Return to Video

Викрам Пател: Ментално здравје за сите преку вклучување на сите

  • 0:00 - 0:03
    Сакам да го замислите ова само за момент.
  • 0:03 - 0:06
    Двајца мажи, Рахул и Раџив,
  • 0:06 - 0:08
    живеат во истото маало,
  • 0:08 - 0:11
    имаат исто образовно ниво, слично занимање,
  • 0:11 - 0:14
    и двајцата доаѓаат во локалната болница за итни случаи
  • 0:14 - 0:17
    жалејќи се на акутна болка во градите.
  • 0:17 - 0:20
    Рахул го подложуваат на кардиолошки третман,
  • 0:20 - 0:23
    а Раџив го испраќаат дома.
  • 0:23 - 0:25
    Што може да ги објасни различните искуства кои
  • 0:25 - 0:29
    ги имале овие двајца речиси идентични мажи?
  • 0:29 - 0:32
    Раџив страда од ментална болест.
  • 0:32 - 0:35
    Нееднаквиот квалитет на медицинската нега
  • 0:35 - 0:38
    којашто ја добиваат луѓето со ментални болести е една од причините
  • 0:38 - 0:40
    поради која тие имаат пократок живот
  • 0:40 - 0:41
    во споредба со луѓето без ментални болести.
  • 0:41 - 0:44
    Дури и во најбогатите земји во светот, разликата во
  • 0:44 - 0:49
    однос на животниот век достигнува до 20 години.
  • 0:49 - 0:51
    Кај земјите во развој, оваа разлика е
  • 0:51 - 0:53
    дури и поголема.
  • 0:53 - 0:56
    Но се разбира, менталните болести убиваат и на подиректни начини
  • 0:56 - 1:00
    исто така. Најочигледниот пример е самоубиството.
  • 1:00 - 1:02
    Можеби некои од вас ќе се изненадат, како што се изненадив и јас,
  • 1:02 - 1:05
    кога дознав дека самоубиството се наоѓа на врвот од листата
  • 1:05 - 1:08
    на водечките причини за смрт кај младите луѓе
  • 1:08 - 1:09
    во сите земји во светот,
  • 1:09 - 1:13
    вклучувајќи ги и најсиромашните земји во светот.
  • 1:13 - 1:16
    Но покрај влијанието на здравствената состојба
  • 1:16 - 1:18
    врз животниот век, нас исто така нè интересира
  • 1:18 - 1:21
    и квалитетот на животот.
  • 1:21 - 1:23
    Е сега, за да го испитаме вкупното влијание на
  • 1:23 - 1:25
    здравствената состојба како врз животниот век
  • 1:25 - 1:29
    така и врз квалитетот на живеење, треба да користиме
  • 1:29 - 1:30
    една мерка наречена DALY,
  • 1:30 - 1:34
    која означува Попреченост-Прилагодена Година Живот.
  • 1:34 - 1:37
    Кога го направивме тоа, откривме неколку запрепастувачки нешта
  • 1:37 - 1:40
    за менталната болест од глобална перспектива.
  • 1:40 - 1:43
    Откривме дека, на пример, менталните болести се
  • 1:43 - 1:47
    меѓу водечките причини за попреченост низ целиот свет.
  • 1:47 - 1:50
    Депресијата, на пример, е третиот водечки причинител
  • 1:50 - 1:53
    на попреченост, заедно со заболувањата како
  • 1:53 - 1:56
    дијареја и пневмонија кај децата.
  • 1:56 - 1:59
    Кога ќе се земат предвид сите ментални болести заедно,
  • 1:59 - 2:01
    тие придонесуваат за отприлика 15 проценти
  • 2:01 - 2:04
    од вкупната глобална штета предизвикана од болестите.
  • 2:04 - 2:09
    Всушност, менталните болести нанесуваат голема штета
  • 2:09 - 2:14
    врз животот на луѓето, но настрана од штетата што ја нанесуваат болестите,
  • 2:14 - 2:17
    ајде да ги разгледаме апсолутните броеви.
  • 2:17 - 2:19
    Светската здравствена организација проценува
  • 2:19 - 2:22
    дека денес има близу четири до петстотини милиони луѓе
  • 2:22 - 2:24
    кои живеат на нашата мала планета
  • 2:24 - 2:26
    и кои страдаат од ментална болест.
  • 2:26 - 2:27
    Некои од вас овде
  • 2:27 - 2:30
    изгледаат малку зачудено од тој број,
  • 2:30 - 2:33
    но за момент земете ја во предвид неверојатната разновидност
  • 2:33 - 2:36
    на ментални болести, од аутизам и интелектуална попреченост
  • 2:36 - 2:38
    во детството, па сè до депресија и анксиозност,
  • 2:38 - 2:41
    злоупотреба на супстанции и психоза кај возрасните,
  • 2:41 - 2:42
    сè до деменцијата која се јавува во доцната возраст
  • 2:42 - 2:45
    и прилично сум сигурен дека секој од нас кој е
  • 2:45 - 2:49
    присутен денес овде, може да се сети барем на една личност,
  • 2:49 - 2:52
    барем на една личност која страда од ментална болест
  • 2:52 - 2:56
    во нашето најинтимно социјално опкружување.
  • 2:56 - 3:00
    Гледам некој од вас климаат со глава.
  • 3:00 - 3:03
    Но покрај запрепастувачките броеви,
  • 3:03 - 3:06
    она што е навистина важно од гледна точка на глобалното здравје,
  • 3:06 - 3:08
    она што навистина загрижува од гледна точка на глобалното здравје,
  • 3:08 - 3:11
    е тоа што поголемиот дел од овие засегнати индивидуи
  • 3:11 - 3:13
    не ја добиваат негата
  • 3:13 - 3:16
    за која знаеме дека може да ги промени нивните животи и запамтете
  • 3:16 - 3:19
    деке имаме силни докази дека низа од интервенции,
  • 3:19 - 3:21
    лекарства, психолошки интервенции,
  • 3:21 - 3:25
    и социјални интервенции, може да доведат до голема промена.
  • 3:25 - 3:27
    И покрај тоа, дури и во најбогатите земји,
  • 3:27 - 3:30
    на пример, овде во Европа, отприлика 50 проценти
  • 3:30 - 3:33
    од засегнатите луѓе не ги добиваат овие интервенции.
  • 3:33 - 3:35
    Во земјите во кои јас работам,
  • 3:35 - 3:38
    таканаречениот третмански јаз
  • 3:38 - 3:42
    достигнува неверојатни 90 проценти.
  • 3:42 - 3:46
    Не е изненадувачки тогаш, дека ако зборувате
  • 3:46 - 3:48
    со некого кој страда од ментална болест,
  • 3:48 - 3:51
    веројатно е дека ќе слушнете приказни
  • 3:51 - 3:55
    за скриено страдање, срам и дискриминација
  • 3:55 - 3:58
    во речиси секој дел од нивните животи.
  • 3:58 - 4:01
    Но, можеби најболни од сите
  • 4:01 - 4:03
    се приказните за злоупотреба
  • 4:03 - 4:06
    на дури и најосновните човекови права,
  • 4:06 - 4:09
    како младава жена прикажана на оваа фотографија,
  • 4:09 - 4:11
    коишто за жал се случуваат секој ден,
  • 4:11 - 4:15
    дури и во самите институции кои биле изградени да се грижат
  • 4:15 - 4:18
    за луѓето со ментални болести, душевните болници.
  • 4:18 - 4:22
    Токму оваа неправда беше поттик за мојата мисија
  • 4:22 - 4:24
    да се обидам барем малку да ги променам животите
  • 4:24 - 4:27
    на луѓето кои страдаат од ментални болести, а особено
  • 4:27 - 4:30
    сум насочен кон спојување на две далечни области т.е.
  • 4:30 - 4:33
    помеѓу знаењето кое го имаме и коешто може да промени животи,
  • 4:33 - 4:36
    знаењето на ефективни третмани и како всушност
  • 4:36 - 4:39
    го користиме тоа знаење во секојдневниот живот.
  • 4:39 - 4:42
    И морав да се соочам со еден особено важен предизвик, а тоа е
  • 4:42 - 4:45
    големиот недостаток на стручњаци за ментално здравје,
  • 4:45 - 4:47
    како што се психијатри и психолози,
  • 4:47 - 4:50
    особено кај земјите во развој.
  • 4:50 - 4:52
    Јас учев медицина во Индија, а после тоа
  • 4:52 - 4:56
    ја избрав психијатријата како моја специјалност, на големо разочарување
  • 4:56 - 4:58
    на мајка ми и сите членови од моето семејство кои
  • 4:58 - 5:00
    некако веруваа дека неврохирургијата би била
  • 5:00 - 5:03
    попрестижна опција за нивниот брилијантен син.
  • 5:03 - 5:06
    Како и да е, останав лојален на психијатријата,
  • 5:06 - 5:08
    и дојдов во Британија каде учев во една од
  • 5:08 - 5:10
    најдобрите болници во оваа земја. Бев многу привилегиран.
  • 5:10 - 5:14
    Работев во еден тим на неверојатно талентирани, сочувствителни
  • 5:14 - 5:17
    но најважно, високо обучени, специјализирани
  • 5:17 - 5:19
    стручњаци за ментално здравје.
  • 5:19 - 5:21
    После мојата специјализација, работев најпрвин во
  • 5:21 - 5:24
    Зимбабве, а потоа во Индија, и притоа се соочив со
  • 5:24 - 5:27
    целосно поинаква реалност.
  • 5:27 - 5:30
    Оваа реалност беше свет во кој речиси и не постоеја
  • 5:30 - 5:32
    стручњаци за ментално здравје.
  • 5:32 - 5:34
    Во Зимбабве, на пример, имаше само околу
  • 5:34 - 5:37
    дузина психијатри, повеќето од кои живееја и работеа
  • 5:37 - 5:39
    во градот Хараре, оставајќи само неколку
  • 5:39 - 5:42
    кои требаше да ги задоволат потребите за ментална
  • 5:42 - 5:46
    грижа на девет милиони луѓе кои живееја во селата.
  • 5:46 - 5:49
    Во Индија, видов дека ситуацијата не е многу подобра.
  • 5:49 - 5:52
    Колку за споредба, доколку треба да го применам
  • 5:52 - 5:54
    процентот на психијатри од Британската популација
  • 5:54 - 5:56
    врз Индиската популација,
  • 5:56 - 6:02
    во Индија би требало да очекуваме отприлика 150,000 психијатри.
  • 6:02 - 6:05
    Во реалноста пак, погодете.
  • 6:05 - 6:07
    Реалната бројка е околу 3.000,
  • 6:07 - 6:10
    околу два проценти од тој број.
  • 6:10 - 6:12
    Брзо ми стана јасно дека нема да можам да ги применам
  • 6:12 - 6:15
    моделите за ментална нега и заштита според кои бев обучен,
  • 6:15 - 6:18
    модели кои се потпираа на специјализирани, скапи
  • 6:18 - 6:21
    стручњаци за ментално здравје кои би требало да работат
  • 6:21 - 6:23
    во земји како Индија и Зимбабве.
  • 6:23 - 6:26
    Морав да размислувам креативно за некој друг модел
  • 6:26 - 6:28
    на нега и заштита.
  • 6:28 - 6:31
    Тогаш налетав на едни книги,
  • 6:31 - 6:34
    и во тие книги ја открив идејата за префрлање на задачите
  • 6:34 - 6:36
    во глобалното здравство.
  • 6:36 - 6:38
    Идејата всушност е прилично едноставна. Идејата е дека,
  • 6:38 - 6:41
    кога ви недостасуваат специјализирани стручњаци за здравствена заштита,
  • 6:41 - 6:44
    тогаш користете било кој, што е достапен во заедницата,
  • 6:44 - 6:47
    обучете го да применува повеќе интервенции за здравствена заштита
  • 6:47 - 6:50
    и во овие книги прочитав инспиративни примери,
  • 6:50 - 6:53
    на пример за тоа како обични луѓе биле обучени
  • 6:53 - 6:54
    да вршат пораѓање,
  • 6:54 - 6:58
    да дијагностицираат и третираат рана пневмонија, со голем успех.
  • 6:58 - 7:01
    И си помислив дека ако можете да обучите обични луѓе
  • 7:01 - 7:03
    да применуваат толку сложени интервенции за здравствена заштита,
  • 7:03 - 7:05
    тогаш можеби тие би успеале истото да го постигнат и
  • 7:05 - 7:07
    со менталната нега и заштита.
  • 7:07 - 7:10
    Па така денеска, со задоволство ќе кажам дека
  • 7:10 - 7:13
    имаше многу експерименти за префрлување на задачите
  • 7:13 - 7:16
    во менталната заштита кај земјите во развој
  • 7:16 - 7:18
    во текот на изминатава декада и со вас би сакал да ги споделам
  • 7:18 - 7:21
    наодите конкретно од три такви експерименти,
  • 7:21 - 7:23
    од кои сите три беа насочени кон депресијата,
  • 7:23 - 7:25
    најчестата од сите ментални болести.
  • 7:25 - 7:29
    Во рурална Уганда, Пол Болтон и неговите колеги,
  • 7:29 - 7:32
    користејќи селани, покажаа дека можат да ја применат
  • 7:32 - 7:35
    интерперсоналната психотерапија за депресија
  • 7:35 - 7:37
    и користејќи рандомизиран експеримент,
  • 7:37 - 7:40
    покажаа дека 90 проценти од луѓето кои ја примиле
  • 7:40 - 7:42
    оваа интервенција закрепнале во споредба
  • 7:42 - 7:45
    со отприлика 40 проценти од споредбените села.
  • 7:45 - 7:49
    Слично, во еден друг рандомизиран експеримент во рурален Пакистан,
  • 7:49 - 7:52
    Атиф Рахман и неговите колеги покажаа
  • 7:52 - 7:54
    дека здравствените работнички кои одат во посета на селата
  • 7:54 - 7:57
    и кои воедно се дел од пакистанскиот здравствен систем,
  • 7:57 - 7:59
    можат да ја применат когнитивно-бихејвиоралната терапија
  • 7:59 - 8:02
    кај депресивните мајки, повторно покажувајќи огромни разлики
  • 8:02 - 8:05
    во стапките на закрепнување. Отприлика 75 проценти од мајките
  • 8:05 - 8:07
    закрепнаа во споредба со 45 проценти
  • 8:07 - 8:10
    од селата кои служеа за споредба.
  • 8:10 - 8:13
    И во моето истражување во Гоа, во Индија, повторно покажавме
  • 8:13 - 8:15
    дека непрофесионалните советници донесени од локалните заедници
  • 8:15 - 8:18
    може да бидат обучени да применуваат психосоцијални интервенции
  • 8:18 - 8:20
    за депресија, анксиозност, доведувајќи до 70 процентни
  • 8:20 - 8:23
    стапки на закрепнување во споредба со 50-те проценти
  • 8:23 - 8:26
    постигнати во центрите за примарно здравство.
  • 8:26 - 8:28
    Сега, доколку треба да ги поврзам сите овие различни
  • 8:28 - 8:30
    експерименти за префрлување на одговорноста, а се разбира имаше
  • 8:30 - 8:33
    и други примери, и се обидам да ги пронајдам
  • 8:33 - 8:35
    клучните поуки кои ќе ни покажат
  • 8:35 - 8:38
    како да постигнеме поуспешно префрлување на задачите,
  • 8:38 - 8:42
    го создадов овој специфичен акроним, SUNDAR.
  • 8:42 - 8:46
    На Хинду, SUNDAR значи „привлечен.“
  • 8:46 - 8:48
    Ми се чини дека има пет клучни лекции
  • 8:48 - 8:51
    кои ги покажав на слајдов кои се многу важни
  • 8:51 - 8:53
    за ефективно префрлување на задачите.
  • 8:53 - 8:56
    Првата е дека треба да ја поедноставиме пораката
  • 8:56 - 8:58
    којашто ја користиме, да го отстраниме целиот жаргон
  • 8:58 - 9:02
    којшто медицината го има изградено околу себе.
  • 9:02 - 9:04
    Треба да ги разглобиме сложените здравствени интервенции
  • 9:04 - 9:07
    во помали компоненти коишто полесно би им се
  • 9:07 - 9:09
    објасниле на необучените индивидуи.
  • 9:09 - 9:12
    Треба да обезбедиме здравствена заштита, не во големи институции,
  • 9:12 - 9:14
    туку близу домовите на луѓето и треба да обезбедиме
  • 9:14 - 9:17
    здравствена заштита користејќи било кој, што е достапен
  • 9:17 - 9:19
    во нашите локални заедници.
  • 9:19 - 9:22
    И уште поважно, треба да ги распределиме малкуте специјалисти
  • 9:22 - 9:24
    коишто ни се достапни, за да вршат
  • 9:24 - 9:28
    градење на капацитети и надзор.
  • 9:28 - 9:30
    За мене, префрлањето на задачите е идеја
  • 9:30 - 9:33
    со вистинско глобално значење,
  • 9:33 - 9:36
    бидејќи иако произлезе од
  • 9:36 - 9:39
    недостатокот на ресурси кај
  • 9:39 - 9:42
    земјите во развој, сепак мислам дека има големо значење
  • 9:42 - 9:45
    и за побогатите земји исто така. Зошто е тоа така?
  • 9:45 - 9:48
    Па, делумно, бидејќи здравствената заштита во развиениот свет,
  • 9:48 - 9:51
    трошоците за здравствена заштита во развиениот свет,
  • 9:51 - 9:53
    вртоглаво се зголемуваат, а голем дел од тие
  • 9:53 - 9:57
    трошоци се наменети за човечките ресурси.
  • 9:57 - 9:59
    Но еднакво важно е, и тоа што здравствената нега стана
  • 9:59 - 10:03
    неверојатно професионализирана што доведе до нејзино
  • 10:03 - 10:06
    оддалечување од самите локални заедници.
  • 10:06 - 10:10
    За мене, она што е навистина sundar (привлечно) кај оваа идеја,
  • 10:10 - 10:11
    не е тоа што ја прави здравствената заштита
  • 10:11 - 10:14
    попристапна и подостапна, туку тоа што
  • 10:14 - 10:17
    фундаментално ви дава моќ.
  • 10:17 - 10:21
    Им дава моќ на обичните луѓе да бидат поефикасни
  • 10:21 - 10:23
    кога ќе треба да се грижат за здравјето на другите во нивната заедница,
  • 10:23 - 10:25
    и правејќи го тоа, да станат подобри чувари на
  • 10:25 - 10:28
    своето здравје. Навистина, за мене, префрлањето на одговорноста
  • 10:28 - 10:31
    е најдобриот пример за демократизација
  • 10:31 - 10:36
    на медицинското знаење, и оттука, на медицинската моќ.
  • 10:36 - 10:40
    Пред нешто повеќе од 30 години, земјите од светот се собраа
  • 10:40 - 10:43
    во Алма-Ата и ја создадоа оваа иконска декларација.
  • 10:43 - 10:44
    Претпоставувам сите знаете дека
  • 10:44 - 10:48
    и после 12 години, не сме ниту близу до поставената цел.
  • 10:48 - 10:51
    Сепак, денес, вооружени со ова знаење
  • 10:51 - 10:53
    дека обичните луѓе од заедницата
  • 10:53 - 10:56
    може да бидат обучени и, со соодветна супервизија и поддршка,
  • 10:56 - 11:00
    можат ефикасно да применуваат повеќе интервенции за здравствена заштита,
  • 11:00 - 11:04
    можеби сега ќе успееме да го постигнеме предвиденото.
  • 11:04 - 11:07
    Навистина, за да го имплементираме слоганот Здравје за Сите,
  • 11:07 - 11:09
    ќе треба да ги вклучиме сите
  • 11:09 - 11:11
    во тоа конкретно патување,
  • 11:11 - 11:14
    а кога станува збор за менталното здравје, ќе треба
  • 11:14 - 11:17
    да ги вклучиме особено луѓето погодени од ментални болести
  • 11:17 - 11:18
    и оние кои се грижат за нив.
  • 11:18 - 11:21
    Токму поради оваа причина, пред неколку години,
  • 11:21 - 11:22
    беше основано Движењето за Глобално Ментално Здравје
  • 11:22 - 11:26
    како еден вид на виртуелна платформа врз која професионалците
  • 11:26 - 11:29
    како мене и луѓето засегнати од ментални болести
  • 11:29 - 11:32
    ќе можат да застанат заедно, рамо до рамо,
  • 11:32 - 11:34
    и ќе се борат за правата на луѓето со ментални болести,
  • 11:34 - 11:38
    со цел да ја добијат негата за која знаеме дека може да им ги промени животите,
  • 11:38 - 11:41
    и за да имаат еден достоинствен живот.
  • 11:41 - 11:44
    И за крај, кога ќе ви се укаже прилика да бидете во тишина сами со себе
  • 11:44 - 11:47
    во овие неколку бурни дена или можеби отпосле,
  • 11:47 - 11:50
    помислете на онаа личност на која се сетивте дека
  • 11:50 - 11:52
    има ментална болест, или личностите на кои ви текна дека
  • 11:52 - 11:54
    имаат ментални болести,
  • 11:54 - 11:58
    и осмелете се да се грижите за нив. Ви благодарам. (Аплауз)
  • 11:58 - 12:02
    (Аплауз)
Title:
Викрам Пател: Ментално здравје за сите преку вклучување на сите
Speaker:
Vikram Patel
Description:

Близу 450 милиони луѓе се засегнати од ментални болести на светско ниво. Во богатите земји, само половина од нив ја добиваат соодветната нега, но кај земјите во развој, речиси 90 проценти поминуваат без третман поради големиот недостаток на психијатри. Викрам Пател изложува еден многу ветувачки пристап -- обучување на самите членови на заедниците, обуки кои ќе им овозможат да применуваат интервенции за ментално здравје, на тој начин давајќи им моќ на обичните луѓе да се грижат за нивните блиски.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
12:22

Macedonian subtitles

Revisions