Return to Video

Дин Орниш за светската убиствена диета

  • 0:00 - 0:03
    И покрај сите легитимни грижи околу СИДА-та и
  • 0:03 - 0:05
    птичјиот грип -- а ќе чуеме за нив од
  • 0:05 - 0:07
    брилијантниот Др. Брилијант подоцна денес --
  • 0:07 - 0:09
    јас сакам да зборувам околу другата пандемија,
  • 0:09 - 0:12
    кардио-васкуларните болести, дијабетесот, високиот притисок --
  • 0:12 - 0:15
    сите од нив можат да се спречат за
  • 0:15 - 0:17
    најмалку 95% од луѓето, само со
  • 0:17 - 0:18
    менување на исхраната и начинот на живот.
  • 0:18 - 0:19
    Она што се случува е дека се појави
  • 0:19 - 0:21
    болест на глобализацијата, луѓето
  • 0:21 - 0:24
    почнуваат да јадат како нас, да живеат како нас, и
  • 0:24 - 0:27
    да умираат како нас. На пример, за една генерација,
  • 0:27 - 0:29
    Азија имаше најниска стапка на срцеви болести, најмала дебелина
  • 0:29 - 0:31
    и најмалку дијабетес, а се претвори во потполно спротивното.
  • 0:31 - 0:34
    И во Африка, кардио-васкуларните болести
  • 0:34 - 0:37
    се изедначија со ХИВ и СИДА поврзаните
  • 0:37 - 0:38
    смртни случаи во повеќето земји.
  • 0:38 - 0:40
    Имаме мал прозорец на можности каде
  • 0:40 - 0:42
    треба да направиме важна разлика која
  • 0:42 - 0:44
    ќе влијае на животите на милиони луѓе,
  • 0:44 - 0:46
    и да практикуваме превентивна медицина
  • 0:46 - 0:47
    на глобално ниво.
  • 0:47 - 0:49
    Срцевите и болестите на срцевите садови сеуште убиваат
  • 0:49 - 0:51
    повеќе луѓе од се друго комбинирано -- не само во оваа земја, туку исто
  • 0:51 - 0:54
    во светски рамки -- и сеуште
  • 0:54 - 0:56
    ова може да се спречли за скоро секого.
  • 0:57 - 0:59
    Не само што е спречливо, туку всушност може и да се поправи.
  • 0:59 - 1:01
    За последните речиси 29 години,
  • 1:01 - 1:03
    сме во состојба да покажеме дека со едноставно менување на
  • 1:03 - 1:06
    исхраната и начинот на живот, користејќи ги овие високо технолошки,
  • 1:06 - 1:08
    скапи, и модерни мерења да докажеме колку можат да бидат
  • 1:08 - 1:11
    моќни овие едноставни, не-технолошки и ефтини
  • 1:11 - 1:13
    интервенции. Квантитативна
  • 1:13 - 1:15
    артериографија, пред и после една година, и
  • 1:15 - 1:16
    кардио ПЕТ скенови.
  • 1:16 - 1:18
    Покажавме пред неколку месеци -- Ја објавивме
  • 1:18 - 1:20
    првата студија која покажува дека може всушност да ја запрете
  • 1:20 - 1:22
    или да ја намалите прогресијата на ракот на простата со
  • 1:22 - 1:25
    правење промени во исхраната и во начинот на живот, и 70%
  • 1:25 - 1:29
    намалување на растот на туморот, или инхибиција на
  • 1:29 - 1:31
    растот на туморот, споредено со само 9% во
  • 1:31 - 1:32
    контролната група.
  • 1:32 - 1:34
    И во МРИ и МР спектроскопија овде,
  • 1:34 - 1:36
    туморот на простата е прикажан со црвено -- може да
  • 1:36 - 1:38
    видите дека се губи после една година.
  • 1:38 - 1:41
    Постои епидемија на преголема дебелина. 2/3 од
  • 1:41 - 1:44
    возрасните и 15% од децата. Она што е вистински загрижувачко
  • 1:44 - 1:47
    за мене е дека дијабетесот се покачи 70% во
  • 1:47 - 1:49
    последните 10 години, и може да сме прва
  • 1:49 - 1:51
    генерација, каде нашите деца ќе имаат пократок животен
  • 1:51 - 1:53
    век од нас. Тоа е за жалење, и е
  • 1:53 - 1:54
    сосема спречливо.
  • 1:54 - 1:57
    Ова не се резултати од избори, ова
  • 1:57 - 1:59
    се луѓе -- бројот на луѓе кои се многу дебели
  • 1:59 - 2:03
    според држава, почнувајќи од 85 , 86, 87 -- ова се податоци
  • 2:03 - 2:07
    од веб сајтот на (ЦДЦ) централната служба за болести -- 88, 89, 90,91 --
  • 2:07 - 2:11
    имате нова категорија -- 92, 93, 94, 95, 96
  • 2:11 - 2:16
    97, 98, 99, 2000, 2001 -- станува се полошо.
  • 2:16 - 2:17
    Ние на одреден начин де-еволуираме.
  • 2:21 - 2:24
    Што може да сториме во врска со ова? Па, знаете,
  • 2:24 - 2:25
    исхраната која ја откривме и која може да спречи срцеви
  • 2:25 - 2:27
    болести и рак е Азиската исхрана.
  • 2:27 - 2:29
    Но, луѓето во Азија почнуваат да јадат како нас
  • 2:29 - 2:30
    што е причина да почнуваат да се
  • 2:30 - 2:31
    разболуваат како нас.
  • 2:31 - 2:33
    Така јас работев со голем број од големите
  • 2:33 - 2:35
    компании за храна. Тие можат да го направат забавно, секси и популарно
  • 2:35 - 2:37
    и крцкаво и пријатно јадењето здрава храна,
  • 2:37 - 2:40
    -- јас раководам со неколку советнички групи за Мекдоналдс,
  • 2:40 - 2:42
    Пепси, Кон Агра, Сафе веј и наскоро и
  • 2:42 - 2:44
    Дел Монте, и тие откриваат дека тоа
  • 2:44 - 2:45
    е добар бизнис.
  • 2:45 - 2:46
    Салатите што може да ги видите во Мекдоналдс дојдоа
  • 2:46 - 2:48
    од соработката -- ќе имаат азиска салата. Во Пепси,
  • 2:48 - 2:50
    две-третини од нивните приходи доаѓаат
  • 2:50 - 2:51
    од нивното подобрување на храната.
  • 2:51 - 2:53
    И ако го направиме ова, тогаш може да ослободиме
  • 2:53 - 2:56
    ресурси за купување на лекови кои ни се потребни
  • 2:56 - 2:59
    за третирање на СИДА / ХИВ и Маларија, за
  • 2:59 - 3:00
    спречување птичји грип. Ви Благодарам
Title:
Дин Орниш за светската убиствена диета
Speaker:
Dean Ornish
Description:

Престанете да мафтате со тупаници за СИДА-та, ракот или птичјиот грип. Кардио-васкуларните болести убиваат повеќе луѓе од сите овие болести заедно -- а сепак можат да се спречат. Др. Дин Орниш објаснува како менувањето на нашите навики на исхрана ќе спаси животи.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
03:01
Marko Marcevski added a translation

Macedonian subtitles

Revisions