-
Во ова видео, би сакал да ве запознаам со негативни броеви.
-
Исто така ќе ви покажам по малку од тоа како ги собираме и одземаме.
-
Кога прв пат се сретнувате со нив, тие изгледаат како ова длабоко и мистериозно нешто.
-
Кога за прв пат броиме, броиме користејќи позитивни броеви.
-
Што всушност и значи поимот негативен број?
-
Но кога пообро размислиме, најверојатно сте сретнале негативни броеви во секојдневниот живот.
-
Но пред да ви дадам пример, општо земено, негативен број е било кој број помал од нула.
-
Помал од нула.
-
Ако ова ви звучи чудно и абстрактно, ајде да разгледаме неколку ситуации.
-
Ако мериме температура (било во степени Целзуисови или во Фаренхајт,
-
но ајде да речеме дека ја мериме во степени Целзуисови)
-
дозволете ми да нацртам мала скала според која ќе ја мериме температурата.
-
Ајде да речеме ова е 0° Целзујсови, ова е 1°, ова е 3°.
-
Ајде да речеме надвор е прилично ладно и моментално е 3° Целзујсови.
-
Временската прогноза ти кажува дека ќе биде 4° поладно во следниот ден.
-
Значи колку ладно ќе биде? Како ќе ја представиш таквата температура?
-
Па, ако беше само еден степен поладно, ќе речевме 2°, но знаеме дека ќе биде 4° поладно.
-
Ако беше 2° поладно, ќе ставевме 1°.
-
Ако беше 3° поладно, ке ставевме 0°.
-
Но мораме да прикажеме 4° поладно, значи мора да одиме еден под нулата.
-
Е тоа еден под нулата го нарекуваме "минус 1".
-
Можете да видите на бројната линија, како штом се движите на десно од нулата позитивните броеви се зголемуваат,
-
но како што се движите лево од нулата, имате -1, -2, -3.
-
Што полево од нулата, толку поголеми (зависи како ги земате) негативни броеви.
-
Но ова е многу важно: -3 е ПОМАЛО од -1.
-
Има помалку топлина во воздухот кога е -3° отколку кога е -1°.