Return to Video

Четирите приказни кои си ги кажуваме за смртта

  • 0:00 - 0:02
    Имам едно прашање:
  • 0:02 - 0:06
    Кој од овде се сеќава на моментот кога за првпат
  • 0:06 - 0:09
    сфатил дека ќе умре?
  • 0:09 - 0:12
    Јас се сеќавам. Бев мал,
  • 0:12 - 0:15
    и штотуку беше починал дедо ми,
  • 0:15 - 0:19
    и се сеќавам како неколку дена подоцна лежев во кревет навечер,
  • 0:19 - 0:22
    обидувајќи се да разберам што се случило.
  • 0:22 - 0:25
    Што значи тоа дека е мртов?
  • 0:25 - 0:27
    Каде заминал?
  • 0:27 - 0:30
    Ми се чинеше ко да се отворила дупка
  • 0:30 - 0:32
    и го проголтала.
  • 0:32 - 0:35
    Но тогаш на памет ми падна шокантното прашање:
  • 0:35 - 0:38
    ако тој умрел, може ли и мене тоа да ме снајде?
  • 0:38 - 0:42
    Може ли да се отвори дупката и да ме проголта?
  • 0:42 - 0:44
    Дали ќе се отвори под мојот кревет
  • 0:44 - 0:47
    и ќе ме проголта додека спијам?
  • 0:47 - 0:51
    Во одреден момент, сите деца стануваат свесни за смртта.
  • 0:51 - 0:53
    Се случува на различни начини, се разбира,
  • 0:53 - 0:55
    и вообичаено оди етапно.
  • 0:55 - 0:58
    Нашето поимање на смртта се развива како што старееме.
  • 0:58 - 1:01
    Ако се нурнете во мрачните предели
  • 1:01 - 1:03
    на вашето сеќавање,
  • 1:03 - 1:06
    можеби ќе се сетите на некое чувство како моето
  • 1:06 - 1:09
    кога дедо ми почина и кога сфатив дека
  • 1:09 - 1:11
    може да ми се случи и на мене,
  • 1:11 - 1:13
    она чувство дека зад сево ова
  • 1:13 - 1:17
    ме чека ништавило.
  • 1:17 - 1:19
    И овој развој во детството го
  • 1:19 - 1:22
    рефлектира развојот на видовите.
  • 1:22 - 1:25
    Исто како што имало момент во вашиот развој,
  • 1:25 - 1:29
    како дете, кога вашето чувство за себе и за времето
  • 1:29 - 1:31
    станале доволно софистицирани
  • 1:31 - 1:35
    за да сфатите дека сте смртни,
  • 1:35 - 1:38
    на истиот тој начин во одреден момент од еволуцијата
  • 1:38 - 1:41
    се појавиле првите луѓе чие чувство за себе и времето
  • 1:41 - 1:44
    станале доволно софистицирани
  • 1:44 - 1:47
    за да го сфатат следново,
  • 1:47 - 1:50
    "Јас ќе умрам."
  • 1:50 - 1:52
    Ова е, ако сакате, нашата клетва.
  • 1:52 - 1:56
    Цената која ја плаќаме за тоа што сме толку проклето паметни.
  • 1:56 - 1:59
    Мораме да живееме со знаењето
  • 1:59 - 2:01
    дека најлошото што може да ни се случи
  • 2:01 - 2:03
    еден ден со сигурност ќе ни се случи,
  • 2:03 - 2:04
    крајот на сите наши проекти,
  • 2:04 - 2:08
    нашите надежи, нашите соништа, нашиот личен свет.
  • 2:08 - 2:11
    Секој од нас живее во сенката на сопствената
  • 2:11 - 2:13
    апокалипса.
  • 2:13 - 2:16
    И тоа е застрашувачко. Ужасно е.
  • 2:16 - 2:18
    И затоа бараме излез.
  • 2:18 - 2:21
    А во мојот случај, кога имав околу пет години,
  • 2:21 - 2:24
    тоа значеше дека ќе ја прашам мајка ми.
  • 2:24 - 2:27
    Кога за првпат почнав да прашувам
  • 2:27 - 2:29
    што се случува кога ќе умреме,
  • 2:29 - 2:31
    возрасните околу мене ми одговараа
  • 2:31 - 2:34
    со една типична англиска збунетост и
  • 2:34 - 2:37
    неодлучно Христијанство,
  • 2:37 - 2:39
    и фразата која најчесто ја слушав
  • 2:39 - 2:40
    беше дека дедо ми е сега
  • 2:40 - 2:43
    "онаму горе и нè гледа нас,"
  • 2:43 - 2:46
    и ако јас умрам некогаш, што нема да се случи се разбира,
  • 2:46 - 2:49
    тогаш и јас ќе отидам таму горе,
  • 2:49 - 2:51
    нешто што направи смртта да изгледа
  • 2:51 - 2:53
    како егзистенцијален лифт.
  • 2:53 - 2:56
    Ова не ми звучеше многу убедливо.
  • 2:56 - 2:59
    Тогаш доста гледав детска програма,
  • 2:59 - 3:02
    и ова беше ерата на вселенските истражувања.
  • 3:02 - 3:04
    Постојано имаше ракети кои одеа во небото,
  • 3:04 - 3:07
    во вселената, онаму горе.
  • 3:07 - 3:09
    Но ниту еден од астронаутите, кога ќе се вратеше,
  • 3:09 - 3:12
    не спомна дека го сретнал дедо ми
  • 3:12 - 3:15
    или било кој мртов човек.
  • 3:15 - 3:16
    Но бев исплашен,
  • 3:16 - 3:18
    а помислата за егзистенцијалниот лифт кој
  • 3:18 - 3:20
    треба да ме однесе кај дедо ми
  • 3:20 - 3:21
    звучеше многу подобро отколку да
  • 3:21 - 3:24
    бидам проголтан од ништавилото за време на сон.
  • 3:24 - 3:27
    Како и да е, јас верував во ова,
  • 3:27 - 3:29
    и покрај тоа што не ми беше логично.
  • 3:29 - 3:32
    Овој мисловен процес низ кој поминав
  • 3:32 - 3:34
    како дете, и уште многу пати оттогаш,
  • 3:34 - 3:36
    дури и сега како возрасен,
  • 3:36 - 3:38
    е резултат на она што психолозите го нарекуваат
  • 3:38 - 3:40
    пристрасност.
  • 3:40 - 3:43
    Пристрасноста е начин преку кој систематски
  • 3:43 - 3:45
    погрешно гледаме на работите,
  • 3:45 - 3:48
    начин преку кој погрешно расудуваме,
  • 3:48 - 3:51
    ја искривуваме реалноста, или го гледаме она што сакаме да го видиме,
  • 3:51 - 3:53
    а пристрасноста за која јас зборувам
  • 3:53 - 3:55
    функционира вака:
  • 3:55 - 3:57
    Соочете некого со фактот
  • 3:57 - 3:59
    дека ќе умре и тие ќе
  • 3:59 - 4:02
    поверуваат во било која приказна
  • 4:02 - 4:04
    која ќе им каже дека тоа не е точно
  • 4:04 - 4:06
    и дека, наместо тоа, ќе живеат засекогаш,
  • 4:06 - 4:10
    дури и ако тоа значи возење со егзистенцијалниот лифт.
  • 4:10 - 4:14
    Ова е најголемата пристрасност од сите.
  • 4:14 - 4:17
    Беше демонстрирана во над 400
  • 4:17 - 4:19
    емпириски студии.
  • 4:19 - 4:22
    Овие студии се генијални, но едноставни.
  • 4:22 - 4:23
    Функционираат вака.
  • 4:23 - 4:25
    Земате две групи на луѓе
  • 4:25 - 4:28
    кои се слични во сите релевантни аспекти,
  • 4:28 - 4:30
    и едната група ја подсетувате дека ќе умрат
  • 4:30 - 4:33
    но не и другата, а потоа го споредувате нивното однесување.
  • 4:33 - 4:37
    Значи набљудувате како се менува однесувањето
  • 4:37 - 4:41
    кога луѓето ќе станат свесни за својата смртност.
  • 4:41 - 4:44
    И секој пат, го добивате истиот резултат:
  • 4:44 - 4:47
    Луѓето кои биле подсетени за својата смртност
  • 4:47 - 4:49
    се склони да поверуваат во приказните
  • 4:49 - 4:51
    дека можат да ја избегнат смртта
  • 4:51 - 4:52
    и дека ќе живеат вечно.
  • 4:52 - 4:55
    Еве еден пример: Неодамна една студија
  • 4:55 - 4:57
    имаше две групи на агностици,
  • 4:57 - 4:59
    односно луѓе кои се неутрални во поглед
  • 4:59 - 5:02
    на религиозните верувања.
  • 5:02 - 5:05
    Од едните беше побарано да размислуваат за својата смрт.
  • 5:05 - 5:07
    Од другите беше побарано да размислуваат
  • 5:07 - 5:09
    дека се осамени.
  • 5:09 - 5:11
    После ова, одново беа прашани за своите религиозни убедувања.
  • 5:11 - 5:14
    Оние кои размислувале за својата смрт
  • 5:14 - 5:18
    подоцна покажаа двапати поголема спремност
  • 5:18 - 5:19
    да веруваат во Бог и Исус.
  • 5:19 - 5:21
    Двапати
  • 5:21 - 5:24
    Иако претходно сите беа агностици.
  • 5:24 - 5:26
    Но всадете им го стравот од смртта
  • 5:26 - 5:30
    и веднаш трчаат кон Исус.
  • 5:30 - 5:33
    Ова покажува дека ако ги подсетите луѓето на смртта,
  • 5:33 - 5:36
    тие се склони да веруваат, без оглед на доказите,
  • 5:36 - 5:38
    и ова не важи само за религијата,
  • 5:38 - 5:41
    во било кој систем на верување
  • 5:41 - 5:44
    кој ветува бесмртност во некаква форма,
  • 5:44 - 5:46
    било да е тоа слава,
  • 5:46 - 5:47
    имање деца
  • 5:47 - 5:49
    или дури и национализмот,
  • 5:49 - 5:52
    кој ви ветува дека ќе живеете како дел од една поголема целина.
  • 5:52 - 5:54
    Ваквата пристрасност го има
  • 5:54 - 5:57
    одредено текот на човековата историја.
  • 5:57 - 5:59
    Теоријата во основата на оваа пристрасност
  • 5:59 - 6:01
    демонстрирана во 400те студии
  • 6:01 - 6:03
    се нарекува теорија за справување со ужасот,
  • 6:03 - 6:06
    а идејата е едноставна. Оди вака.
  • 6:06 - 6:08
    Приказните кои ги создаваме за тоа
  • 6:08 - 6:10
    каков е светот и какво е нашето
  • 6:10 - 6:13
    место во него, ги создаваме
  • 6:13 - 6:15
    за да се справиме со
  • 6:15 - 6:18
    ужасот од смртта.
  • 6:18 - 6:20
    И овие приказни за бесмртноста
  • 6:20 - 6:23
    имаат илјадници различни манифестации,
  • 6:23 - 6:27
    но верувам дека зад очигледната различност
  • 6:27 - 6:29
    всушност лежат само
  • 6:29 - 6:33
    четири основни форми.
  • 6:33 - 6:35
    И можеме да видиме како се повторуваат
  • 6:35 - 6:38
    низ историјата, со мали варијации
  • 6:38 - 6:41
    колку само да бидат во духот на времето.
  • 6:41 - 6:43
    Сега на кратко ќе ви ги претставам овие четири
  • 6:43 - 6:45
    основни приказни за бесмртноста,
  • 6:45 - 6:47
    и ќе се обидам да ви покажам
  • 6:47 - 6:49
    како се прераскажуваат во секоја култура
  • 6:49 - 6:51
    или генерација
  • 6:51 - 6:53
    и како се прилагодуваат на духот на времето.
  • 6:53 - 6:56
    Првата приказна е онаа наједноставната.
  • 6:56 - 6:58
    Приказната во која сакаме
  • 6:58 - 7:00
    да ја избегнеме смртта и притоа да си
  • 7:00 - 7:02
    го зачуваме телото засекогаш
  • 7:02 - 7:05
    е првата и наједноставна приказна за бесмртноста,
  • 7:05 - 7:08
    и на прв поглед можеби е невозможна,
  • 7:08 - 7:12
    но всушност, речиси секоја култура во човековата историја
  • 7:12 - 7:14
    имала некаков мит или легенда
  • 7:14 - 7:16
    за еликсир или фонтана на младоста
  • 7:16 - 7:19
    или нешто што ветува дека ќе ни даде вечен
  • 7:19 - 7:22
    живот.
  • 7:22 - 7:24
    Древниот Египет имал такви митови,
  • 7:24 - 7:26
    древниот Вавилон, древна Индија.
  • 7:26 - 7:29
    Низ Европската историја, оваа приказна ја среќаваме во работата на алхемичарите,
  • 7:29 - 7:32
    и се разбира и денес веруваме во приказната,
  • 7:32 - 7:35
    само што денес ја раскажуваме со јазикот
  • 7:35 - 7:36
    на науката.
  • 7:36 - 7:38
    Пред 100 години
  • 7:38 - 7:40
    беа откриени хормоните, и луѓето
  • 7:40 - 7:41
    почнаа да се надеваат дека хормоналните третмани
  • 7:41 - 7:44
    ќе го излечат стареењето и болестите,
  • 7:44 - 7:47
    а денес нашите надежи ги полагаме во матичните клетки,
  • 7:47 - 7:49
    генетскиот инжинеринг и нанотехнологијата.
  • 7:49 - 7:53
    Но идејата дека науката може да ја излечи смртта
  • 7:53 - 7:56
    е само уште едно поглавје во приказната
  • 7:56 - 7:58
    за магичниот еликсир,
  • 7:58 - 8:02
    приказна која е стара колку и цивилизацијата.
  • 8:02 - 8:05
    Но малку е ризично да ги вложите сите ваши напори
  • 8:05 - 8:06
    само во идејата за еликсирот
  • 8:06 - 8:08
    и вечниот живот.
  • 8:08 - 8:10
    Кога ќе се навратиме во историјата и ќе ги
  • 8:10 - 8:13
    погледнеме сите оние кои во минатото го барале еликсирот,
  • 8:13 - 8:15
    единствената работа која денес им е заедничка
  • 8:15 - 8:18
    е тоа што сите се мртви.
  • 8:18 - 8:21
    Затоа ни треба резервен план, и токму ваков план Б
  • 8:21 - 8:25
    ни нуди втората приказна за бесмртноста,
  • 8:25 - 8:27
    а тоа е воскресението.
  • 8:27 - 8:29
    И ја прифаќа идејата дека јас сум ова тело,
  • 8:29 - 8:31
    јас сум овој физички организам.
  • 8:31 - 8:33
    Прифаќа дека ќе умрам, но вели,
  • 8:33 - 8:35
    и покрај тоа,
  • 8:35 - 8:37
    можам да се кренам и да живеам повторно.
  • 8:37 - 8:40
    Со други зборови, можам да го направам она што Исус го направил.
  • 8:40 - 8:42
    Исус умрел, бил три дена во гробот,
  • 8:42 - 8:45
    а потоа се кренал и продолжил да живее.
  • 8:45 - 8:48
    Идејата дека сите ние можеме да воскреснеме и да живееме одново
  • 8:48 - 8:50
    е општоприфатено верување, не само кај Христијаните,
  • 8:50 - 8:53
    туку и кај Евреите и Муслиманите.
  • 8:53 - 8:55
    Нашата желба да веруваме во оваа приказна
  • 8:55 - 8:57
    е толку длабоко всадена
  • 8:57 - 8:59
    што и денес во научната ера
  • 8:59 - 9:01
    одново ја раскажуваме,
  • 9:01 - 9:04
    на пример, преку идејата наречена крионика.
  • 9:04 - 9:05
    Идејата е дека кога ќе умрете,
  • 9:05 - 9:07
    може да ве замрзнат,
  • 9:07 - 9:10
    а потоа, во одреден период кога технологијата
  • 9:10 - 9:11
    ќе биде доволно унапредена,
  • 9:11 - 9:13
    ќе ве одмрзнат, ќе ве поправат, ќе ве оживеат
  • 9:13 - 9:14
    и на тој начин ќе воскреснете.
  • 9:14 - 9:17
    Некои луѓе веруваат дека некој семоќен Бог
  • 9:17 - 9:19
    ќе ги воскресне за да живеат одново,
  • 9:19 - 9:23
    а други луѓе веруваат дека истото тоа ќе го направи некој семоќен научник.
  • 9:23 - 9:26
    Но на некои луѓе, ваквата идеја за воскресение,
  • 9:26 - 9:28
    за излегување од гробот,
  • 9:28 - 9:30
    им изгледа како лош зомби филм.
  • 9:30 - 9:33
    За нив телото е прекомплицирано, несигурно
  • 9:33 - 9:35
    за да може да им гарантира вечен живот,
  • 9:35 - 9:39
    и затоа своите надежи ги полагаат во третата,
  • 9:39 - 9:41
    подуховна приказна за бесмртноста,
  • 9:41 - 9:43
    идејата дека можеме да го оставиме телото зад себе
  • 9:43 - 9:45
    и да живееме како душа.
  • 9:45 - 9:47
    Најголемиот дел од луѓето на Земјата
  • 9:47 - 9:49
    веруваат дека имаат душа,
  • 9:49 - 9:51
    а идејата е централна за многу религии.
  • 9:51 - 9:54
    Но и покрај тоа што оваа идеја сè уште
  • 9:54 - 9:56
    е популарна во оваа форма,
  • 9:56 - 9:58
    во својата традиционална форма,
  • 9:58 - 9:59
    сепак ние одново ја создаваме
  • 9:59 - 10:01
    за да одговара на дигиталната ера,
  • 10:01 - 10:03
    и тоа со идејата дека
  • 10:03 - 10:05
    можете да го напуштите вашето тело
  • 10:05 - 10:07
    така што ќе го аплоудирате умот, вашата суштина,
  • 10:07 - 10:09
    вистинското од вас, во компјутер,
  • 10:09 - 10:14
    и ќе можете да живеете како аватар во етерот.
  • 10:14 - 10:16
    Но секако, има скептици кои велат дека
  • 10:16 - 10:18
    ако побараме докази од науката,
  • 10:18 - 10:19
    особено од невронауката,
  • 10:19 - 10:21
    таа ќе ви каже дека вашиот ум,
  • 10:21 - 10:23
    вашата суштина, вистинското од вас,
  • 10:23 - 10:25
    во голема мера зависи од еден дел на
  • 10:25 - 10:27
    вашето тело, односно вашиот мозок.
  • 10:27 - 10:30
    А таквите скептици наоѓаат утеха
  • 10:30 - 10:32
    во четвртата приказна за бесмртноста,
  • 10:32 - 10:34
    а тоа е наследството,
  • 10:34 - 10:36
    идејата дека продолжувате да живеете
  • 10:36 - 10:38
    преку ехото кое го оставате во светот,
  • 10:38 - 10:41
    како големиот грчки војник Ахил,
  • 10:41 - 10:43
    кој го жртвувал својот живот борејќи се кај Троја
  • 10:43 - 10:46
    со цел да стекне бесмртна слава.
  • 10:46 - 10:48
    А денес потрагата по слава е распространета
  • 10:48 - 10:51
    и популарна како и отсекогаш,
  • 10:51 - 10:52
    и во нашата дигитална ера,
  • 10:52 - 10:54
    е дури и полесно да ја стекнете.
  • 10:54 - 10:56
    Не мора да бидете голем војник како Ахил
  • 10:56 - 10:58
    или голем крал или херој.
  • 10:58 - 11:03
    Ви треба само Интернет врска и една смешна мачка. (Смеа)
  • 11:03 - 11:05
    Но некои луѓе повеќе сакаат да остават повидливо,
  • 11:05 - 11:08
    биолошко наследство -- деца, на пример.
  • 11:08 - 11:10
    Или пак сакаат, се надеваат, дека ќе живеат
  • 11:10 - 11:12
    како дел од некоја поголема целина,
  • 11:12 - 11:14
    нација, семејство или племе,
  • 11:14 - 11:17
    нивните генетски сродници.
  • 11:17 - 11:18
    Но повторно, има скептици
  • 11:18 - 11:20
    кои се сомневаат во тоа дали наследството
  • 11:20 - 11:22
    навистина претставува бесмртност.
  • 11:22 - 11:24
    Вуди Ален, на пример, рече,
  • 11:24 - 11:27
    "Не сакам да живеам во срцата на моите сонародници.
  • 11:27 - 11:29
    Сакам да си живеам во мојот стан."
  • 11:29 - 11:31
    Значи ова се четирите
  • 11:31 - 11:33
    основни приказни за бесмртноста,
  • 11:33 - 11:34
    и се обидов да ви покажам како
  • 11:34 - 11:37
    се прераскажуваат во секоја генерација
  • 11:37 - 11:38
    со мали варијации
  • 11:38 - 11:41
    колку да се вклопат во духот на времето.
  • 11:41 - 11:44
    И фактот дека се повторуваат на ваков начин,
  • 11:44 - 11:47
    во толку слична форма, но во толку различни системи на верување,
  • 11:47 - 11:49
    ни кажува, мислам,
  • 11:49 - 11:51
    дека треба да се сомневаме во вистинитоста
  • 11:51 - 11:55
    на овие приказни и нивните верзии.
  • 11:55 - 11:57
    Фактот дека некои луѓе веруваат
  • 11:57 - 12:00
    дека семоќен Бог ќе ги воскресне за да живеат одново,
  • 12:00 - 12:03
    а други пак веруваат дека истото ќе го направи семоќен научник
  • 12:03 - 12:06
    ни кажува дека нивната верба во овие приказни
  • 12:06 - 12:09
    не се базира врз јачината на доказите.
  • 12:09 - 12:11
    Туку, ние веруваме во овие приказни
  • 12:11 - 12:13
    оти сме склони да веруваме во нив,
  • 12:13 - 12:15
    а нашата склоност да веруваме во нив
  • 12:15 - 12:19
    се должи на нашиот голем страв од смртта.
  • 12:19 - 12:21
    И следи прашањето,
  • 12:21 - 12:25
    дали сме осудени да го водиме едниот живот кој го имаме
  • 12:25 - 12:29
    на начин кој е обликуван од страв и негирање,
  • 12:29 - 12:32
    или пак можеме да ја надминеме оваа пристрасност?
  • 12:32 - 12:34
    Грчкиот филозоф Епикур
  • 12:34 - 12:36
    мислел дека можеме.
  • 12:36 - 12:39
    Тој велел дека стравот од смртта е природен,
  • 12:39 - 12:42
    но не е рационален.
  • 12:42 - 12:45
    "Смртта," тој рекол, "не треба да нè засега,
  • 12:45 - 12:47
    бидејќи кога ние сме овде, смртта не е,
  • 12:47 - 12:51
    а кога смртта ќе биде овде, нас ќе нè нема."
  • 12:51 - 12:53
    Ова честопати го цитираат, но е навистина тешко
  • 12:53 - 12:55
    да се сфати, да се повнатрешни,
  • 12:55 - 12:57
    оти токму оваа идеја дека ќе ве нема
  • 12:57 - 13:00
    е многу тешко да се замисли.
  • 13:00 - 13:02
    И така 2,000 години подоцна, еден друг филозоф,
  • 13:02 - 13:05
    Лудвиг Видгенштајн, рекол вака:
  • 13:05 - 13:08
    "Смртта не е настан во животот:
  • 13:08 - 13:12
    Нема да бидеме живи за да ја искусиме смртта.
  • 13:12 - 13:13
    Па затоа," тој додал,
  • 13:13 - 13:16
    "во оваа смисла, животот нема крај."
  • 13:16 - 13:19
    Значи за мене како дете било природно
  • 13:19 - 13:22
    да бидам исплашен да не ме проголта ништавилото,
  • 13:22 - 13:23
    но тоа не било рационално,
  • 13:23 - 13:25
    бидејќи никој од нас нема да биде жив
  • 13:25 - 13:27
    за да може да го искуси
  • 13:27 - 13:31
    проголтувањето од ништавилото.
  • 13:31 - 13:33
    Е сега, не е лесно да ја надминете оваа пристрасност
  • 13:33 - 13:36
    оти стравот ни е многу длабоко всаден,
  • 13:36 - 13:41
    но сепак кога ќе видиме дека самиот страв не е рационален,
  • 13:41 - 13:43
    и кога ќе осознаеме на кој сè начини
  • 13:43 - 13:46
    може да влијае несвесно врз нас,
  • 13:46 - 13:47
    тогаш барем ќе можеме
  • 13:47 - 13:50
    да го минимизираме влијанието
  • 13:50 - 13:52
    кое го има врз нашите животи.
  • 13:52 - 13:55
    Мене ми помага да гледам на животот
  • 13:55 - 13:57
    демек е книга:
  • 13:57 - 13:59
    Исто како што книгата е ограничена од своите корици,
  • 13:59 - 14:00
    има почеток и крај,
  • 14:00 - 14:04
    така и нашите животи се ограничени од раѓањето и смртта,
  • 14:04 - 14:08
    но и покрај тоа што книгата е ограничена со почеток и крај,
  • 14:08 - 14:10
    таа може да опфати далечни предели,
  • 14:10 - 14:13
    егзотични ликови, фантастични авантури.
  • 14:13 - 14:16
    Иако книгата е ограничена со почеток и крај,
  • 14:16 - 14:18
    сепак ликовите во неа
  • 14:18 - 14:21
    не знаат за граници.
  • 14:21 - 14:24
    Тие знаат само за моментите кои се дел од нивната приказна,
  • 14:24 - 14:27
    дури и кога книгата ќе се затвори.
  • 14:27 - 14:29
    И затоа на ликовите во книгата
  • 14:29 - 14:33
    не им е страв да дојдат до последната страница.
  • 14:33 - 14:35
    Лонг Џон Силвер не е исплашен кога ќе
  • 14:35 - 14:38
    дојдете до последната страница на "Островот на богатството."
  • 14:38 - 14:39
    И така треба да биде и со нас.
  • 14:39 - 14:42
    Замислете ја книгата на вашиот живот,
  • 14:42 - 14:44
    нејзините корици, нејзиниот почеток и крај, вашето раѓање и смрт.
  • 14:44 - 14:47
    Можете да ги знаете само моментите кои се измеѓу,
  • 14:47 - 14:48
    моментите од кои се состои вашиот живот.
  • 14:48 - 14:50
    Нема смисла да се плашите
  • 14:50 - 14:53
    од она што е надвор од тие корици,
  • 14:53 - 14:54
    било да е тоа пред вашето раѓање
  • 14:54 - 14:56
    или после вашата смрт.
  • 14:56 - 14:59
    И не треба да се грижите колку е долга книгата,
  • 14:59 - 15:02
    или за тоа дали е комичен стрип или епопеја.
  • 15:02 - 15:04
    Битно е само
  • 15:04 - 15:07
    да направите добра приказна.
  • 15:07 - 15:09
    Ви благодарам.
  • 15:09 - 15:13
    (Аплауз)
Title:
Четирите приказни кои си ги кажуваме за смртта
Speaker:
Стивен Кејв
Description:

Филозофот Стивен Кејв започнува со едно мрачно, но неодоливо прашање: Кога за првпат сте сфатиле дека ќе умрете? И уште поинтересно: Зошто ние луѓето толку често се спротивставуваме на неизбежноста на смртта? Во овој фасцинантен говор Кејв прикажува четири наративи -- заеднички за сите цивилизации -- кои си ги кажуваме самите на себе "за да го пребродиме ужасот од смртта."

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
15:33

Macedonian subtitles

Revisions