Сте се прашале некогаш што размислуваат
животните и како се чувствуваат?
Да започнеме со прашањето:
дали навистина моето куче ме сака
или само сака посластица?
Е па, лесно е да се види дека
нашето куче навистина не` сака.
Лесно е да се види нели,
што се случува во таа мала луда глава.
Што се случува?
Нешто се случува.
Зошто секогаш мора да е прашањето
дали тие не` сакаат?
Зошто секогаш мора да се работи за нас?
Зошто сме такви нарциси?
Јас пронајдов поинакво
прашање за животните.
Кои сте вие?
Човековиот мозок има капацитети
за кои ние мислиме дека
само тој ги поседува.
Но дали тоа е вистина?
Што прават другите суштества
со тие мозоци?
Што тие мислат и како се чувствуваат?
Дали постои начин да се дознае?
Јас мислам дека има.
И тоа неколку.
Можеме да ја погледнеме еволуцијата,
да ги видиме нивните мозоци
и што прават тие.
Прво што треба да се запомне
е тоа дека нашите мозоци се наследени.
Првите неврони дошле од медузите.
Од медузите настанале хордатите,
Од првите хордати настанале
првите'рбетници.
'Рбетниците излегле од водата
и ете не` нас.
Но сеуште е точно дека невронот
(нервната клетка) изгледа исто
кај раковите, птиците и кај вас.
Што ни кажува тоа за мозокот на ракот?
Можеме да кажеме нешто?
Е па, излегува дека ако ракот го изложите
на повеќе мали електрични шокови
секој пат кога ќе се обиде
да излезе од дувлото
кај него се развива анксиозност.
Ако му го дадете на ракот истиот лек
што се дава на луѓето за лечење
на анксиозност,
ракот се опушта, излегува и истражува.
Како покажуваме дека ни е важно
за анксиозноста на раковите?
Најчесто ги готвиме.
(Смеа)
Октоподите користат алати, како
и поголемиот дел мајмуни
и можат да го распознаат човековиот лик.
Како ли ја прославуваме 'мајмунската'
интелигенција на овие без'рбетници?
Најчесто со нивно готвење.
Ако групер некогаш истера риба
во пукнатина од корал,
тој може да оди на место каде што знае
дека спие маурската јагула,
ќе и` даде сигнал на јагулата
да го следи
и таа ќе го разбере сигналот.
Јагулата можеби ќе влезе во пукнатината
и ќе ја фати рибата,
а можеби рибата ќе побегне
и ќе ја фати груперот.
Ова е древна соработка за која
ние неодамна ја откривме.
Како ја прославуваме
таа древна соработка?
Најчесто со пржење.
Се појавува шема која кажува многу
повеќе за нас
отколку за нив.
Морските видри користат алати,
и посветуваат дел од своето време за да
им покажат на младите што прават,
постапка наречена подучување.
Шимпанзата не подучуваат.
Китовите убијци подучуваат
и ја делат храната.
Кога еволуцијата создава нешто ново,
зема работи што веќе ги има во залиха
пред да произведе нов пресврт.
И нашиот мозок дошол до нас
во период на огромен проток на време.
Ако го споредиме човековиот мозок
и мозокот на шимпанзото,
приметуваме дека во суштина имаме
голем мозок како на шимпанзото.
Добро е што нашиот е поголем
бидејќи ние сме многу несигурни.
(Смеа)
Но, тука е и делфинот
- со поголем мозок и повеќе функции.
Можеби си викате, во ред гледаме мозоци,
но што кажува тоа за умовите?
Па, можеме да ја видиме работата на умот
во логичните однесувања.
Значи, овие слонови, може да видите
како што е очигледно, одмараат.
Тие пронашле сенка под палмите
каде ги оставаат своите млади да спијат,
додека тие одмараат но се на штрек.
Нам ни е совршено јасно,
гледајќи од оваа слика
дека и нив им е јасно што прават,
бидејќи под истото сонце, на истата земја,
слушајќи ги истите звуци
кои покажуваат опасност,
тие станале тоа што се, а ние тоа што сме.
Ние сме 'соседи' веќе долго време.
Никој не би рекол дека овие
слонови изгледаат опуштено,
очигледно е дека нешто ги загрижува.
Што е тоа?
Изгледа дека ако ги снимате
гласовите на туристите
и ја пуштите таа снимка на звучник
скриен во грмушките,
слоновите тоа ќе го игнорираат, бидејќи
нив туристите не ги вознемируваат.
Но, ако снимате гласови на сточари
кои често носат копја и ги повредуваат
слоновите при судири
слоновите ќе се соберат и ќе избегаат од
местото каде е скриен звучникот.
Не само што тие знаат дека тука има луѓе,
знаат дека има повеќе видови луѓе,
дека некои се во ред а други се опасни.
Тие не` набљудувале многу подолго отколку
што ние сме ги набљудувале нив.
Тие не` знаат подобро отколку ние ним.
Ние имаме исти императиви -
се грижиме за нашите младенчиња, бараме
храна, се обидуваме да преживееме.
Дали ќе сме опремени за планинарење
по африканските ридови,
или за нуркање - во суштина сме исти.
Под кожата сме сродни.
Слоновите имаат ист скелет,
како и китовите,
како и ние.
Гледаме помагање каде
што е потребна помош,
гледаме љубопитност кај помладите,
гледаме семејна поврзаност.
Препознаваме љубов.
Додворување си е додворување.
А потоа се прашуваме:
"Дали тие се свесни?".
Кога примате општа анестезија,
ја губите свеста,
што значи немате чувство
за ништо околу вас.
Свеста е само нешто што ни овозможува
да почувствуваме други нешта.
Ако гледате, слушате, чувствувате -
тогаш сте свесни, и животните се свесни.
Некои луѓе велат
дека има некои работи што
ги прават луѓето луѓе,
а една од нив е емпатијата,
умствена способност да го чувствувате
она што другите го чувствуваат.
Што е многу корисна работа.
Ако останатите почнуваат
да се движат брзо,
чувствувате дека и вие треба да побрзате.
Сите сме во брзање денес.
Најстариот вид на емпатија
е заразниот страв.
Ако оние околу вас ненадејно полетаат,
не е мудро да се прашувате:
"Господе, што заминаа сите одеднаш?"
(Смеа)
Емпатијата е многу стара,
но како и се` во животот
е условена од многу фактори
и има свој постепен развој.
Па има основна емпатија: тажни сте,
тоа и мене ме растажува,
Среќни сте, тоа и мене ме усреќува.
Потоа има нешто наречено сочувство,
што е малку поинакво:
"Жал ми е што твојата баба почина."
Не се чувствувам онака како што се
чувствуваш, но ти ја разбирам болката
и тоа ме загрижува."
А ако сме мотивирани да реагираме
сочувствително,
тоа го нарекувам сочувство.
Покрај тоа што не е ни блиску до
она што не прави луѓе,
човековата емпатија е далеку од совршена.
Заробуваме емпатични суштества,
ги јадеме и убиваме.
Па можеби ќе речете: "Не сме ист вид".
Тоа се нарекува предаторство,
а човекот е предатор.
Но ние не се однесуваме
многу добро и со нашиот род.
Луѓето само малку разбираат
за животинското однесување
знаат дека никогаш не им се припишуваат
човечки мисли и чувства
на друг вид суштества.
Но, јас мислам дека тоа е глупаво.
Бидејќи со припишување на човечки
мисли и чувства на други врсти,
најдобро ќе знаеме како тие размислуваат
и како се чувствуваат.
Тоа е бидејќи нивните мозоци
во основа се како нашите.
Ја имаат истата структура.
Истите хормони кои прават расположение
и мотивацијата кај нас,
ги има и кај нив.
Не е во духот на науката да се каже
дека тие се гладни кога ловат,
уморни кога нивните јазици висат надвор,
а потоа кога играат со своите млади
среќни и весели,
не сме воопшто сигурни дали
доживуваат нешто.
Тоа не е во духот на науката.
Еден репортер мене ми рече:
"Можеби но, како ти си сигурен дека други
животни можат да мислат и чувствуваат?"
Тогаш јас почнав да ги
прелистувам стотиците
научни забелешки во мојата книга
и сфатив дека одговорот
е во мојата соба со мене.
Кога моето куче доаѓа кај мене,
не на софата туку кај мене,
се превртува на грб
и го открива стомачето,
тоа има една мисла:
"Сакам да ми го погалиш мешето.“
Знам дека ќе одам кај Карл,
тој ќе разбере што сакам,
знам дека можам да му верувам
бидејќи сме семејство,
тој ќе ја заврши работата и
ќе се чувствувам добро"
(Смеа)
Тоа размислува и чувствува дека
тука нема ништо комплицирано,
но гледаме и други животни и велиме:
"Еј види - китови убијци
волци, слонови:
тие не гледаат на тоа така."
Овој мажјаков, со високата перка е Л41
и има 38 години.
Женката на неговото лево е Л22.
Има 44 години.
Тие се познаваат веќе децении,
знаат кои се,
кои им се пријатели,
кои им се непријатели.
Животот им тече во одреден правец.
Знаат каде се цело време.
Ова е слонот Фајло.
Тој е млад мажјак.
Ова е тој после 4 дена.
Луѓето не само што можат да почувствуваат
болка, знаат и ужасно да ја нанесат.
Сакаме да им ги извадиме забите.
Зошто едноставно не почекаме да умрат?
Слоновите некогаш се простирале по
бреговите на Средоземното море
до Р'тот Добра Надеж.
Во осумдесеттите години, имало
силни упоришта на слонови
во Централна и Источна Африка,
а сега нивното простирање е
разбиено на ситни пространства.
Ова е географијата на животното
кои ние го водиме до искоренување,
највеличенственото суштество на земјата.
Но секако, подобро се грижиме
за дивината во САД.
Во националниот парк Јелоустоун,
ги убивме сите волци.
Всушност, го убивме секој волк
јужно од границата со Канада.
А во паркот тоа го направиле
ренџерите во 1920тите,
а 60 години подоцна морале да ги вратат
зашто бројот нa канадските елени
излегол надвор од контрола.
А потоа дојдоа луѓето.
Дојдоа илјадници луѓе
да ги видат волците,
најдостапните волци во светот.
Отидов и јас да го видам неверојатното
семејство на волци.
Глутницата е семејство.
Има неколку возрасни за парење и
младенчиња од неколку генерации.
Ја гледав најпознатата и најстабилната
глутница во Јелоустоун.
И потоа, само што малку ја
преминаа границата,
два волци беа погодени,
вклучувајќи ја и мајката,
што понекогаш ја нарекуваме алфа женка.
Остатокот од семејството веднаш западна
во семејно непријателство.
Сестри бркаа сестри.
Таа од лево со денови се обидуваше
да се врати во семејството,
но тие не и дозволија бидејќи
и` беа љубоморни.
Таа добиваше премногу внимание
од два нови мажјаци
и беше драгоцена,
што беше премногу за нив.
На крај, таа ја помина границата
и беше застрелана.
Алфа мажјакот беше исто така избркан
од своето семејство.
Кога дојде зимата,
тој ја загуби својата територија,
поддршката за лов,
членовите на семејството и партнерката.
Толку многу им нанесуваме болка.
Прашањето е зошто тие не не` повредуваат
повеќе од вообичаено?
Овој кит само што завршил со
јадење на дел од сив кит
заедно со своите содружници
со кои го фатил.
Тие луѓе во бродчето немале
од што да се плашат.
Овој кит е Т20
и само што раскинал фока на
3 дела со двајца содружници,
кој тежел колку луѓето во бродот.
Немале од што да се плашат.
Тие јадат фоки.
Зошто не не` јадат нас?
Зошто можеме да им веруваме
околу нашите деца?
Зошто китовите се вратиле кај
истражувачи изгубени во густа магла
и ги воделе со километри се`
додека маглата не се изгубила,
а домот на истражувачите бил на брегот?
Тоа се случило повеќе од еднаш.
На Бахамите постои жена
која се вика Дениз Херцинг
која ги проучува дамчестите
делфини кои ја познаваат неа.
Таа ги знае добро, знае кои се.
Тие ја познаваат. Го знаат
и нејзиниот брод.
Кога се појавува,тоа е голема
среќна средба,
освен еднаш кога се појавила и не сакале
да се приближат до бродот,
што било навистина чудно.
Тие не можеле да сфатат што се случува,
дур некој од палубата
не рекол дека некој од
екипажот умрел во постела
за време на дремка.
Како делфините знаеле
дека едно човечко срце
престанало да чука?
Зошто би им било грижа
и зошто се уплашиле?
Овие мистериозни нешта
навестуваат за се` што се случува
во мозоците на оние
што се со нас на Земјата,
за кои ние скоро никогаш
не размислуваме.
Во аквариум во Јужна Африка
имаше еден млад клунест
делфин по име Доли.
Таа сеуште цицала и еден ден чуварот
направил пауза за цигара,
и додека пушел гледал во внатрешноста
на базенот преку прозорот.
Доли му се приближила и го погледнала,
се вратила кај мајка ѝ цицала
уште минута-две,
се вратила до прозорот
и испуштила еден "облак" од млеко
што ја обвил нејзината глава како чад.
Некако, овој млад клунест делфин
ја добил идејата да користи
млеко како замена за чад.
Кога луѓето употребуваат нешто за да
престават нешто друго,
тоа го нарекуваме уметност.
(Смеа)
Работите што не` прават луѓе
не се оние работи кои ние мислиме
дека не` прават луѓе.
Тоа што не` прави луѓе е дека
од сите заеднички особини што
ги имаат нашите и нивните умови,
нашите се најекстремни.
Ние сме најсочувствителните,
најнасилните, најкреативните
и најдеструктивните животни
што постојат на Земјата
и ние сме сите тие особини
збркани заедно.
Но сепак, љубовта не е она
што не` прави луѓе,
Таа не е резервирана за нас.
Не сме единствени што
се грижат за своите партнери
и за своите деца.
Албатросите често прелетуваат 10,
а понекогаш и 16 км
за неколку недели за да
донесат еден голем оброк
за своето младенче кое ги чека.
Тие се вгнездуваат на
најоддалечените острови
и еве како тоа изгледа.
Пренесување живот од колено на колено
е веригата на постоењето.
Ако тоа запре, се`се губи.
Ако има нешто што е свето - ова е тоа,
а во таа света врска
сега се вмеша пластичното ѓубре.
Сите овие птици сега имаат пластика во нив.
Ова е шестмесечен албатрос
кој е подготвен да добие перја -
умре натрупан со црвени запалки.
Ова не е врската која треба да ја имаме
со остатокот на светот.
Ние кои што го добивме името
според нашиот мозок,
никогаш не размислуваме за последиците.
Кога пречекуваме нов човечки живот,
тоа го правиме во придружба
со други живи суштества.
Цртаме животни по ѕидовите.
Не цртаме мобилни телефони.
Не цртаме канцеларии.
Цртаме животни за да им
покажеме дека не сме сами.
Дека имаме друштво.
И секое животно на секоја
слика од арката на Ное,
кое било вредно за спасување,
сега е во опасност,
а ние сме нивниот потоп.
Значи започнавме со прашањето:
Дали тие не`сакаат нас?
Да поставиме друго прашање:
Дали сме доволно способни
да го употребуваме тоа што го имаме
за да се гижиме доволно за да
им дозволиме да опстанат?
Ви благодарам многу.
(Аплауз)