Return to Video

Зошто треба да ја запреме војната против дрогата

  • 0:01 - 0:05
    Што направи војната против
    дрогата со светот?
  • 0:05 - 0:07
    Погледнете ги убиствата
    и хаосот во Мексико,
  • 0:07 - 0:11
    Средна Америка и многу други
    места на планетата.
  • 0:11 - 0:13
    Светскиот црн пазар се проценува
  • 0:13 - 0:15
    на 300 милијарди долари годишно.
  • 0:15 - 0:19
    Затворите се пренатрупани
    во САД и насекаде,
  • 0:19 - 0:21
    полицијата и армијата се вовлечени
    во непобедива војна
  • 0:21 - 0:25
    која ги крши основните права,
    а обичните граѓани
  • 0:25 - 0:28
    само се надеваат дека нема да
    се најдат во престрелката.
  • 0:28 - 0:30
    Истовремено се повеќе луѓе користат
  • 0:30 - 0:32
    се повеќе дрога.
  • 0:32 - 0:35
    Тоа е историјата на мојата земја за
    време на прохибицијата
  • 0:35 - 0:38
    и Ал Капоне, помножено со 50.
  • 0:38 - 0:41
    Затоа посебно ме тревожи
  • 0:41 - 0:44
    како Американец дека ние сме
    движечката сила
  • 0:44 - 0:47
    на оваа глобална војна против дрогата.
  • 0:47 - 0:49
    Прашајте се зошто толку држави
    имат криминал
  • 0:49 - 0:50
    со дроги за кои никогаш не чуле,
  • 0:50 - 0:53
    зошто повелбите на ОН нагласуваат
  • 0:53 - 0:56
    илегализација наместо здравствена заштита,
  • 0:56 - 0:58
    и зошто најголемиот дел од светските пари
  • 0:58 - 1:00
    за справување со дрога се одлеваат
  • 1:00 - 1:02
    кон тие кои казнуваат а не кон
    тие кои помагаат,
  • 1:02 - 1:06
    и ќе видите дека САД стои зад тоа.
  • 1:06 - 1:08
    Зошто го правиме ова?
  • 1:08 - 1:11
    Некои луѓе, посебно во Јужна Америка,
  • 1:11 - 1:13
    мислат дека не се работи за дрога,
  • 1:13 - 1:15
    туку е мачкање очи за ширење
  • 1:15 - 1:18
    на интересите на реалната
    политика на САД.
  • 1:18 - 1:22
    Но, воглавно не се работи за тоа.
  • 1:22 - 1:24
    Не сакаме гангстери и герили,
  • 1:24 - 1:27
    финансирани со илегалните
    пари од наркотици,
  • 1:27 - 1:30
    да тероризираат и освојуваат нации.
  • 1:30 - 1:34
    Не, фактот е, Америка е полудена
  • 1:34 - 1:36
    кога се работи за дрога.
  • 1:36 - 1:38
    Не заборавајте, ние сме тие кои мислевме
  • 1:38 - 1:40
    дека можеме да забраниме алкохол.
  • 1:40 - 1:42
    Помислете на нашата глобална војна
  • 1:42 - 1:45
    не како на некој вид рационална политика,
  • 1:45 - 1:48
    туку како интернационална проекција
  • 1:48 - 1:51
    на домашната психоза.
  • 1:51 - 1:54
    (Аплауз)
  • 1:54 - 1:56
    Но има и добра вест.
  • 1:56 - 1:59
    Сега Русите ја предводат војната
    против дрогата, не ние.
  • 1:59 - 2:01
    Повеќето политичари во мојата земја
  • 2:01 - 2:02
    сакаат да се вратат назад,
  • 2:02 - 2:05
    да стават во затвор неколкумина, не многу
  • 2:05 - 2:07
    и горд сум да кажам како Американец
  • 2:07 - 2:09
    дека ние го предводиме светот
  • 2:09 - 2:11
    во реформирмите на законот за марихуана.
  • 2:11 - 2:13
    Таа е сега легална за медицински потреби
  • 2:13 - 2:15
    во речиси половина од 50-те држави,
  • 2:15 - 2:17
    милиони луѓе можат да си купат марихуана,
  • 2:17 - 2:20
    својот лек, во овластени аптеки
  • 2:20 - 2:23
    и повеќето мои сограѓани
    сега велат дека е време
  • 2:23 - 2:26
    легално да се регулира и
    оданочува марихуаната,
  • 2:26 - 2:27
    слично на алкохолот.
  • 2:27 - 2:29
    Тоа го прават Вашингтон и Колорадо,
  • 2:29 - 2:34
    а Уругвај и други сигурно
    ќе ги следат во тоа.
  • 2:34 - 2:36
    Па, еве што правам јас:
  • 2:36 - 2:40
    работам за да ја запрам
    борбата против дрогата.
  • 2:40 - 2:43
    Мислам дека сѐ почна кога растев
  • 2:43 - 2:45
    во религиозно-морално семејство
  • 2:45 - 2:47
    како најстар син на рабин
  • 2:47 - 2:49
    кој кога отиде на факултет
  • 2:49 - 2:53
    испуши некоја марихуана
  • 2:53 - 2:55
    и ми се допадна. (Смеа)
  • 2:55 - 2:57
    И пиењето ми се допаѓаше, но јасно беше
  • 2:57 - 3:00
    дека алкохолот беше поголема
    опасност од двете,
  • 3:00 - 3:02
    но со другарите можевеме
    да бидеме уапсени
  • 3:02 - 3:03
    за пушење трева.
  • 3:03 - 3:06
    Тоа лицемерие секогаш ме нервираше
  • 3:06 - 3:09
    и напишав дисертација за меѓународна
    контрола на наркотици.
  • 3:09 - 3:11
    Си пробив пат до Стејт Департментот.
  • 3:11 - 3:13
    Добив безбедносни дозволи.
  • 3:13 - 3:15
    Интервјуирав стотици агенти на ДЕА
    и други владини агенти
  • 3:15 - 3:18
    ширум Европа и Америка
  • 3:18 - 3:19
    и ги запрашав:
  • 3:19 - 3:21
    „Што мислите, кој е одговорот?“
  • 3:21 - 3:24
    Во Јужна Америка ми рекоа:
  • 3:24 - 3:27
    „Не можеш да го запреш снабдувањето.
  • 3:27 - 3:29
    Одговорот е во САД,
  • 3:29 - 3:30
    треба да се прекине побарувачката.“
  • 3:30 - 3:33
    Така, кога се вратив дома
    и зборував со луѓето
  • 3:33 - 3:35
    вклучени во активности
    за сузбивање на наркотици,
  • 3:35 - 3:39
    ми рекоа дека не можам да ја спречам
    побарувачката,
  • 3:39 - 3:42
    дека треба да го спречам снабдувањето.
  • 3:42 - 3:44
    Потоа одев и зборував со момците
    на царина,
  • 3:44 - 3:47
    обидувајќи се да ја запрам
    дрогата на граница,
  • 3:47 - 3:50
    и ми рекоа: „Нема да ја спречиш овде.
  • 3:50 - 3:52
    Одговорот е таму,
  • 3:52 - 3:55
    треба да се прекине снабдувањето
    и побарувачката.“
  • 3:55 - 3:56
    Ми светна:
  • 3:56 - 3:59
    Сите инволвирани во ова
  • 3:59 - 4:01
    мислеа дека одговорот лежи на местото
  • 4:01 - 4:04
    за кое тие многу малку знаат.
  • 4:04 - 4:07
    Затоа почнав да читам сѐ што можев
  • 4:07 - 4:10
    за психоактивните дроги,
    историјата, науката,
  • 4:10 - 4:12
    политиката-сѐ.
  • 4:12 - 4:14
    Колку повеќе читаме,
  • 4:14 - 4:16
    толку појасно станува дека разумниот,
  • 4:16 - 4:20
    просветлениот и интелигентен
    пристап те носи тука,
  • 4:20 - 4:22
    додека политиката и законите
    во мојата земја
  • 4:22 - 4:24
    те носи тука.
  • 4:24 - 4:28
    И таа несразмерност ми се чинеше
    како неверојатна
  • 4:28 - 4:32
    интелектуална и морална загатка.
  • 4:34 - 4:36
    Веројатно никогаш не постоело
  • 4:36 - 4:39
    општество без дрога.
  • 4:39 - 4:41
    Речиси сите општества
  • 4:41 - 4:43
    имаат апсорбирано психоактивни супстанци
  • 4:43 - 4:47
    против болки, зголемување на енергија,
    за социјализирање,
  • 4:47 - 4:49
    дури и да комуницираат со Бог.
  • 4:49 - 4:52
    Нашата желба да ја измениме потсвеста
  • 4:52 - 4:54
    може да е исто толку значајна
    како нашите потреби
  • 4:54 - 4:58
    за храна, друштво и секс.
  • 4:58 - 5:00
    Значи, нашиот вистински предизвик
  • 5:00 - 5:03
    е да научиме како да живееме со дрогата
  • 5:03 - 5:06
    за да научиме како да предизвикаме
    најмала можна штета
  • 5:06 - 5:10
    а во некои случаи и најмногу придобивки.
  • 5:10 - 5:12
    Ќе ви кажам што уште научив-
  • 5:12 - 5:15
    -дека причината зошто некои
    дроги се легални а некои не,
  • 5:15 - 5:18
    нема врска со науката, здравјето
  • 5:18 - 5:20
    или релативниот ризик од дрога,
  • 5:20 - 5:22
    и речиси целосно има врска
    со тоа кој ја зема
  • 5:22 - 5:25
    и кого го сметаат за корисник
    на одредена дрога.
  • 5:25 - 5:27
    Кон крајот на 19 -от век,
  • 5:27 - 5:31
    кога повеќето од дрогите кои сега
    се нелегални беа дозволени,
  • 5:31 - 5:33
    најголемите потрошувачи
    на опијати во мојата земја
  • 5:33 - 5:37
    и на други места, беа
    средовечни бели жени,
  • 5:37 - 5:40
    кои ги користеа за намалување на болки
  • 5:40 - 5:42
    кога немаше доволно аналгетици.
  • 5:42 - 5:44
    И никој не помислуваше на криминал тогаш
  • 5:44 - 5:47
    бидејќи никој не сакаше да си ја стави
    својата баба во затвор.
  • 5:47 - 5:50
    Но кога почнаа да надоаѓаат стотици илјади
  • 5:50 - 5:52
    Кинези во мојата земја,
  • 5:52 - 5:54
    кои макотрпно работеа на пругите
    и во рудниците
  • 5:54 - 5:56
    и се опуштаа навечер,
  • 5:56 - 5:58
    како некогаш во својата земја,
  • 5:58 - 6:00
    со по некој испафкан чад од луле со опиум,
  • 6:00 - 6:02
    тогаш се донесоа првите
    забрани за наркотици
  • 6:02 - 6:04
    во Калифорнија и Невада,
  • 6:04 - 6:06
    поттикнати од расизмот кон Кинезите
  • 6:06 - 6:08
    трансформирајќи ги белите жени
  • 6:08 - 6:11
    во сексуални робинки зависни од опиум.
  • 6:11 - 6:14
    Првите забрани за кокаин, слично иницирани
  • 6:14 - 6:18
    од расистички страв кон црнците
    кои го шмркаа белиот прашок
  • 6:18 - 6:20
    за да заборават на кое место се
  • 6:20 - 6:22
    во општеството на Југот.
  • 6:22 - 6:24
    А првите забрани за марихуана,
  • 6:24 - 6:26
    се заради стравот од мексиканските
    мигранти
  • 6:26 - 6:30
    на Запад и на Југо-Запад.
  • 6:30 - 6:32
    Она што беше вистина во мојата земја
  • 6:32 - 6:35
    беше вистина и во други земји,
  • 6:35 - 6:37
    во однос на изворот на забраните
  • 6:37 - 6:41
    и нивната примена.
  • 6:41 - 6:42
    Гледајте на ова вака,
  • 6:42 - 6:45
    а јас само благо ќе претерам:
  • 6:45 - 6:48
    Ако корисниците на кокаин
  • 6:48 - 6:50
    беа богати, постари белци
  • 6:50 - 6:53
    а корисниците на вијагра
  • 6:53 - 6:55
    беа сиромашни, млади црнци,
  • 6:55 - 6:58
    тогаш кокаинот ќе можеше лесно да
    да се набави со лекарски рецепт
  • 6:58 - 7:01
    а продавањето на вијагра ќе ви донесеше
    од 5-10 години затвор.
  • 7:01 - 7:05
    (Аплауз)
  • 7:05 - 7:09
    Порано бев професор и го предавав тоа.
  • 7:09 - 7:12
    Сега сум активист, активист
    за човекови права,
  • 7:12 - 7:15
    и мојот поттик е мојот срам
  • 7:15 - 7:17
    што припаѓам на една прекрасна нација
  • 7:17 - 7:20
    која сочинува 5% од светското население,
  • 7:20 - 7:24
    но со 25% од вкупниот број на
    затвореници во светот.
  • 7:24 - 7:26
    Среќавам луѓе кои ги изгубиле
  • 7:26 - 7:29
    луѓето кои ги сакале заради насилство,
    затвор,
  • 7:29 - 7:30
    предозирање или сида, бидејќи
  • 7:30 - 7:32
    нашата политика за наркотици го потенцира
  • 7:32 - 7:34
    криминалот а не здравјето.
  • 7:34 - 7:37
    Добри луѓе останале без работа,
  • 7:37 - 7:41
    без дом, без слобода, дури и без
    своите деца
  • 7:41 - 7:45
    заради државата, не зашто повредиле некого
  • 7:45 - 7:48
    туку затоашто одбрале да
    користат една дрога
  • 7:48 - 7:51
    наместо друга.
  • 7:51 - 7:55
    Значи, дали легализацијата е одговорот?
  • 7:55 - 7:57
    Се двоумам околу тоа:
  • 7:57 - 8:00
    три дена во неделата мислам да,
    три дена во неделата мислам не.,
  • 8:00 - 8:03
    а во недела сум агностик.
  • 8:03 - 8:05
    Бидејќи денес е вторник,
  • 8:05 - 8:10
    ќе речам дека, со легални
    регулативи и даноци,
  • 8:10 - 8:12
    бројните наркотиците кои
    сега се криминогени
  • 8:12 - 8:15
    значително ќе го намалат
    криминалот, насилството,
  • 8:15 - 8:16
    корупцијата, црниот пазар,
  • 8:16 - 8:19
    и проблемите со нечиститите
    и штетни дроги.
  • 8:19 - 8:21
    Со тоа ќе се подобри јавната безбедност
  • 8:21 - 8:24
    и даночните извори ќе бидат наменети
  • 8:24 - 8:26
    кон покорисни цели.
  • 8:26 - 8:30
    Погледнете, пазарот на марихуана, кокаин,
  • 8:30 - 8:32
    хероин и мета-амфетамините
  • 8:32 - 8:34
    е глобален светски пазар
  • 8:34 - 8:37
    исто како глобалниот пазар
    на алкохол и цигари,
  • 8:37 - 8:40
    кафе, шеќер и многу други производи.
  • 8:40 - 8:43
    Кога има побарувачка,
  • 8:43 - 8:45
    ќе има и снабдување.
  • 8:45 - 8:47
    Срушете еден извор и неминовно
  • 8:47 - 8:49
    ќе се појави друг.
  • 8:49 - 8:51
    Луѓето ја сметат прохибицијата
  • 8:51 - 8:54
    за краен законски облик,
  • 8:54 - 8:58
    а таа всушност е одрекнување од законот
  • 8:58 - 9:02
    и создавање на криминалци.
  • 9:02 - 9:04
    Затоа, поставувањето на законите
    и полицијата
  • 9:04 - 9:07
    во првите и централните редови,
    со цел да се контролира
  • 9:07 - 9:10
    динамичниот светски пазар,
  • 9:10 - 9:13
    е формула за катастрофа.
  • 9:13 - 9:16
    Она што треба да го сториме
  • 9:16 - 9:18
    е да да го доведеме подземниот
    пазар на наркотици
  • 9:18 - 9:21
    што е можно повисоко на површина
  • 9:21 - 9:25
    и да го регулираме на
    најинтелигентен начин
  • 9:25 - 9:28
    за да ги намалиме штетите од дрогата
  • 9:28 - 9:31
    и штетите од законот за прохибиција.
  • 9:31 - 9:35
    За марихуаната, тоа би значело
  • 9:35 - 9:37
    легално регулирање и оданочување
    како алкохолот.
  • 9:37 - 9:41
    Придобивките од ова ќе бидат огромни
    а ризиците минимални.
  • 9:41 - 9:43
    Дали ќе има повеќе корисници на марихуана?
  • 9:43 - 9:47
    Можеби, но тоа нема да се млади луѓе,
  • 9:47 - 9:49
    зашто легализирањето нема да е за нив,
  • 9:49 - 9:51
    и да бидам искрен,тие веќе имаат
  • 9:51 - 9:53
    најлесен пристап до марихуана.
  • 9:53 - 9:55
    Мислам дека тоа ќе бидат постарите лица.
  • 9:55 - 9:58
    Луѓе на свои 40-ти, 60-ти
  • 9:58 - 10:01
    и 80-ти години кои повеќе ќе сакаат
    малку марихуана
  • 10:01 - 10:04
    отколку пијалок навечер
    или таблети за заспивање,
  • 10:04 - 10:08
    за олеснување на артритисот
    и дијабетот,
  • 10:08 - 10:13
    или за освежување на нивниот
    долгогодишен брак. (Смеа)
  • 10:13 - 10:16
    Тоа може да е значајна придобивка
    за јавното здравје.
  • 10:16 - 10:19
    Во однос на другите дроги,
  • 10:19 - 10:21
    видете ја Португалија каде
    никој не оди во затвор
  • 10:21 - 10:23
    за поседување дрога,
  • 10:23 - 10:25
    а власта сериозно се посвети
  • 10:25 - 10:27
    да ја третира зависноста како болест.
  • 10:27 - 10:29
    Видете ги Швајцарија, Германија,
    Холандија,
  • 10:29 - 10:31
    Данска, Англија, каде луѓето, кои биле
  • 10:31 - 10:33
    долгогодишни зависници од хероин,
  • 10:33 - 10:35
    постојано, безуспешно се обидувале
    да се одвикнат
  • 10:35 - 10:38
    сега можат да добијат медицински
    хероин и стручна помош
  • 10:38 - 10:41
    на клиники. И резултатите се тука:
  • 10:41 - 10:44
    нелегалното користење на дроги, болестите
  • 10:44 - 10:48
    предозирањата, криминалот
    и апсењата се намалени,
  • 10:48 - 10:51
    а здравјето и благостојбата
    се подобруваат,
  • 10:51 - 10:52
    даночниците имат корист
  • 10:52 - 10:56
    и многу корисници на дроги
    веќе се откажале од зависноста.
  • 10:56 - 10:59
    Во Нов Зеланд неодамна се донесе закон
  • 10:59 - 11:02
    за дозволено продавање
    на рекреативни дроги
  • 11:02 - 11:05
    доколку е утврдена нивната безбедност.
  • 11:05 - 11:08
    Во Бразил и други земји,
  • 11:08 - 11:11
    каде исклучително психоактивната супстанца
  • 11:11 - 11:14
    ајахуаска може легално
    да се купи и конзумира
  • 11:14 - 11:17
    доколку е наменета за религиски цели.
  • 11:17 - 11:19
    Во Боливија и Перу,
  • 11:19 - 11:22
    каде сите производи добиени
    од лист на кока,
  • 11:22 - 11:24
    изворот на кокаин,
  • 11:24 - 11:25
    се продаваат легално на тезгите
  • 11:25 - 11:28
    без очигледни последици
    по здравјето на луѓето.
  • 11:28 - 11:32
    Не заборавајте, Кока-Кола
    содржеше кокаин до 1900-та,
  • 11:32 - 11:34
    и чинам, не создавала повеќе звисност
  • 11:34 - 11:38
    од денешната Кока-Кола.
  • 11:38 - 11:42
    Наспроти ова, помислете на цигарите:
  • 11:42 - 11:47
    ништо не може да ве погоди
    и убие како цигарите.
  • 11:47 - 11:50
    Кога истражувачите ги прашувале
    зависниците од хероин
  • 11:50 - 11:53
    која дрога е најтешко да се остави,
    повеќето рекле-цигарите.
  • 11:53 - 11:55
    Но, во мојата земја и многу други,
  • 11:55 - 11:58
    половина од луѓето кои биле звисници
  • 11:58 - 12:00
    од цигари се откажале
  • 12:00 - 12:03
    без некој да биде уапсен
    и ставен зад решетки
  • 12:03 - 12:05
    или испратен на лечење
  • 12:05 - 12:07
    од страна на тужител или судија.
  • 12:07 - 12:10
    Тоа беше резултат на високи даноци
  • 12:10 - 12:13
    и временско и просторно ограничување
    за продажба и користење
  • 12:13 - 12:17
    и ефикасните кампањи против пушењето.
  • 12:17 - 12:20
    Ќе можеме да го намалиме
    пушењето уште повеќе
  • 12:20 - 12:25
    ако целосно го преобразиме во нелегално?
    Можеби.
  • 12:25 - 12:28
    Но замислете го кошмарот
    од војната со дрогата
  • 12:28 - 12:31
    што би се случил.
  • 12:31 - 12:34
    Значи, денес сме соочени со двоен
  • 12:34 - 12:36
    предизвик.
  • 12:36 - 12:39
    Првиот е измена на законот
  • 12:39 - 12:42
    за дефинирање и имплементирање
    на алтернативи
  • 12:42 - 12:45
    за неефикасните мерки за забрана,
  • 12:45 - 12:48
    да стануваме сѐ подобри во регулирањето
  • 12:48 - 12:52
    и да живееме со дроги кои сега се легални.
  • 12:52 - 12:55
    Но, вториот предизвик е потежок
  • 12:55 - 12:59
    бидејќи е за нас.
  • 12:59 - 13:02
    Пречката за реформи не лежи
    само таму некаде надвор
  • 13:02 - 13:04
    во моќта на затворските
    индустриски комплекси
  • 13:04 - 13:07
    или во интересот на тие што имаат корист
  • 13:07 - 13:08
    од сегашните состојби,
  • 13:08 - 13:12
    туку пречката е во секој од нас.
  • 13:12 - 13:16
    Тоа е нашиот страв и нашето незнаење
  • 13:16 - 13:23
    и замислата која ги попречува
    вистинските реформи.
  • 13:23 - 13:27
    И на крај, мислам дека сѐ
    сведува на нашите деца,
  • 13:27 - 13:31
    и на желбата на секој родител да го стави
    своето дете во стаклено звоно
  • 13:31 - 13:34
    и стравот дека дрогата ќе
    го скрши стаклото
  • 13:34 - 13:36
    и ќе ги изложи децата на ризик.
  • 13:36 - 13:38
    Всушност, понекогаш се чини дека целата
  • 13:38 - 13:40
    борба против дрогата е оправдана
  • 13:40 - 13:44
    со чинот на огромната заштита на децата,
  • 13:44 - 13:48
    за која, секој млад човек ќе
    потврди дека не е вистина.
  • 13:48 - 13:52
    Еве што ќе им порачам на тинејџерите.
  • 13:52 - 13:56
    Прво, не земајте дрога.
  • 13:56 - 13:59
    Второ, не земајте дрога.
  • 13:59 - 14:03
    Трето, ако земете дрога,
  • 14:03 - 14:05
    има нешто што треба да знаете,
  • 14:05 - 14:09
    зашто и јас, како вашите родители, сакам
  • 14:09 - 14:12
    да се вратите безбедно дома
    на крајот на ноќта,
  • 14:12 - 14:16
    и да израснете во здрави
    и добри возрасни луѓе.
  • 14:16 - 14:22
    Тоа е мојата образовна мантра.
    Безбедноста на прво место.
  • 14:22 - 14:25
    На тоа го посветив мојот живот,
  • 14:25 - 14:28
    да основам организација и движење
  • 14:28 - 14:31
    на луѓе кои веруваат дека
    треба да им свртиме грб
  • 14:31 - 14:33
    на неуспешната забрана од минатото
  • 14:33 - 14:35
    и да прифатиме нови закони за
    дрога засновани на наука,
  • 14:35 - 14:38
    посветеност, здравје и човекови права,
  • 14:38 - 14:41
    каде ќе има луѓе со различни
    политички и други
  • 14:41 - 14:43
    погледи,
  • 14:43 - 14:45
    луѓе кои ја сакаат дрогата,
  • 14:45 - 14:46
    луѓе кои ја мразат дрогата
  • 14:46 - 14:48
    и луѓе на кои не им е грижа за дрогата,
  • 14:48 - 14:52
    туку секој од нас ќе верува дека
    оваа борба против дрогата,
  • 14:52 - 14:56
    оваа заостаната, бездушна, уништувачка
    борба против дрогата
  • 14:56 - 14:59
    мора да заврши.
  • 14:59 - 15:01
    Ви благодарам!
  • 15:01 - 15:06
    (Аплауз)
  • 15:15 - 15:18
    Благодарам! Благодарам!
  • 15:18 - 15:20
    К.Андерсен:Итан,
  • 15:20 - 15:23
    Честитки-вистинска реакција.
  • 15:23 - 15:26
    Моќен говор.
  • 15:26 - 15:29
    Иако не со вистински овации,
  • 15:29 - 15:31
    сепак сметам дека некои луѓе овде,
  • 15:31 - 15:33
    и некои од гледачите онлајн,
  • 15:33 - 15:37
    можеби некој познава тинејџер или пријател
  • 15:37 - 15:40
    или некој кој се разболел,
  • 15:40 - 15:42
    можеби и некој кој починал од предозирање.
  • 15:42 - 15:44
    Сигурен сум, луѓето ти пристапуваат.
  • 15:44 - 15:47
    Што им велиш?
  • 15:47 - 15:49
    Крис, најчудесно е тоа што
  • 15:49 - 15:51
    среќавам сѐ поголем број на луѓе
  • 15:51 - 15:54
    кои изгубиле брат/сестра или дете
  • 15:54 - 15:55
    заради предозираност
  • 15:55 - 15:57
    а пред 10 год. тие луѓе велеа
  • 15:57 - 15:59
    дека дилерите треба
    да се застрелаат
  • 15:59 - 16:00
    и тоа ќе го реши проблемот.
  • 16:00 - 16:02
    Тие сфатија дека
  • 16:02 - 16:05
    борбата против дрогата не направи
    ништо за нивните деца.
  • 16:05 - 16:06
    Уште повеќе, го зголемува
  • 16:06 - 16:08
    ризикот за децата.
  • 16:08 - 16:10
    Затоа, сега стануваат дел од
  • 16:10 - 16:12
    движењето за реформи на законот.
  • 16:12 - 16:13
    Има и други луѓе кои имаат деца,
  • 16:13 - 16:17
    некој зависен од алкохол,
    друг од кокаин или хероин,
  • 16:17 - 16:18
    и се прашуваат:
  • 16:18 - 16:21
    Зошто ова дете може малку по малку
  • 16:21 - 16:22
    да заздравее
  • 16:22 - 16:23
    а друго се соочува со затвори,
  • 16:23 - 16:25
    полицијата и криминалот истовремено?
  • 16:25 - 16:27
    Значи, сите сфаќаат
  • 16:27 - 16:30
    дека борбата против дрогата
    никого не заштитува.
  • 16:30 - 16:32
    Сигурно во САД имаш многу кочници
  • 16:32 - 16:33
    околу многу прашања.
  • 16:33 - 16:35
    Дали постои реална шанса нешто
  • 16:35 - 16:38
    да се промени во однос на ова прашање
    во наредните 5 години?
  • 16:38 - 16:40
    Исклучително е што добивам повици
  • 16:40 - 16:42
    од новинари кои ми велат:
  • 16:42 - 16:44
    „Итан, изгледа само во однс на 2 прашања
  • 16:44 - 16:46
    се постигнува голем напредок во САД сега,
  • 16:46 - 16:49
    а тоа се марихуаната и геј браковите.
  • 16:49 - 16:51
    Како успеваш?
  • 16:51 - 16:53
    Потоа, гледаме како двопартијноста
    се нагласува
  • 16:53 - 16:56
    со републиканците во Конгресот
  • 16:56 - 16:59
    и државните законоднвни тела и
    заедничкото донесување закони
  • 16:59 - 17:01
    со мнозинска поддршка од демократите,
  • 17:01 - 17:03
    па, некако ја прејдовме црната
    точка на патот,
  • 17:03 - 17:05
    најстрашното прашање на политиката на САД,
  • 17:05 - 17:08
    да се биде еден од најуспешните.
  • 17:08 - 17:10
    К.А.:Итан, ти благодарам за учеството
Title:
Зошто треба да ја запреме војната против дрогата
Speaker:
Итан Неделман
Description:

Дали војната против дрогата носи повеќе штета откоку корист? Во својот храбар говор, Итан Неделман, реформатор на законот за дрога, страствено апелира да го завршиме ова „заостанато, безмилосно и унуштувачко“ движење и да ја искорениме трговијата со дрога. Тој ни дава две значајни причини зошто треба да се фокусираме на интелигентно решение на овој проблем.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
17:26

Macedonian subtitles

Revisions