WEBVTT 00:00:01.310 --> 00:00:04.030 Имав едно црно куче. Неговото име беше депресија. 00:00:07.335 --> 00:00:08.905 Кога и да се појавеше, 00:00:09.000 --> 00:00:11.653 се чувствував празно и животот како да стануваше побавен. 00:00:12.925 --> 00:00:16.302 Тоа го правеше без некоја причина или повод 00:00:17.852 --> 00:00:20.796 Црното куче ме правеше да изгледам и да се чувствувам постаро. 00:00:22.514 --> 00:00:26.833 Кога другите уживаа во својот живот, јас тоа го гледав низ црното куче. 00:00:27.943 --> 00:00:31.654 Активностите кои ми беа интересни, наеднаш прекинаа да ми носат задоволство. 00:00:33.393 --> 00:00:35.990 Сакаше и да ми го нарушува апетитот. 00:00:37.407 --> 00:00:40.034 Ми ја изџвака меморијата и способноста да се концентрирам. 00:00:41.626 --> 00:00:46.564 Ми беше потребна натчовечка сила за да правам нешто или да одам некаде со црното куче. 00:00:48.282 --> 00:00:50.389 Во социјални ситуации ми ја одземаше и онаа самодоверба што ја имав 00:00:51.102 --> 00:00:52.713 и ја бркаше. 00:00:53.443 --> 00:00:55.333 Најмногу се плашев дека ќе ме дознаат. 00:00:55.865 --> 00:00:57.758 Се грижев дека луѓето ќе ме осудуваат. 00:00:58.203 --> 00:01:02.685 Заради срамот и стигмата од црното куче бев константно загрижен дека ќе ме дознаат. 00:01:03.532 --> 00:01:06.604 И вложив огромни количини енергија за да го скријам. 00:01:07.151 --> 00:01:09.961 Чување на емоционална лага е измачувачки. 00:01:11.215 --> 00:01:14.703 Црното куче можеше да ме направи да мислам и да кажувам негативни работи. 00:01:16.463 --> 00:01:19.684 Можеше да ме направи раздразлив. 00:01:21.646 --> 00:01:24.895 Ми ја земаше љубовта и ми ја закопуваше интимноста. 00:01:26.026 --> 00:01:30.386 Многу сакаше да ме буди со високо негативно и повторувачко размислување. 00:01:30.686 --> 00:01:34.295 Исто така сакаше да ме потсетува колку ќе бидам уморен наредниот ден. 00:01:34.784 --> 00:01:39.104 Да се има црно куче во животот не е како да се чувствуваш тажен... 00:01:39.404 --> 00:01:43.185 во најлош случај тоа е да си лишен од било какво чувствување. 00:01:43.344 --> 00:01:46.557 Како што растев црното куче станување се поголемо 00:01:46.707 --> 00:01:49.185 и постојано беше околу мене. 00:01:49.605 --> 00:01:53.446 Го бркав со се што мислев дека би го натерало да избега. 00:01:53.592 --> 00:01:56.803 Но многу почесто тоа победуваше 00:01:56.953 --> 00:01:59.296 да се оди долу беше полесно отколку повторно да станам. 00:01:59.486 --> 00:02:01.683 И станав добар во самолечење... 00:02:02.266 --> 00:02:05.634 што всушност никогаш не помагаше. 00:02:06.115 --> 00:02:11.085 Со тек на време станав целосно изолиран од се и од сите. 00:02:13.107 --> 00:02:17.057 Црното куче конечно успеа да го превземе мојот живот. 00:02:17.304 --> 00:02:21.585 Кога ќе ја изгубиш сета радост во животот почнуваш да се прашуваш што е воопшто поентата. 00:02:21.755 --> 00:02:25.153 За среќа, побарав професионална помош. 00:02:25.456 --> 00:02:29.596 Ова беше мојот прв чекор кон обновување и огромен пресврт во мојот живот. 00:02:30.054 --> 00:02:32.086 Сфатив дека не е битно кој си, 00:02:32.227 --> 00:02:34.805 црното куче влијае на милиони луѓе; 00:02:34.985 --> 00:02:37.176 . 00:02:37.329 --> 00:02:40.127 Исто така сфатив дека не постои некое магично апче. 00:02:40.445 --> 00:02:44.258 Лековите можат да помогнат на некои луѓе, но на некои им е потребен целосно различен пристап. 00:02:44.820 --> 00:02:49.049 Исто така научив дека емоционалната искреност и отвореност кон оние што ни се блиски, 00:02:49.468 --> 00:02:51.806 може да биде пресуден фактор кон подобрување. 00:02:52.679 --> 00:02:57.966 Што е најважно, научив да не се плашам од црното куче. Дури и го научив на неколку од моите трикови. 00:02:59.838 --> 00:03:02.549 Колку повеќе си уморен и под стрес, толку погласно ќе лае, 00:03:02.719 --> 00:03:05.870 затоа е важно да се научи како да се стиши умот. 00:03:06.067 --> 00:03:09.188 Клинички е докажано дека редовното вежбање 00:03:09.407 --> 00:03:12.989 може да биде ефективно за третирање од блага до потешка депресија колку што се и антидепресантите. 00:03:13.119 --> 00:03:16.289 Затоа одете на прошетка или трчање и оставете го песот зад вас. 00:03:16.807 --> 00:03:20.777 Водете си дневник на расположенија; запишувањето на мислите може да биде од голема помош. 00:03:21.118 --> 00:03:23.949 Исто така водете сметка за работите за кои треба да бидете благодарни. 00:03:24.628 --> 00:03:29.068 Најважното нешто што треба да го запомнете е дека без разлика колку е тешко... 00:03:29.417 --> 00:03:34.959 ако ги направите вистинските чекори, ако зборувате со вистинските луѓе, деновите на црното куче можат и ќе поминат. 00:03:35.269 --> 00:03:39.029 Не би можел да речам дека сум благодарен за црното куче, но ми беше извонреден учител. 00:03:39.338 --> 00:03:42.239 Ме натера да си го преиспитам и поедноставам животот. 00:03:42.448 --> 00:03:46.507 Научив дека наместо да ги избегнувам проблемите, подобро е да ги прифатам. 00:03:46.957 --> 00:03:49.728 Црното куче можеби секогаш ќе биде дел од мојот живот, 00:03:49.879 --> 00:03:52.068 никогаш нема биде чудовиштето што беше порано. 00:03:52.418 --> 00:03:54.597 Сега имаме разбирање. 00:03:54.728 --> 00:03:57.459 Научив дека преку трпение, дисциплина и хумор, 00:03:57.620 --> 00:04:00.258 и најлошото црно куче може да се излечи. 00:04:00.539 --> 00:04:03.927 Ако имате потешкотии, никогаш не плашете се да побарате помош. 00:04:04.158 --> 00:04:06.470 Воопшто не е срамота да се направи тоа 00:04:06.660 --> 00:04:10.649 единствениот срам е да се пропушти животот.