Return to Video

Вашите зборови можат да го предвидат вашето ментално здравје

  • 0:01 - 0:06
    Имаме историски записи од кои знаеме
    како се облекувале древните грци,
  • 0:06 - 0:07
    како живееле,
  • 0:07 - 0:09
    како се бореле ...
  • 0:09 - 0:11
    но како размислувале?
  • 0:11 - 0:16
    Постои сфаќање кое вели дека
    суштината на човечката мисла --
  • 0:16 - 0:18
    нашата способност да замислуваме,
  • 0:18 - 0:19
    да бидеме свесни,
  • 0:19 - 0:20
    да сонуваме --
  • 0:20 - 0:22
    отсекогаш била иста.
  • 0:23 - 0:24
    Другото сфаќање
  • 0:24 - 0:28
    е дека социјалните трансформации
    кои ја обликувале нашата култура
  • 0:28 - 0:32
    истовремено ја промениле и
    структурата на човечката мисла.
  • 0:33 - 0:35
    Постојат различни мислења
    за ова.
  • 0:35 - 0:38
    Всушност, ова е долга филозофска
    дебата.
  • 0:39 - 0:41
    Но, дали ова прашање е воопшто
    податливо за науката?
  • 0:43 - 0:45
    Исто како што можеме да го реконструираме
  • 0:45 - 0:50
    изгледот на древните грчки градови,
  • 0:50 - 0:53
    користејќи само неколку тули,
  • 0:53 - 0:57
    можеме и да ја реконструираме човечката
    мисла, овојпат користејќи
  • 0:57 - 0:59
    ги записите на културата.
  • 1:00 - 1:01
    Всушност,
  • 1:01 - 1:03
    правејќи еден вид на психолошка анализа
  • 1:03 - 1:07
    на некои од најдревните книги
    на човечката култура,
  • 1:07 - 1:13
    Џулијан Џејнс, во 70-тите, предложил
    многу необична и радикална теза:
  • 1:13 - 1:15
    дека само пред 3.000 години,
  • 1:15 - 1:20
    луѓето биле она што денес
    го нарекуваме шизофреничари.
  • 1:22 - 1:23
    Ова тврдење го поткрепил
  • 1:23 - 1:27
    со фактот дека во овие книги
    биле опишани луѓе,
  • 1:27 - 1:29
    од различни традиции и од
    различни краеви на светот,
  • 1:29 - 1:32
    кои се однесувале така како
  • 1:32 - 1:35
    да слушаат и им се покоруваат на гласови
  • 1:35 - 1:38
    за кои мислеле дека доаѓаат од Боговите,
  • 1:38 - 1:39
    или од музите ...
  • 1:40 - 1:43
    ова денес го нарекуваме халуцинации.
  • 1:44 - 1:47
    И како што одминувало времето,
  • 1:47 - 1:50
    луѓето почнале да сфаќаат дека
    тие се креаторите,
  • 1:50 - 1:53
    дека гласовите се всушност нивни.
  • 1:53 - 1:56
    И на овој начин, тие стекнале
    интроспекција:
  • 1:56 - 1:59
    способноста да размислуваат
    за нивните мисли.
  • 2:00 - 2:03
    Теоријата на Џејнс е дека свесноста,
  • 2:03 - 2:06
    барем онака како што ја дефинираме денес,
  • 2:06 - 2:10
    она чувство дека ние управуваме со
    нашето постоење --
  • 2:10 - 2:13
    е прилично скорашен производ
    на културниот развој.
  • 2:13 - 2:15
    Теоријава е прилично спектакуларна,
  • 2:15 - 2:17
    но очигледно има проблем,
  • 2:17 - 2:21
    а тоа е дека се базира само на неколку
    многу специфични примери.
  • 2:21 - 2:23
    Оттука, прашањето е дали теоријата,
  • 2:23 - 2:28
    која вели дека интроспекцијата се појавила
    пред само 3.000,
  • 2:28 - 2:31
    може да биде испитана на квантитативен
    и објективен начин.
  • 2:32 - 2:35
    Очигледно е дека не е лесно
    да се тестира оваа теза.
  • 2:35 - 2:39
    Многу би ни било полесно
    доколку Платон се разбудил и напишал,
  • 2:39 - 2:40
    "Здраво, јас сум Платон,
  • 2:40 - 2:43
    и од денес јас имам целосно
    интроспективна свесност."
  • 2:43 - 2:46
    (Смеа)
  • 2:46 - 2:49
    Ова всушност ни кажува што
    е суштината на проблемот.
  • 2:49 - 2:54
    Треба да откриеме како настанал
    концепт што никогаш не бил изговорен.
  • 2:54 - 2:59
    Зборот интроспекција не се појавува
    ниту еднаш
  • 2:59 - 3:01
    во книгите кои сакаме да ги анализираме.
  • 3:02 - 3:06
    Ние ова го решивме така што го
    создадовме просторот на зборови.
  • 3:07 - 3:10
    Ова е огромен простор
    кој ги содржи сите зборови
  • 3:10 - 3:13
    на таков начин што растојанието
    помеѓу било кои два збора
  • 3:13 - 3:16
    ни кажува колку тие се поврзани.
  • 3:16 - 3:18
    На пример,
  • 3:18 - 3:21
    зборовите "куче" и "мачка" би требало
    да се многу блиску еден до друг,
  • 3:21 - 3:25
    но зборовите "грејпфрут" и "логаритам"
    би требало да се многу далеку.
  • 3:25 - 3:29
    Ова важи за било кои два збора во
    рамки на просторот.
  • 3:30 - 3:33
    Исто така, на повеќе начини можеме
    да го конструираме просторот.
  • 3:33 - 3:35
    Можеме да ги прашаме стручњаците,
  • 3:35 - 3:37
    исто како кога прегледуваме речник.
  • 3:37 - 3:38
    Или пак можеме
  • 3:38 - 3:42
    да се водиме од претпоставката
    дека кога два збора се поврзани,
  • 3:42 - 3:44
    тие се појавуваат во исти реченици,
  • 3:44 - 3:46
    во исти пасуси,
  • 3:46 - 3:48
    во исти документи,
  • 3:48 - 3:51
    многу почесто отколку ако
    е чиста случајност.
  • 3:52 - 3:54
    Оваа едноставна хипотеза,
  • 3:54 - 3:56
    овој едноставен метод,
  • 3:56 - 3:57
    користејќи програмерски трикови
  • 3:57 - 3:59
    оти станува збор за многу
  • 3:59 - 4:02
    сложен повеќе-димензионален
    простор,
  • 4:02 - 4:03
    излезе дека е доста ефикасен.
  • 4:04 - 4:07
    Само за да видите колку добро
    функционира ова,
  • 4:07 - 4:11
    ова е резултатот кој го добиваме кога
    ќе анализираме некои познати зборови.
  • 4:12 - 4:13
    Најпрвин може да видите
  • 4:13 - 4:16
    дека зборовите автоматски се организираат
    во семантички групи.
  • 4:16 - 4:18
    Имате овошје, делови на телото,
  • 4:18 - 4:21
    компјутерски делови, научните
    термини итн.
  • 4:21 - 4:25
    Алгоритамот ни кажува дека ние и
    хиерархиски ги организираме концептите.
  • 4:26 - 4:27
    На пример,
  • 4:27 - 4:31
    може да видите дека научните термини
    се групираат во две подкатегории,
  • 4:31 - 4:33
    термини од астрономијата и
    од физиката.
  • 4:33 - 4:36
    Потоа имате многу суптилни работи.
  • 4:36 - 4:38
    На пример, зборот астрономија,
  • 4:38 - 4:39
    кој навидум е на чудна локација,
  • 4:39 - 4:42
    е всушност токму онаму каде
    што треба да биде,
  • 4:42 - 4:43
    помеѓу она што е,
  • 4:43 - 4:44
    наука
  • 4:44 - 4:46
    и помеѓу она што го опишува,
  • 4:46 - 4:47
    астрономски термини.
  • 4:48 - 4:50
    И вака можеме до бескрај.
  • 4:50 - 4:52
    Всушност, ако се задлабочите
    во ова,
  • 4:52 - 4:54
    и почнете да правите шеми,
  • 4:54 - 4:57
    ќе имате чувство како да
    пишувате поезија.
  • 4:58 - 5:00
    А тоа е така затоа што, на некој начин,
  • 5:00 - 5:03
    да чекориш во овој простор
    е како да чекориш во умот.
  • 5:04 - 5:06
    И последното е
  • 5:06 - 5:10
    дека овој алгоритам
    ги потврдува нашите претпоставки
  • 5:10 - 5:14
    за тоа кои зборови би требало да
    се најмногу поврзани со интроспекцијата.
  • 5:14 - 5:15
    На пример,
  • 5:15 - 5:19
    зборови како "себство," "вина,"
    "разум," "емоција,"
  • 5:19 - 5:21
    се многу блиску до "интроспекција,"
  • 5:21 - 5:22
    но други зборови,
  • 5:22 - 5:24
    како "црвена," "фудбал," "свеќа,"
    "банана,"
  • 5:24 - 5:26
    се многу далеку.
  • 5:26 - 5:29
    Откако ќе го изградиме просторот,
  • 5:29 - 5:32
    прашањето за потеклото
    на интроспекцијата,
  • 5:32 - 5:34
    или потеклото на било кој концепт
  • 5:34 - 5:39
    кое претходно можеби изгледало
    апстрактно или некако нејасно,
  • 5:39 - 5:40
    сега станува конкретно --
  • 5:40 - 5:43
    станува податливо за
    квантитивно изучување.
  • 5:44 - 5:47
    Се што треба да направиме е да
    ги земеме книгите,
  • 5:47 - 5:48
    да ги дигитализираме,
  • 5:48 - 5:51
    да ги извадиме зборовите
  • 5:51 - 5:53
    да ги проектираме во просторот,
  • 5:53 - 5:57
    и да се запрашаме која група на
    зборови кружи најдолго и најблиску
  • 5:57 - 6:00
    околку концептот интроспекција.
  • 6:01 - 6:02
    На овој начин,
  • 6:02 - 6:05
    можеме да ја анализираме
    историјата на интроспекцијата
  • 6:05 - 6:06
    во древната грчка традиција,
  • 6:06 - 6:09
    за која имаме најдобри
    пишани записи.
  • 6:10 - 6:12
    Значи ги зедовме сите книги --
  • 6:12 - 6:14
    ги подредивме според времето --
  • 6:14 - 6:16
    од секоја книга ги извадивме зборовите,
  • 6:16 - 6:18
    ги проектиравме во просторот,
  • 6:18 - 6:21
    и потоа гледавме колку секој збор
    е блиску до интроспекцијата,
  • 6:21 - 6:22
    и пресметувавме просек.
  • 6:23 - 6:26
    Потоа, се запрашавме дали,
    како што одминува времето,
  • 6:26 - 6:29
    овие книги се приближуваат
    сѐ повеќе и повеќе
  • 6:29 - 6:31
    до концептот интроспекција.
  • 6:31 - 6:35
    И токму тоа се случува
    во рамки на древната грчка традиција.
  • 6:36 - 6:39
    Може да видите дека најстарите книги
    од времето на Хомер,
  • 6:39 - 6:42
    се малку поврзани со интроспекцијата.
  • 6:42 - 6:44
    Но отприлика четири века пред
    нашата ера,
  • 6:45 - 6:49
    настанува драстично приближување,
    книгите од овој период
  • 6:49 - 6:52
    пет пати се поблиску до
  • 6:52 - 6:53
    концептот интроспекција.
  • 6:54 - 6:57
    И интересно е тоа
  • 6:57 - 6:58
    што сега, истото ова
  • 6:58 - 7:02
    можеме да го испитаме и во
    други традиции.
  • 7:03 - 7:06
    Истата оваа анализа ја спроведовме
    и во Јудео-Христијанската традиција,
  • 7:06 - 7:09
    и ја откривме буквално истата шема.
  • 7:10 - 7:13
    И повторно, најстарите книги од
    Стариот Завет се малку поврзани,
  • 7:13 - 7:16
    а потоа книгите од Новиот Завет
    се приближуваат брзо
  • 7:16 - 7:18
    и се многу поблиску до интроспекцијата.
  • 7:18 - 7:20
    И тогаш го имаме врвот на интроспекцијата
  • 7:20 - 7:22
    во "Исповедите на Свети Августин,"
  • 7:22 - 7:24
    четири века после Исус Христос.
  • 7:25 - 7:27
    И ова е многу важно,
  • 7:27 - 7:30
    зашто Свети Августин, се смета,
    од страна на научниците,
  • 7:30 - 7:32
    филолозите, историчарите,
  • 7:32 - 7:35
    како еден од основачите
    на интроспекцијата.
  • 7:35 - 7:38
    Всушност, некои сметаат дека тој
    е таткото на модерната психологија.
  • 7:39 - 7:41
    Значи нашиот алгоритам,
  • 7:41 - 7:44
    кој како предност го има тоа
    што е квантитативен,
  • 7:44 - 7:45
    објективен,
  • 7:45 - 7:47
    и се разбира, исклучиво брз --
  • 7:47 - 7:49
    пресметува во дел од секундата --
  • 7:49 - 7:53
    може да ги искристализира најважните
    заклучоци
  • 7:53 - 7:55
    од ова долго истражување.
  • 7:56 - 8:00
    На некој начин ова е убавината
    на науката,
  • 8:00 - 8:03
    сега оваа идеја може да се преведе
  • 8:03 - 8:06
    и да се воопшти во многу
    други подрачја.
  • 8:07 - 8:12
    Исто онака како што прашувавме за
    минатото на човековата свесност,
  • 8:12 - 8:15
    сега можеме да си го поставиме можеби
    најпредизвикувачкото прашање,
  • 8:15 - 8:19
    дали оваа метода може да ни каже
    нешто за иднината на нашата свесност.
  • 8:20 - 8:21
    Да бидам попрецизен,
  • 8:21 - 8:23
    дали зборовите кои денес ги изговараме
  • 8:23 - 8:29
    можат да ни кажат за тоа каде
    ќе бидат нашите умови за неколку дена,
  • 8:29 - 8:30
    за неколку месеци
  • 8:30 - 8:31
    или за неколку години од сега.
  • 8:32 - 8:35
    И исто како што многумина од нас
    сега носат сензори
  • 8:35 - 8:36
    за мерење на пулсот,
  • 8:36 - 8:38
    на дишењето,
  • 8:38 - 8:39
    на гените,
  • 8:39 - 8:43
    во надеж дека ова ќе ни помогне
    да спречиме болести,
  • 8:43 - 8:47
    на истиот овој начин можеби, анализирањето
    на зборовите кои ги изговараме,
  • 8:47 - 8:49
    твитаме, испраќаме, пишуваме,
  • 8:49 - 8:54
    ќе ни каже предвреме, дали нешто
    не е во ред со нашиот ум.
  • 8:55 - 8:57
    И со Џилермо Сечи,
  • 8:57 - 9:00
    мојот сопатник во оваа авантура,
  • 9:00 - 9:01
    се нафативме на задачата.
  • 9:02 - 9:08
    Го анализиравме снимениот
    говор на 34 млади луѓе
  • 9:08 - 9:11
    кои имаа висок ризик да заболат
    од шизофренија.
  • 9:11 - 9:14
    Го меревме говорот во првиот наврат,
  • 9:14 - 9:18
    и потоа се запрашавме дали особините
    на говорот можат да го предвидат,
  • 9:18 - 9:20
    во рамки на три години,
  • 9:20 - 9:22
    јавувањето на психоза.
  • 9:23 - 9:26
    Но, и покрај нашите надежи,
  • 9:26 - 9:29
    доживеавме неколку неуспеси.
  • 9:30 - 9:34
    Едноставно немаше доволно
    информации во семантиката
  • 9:34 - 9:36
    за да може да се предвиди
    иднината на умот.
  • 9:37 - 9:38
    Можно беше да се разликуваат
  • 9:38 - 9:43
    шизофреничарите од нормалните
    субјекти,
  • 9:43 - 9:45
    слично како кај древните текстови,
  • 9:45 - 9:48
    но не можеше да се предвиди
    почетокот на психозата.
  • 9:49 - 9:51
    И тогаш ни текна
  • 9:51 - 9:55
    дека можеби не е толку важно
    што зборуваат
  • 9:55 - 9:57
    туку како зборуваат.
  • 9:58 - 9:59
    Поточно,
  • 9:59 - 10:02
    не беше важно во која семантичка група
    се нивните зборови,
  • 10:02 - 10:04
    туку колку далеку и колку брзо скокаат
  • 10:04 - 10:07
    од една семантичка група во друга.
  • 10:07 - 10:09
    Оттука, смисливме една мерка,
  • 10:09 - 10:11
    која ја нарековме семантичка кохерентност,
  • 10:11 - 10:16
    која во основа мери колку долго говорот се
    задржува во рамки на една семантичка тема,
  • 10:16 - 10:18
    во рамки на една семантичка категорија.
  • 10:19 - 10:23
    И излезе дека за оваа група од 34
    луѓе,
  • 10:23 - 10:27
    алгоритамот водејќи се од семантичката
    кохерентност можеше да предвиди
  • 10:27 - 10:30
    со 100 процентна сигурност
  • 10:30 - 10:32
    кој ќе развие психоза, а кој не.
  • 10:33 - 10:36
    Ова е нешто што не можеше
    да се постигне --
  • 10:36 - 10:37
    ниту одблизу --
  • 10:37 - 10:41
    со другите клинички мерки.
  • 10:43 - 10:46
    И се сеќавам многу јасно,
    додека работев на ова,
  • 10:46 - 10:48
    бев на мојот компјутер
  • 10:48 - 10:51
    кога видов еден куп твитови од Поло --
  • 10:51 - 10:54
    Поло ми беше прв студент
    кога бев во Буенос Аирес,
  • 10:54 - 10:56
    а кога се случи ова тој живееше
    во Њујорк.
  • 10:56 - 10:59
    Имаше нешто во неговите твитови --
  • 10:59 - 11:02
    не можев да кажам што бидејќи
    немаше нешто очигледно --
  • 11:02 - 11:04
    но ми се јави силно претчувство,
  • 11:04 - 11:07
    силна интуиција, дека нешто не е
    во ред.
  • 11:08 - 11:11
    Го кренав телефонот и му се јавив на Поло.
  • 11:11 - 11:13
    Излезе дека не му е добро.
  • 11:13 - 11:15
    Овој едноставен факт,
  • 11:15 - 11:18
    читањето меѓу редови,
  • 11:18 - 11:22
    тоа што преку неговите зборови ги
    насетив неговите чувства,
  • 11:22 - 11:25
    беше едноставен, но многу ефикасен
    начин да помогнам.
  • 11:26 - 11:28
    Она што сакам да ви кажам
  • 11:28 - 11:30
    е дека сме се поблизу до решението
  • 11:30 - 11:34
    на тоа како да ја претвориме оваа
    интуиција што сите ја имаме,
  • 11:34 - 11:36
    што сите ја делиме,
  • 11:36 - 11:37
    во алгоритам.
  • 11:38 - 11:40
    Ако успееме,
  • 11:40 - 11:44
    во иднина можеби ќе имаме многу поразлична
    дијагностика на менталното здравје,
  • 11:44 - 11:50
    која ќе се заснова на објективна,
    квантитативна и автоматизирана анализа
  • 11:50 - 11:52
    на зборовите што ги пишуваме
  • 11:52 - 11:53
    и на зборовите што ги изговараме.
  • 11:53 - 11:54
    Благодарам
  • 11:54 - 12:01
    (Аплауз)
Title:
Вашите зборови можат да го предвидат вашето ментално здравје
Speaker:
Мариано Сигман
Description:

Може ли, начинот на кој зборуваш и пишуваш денес, да го предвиди твоето идно ментално здравје, па дури и настанокот на психоза? Во овој фасцинантен говор, невронаучникот Мариано Сигман се навраќа на древна Грција и потеклото на интроспекцијата за да покаже како зборовите говорат за нашиот внатрешен живот. Воедно, тој зборува за алгоритам кој ги мапира зборовите и кој би можел да ја предвиди појавата на шизофренија. "Во иднина можеби ќе имаме многу поразлична дијагностика на менталното здравје," вели Сигман, "базирана на објективна, квантитативна и автоматизирана анализа на зборовите кои ги пишуваме и на оние кои ги изговараме."

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
12:14

Macedonian subtitles

Revisions