    колку тие го сакаат вкусот на воздухот.
  • 0:37 - 0:39
    Таму е болката, тука,
  • 0:39 - 0:41
    која не може да се залечи со фластер или поезија.
  • 0:41 - 0:43
    Па така, првиот пат кога ќе сфати
  • 0:43 - 0:45
    дека Wonder Woman не доаѓа,
  • 0:45 - 0:47
    ќе се осигурам дека знае
  • 0:47 - 0:49
    дека не мора сама да ја носи наметката
  • 0:49 - 0:51
    затоа што, без разлика колку многу ќе ги рашириш твоите прстиња,
  • 0:51 - 0:53
    твоите раце секогаш ќе бидат премногу малечки
  • 0:53 - 0:55
    за да ја соберат сета болка која сакаш да ја излечиш.
  • 0:55 - 0:57
    Верувај ми, сум пробала.
  • 0:57 - 0:59
    „И, малечка“, ќе ѝ речам,
  • 0:59 - 1:01
    „не го кревај носето така нагоре,
  • 1:01 - 1:03
    го знам трикот, сум го направила милион пати.
  • 1:03 - 1:05
    Ти само намирисуваш чад,
  • 1:05 - 1:08
    за да можеш да дојдеш до трагата до куќата што гори,
  • 1:08 - 1:10
    за да можеш да го најдеш момчето кое изгубило сѐ во пожарот,
  • 1:10 - 1:12
    да видиш дали можеш да го спасиш.
  • 1:12 - 1:16
    Или пак, да го најдеш момчето кое го запалило огнот,
  • 1:16 - 1:18
    да видиш дали можеш да го промениш.“
  • 1:18 - 1:20
    Но, знам дека таа сеедно ќе го направи тоа,
  • 1:20 - 1:22
    па наместо тоа, секогаш ќе чувам
  • 1:22 - 1:24
    по едно чоколатце или чизмички за дожд во близина,
  • 1:24 - 1:27
    затоа што не постои болка која чоколадото не може да ја излечи.
  • 1:28 - 1:30
    Во ред, постојат неколку болки кои чоколадото може да ги излечи.
  • 1:30 - 1:32
    Но, за тоа се чизмичките за дожд,
  • 1:32 - 1:36
    затоа што дождот ќе измие сѐ, ако му дозволиш.
  • 1:36 - 1:38
    Сакам да гледа на светот
  • 1:38 - 1:40
    преку долната страна на шишето со бротче внатре,
  • 1:40 - 1:42
    да гледа низ микроскоп
  • 1:42 - 1:44
    во галаксиите кои постојат
  • 1:44 - 1:46
    во најмалечките делчиња во човековиот ум,
  • 1:46 - 1:48
    затоа што тоа е начинот на кој мајка ми ме научи.
  • 1:48 - 1:50
    Дека ќе има вакви денови.
  • 1:50 - 1:53
    ♫ There'll be days like this, my momma said. ♫
  • 1:53 - 1:55
    Кога ќе ги отвориш рацете за да фатиш,
  • 1:55 - 1:57
    а ќе завршиш со плускавци и модринки;
  • 1:57 - 2:00
    кога ќе излезеш од телефонската говорница, и ќе се обидеш да полеташ,
  • 2:00 - 2:02
    и малкуте луѓе кои ќе сакаш да ги спасиш
  • 2:02 - 2:04
    се тие кои стојат на твојата наметка;
  • 2:04 - 2:06
    кога твоите чизмички ќе се наполнат со дожд,
  • 2:06 - 2:08
    а ти ќе бидеш до колена во разочарување.
  • 2:08 - 2:11
    А тие се малкуте денови за кои ќе имаш уште повеќе причини да се заблагодариш.
  • 2:11 - 2:13
    Затоа што не постои ништо поубаво
  • 2:13 - 2:16
    од начинот на кој океанот одбива да престане да се бакнува со брегот,
  • 2:16 - 2:19
    без разлика колку пати го има испратено далеку.
  • 2:19 - 2:22
    Ќе победиш со ветрот, ќе изгубиш со него.
  • 2:22 - 2:24
    Ќе ја поставиш ѕвездата
  • 2:24 - 2:26
    да започне одново, и одново.
  • 2:26 - 2:29
    И без разлика на тоа колку мини ќе еруптираат во минута,
  • 2:29 - 2:31
    биди сигурна дека твојот ум слетува
  • 2:31 - 2:33
    на убавината на ова смешно место наречено живот.
  • 2:33 - 2:36
    И да, на скала од еден до премногу поверлива,
  • 2:36 - 2:38
    јас сум доста наивна.
  • 2:38 - 2:41
    Но, сакам да знае дека овој свет е направен од шеќер.
  • 2:41 - 2:43
    Може многу лесно да се строши,
  • 2:43 - 2:46
    но, немој да се плашиш да го исползиш јазикот и да го вкусиш.
  • 2:46 - 2:49
    „Малечка“, ќе ѝ речам, „запомни, твојата мама е воин,
  • 2:49 - 2:51
    и твојот тато е воин,
  • 2:51 - 2:53
    а ти си девојчето со малечки рачиња и големи очиња
  • 2:53 - 2:55
    кое никогаш не престанува да бара повеќе.“
  • 2:55 - 2:57
    Запомни дека добрите работи доаѓаат во тројки,
  • 2:57 - 2:59
    но, исто така и лошите работи.
  • 2:59 - 3:01
    И секогаш извини се кога ќе направиш нешто погрешно,
  • 3:01 - 3:03
    но никогаш немој да се извинуваш
  • 3:03 - 3:06
    за начинот на кој твоите очиња одбиваат да престанат да блескаат.
  • 3:06 - 3:09
    Твојот глас е малечок, но никогаш немој да престанеш да пееш.
  • 3:09 - 3:11
    И кога на крајот конечно ќе ти сервираат болка,
  • 3:11 - 3:14
    кога ќе ти лизнат војна и омраза под вратата,
  • 3:14 - 3:16
    и ќе ти понудат летоци на уличните ќошиња
  • 3:16 - 3:18
    од цинизам и неуспех,
  • 3:18 - 3:23
    ќе им кажеш дека мора да ја запознаат твојата мајка.
  • 3:24 - 3:28
    Ви благодарам. Ви благодарам.
  • 3:28 - 3:30
    (Аплауз)
  • 3:30 - 3:32
    Ви благодарам.
  • 3:32 - 3:35
    (Аплауз)
  • 3:35 - 3:37
    Фала.
  • 3:37 - 3:39
    (Аплауз)
  • 3:39 - 3:41
    Ви благодарам.
  • 3:41 - 3:45
    (Аплауз)
  • 3:45 - 3:48
    Во ред, сега сакам да воздивнете
  • 3:48 - 3:50
    и сакам да замислите три работи
  • 3:50 - 3:52
    за кои знаете дека се вистина.
  • 3:52 - 3:54
    Може да бидат за било што,
  • 3:54 - 3:56
    технологија, забава, дизајн,
  • 3:56 - 3:58
    вашето семејство, што имавте за појадок.
  • 3:58 - 4:01
    Единственото правило е да не размислувате премногу.
  • 4:01 - 4:03
    Во ред, спремни? Почнете.
  • 4:09 - 4:11
    Во ред.
  • 4:11 - 4:13
    Еве три работи за кои јас знам дека се вистина.
  • 4:13 - 4:15
    Знам дека Жан - Лук Годард бил во право
  • 4:15 - 4:17
    кога рекол дека: „Добрата приказна
  • 4:17 - 4:19
    има почеток, средина и крај,
  • 4:19 - 4:22
    иако не неопходно по тој редослед.“
  • 4:22 - 4:25
    Знам дека имам неверојатно голема трема и сум премногу возбудена што сум тука,
  • 4:25 - 4:27
    што во голема мера ми ја попречува способноста да останам кул.
  • 4:27 - 4:29
    (Смеа)
  • 4:29 - 4:31
    И знам
  • 4:31 - 4:33
    дека чекав цела недела за да ја раскажам оваа шега.
  • 4:33 - 4:35
    (Смеа)
  • 4:35 - 4:38
    Зошто плашилото беше покането на TED?
  • 4:38 - 4:41
    Затоа што беше надвор, стоејќи во неговото поле.
    (Затоа што беше инзвонредно во неговото поле - з.п. игра на зборови)
  • 4:41 - 4:44
    (Смеа)
  • 4:44 - 4:47
    Се извинувам.
  • 4:47 - 4:50
    Во ред, еве три работи за кои знам дека се вистина.
  • 4:50 - 4:53
    Но, постојат еден куп работи кои се мачам да ги разберам.
  • 4:53 - 4:57
    Па затоа пишувам поезија.
  • 4:57 - 4:59
    Понекогаш, единствениот начин на кој знам дека ќе изработам нешто
  • 4:59 - 5:01
    е преку пишувањето поема.
  • 5:01 - 5:03
    И понекогаш, стасувам до крајот на поемата
  • 5:03 - 5:05
    и погледнувам назад и си велам: „Ох, значи за тоа се работи.“
  • 5:05 - 5:07
    а понекогаш, стасувам до крајот на поемата
  • 5:07 - 5:09
    и пак не разбирам ништо,
  • 5:09 - 5:11
    но, барем ќе добијам нова поема од тоа.
  • 5:11 - 5:14
    Поезијата на кажаниот збор, претставува уметност на изведувачката поезија.
  • 5:14 - 5:16
    Им кажувам на луѓето дека вклучува создавање поезија
  • 5:16 - 5:18
    која не сака само да стои на хартија,
  • 5:18 - 5:21
    туку дека нешто во врска со неа бара да биде слушната на глас,
  • 5:21 - 5:23
    или просведочена во живо.
  • 5:23 - 5:25
    Кога бев прва година средно,
  • 5:25 - 5:29
    бев како жива жичка од нервозни хормони.
  • 5:29 - 5:31
    И бев недоразвиена
  • 5:31 - 5:33
    и прекумерно возбудена.
  • 5:33 - 5:35
    И покрај мојот страв
  • 5:35 - 5:37
    да ме гледаат подолго време,
  • 5:37 - 5:40
    бев фасцинирана од идејата за поезијата на кажаниот збор.
  • 5:40 - 5:43
    Почуствував дека моите две тајни љубови, поезијата и театарот,
  • 5:43 - 5:46
    се соединија, добија бебе,
  • 5:46 - 5:48
    бебе кое јас требаше да го запознаам.
  • 5:48 - 5:50
    Така одлучив да се обидам.
  • 5:50 - 5:52
    Мојата прва поема на кажан збор
  • 5:52 - 5:56
    беше спакувана во мудроста на една 14 годишно девојче,
  • 5:56 - 5:58
    стануваше збор за неправдата
  • 5:58 - 6:00
    да гледаат на Вас како неженствени.
  • 6:00 - 6:02
    Поемата беше доста огорчена,
  • 6:02 - 6:04
    и во голема мера претерана,
  • 6:04 - 6:07
    но, единствената поезија на кажаниот збор која јас ја имав видено сè дотогаш
  • 6:07 - 6:09
    во основа содржеше горчина,
  • 6:09 - 6:11
    па помислив дека тоа е тоа што се очекува од мене.
  • 6:11 - 6:13
    Првиот пат кога настапував,
  • 6:13 - 6:16
    публиката составена од тинејџери ме исвирка и извика,
  • 6:16 - 6:19
    и кога се симнав од сцената се тресев.
  • 6:19 - 6:21
    Почувствував како некој ме допре за рамото,
  • 6:21 - 6:23
    при што се свртев за да видам
  • 6:23 - 6:25
    една огромна девојка во дуксерка, која излегува од толпата.
  • 6:25 - 6:27
    Таа беше можеби 2.5m висока,
  • 6:27 - 6:29
    и изгледаше дека може да ме претепа со само една рака,
  • 6:29 - 6:31
    но наместо тоа, таа ми кимна со главата
  • 6:31 - 6:34
    и рече: „Еј, навистина го почувствував тоа. Благодарам.“
  • 6:34 - 6:36
    И тогаш ме погоди молња.
  • 6:36 - 6:38
    Бев заробена.
  • 6:38 - 6:41
    Открив еден бар на Lower East Side на Менхетен
  • 6:41 - 6:44
    каде имаше open-mic за поезија секоја недела,
  • 6:44 - 6:47
    каде моите збунети, но полни со поддршка родители
  • 6:47 - 6:50
    ме носеа за да го впијам секој грам збор.
  • 6:50 - 6:53
    Јас бев најмлада за барем една деценија,
  • 6:53 - 6:56
    но, некако на поетите од Bowery Poetry Club
  • 6:56 - 6:59
    се чинеше дека не им пречи една изгубено 14 годишно девојче...
  • 6:59 - 7:01
    Всушност, тие ми посакаа добредојде.
  • 7:01 - 7:03
    И тоа се случи тука, слушајќи ги овие поети како ги споделуваат нивните приказни,
  • 7:03 - 7:06
    кога научив дека поезијата на кажаниот збор не мора да биде полна со горчина
  • 7:06 - 7:09
    може да биде забавна или болна,
  • 7:09 - 7:11
    или сериозна или смешна.
  • 7:11 - 7:14
    Bowery Poetry Club стана мојата училница и мојот дом,
  • 7:14 - 7:16
    а, поетите кои изведуваа
  • 7:16 - 7:18
    ме охрабруваа да ги споделам и моите приказни.
  • 7:18 - 7:20
    Никогаш не замерувајќи на фактот што имам 14 години,
  • 7:20 - 7:23
    тие ми рекоа: „Пишувај за тоа како е да се има 14.“
  • 7:23 - 7:25
    Така и направив, и се воодушевував секоја недела
  • 7:25 - 7:28
    кога овие прекрасни, возрасни поети
  • 7:28 - 7:30
    се смееја со мене и го покажуваа своето сочувство
  • 7:30 - 7:33
    и ракоплескаа и ми велеа: „Еј, и јас навистина го почувствував тоа.“
  • 7:34 - 7:37
    Сега можам да го поделам моето патување за кажаниот збор
  • 7:37 - 7:39
    на три чекори.
  • 7:39 - 7:41
    Првиот чекор беше моментот кога реков,
  • 7:41 - 7:43
    „Јас можам да го направам тоа.“
  • 7:43 - 7:45
    И тоа беше благодарение на девојката со дуксерката.
  • 7:45 - 7:47
    Вториот чекор беше моментот кога реков,
  • 7:47 - 7:49
    „Јас ќе продолжам.“
  • 7:49 - 7:52
    Јас го сакам кажаниот збор. Ќе продолжам да доаѓам секоја недела.“
  • 7:52 - 7:54
    И третиот чекор започна
  • 7:54 - 7:56
    кога сфатив дека не морам да пишувам поеми кои се полни со огорченост,
  • 7:56 - 7:58
    ако тоа не е тоа што сум јас.
  • 7:58 - 8:00
    Постоеја работи кои се специфични за мене,
  • 8:00 - 8:03
    и колку повеќе се фокусирав на тие работи,
  • 8:03 - 8:05
    толку почудна стануваше мојата поезија,
  • 8:05 - 8:07
    но така стануваше и повеќе моја.
  • 8:07 - 8:10
    Не е само до изреката: „Пишувај за тоа што го знаеш.“
  • 8:10 - 8:13
    Туку, за впивање на сето знаење и искуство
  • 8:13 - 8:15
    кое сте го собрале до сега
  • 8:15 - 8:18
    да ви помогне да нурнете во работите кои не ги познавате.
  • 8:18 - 8:20
    Ја користам поезијата да ми помогне да го сфатам тоа што не го разбирам,
  • 8:20 - 8:22
    но на секоја нова поема ѝ се поставувам
  • 8:22 - 8:24
    со ранец исполнет
  • 8:24 - 8:26
    од местата каде сум била.
  • 8:26 - 8:29
    Кога се запишав на факултет, сретнав поет
  • 8:29 - 8:32
    кој го делеше моето верување во магијата на поезијата на кажаниот збор.
  • 8:32 - 8:34
    И всушност, Фил Кеј и јас
  • 8:34 - 8:37
    случајно исто така го делиме и истото презиме.
  • 8:37 - 8:40
    Кога бев средно, го содадов проектот V.O.I.C.E,
  • 8:40 - 8:43
    како начин да ги охрабри моите пријатели да се обидат со кажаниот збор заедно со мене.
  • 8:43 - 8:46
    Но Фил и јас одлучивме повторно да го осмислиме проектот V.O.I.C.E.
  • 8:46 - 8:48
    но овој пат, менувајќи ја мисијата
  • 8:48 - 8:51
    за употреба на поезијата на кажаниот збор како начин кој забавува,
  • 8:51 - 8:53
    образува и инспирира.
  • 8:53 - 8:55
    Oстанавме да бидеме редовни студенти, но во меѓувреме патувавме
  • 8:55 - 8:57
    изведувајќи пред и предавајќи
  • 8:57 - 9:00
    од девет-годишни до MFA кандидати,
  • 9:00 - 9:03
    од Калифорнија, преку Индијана и Индија,
  • 9:03 - 9:06
    до државното средно училиште на улицата од кампусот.
  • 9:06 - 9:08
    И повторно и повторно го видовме
  • 9:08 - 9:10
    начинот на кој поезијата на кажаниот збор
  • 9:10 - 9:12
    отклучува заклучени врати.
  • 9:12 - 9:14
    Но, понекогаш се чини дека
  • 9:14 - 9:16
    поезијта може да биде страшна.
  • 9:16 - 9:18
    Понекогаш се чини дека
  • 9:18 - 9:21
    мораш да ги измамиш тинејџерите да пишуваат поезија.
  • 9:21 - 9:24
    Така, составив списоци. Секој може да си напише список.
  • 9:24 - 9:26
    И првиот список кој го зададов
  • 9:26 - 9:29
    е: „10 работи за кои знаете дека се вистинити“.
  • 9:29 - 9:32
    И, еве што се случува и што вие ќе откриете исто така,
  • 9:32 - 9:34
    доколку сите ние започнеме да ги споделуваме нашите списоци на глас.
  • 9:34 - 9:36
    Во одреден момент, ќе сфатите
  • 9:36 - 9:39
    дека некој го има токму истото нешто,
  • 9:39 - 9:41
    или нешто сосема слично
  • 9:41 - 9:43
    на нешто од вашиот список.
  • 9:43 - 9:45
    И потоа, некој друг
  • 9:45 - 9:48
    кој има список целосно спротивен на вашиот.
  • 9:48 - 9:51
    Трет, некој кој има нешто за кое никогаш не сте ни слушнале.
  • 9:51 - 9:54
    И четврти, некој кој има нешто за кое вие сте мислеле дека знаете сè,
  • 9:54 - 9:57
    но тие Ви претставуваат целосно нов поглед на нештото.
  • 9:57 - 10:00
    И им велам на луѓето дека ова е местото каде започнуваат големите приказни,
  • 10:00 - 10:02
    овие четири крстосници
  • 10:02 - 10:04
    за тоа за што Вие сте страствени
  • 10:04 - 10:06
    и за што други можеби би биле вклучени.
  • 10:06 - 10:09
    И повеќето луѓе навистина реагираат добро на оваа вежба.
  • 10:09 - 10:12
    Но, една од моите студентки од прва година, Шарлот,
  • 10:12 - 10:14
    не беше убедена во тоа.
  • 10:14 - 10:17
    Шарлот беше навистина добра во составувањето списоци, но одбиваше да пишува било какви поеми.
  • 10:17 - 10:20
    „Госпоѓице“, ќе ми речеше, „Јас не сум интересна.
  • 10:20 - 10:23
    Немам ништо интересно да кажам.“
  • 10:23 - 10:25
    Така, јас ѝ давав еден список по друг,
  • 10:25 - 10:27
    сè додека не ја задолжив за списокот
  • 10:27 - 10:29
    „10 работи кои би требало да ги имам научено до сега“.
  • 10:29 - 10:31
    Број три на списокот од Шарлот беше:
  • 10:31 - 10:33
    „Требаше да научам да не се затрескувам во момци
  • 10:33 - 10:35
    кои се три пати постари од мене.“
  • 10:35 - 10:37
    Ја запрашав што значи тоа,
  • 10:37 - 10:39
    а, таа ми рече: „Г-це, тоа е долга приказна.“
  • 10:39 - 10:42
    А јас ѝ реков: „Шарлот, мене ми звучи доста интересно.“
  • 10:42 - 10:44
    Па, така таа ја напиша својата прва поема,
  • 10:44 - 10:47
    љубовна поема како никоја друга што сум ја слушнала порано.
  • 10:47 - 10:50
    А поема започнуваше со:
  • 10:50 - 10:52
    „Андерсон Купер е згоден маж.“
  • 10:52 - 10:54
    (Смеа)
  • 10:54 - 10:56
    „Дали го виде во ’60 Minutes’
  • 10:56 - 10:58
    тркајќи се со Мајкл Фелпс во базен,
  • 10:58 - 11:00
    со ништо на него освен шорцеви за пливање,
  • 11:00 - 11:02
    нурнувајќи се во водата, одлучен да го порази овој шампион во пливање?
  • 11:02 - 11:05
    По трката, ја растресе својата коса бела како облак,
  • 11:05 - 11:07
    и рече: „Ти си бог.“
  • 11:07 - 11:09
    „Не, Андерсон, ти си тој бог!“
  • 11:09 - 11:11
    (Смеа)
  • 11:11 - 11:15
    (Аплауз)
  • 11:15 - 11:18
    Сега знам дека правилото бр.1 да се биде кул
  • 11:18 - 11:20
    е да изгледате непреплашено,
  • 11:20 - 11:23
    никогаш да не признаете дека нешто ве плаши,
  • 11:23 - 11:25
    или ве импресионира, или ве возбудува.
  • 11:25 - 11:27
    Некој еднаш ми рече
  • 11:27 - 11:29
    дека тоа е како чекорење низ животот.
  • 11:29 - 11:31
    Се заштитуваш себе си
  • 11:31 - 11:34
    од сите неочекувани несреќи или болки кои можат да се појават.
  • 11:34 - 11:36
    Но, јас се обидувам да чекорам низ животот вака.
  • 11:36 - 11:39
    И да, тоа значи дека ги фаќам сите тие несреќи и болки,
  • 11:39 - 11:42
    но, исто така, значи и дека кога убавите, прекрасни работи
  • 11:42 - 11:44
    само паѓаат од небо,
  • 11:44 - 11:46
    јас сум подготвена да ги фатам.
  • 11:46 - 11:48
    Го користам кажаниот збор да им помогнам на моите студенти
  • 11:48 - 11:50
    повторно да го откријат прашувањето,
  • 11:50 - 11:53
    да се изборат со своите инстинкти да бидат кул и неисплашени,
  • 11:53 - 11:56
    и, наместо тоа - активно да бараат да бидат вклучени во тоа што се случува околу нив,
  • 11:56 - 11:59
    за да можат поинаку да го толкуваат и да создадат нешто од него.
  • 11:59 - 12:01
    Не е дека мислам оти поезијата на кажаниот збор
  • 12:01 - 12:03
    е идеалниот уметнички облик.
  • 12:03 - 12:06
    Секогаш се обидувам да најдам најдобар начин да ја раскажам секоја приказна.
  • 12:06 - 12:09
    Пишувам мјузикли; снимам кратки филмови покрај моите поеми.
  • 12:09 - 12:11
    Но предавам поезија на кажаниот збор
  • 12:11 - 12:13
    затоа што е пристапна.
  • 12:13 - 12:15
    Не секој може да чита музика,
  • 12:15 - 12:17
    или да поседува камера,
  • 12:17 - 12:19
    но, секој може да комуницира на некој начин
  • 12:19 - 12:21
    и секој има приказни
  • 12:21 - 12:23
    од кои, ние, останатите можеме нешто да научиме.
  • 12:23 - 12:26
    Плус, поезијата на кажаниот збор дозволува непосредно поврзување.
  • 12:26 - 12:28
    Не е невообичаено за луѓето да се чувствуваат осамено,
  • 12:28 - 12:30
    или дека никој не ги разбира,
  • 12:30 - 12:32
    но кажаниот збор учи
  • 12:32 - 12:35
    дека ако ја имате способноста да се изразите
  • 12:35 - 12:37
    и храброста да ги претставите тие приказни и мислења,
  • 12:37 - 12:39
    би можеле да бидете наградени
  • 12:39 - 12:41
    со просторија полна со вашите соученици,
  • 12:41 - 12:43
    или вашата заедница, кои ќе слушаат.
  • 12:43 - 12:45
    И дури можеби и огромна девојка во дуксерка
  • 12:45 - 12:47
    ќе се поврзе со тоа што сте го споделиле.
  • 12:47 - 12:50
    А тоа е нешто неверојатно да се постигне,
  • 12:50 - 12:52
    особено ако имате 14.
  • 12:52 - 12:54
    Плус, сега со YouTube,
  • 12:54 - 12:56
    тоа поврзување не е ограничено ниту со просторијата во која се наоѓаме.
  • 12:56 - 12:59
    Имам толку среќа што постои архива на изведби
  • 12:59 - 13:01
    која можам да ја споделам со моите студенти.
  • 13:01 - 13:03
    Таа дозволува уште повеќе можности
  • 13:03 - 13:06
    за нив да пронајдат поет или поема
  • 13:06 - 13:08
    со кого/која се поврзуваат.
  • 13:08 - 13:10
    Кога еднаш ќе го сфатите ова,
  • 13:10 - 13:12
    искушувачко е да продолжите да ја пишувате истата поема,
  • 13:12 - 13:15
    или да продолжите да ја раскажувате истата приказна, повторно и повторно
  • 13:15 - 13:17
    кога веќе еднаш сте сфатиле дека ќе ви донесе аплауз.
  • 13:17 - 13:20
    Не е доволно само да предадете дека можете да се изразите себе си.
  • 13:20 - 13:22
    Мора да растете и да истражувате,
  • 13:22 - 13:24
    и да превземате ризици и да се предизвикувате себеси.
  • 13:24 - 13:27
    А, тоа е третиот чекор:
  • 13:27 - 13:29
    напојување на работата која ја правите
  • 13:29 - 13:31
    со специфичните работи кои ве прават вас - вас,
  • 13:31 - 13:33
    дури и додека тие работи секогаш се менуваат.
  • 13:33 - 13:36
    Затоа што третиот чекор никогаш не завршува.
  • 13:36 - 13:38
    Но, не можете да го започнете третиот чекор,
  • 13:38 - 13:41
    сè додека не започнете со првиот: Јас можам.
  • 13:41 - 13:43
    Јас многу патувам додека предавам,
  • 13:43 - 13:46
    и не секогаш успевам да ги видам сите мои ученици да го достигнат третиот степен.
  • 13:46 - 13:48
    Меѓутоа, имав голема среќа со Шарлот,
  • 13:48 - 13:51
    затоа што гледав како нејзиното патување се открива на начинот на кој се открива.
  • 13:51 - 13:53
    Ја гледав како сфаќа
  • 13:53 - 13:56
    дека, со ставање на работите за кои знае дека се вистинити во работата која ја врши,
  • 13:56 - 13:59
    може да создаде поеми кои само Шарлот може да ги напише,
  • 13:59 - 14:02
    за очни јаболкца и лифтови и Дора Истражувачот.
  • 14:02 - 14:04
    А, јас се обидувам да ги раскажам приказните кои само јас можам да ги раскажам,
  • 14:04 - 14:06
    како оваа приказна.
  • 14:06 - 14:09
    Поминав доста време размислувајќи за најдобриот начин да ја раскажам оваа приказна,
  • 14:09 - 14:11
    и се прашував дали најдобриот начин
  • 14:11 - 14:13
    би бил преку Power Point или краток филм,
  • 14:13 - 14:15
    и каде всушност би бил почетокот, средината или крајот?
  • 14:15 - 14:18
    И се прашував дали ќе стигнам до крајот на овој говор
  • 14:18 - 14:21
    и дали конечно сум сфатила сè, или пак не.
  • 14:21 - 14:23
    И секогаш мислев дека мојот почеток беше во Bowery Poetry Club,
  • 14:23 - 14:26
    но, можно е тоа да се случи многу порано.
  • 14:26 - 14:28
    Припремајќи се за TED,
  • 14:28 - 14:30
    ја открив оваа страна од еден стар дневник.
  • 14:30 - 14:34
    Мислам дека 54ти декември, всушност требало да биде 24ти.
  • 14:34 - 14:36
    Јасно е дека кога бев дете,
  • 14:36 - 14:38
    дефинитивно вака чекорев низ животот.
  • 14:38 - 14:40
    Мислам дека сите ние сме го правеле тоа.
  • 14:40 - 14:43
    Би сакала да им помогнам на другите повторно да го откријат тој начин на запрашување,
  • 14:43 - 14:45
    да сакаат да се вклучат во него, да сакаат да учат,
  • 14:45 - 14:47
    да сакаат да го споделат тоа што го научиле,
  • 14:47 - 14:49
    што сфатиле од тоа дека е вистина
  • 14:49 - 14:51
    и што сèуште се обидуваат да разберат.
  • 14:51 - 14:54
    Така, би сакала да завршам со оваа поема.
  • 14:54 - 14:57
    Кога ја бомбардираа Хирошима,
  • 14:57 - 15:00
    експлозијата создаде мини-ѕвезда
  • 15:00 - 15:03
    за секое живо животно, човек или растение
  • 15:03 - 15:05
    кое ќе се доведе во непосреден допир
  • 15:05 - 15:07
    со зраците од тоа сонце
  • 15:07 - 15:09
    веднаш да се претвори во пепел.
  • 15:09 - 15:11
    А, тоа што остана од градот следуваше наскоро.
  • 15:11 - 15:13
    Долготрајната штета од нуклеарното зрачење
  • 15:13 - 15:16
    предизвика целиот град и неговото население
  • 15:16 - 15:19
    да се претвори во прав.
  • 15:19 - 15:22
    Кога сум се родила, мајка ми вели дека сум гледала наоколу по болничката соба
  • 15:22 - 15:26
    со поглед кој велел: „Ова? Сум го правела ова претходно.“
  • 15:26 - 15:28
    Таа вели дека имам стари очи.
  • 15:28 - 15:31
    Кога мојот дедо Генџи почина, имав само пет години,
  • 15:31 - 15:33
    но ја зедов раката на мајка ми, и ѝ реков:
  • 15:33 - 15:36
    „Не грижи се, тој ќе се врати како бебе.“
  • 15:36 - 15:39
    И, сепак, за некој кој веќе очигледно го има направено ова веќе,
  • 15:39 - 15:42
    сèуште немам ништо сфатено.
  • 15:42 - 15:45
    Моите колена сèуште се тресат кога ќе застанам на сцена.
  • 15:45 - 15:47
    Мојата самодоверба може да биде измерена
  • 15:47 - 15:49
    во лажички за шеќер, помешани со мојата поезија,
  • 15:49 - 15:52
    и сèуште да има смешен вкус во мојата уста.
  • 15:52 - 15:55
    Но, во Хирошима, некои луѓе беа срамнети,
  • 15:55 - 15:58
    оставајќи само по некој рачен часовник, или страница од дневник.
  • 15:58 - 16:01
    Па, без разлика на тоа што сум спречена да ги наполнам сите мои џепови,
  • 16:01 - 16:03
    продолжувам да се обидувам,
  • 16:03 - 16:05
    надевајќи се дека еден ден ќе напишам поема
  • 16:05 - 16:07
    на која ќе можам да бидам горда да ја оставам да стои во музејска изложба,
  • 16:07 - 16:09
    како единствен доказ дека сум постоела.
  • 16:09 - 16:11
    Моите родители ме нарекле Сара,
  • 16:11 - 16:13
    што е библиско име.
  • 16:13 - 16:16
    Во изворната приказна, Господ ѝ рекол на Сара дека може да направи нешто невозможно,
  • 16:16 - 16:19
    а таа се насмеала,
  • 16:19 - 16:21
    затоа што првата Сара,
  • 16:21 - 16:23
    таа не знаела што да прави со невозможното.
  • 16:23 - 16:26
    А, јас? Па, ниту јас,
  • 16:26 - 16:28
    но го гледам невозможното секој ден.
  • 16:28 - 16:31
    Невозможното е обидувањето да се поврземе во овој свет,
  • 16:31 - 16:33
    обидувањето да се задржиме до другите додека работите експлодираат околу вас,
  • 16:33 - 16:35
    знаејќи дека додека зборуваат,
  • 16:35 - 16:38
    тие не го чекаат само нивниот ред да прозборат, тие ве слушаат.
  • 16:38 - 16:40
    Тие го чувствуваат токму тоа кое вие го чувствувате,
  • 16:40 - 16:42
    во истото време во кое вие го чувствувате.
  • 16:42 - 16:44
    Тоа е она по кое посегнувам секогаш кога ќе ја отворам мојата уста,
  • 16:44 - 16:46
    таа невозможна поврзаност.
  • 16:46 - 16:49
    Постои еден дел од ѕид во Хирошима
  • 16:49 - 16:52
    кој бил целосно исцрнет од зрачењето.
  • 16:52 - 16:54
    Но, на предното скалило, личноста која седела таму
  • 16:54 - 16:56
    ги спречила зраците да удрат во каменот.
  • 16:56 - 16:58
    Единственото нешто кое е останато сега
  • 16:58 - 17:00
    е трајната сенка на позитивна светлина.
  • 17:00 - 17:02
    По А-бомбата,
  • 17:02 - 17:04
    специјалистите рекле дека ќе бидат потребни 75 години
  • 17:04 - 17:07
    за на почвата во Хирошима Сити, што е оштетена од зрачењето
  • 17:07 - 17:09
    повторно да порасне нешто.
  • 17:09 - 17:12
    Но, таа пролет, имаше нови пупки кои излегуваа од земјата.
  • 17:12 - 17:14
    Кога ќе те сретнам, во тој момент,
  • 17:14 - 17:16
    јас не сум повеќе дел од твојата иднина.
  • 17:16 - 17:18
    Јас брзо започнувам да станувам дел од твоето минато.
  • 17:18 - 17:21
    Но во таа секунда, јас ја споделувам твојата сегашност.
  • 17:21 - 17:23
    А ти, ти ја споделуваш мојата.
  • 17:23 - 17:25
    А тоа е најголемата сегашност (најголемиот подарок) од сите.
  • 17:25 - 17:27
    Па, ако ми речеш дека јас можам да го направам невозможното,
  • 17:27 - 17:29
    најверојатно ќе ти се смеам.
  • 17:29 - 17:31
    Сèуште не знам дали можам да го променам светот,
  • 17:31 - 17:33
    затоа што не знам толку многу за него,
  • 17:33 - 17:35
    ниту пак, знам толку многу за реинкарнација,
  • 17:35 - 17:37
    но ако ме натераш да се смеам доволно силно,
  • 17:37 - 17:40
    понекогаш заборавам во кој век се наоѓам.
  • 17:40 - 17:43
    Ова не е мојот прв пат тука. Ова не е мојот последен пат тука.
  • 17:43 - 17:45
    Ова не се последните зборови кои ќе ги споделам.
  • 17:45 - 17:48
    Но, за секој случај, давам сè од себе
  • 17:48 - 17:51
    за овој пат правилно да разберам.
  • 17:51 - 17:53
    Ви благодарам.
  • 17:53 - 17:57
    (Аплауз)
  • 17:57 - 17:59
    Ви благодарам.
  • 17:59 - 18:01
    (Аплауз)
  • 18:01 - 18:03
    Ви благодарам.
  • 18:03 - 18:07
    (Аплауз)
Title:
Ако некогаш имам ќерка...
Speaker:
Сара Кеј
Description:

„Ако некогаш имам ќерка, наместо ’мама’, ќе ме нарекува ’Точка Б’“... започнува поетесата на кажаниот збор, Сара Кеј, во говорот кој поттикна две овации на ТED2011. Taa ja раскажува приказната за нејзината метаморфоза - од тинејџерка со широко отворени очи која се потопува во строфите во Bowery Poetry Club во Њујорк, до учителка која ги поврзува децата со моќта на себе-изразувањето преку проектот V.O.I.C.E. - при што изведува две прекрасни изведби на „Б“ и „Хирошима“.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
18:08
Dimitra Papageorgiou approved Macedonian subtitles for If I should have a daughter ...
Charlie Psy accepted Macedonian subtitles for If I should have a daughter ...
Charlie Psy edited Macedonian subtitles for If I should have a daughter ...
Charlie Psy edited Macedonian subtitles for If I should have a daughter ...
k.melanija | к.меланија edited Macedonian subtitles for If I should have a daughter ...
k.melanija | к.меланија edited Macedonian subtitles for If I should have a daughter ...
k.melanija | к.меланија edited Macedonian subtitles for If I should have a daughter ...
k.melanija | к.меланија edited Macedonian subtitles for If I should have a daughter ...
Show all

Macedonian subtitles

Revisions