Дали парите ве прават злобни?
-
0:01 - 0:03Сакам само за момент
-
0:03 - 0:07да замислите дека играте "Монопол,"
-
0:07 - 0:09само што овојпат, комбинацијата
-
0:09 - 0:12од вештина, талент и среќа
-
0:12 - 0:15која ви носи успех во играта,
-
0:15 - 0:16e ирелевантна,
-
0:16 - 0:19зашто играва е наместена,
-
0:19 - 0:21и вие имате предност.
-
0:21 - 0:22Имате повеќе пари,
-
0:22 - 0:25повеќе прилики да се движите низ таблата,
-
0:25 - 0:27и поголем пристап до ресурси.
-
0:27 - 0:29И додека размислувате за ова искуство,
-
0:29 - 0:31сакам да се запрашате,
-
0:31 - 0:33како чувството дека сте привилегиран
-
0:33 - 0:36играч во една наместена игра,
-
0:36 - 0:39ќе го промени вашето размислување за себе и
-
0:39 - 0:43вашето однесување кон другиот играч?
-
0:43 - 0:46За да одговориме на ова прашање спроведовме
-
0:46 - 0:48истражување во кампусот на "Беркли."
-
0:48 - 0:50Донесовме повеќе од 100 парови
-
0:50 - 0:53на странци во лабораторијата,
-
0:53 - 0:54и преку фрлање на паричка,
-
0:54 - 0:56по принцип на случајност, едниот
-
0:56 - 0:59од играчите го направивме богат.
-
0:59 - 1:01Тој играч доби двапати повеќе пари.
-
1:01 - 1:03Кога ќе поминеше преку "Go,"
-
1:03 - 1:05добиваше двојна плата,
-
1:05 - 1:07и имаше можност двапати да ја фрла коцката,
-
1:07 - 1:09па затоа и повеќе се движеше низ таблата.
-
1:09 - 1:12(Смеа)
-
1:12 - 1:14И во текот на 15 минути,
-
1:14 - 1:17преку скриена камера, гледавме што се случува.
-
1:17 - 1:19Денес, за првпат, сакам да ви покажам
-
1:19 - 1:21што видовме.
-
1:21 - 1:23Ќе извините за квалитетот на звукот,
-
1:23 - 1:26затоа што ова беа скриени камери.
-
1:26 - 1:28Па затоа имаме транскрипција.
-
1:28 - 1:29БОГАТ ИГРАЧ: Колку 500ки имаш?
-
1:29 - 1:30СИРОМАШЕН ИГРАЧ: Само една.
-
1:30 - 1:32БОГАТ ИГРАЧ: Сериозно.
СИРОМАШЕН ИГРАЧ: Да. -
1:32 - 1:33БОГАТ ИГРАЧ: Јас имам три. (Се смее)
-
1:33 - 1:35Не знам зошто ми дадоа толку многу.
-
1:35 - 1:37Пол Пиф: Океј, значи веднаш им стана јасно на играчите
-
1:37 - 1:38дека нешто им се спрема.
-
1:38 - 1:41Едниот играч има многу повеќе пари
-
1:41 - 1:43од другиот, но сепак,
-
1:43 - 1:45како што течеше играта,
-
1:45 - 1:47почнаа да се јавуваат многу
-
1:47 - 1:49забележителни разлики
-
1:49 - 1:51помеѓу двата играчи.
-
1:51 - 1:53Богатиот играч
-
1:53 - 1:56започна да се движи низ таблата погласно,
-
1:56 - 1:57буквално трескаше со фигурата
-
1:57 - 2:00по таблата.
-
2:00 - 2:03Почнаа да се јавуваат знаци на доминација,
-
2:03 - 2:05невербални
-
2:05 - 2:07изрази на моќ
-
2:07 - 2:11и славење кај богатите играчи.
-
2:11 - 2:14Ставивме чинија со переци тука од страната.
-
2:14 - 2:16Се наоѓа во долниот десен агол.
-
2:16 - 2:19Тоа ни овозможи да го набљудуваме консументското однесување на учесниците.
-
2:19 - 2:24Едноставно следиме колку переци ќе изедат.
-
2:24 - 2:26БОГАТ ИГРАЧ: Овие переци трик се?
-
2:26 - 2:27СИРОМАШЕН ИГРАЧ: Не знам.
-
2:27 - 2:31ПП: Океј, не е изненадување, луѓето се сомневаат.
-
2:31 - 2:32Се прашуваат зошто воопшто има чинија
-
2:32 - 2:34со переци таму.
-
2:34 - 2:36Еден дури и праша, како што видовте,
-
2:36 - 2:39дали чинијата со переци е трик?
-
2:39 - 2:42Но и покрај тоа, моќта на ситуацијата
-
2:42 - 2:44неизбежно доминира,
-
2:44 - 2:48и богатите играчи почнуваат да јадат повеќе переци.
-
2:52 - 2:54БОГАТ ИГРАЧ: Обожавам переци.
-
2:54 - 2:56(Смеа)
-
2:58 - 3:00ПП: И како што течеше играта,
-
3:00 - 3:02почнаа да се јавуваат навистина интересни и
-
3:02 - 3:06драматични обрасци. Имено,
-
3:06 - 3:07богатите играчи стануваа
-
3:07 - 3:11сè погруби кон другиот играч,
-
3:11 - 3:13сè помалку чувствителни за несреќата
-
3:13 - 3:14на овие кутри играчи,
-
3:14 - 3:17и сè повеќе се фалеа со
-
3:17 - 3:19својот материјален успех и
-
3:19 - 3:22демонстрираа колку добро им оди.
-
3:24 - 3:28БОГАТ ИГРАЧ: Имам пари за сè.
-
3:28 - 3:29СИРОМАШЕН ИГРАЧ: Колку е тоа?
-
3:29 - 3:33БОГАТ ИГРАЧ: Ми должиш 24 долари.
-
3:33 - 3:36Наскоро ќе ги изгубиш сите пари.
-
3:36 - 3:38Ќе го купам. Имам многу пари.
-
3:38 - 3:40Имам многу пари, имам засекогаш.
-
3:40 - 3:42БОГАТ ИГРАЧ 2: Ќе ја купам целава табла.
-
3:42 - 3:44БОГАТ ИГРАЧ 3: Набргу ќе ти снема пари.
-
3:44 - 3:47Речиси сум недопирлив во моментов.
-
3:47 - 3:49ПП: Океј, навистина беше интересно
-
3:49 - 3:51што на крајот
-
3:51 - 3:54од 15те минути, од играчите побаравме
-
3:54 - 3:58да ни кажат како ја доживеале играта.
-
3:58 - 4:01И кога богатите играчи ни кажуваа
-
4:01 - 4:02зошто победиле во овој
-
4:02 - 4:04наместен "Монопол" --
-
4:04 - 4:09(Смеа) --
-
4:09 - 4:13зборуваа за она што направиле
-
4:13 - 4:16за да ги купат различните имоти
-
4:16 - 4:18и за тоа како го заслужиле успехот во играта,
-
4:18 - 4:21и воедно беа многу малку свесни
-
4:21 - 4:24за различните аспекти на самата ситуација,
-
4:24 - 4:26вклучувајќи го и фрлањето на паричката,
-
4:26 - 4:29кое по принцип на случајност ги уфрли
-
4:29 - 4:32во една привилегирана позиција.
-
4:32 - 4:34И ова е навистина неверојатен податок
-
4:34 - 4:40за тоа како умот ја осмислува предноста.
-
4:40 - 4:42Играта "Монопол" можеме да ја користиме
-
4:42 - 4:45како метафора за разбирање на општеството
-
4:45 - 4:48и неговата хиерархиска структура, во која одредени луѓе
-
4:48 - 4:51имаат многу богатство и висок статус,
-
4:51 - 4:52а многу пак луѓе го немаат ова.
-
4:52 - 4:55Тие имаат многу помало богатство и многу понизок статус
-
4:55 - 4:58и многу помал пристап до вредни ресурси.
-
4:58 - 5:01Во последниве седум години јас и моите колеги
-
5:01 - 5:05ги проучувавме ефектите од ваквиот вид на хиерархии.
-
5:05 - 5:09Во дузина студии во кои учествуваа илјадници учесници
-
5:09 - 5:12од земјава, увидовме дека како што се зголемува
-
5:12 - 5:17богатството на човекот, така неговото
-
5:17 - 5:23сочувство и емпатија се намалува,
-
5:23 - 5:27а неговата идеологија наречена личен интерес
-
5:27 - 5:31станува сè поизразена.
-
5:31 - 5:33Во анкетите, откривме дека токму
-
5:33 - 5:35богатите луѓе ја претставуваат алчноста
-
5:35 - 5:38како нешто добро,
-
5:38 - 5:40и велат дека борбата за личните интереси
-
5:40 - 5:43е нешто позитивно и морално.
-
5:43 - 5:45Денес би сакал да зборувам за одредени
-
5:45 - 5:49импликации на идеологијата наречена личен интерес,
-
5:49 - 5:52зошто треба да се грижиме за овие импликации,
-
5:52 - 5:55и што можеме да направиме.
-
5:55 - 5:58Првите истражувања на кои налетавме во оваа област
-
5:58 - 5:59го проучуваа помагањето,
-
5:59 - 6:01нешто што социјалните психолози го нарекуваат
-
6:01 - 6:03про-социјално однесување.
-
6:03 - 6:06Нас многу нè интересираше кој
-
6:06 - 6:08повеќе помага,
-
6:08 - 6:11некој кој е богат или некој кој е сиромав.
-
6:11 - 6:16Во едно од истражувањата, во лабораторијата
-
6:16 - 6:18донесовме богати и сиромашни луѓе
-
6:18 - 6:22и на секој од нив им дадовме по 10 долари.
-
6:22 - 6:23На учесниците им кажавме
-
6:23 - 6:26дека можат да си ги зачуваат 10те долари за себе,
-
6:26 - 6:28или доколку сакаат, можат
-
6:28 - 6:30дел од парите да му ги дадат на странец
-
6:30 - 6:31кој воопшто не го познаваат.
-
6:31 - 6:34Никогаш нема да го сретнат странецот, а ниту пак тој некогаш ќе ги сретне.
-
6:34 - 6:37И едноставно набљудуваме колку пари ќе дадат.
-
6:37 - 6:40Луѓето кои заработуваат 25,000, а понекогаш
-
6:40 - 6:42помалку од 15,000 долари годишно,
-
6:42 - 6:44на странецот му дадоа 44 проценти
-
6:44 - 6:45повеќе пари
-
6:45 - 6:48отколку луѓето кои заработуваат 150,000
-
6:48 - 6:51или 200,000 долари годишно.
-
6:51 - 6:54Учесниците играа игри
-
6:54 - 6:56за да видиме кој повеќе ќе мами
-
6:56 - 6:59при обидот да дојде до наградата.
-
6:59 - 7:01Во една од игрите, компјутерот го програмиравме
-
7:01 - 7:04така што го ограничивме бројот кој можеш да го добиеш
-
7:04 - 7:05при фрлањето на коцките.
-
7:05 - 7:08Во оваа игра не можеше да се оди над 12,
-
7:08 - 7:11но сепак, колку побогат стануваш,
-
7:11 - 7:13толку е поголема веројатноста да мамиш
-
7:13 - 7:17како би дошол до наградата од 50 долари.
-
7:17 - 7:21Мамењето се зголемуваше од три до четири пати.
-
7:21 - 7:23Спроведовме друго истражување во кое нè интересираше
-
7:23 - 7:26дали луѓето би зеле бомбон
-
7:26 - 7:29од тегла со бомбони за која јасно беше кажано
-
7:29 - 7:31дека е наменета за децата --
-
7:31 - 7:34(Смеа) -
-
7:34 - 7:36кои учествуваат -- Не се зезам.
-
7:36 - 7:39Знам дека звучи како шега.
-
7:39 - 7:41Јасно им кажавме на учесниците
-
7:41 - 7:43дека теглата со бомбони е за децата кои
-
7:43 - 7:46се во соседната лабораторија.
-
7:46 - 7:48Дека ги проучуваме и бомбоните се за нив.
-
7:48 - 7:51И едноставно следевме колку бомбони ќе земат.
-
7:51 - 7:53Богатите учесници
-
7:53 - 7:54зедоа двапати повеќе бомбони
-
7:54 - 7:57отколку сиромашните учесници.
-
7:57 - 8:00Дури ги проучувавме и колите.
-
8:00 - 8:02Нè интересираше
-
8:02 - 8:05дали склоноста кон кршење на законот
-
8:05 - 8:08зависи од видот на колата што ја возиш.
-
8:08 - 8:11Во едно од истражувањата, нè интересираше
-
8:11 - 8:15дали возачите ќе му застанат на пешакот
-
8:15 - 8:18кој чекаше да премине на пешачки.
-
8:18 - 8:20Во Калифорнија, како што сите знаете,
-
8:20 - 8:22оти сум сигурен дека сите го правиме ова,
-
8:22 - 8:26законот налага да застанете доколку има пешак кој чека да премине.
-
8:26 - 8:28И еве еден пример од истражувањето.
-
8:28 - 8:30Оној од левата страна е нашиот соучесник
-
8:30 - 8:32кој е во улога на пешак.
-
8:32 - 8:36Стапнува на пешачкиот и црвената камионетка застанува.
-
8:36 - 8:38И типично за Калифорнија, камионетката е претекната
-
8:38 - 8:41од автобус кој за малку ќе го прегазеше нашиот пешак.
-
8:41 - 8:42(Смеа)
-
8:42 - 8:44Еве еден пример со поскапа кола,
-
8:44 - 8:46"Приус"-от не застанува,
-
8:46 - 8:50а истото го прави и "БеЕмВе"-то.
-
8:51 - 8:54Ова го направивме со стотици возила
-
8:54 - 8:56во текот на неколку дена,
-
8:56 - 8:59едноставно следевме кој застанува, а кој не.
-
9:00 - 9:03Откривме дека како што се зголемува цената
-
9:03 - 9:07на колата,
-
9:07 - 9:09така се зголемува и склоноста на возачот
-
9:09 - 9:10да го крши законот.
-
9:10 - 9:13Ниту една кола
-
9:13 - 9:16од најефтината категорија
-
9:16 - 9:18не го прекрши законот.
-
9:18 - 9:20Речиси 50 проценти од колите
-
9:20 - 9:22во најскапата категорија
-
9:22 - 9:25го прекршија законот.
-
9:25 - 9:27Во други истражувања откривме дека
-
9:27 - 9:31богатите луѓе повеќе лажат за време на преговори,
-
9:31 - 9:33се однесуваат неетички на работа.
-
9:33 - 9:35На пример, крадат пари од касата,
-
9:35 - 9:41земаат поткупи, ги лажат муштериите.
-
9:41 - 9:42Не сакам да мислите
-
9:42 - 9:44дека само богатите луѓе
-
9:44 - 9:46се однесуваат вака.
-
9:46 - 9:48Воопшто не. Всушност, мислам дека
-
9:48 - 9:51сите ние во нашето секојдневие
-
9:51 - 9:54се бориме со овие спротивни тенденции.
-
9:54 - 9:58Дали или кога да го ставиме нашиот интерес
-
9:58 - 10:00над интересот на другите луѓе.
-
10:00 - 10:02И тоа е разбирливо зашто
-
10:02 - 10:05американскиот сон е идеја
-
10:05 - 10:08во која сите имаме еднакви можности
-
10:08 - 10:10да успееме и напредуваме,
-
10:10 - 10:13сè додека вложуваме голем труд,
-
10:13 - 10:15а делумно тоа значи дека понекогаш
-
10:15 - 10:18треба да го ставиш сопствениот интерес
-
10:18 - 10:22над интересите и добро-состојбата на другите луѓе околу тебе.
-
10:22 - 10:24Но сега согледуваме дека
-
10:24 - 10:26колку си побогат, толку повеќе се стремиш
-
10:26 - 10:29кон идеалот наречен личен успех,
-
10:29 - 10:31трагаш по постигнувања и успеси,
-
10:31 - 10:35но на штета на другите околу тебе.
-
10:35 - 10:38Овде го претставив просечниот домашен приход
-
10:38 - 10:41на сите пет петтини од популацијата и оној на најбогатите 5% од популацијата
-
10:41 - 10:43во текот на изминативе 20 години.
-
10:43 - 10:46Во 1993, разликите помеѓу различните
-
10:46 - 10:49квинтили од популацијата, во смисла на приход,
-
10:49 - 10:52се прилично видливи.
-
10:52 - 10:54Не е тешко да се види дека има разлики.
-
10:54 - 10:57Но во текот на изминативе 20 години, разликата
-
10:57 - 10:59помеѓу оние кои се на врвот
-
10:59 - 11:02и сите други одоздола, стана уште поголема.
-
11:02 - 11:06Всушност, горните 20 проценти од населението
-
11:06 - 11:09поседува речиси 90 проценти од вкупното богатство во земјава.
-
11:09 - 11:11Во моментов имаме економска
-
11:11 - 11:14нееднаквост која е без преседан.
-
11:16 - 11:18Тоа значи дека не само што богатството сè повеќе
-
11:18 - 11:22се концентрира во рацете на една избрана група на луѓе,
-
11:22 - 11:25туку и дека американскиот сон станува
-
11:25 - 11:27сè понедостижен
-
11:27 - 11:30за растечкото мнозинство.
-
11:30 - 11:32И ако е така како што откривме, дека
-
11:32 - 11:34колку си побогат,
-
11:34 - 11:37толку повеќе полагаш право на богатството,
-
11:37 - 11:40и толку повеќе ги истакнуваш сопствените интереси
-
11:40 - 11:42над интересите на другите луѓе,
-
11:42 - 11:45и си спремен да правиш работи во служба на личниот интерес,
-
11:45 - 11:47епа тогаш нема причина да веруваме
-
11:47 - 11:49дека ваквиот тренд ќе се промени.
-
11:49 - 11:51Всушност, имаме многу причини да веруваме
-
11:51 - 11:52дека само ќе се влоши,
-
11:52 - 11:55и ете како ќе изгледа во наредните 20 години, доколку работите
-
11:55 - 12:00останат исти, со ова линеарно зголемување.
-
12:00 - 12:03За економската нееднаквост треба
-
12:03 - 12:05сите да бидеме загрижени, не само заради
-
12:05 - 12:07оние на дното од
-
12:07 - 12:09социјалната хиерархија,
-
12:09 - 12:11туку заради тоа што групите
-
12:11 - 12:16со голема економска нееднаквост полошо функционираат,
-
12:16 - 12:19полошо им е не само на оние од дното, туку на сите.
-
12:19 - 12:21Има многу убедливи истражувања
-
12:21 - 12:24кои доаѓаат од врвни светски институти
-
12:24 - 12:27и кои покажуваат дека како
-
12:27 - 12:28што се зголемува нееднаквоста
-
12:28 - 12:31така голем број на работи се влошуваат.
-
12:31 - 12:34Социјалната подвижност, работи кои ни се важни,
-
12:34 - 12:36физичко здравје, социјална доверба,
-
12:36 - 12:39сето ова се влошува како што се зголемува нееднаквоста.
-
12:39 - 12:41Слично, негативните работи
-
12:41 - 12:44во социјалните колективи и општества,
-
12:44 - 12:46како што се дебелината, насилството,
-
12:46 - 12:48одењето во затвор и казните,
-
12:48 - 12:52се зголемуваат како што се зголемува економската нееднаквост.
-
12:52 - 12:54Повторно, овие исходи не влијаат само врз
-
12:54 - 12:56неколкумина, туку врз
-
12:56 - 12:59сите слоеви на општеството.
-
12:59 - 13:02Дури и луѓето од врвот се засегнати од нееднаквоста,
-
13:02 - 13:05И што да правиме?
-
13:05 - 13:09Оваа каскада на само-одржувачки,
-
13:09 - 13:11деструктивни, негативни ефекти
-
13:11 - 13:15можеби изгледа како нешто што е излезено од контрола,
-
13:15 - 13:16врз што не можеме да влијаеме,
-
13:16 - 13:19особено не како единки.
-
13:19 - 13:23Но всушност, во нашите лабораториски
-
13:23 - 13:26истражувања увидовме дека
-
13:26 - 13:31мали психолошки интервенции,
-
13:31 - 13:35мали промени во вредностите на луѓето,
-
13:35 - 13:38мали поттурнувања во одредени насоки,
-
13:38 - 13:41можат да го возобноват нивото на еднаквост и емпатија.
-
13:41 - 13:44На пример, ако ги потсетите богатите луѓе
-
13:44 - 13:46за предностите од соработката,
-
13:46 - 13:49или предностите на заедницата,
-
13:49 - 13:53тие стануваа егалитаристички расположени
-
13:53 - 13:55како и сиромашните луѓе.
-
13:55 - 13:59Во една студија, на луѓето им прикажувавме видео
-
13:59 - 14:03долго само 46 секунди, за детската сиромаштија
-
14:03 - 14:06кое служеше како потсетник за потребите на другите
-
14:06 - 14:08луѓе во светот,
-
14:08 - 14:10и откако ќе го изгледаа ова,
-
14:10 - 14:12ги набљудувавме колку се спремни
-
14:12 - 14:15да издвојат дел од своето време
-
14:15 - 14:19за да му помогнат на туѓинец кој во моментот е вознемирен.
-
14:19 - 14:22Откако ќе го изгледаа видеото, еден час подоцна,
-
14:22 - 14:24богатите луѓе покажуваа спремност
-
14:24 - 14:26да му помогнат на туѓинецот,
-
14:26 - 14:29стануваа великодушни како и оние сиромашните.
-
14:29 - 14:32Ова ни кажува дека ваквите разлики не се
-
14:32 - 14:33вродени, ниту пак се црно-бели,
-
14:33 - 14:35туку се под влијание
-
14:35 - 14:37на вредносниот систем на луѓето,
-
14:37 - 14:39и нивното сочувство
-
14:39 - 14:41и емпатија.
-
14:41 - 14:43А надвор од ѕидовите на нашата лабораторија
-
14:43 - 14:47веќе почнуваме да гледаме промени во општеството.
-
14:47 - 14:50Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе во земјава,
-
14:50 - 14:52во неговиот воведен говор на Харвард,
-
14:52 - 14:54зборуваше дека нееднаквоста со која
-
14:54 - 14:57се соочува општеството е најтешкиот предизвик,
-
14:57 - 15:00и зборуваше што треба да се направи за да се справиме со неа,
-
15:00 - 15:03велејќи, "Напредокот на човештвото
-
15:03 - 15:05не се состои во неговите откритија,
-
15:05 - 15:08туку во тоа како се применуваат откритијата
-
15:08 - 15:11за да се намали нееднаквоста."
-
15:11 - 15:13Ја имаме "Давање Заклетва,"
-
15:13 - 15:15кампања во која над 100 од најбогатите
-
15:15 - 15:18луѓе во земјава даваат заклетва
-
15:18 - 15:22дека половина од богатството ќе го дадат во добротворни цели.
-
15:22 - 15:23Веќе се појавија дузина
-
15:23 - 15:27граѓански движења како што се,
-
15:27 - 15:29"Ние сме Едниот Процент,"
-
15:29 - 15:31"Генерација на Ресурси,"
-
15:31 - 15:33или "Богатство за Добро на Сите,"
-
15:33 - 15:36во кои најпривилегираните
-
15:36 - 15:38членови на популацијата,
-
15:38 - 15:40членови на горниот еден процент,
-
15:40 - 15:42луѓе кои се богати, и за мене
-
15:42 - 15:46неверојатно, како возрасни така и млади,
-
15:46 - 15:50ги користат своите привилегии,
-
15:50 - 15:52своите економски ресурси
-
15:52 - 15:54за да се борат против нееднаквоста
-
15:54 - 15:57на тој начин што се залагаат
-
15:57 - 16:00за социјални политики, промена
-
16:00 - 16:02на општествените вредности,
-
16:02 - 16:04и промена на човековото однесување,
-
16:04 - 16:07промени кои се штетни за нивниот економски интерес,
-
16:07 - 16:11но кои на крај би можеле да го возобноват американскиот сон.
-
16:11 - 16:13Ви благодарам.
-
16:13 - 16:17(Аплауз)
- Title:
- Дали парите ве прават злобни?
- Speaker:
- Пол Пиф
- Description:
-
Неверојатно е што може да открие една наместена игра на "Монопол." Во овој забавен, но отрезнувачки говор, социјалниот психолог Пол Пиф го споделува своето истражување за тоа како се однесуваат луѓето кога се чувствуваат богати. (Сугестија: лошо.) И додека нееднаквоста е сложен и обесхрабрувачки проблем, сепак има и добри вести. (Снимено на TEDxMarin.)
- Video Language:
- English
- Team:
- closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 16:35
Dimitra Papageorgiou approved Macedonian subtitles for Does money make you mean? | ||
Charlie Psy accepted Macedonian subtitles for Does money make you mean? | ||
Charlie Psy edited Macedonian subtitles for Does money make you mean? | ||
Charlie Psy edited Macedonian subtitles for Does money make you mean? | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for Does money make you mean? | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for Does money make you mean? | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for Does money make you mean? | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for Does money make you mean? |