Return to Video

Лиза Кристин: Фотографии кои сведочат за современото ропство

  • 0:01 - 0:07
    Се наоѓам на длабочина од 45 метри во едно нелегално рудaрско окно во Гана.
  • 0:07 - 0:11
    Воздухот е тежок, врел, правлив
  • 0:11 - 0:15
    и тешко се дише.
  • 0:15 - 0:18
    Можам да ги почувствувам испотените тела,
    кои поминуваат покрај мене
  • 0:18 - 0:22
    во темнината, но не можам да видам ништо друго.
  • 0:22 - 0:26
    Слушам гласови, но окното во суштина
  • 0:26 - 0:30
    е какофонија од луѓе кои кашлаат
  • 0:30 - 0:34
    и камења, кои се кршат со примитивни алатки.
  • 0:34 - 0:38
    Како и другите луѓе, носам ефтина ламба која трепери,
  • 0:38 - 0:43
    прицврстена за мојата глава со еластичен, искинат стегач
  • 0:43 - 0:46
    и одвај ги распознавам мазните дрвени стебла
  • 0:46 - 0:49
    кои го потпираат ѕидот на тесната дупка
  • 0:49 - 0:54
    која е длабока стотици метри.
  • 0:54 - 0:57
    Кога и да ми се лизнеше раката, наеднаш се присетував на еден рудар
  • 0:57 - 1:01
    кој го сретнав неколку дена претходно, кој имаше изгубено рамнотежа
  • 1:01 - 1:06
    и беше паднал многу длабоко во окното.
  • 1:06 - 1:08
    Додека зборувам пред вас денес,
  • 1:08 - 1:12
    тие мажи се сè уште длабоко во таа дупка,
  • 1:12 - 1:15
    ризикувајќи го својот живот без плата или некаков надомест
  • 1:15 - 1:19
    и честопати умираат таму.
  • 1:19 - 1:24
    Јас успеав да излезам од таа дупка и успеав да си отидам дома,
  • 1:24 - 1:30
    но тие веројатно никогаш нема да излезат бидејќи се во заробеништво.
  • 1:30 - 1:33
    Во текот на изминативе 28 години, ги документирав
  • 1:33 - 1:35
    домородните култури во повеќе од 70 држави
  • 1:35 - 1:39
    на шест континенти и во 2009 г. ја имав големата чест
  • 1:39 - 1:44
    да бидам единствениот изложувач на Мировниот самит во Ванкувер.
  • 1:44 - 1:47
    Помеѓу сите неверојатни луѓе, кои ги сретнав таму,
  • 1:47 - 1:50
    сретнав еден поддржувач на „Ослободете ги робовите,“ тоа е невладина организација,
  • 1:50 - 1:56
    посветена на искоренување на современото ропство.
  • 1:56 - 1:59
    Започнавме да зборуваме за ропството и навистина
  • 1:59 - 2:01
    почнав да учам нешто за ропството
  • 2:01 - 2:05
    за кое со сигурност знаев дека постои во светот,
  • 2:05 - 2:08
    меѓутоа не до толкав степен.
  • 2:08 - 2:11
    Откако завршивме со разговорот, се почувствував многу лошо
  • 2:11 - 2:15
    и бев навистина засрамена поради моето незнаење
  • 2:15 - 2:18
    за тој ужас, кој се случуваше во моментов и си помислив,
  • 2:18 - 2:23
    дека ако јас не знам за тоа, тогаш колку многу други луѓе исто така не знаат за ова?
  • 2:23 - 2:27
    Тоа започна да ме копка одвнатре и после неколку недели
  • 2:27 - 2:30
    одлетав до Лос Анџелес за да се сретнам со директорот на
  • 2:30 - 2:33
    „Ослободете ги робовите“ и да му ја понудам мојата помош.
  • 2:33 - 2:38
    Така започна моето патешествие во ропството на современиот свет.
  • 2:38 - 2:41
    Чудно, но и претходно сум била во многу од тие места.
  • 2:41 - 2:44
    Некои од нив дури и ги сметав за втор дом.
  • 2:44 - 2:52
    Но, овој пат би ги набљудувала нивните скриени страни.
  • 2:52 - 2:54
    Просечната проценка ни кажува дека има повеќе од
  • 2:54 - 2:58
    27 милиони луѓе, коишто денеска се робови.
  • 2:58 - 3:02
    Тоа е двојно повеќе од луѓето, земени од Африка
  • 3:02 - 3:06
    во текот на целата транс-атлантска трговија со робови.
  • 3:06 - 3:09
    Пред сто и педесет години, еден земјоделски роб
  • 3:09 - 3:13
    чинеше околу три пати повеќе од годишната плата
  • 3:13 - 3:15
    на еден американски работник.
  • 3:15 - 3:19
    Тоа е еднакво на денешни 50.000 долари.
  • 3:19 - 3:24
    Денес, цели семејства можат да бидат поробени со поколенија
  • 3:24 - 3:29
    само поради долг од 18 долари.
  • 3:29 - 3:32
    Зачудувачки, ропството носи заработувачка
  • 3:32 - 3:37
    од повеќе од 13 милијарди долари секоја година во светот.
  • 3:37 - 3:40
    Многу луѓе биле измамени преку лажни ветувања
  • 3:40 - 3:45
    за добро образование, подобра работа, а на крај се соочуваат
  • 3:45 - 3:48
    со принудна работа без плата, под закана
  • 3:48 - 3:54
    за насилство и затоа не можат да се оттрнат од таму.
  • 3:54 - 3:57
    Во современото ропство станува збор за трговија,
  • 3:57 - 4:01
    на тој начин што производите коишто поробените луѓе ги произведуваат,
  • 4:01 - 4:06
    имаат цена, а луѓето пак служат за еднократна употреба.
  • 4:06 - 4:11
    Ропството постои речиси насекаде во светот
  • 4:11 - 4:18
    и покрај тоа што е нелегално секаде во светот.
  • 4:18 - 4:22
    Во Индија и Непал ми покажаа печки за печење на тули.
  • 4:22 - 4:25
    Таа чудна и страшна глетка беше како
  • 4:25 - 4:29
    прошетка во древен Египет или во „Пеколот“ на Данте.
  • 4:29 - 4:33
    При температура од 54 степени,
  • 4:33 - 4:37
    мажи, жени, деца, цели семејства всушност,
  • 4:37 - 4:40
    беа прекриени со дебел слој на прашина
  • 4:40 - 4:43
    додека механички редеа тули врз своите глави,
  • 4:43 - 4:46
    по 18 наеднаш и ги носеа
  • 4:46 - 4:51
    од врелите печки до камионите кои се наоѓаа на стотици метри одалеченост.
  • 4:51 - 4:55
    Умртвени од монотонијата и истоштеноста,
  • 4:55 - 5:00
    тие работат тивко, извршувајќи ја оваа задача одново и одново
  • 5:00 - 5:04
    16 или 17 часа дневно.
  • 5:04 - 5:07
    Немаше паузи за храна, немаше паузи за пиење вода,
  • 5:07 - 5:10
    а поради тешката дехидрација, уринирањето беше
  • 5:10 - 5:13
    сведено на минимум.
  • 5:13 - 5:15
    Топлината и правот беа толку многу продорни
  • 5:15 - 5:19
    што фотоапаратот стана прежежок, дури и за да го допрам
  • 5:19 - 5:21
    и престана да работи.
  • 5:21 - 5:24
    На секои 20 минути требаше да трчам до џипот
  • 5:24 - 5:27
    за да ја чистам опремата и да ја ставам под клима уред,
  • 5:27 - 5:31
    да ја оживеам; и додека седев таму,
  • 5:31 - 5:35
    си помислив, дека мојот фотоапарат добива многу подобар третман
  • 5:35 - 5:37
    отколку овие луѓе.
  • 5:37 - 5:40
    Кога се вратив кај печките, сакав да заплачам,
  • 5:40 - 5:44
    но аболиционистот кој беше до мене веднаш ме зграпчи
  • 5:44 - 5:48
    и рече: "Лиза, немој. Само немој овде."
  • 5:48 - 5:52
    Тој многу јасно ми објасни, дека покажувањето емоции
  • 5:52 - 5:54
    е многу опасно на едно такво место,
  • 5:54 - 5:58
    не само за мене, туку и за нив.
  • 5:58 - 6:02
    Не можев да им понудам директна помош.
  • 6:02 - 6:05
    Не можев да им дадам пари, ништо.
  • 6:05 - 6:06
    Не бев граѓанин на таа држава.
  • 6:06 - 6:09
    Можев да им ја влошам и така лошата ситуација
  • 6:09 - 6:12
    во која веќе се наоѓаа.
  • 6:12 - 6:14
    Морав да се потпрам на „Ослободете ги робовите“ кои
  • 6:14 - 6:17
    за нивно ослободување се бореа преку правни механизми
  • 6:17 - 6:21
    и верував дека ќе успеат во тоа.
  • 6:21 - 6:24
    Што се однесува до мене, морав да почекам до дома
  • 6:24 - 6:28
    за навистина да ја почувствувам мојата болка.
  • 6:28 - 6:31
    На Хималаите налетав на деца, кои носеа камења
  • 6:31 - 6:34
    со километри по планински терен
  • 6:34 - 6:37
    до камионите, коишто чекаа на патот.
  • 6:37 - 6:39
    Големите камени плочи беа потешки
  • 6:39 - 6:42
    од самите деца кои ги носеа,
  • 6:42 - 6:44
    а ги носеа обесувајќи ги на своите глави
  • 6:44 - 6:48
    со помош на рачно изработени рамки од стапови и јажиња
  • 6:48 - 6:50
    и искината ткаенина.
  • 6:50 - 6:54
    Тешко е да се набљудува нешто толку измачувачко.
  • 6:54 - 6:57
    Како можеме да влијаеме врз нешто толку ужасно,
  • 6:57 - 7:00
    а коешто е толку широко распространето?
  • 7:00 - 7:02
    Некои од нив дури и не знаат дека се робови,
  • 7:02 - 7:07
    луѓе коишто работат 16, 17 часа дневно без плата,
  • 7:07 - 7:11
    бидејќи вака им поминувал целиот нивен живот.
  • 7:11 - 7:15
    Немаат со што да го споредат.
  • 7:15 - 7:18
    Кога овие селани застанаа за својата слобода,
  • 7:18 - 7:24
    робовласниците им ги запалија сите нивни куќи.
  • 7:24 - 7:26
    Мислам, овие луѓе немаа ништо,
  • 7:26 - 7:29
    и беа толку исплашени, што сакаа да се откажат,
  • 7:29 - 7:33
    но жената од центарот ги убеди да настојуваат
  • 7:33 - 7:35
    а аболиционистите
  • 7:35 - 7:38
    им помогнаа да изнајмат сопствен каменолом,
  • 7:38 - 7:41
    така што, тие сега ја работат истата макотрпна работа,
  • 7:41 - 7:45
    но работат за себе, им се плаќа за тоа и исто така
  • 7:45 - 7:49
    тие се слободни.
  • 7:49 - 7:51
    Трговијата со луѓе е нешто на кое често помислуваме,
  • 7:51 - 7:53
    кога ќе слушнеме за ропството во светот
  • 7:53 - 7:55
    и поради оваа глобална свесност,
  • 7:55 - 7:58
    ме предупредија дека ќе биде опасно да работам безбедно
  • 7:58 - 8:00
    во оваа индустрија.
  • 8:00 - 8:03
    Во Катманду, бев придружувана од жени, коишто
  • 8:03 - 8:07
    претходно и самите биле секс робинки.
  • 8:07 - 8:09
    Тие ме однесоа надолу по едни тесни скали
  • 8:09 - 8:15
    коишто водеа до еден валкан, слабо осветлен подрум.
  • 8:15 - 8:17
    Тоа не беше јавна куќа, само по себе.
  • 8:17 - 8:19
    Повеќе изгледаше на ресторан.
  • 8:19 - 8:21
    Кабинските ресторани, како што се познати во трговијата,
  • 8:21 - 8:24
    се места за присилна проституција.
  • 8:24 - 8:27
    Секој од нив има мали, приватни соби, каде робовите,
  • 8:27 - 8:30
    жени, заедно со мали момчиња и девојчиња,
  • 8:30 - 8:32
    некои од нив едвај седумгодишни,
  • 8:32 - 8:34
    се присилувани да ги забавуваат клиентите,
  • 8:34 - 8:38
    притоа поттикнувајќи ги да купуваат повеќе храна и алкохол.
  • 8:38 - 8:41
    Секоја собичка е мрачна и валкана,
  • 8:41 - 8:45
    означена со број кој е обоен на ѕидот,
  • 8:45 - 8:49
    и притоа се поделени со шперплоча и завеса.
  • 8:49 - 8:53
    Работниците овде честопати претрпуваат трагични сексуални
  • 8:53 - 8:55
    злоставувања во рацете на нивните клиенти.
  • 8:55 - 8:58
    Додека стоев во темнината, почувствував
  • 8:58 - 9:02
    еден брз и силен страв и во тој момент
  • 9:02 - 9:05
    можев само да си претпоставам, какво е чувството
  • 9:05 - 9:07
    да бидеш заробен во тој пекол.
  • 9:07 - 9:12
    Имав само еден излез: скалите од каде што влегов.
  • 9:12 - 9:14
    Немаше заден излез.
  • 9:14 - 9:16
    Немаше големи прозорци за да се прекачиш.
  • 9:16 - 9:21
    Овие луѓе немаа никаков излез
  • 9:21 - 9:24
    и додека зборуваме за една ваква тешка тема,
  • 9:24 - 9:28
    важно е да се каже дека ропството, вклучително и трговијата со луѓе,
  • 9:28 - 9:31
    исто така ја има и во „нашиот двор.“
  • 9:31 - 9:36
    Илјадници луѓе се заробени во земјоделството,
  • 9:36 - 9:39
    во рестораните, во домашен притвор
  • 9:39 - 9:41
    и уште на многу други места.
  • 9:41 - 9:44
    Неодамна, Њујорк Тајмс објави дека
  • 9:44 - 9:50
    помеѓу 100.000 и 300.000 американски деца
  • 9:50 - 9:54
    секоја година се продаваат за сексуални услуги.
  • 9:54 - 10:00
    Тоа се случува околу нас. Едноставно не го забележуваме.
  • 10:00 - 10:04
    Текстилната индустрија е друг пример на кој ни текнува
  • 10:04 - 10:06
    кога ќе слушнеме за робовскиот труд.
  • 10:06 - 10:11
    Посетив села во Индија, каде цели семејства се поробени
  • 10:11 - 10:13
    во трговијата на свила.
  • 10:13 - 10:16
    Ова е семеен портрет.
  • 10:16 - 10:20
    Црно офарбаните раце се на таткото, додека пак сините
  • 10:20 - 10:22
    и црвените раце се на неговите синови.
  • 10:22 - 10:25
    Тие мешаат боја во овие големи буриња,
  • 10:25 - 10:29
    и ја потопуваат свилата во течноста се до нивните лакти,
  • 10:29 - 10:34
    но бојата е отровна.
  • 10:34 - 10:37
    Преведувачот ми го раскажа нивното минато.
  • 10:37 - 10:41
    „Немаме слобода,“ велеа тие.
  • 10:41 - 10:44
    „Сепак, се надеваме, дека ќе можеме да ја напуштиме оваа куќа
  • 10:44 - 10:46
    еден ден и дека ќе отидеме на друго место,
  • 10:46 - 10:52
    кадешто ќе ни плаќаат за бојадисувањето.“
  • 10:52 - 10:57
    Се проценува, дека повеќе од 4 000 деца
  • 10:57 - 10:59
    се поробени на Езерото Волта,
  • 10:59 - 11:04
    најголемото вештачко езеро во светот.
  • 11:04 - 11:07
    Кога пристигнавме, набрзина разгледав.
  • 11:07 - 11:10
    Најпрвин ми личеше на семејство во чамец, кое лови риби,
  • 11:10 - 11:14
    двајца постари браќа, неколку помали деца, тоа има смисла нели?
  • 11:14 - 11:18
    Грешка. Сите тие беа поробени.
  • 11:18 - 11:21
    Децата ги земаат од нивните семејства
  • 11:21 - 11:23
    ги препродаваат и им се губи трагата,
  • 11:23 - 11:26
    а потоа ги принудуваат да работат бескрајни часови на овие чамци
  • 11:26 - 11:31
    на езерото, дури иако не знаат да пливаат.
  • 11:31 - 11:33
    Ова мало дете има осум години.
  • 11:33 - 11:36
    Тоа трепереше, кога нашиот чамецот му се приближи,
  • 11:36 - 11:39
    исплашено дека ќе го прегазиме во неговото мало кану.
  • 11:39 - 11:42
    Беше исплашено дека ќе се преврти во водата.
  • 11:42 - 11:45
    Во голите гранки на дрвјата потопени во езерото Волта,
  • 11:45 - 11:49
    често се заплеткуваат риболовните мрежи, а изморените,
  • 11:49 - 11:53
    исплашени деца ги фрлаат во водата,
  • 11:53 - 11:55
    за да ги отплеткаат.
  • 11:55 - 11:58
    Многу од нив се дават.
  • 11:58 - 12:01
    Колку што се сеќаваше, тој бил принуден да работи
  • 12:01 - 12:03
    на езерото.
  • 12:03 - 12:07
    Исплашен од својот господар, тој не бегал
  • 12:07 - 12:10
    и бидејќи целиот живот сурово се однесувале кон него,
  • 12:10 - 12:13
    на истиот тој начин, тој ги третирал помладите робови
  • 12:13 - 12:16
    со коишто управуваше.
  • 12:16 - 12:18
    Овие момчиња ги сретнав во пет часот изутрината,
  • 12:18 - 12:20
    кога ја фрлаа последната мрежа,
  • 12:20 - 12:23
    но тие работеа уште од 1 часот по полноќ
  • 12:23 - 12:27
    во студената и ветровита ноќ.
  • 12:27 - 12:30
    Важно е да се каже, дека овие мрежи тежеа
  • 12:30 - 12:34
    повеќе од половина тон тогаш кога се полни со риба.
  • 12:34 - 12:39
    Сакам да ви го претставам Кофи.
  • 12:39 - 12:42
    Кофи беше спасен од едно риболовно село.
  • 12:42 - 12:45
    Го сретнав во засолништето, каде „Ослободете ги робовите“
  • 12:45 - 12:49
    ги рехабилитираа жртвите на ропство.
  • 12:49 - 12:51
    Тука тој се бања на кладенецот,
  • 12:51 - 12:54
    сипувајќи големи кофи вода врз главата,
  • 12:54 - 12:56
    и прекрасната вест е дека
  • 12:56 - 12:58
    додека јас и вие зборуваме денеска,
  • 12:58 - 13:01
    Кофи повторно е со неговото семејство
  • 13:01 - 13:04
    и она што е уште подобро, на семејството му дадоа алатки
  • 13:04 - 13:10
    со кои ќе заработуваат за живот и со кои ќе ја осигураат безбедноста на децата.
  • 13:10 - 13:14
    Кофи е отелотворување на можноста.
  • 13:14 - 13:19
    Што ќе постане тој бидејќи некој се заложил за него
  • 13:19 - 13:22
    и му го променил животот?
  • 13:22 - 13:25
    Додека се возевме по еден пат во Гана
  • 13:25 - 13:27
    со партнерите од „Ослободете ги робовите,“
  • 13:27 - 13:30
    еден колега аболиционист на мотор наеднаш забрза
  • 13:30 - 13:33
    до нашиот џип и ни чукна на прозорецот.
  • 13:33 - 13:37
    Ни рече да го следиме по еден валкан пат кој водеше во џунглата.
  • 13:37 - 13:40
    На крајот од патот, нè извади од колата,
  • 13:40 - 13:43
    и му кажа на возачот веднаш да си замине.
  • 13:43 - 13:46
    Потоа покажа кон една одвај забележлива патека
  • 13:46 - 13:50
    и рече: „Тоа е патот, тоа е патот. Одете.“
  • 13:50 - 13:54
    Движејќи се, ги тргавме лозите настрана
  • 13:54 - 13:58
    коишто го блокираа патот и после еден час пешачење,
  • 13:58 - 14:03
    видов дека патеката е поплавена од неодамнешните дождови,
  • 14:03 - 14:05
    па затоа, го кревав фотоапаратот над глава
  • 14:05 - 14:10
    како што одевме понатаму, бидејќи водата веќе ми беше до гради.
  • 14:10 - 14:13
    После два часа пешачење, патчето
  • 14:13 - 14:18
    ненадејно заврши на една чистинка и пред нас
  • 14:18 - 14:20
    имаше многу дупки,
  • 14:20 - 14:23
    кои беа со големина на фудбалско игралиште,
  • 14:23 - 14:29
    и сите беа полни со робови, коишто работеа.
  • 14:29 - 14:32
    Многу жени имаа деца кои им беа прицврстени за грб,
  • 14:32 - 14:34
    додека тие го промиваа златоносниот песок,
  • 14:34 - 14:39
    движејќи се во водата загадена со жива.
  • 14:39 - 14:43
    Живата се користи во прочистителниот процес.
  • 14:43 - 14:47
    Овие рудари се робови во едно рударско окно
  • 14:47 - 14:50
    во друг дел од Гана.
  • 14:50 - 14:52
    Кога излегуваа од окното, тие беа жива вода
  • 14:52 - 14:55
    од сопствената пот.
  • 14:55 - 14:59
    Се сеќавам дека ги гледав во изморените и крвави очи,
  • 14:59 - 15:04
    бидејќи многу од нив под земја беа и по 72 часа.
  • 15:04 - 15:08
    Јамите се со длабочина до 90 метри, а тие со себе носат
  • 15:08 - 15:12
    тешки вреќи со камења, коишто подоцна ќе бидат транспортирани
  • 15:12 - 15:15
    до друга област, каде камењата ќе бидат дробени,
  • 15:15 - 15:19
    за да може да се извлече златото.
  • 15:19 - 15:23
    На прв поглед, местот за дробење изгледа како да е полно
  • 15:23 - 15:28
    со силни мажи, но кога погледнавме одблизу,
  • 15:28 - 15:32
    видовме некои несреќници кои работеа по страните,
  • 15:32 - 15:35
    а исто така и деца.
  • 15:35 - 15:42
    Сите се жртви на повреди, болести и насилство.
  • 15:42 - 15:46
    Всушност, многу е веројатно дека овој мускулест човек
  • 15:46 - 15:50
    ќе заврши како овој овде, погоден од туберкулоза
  • 15:50 - 15:55
    и труење со жива само после неколку години.
  • 15:55 - 15:59
    Ова е Мануру. Кога татко му починал,
  • 15:59 - 16:03
    неговиот чичко го продал за да работи со него во рудниците.
  • 16:03 - 16:07
    Кога чичко му починал, Мануру го наследил неговиот долг
  • 16:07 - 16:12
    што и понатаму го принудило да остане роб во рудниците.
  • 16:12 - 16:15
    Кога го сретнав, тој работеше во рудниците
  • 16:15 - 16:20
    од 14 години, а повредата на ногата, која ја гледате овде
  • 16:20 - 16:22
    е како резултат на несреќа во рудникот,
  • 16:22 - 16:27
    толку тешка, што лекарите велат дека треба да му биде ампутирана.
  • 16:27 - 16:31
    Како капак на сè, Мануру има и туберкулоза,
  • 16:31 - 16:34
    но и покрај тоа, тој е принуден да работи секој ден
  • 16:34 - 16:36
    во оваа рударска јама.
  • 16:36 - 16:41
    И покрај тоа, тој сонува дека ќе биде ослободен
  • 16:41 - 16:44
    и дека ќе се образува со помош на локалните активисти,
  • 16:44 - 16:47
    како што се „Ослободете ги робовите,“
  • 16:47 - 16:49
    и токму таквата решителност,
  • 16:49 - 16:53
    наспроти многу малите шанси,
  • 16:53 - 17:00
    е она што ме исполнува со стравопочит.
  • 17:00 - 17:04
    Сакам да фрлам светлина врз ропството.
  • 17:04 - 17:06
    Додека работев на полето
  • 17:06 - 17:09
    донесов многу свеќи со мене
  • 17:09 - 17:11
    и со помошта на мојот преведувач,
  • 17:11 - 17:14
    им кажав на луѓето кои ги фотографирав
  • 17:14 - 17:17
    дека сакам да ги расветлам нивните приказни
  • 17:17 - 17:19
    и нивната судбина,
  • 17:19 - 17:22
    а кога не беше опасно за нив и за мене,
  • 17:22 - 17:26
    ги направив овие слики.
  • 17:26 - 17:28
    Тие знаеа, дека нивната слика ќе биде видена
  • 17:28 - 17:30
    од вас насекаде низ светот.
  • 17:30 - 17:34
    Сакав тие да знаат, дека ќе сведочиме
  • 17:34 - 17:37
    за нив и дека ќе направиме сè што можеме
  • 17:37 - 17:42
    за да им помогнеме да си го променат животот.
  • 17:42 - 17:46
    Вистински верувам, дека ако едни со други се гледаме
  • 17:46 - 17:50
    како еднакви човечки битија, тогаш ќе биде многу тешко
  • 17:50 - 17:55
    да се толерираат злосторствата налик на ропството.
  • 17:55 - 17:59
    Ова не се фотографии на проблеми. Тоа се фотографии на луѓе,
  • 17:59 - 18:02
    вистински луѓе, како вас и мене, кои ги заслужуваат
  • 18:02 - 18:06
    истите права, достоинство и почит
  • 18:06 - 18:08
    во своите животи.
  • 18:08 - 18:11
    Нема ден, а да не мислам
  • 18:11 - 18:16
    на овие многубројни, убави, малтретирани луѓе,
  • 18:16 - 18:21
    што имав голема чест да ги сретнам.
  • 18:21 - 18:25
    Се надевам, дека овие фотографии ќе побудат сила
  • 18:25 - 18:28
    во оние кои ги гледат, во луѓето како вас
  • 18:28 - 18:32
    и се надевам дека силата ќе запали оган
  • 18:32 - 18:37
    и дека тој оган ќе фрли светлина врз ропството,
  • 18:37 - 18:41
    бидејќи без таа светлина, ѕверот наречен ропство
  • 18:41 - 18:44
    ќе продолжи да живее во сенките.
  • 18:44 - 18:47
    Многу ви благодарам.
  • 18:47 - 19:00
    (Аплауз)
Title:
Лиза Кристин: Фотографии кои сведочат за современото ропство
Speaker:
Lisa Kristine
Description:

Во текот на изминативе две години, фотографот Лиза Кристин патуваше низ светот, истовремено документирајќи ја неподносливата и тешка реалност наречена современо ропство. Таа со нас споделува вознемирувачки, но сепак прекрасни фотографии - рудари во Конго, редачи на тули во Непал - расветлувајќи ја судбината на 27 милиони души, коишто се поробени насекаде низ светот. (Снимено на TEDx Maui)

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
19:21

Macedonian subtitles

Revisions