Здраво, добредојде на Твитер. Ајде на брзина да поминеме неколку основи. Во срцето на Твитер има мали извори од информации наречени Твитови, брзи ажурирања како текстуална порака. Но Твит може да биде повеќе од само текст. Може да вклучува слика прикачена на Твитер, видео кое можеш да го гледаш во самиот Твит или линк до супер содржина на интернет. Текот од Твитови е твојот Твитер, и го создаваш со следење акаунти кои ти се интересни. Кога прв пат се приклучуваш, твојот Твитер е празен, но за време на регистрацијата ќе ти помогнеме да најдеш супер акаунти кои се совпаѓаат со твоите интереси. Само одбери категории кои ти се допаѓаат како забава, вести, спорт, или внеси го твоето омилено хоби, и ние ќе ти покажеме некои препорачани акаунти во тие области. Кога ќе стиснеш на „Следи“ копчето ќе почнеш да гледаш Твитови од тој акаунт на твојот Твитер. Кликнувањето на нечие име или слика ќе ти каже повеќе за акаунтот, исто така ќе ти ја даде опцијата да го следиш или да престанеш да го следиш. Следењето не е трајно, секогаш можеш да престанеш да следиш акаунти кои не ти се допаѓаат толку, или да пребараш акаунти кои можеби си ги пропуштил откако си завршил со регистрацијата. Битно е да знаеш дека немаш потреба да твиташ за да уживаш во Твитер. Многумина го користат само за да слушаат, отколку да споделуваат. Кога ќе го завршиш својот Твитер профил со прикачување на слика и комплетирање на твојата биографија, земи во предвид преземање на апликацијата за да го понесеш Твитер со себе на твојот смартфон. Тоа е одличен начин да бидеш во тек со сé што те засега додека си во движење. Па, ете! Само стисни на „Следно“ копчето долу и ќе те водиме низ остатокот.