Return to Video

Џена МекКарти: Што не знаете за бракот

  • 0:00 - 0:03
    Секоја година само во Америка,
  • 0:03 - 0:06
    2,077,000 парови
  • 0:06 - 0:09
    донесуваат легална и духовна одлука
  • 0:09 - 0:13
    да го поминат остатокот од животот заедно...
  • 0:13 - 0:15
    (смеење)
  • 0:15 - 0:18
    без да имаат секс со било кој друг,
  • 0:18 - 0:21
    некогаш.
  • 0:21 - 0:24
    Тој купува прстен, таа купува фустан.
  • 0:24 - 0:26
    Тие одат да купуваат
  • 0:26 - 0:28
    најразлични работи.
  • 0:28 - 0:30
    Таа го носи кај Артур Мареј
  • 0:30 - 0:33
    на часови за балско танцување.
  • 0:33 - 0:35
    И големиот ден доаѓа.
  • 0:35 - 0:38
    И тие ќе застанат пред Господ и фамилијата
  • 0:38 - 0:41
    и некое момче со кое нејзиниот татко порано работел,
  • 0:41 - 0:43
    и тие ќе си ветат дека ништо,
  • 0:43 - 0:45
    ниту потполната сиромаштија,
  • 0:45 - 0:48
    ниту животно опасните болести,
  • 0:48 - 0:51
    ниту комплетната и крајна мизерија
  • 0:51 - 0:54
    никогаш нема ни малку да ја намали
  • 0:54 - 0:56
    нивната вечна љубов и приврзаност.
  • 0:56 - 0:58
    (смеење)
  • 0:58 - 1:00
    Овие оптимистични млади будали
  • 1:00 - 1:02
    ветуваат дека ќе се почитуваат и ценат меѓусебно
  • 1:02 - 1:04
    и во зло
  • 1:04 - 1:07
    и во животните кризи
  • 1:07 - 1:10
    и при накачени 20 кг вишок,
  • 1:10 - 1:13
    сè до оној далечен ден
  • 1:13 - 1:15
    кога еден од нив конечно ќе може
  • 1:15 - 1:18
    да почива во мир.
  • 1:18 - 1:21
    Знаете, бидејќи тогаш нема веќе да го слуша 'рчењето на другиот.
  • 1:21 - 1:23
    И тогаш тие ужасно ќе се опијанат
  • 1:23 - 1:26
    и ќе си фрлат парче од тортата в лице и ќе играат „Макарена“,
  • 1:26 - 1:28
    а ние ќе бидеме таму
  • 1:28 - 1:30
    да ги опсипеме со салфетки и здравици
  • 1:30 - 1:32
    да ги испиеме нивните бесплатни пијачки
  • 1:32 - 1:34
    и да фрламе жито над нив
  • 1:34 - 1:36
    секој пат,
  • 1:36 - 1:38
    и покрај тоа што знаеме дека,
  • 1:38 - 1:40
    статистички,
  • 1:40 - 1:43
    половина од нив ќе се разведат во рок од десетина години.
  • 1:43 - 1:46
    (смеење)
  • 1:46 - 1:48
    Секако, другата половина ќе остане, нели?
  • 1:48 - 1:51
    Тие постојано ќе ја забораваат годишнината
  • 1:51 - 1:54
    и ќе се расправаат за тоа каде да одат за празниците
  • 1:54 - 1:56
    и ќе дебатираат на која страна
  • 1:56 - 1:58
    тоалетната хартија
  • 1:58 - 2:00
    треба да се одмотува.
  • 2:00 - 2:02
    А некои од нив
  • 2:02 - 2:06
    и покрај тоа, ќе уживаат во живеењето заедно
  • 2:06 - 2:09
    дури и кога ниту еден од нив нема да може да џвака нешто цврсто.
  • 2:09 - 2:12
    И истражувачите посакаа да дознаат зошто.
  • 2:12 - 2:15
    Мислам, погледнете, не е потребна плацебо контролирана студија
  • 2:15 - 2:19
    за да се открие поради што бракот не функционира.
  • 2:19 - 2:21
    Непочитување, здодевност,
  • 2:21 - 2:24
    премногу време на Фејсбук,
  • 2:24 - 2:26
    секс со други луѓе.
  • 2:26 - 2:29
    Но можете да го имате и тотално спротивното од ова,
  • 2:29 - 2:32
    почитување, возбуда,
  • 2:32 - 2:34
    прекината интернет врска,
  • 2:34 - 2:38
    затапувачка моногамија,
  • 2:38 - 2:41
    и пак работите може да отидат по ѓаволите.
  • 2:41 - 2:44
    Па, што се случува кога тоа нема да се случи?
  • 2:44 - 2:46
    Што имаат заедничко луѓето кои
  • 2:46 - 2:48
    стигнуваат до тоа да лежат
  • 2:48 - 2:50
    еден покрај друг во земјата?
  • 2:50 - 2:52
    Што прават тие правилно?
  • 2:52 - 2:55
    Што можеме да научиме од нив?
  • 2:55 - 2:59
    А ако вие сè уште среќно си спиете сами,
  • 2:59 - 3:01
    зошто би требало да престанете со тоа
  • 3:01 - 3:03
    и да го посветите животот
  • 3:03 - 3:06
    на барање на таа посебна личност
  • 3:06 - 3:09
    која ќе можете да ја нервирате до крајот на животот?
  • 3:09 - 3:12
    Истражувачите потрошија милијарди од вашите даноци
  • 3:12 - 3:14
    за да го дознаат тоа.
  • 3:14 - 3:16
    Тие ги прогонуваат среќните парови
  • 3:16 - 3:19
    и го проучуваат секое нивно движење и однесување.
  • 3:19 - 3:21
    Се обидуваат точно да утврдат што е тоа
  • 3:21 - 3:23
    што ги прави различни
  • 3:23 - 3:25
    од нивните мизерни соседи и пријатели.
  • 3:25 - 3:27
    Произлегува дека,
  • 3:27 - 3:29
    успешните приказни
  • 3:29 - 3:31
    имаат неколку сличности,
  • 3:31 - 3:34
    всушност, освен тоа што немаат секс со други луѓе.
  • 3:34 - 3:37
    На пример, кај најсреќните бракови,
  • 3:37 - 3:40
    сопругата е повитка и подобро изгледа од сопругот.
  • 3:40 - 3:42
    (смеење)
  • 3:42 - 3:44
    Очигледно, нели.
  • 3:44 - 3:46
    Очигледно дека ова доведува до благосостојба во бракот
  • 3:46 - 3:48
    бидејќи, ние жените многу се грижиме
  • 3:48 - 3:50
    за тоа да бидеме витки и да изгледаме добро,
  • 3:50 - 3:53
    а повеќето мажи најмногу им е грижа за сексот....
  • 3:53 - 3:55
    идеално со жени
  • 3:55 - 3:57
    кои се витки и подобро изгледаат од нив.
  • 3:57 - 3:59
    Убавината на ова истражување е
  • 3:59 - 4:01
    во тоа што никој не предлага
  • 4:01 - 4:03
    дека жените треба да бидат витки за да бидат среќни;
  • 4:03 - 4:06
    туку едноставно треба да бидеме повитки од нашите партнери.
  • 4:06 - 4:08
    Па наместо сите тие напорни
  • 4:08 - 4:10
    диети и вежби,
  • 4:10 - 4:14
    ние само треба да чекаме мажите да се здебелат,
  • 4:14 - 4:16
    можеби да направиме неколку пити.
  • 4:16 - 4:18
    Добро е да се има оваа информација,
  • 4:18 - 4:21
    и воопшто не е комплицирано.
  • 4:21 - 4:23
    Истражувањето исто така препорачува
  • 4:23 - 4:25
    дека најсреќните парови
  • 4:25 - 4:27
    се оние кои се фокусираат на позитивноста.
  • 4:27 - 4:29
    На пример, среќната сопруга.
  • 4:29 - 4:32
    Наместо да го потенцира зголемувањето на стомакот на сопругот
  • 4:32 - 4:34
    или да му предлага да оди да трча,
  • 4:34 - 4:36
    таа може да каже,
  • 4:36 - 4:39
    „Леле, драги, ти благодарам што толку се здебели
  • 4:39 - 4:42
    за да јас бидам релативно витката.“
  • 4:42 - 4:45
    Ова се парови кои можат да го најдат доброто во секоја ситуација.
  • 4:45 - 4:47
    „Да, беше ужасно
  • 4:47 - 4:50
    кога изгубивме сè во тој пожар,
  • 4:50 - 4:53
    но некако е убаво да се спие овде вака под ѕвездите,
  • 4:53 - 4:55
    и добро е што си ти вака здебелен
  • 4:55 - 4:57
    за да можеш да нè згрееш.“
  • 4:57 - 5:00
    Една од моите омилени студии откри
  • 5:00 - 5:03
    дека колку повеќе е спремен сопругот да ги извршува домашните работи,
  • 5:03 - 5:06
    толку повеќе ќе биде атрактивен за неговата сопруга.
  • 5:06 - 5:10
    Бидејќи ни требаше истражување за да ни го каже ова.
  • 5:10 - 5:12
    Но еве што се случува овде.
  • 5:12 - 5:15
    Колку поатрактивен е тој за нејзе, толку повеќе ќе имаат секс;
  • 5:15 - 5:17
    колку повеќе секс имаат, толку повеќе тој е фин со нејзе;
  • 5:17 - 5:19
    колку е пофин со нејзе,
  • 5:19 - 5:22
    толку помалку таа ќе го заморува за тоа што ги оставил мокрите пешкири на креветот,
  • 5:22 - 5:25
    и така, тие ќе си живеат среќно до крајот на животот.
  • 5:25 - 5:28
    Со други зборови, мажи, вие би можеле малку да поработите
  • 5:28 - 5:31
    низ домот.
  • 5:31 - 5:33
    Еве нешто интересно.
  • 5:33 - 5:35
    Едно истражување откри
  • 5:35 - 5:38
    дека луѓето кои се смеат на фотографиите од детството
  • 5:38 - 5:40
    помала е веројатноста дека ќе се разведат.
  • 5:40 - 5:42
    Ова е вистинско истражување,
  • 5:42 - 5:44
    и дозволете да го објаснам.
  • 5:44 - 5:46
    Истражувачите не бараа
  • 5:46 - 5:48
    документирани изјави за среќно детство
  • 5:48 - 5:50
    ниту пак ги проучуваа старите дневници.
  • 5:50 - 5:52
    Податоците се базираа целосно
  • 5:52 - 5:55
    на тоа дали луѓето изгледале среќно
  • 5:55 - 5:57
    на сликите од детството.
  • 5:57 - 6:00
    Сега јас не знам на која возраст сте сите вие овде,
  • 6:00 - 6:02
    но јас кога бев дете,
  • 6:02 - 6:04
    вашите родители ги правеа сликите со специјални камери
  • 6:04 - 6:07
    кои имаа во себе филм,
  • 6:07 - 6:11
    а, Бога ми, филмот беше скап.
  • 6:11 - 6:13
    Тие не правеа по 300 слики од вас
  • 6:13 - 6:16
    на оној брз дигитален видео начин
  • 6:16 - 6:18
    а потоа да ги изберат само најубавите, на кои најмногу се смеете
  • 6:18 - 6:20
    за Божиќната честитка.
  • 6:20 - 6:22
    О, не.
  • 6:22 - 6:24
    Тие би ве облекле, ќе ве наределе,
  • 6:24 - 6:26
    и ќе му се смеете на ебениот апарат како што ќе ви кажат
  • 6:26 - 6:29
    во спротивно ќе се збогувате со роденденската забава.
  • 6:29 - 6:31
    Но сепак, јас имам голем број
  • 6:31 - 6:33
    на лажно среќни слики од детството
  • 6:33 - 6:36
    и мило ми е што според нив, имам помали шанси
  • 6:36 - 6:38
    да се разведам.
  • 6:38 - 6:40
    Па што друго би можеле да направите
  • 6:40 - 6:42
    за да го заштитите вашиот брак?
  • 6:42 - 6:45
    Да не го освоите Оскарот за најдобра актерка.
  • 6:45 - 6:47
    (смеење)
  • 6:47 - 6:49
    Сериозна сум.
  • 6:49 - 6:51
    Бети Дејвис, Џоан Крафорд, Хали Бери, Хилари Свонк,
  • 6:51 - 6:53
    Сандра Булок, Рис Видерспун,
  • 6:53 - 6:55
    сите тие останаа сами
  • 6:55 - 6:57
    набрзо по добивањето на таа статуетка.
  • 6:57 - 6:59
    Тие всушност ја нарекуваат клетвата на Оскарот.
  • 6:59 - 7:01
    Тоа е смртен бакнеж за бракот
  • 7:01 - 7:04
    и нешто што треба да се избегнува.
  • 7:04 - 7:06
    И не е само успешното глумење во филмот
  • 7:06 - 7:08
    е она што е опасно.
  • 7:08 - 7:12
    Се чини дека, самото гледање на една романтична комедија
  • 7:12 - 7:15
    доведува до драстично намалување на задоволството во врската.
  • 7:15 - 7:17
    (смеење)
  • 7:17 - 7:19
    Очигледно, огорченото сфаќање
  • 7:19 - 7:23
    дека можеби тоа би можело да ни се случи и нам,
  • 7:23 - 7:25
    но очигледно е дека не се случило и нема никогаш да се случи,
  • 7:25 - 7:27
    го прави нашиот живот неподносливо тмурен
  • 7:27 - 7:29
    кога правиме споредба.
  • 7:29 - 7:31
    И теоретски,
  • 7:31 - 7:34
    претпоставувам дека ако гледаме филм во кој некој е брутално убиен
  • 7:34 - 7:36
    или умира во ужасна сообраќајна незгода,
  • 7:36 - 7:39
    многу е веројатно дека ќе излеземе од киното
  • 7:39 - 7:42
    чувствувајќи дека тоа што го имаме е прилично добро.
  • 7:42 - 7:45
    Пиењето алкохол, се чини,
  • 7:45 - 7:47
    дека е лошо за вашиот брак.
  • 7:47 - 7:49
    Да.
  • 7:49 - 7:51
    Не можам да ви кажам нешто повеќе за тоа
  • 7:51 - 7:53
    бидејќи престанав со читањето после насловот.
  • 7:53 - 7:55
    Но ова е страшно:
  • 7:55 - 7:58
    Разводот е заразен.
  • 7:58 - 8:01
    Така е, кога имате блиски пријатели кои се развеле,
  • 8:01 - 8:03
    тоа ги зголемува шансите да се разведете
  • 8:03 - 8:06
    за околу 75 проценти.
  • 8:06 - 8:09
    Сега морам да ви кажам, дека ова воопшто не го разбирам.
  • 8:09 - 8:11
    Мојот сопруг и јас
  • 8:11 - 8:14
    гледавме прилично многу пријатели кои го делат својот имот
  • 8:14 - 8:16
    а потоа се измачуваат
  • 8:16 - 8:19
    на наши години да бидат сами
  • 8:19 - 8:21
    во ерата на сексуално допишување и вијагра
  • 8:21 - 8:23
    и електронска хармонија.
  • 8:23 - 8:25
    И мислам дека тие направиле многу повеќе за мојот брак
  • 8:25 - 8:28
    отколку што би можела да направи доживотната терапија.
  • 8:29 - 8:31
    Па сега сигурно се прашувате,
  • 8:31 - 8:34
    зошто воопшто луѓето се венчаат?
  • 8:35 - 8:38
    Па сојузната влада на Соединетите Држави
  • 8:38 - 8:40
    добива повеќе од илјада правни бенефити
  • 8:40 - 8:42
    кога ќе станете нечија сопруга,
  • 8:42 - 8:45
    листа која вклучува и право на посета во затвор,
  • 8:45 - 8:47
    но да се надеваме дека тоа никогаш нема да ви затреба.
  • 8:47 - 8:51
    Но освен темелните федерални права,
  • 8:51 - 8:53
    венчаните луѓе заработуваат повеќе пари.
  • 8:53 - 8:55
    Ние сме по здрави,
  • 8:55 - 8:58
    физички и емоционално.
  • 8:58 - 9:00
    Создаваме посреќни, постабилни
  • 9:00 - 9:03
    и поуспешни деца.
  • 9:03 - 9:05
    Имаме повеќе секс
  • 9:05 - 9:07
    отколку нашите наводно расипнички пријатели самци,
  • 9:07 - 9:09
    верувале или не.
  • 9:09 - 9:11
    Ние дури и живееме подолго,
  • 9:11 - 9:13
    што е прилично привлечен аргумент
  • 9:13 - 9:15
    за да се венчате со некој што многу ви се допаѓа
  • 9:15 - 9:18
    што побрзо.
  • 9:18 - 9:21
    Сега, доколку во моментов не ја доживувате
  • 9:21 - 9:24
    радоста на заедничкото плаќање на данокот,
  • 9:24 - 9:27
    јас не можам да ви кажам како да најдете личност која ги сака домашните работи
  • 9:27 - 9:30
    која е приближно со идеална величина и атрактивност
  • 9:30 - 9:32
    која преферира хорор филмови и која нема многу пријатели
  • 9:32 - 9:34
    кои лебдат на работ од разводот,
  • 9:34 - 9:37
    но би можела да ве охрабрам да се обидете,
  • 9:37 - 9:39
    бидејќи бенефитите, кои ги истакнав,
  • 9:39 - 9:41
    се огромни.
  • 9:41 - 9:44
    На крајот, без разлика дали сте во брак или сè уште го барате,
  • 9:44 - 9:47
    верувам дека бракот е институција
  • 9:47 - 9:50
    кон која вреди да се стремите и да ја заштитите.
  • 9:50 - 9:52
    Па се надевам дека ќе ги искористите информациите кои ви ги дадов денеска
  • 9:52 - 9:54
    за да ја измерите сопствената снага
  • 9:54 - 9:56
    во однос на вашите ризици.
  • 9:56 - 9:58
    На пример, во мојот брак,
  • 9:58 - 10:00
    би рекла дека добро ми оди.
  • 10:00 - 10:02
    Од една страна,
  • 10:02 - 10:05
    имам маж кој е иритирачки самоуверен
  • 10:05 - 10:07
    и е неверојатно згоден.
  • 10:07 - 10:10
    Па очигледно е дека ќе морам да го здебелам.
  • 10:10 - 10:12
    И како што реков, ги имаме оние разведени пријатели
  • 10:12 - 10:14
    кои би можеле тајно или несвесно
  • 10:14 - 10:16
    да се обидат да не разделат.
  • 10:16 - 10:19
    Па би морале да внимаваме на тоа.
  • 10:19 - 10:22
    И ние сакаме по еден коктел или два.
  • 10:22 - 10:24
    Од друга страна пак,
  • 10:24 - 10:26
    јас ја имам и работата со лажно среќните слики.
  • 10:26 - 10:29
    И исто така, мажот ми прилично ми помага низ домот,
  • 10:29 - 10:31
    и не би сакал никогаш повеќе да гледа
  • 10:31 - 10:34
    романтични комедии до крајот на животот.
  • 10:34 - 10:37
    Значи тие работи ми одат во прилог.
  • 10:37 - 10:39
    Но за секој случај,
  • 10:39 - 10:41
    планирам дополнително да се потрудам
  • 10:41 - 10:44
    за да не го освојам Оскарот во блиска иднина.
  • 10:44 - 10:46
    И за доброто на вашите врски,
  • 10:46 - 10:48
    би ве охрабрила да го направите истото.
  • 10:48 - 10:50
    Ќе се видиме кај барот.
  • 10:50 - 10:56
    (аплауз)
Title:
Џена МекКарти: Што не знаете за бракот
Speaker:
Jenna McCarthy
Description:

Во овој забавен, неформален говор од TEDx, писателката Џена МекКарти споделува едно изненадувачко истражување за тоа како браковите (особено оние среќните бракови) навистина функционираат. Една забелешка: Немојте да се обидувате да го освоите Оскарот за најдобра актерка.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
10:57
Rozeta Pavlova added a translation

Macedonian subtitles

Revisions