Како концептуален уметник,
константно барам креативни начини за да
поттикнам предизвикувачки разговори.
Го правам ова преку сликање, скулптури,
видео и изведби.
Но, без разлика на форматот,
два од моите омилени материјали се
историјата и дијалогот.
Во 2007 го креирав "Лотус",
7 и пол педи во дијаметар,
расцветан лотус направен од стакло
кој тежи 272 кг.
Во будизмот, лотусот е симбол на
совршенство
и чистина на умот и духот.
Но, поблискиот поглед кон лотусот
открива дека секое листе е вкрстување на
брод со робови.
Овој дијаграм е земен од Британски
прирачник за управување со робови
и подоцна користен од аболиционистите за
да ја покажат злоупотребата на ропството.
Во Америка, не сакаме да зборуваме за
ропство,
ниту пак го гледаме како глобална
индустрија.
Но, со употребата на будистичкиот симбол
се надевам дека ќе ја направиме
универзална и совршена
историјата и траумата на црната Америка
и ќе ги охрабриме дискусиите за нашето
заедничко минато.
За да го создадеме "Лотус" изгравиравме
преку 6000 фигури.
Подоцна бевме пред комисија од градот
Њујорк
за да направиме 8.5 метарска челична
верзија,
која е перманентна инсталација во
Академијата за млади мажи - Орел,
училиште за црни и латино студенти,
двете групи најпогодени од историјата.
Истите групи се исто подложни на еден
понов феномен,
но, дозволете ми да отстапам од
темата.
Собирав дрвени Африкански фигури
од туристички продавници околу светот.
Нивната оригиналност и потекло се
дискутабилни,
но, луѓето веруваат дека во нив е вдахната
моќ,
па дури и магија.
Неодамна сфатив како да го користам ова
во мојата работа.
(Пукотници)
Од 2012, светот ги засведочи убиствата на
Тревон Мартин,
Мајкл Браун, Ерик Гарнер, Сандра Бланд,
Тамир Рајс
и буквално безбројно многу невооружени
црни жители
од рацете на полицијата,
кои често заминуваат без никаква казна.
Земајќи ги во предвид жртвите
неколкупати дури и јас,
професор во Ајви лигата,
бев на мета и малтретиран од
полицијата.
Го создадов ова дело
и го нареков "BAM".
Важно беше да се избрише идентитетот на
секоја од овие фигури,
за да се направи да изгледаат исти и
полесно да се занемарат.
За да го направиме ова, ги ставивме во
густ, кафен восок
пред да ги однесеме на стрелиште
каде ги преправивме користејќи куршуми.
Беше забавно,
да се игра со големи пушки и видео
камери кои снимаат успорено.
Мојата почит за овие фигури не ми дозволи
да го повлечам чкрапалото,
некако се чувствував дека ќе пукам во
самиот себе.
Најпосле, пукаше Раул, мојот камерман.
А јас ги зедов остатоците
и направив калапи, прво од восок
и најпосле од бронза како што се
гледа на сликата овде.
Тие се резултат на насилство.
На нив се гледаат
воени рани и лузни.
Кога моето дело го покажав неодамна во
Мајами
една жена ми рече дека секој куршум ѝ ја
погодил душата.
Но, исто така дека ги чувствувала овие
дела
како потсетник на жртвите на убиствата
како и на други жртви на расното насилство
низ историјата на САД.
Но, "Лотус" и "BAM" се поголеми од
историјата на САД.
Додека беа изложени во Берлин лани,
студент по филозофија ме праша, што ги има
поттикнато новите убиства.
Му покажав слика од поштенска карта
од раните 1900-ти години
и го потсетив дека овие убиства траат
повеќе од 500 години.
Но, само низ вакви прашања
и дијалози за историјата и расата
можеме да еволуираме како индивидуи
и како општество.
Се надевам дека мојата уметност креира
сигурно место
за овој вид на искрена размена
и шанса за луѓето да се впуштат
во вистински и потребен разговор.
Ви благодарам.
(Аплауз)