Имав едно црно куче. Неговото име беше депресија.
Кога и да се појавеше,
се чувствував празно и животот како да стануваше побавен.
Тоа го правеше без некоја причина или повод
Црното куче ме правеше да изгледам и да се чувствувам постаро.
Кога другите уживаа во својот живот, јас тоа го гледав низ црното куче.
Активностите кои ми беа интересни, наеднаш прекинаа да ми носат задоволство.
Сакаше и да ми го нарушува апетитот.
Ми ја изџвака меморијата и способноста да се концентрирам.
Ми беше потребна натчовечка сила за да правам нешто или да одам некаде со црното куче.
Во социјални ситуации ми ја одземаше и онаа самодоверба што ја имав
и ја бркаше.
Најмногу се плашев дека ќе ме дознаат.
Се грижев дека луѓето ќе ме осудуваат.
Заради срамот и стигмата од црното куче бев константно загрижен дека ќе ме дознаат.
И вложив огромни количини енергија за да го скријам.
Чување на емоционална лага е измачувачки.
Црното куче можеше да ме направи да мислам и да кажувам негативни работи.
Можеше да ме направи раздразлив.
Ми ја земаше љубовта и ми ја закопуваше интимноста.
Многу сакаше да ме буди со високо негативно и повторувачко размислување.
Исто така сакаше да ме потсетува колку ќе бидам уморен наредниот ден.
Да се има црно куче во животот не е како да се чувствуваш тажен...
во најлош случај тоа е да си лишен од било какво чувствување.
Како што растев црното куче станување се поголемо
и постојано беше околу мене.
Го бркав со се што мислев дека би го натерало да избега.
Но многу почесто тоа победуваше
да се оди долу беше полесно отколку повторно да станам.
И станав добар во самолечење...
што всушност никогаш не помагаше.
Со тек на време станав целосно изолиран од се и од сите.
Црното куче конечно успеа да го превземе мојот живот.
Кога ќе ја изгубиш сета радост во животот почнуваш да се прашуваш што е воопшто поентата.
За среќа, побарав професионална помош.
Ова беше мојот прв чекор кон обновување и огромен пресврт во мојот живот.
Сфатив дека не е битно кој си,
црното куче влијае на милиони луѓе;
.
Исто така сфатив дека не постои некое магично апче.
Лековите можат да помогнат на некои луѓе, но на некои им е потребен целосно различен пристап.
Исто така научив дека емоционалната искреност и отвореност кон оние што ни се блиски,
може да биде пресуден фактор кон подобрување.
Што е најважно, научив да не се плашам од црното куче. Дури и го научив на неколку од моите трикови.
Колку повеќе си уморен и под стрес, толку погласно ќе лае,
затоа е важно да се научи како да се стиши умот.
Клинички е докажано дека редовното вежбање
може да биде ефективно за третирање од блага до потешка депресија колку што се и антидепресантите.
Затоа одете на прошетка или трчање и оставете го песот зад вас.
Водете си дневник на расположенија; запишувањето на мислите може да биде од голема помош.
Исто така водете сметка за работите за кои треба да бидете благодарни.
Најважното нешто што треба да го запомнете е дека без разлика колку е тешко...
ако ги направите вистинските чекори, ако зборувате со вистинските луѓе, деновите на црното куче можат и ќе поминат.
Не би можел да речам дека сум благодарен за црното куче, но ми беше извонреден учител.
Ме натера да си го преиспитам и поедноставам животот.
Научив дека наместо да ги избегнувам проблемите, подобро е да ги прифатам.
Црното куче можеби секогаш ќе биде дел од мојот живот,
никогаш нема биде чудовиштето што беше порано.
Сега имаме разбирање.
Научив дека преку трпение, дисциплина и хумор,
и најлошото црно куче може да се излечи.
Ако имате потешкотии, никогаш не плашете се да побарате помош.
Воопшто не е срамота да се направи тоа
единствениот срам е да се пропушти животот.