Return to Video

Мистериозниот свет на подводните пештери

  • 0:01 - 0:04
    Јас сум подводен истражувач,
  • 0:05 - 0:08
    поточно пештерски нуркач.
  • 0:09 - 0:12
    Сакав да бидам астронаут кога бев мала, но
  • 0:12 - 0:16
    немав можност да се посветам на
    тоа во Канада.
  • 0:18 - 0:21
    Знаеме многу повеќе за вселената
  • 0:21 - 0:26
    отколку за подводните патиштa на
    нашата планета,
  • 0:26 - 0:29
    изворот на животот на Земјата.
  • 0:30 - 0:33
    Решив да направам нешто извонредно.
  • 0:33 - 0:36
    Наместо да ја истражувам вселената, сакав
  • 0:36 - 0:39
    да ги истражувам чудата на внатрешната
    вселена.
  • 0:40 - 0:42
    Многумина мислат
  • 0:42 - 0:46
    пештерското нуркање е едно од најопасните
    потфати.
  • 0:47 - 0:49
    Замислете се себеси во оваа просторија,
  • 0:49 - 0:52
    ако одеднаш нурнете во темнина со
  • 0:52 - 0:55
    единствена задача да го најдете излезот,
  • 0:55 - 0:57
    некогаш пливате низ овие големи простори,
  • 0:57 - 1:01
    а некогаш лазите под седиштата,
  • 1:01 - 1:03
    со минимални упатства,
  • 1:03 - 1:08
    чекате животната поддршка да ви
    го даде следниот здив.
  • 1:08 - 1:10
    Тоа е моето работно место.
  • 1:11 - 1:13
    Но денес сакам да ви кажам дека
  • 1:13 - 1:17
    нашиот свет не е еден голем цврст камен,
  • 1:17 - 1:19
    повеќе е како сунѓер.
  • 1:19 - 1:23
    Можам да пливам низ порите на
    земјиниот сунѓер,
  • 1:23 - 1:25
    но каде што јас не можам, можат другите
  • 1:25 - 1:30
    животни форми и материјали продолжуваат
    без мене.
  • 1:30 - 1:33
    Мојот глас е тој што ќе ве научи за
  • 1:33 - 1:36
    внатрешноста на Мајката Земјата.
  • 1:39 - 1:42
    Немаше упатство за мене
  • 1:42 - 1:48
    кога решив да бидам прва што ќе нурне во
    пештерите на Антарктичките блокови мраз.
  • 1:48 - 1:52
    Во 2000, ова беше најголемиот подвижен
    објект на планетата.
  • 1:52 - 1:54
    Се отцепи од Ross Ice Shelf,
  • 1:54 - 1:57
    и ние отидовме да ја истражиме
    екологијата на мразот
  • 1:57 - 2:00
    и да бараме животни форми под него.
  • 2:00 - 2:04
    За дишење користиме апарат
    кој го преработува јаглеродниот диоксид.
  • 2:04 - 2:08
    Тоа е слично на технологијата која се
    користи за вселенски прошетки.
  • 2:08 - 2:10
    Оваа технологија ни овозможува да
    нуркаме подлабоко
  • 2:10 - 2:13
    отколку што претпоставувавме
    пред 10 години.
  • 2:13 - 2:15
    Користиме егзотични гасови и можеме да
  • 2:15 - 2:20
    да останеме дури и до 20 часа
    под вода.
  • 2:21 - 2:23
    Работам со биолози.
  • 2:23 - 2:28
    Излегува дека пештерите се складишта на
    неверојатни животни форми,
  • 2:28 - 2:31
    видови кои не сме знаеле дека постојат.
  • 2:32 - 2:35
    Многу од нив живеат на необични начини.
  • 2:35 - 2:39
    Во многу случаи немаат очи ни пигменти,
  • 2:39 - 2:44
    и овие животни имаат екстремно долг
    животен век.
  • 2:44 - 2:47
    Всушност, животните кои пливаат во
    овие пештери денес
  • 2:47 - 2:50
    се идентични на оние
  • 2:50 - 2:53
    кои постоеле пред изумирањето
    на диносаурусите.
  • 2:53 - 2:57
    Замислете дека: овие се како мали
    пливачки диносауруси.
  • 2:57 - 3:00
    Што може тие да не научат за еволуцијата и
    опстанокот?
  • 3:01 - 3:05
    Кога набљудуваме животно како ова додека
    плива во теглата,
  • 3:05 - 3:08
    свативме дека има огромни песјаци со
    отров.
  • 3:08 - 3:12
    Всушност, може да нападне нешто 40 пати
    поголемо од него и да го убие.
  • 3:12 - 3:14
    Да би бил колку мачка,
  • 3:14 - 3:17
    би бил едно од најопасните нешта
    на нашата планета.
  • 3:18 - 3:21
    Овие животни живеат во неверојатно
    прекрасни места,
  • 3:21 - 3:26
    понекогаш во вакви пештери
    што се многу млади,
  • 3:26 - 3:28
    а животните древни.
  • 3:28 - 3:29
    Како дошле тие тука?
  • 3:30 - 3:32
    Работам и со физичари,
  • 3:32 - 3:36
    тие се често заинтересирани за глобалните
    климатски промени.
  • 3:36 - 3:38
    Тие земат камења од пештерите,
  • 3:38 - 3:41
    ги сечат и ги гледаат слоевите,
  • 3:41 - 3:43
    слично како прстените од дрво,
  • 3:43 - 3:45
    можат да не вратат во историјата
  • 3:45 - 3:49
    и да научиме за климата на нашата
    планета низ различни времиња.
  • 3:49 - 3:51
    Црвеното што го гледате на оваа
    фотографија
  • 3:51 - 3:55
    е всушност прашина од пустината Сахара.
  • 3:55 - 3:59
    Таа била завеана од ветрот однесена преку
    Атлантикот.
  • 3:59 - 4:03
    И спуштена, во овој случај, на
    островот Абако на Бахамите.
  • 4:03 - 4:05
    Се потопува низ земјата
  • 4:05 - 4:09
    и се депонира во карпите на овие пештери.
  • 4:09 - 4:13
    Кога гледаме низ слоевите на овие карпи
    можеме да најдеме времиња
  • 4:13 - 4:15
    кога климата била, многу, многу сува
  • 4:16 - 4:19
    и можеме да одиме назад многу стотици
    илјади години.
  • 4:21 - 4:23
    Палеоклиматолозите се заинтересирани
  • 4:23 - 4:26
    за тоа каде било морското ниво
    во претходните периоди.
  • 4:26 - 4:28
    Овде на Бермуда, мојот тим и јас тргнавме
  • 4:28 - 4:31
    на најдлабоките нуркања некогаш направени
    во овој регион,
  • 4:31 - 4:33
    баравме места
  • 4:33 - 4:37
    каде морското ниво било во линија со
    брегот,
  • 4:37 - 4:40
    стотици метри подлабоко од сегашните
    нивоа.
  • 4:41 - 4:44
    Исто така работам со палеонтолози и
    археолози.
  • 4:44 - 4:49
    На места како Мексико, на Бахамите, па
    дури и во Куба,
  • 4:49 - 4:53
    баравме културни но и човечки останки во
    пештерите.
  • 4:54 - 4:55
    и тие ни кажуваат многу
  • 4:55 - 4:58
    за најраните населеници на овие региони.
  • 4:59 - 5:02
    Но мојот најомилен проект од сите беше
    пред 15 години,
  • 5:02 - 5:05
    кога бев дел од тимот што ја направи
    првата
  • 5:05 - 5:08
    прецизна,тридимензионална мапа на
    подземната површина.
  • 5:08 - 5:11
    Оваа направа што ја возам низ пештерата
  • 5:11 - 5:15
    всушност креираше тридимензионален модел
    додека возевме.
  • 5:15 - 5:17
    Користевме ултра ниска радио
    фреквенција
  • 5:17 - 5:22
    за да ја емитуваме нашата точна позиција
    на површината.
  • 5:22 - 5:27
    Пливав под куќи, куглани, терени за голф
  • 5:27 - 5:30
    дури и под еден ресторант.
  • 5:31 - 5:33
    Прилично извонредно, тоа ме научи
  • 5:33 - 5:36
    дека се што правиме на површината на
    нашата планета
  • 5:36 - 5:39
    на крај ќе го испиеме.
  • 5:39 - 5:43
    Водата не е само реките,
    езерата и океаните,
  • 5:43 - 5:48
    туку и огромната мрежа на подземни
    води што не врзува сите заедно.
  • 5:48 - 5:52
    Тоа се заеднички ресурси
    од кои сите пиеме.
  • 5:52 - 5:56
    Кога ќе можеме да ја разбереме човечката
    поврзаност со подземната вода
  • 5:56 - 5:59
    и со сите наши ресурси на оваа планета,
  • 5:59 - 6:01
    тогаш ќе работиме на проблемот.
  • 6:01 - 6:04
    кој е веројатно најважниот проблем
    на овој век.
  • 6:04 - 6:08
    Никогаш не станав астронаут како што
    секогаш сакав да бидам,
  • 6:08 - 6:12
    но оваа направа дизајнирана од др.Бил
    Стоун, ќе биде употребена во вселената.
  • 6:12 - 6:14
    Адаптирана е.
  • 6:14 - 6:17
    Сега е автономен робот кој може да плива,
  • 6:17 - 6:19
    вештачки интелигентен,
  • 6:19 - 6:22
    со крајна дестинација: месечината на
    Јупитер, Европа,
  • 6:22 - 6:27
    да ги истражува океаните под смрзнатата
    површина на тоа тело.
  • 6:27 - 6:29
    И тоа е неверојатно.
  • 6:30 - 6:36
    (Аплауз)
Title:
Мистериозниот свет на подводните пештери
Speaker:
Џил Хејнерт
Description:

Пештерискиот нуркач Џил Хејнерт ги истражува скриените подводни патишта кои минуваат низ нашата планета.Работејќи со биолози, климатолози и археолози Хејнерт ги разоткрива мистериите на животните форми кои ги населуваан најзапуштените места на земјата и им помага на истражувачите да ја дознаат историјата на климатските промени. Во овој краток говор, нурнете под брановите и истражете ги чудата на внатрешната вселена.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
06:49

Macedonian subtitles

Revisions