Return to Video

Зошто се доведувам во опасност за да раскажувам приказни за Газа

  • 0:02 - 0:03
    Здраво.
  • 0:04 - 0:07
    Ова е моето прво патување,
  • 0:07 - 0:11
    првпат сум надвор од ѕидините на Газа.
  • 0:11 - 0:13
    Многу сум среќна што сум овде.
  • 0:13 - 0:19
    (Аплауз)
  • 0:19 - 0:25
    Мојата амбиција секогаш беше да бидам
    пилот, да управувам авион,
  • 0:25 - 0:29
    да се чувствувам слободно додека летам по
    небото, да го допрам небото.
  • 0:30 - 0:32
    Но тоа не се случи.
  • 0:32 - 0:36
    Едноставно, живеам во Газа, нема аеродром.
  • 0:37 - 0:40
    Границите се затворени на секоја страна.
  • 0:41 - 0:44
    Живееме во еден од најголемите затвори
    во светот.
  • 0:45 - 0:50
    Единственото нешто кое можам да го
    направам е да погледнам кон небото.
  • 0:50 - 0:54
    Некои денови имаме среќа
    и добиваме струја
  • 0:54 - 0:56
    на четири или пет часа.
  • 0:57 - 1:03
    Кога е студено, палиме огaн пред или на
    кровот на нашите домови.
  • 1:03 - 1:05
    Некогаш и готвиме.
  • 1:06 - 1:11
    Мојата работа во Газа е да организирам се
    што е потребно за новинарите кои доаѓаат
  • 1:11 - 1:16
    во мојата татковина да кажуваат приказни
    за тоа што се случува во Газа.
  • 1:16 - 1:19
    Многу утра, требало да одам
    до граничните области
  • 1:19 - 1:21
    за да земам новинар.
  • 1:21 - 1:24
    Ако нешто му се случи на истиот,
  • 1:24 - 1:28
    или ако тој реши да покрие некоја приказна
  • 1:28 - 1:31
    која владата несака да биде објавена,
  • 1:31 - 1:33
    лоши работи можат да се случат.
  • 1:35 - 1:38
    Навигирањето низ мојата земја,
    помагањето на новинарите,
  • 1:38 - 1:43
    режисерите, телевизиските екипи,
    е мојот професионален живот.
  • 1:44 - 1:48
    Верувам дека мојот успех доаѓа од
    градењето на врски,
  • 1:48 - 1:51
    не само со новинарите и телевизиските
    екипи,
  • 1:51 - 1:54
    туку и со заедниците во појасот Газа.
  • 1:55 - 1:59
    Овие заедници кои не сакаат нивните
    приказни да бидат споделени,
  • 2:00 - 2:04
    никогаш кон нив не сум гледала како
    приказни или бројки.
  • 2:04 - 2:07
    Туку како мене, тие се човечки суштества.
  • 2:10 - 2:14
    Изградив многу врски последниве 10 год.
  • 2:15 - 2:16
    И погодете што?
  • 2:16 - 2:20
    Тоа ми даде шанса да дојдам до луѓе,
  • 2:20 - 2:22
    до приказни, до кои друг не може
    да дојде.
  • 2:22 - 2:28
    Во некои одредени ситуации,
    чувствувам, како жена, имам поголема моќ.
  • 2:29 - 2:32
    Многу машки новинари во мојата заедница,
  • 2:32 - 2:36
    сакаат да покријат приказни за зависноста
    од дрога во мојата држава.
  • 2:37 - 2:41
    Проблемот почна кога се градеше
    тунелот Газа.
  • 2:42 - 2:45
    Со опсадата на Газа,
  • 2:45 - 2:47
    тунелите им ги овозможуваа на луѓето
    сите основни потреби
  • 2:47 - 2:51
    како храна, градежен материјал и други
    работи кои ни требаа.
  • 2:51 - 2:56
    Но, не повеќе,
    бидејќи Египет го поплави тунелот
  • 2:56 - 2:58
    и тие веќе не функционираат.
  • 2:58 - 3:01
    Дрогата беше шверцувана,
  • 3:01 - 3:04
    а многу млади луѓе се навлекоа.
  • 3:05 - 3:08
    По традицијата на Палестинското
    општество
  • 3:08 - 3:12
    забрането е за мажи да влезат во
    домаќинствата.
  • 3:12 - 3:15
    Значи, машки новинари не можеа да ја
    добијат приказната.
  • 3:15 - 3:17
    Но, јас можев.
  • 3:19 - 3:22
    Имам прекрасен сопруг,
  • 3:22 - 3:25
    кој ме поддржува
  • 3:25 - 3:28
    и покрај критиките кои ги
    добива од општеството.
  • 3:29 - 3:32
    Тој е моментално дома, со двете наши деца
  • 3:32 - 3:34
    и имаме трето, кое расте овде.
  • 3:35 - 3:40
    (Аплауз)
  • 3:41 - 3:44
    Кога работам,
    му се јавувам на секои два часа,
  • 3:44 - 3:48
    и знае дека ако не се слушнеме
  • 3:48 - 3:50
    треба да му се јави на мојот контакт,
  • 3:50 - 3:52
    оној кој ми дава пристап до приказната,
  • 3:52 - 3:55
    што е човекот кому му верувам.
  • 3:57 - 3:59
    Еднаш во Газа
  • 3:59 - 4:04
    за време на киднапирањето на Британскиот
    новинар Алан Џонстон,
  • 4:04 - 4:08
    aмерикански магазин побара да организирам
  • 4:08 - 4:13
    средба со киднаперите од Газа
    и тоа го направив.
  • 4:14 - 4:17
    Бешe побарано јас и новинарите кои ја
    пренесуваа приказната
  • 4:17 - 4:20
    да се сретнеме надвор од хотелот.
  • 4:22 - 4:27
    Тие дојдоа со црно комбе и црни прозорци
    и нè зедоа,
  • 4:27 - 4:29
    имаа маски тој ден.
  • 4:31 - 4:37
    И нè однесоа далеку,
    среде едно поле.
  • 4:37 - 4:39
    Ни ги зедоа мобилните
  • 4:39 - 4:44
    и го правевме интервјуто со
    киднаперите во полето.
  • 4:46 - 4:47
    Многу бев исплашена тој ден,
  • 4:47 - 4:50
    ден кој никогаш нема да го заборавам.
  • 4:52 - 4:55
    Зошто го правам тоа што го правам?
  • 4:55 - 4:58
    Го правам затоа што верувам дека кога не
    би го правела
  • 4:58 - 5:03
    голем дел од приказните за Газа не би
    постоеле.
  • 5:04 - 5:08
    Има повеќе приказни што можам да ви ги
    кажам за мојата земја.
  • 5:08 - 5:10
    И не се сите лоши.
  • 5:11 - 5:16
    Си ја сакам земјата и покрај лошата
    ситуација во која живееме --
  • 5:16 - 5:20
    опсада, сиромаштија, невработеност --
  • 5:20 - 5:21
    но, има живот.
  • 5:22 - 5:27
    Има луѓе кои се сонувачи и прекрасни луѓе
    полни со енергија.
  • 5:28 - 5:32
    Имаме прекрасна музика и
    прекрасно музичко училиште.
  • 5:32 - 5:36
    Имаме паркур танчери кои танцуваат во
    рушевините на нивните домови.
  • 5:38 - 5:41
    Газа е единственото место
    во Арапскиот свет
  • 5:41 - 5:45
    каде муслиманите и христијаните
    живеат сложно.
  • 5:47 - 5:52
    (Аплауз)
  • 5:52 - 5:53
    За време на војната,
  • 5:53 - 5:57
    најтешкиот дел за мене е да го напуштам
    домот наутро,
  • 5:57 - 5:59
    да ги напуштам децата.
  • 5:59 - 6:03
    Ги фотографирам секој ден
  • 6:03 - 6:07
    затоа што никогаш не се знае
    дали пак ќе ги видам.
  • 6:08 - 6:14
    Да се биде помагач и новинар во Газа
    е тешко и опасно.
  • 6:15 - 6:18
    Но, кога ќе го слушнам звукот на
    бомбите и гранатите,
  • 6:18 - 6:21
    одам право натаму,
  • 6:21 - 6:25
    затоа што сакам да бидам првата таму,
  • 6:25 - 6:29
    затоа што овие приказни треба
    да бидат раскажани.
  • 6:32 - 6:36
    Кога моите деца беа малечки и ќе ги
    слушневме првите звуци на војната,
  • 6:36 - 6:40
    им кажував дека се огномети.
  • 6:40 - 6:43
    Сега се постари, разбираат.
  • 6:44 - 6:48
    Имам страшни кошмари
  • 6:48 - 6:52
    поради сведоштвата за време на војната,
  • 6:52 - 6:56
    посебно од безживотните тела на
    малите деца.
  • 6:56 - 7:00
    Сеуште се сеќавам на едно мало девојче,
    нејзиното име е Хала.
  • 7:01 - 7:03
    Таа е единствениот преживеан од
    нејзиното семејство.
  • 7:04 - 7:07
    Нејзината слика ќе биде со мене
    засекогаш.
  • 7:07 - 7:09
    Никогаш нема да ја заборавам.
  • 7:13 - 7:17
    Горда сум затоа што можам
    да стојам овде со вас денеска.
  • 7:18 - 7:25
    Горда сум затоа што можам да ви ги
    раскажам приказните, тажни и среќни,
  • 7:25 - 7:29
    приказни за мојот мал дел од светот, Газа.
  • 7:29 - 7:34
    Горда сум што сум првата жена
    новинарски пoмагач што работи во Газа.
  • 7:34 - 7:38
    Интересно е што, во Газа,
    ме викаат г-дин. Рамбо.
  • 7:38 - 7:41
    (Смеа)
  • 7:41 - 7:46
    Се надевам дека еден ден, ќе добијам шанса
    да ги кажам приказните од другите жени
  • 7:46 - 7:49
    од сите други прекрасни жени,
    кои ги познавам во мојата држава.
  • 7:49 - 7:53
    Се надевам дека еден ден ќе можам да
    им помогнам на другите жени
  • 7:53 - 7:55
    да бидат новинарски помагачи како мене.
  • 7:55 - 8:00
    И се разбира понекогаш се чувствувам
    дека не можам да го работам ова повеќе,
  • 8:00 - 8:02
    премногу е за мене.
  • 8:02 - 8:05
    Но, се сеќавам на овие зборови:
  • 8:05 - 8:08
    "Не го лимитирајте предизвикот,
    туку предизвикајте го лимитот.
  • 8:08 - 8:12
    Не им дозволувајте на другите да стојат
    пред вашите соништа."
  • 8:14 - 8:15
    Ви Благодарам.
  • 8:15 - 8:22
    (Аплауз)
Title:
Зошто се доведувам во опасност за да раскажувам приказни за Газа
Speaker:
Амера Харуда
Description:

Кога Амера Харуда ќе го слушне звукот на бомбите или гранатите, таа оди право кон нив. „Сакам да бидам таму прва бидејќи тие приказни треба да бидат кажани“, вели првата жена која е новинарски помагач во Газа, улога која ѝ овозможува да ги води новинарите во хаотични воени сценарија во нејзината родна земја, која таа ја сака и покрај ужасната ситуација во која се наоѓа. Дознајте што ја мотивира Харуда да прозбори за човечките страдања во Газа во овој незборавлив говор.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
08:38

Macedonian subtitles

Revisions