Return to Video

Џон Ронсон: Чудни одговори на тестот за психопати

  • 0:00 - 0:04
    Оваа приказна започнува: Бев во куќата на една пријателка,
  • 0:04 - 0:08
    и на нејзината полица се наоѓаше еден DSM прирачник,
  • 0:08 - 0:11
    којшто е прирачник за менталните растројства.
  • 0:11 - 0:13
    Го наведува секое познато ментално растројство.
  • 0:13 - 0:17
    Порано во 50-тите, беше едно многу тенко книвче.
  • 0:17 - 0:20
    И започна да станува поголем и поголем и поголем,
  • 0:20 - 0:23
    и сега е долг 886 страници.
  • 0:23 - 0:27
    Во моментов во него се наведени 374 ментални растројства.
  • 0:27 - 0:29
    Така прелистував низ него,
  • 0:29 - 0:31
    прашувајќи се дали имам некое ментално растројство,
  • 0:31 - 0:34
    и излезе дека имам 12.
  • 0:34 - 0:35
    (Смеа)
  • 0:35 - 0:37
    Имам генерализирано анксиозно растројство,
  • 0:37 - 0:38
    кое што е дадено.
  • 0:38 - 0:40
    Имам кошмарно растројство,
  • 0:40 - 0:42
    кое што се утврдува
  • 0:42 - 0:46
    доколку имате повторувачки соништа во кои ве бркаат или ве прогласуваат за пропалица --
  • 0:46 - 0:50
    и сите мои соништа вклучуваат луѓе кои ме бркаат по улицата
  • 0:50 - 0:51
    и ми викаат, "Ти си пропалица."
  • 0:51 - 0:53
    (Смеа)
  • 0:53 - 0:56
    Имам родител-дете релациски проблеми,
  • 0:56 - 0:58
    за што ги обвинувам моите родители.
  • 0:58 - 1:00
    (Смеа)
  • 1:00 - 1:03
    Се зезам. Не се зезам.
  • 1:03 - 1:04
    Се зезам.
  • 1:04 - 1:06
    И имам симулирање на симптоми.
  • 1:06 - 1:07
    И мислам дека прилично ретко се
  • 1:07 - 1:11
    јавува истовремено и симулирање на симптоми и анксиозно растројство,
  • 1:11 - 1:13
    бидејќи симулирањето ме прави многу анксиозен.
  • 1:13 - 1:15
    Како и да е гледав низ книгава прашувајќи
  • 1:15 - 1:18
    се дали сум полуд од она што си мислев или пак,
  • 1:18 - 1:21
    можеби не е добро да си дијагностицирате сами ментално растројство
  • 1:21 - 1:23
    доколку не сте обучен професионалец,
  • 1:23 - 1:28
    или можеби психијатриската професија си има една чудна желба
  • 1:28 - 1:33
    да го етикетира како ментално растројство она што во основа е нормално човечко однесување.
  • 1:33 - 1:35
    Не знаев кои од овие нешта е точно но, си
  • 1:35 - 1:37
    мислев дека е некако интересно.
  • 1:37 - 1:40
    И си мислев дека можеби треба да го слушнам ставот на
  • 1:40 - 1:41
    некој критичар на психијатрија.
  • 1:41 - 1:46
    И токму поради тоа имав ручек со Скиентолозите.
  • 1:46 - 1:47
    Тоа беше еден човек по име Брајан
  • 1:47 - 1:50
    кој води еден одличен тим од Скиентолози
  • 1:50 - 1:55
    кои се одлучни да ја уништат психијатријата секаде онаму каде што се наоѓа.
  • 1:55 - 1:56
    Тие се нарекуваат CCHR.
  • 1:56 - 1:59
    И му реков: „Можеш ли да ми докажеш
  • 1:59 - 2:03
    дека психијатријата е псеудо-наука на која не може да ѝ се верува?“
  • 2:03 - 2:05
    И тој рече: „Да, можеме да ти докажеме.“
  • 2:05 - 2:07
    И јас реков: „Како?“
  • 2:07 - 2:10
    Тој рече: „Ќе те запознаеме со Тони.“
  • 2:10 - 2:12
    А јас реков: „Кој е Тони?“
  • 2:12 - 2:16
    И тој рече: „Тони е во Бродмур.“
  • 2:16 - 2:18
    Треба да знаете дека Бродмур е Бродмур Болницата.
  • 2:18 - 2:23
    Беше позната како Бродмур засолниште за лудите криминалци.
  • 2:23 - 2:26
    Таму ги испраќаат сериските убијци
  • 2:26 - 2:28
    и луѓето кои не можат да си помогнат самите на себе.
  • 2:28 - 2:30
    И му реков на Брајан: „Што сторил Тони?“
  • 2:30 - 2:33
    Тој рече: „Речиси ништо.
  • 2:33 - 2:36
    Претепал некого или нешто
  • 2:36 - 2:42
    и одлучи да глуми лудило за да избегне затворска казна.
  • 2:42 - 2:46
    Но, толку добро одглумил што сега е заглавен во Бродмур
  • 2:46 - 2:49
    и никој не сака да поверува дека е нормален.
  • 2:49 - 2:53
    Дали би сакал да влезеш во Бродмур за да се сретнеш со Тони?“
  • 2:53 - 2:54
    Па така реков: „Да, ве молам.“
  • 2:54 - 2:57
    Така се качив на возот до Бродмур.
  • 2:57 - 3:01
    Почнав неконтролирано да се прозевам кај Кемптон Парк,
  • 3:01 - 3:04
    нешто што очигледно и кучињата го прават кога се нервозни -
  • 3:04 - 3:06
    се прозеваат неконтролирано.
  • 3:06 - 3:07
    И стигнавме до Бродмур.
  • 3:07 - 3:12
    И ме носеа низ една порта, па втора, па трета, па четврта,
  • 3:12 - 3:13
    сè до велнес центарот
  • 3:13 - 3:15
    каде што се среќавате со пациентите.
  • 3:15 - 3:19
    Изгледа како џиновски Хамптон Ин.
  • 3:19 - 3:23
    Целиот е со праски, борови и со смирувачки бои.
  • 3:23 - 3:28
    И единствените нападни бои се црвените копчиња за узбуна.
  • 3:28 - 3:31
    И пациентите почнаа да влегуваат.
  • 3:31 - 3:36
    Беа со прилично голема килажа и носеа тренерки
  • 3:36 - 3:38
    и изгледаа прилично доцилно.
  • 3:38 - 3:40
    Брајан Скиентологот ми шепна,
  • 3:40 - 3:42
    „Под лекарства се,“
  • 3:42 - 3:45
    кое што пак за Скиентолозите е како најголемото зло на светот
  • 3:45 - 3:48
    но, јас си мислев дека веројатно е добра идеја.
  • 3:48 - 3:50
    (Смеа)
  • 3:50 - 3:52
    И потоа Брајан рече: „Еве го Тони.“
  • 3:52 - 3:54
    И човекот доаѓа накај нас.
  • 3:54 - 3:58
    Тој не беше со покачена килажа, беше во многу добра физичка форма.
  • 3:58 - 4:00
    И не носеше тренерки,
  • 4:00 - 4:03
    туку носеше деловно одело.
  • 4:03 - 4:05
    Потоа ги крена рацете
  • 4:05 - 4:07
    како да доаѓа од Ученикот (филм).
  • 4:07 - 4:10
    Изгледаше како човек кој сакаше со неговата облека
  • 4:10 - 4:14
    да ме убеди дека всушност тој е многу нормален.
  • 4:14 - 4:16
    Потоа седна.
  • 4:16 - 4:19
    И реков: „И вистина ли е дека овде си завршил глумејќи?“
  • 4:19 - 4:22
    И тој рече: „Да. Да. Апсолутно. Претепав некого кога имав 17.
  • 4:22 - 4:25
    И бев во притвор чекајќи судење
  • 4:25 - 4:26
    и мојот цимер од ќелијата ми рече:
  • 4:26 - 4:28
    ’Знаеш што треба да направиш?
  • 4:28 - 4:29
    Глуми лудило.
  • 4:29 - 4:33
    Кажи им дека си луд. Ќе те испратат во некоја удобна болница.
  • 4:33 - 4:35
    Сестрите ќе ти носат пици.
  • 4:35 - 4:37
    Ќе имаш свој Плејстејшн‘.“
  • 4:37 - 4:39
    И реков: „И како го изведе тоа?“
  • 4:39 - 4:42
    Тој рече: „Побарав да се видам со затворскиот психијатар.
  • 4:42 - 4:44
    Само што изгледав еден филм кој се викаше ’Судар‘
  • 4:44 - 4:48
    во кој луѓето добиваат сексуално задоволство од удирање на колите во ѕидови.
  • 4:48 - 4:49
    И така му реков на психијатарот,
  • 4:49 - 4:53
    ’Сексуално се возбудувам кога удирам со кола во ѕид‘.“
  • 4:53 - 4:55
    И реков: „Што друго?“
  • 4:55 - 4:57
    Тој рече: „А, да. Му кажав на психијатарот
  • 4:57 - 5:01
    дека сакам да гледам како умираат жени
  • 5:01 - 5:03
    бидејќи тоа ќе ме направи да се чувствувам понормален.“
  • 5:03 - 5:05
    И реков: „Од каде ја доби оваа идеја?“
  • 5:05 - 5:08
    Тој рече: „А, од биографијата на Тед Банди
  • 5:08 - 5:09
    која што ја имаше во затворската библиотека.“
  • 5:09 - 5:14
    Како и да е премногу добро го одглумил лудилото, рече тој.
  • 5:14 - 5:16
    И не го испратиле во некоја удобна болница.
  • 5:16 - 5:18
    Го испратиле во Бродмур.
  • 5:18 - 5:20
    И веднаш штом пристигнал овде
  • 5:20 - 5:23
    го разгледал местото и побарал да се види со психијатарот,
  • 5:23 - 5:24
    рекол: „Настана огромно недоразбирање.
  • 5:24 - 5:27
    Јас не сум ментално болен.“
  • 5:27 - 5:29
    Реков: „Колку време си овде?“
  • 5:29 - 5:33
    Тој рече: „Ако едноставно си го одлежев времето во затвор за мојот првичен злочин
  • 5:33 - 5:35
    ќе добиев пет години.
  • 5:35 - 5:41
    Вака во Бродмур сум 12 години.“
  • 5:41 - 5:45
    Тони рече дека е многу потешко да ги убедиш луѓето дека си нормален
  • 5:45 - 5:47
    отколку да ги убедиш дека си луд.
  • 5:47 - 5:49
    Рече: „Мислев дека најдобриот начин за да изгледаш нормално
  • 5:49 - 5:52
    е да зборуваш со луѓето нормално за нормални работи
  • 5:52 - 5:54
    како фудбал или за програмата на ТВ.
  • 5:54 - 5:56
    Се претплатив на списанието Нов Научник
  • 5:56 - 5:58
    и неодамна имаше една статија
  • 5:58 - 6:02
    за тоа како армијата на САД обучувала бумбари кои треба да ги надушкуваат експлозивите.
  • 6:02 - 6:03
    Па така ѝ реков на сестрата:
  • 6:03 - 6:06
    ’Дали знаеш дека армијата на САД обучува бумбари кои ќе
  • 6:06 - 6:08
    треба да надушкуваат експлозиви?‘
  • 6:08 - 6:09
    Кога ги прочитав моите лекарски записи,
  • 6:09 - 6:11
    видов дека напишале:
  • 6:11 - 6:15
    ’Верува дека пчелите можат да надушкаат експлозиви‘.“
  • 6:15 - 6:17
    Тој рече: „Знаеш, тие секогаш бараат
  • 6:17 - 6:20
    невербални знаци кои би им кажале нешто за мојата ментална состојба.
  • 6:20 - 6:23
    Како изгледа тоа да седиш на здрав начин?
  • 6:23 - 6:26
    Како изгледа тоа да ги прекрстиш нозете на здрав начин?
  • 6:26 - 6:28
    Едноставно е невозможно.“
  • 6:28 - 6:29
    И кога Тони ми го кажа тоа,
  • 6:29 - 6:32
    јас си помислив: „Дали јас седам како новинар?
  • 6:32 - 6:36
    Дали ги прекрстувам моите нозе како новинар?“
  • 6:36 - 6:41
    Тој рече: „Знаете, од едната страна го имам Стоквелскиот убиец кој ги дави своите жртви,
  • 6:41 - 6:45
    а од другата страна го имам силувачот познат како ’Со прсти низ лалињата‘.
  • 6:45 - 6:48
    Па затоа често си седам во мојата соба бидејќи ми е прилично страв од нив.
  • 6:48 - 6:51
    А тие ова го земаат како знак за моето лудило.
  • 6:51 - 6:54
    Тие велат дека тоа докажува дека сум повлечен и грандиозен.“
  • 6:54 - 6:58
    Значи само во Бродмур несакањето да се дружите со сериски убијци
  • 6:58 - 7:00
    би било знак на лудило.
  • 7:00 - 7:03
    Како и да е тој ми изгледаше како целосно нормален - но, што знаев јас?
  • 7:03 - 7:07
    И кога стигнав дома му испратив е-маил на неговиот лекар, Ентони Мејден.
  • 7:07 - 7:08
    Реков: „Што е работава?“
  • 7:08 - 7:13
    А тој рече: „Да. Ние се согласивме дека Тони одглумил лудило за да избегне затворска казна
  • 7:13 - 7:18
    бидејќи неговите халуцинации кои уште на почетокот изгледаа како клише
  • 7:18 - 7:20
    едноставно исчезнаа уште во моментот кога тој стапна во Бродмур.
  • 7:20 - 7:22
    Како и да е ние го испитавме.
  • 7:22 - 7:27
    И дојдовме до заклучок дека тој е психопат.“
  • 7:27 - 7:29
    И всушност, глумењето на лудило
  • 7:29 - 7:33
    е токму она подмолно и манипулативно однесување карактеристично за психопатот.
  • 7:33 - 7:36
    Се наоѓа на листата: подмолност и манипулативност.
  • 7:36 - 7:38
    Значи, глумењето дека нешто не е во ред со вашиот мозок
  • 7:38 - 7:41
    е доказ дека нешто не е во ред со вашиот мозок.
  • 7:41 - 7:42
    И зборував со други експерти
  • 7:42 - 7:46
    за деловниот костум тие рекоа -- класичен психопат.
  • 7:46 - 7:48
    Зборува за првата и втората точка од листата --
  • 7:48 - 7:53
    слаткоречивост, површен шарм и грандиозно чувство на себе-вреднување.
  • 7:53 - 7:56
    И јас реков: „Па добро, а тоа што не сака да се дружи со другите пациенти?“
  • 7:56 - 8:00
    Класичен психопат -- зборува за грандиозност и исто така недостаток на емпатија.
  • 8:00 - 8:04
    Значи сите работи кои се чинеа како најнормални кај Тони
  • 8:04 - 8:07
    беа докази, според неговите лекари,
  • 8:07 - 8:09
    дека тој е луд на овој нов и поинаков начин.
  • 8:09 - 8:11
    Тој беше психопат.
  • 8:11 - 8:12
    И неговиот лекар ми рече:
  • 8:12 - 8:14
    „Ако сакаш да знаеш повеќе за психопатите,
  • 8:14 - 8:17
    можеш да одиш на курс за препознавање на психопати
  • 8:17 - 8:21
    воден од страна на Роберт Харе којшто ја создаде психопатската листа.“
  • 8:21 - 8:22
    И така отидов.
  • 8:22 - 8:24
    Отидов на курс за препознавање на психопати
  • 8:24 - 8:28
    и сега сум сертифициран --
  • 8:28 - 8:31
    и морам да кажам, екстремно вешт --
  • 8:31 - 8:33
    препознавач на психопати.
  • 8:33 - 8:35
    Еве ви ја статистиката:
  • 8:35 - 8:40
    Еден во сто обични луѓе е психопат.
  • 8:40 - 8:44
    Во оваа просторија има 1,500 луѓе.
  • 8:44 - 8:50
    Петнаесетмина од вас се психопати.
  • 8:50 - 8:52
    Иако таа бројка се зголемува до четири проценти
  • 8:52 - 8:55
    кај менаџерите и бизнис лидерите.
  • 8:55 - 8:58
    Па така, мислам дека има многу добра шанса
  • 8:58 - 9:03
    дека во оваа просторија има околу 30 или 40 психопати.
  • 9:03 - 9:05
    До крајот на вечерта би можело да биде масакр.
  • 9:05 - 9:09
    (Смеа) (Се смее)
  • 9:09 - 9:14
    Харе рече дека тоа е така бидејќи капитализмот во својата најбезобзирна форма
  • 9:14 - 9:17
    го наградува психопатското однесување --
  • 9:17 - 9:22
    недостатокот на емпатија, слаткоречивоста,
  • 9:22 - 9:24
    подмолноста, манипулативноста.
  • 9:24 - 9:27
    Всушност, капитализмот можеби во својата најмалигна форма
  • 9:27 - 9:32
    е физичка манифестација на психопатијата.
  • 9:32 - 9:33
    Како еден вид на психопатија
  • 9:33 - 9:38
    која што влијае врз сите нас.
  • 9:38 - 9:40
    И Харе ми рече: „Знаеш што? Заборави за тој ’некојси‘ дечко во Бродмур
  • 9:40 - 9:42
    кој можеби глумел или можеби не глумел лудило.
  • 9:42 - 9:44
    На кого му е гајле? Тоа не е вистинската приказна.
  • 9:44 - 9:46
    Вистинската приказна, рече тој, е корпоративната психопатија.
  • 9:46 - 9:51
    Подобро да отидеш да интервјуираш некои од корпоративните психопати.“
  • 9:51 - 9:54
    И така се обидов. Им пишав на луѓето од Енрон.
  • 9:54 - 9:56
    Им реков: „Може ли да дојдам да ве интервјуирам во затвор
  • 9:56 - 9:58
    за да откријам дали сте психопати?“
  • 9:58 - 10:02
    Тие не ми одговорија.
  • 10:02 - 10:04
    Потоа го променив курсот.
  • 10:04 - 10:08
    Му пишав на „Моторната пила Ал“ Дунлап,
  • 10:08 - 10:11
    стечајниот управник од 1990-тите.
  • 10:11 - 10:16
    Тој доаѓаше во компаниите кои пропаѓаа и отпушташе 30 проценти од работната сила,
  • 10:16 - 10:19
    едноставно ги опустосуваше Американските гратчиња.
  • 10:19 - 10:20
    Така му пишав и му реков:
  • 10:20 - 10:22
    „Верувам дека можеби имате многу специјална мозочна аномалија
  • 10:22 - 10:25
    која што ве прави специјален
  • 10:25 - 10:29
    и наклонет кон предаторство и бестрашност.
  • 10:29 - 10:31
    Може ли да дојдам и да ве интервјуирам
  • 10:31 - 10:33
    за вашата специјална мозочна аномалија?"
  • 10:33 - 10:36
    И тој рече: „Слободно дојди.“
  • 10:36 - 10:39
    Така отидов во грандиозната палата на Ал Дунлап во Флорида
  • 10:39 - 10:44
    која беше полна со скулптури од предаторски животни.
  • 10:44 - 10:47
    Имаше лавови и тигри.
  • 10:47 - 10:48
    Ме прошета низ градината.
  • 10:48 - 10:51
    Таму имаше соколи и орли.
  • 10:51 - 10:52
    Ми велеше: „Онаму се наоѓаат ајкулите.“
  • 10:52 - 10:55
    Ова го кажуваше на помалку женствен начин.
  • 10:55 - 11:01
    „Имаш уште ајкули и имаш тигри.“
  • 11:01 - 11:03
    Беше како во Нарнија.
  • 11:03 - 11:06
    (Смеа)
  • 11:06 - 11:09
    И потоа отидовме во неговата кујна.
  • 11:09 - 11:13
    Значи, Ал Дунлап доаѓал кога требало да се спасат компании кои веќе пропаѓале.
  • 11:13 - 11:15
    Вообичаено отпуштал 30 проценти од работната сила.
  • 11:15 - 11:18
    И прилично често ги отпуштал луѓето со шега.
  • 11:18 - 11:21
    На пример, една позната приказна за него,
  • 11:21 - 11:24
    некој дошол кај него и му рекол: „Само што си купив нова кола.“
  • 11:24 - 11:26
    А тој рекол: „Можеби имаш нова кола
  • 11:26 - 11:32
    но, јас ќе ти кажам што немаш, немаш работа.“
  • 11:32 - 11:35
    Така во неговата кујна -- тој стоеше таму со неговата жена, Џуди
  • 11:35 - 11:38
    и неговиот телохранител Шон -- и јас реков: „Знаете дека ви пишав во мојот е-маил
  • 11:38 - 11:41
    дека можеби имате специјална мозочна аномалија која што ве прави специјален?“
  • 11:41 - 11:43
    Тој рече: „Да, тоа е неверојатна теорија.
  • 11:43 - 11:46
    Како во Ѕвездени Патеки. Одиш онаму каде што друг човек не стапнал претходно.“
  • 11:46 - 11:54
    И јас реков: „Па, некои психолози ќе речат дека
  • 11:54 - 11:57
    ова ве прави ...“ (Мрмори)
  • 11:57 - 11:59
    (Смеа)
  • 11:59 - 12:00
    И тој рече: „Што?“
  • 12:00 - 12:02
    И реков: „Психопат.“
  • 12:02 - 12:07
    И реков: „Имам листа на психопатски особини во мојот џеб.
  • 12:07 - 12:09
    Може да ги поминеме заедно?“
  • 12:09 - 12:12
    Изгледаше заинтересирано иако не беше баш задоволен
  • 12:12 - 12:13
    и рече: „Добро, ајде.“
  • 12:13 - 12:16
    И реков: „Добро. Грандиозно чувство на себе-вреднување.“
  • 12:16 - 12:19
    Кое што, морам да кажам, тешко ќе беше за него да го негира тој факт
  • 12:19 - 12:22
    бидејќи стоеше под една џиновска маслена слика на која се наоѓаше токму тој.
  • 12:22 - 12:27
    (Смеа)
  • 12:27 - 12:30
    Тој рече: „Па добро, мораш да веруваш во себе!“
  • 12:30 - 12:33
    И јас реков: „Манипулатор.“
  • 12:33 - 12:36
    Тој рече: „Тоа е лидерство.“
  • 12:36 - 12:38
    И јас реков: „Плиток афект:
  • 12:38 - 12:40
    неспособност за доживување на повеќе емоции.“
  • 12:40 - 12:43
    Тој рече: „Па кој сака да му сметаат некакви си безсмислени емоции?“
  • 12:43 - 12:46
    Така тој ја разгледуваше психопатската листа
  • 12:46 - 12:49
    во основа претворајќи ја во „Кој ми го помести сирењето?“
  • 12:49 - 12:53
    (Смеа)
  • 12:53 - 12:56
    Но, приметив дека нешто ми се случува тој ден додека бев со Ал Дунлап.
  • 12:56 - 12:58
    Секој пат кога ќе ми кажеше нешто што беше некако нормално --
  • 12:58 - 13:02
    како кога рече не за деликвенција во детство.
  • 13:02 - 13:03
    Рече дека го примиле во Вест Поинт,
  • 13:03 - 13:06
    а тие пак не примаат деликвенти во Вест Поинт.
  • 13:06 - 13:09
    Тој кажа не за многу краткорочни брачни врски.
  • 13:09 - 13:11
    Тој досега се женел само двапати.
  • 13:11 - 13:14
    До душа, неговата прва жена во нејзините документи за развод
  • 13:14 - 13:16
    напишала дека еднаш тој и се заканувал со нож
  • 13:16 - 13:19
    и напишала дека отсекогаш го интересирало каков вкус имало човечкото месо
  • 13:19 - 13:23
    но, во лошите бракови за време на жестока расправија луѓето си кажуваат секакви глупости едни на други
  • 13:23 - 13:26
    и неговиот втор брак траел 41 година.
  • 13:26 - 13:29
    И така секогаш кога ќе ми кажеше нешто кое што не звучи на психопат
  • 13:29 - 13:33
    си мислев во себе, па добро тоа нема да го ставам во книгата.
  • 13:33 - 13:37
    И така сфатив дека тоа што станав препознавач на психопати
  • 13:37 - 13:40
    ме направи да бидам малку психопат.
  • 13:40 - 13:45
    Тоа е така бидејќи очајно сакав да го турнам во кутијата означена со налепницата психопат.
  • 13:45 - 13:50
    Очајно сакав да го дефинирам според неговите најлуди рабови.
  • 13:50 - 13:53
    И сфатив, оф Боже мој. Ова го правам веќе 20 години.
  • 13:53 - 13:55
    Тоа го прават сите новинари.
  • 13:55 - 13:59
    Патуваме околу светот со нашите бележници во раце,
  • 13:59 - 14:00
    и ги чекаме бисерите.
  • 14:00 - 14:05
    А бисерите се секогаш најдалечните аспекти од
  • 14:05 - 14:07
    личноста на нашиот испитаник.
  • 14:07 - 14:10
    А ние ги сошиваме едни со други како средновековни монаси.
  • 14:10 - 14:14
    А она што е нормално не го ни забележуваме.
  • 14:14 - 14:21
    Ова е земја која што одредени растројства неоправдано премногу ги дијагностицира.
  • 14:21 - 14:24
    Биполарно детство -- деца кои имаат четири години
  • 14:24 - 14:26
    се етикетираат како биполарни
  • 14:26 - 14:29
    поради тоа што имаат напади на бес,
  • 14:29 - 14:33
    а кое им дава висок резултат на биполарната листа.
  • 14:33 - 14:37
    Кога се вратив во Лондон, ми се јави Тони.
  • 14:37 - 14:40
    Рече, "Зошто не ми одговараше кога ти вртев?"
  • 14:40 - 14:44
    Реков: „Па овие велат дека си психопат.“
  • 14:44 - 14:46
    И тој рече: „Не сум психопат.“
  • 14:46 - 14:49
    Тој рече: „Знаеш што, еден предмет од листата е недостаток на каење
  • 14:49 - 14:52
    но, друг предмет од листата наведен е подмолност, манипулативност.
  • 14:52 - 14:55
    И кога ќе им кажеш дека се каеш поради злосторството,
  • 14:55 - 14:57
    тие велат: ’За психопатот е типично
  • 14:57 - 15:00
    подмолно да каже дека се кае тогаш кога не се кае.‘
  • 15:00 - 15:03
    Исто како гатање. Знаат се да испревртат наопаку.“
  • 15:03 - 15:06
    Тој рече: „Наскоро ќе треба да одам на суд.
  • 15:06 - 15:08
    Би сакал ли да дојдеш?“
  • 15:08 - 15:10
    Реков дека ќе дојдам.
  • 15:10 - 15:13
    Така отидов на неговото судење.
  • 15:13 - 15:18
    И после 14 години во Бродмур, тие го ослободија.
  • 15:18 - 15:21
    Тие одлучија дека не треба да биде затворен бесконечно
  • 15:21 - 15:24
    само поради тоа што има висок резултат на листа
  • 15:24 - 15:29
    која што може да значи дека ќе има поголема шанса од просекот за рецидив.
  • 15:29 - 15:31
    И така го ослободија.
  • 15:31 - 15:33
    И надвор во ходникот тој ми рече:
  • 15:33 - 15:34
    „Знаеш што, Џон?
  • 15:34 - 15:37
    Секој е по малку психопат.“
  • 15:37 - 15:41
    Тој рече: „Ти си. Јас сум. Добро очигледно е дека јас сум.“
  • 15:41 - 15:43
    Јас реков: „Што ќе правиш сега?“
  • 15:43 - 15:46
    Тој рече: „Ќе одам во Белгија
  • 15:46 - 15:48
    бидејќи таму има една жена која ми се допаѓа.
  • 15:48 - 15:51
    Но, таа е мажена, па затоа ќе морам да ја раздвојам од нејзиниот сопруг.“
  • 15:51 - 15:56
    (Смеа)
  • 15:56 - 15:59
    Како и да е тоа беше пред две години
  • 15:59 - 16:01
    и токму таму заврши мојата книга.
  • 16:01 - 16:05
    И во последните 20 месеци сè беше добро.
  • 16:05 - 16:07
    Ништо лошо не се случи.
  • 16:07 - 16:09
    Тој живееше со девојка надвор од Лондон.
  • 16:09 - 16:11
    Според Брајан Скиентологот, тој
  • 16:11 - 16:15
    надоместуваше за изгубеното време -- кое што знам дека звучи безнадежно
  • 16:15 - 16:16
    но, не мора да значи дека е безнадежно.
  • 16:16 - 16:19
    За жал, после 20 месеци,
  • 16:19 - 16:21
    тој се врати во затвор на еден месец.
  • 16:21 - 16:26
    Учествуваше во тепачка во еден бар --
  • 16:26 - 16:28
    и заврши во затвор на еден месец
  • 16:28 - 16:29
    кое што знам дека е лошо
  • 16:29 - 16:32
    но, барем едниот месец значи дека без оглед на причината за тепачката
  • 16:32 - 16:35
    сепак не било нешто сериозно.
  • 16:35 - 16:38
    И тогаш тој ми се јави.
  • 16:38 - 16:42
    И знаете што, мислам дека е исправно тоа што Тони е на слобода.
  • 16:42 - 16:46
    Бидејќи не треба да ги дефинирате луѓето според нивните најлуди аспекти.
  • 16:46 - 16:50
    А Тони е всушност полу-психопат.
  • 16:50 - 16:55
    Тој е сивата област во свет кој што не ги сака сивите области.
  • 16:55 - 17:00
    Но, во сивите области ќе ја најдете комплексноста,
  • 17:00 - 17:03
    тоа е место каде ќе го најдете човечкото
  • 17:03 - 17:06
    и тоа е место каде ќе ја најдете вистината.
  • 17:06 - 17:08
    И Тони ми рече:
  • 17:08 - 17:12
    „Џон, може ли да те честам пијачка во некој бар?
  • 17:12 - 17:15
    Сакам само да ти заблагодарам за сè што стори за мене.“
  • 17:15 - 17:21
    И јас не отидов. Што ќе направевте вие?
  • 17:21 - 17:22
    Ви благодарам.
  • 17:22 - 17:39
    (Аплауз)
Title:
Џон Ронсон: Чудни одговори на тестот за психопати
Speaker:
Jon Ronson
Description:

Има ли апсолутна линија која што ги дели лудите од нормалните? Раскажувајќи на начин од кој ќе се наежите, Џон Ронсон, автор на Тестот за Психопати, ни ги осветлува сивите области помеѓу овие две состојби. (Со звук миксан во живо од страна на Џулиан Трежр и анимација од Еван Грант.)

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
18:01

Macedonian subtitles

Revisions