Return to Video

Естер Перел: Неверството во поинакво светло... Говор за секој кој некогаш љубел

  • 0:01 - 0:02
    Зошто изневеруваме?
  • 0:04 - 0:07
    И зошто среќните луѓе изневеруваат?
  • 0:09 - 0:13
    И, кога велиме „неверство“,
    на што точно мислиме?
  • 0:14 - 0:21
    Дали е тоа мување, љубовна приказна,
    платен секс, преку Интернет,
  • 0:21 - 0:23
    масажа со среќен завршеток?
  • 0:24 - 0:29
    Зошто мислиме дека мажите изневеруваат
    од досада и страв од интимност,
  • 0:29 - 0:34
    но, жените изневеруваат поради
    осаменост и жед за интимност?
  • 0:36 - 0:40
    И, дали аферата секогаш
    претставува крај на една врска?
  • 0:41 - 0:44
    Во последните десет години,
    го пропатував светот
  • 0:44 - 0:48
    и опсежно работев со стотици двојки
  • 0:48 - 0:50
    кои беа распарчени од неверство.
  • 0:51 - 0:55
    Постои еден едноставен чин на прекршок,
  • 0:55 - 0:59
    кој може да ја лиши двојката
    од нивната врска,
  • 0:59 - 1:03
    нивната среќа, и нивниот идентитет: афера.
  • 1:04 - 1:09
    Па сепак, овој премногу вообичаен
    чин е толку слабо разбран.
  • 1:11 - 1:15
    Затоа, овој говор е за секој
    кој некогаш љубел.
  • 1:18 - 1:22
    Прељубата постои откако е измислен бракот,
  • 1:22 - 1:24
    па исто така, и табуто против неа.
  • 1:25 - 1:31
    Всушност, неверството поседува жилавост
    на која бракот може само да ѝ завидува,
  • 1:31 - 1:34
    до таа мера, поради што ова е
    единствениот заповед
  • 1:34 - 1:38
    кој што е споменат два пати во Библијата:
  • 1:38 - 1:42
    еднаш за неговото правење, и еднаш
    само за размислувањето на него.
  • 1:42 - 1:45
    (Смеа)
  • 1:45 - 1:49
    Па, како се помируваме со нешто
    кое е универзално забрането,
  • 1:49 - 1:51
    а сепак и универзално се практикува?
  • 1:53 - 1:58
    Низ историјата, мажите практично
    имале дозвола да изневеруваат
  • 1:58 - 2:00
    со мали последици,
  • 2:00 - 2:05
    и биле поддржани од биолошки
    и еволутивни теории
  • 2:05 - 2:07
    кои ја поддржувале нивната
    потреба за талкање,
  • 2:07 - 2:11
    така што двојниот сандард е
    стар колку и самата прељуба.
  • 2:12 - 2:18
    Но, кој знае што навистина се
    случува под чаршафите, нели?
  • 2:18 - 2:20
    Затоа што кога станува збор за секс,
  • 2:20 - 2:24
    мажите осеќаат притисок дека треба
    да се фалат и да претеруваат,
  • 2:24 - 2:29
    а жените е да се кријат, минимизираат
    и одрекуваат,
  • 2:29 - 2:34
    што и не е така изненадувачки доколку земете во
    предвид дека сèуште постојат девет земји во светот
  • 2:34 - 2:37
    каде што жените можат да бидат убиени
    поради „скршнување“.
  • 2:38 - 2:42
    Моногамијата порано значеше
    една личност за цел живот.
  • 2:43 - 2:46
    Денес, моногамијата значи еден
    по еден.
  • 2:46 - 2:48
    (Смеа)
  • 2:48 - 2:50
    (Аплауз)
  • 2:51 - 2:54
    Мислам, најверојатно многумина
    од вас имаат кажано,
  • 2:54 - 2:57
    „Јас сум моногамен во сите мои врски.“
  • 2:57 - 3:00
    (Смеа)
  • 3:01 - 3:02
    Порано се венчававме,
  • 3:02 - 3:04
    и имавме секс за прв пат.
  • 3:05 - 3:06
    Но, сега се венчавме,
  • 3:06 - 3:08
    и престануваме да имаме секс со други.
  • 3:09 - 3:14
    Факт е дека моногамијата
    не е поврзана со љубовта.
  • 3:14 - 3:17
    Мажите се потпирале на женската лојалност
  • 3:17 - 3:20
    во цел да знаат чии се тие деца,
  • 3:20 - 3:22
    и кој ги добива кравите кога ќе умрам.
  • 3:24 - 3:26
    Сега, секој сака да знае
  • 3:26 - 3:28
    колкав процент од луѓето изневеруваат.
  • 3:28 - 3:32
    Ова прашање ми го поставуваат уште откако
    пристигнав на конференцијава.
  • 3:32 - 3:34
    (Смеа)
  • 3:34 - 3:36
    Се однесува на вас.
  • 3:36 - 3:41
    Но, дефиницијата за неверство
    продолжува да се проширува:
  • 3:41 - 3:46
    „секстинг“, гледање порно, да се биде
    тајно активен на апликациите за состаноци.
  • 3:46 - 3:51
    Затоа, затоа што не постои универзално
    прифатена дефиниција
  • 3:51 - 3:54
    за тоа што претставува неверството,
  • 3:54 - 4:00
    проценките варираат многу, од 26% до 75%.
  • 4:01 - 4:04
    Но, капак на тоа, ние постојано си
    противречиме сами на себе.
  • 4:04 - 4:08
    Така, 95% од нас ќе речат дека
    е ужасно страшно
  • 4:08 - 4:11
    нашиот партнер да излаже за
    тоа дека има афера,
  • 4:11 - 4:13
    но, речиси истиот процент од нас ќе рече
  • 4:13 - 4:16
    дека тоа е точно она што би го
    направиле доколку би имале афера.
  • 4:16 - 4:19
    (Смеа)
  • 4:20 - 4:24
    Мене ми се допаѓа оваа дефиниција
    за тоа што е афера,
  • 4:24 - 4:27
    ги сплотува трите клучни елементи:
  • 4:27 - 4:33
    тајна врска, која ја претставува
    јадрената структура на една афера;
  • 4:33 - 4:38
    емоционална поврзаност до некој степен;
  • 4:38 - 4:39
    и сексуална алхемија.
  • 4:40 - 4:43
    „Алхемија“ е клучниот збор тука,
  • 4:43 - 4:50
    Затоа што еротската возбуда е таква што, бакнежот
    кој само што замислувате дека го давате,
  • 4:50 - 4:53
    може да биде толку моќен и магичен
  • 4:53 - 4:56
    како и часови вистинско водење љубов.
  • 4:57 - 4:59
    Како што и Марсел Пруст има кажано,
  • 4:59 - 5:05
    „Нашата имагинација е одговорна
    за љубовта, не другата личност.“
  • 5:06 - 5:10
    Така, никогаш не било полесно
    да се изневерува,
  • 5:10 - 5:13
    и никогаш не било
    потешко да се чува тајна.
  • 5:14 - 5:18
    И никогаш неверството не изнудувало
    толку висока психолошка цена.
  • 5:20 - 5:23
    Кога бракот претставувал
    економска организација,
  • 5:23 - 5:26
    неверството ја загрозувало
    нашата економска стабилност.
  • 5:27 - 5:30
    Но, сега кога бракот претставува
    романтичен договор,
  • 5:30 - 5:34
    неверството ја загрозува
    нашата емоционална сигурност.
  • 5:34 - 5:38
    Иронично, порано сме
    посегнувале по неверство -
  • 5:38 - 5:41
    но тоа било местото каде што
    сме барале чиста љубов.
  • 5:41 - 5:43
    Но, сега, кога бараме љубов во бракот,
  • 5:43 - 5:45
    прељубата го уништува.
  • 5:47 - 5:51
    Постојат три начини преку кои сметам
    дека неверството може да повреди денес.
  • 5:54 - 6:00
    Ние си имаме некој романтичен идеал според
    кој се вртиме кон една личност
  • 6:00 - 6:03
    да ни исполни бескрајна листа на потреби:
  • 6:03 - 6:06
    да биде мојот најголем љубовник,
    мојот најдобар пријател,
  • 6:06 - 6:10
    најдобриот партнер,
    да имам доверба во него,
  • 6:10 - 6:13
    да биде мој емоционален сопатник,
    подеднакво интелигентен со мене.
  • 6:14 - 6:18
    А, јас сум тоа: Јас сум одбрана,
    јас сум единствена,
  • 6:18 - 6:21
    jaс сум неопходна, јас сум незаменлива,
  • 6:21 - 6:22
    јас сум вистинската.
  • 6:23 - 6:27
    А, неверството ми кажува дека не сум.
  • 6:27 - 6:29
    Тоа е највисоката форма на предавство.
  • 6:30 - 6:33
    Неверството ја распарчува големата
    амбиција на љубовта.
  • 6:35 - 6:40
    Но, ако низ историјата, неверството
    отсекогаш било болно,
  • 6:40 - 6:42
    тоа денес често пати е трауматично,
  • 6:42 - 6:45
    затоа што му се заканува на нашето
    чувство за тоа кои сме ние.
  • 6:45 - 6:48
    Така, мојот пациент Фернандо -
    тој е очаен.
  • 6:48 - 6:51
    Тој вели: „Мислев дека го
    познавам мојот живот.
  • 6:51 - 6:55
    Мислев дека знам која си ти,
    кои сме ние како двојка, кој сум јас.
  • 6:55 - 6:57
    Сега, се прашувам за сè.“
  • 6:58 - 7:02
    Неверство - нарушување на
    довербата, криза на идентитетот.
  • 7:02 - 7:05
    „Дали некогаш ќе можам повторно
    да ти верувам?“, прашува тој.
  • 7:05 - 7:07
    „Дали ќе можам повторно
    некому да му верувам?“
  • 7:09 - 7:12
    И ова е токму тоа што
    мојата пациентка Хедер ми го кажува,
  • 7:12 - 7:15
    кога ми ја раскажува
    нејзината приказна со Ник.
  • 7:15 - 7:16
    Венчани, две деца.
  • 7:16 - 7:19
    Ник само што заминал на бизнис - патување,
  • 7:19 - 7:22
    а Хедер си игра на нејзиниот
    iPad со момчињата,
  • 7:22 - 7:25
    кога гледа една порака како
    се појавува на екранот:
  • 7:25 - 7:27
    „Едвај чекам да те видам.“
  • 7:28 - 7:30
    Чудно, си вели, само што се видовме.
  • 7:31 - 7:32
    И потоа, уште една порака:
  • 7:33 - 7:35
    „Едвај чекам да те држам в прегратки.“
  • 7:36 - 7:38
    И Хедер сфаќа дека
  • 7:38 - 7:40
    тие не се за неа.
  • 7:40 - 7:44
    Таа исто така, ми кажува дека и
    нејзиниот татко имал афери,
  • 7:44 - 7:48
    и нејзината мајка - таа наоѓала
    по некоја сметка во џеповите,
  • 7:48 - 7:50
    по малку кармин на јаката.
  • 7:51 - 7:55
    Хедер започнува да копа,
  • 7:55 - 7:58
    и наоѓа стотици пораки,
  • 7:58 - 8:01
    и разменети фотографии и искажани страсти.
  • 8:01 - 8:04
    Живописни детали од
    двегодишната афера на Ник
  • 8:04 - 8:07
    се распостилаат пред неа во реално време.
  • 8:08 - 8:09
    И, тоа ме натера
    да помислам:
  • 8:09 - 8:14
    Аферите во дигиталната ера се
    смрт од илјадници посекотини.
  • 8:16 - 8:19
    Но, потоа имаме уште еден парадокс
    со кој се соочуваме овие денови.
  • 8:19 - 8:21
    Поради овој романтичен идеал,
  • 8:21 - 8:26
    ние се потпираме на верноста на
    нашиот партнер со преголема жестокост.
  • 8:27 - 8:31
    Но, исто така, никогаш не сме
    биле посклони кон „застранување“,
  • 8:31 - 8:33
    и не поради тоа што ние
    имаме нови желби денес,
  • 8:33 - 8:35
    туку, затоа што живееме во ера
  • 8:35 - 8:39
    во која веруваме дека имаме
    право да ги следиме нашите желби,
  • 8:39 - 8:42
    затоа што ова е културата во која
    јас заслужувам да бидам среќна.
  • 8:43 - 8:47
    И, доколку порано се разведувавме
    затоа што не бевме среќни,
  • 8:47 - 8:50
    денес се разведуваме затоа што
    би можеле да бидеме посреќни.
  • 8:52 - 8:55
    И доколку разводот го носеше целиот срам,
  • 8:55 - 8:59
    денес, одбирањето да се остане
    кога може да се замине
  • 8:59 - 9:00
    е новиот срам.
  • 9:00 - 9:03
    Така Хедер - таа не може да зборува
    со нејзините пријателки
  • 9:03 - 9:06
    затоа што се плаши дека тие ќе
    ја осудуваат што сèуште го сака Ник,
  • 9:06 - 9:10
    и каде и да се сврти,
    го добива истиот совет:
  • 9:10 - 9:13
    Остави го. Фрли го кучето на улица.
  • 9:14 - 9:19
    И ако беше обратно, Ник ќе
    се најдеше во истата ситуација.
  • 9:19 - 9:21
    Останувањето е новиот срам.
  • 9:23 - 9:26
    Па, ако можеме да се разведеме,
  • 9:26 - 9:28
    тогаш зошто сèуште имаме афери?
  • 9:30 - 9:35
    Типичната претпоставка е дека
    ако некој изневерува,
  • 9:35 - 9:38
    тогаш или нешто не е во ред со
    вашата врска или со Вас.
  • 9:39 - 9:43
    Но, милиони луѓе не можат
    да бидат патолошки болни.
  • 9:44 - 9:48
    Логиката оди вака: Ако имаш
    сè што ти треба дома,
  • 9:48 - 9:52
    тогаш нема потреба да
    бараш на друго место,
  • 9:52 - 9:55
    под претпоставка дека
    постои такво нешто како совршен брак,
  • 9:55 - 9:58
    кој ќе нè заштити од
    желбата за „застранување“.
  • 9:59 - 10:02
    Но, што ако страста има
    ограничен рок на траење?
  • 10:04 - 10:07
    Што ако постои нешто
    кое дури ни добрите врски
  • 10:07 - 10:09
    никогаш не можат
    да го обезбедат?
  • 10:10 - 10:13
    Ако и среќните луѓе изневеруваат,
  • 10:13 - 10:15
    зошто го прават тоа?
  • 10:17 - 10:20
    Поголемиот дел од луѓето со кои работам
  • 10:20 - 10:22
    не се воопшто хронични љубовџии.
  • 10:22 - 10:26
    Често пати, тоа се луѓе кои се
    длабоко моногамни во своите верувања,
  • 10:26 - 10:28
    или барем за својот партнер.
  • 10:29 - 10:32
    Но, се наоѓаат себе си во конфликт
  • 10:32 - 10:35
    помеѓу нивните вредности
    и нивното однесување.
  • 10:36 - 10:40
    Често пати, тоа се луѓе кои всушност
    биле верни со децении,
  • 10:40 - 10:43
    но еден ден ја поминуваат линијата
  • 10:43 - 10:45
    која никогаш не верувале
    дека ќе ја поминат,
  • 10:45 - 10:48
    и се ставаат во ризик да изгубат сè.
  • 10:49 - 10:51
    Но, за искра од што?
  • 10:52 - 10:55
    Аферите претставуваат чин на предавство,
  • 10:55 - 10:58
    и исто така се и израз на копнеж и загуба.
  • 10:59 - 11:03
    Во срцето на аферата,
    често пати ќе најдете
  • 11:03 - 11:07
    копнеж и желба за емоционална поврзаност,
  • 11:07 - 11:13
    за нешто ново, за слобода, за автономија,
    за сексуален интензитет,
  • 11:13 - 11:16
    желба за повторно присвојување
    на изгубените делови од себе си,
  • 11:16 - 11:22
    или обид да се поврати виталноста
    во лицето на загубата и трагедијата.
  • 11:23 - 11:26
    Размислувам за уште
    една моја пациентка, Прија,
  • 11:26 - 11:28
    која е среќно омажена,
  • 11:28 - 11:30
    си го сака сопругот,
  • 11:30 - 11:32
    и никогаш не би сакала
    да го повреди човекот.
  • 11:33 - 11:35
    Но, таа исто така ми кажува
  • 11:35 - 11:38
    дека секогаш го правела тоа
    што се очекувало од неа:
  • 11:38 - 11:42
    добро девојче, добра сопруга, добра мајка,
  • 11:42 - 11:45
    се грижи за нејзините родители-имигранти.
  • 11:45 - 11:49
    Прија, таа „падна“ на арбористот
    кој го отстранил дрвото од нејзиниот двор
  • 11:49 - 11:51
    по ураганот „Сенди“.
  • 11:52 - 11:56
    А тој, со неговите тетоважи и
    камион - тој е целосна спротивност на неа.
  • 11:58 - 12:03
    Но, на 47, аферата на Прија е за
    тинејџерството кое никогаш го немала.
  • 12:04 - 12:09
    Нејзината приказна истакнува
    дека кога го бараме погледот на другиот,
  • 12:09 - 12:14
    не секогаш тоа значи дека се
    оддалечуваме од нашиот партнер,
  • 12:14 - 12:17
    туку од личноста во која ние
    самите се имаме претворено.
  • 12:18 - 12:21
    И не е толку во тоа што ние
    бараме во другата личност,
  • 12:21 - 12:25
    колку што го бараме
    нашето друго јас.
  • 12:27 - 12:29
    Насекаде во светот
  • 12:29 - 12:32
    потои еден збор кој луѓето кои
    имаат афери ми го кажуваат.
  • 12:33 - 12:35
    Се чувствуваат живи.
  • 12:36 - 12:40
    И тие често ќе ми раскажат
    приказни за неодамнешна загуба,
  • 12:40 - 12:42
    за родител кој починал,
  • 12:42 - 12:44
    и пријател кој отишол премногу рано,
  • 12:44 - 12:46
    и за лоши вести од докторот.
  • 12:47 - 12:52
    Смртта и смртноста често пати
    живеат во сенката на една афера,
  • 12:52 - 12:55
    затоа што тие ги поставуваат овие прашања.
  • 12:55 - 12:58
    Дали ова е тоа? Постои ли нешто повеќе?
  • 12:58 - 13:01
    Дали вака ќе продолжам уште 25 години?
  • 13:02 - 13:04
    Дали некогаш повторно
    ќе го почувствувам тоа?
  • 13:06 - 13:11
    И тоа ме наведе да помислам
    дека можеби овие прашања
  • 13:11 - 13:14
    се тие кои ги тераат
    луѓето да ја поминат таа линија,
  • 13:14 - 13:18
    и дека некои афери се само
    обид за заглушување на мртвилото,
  • 13:18 - 13:20
    како против-мерка на смртта.
  • 13:22 - 13:25
    И наспроти она што можеби го мислите,
  • 13:25 - 13:30
    аферите помалку се случуваат
    поради секс, а повеќе поради желба:
  • 13:30 - 13:33
    желба за внимание, желба да
    се чувствувате посебно,
  • 13:33 - 13:35
    желба да се чувствувате важни.
  • 13:36 - 13:38
    И самата структура на аферата,
  • 13:38 - 13:41
    фактот дека никогаш нема да
    можете да го имате својот љубовник,
  • 13:42 - 13:43
    ве тера да сакате.
  • 13:43 - 13:46
    Тоа само по себе е машина за желби,
  • 13:46 - 13:49
    затоа што нецелосноста, двосмисленоста,
  • 13:49 - 13:52
    ве тера да го сакате тоа
    кое не можете да го имате.
  • 13:53 - 13:55
    Сега, некои од вас
    најверојатно си мислат
  • 13:55 - 13:59
    дека аферите не се случуваат
    во отворените врски,
  • 13:59 - 14:00
    но, се случуваат.
  • 14:00 - 14:04
    Најпрво, муабетот за моногамијата не е ист
  • 14:04 - 14:06
    како муабетот за неверството.
  • 14:06 - 14:10
    Но, факт е дека се чини оти и
    тогаш кога ние ја имаме
  • 14:10 - 14:13
    слободата да имаме
    други сексуални партнери,
  • 14:13 - 14:17
    ние сèуште сме намамени
    од моќта на забранетото,
  • 14:17 - 14:20
    дека ако го правиме тоа кое
    не би требало да го правиме,
  • 14:20 - 14:23
    тогаш чувствуваме дека
    навистина го правиме тоа кое го сакаме.
  • 14:25 - 14:29
    И, исто така, им имам кажано
    некои работи на некои мои пациенти:
  • 14:29 - 14:34
    дека, ако во нивните
    односи можат да донесат
  • 14:34 - 14:37
    една десеттина од храброста,
    имагинацијата и еланот
  • 14:37 - 14:39
    кои ги внесуваат во нивните афери,
  • 14:39 - 14:41
    тие најверојатно никогаш
    не би морале да ме посетат.
  • 14:41 - 14:43
    (Смеа)
  • 14:44 - 14:47
    Па, како заздравуваме од афера?
  • 14:48 - 14:50
    Желбата извира подлабоко.
  • 14:50 - 14:52
    Предавството остава длабоки траги.
  • 14:53 - 14:55
    Но, може да биде излечено.
  • 14:56 - 14:59
    И, некои афери претставуваат
    камбана на смртта
  • 14:59 - 15:02
    за врски кои веќе малку по малку умираат.
  • 15:03 - 15:06
    Но, некои други ќе нè
    вивнат во нови можности.
  • 15:06 - 15:08
    Факт е дека поголемиот дел од двојките
  • 15:08 - 15:10
    кои искусиле афери - останале заедно.
  • 15:11 - 15:13
    Но, некои од нив едвај ќе преживеат,
  • 15:13 - 15:18
    а некои дури и ќе можат да ја
    претворат кризата во можност.
  • 15:19 - 15:22
    Тие ќе можат да го претворат
    ова во корисно искуство.
  • 15:22 - 15:26
    И, всушност мислам и дека
    тоа повеќе е така за измамениот партнер,
  • 15:26 - 15:28
    кој често вели:
  • 15:28 - 15:29
    „Ти мислиш дека јас не сакав повеќе?
  • 15:29 - 15:32
    Но, јас не сум тој/таа
    што го направи тоа.“
  • 15:32 - 15:34
    Но, сега кога аферата е откриена,
  • 15:34 - 15:36
    и тие, исто така,
    имаат право да бараат повеќе,
  • 15:36 - 15:39
    и не мораат повеќе да
    го задржуваат статусот кво,
  • 15:39 - 15:42
    кој и онака не би им бил од корист.
  • 15:44 - 15:47
    Забележав дека многу двојки,
  • 15:47 - 15:49
    во самата разрешница на аферата,
  • 15:49 - 15:54
    поради ова ново безредие кое
    всушност може да доведе до нов ред,
  • 15:54 - 15:57
    се случуваат многу длабоки,
    искрени и отворени разговори
  • 15:57 - 15:59
    какви што немале со децении.
  • 16:00 - 16:03
    И, партнерите кои биле
    сексуално незаинтересирани
  • 16:03 - 16:05
    одненадеж стануваат страствено незаситни,
  • 16:05 - 16:08
    што не ни знаат од каде доаѓа сето тоа.
  • 16:09 - 16:13
    Нешто од стравот од
    загуба ќе ја разгори желбата,
  • 16:13 - 16:16
    и ќе направи пат за
    целосно нов вид вистина.
  • 16:18 - 16:21
    Па, кога ќе се открие некоја афера,
  • 16:21 - 16:24
    што поспецифично можат
    да направат двојките?
  • 16:26 - 16:30
    Од траумата знаеме дека
    излекувањето започнува
  • 16:30 - 16:34
    кога злосторникот ја
    признава својата вина.
  • 16:35 - 16:39
    Така, за партнерот кој имал афера,
  • 16:39 - 16:41
    за Ник,
  • 16:41 - 16:42
    една работа е да ја заврши аферата,
  • 16:42 - 16:47
    но, останатото е есенцијалниот,
    важен акт на изразување
  • 16:47 - 16:50
    вина и каење за тоа што
    ја повредил сопругата.
  • 16:51 - 16:52
    Но, вистината е
  • 16:52 - 16:55
    дека имам забележано дека голем
    број од луѓето кои имаат афери
  • 16:55 - 16:59
    може да се чувствуваат ужасно виновно
    поради тоа што го повредиле својот партнер,
  • 16:59 - 17:03
    но, не се чувствуваат виновно поради
    искусувањето на самата афера.
  • 17:03 - 17:04
    И, таа разлика е важна.
  • 17:05 - 17:09
    А, Ник - тој треба да биде
    претпазлив во врската.
  • 17:09 - 17:12
    Тој, барем некое време, треба да
    стане заштитник на ограничувањата.
  • 17:12 - 17:15
    Одговорноста е негова за да ја издигне,
  • 17:15 - 17:17
    затоа што, ако размисли,
  • 17:17 - 17:20
    тој може да ја ослободи
    Хедер од опсесијата,
  • 17:20 - 17:23
    и од тоа да се осигура
    дека аферата не е заборавена,
  • 17:23 - 17:26
    и дека во неа започнува
    да положува доверба.
  • 17:28 - 17:29
    Но, за Хедер,
  • 17:29 - 17:31
    или за измамените партнери,
  • 17:31 - 17:37
    најосновно е да прават работи кои ќе
    им ја вратат смислата за вредност сами кон себе,
  • 17:37 - 17:40
    да се опкружат со љубов, и
    пријатели и активности
  • 17:40 - 17:44
    кои носат радост, и значење и идентитет.
  • 17:44 - 17:46
    Но, што е уште поважно,
  • 17:46 - 17:51
    е да ја потиснат љубопитноста за
    „копање“ непријатни детали:
  • 17:51 - 17:53
    Каде беше? Каде го правевте тоа?
  • 17:53 - 17:56
    Колку често? Дали е таа подобра
    од мене во кревет?
  • 17:56 - 17:58
    - Прашања кои нанесуваат
    само уште повеќе болка,
  • 17:58 - 18:00
    и кои ве држат будни ноќе.
  • 18:01 - 18:05
    И наместо да се осврнат кон она што
    јас го нарекувам „истражувачки прашања“,
  • 18:05 - 18:09
    тие кои „копаат“ по мотивите и значењето:
  • 18:09 - 18:11
    Што ти значеше оваа афера?
  • 18:11 - 18:14
    Дали можеше да го изразиш,
    или да го искусиш таму
  • 18:14 - 18:16
    тоа што повеќе не можеше
    да го направиш со мене?
  • 18:16 - 18:19
    Како ти беше кога доаѓаше дома?
  • 18:19 - 18:23
    Што е она кое го цениш кај нас?
  • 18:23 - 18:25
    Мило ти е што ова заврши?
  • 18:26 - 18:31
    Секоја афера ќе ѝ даде нова
    дефиниција на врската,
  • 18:31 - 18:34
    и секоја двојка ќе одлучи кое ќе биде
  • 18:34 - 18:36
    наследството добиено од самата афера.
  • 18:38 - 18:41
    Но, аферите се тука за да
    останат, и не си одат никаде.
  • 18:42 - 18:45
    И дилемите за љубовта и страста,
  • 18:45 - 18:51
    тие не носат едноставни одговори
    на црно-бело, добро-лошо,
  • 18:51 - 18:53
    и на жртва и злосторник.
  • 18:54 - 18:58
    Предавството во врските
    доаѓа во многу облици.
  • 18:58 - 19:01
    Постојат многу начини на кои
    можеме да го предадеме партнерот:
  • 19:01 - 19:03
    со потценување, со запоставување,
  • 19:03 - 19:05
    со незаинтересираност, со насилство.
  • 19:06 - 19:09
    Сексуалното предавство е само еден
    од начините да се повреди партнерот.
  • 19:09 - 19:12
    Со други зборови, жртвата на една афера
  • 19:12 - 19:15
    не секогаш е жртвата во бракот.
  • 19:18 - 19:20
    Сега, ме ислушавте,
  • 19:20 - 19:22
    и знам дека си мислите:
  • 19:22 - 19:26
    Таа има француски нагласок,
    мора да е "ЗА" афери.
  • 19:27 - 19:30
    (Смеа)
  • 19:32 - 19:33
    Па, грешите.
  • 19:34 - 19:35
    Не сум Французинка.
  • 19:36 - 19:38
    (Смеа)
  • 19:38 - 19:41
    (Аплауз)
  • 19:42 - 19:43
    И не сум за афери.
  • 19:45 - 19:49
    Но, затоа што сметам дека може
    да произлезе некое добро од една афера,
  • 19:49 - 19:52
    често пати ми го поставуваат
    ова чудно прашање:
  • 19:52 - 19:54
    Дали некогаш би ја препорачала?
  • 19:56 - 19:59
    Не би препорачала на
    некому да има афера повеќе
  • 19:59 - 20:01
    отколку да препорачам некому да има рак,
  • 20:01 - 20:04
    па сепак, знаеме дека
    луѓето кои биле болни
  • 20:04 - 20:09
    често пати зборуваат за тоа како нивната
    болест придонела да добијат нов поглед на нештата.
  • 20:09 - 20:12
    Најчестото прашање кое ми го поставуваат
    откако пристигнав на конференцијава,
  • 20:12 - 20:15
    и кога кажав дека ќе зборувам за
    изневерувањето, е: за или против?
  • 20:16 - 20:18
    Ја велам, „Да.“
  • 20:18 - 20:21
    (Смеа)
  • 20:22 - 20:26
    Гледам на аферите од две перспективи:
  • 20:26 - 20:29
    повредување и предавство од една страна,
  • 20:29 - 20:33
    созревање и себе-откривање од друга --
  • 20:33 - 20:36
    што ти направи тебе и што
    значеше тоа за мене.
  • 20:37 - 20:41
    Така, кога некоја двојка доаѓа кај
    мене во разрешницата од една афера
  • 20:41 - 20:43
    која што е откриена,
  • 20:43 - 20:45
    јас често пати им го кажувам следното:
  • 20:45 - 20:48
    Денес, на Западот,
  • 20:48 - 20:53
    повеќето од нас ќе имааат
    две или три врски,
  • 20:53 - 20:54
    или бракови,
  • 20:54 - 20:58
    а, некои од нас ќе го направат
    тоа со истата личност.
  • 20:59 - 21:01
    Вашиот прв брак е завршен.
  • 21:02 - 21:04
    Дали би сакале да
    создадете втор брак заедно?
  • 21:05 - 21:07
    Ви благодарам.
  • 21:07 - 21:13
    (Аплауз)
Title:
Естер Перел: Неверството во поинакво светло... Говор за секој кој некогаш љубел
Speaker:
Естер Перел
Description:

Неверството претставува највисок облик на предавство. Но, дали мора така да биде? Терапевтот за врски, Естер Перел, истражува зошто луѓето изневеруваат, и открива зошто аферите се толку трауматични: затоа што ѝ се закануваат на нашата емоционална сигурност. Во неверството - таа забележува нешто неочекувано - израз на чезнеење и загуба. Говор кој мора да го погледне секој кој некогаш изневерил, или го изневериле, или пак, кој едноставно сака да го освежи својот поглед за тоа како да ги разбере врските.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
21:31

Macedonian subtitles

Revisions