Return to Video

Постои подобар начин за умирање и архитектурата може да помогне

  • 0:01 - 0:05
    Би сакала да ви раскажам приказна
    за смртта и архитектурата.
  • 0:05 - 0:09
    Пред сто години умиравме
    од зарази како пневмонија,
  • 0:09 - 0:13
    кои, ако нѐ фатеа, брзо ќе нѐ однесеа.
  • 0:13 - 0:17
    Умиравме дома, во нашите постели
    под грижа на семејството,
  • 0:17 - 0:18
    иако тоа беше единствената опција
  • 0:18 - 0:21
    зашто многу луѓе немаа пристап
    до медицинска нега.
  • 0:22 - 0:24
    Потоа, во ХХ-от век многу
    работи се променија.
  • 0:24 - 0:26
    Откривме нови лекарства како пеницилинот
  • 0:26 - 0:29
    за да можеме да ги лекуваме
    заразните болести.
  • 0:29 - 0:32
    Откриени беа нови медицински технологии,
    како Х-зрачењето.
  • 0:32 - 0:35
    И бидејќи беа големи и скапи,
  • 0:35 - 0:38
    ни беа потребни големи, централизирани
    згради за нив
  • 0:38 - 0:40
    и тие станаа нашите современи болници.
  • 0:40 - 0:41
    По Втората светска војна,
  • 0:41 - 0:44
    многу земји основаа универзални
    здравствени системи
  • 0:44 - 0:47
    и секој кој имаше потреба
    од лекување можеше да го има.
  • 0:47 - 0:51
    Тоа резултираше во продолжување на
    животниот век од 45 на почетокот на векот
  • 0:51 - 0:53
    до речиси двојно повеќе денес.
  • 0:53 - 0:57
    20-от век беше време на огромен оптимизам
    кон напредокот во науката,
  • 0:57 - 1:01
    но, заради целосно фокусирање
    кон животот се заборави смртта,
  • 1:01 - 1:03
    иако пристапот кон смртта
    драстично се промени.
  • 1:04 - 1:05
    Јас сум архитект,
  • 1:05 - 1:08
    и изминатава година и пол
    ги гледав овие промени
  • 1:08 - 1:11
    и што значат тие за архитектурата
    во однос на смртта и умирањето.
  • 1:11 - 1:14
    Сега умираме од рак и срцеви заболувања,
  • 1:14 - 1:18
    а, тоа значи дека многумина од нас ќе имаат
    долги периоди на хронични заболувања
  • 1:18 - 1:20
    на крајот на животот.
  • 1:20 - 1:21
    За време на тој период,
  • 1:21 - 1:27
    веројатно ќе поминеме многу време
    во болници и домови за нега.
  • 1:27 - 1:29
    Сите сме биле во болница.
  • 1:29 - 1:32
    Ги знаете оние флуоросцентни светла
    и бескрајните ходници
  • 1:32 - 1:35
    и низата на неудобни столици.
  • 1:35 - 1:39
    Болничката архитектура
    го заслужи лошиот углед.
  • 1:39 - 1:42
    Но, изненадувачки е што не било
    отсекогаш така.
  • 1:42 - 1:46
    Ова е „Болницата на невините“,
    изградена во 1419 год. од Брунелески,
  • 1:46 - 1:50
    еден од најпознатите и највлијателните
    архитекти во тоа време.
  • 1:50 - 1:54
    Кога ја гледам оваа болница и помислувам
    на денешните болници
  • 1:54 - 1:57
    ме восхитува амбицијата на оваа болница.
  • 1:57 - 1:58
    Таа е навистина прекрасна зграда.
  • 1:58 - 2:00
    Има двор на средината
  • 2:00 - 2:03
    и сите соби имаат дневна светлина
    и свеж воздух,
  • 2:03 - 2:05
    а собите се големи со високи тавани,
  • 2:05 - 2:08
    така што се чувствувате поудобно.
  • 2:08 - 2:09
    Убава е.
  • 2:09 - 2:13
    Имаме заборавено дека и болниците
    можат да бидат убави.
  • 2:13 - 2:17
    Ако сакаме поубави места за умирање,
    треба да зборуваме за тоа,
  • 2:17 - 2:20
    бидејќи сметаме дека темата за смртта
    е непријатна
  • 2:20 - 2:21
    и не зборуваме за неа,
  • 2:21 - 2:24
    и не се прашуваме на кој начин
    општеството гледа на смртта.
  • 2:24 - 2:28
    Во моите истражувања најмногу ме изненади
  • 2:28 - 2:30
    фактот колку ставовите можат
    да бидат променливи.
  • 2:30 - 2:33
    Ова е првиот крематориум во В.Британија
  • 2:33 - 2:36
    изграден во Вокинг во
    70-те години на XIX -от век.
  • 2:36 - 2:39
    Кога беше изграден, се случија
    протести во селото.
  • 2:39 - 2:44
    Кремирањето не беше општествено прифатено -
    99,8% од луѓето беа закопувани.
  • 2:44 - 2:48
    Но после 100 год. бројот на кремирани
    изнесува три четвртини.
  • 2:48 - 2:50
    Луѓето се отворени кон промени
  • 2:50 - 2:53
    ако им се даде можност
    да зборуваат за тоа.
  • 2:53 - 2:56
    Овој разговор за смртта и архитектурата
  • 2:56 - 2:59
    беше она што сакав да започнам
    со мојата прва изложба
  • 2:59 - 3:02
    во Венеција, во јуни,
    насловена „Смрт во Венеција“.
  • 3:02 - 3:05
    Дизајнот беше прилично разигран
  • 3:05 - 3:08
    и луѓето можеа буквално да се вклопат.
  • 3:08 - 3:11
    Ова е еден од нашите експонати -
    интерактивна мапа на Лондон
  • 3:11 - 3:14
    која покажува колку недвижнини во градот
  • 3:14 - 3:16
    им служат на смртта и на умирањето.
  • 3:16 - 3:18
    Ако замавнете со рака над мапата,
  • 3:18 - 3:23
    се открива името на дел од тие недвижнини,
    зграда или гробишта.
  • 3:23 - 3:25
    Нашата друга изложба беше
    серија на разгледници
  • 3:25 - 3:27
    кои луѓето можеа да ги земат.
  • 3:27 - 3:30
    На нив беа прикажани домови и болици,
  • 3:30 - 3:32
    гробишта и мртовечници,
  • 3:32 - 3:35
    кои ја раскажуваат приказната
    на различните места
  • 3:35 - 3:37
    низ кои минуваме на едната
    или другата страна од смртта.
  • 3:37 - 3:40
    Сакавме да покажеме дека
    местото каде умираме
  • 3:40 - 3:43
    е суштествен дел на тоа како умираме.
  • 3:43 - 3:48
    Најчудни беа реакциите на посетителите,
  • 3:48 - 3:50
    особено на аудио-визуелниот дел.
  • 3:50 - 3:54
    Имаше луѓе кои танцуваа, трчаа и скокаа
  • 3:54 - 3:57
    во обид да ги активираат експонатите
    на различни начини,
  • 3:57 - 3:59
    понекогаш запираа
  • 3:59 - 4:02
    досетувајќи се дека
    се на изложба за смртта
  • 4:02 - 4:05
    и дека тое а не е најприкладниот
    начин на однесување.
  • 4:05 - 4:07
    Но, се прашувам дали постои начин
  • 4:07 - 4:10
    на кој треба да се однесуваме кон смртта.
  • 4:10 - 4:14
    и ако нема, сакам да размислите
    што значи добра смрт,
  • 4:14 - 4:18
    и каква треба да биде архитектурата
    која поддржува добра смрт
  • 4:18 - 4:22
    и може ли да биде помалку
    ваква, а повеќе ваква?
  • 4:22 - 4:25
    Благодарам!
  • 4:25 - 4:27
    (Аплауз)
Title:
Постои подобар начин за умирање и архитектурата може да помогне
Speaker:
Елисон Килинг
Description:

Во овој кус, провокативен говор, архитектот Елисон Килинг се осврнува на зградите во кои се случува смртта и умирањето-гробишта, болници, домови. Начинот на умирање се менува како и начинот на кој градиме за оние кои умираат..односно, можеби и тој треба да се промени. Неочекувано фасцинантен осврт на еден скриен аспект на градовите и нашите животи.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
04:39

Macedonian subtitles

Revisions