0:00:00.000,0:00:03.000 Моите студенти често ме прашуваат 0:00:03.000,0:00:05.000 што е социологијата, 0:00:05.000,0:00:07.000 а јас им кажувам „Тоа е наука 0:00:07.000,0:00:09.000 за начинот на кој човечките суштества 0:00:09.000,0:00:12.000 се обликувани од страна на нештата кои не ги гледаат“. 0:00:12.000,0:00:16.000 Потоа велат „Како можам да станам социолог?, 0:00:16.000,0:00:18.000 Како да ги разберам тие невидливи сили?“. 0:00:18.000,0:00:20.000 И јас им кажувам „Со емпатија“. 0:00:20.000,0:00:22.000 Започнете со емпатија. 0:00:22.000,0:00:25.000 Сè започнува со емпатија. 0:00:25.000,0:00:27.000 Излезете од сопствената кожа 0:00:27.000,0:00:29.000 и влезете во кожата на друга личност. 0:00:29.000,0:00:32.000 Ќе ви дадам еден пример. 0:00:32.000,0:00:34.000 Замислувам каков би бил мојот живот 0:00:34.000,0:00:36.000 доколку пред сто години 0:00:36.000,0:00:38.000 Кина била најмоќната нација на светот 0:00:38.000,0:00:40.000 и дошле во Соединетите Држави 0:00:40.000,0:00:42.000 во потрага по јаглен 0:00:42.000,0:00:45.000 и тука нашле големи количини јаглен. 0:00:45.000,0:00:48.000 Набргу потоа, почнале да го извезуваат јагленот, 0:00:48.000,0:00:50.000 тон по тон, 0:00:50.000,0:00:53.000 вагон по вагон, брод по брод, 0:00:53.000,0:00:57.000 назад во Кина и насекаде низ светот. 0:00:57.000,0:01:00.000 И на тој начин станале неверојатно богати. 0:01:00.000,0:01:02.000 Изградиле убави градови, 0:01:02.000,0:01:06.000 сите придвижувани од тој јаглен. 0:01:07.000,0:01:10.000 Додека пак овде, во Соединетите Држави, 0:01:10.000,0:01:12.000 има економски очај и беда. 0:01:12.000,0:01:14.000 Тоа е она што јас го видов. 0:01:14.000,0:01:17.000 Видов луѓе кои се мачат да излезат на крај, 0:01:17.000,0:01:20.000 не знаејќи што е што, ниту што следува понатаму. 0:01:20.000,0:01:22.000 Потоа си го поставив прашањето 0:01:22.000,0:01:25.000 како е можно да сме толку сиромашни во Соединетите Држави, 0:01:25.000,0:01:27.000 знаејќи колку вреден ресурс е јагленот 0:01:27.000,0:01:29.000 и колку многу пари вреди. 0:01:29.000,0:01:31.000 И сфатив 0:01:31.000,0:01:34.000 дека тоа е така бидејќи Кинезите се врзале 0:01:34.000,0:01:37.000 со мала владејачка класа во Соединетите Држави 0:01:37.000,0:01:41.000 која ги украла сите пари и сето богатство само за нив. 0:01:41.000,0:01:43.000 А, останатите од нас, повеќето од нас, 0:01:43.000,0:01:45.000 се борат да излезат на крај. 0:01:45.000,0:01:48.000 Оваа мала владејачка класа од Кинезите добила 0:01:48.000,0:01:51.000 многу воено оружје и софистицирана технологија, 0:01:51.000,0:01:54.000 за да бидат сигурни дека луѓето како мене 0:01:54.000,0:01:57.000 нема да се противат на оваа врска. 0:01:58.000,0:02:01.000 Ви звучи ова познато? 0:02:01.000,0:02:03.000 Тие ги обучувале Американците 0:02:03.000,0:02:05.000 да помогнат во заштитата на јагленот. 0:02:05.000,0:02:08.000 Насекаде имало кинески симболи. 0:02:08.000,0:02:11.000 Насекаде. Биле постојан потсетник. 0:02:11.000,0:02:13.000 Додека, пак, во Кина... 0:02:13.000,0:02:15.000 Што кажуваат во Кина? 0:02:15.000,0:02:18.000 Ништо. Не зборуваат за нас. Не зборуваат за јагленот. 0:02:18.000,0:02:20.000 Доколку ги прашате, 0:02:20.000,0:02:22.000 ќе кажат „Па, знаете...ни треба јаглен. 0:02:22.000,0:02:25.000 Мислам... сигурно нема да го намалам термостатот. 0:02:25.000,0:02:28.000 Не можете да го очекувате тоа.“ 0:02:28.000,0:02:31.000 Тука станувам лут и ми доаѓа преку глава, 0:02:31.000,0:02:33.000 како и на многу други обични луѓе. 0:02:33.000,0:02:36.000 Почнуваме да се бориме и ситуацијата се влошува. 0:02:36.000,0:02:39.000 Кинезите возвраќаат на многу лош начин. 0:02:40.000,0:02:43.000 И, дур да трепнеме, праќаат тенкови, 0:02:43.000,0:02:45.000 па војници, 0:02:45.000,0:02:47.000 и многу луѓе умираат, 0:02:47.000,0:02:52.000 а ситуацијата станува многу, многу лоша. 0:02:52.000,0:02:55.000 Може да замислите како би се чувствувале 0:02:55.000,0:02:57.000 доколку бевте во моја кожа? 0:02:57.000,0:03:00.000 Може ли да замислите кога ќе излезете од оваа зграда 0:03:00.000,0:03:02.000 надвор да видите како стои тенк 0:03:02.000,0:03:05.000 или камион полн со војници? 0:03:05.000,0:03:07.000 Само замислете како би се чувствувале. 0:03:07.000,0:03:10.000 Бидејќи знаете зошто се овде и знаете што прават. 0:03:10.000,0:03:14.000 Па, го чувствувате гневот и го чувствувате стравот. 0:03:14.000,0:03:17.000 Доколку можете, тоа е емпатија. 0:03:17.000,0:03:20.000 Излеговте од вашата и влеговте во мојата кожа. 0:03:20.000,0:03:22.000 Мора да го почувствувате тоа. 0:03:22.000,0:03:24.000 Во ред, ова е загревањето. 0:03:24.000,0:03:26.000 Ова беше загревање. 0:03:26.000,0:03:28.000 Сега ќе го направиме 0:03:28.000,0:03:30.000 вистинскиот радикален експеримент. 0:03:30.000,0:03:33.000 Во остатокот од мојот говор сакам 0:03:33.000,0:03:35.000 да се ставите во кожата 0:03:35.000,0:03:38.000 на еден обичен араб муслиман 0:03:38.000,0:03:40.000 кој живее на Блискиот Исток, 0:03:40.000,0:03:43.000 поточно, во Ирак. 0:03:44.000,0:03:46.000 Да ви помогнам... 0:03:46.000,0:03:50.000 Можеби сте член на ова семејство од средната класа во Багдад. 0:03:50.000,0:03:53.000 Го сакате најдоброто за вашите деца. 0:03:53.000,0:03:55.000 Сакате вашите деца да имаат подобар живот. 0:03:55.000,0:03:57.000 Ги гледате вестите, следите што се случува, 0:03:57.000,0:04:00.000 читате весник, одите на кафе со пријателите, 0:04:00.000,0:04:02.000 читате весници од другите земји во светот. 0:04:02.000,0:04:04.000 Понекогаш дури и гледате сателитска програма, 0:04:04.000,0:04:06.000 гледате СиЕнЕн од Соединетите Држави, 0:04:06.000,0:04:08.000 па имате претстава како размислуваат Американците. 0:04:08.000,0:04:11.000 Но, во основа, вие само сакате подобар живот. 0:04:11.000,0:04:13.000 Тоа е она што го сакате. 0:04:13.000,0:04:15.000 Вие сте арапски муслиман кој живее во Ирак. 0:04:15.000,0:04:17.000 Сакате да имате подобар живот. 0:04:17.000,0:04:19.000 Дозволете да ви помогнам 0:04:19.000,0:04:21.000 околу тоа 0:04:21.000,0:04:23.000 за што, можеби, размислувате. 0:04:23.000,0:04:26.000 Број еден: причината за упадот во вашата земја, 0:04:26.000,0:04:28.000 во последните 20 и повеќе години, 0:04:28.000,0:04:31.000 и причината зошто секој е заинтересиран за вашата земја, особено Соединетите Држави, 0:04:31.000,0:04:33.000 е нафтата. 0:04:33.000,0:04:36.000 Сè се врти околу нафтата! Вие го знаете тоа, сите го знаат тоа. 0:04:36.000,0:04:39.000 Луѓето во САД знаат дека се работи за нафтата. 0:04:39.000,0:04:41.000 Причината е што некој друг 0:04:41.000,0:04:44.000 има план за вашите ресурси. 0:04:44.000,0:04:47.000 Се работи за вашите ресурси, не за нечии туѓи. 0:04:47.000,0:04:50.000 Ваша земја, ваши ресурси. 0:04:50.000,0:04:52.000 Некој друг има план за нив. 0:04:52.000,0:04:54.000 А, знаете зошто имаат план? 0:04:54.000,0:04:56.000 Знаете зошто фрлиле око на нив? 0:04:56.000,0:04:58.000 Бидејќи имаат цел економски систем 0:04:58.000,0:05:00.000 кој зависи од таа нафта - 0:05:00.000,0:05:02.000 туѓа нафта, 0:05:02.000,0:05:05.000 нафта од други делови на светот кои тие не ги поседуваат. 0:05:05.000,0:05:07.000 Какво друго мислење имате за овие луѓе? 0:05:07.000,0:05:09.000 Американците... тие се богати. 0:05:09.000,0:05:11.000 Ма, ајде, живеат во големи куќи, имаат големи коли, 0:05:11.000,0:05:13.000 сите се русокоси, имаат сини очи, среќни се. 0:05:13.000,0:05:15.000 Така мислите. Секако, тоа не е вистина, 0:05:15.000,0:05:18.000 но таков е впечатокот од медиумите и тоа ви се пласира. 0:05:18.000,0:05:20.000 Имаат големи градови, 0:05:20.000,0:05:23.000 а сите градови се зависни од нафта. 0:05:24.000,0:05:26.000 Додека дома, што гледате? 0:05:26.000,0:05:28.000 Сиромаштија, очај, борба. 0:05:28.000,0:05:31.000 Не живеете во богата земја. 0:05:31.000,0:05:34.000 Ова е Ирак. 0:05:35.000,0:05:37.000 Ова е она што го гледате. 0:05:37.000,0:05:39.000 Гледате луѓе кои се борат да излезат на крај. 0:05:39.000,0:05:41.000 Не е лесно. Гледате многу сиромаштија. 0:05:41.000,0:05:43.000 И чувствувате нешто поради тоа. 0:05:43.000,0:05:45.000 Овие луѓе имаат планови за вашите ресурси, 0:05:45.000,0:05:47.000 а ова е она што го гледате? 0:05:47.000,0:05:49.000 Гледате и уште нешто. 0:05:49.000,0:05:51.000 Американците не зборуваат за тоа, но вие зборувате. 0:05:51.000,0:05:54.000 Постои милитаризација на светот, 0:05:54.000,0:05:56.000 која потекнува токму од САД. 0:05:56.000,0:05:58.000 Соединетите Држави 0:05:58.000,0:06:01.000 се одговорни за речиси една половина 0:06:01.000,0:06:03.000 од светската воена потрошувачка. 0:06:03.000,0:06:05.000 Четири проценти од светската популација. 0:06:05.000,0:06:08.000 Го чувствувате тоа, го гледате секој ден. 0:06:08.000,0:06:10.000 Тоа е дел од вашиот живот. 0:06:10.000,0:06:12.000 Зборувате за тоа со пријателите. 0:06:12.000,0:06:15.000 Читате за тоа. 0:06:15.000,0:06:18.000 Порано, кога Садам Хусеин беше на власт, 0:06:18.000,0:06:21.000 на Американците не им беше гајле за неговите злосторства. 0:06:21.000,0:06:23.000 Кога фрлаше отровен гас врз Курдите и врз Иран, 0:06:23.000,0:06:25.000 на нив не им беше гајле. 0:06:25.000,0:06:27.000 Кога беше загрозена нафтата, 0:06:27.000,0:06:31.000 некако одеднаш работите станаа важни. 0:06:32.000,0:06:34.000 Гледате и нешто друго. 0:06:34.000,0:06:36.000 Соединетите Држави, 0:06:36.000,0:06:38.000 центарот на демократијата во светот, 0:06:38.000,0:06:40.000 изгледа не ги поддржуваат баш 0:06:40.000,0:06:44.000 демократските земји низ светот. 0:06:44.000,0:06:47.000 Има многу земји кои произведуваат нафта 0:06:47.000,0:06:50.000 и кои не се демократски, но ја имаат поддршката од САД. 0:06:50.000,0:06:52.000 Тоа е чудно. 0:06:52.000,0:06:55.000 Овие упади, двете војни, 0:06:55.000,0:06:57.000 десетте години санкции, 0:06:57.000,0:07:01.000 осумте години окупација, 0:07:01.000,0:07:04.000 бунтот што беше насочен против вашиот народ, 0:07:04.000,0:07:07.000 стотиците илјади 0:07:07.000,0:07:12.000 мртви цивили... 0:07:12.000,0:07:15.000 Сè поради нафтата. 0:07:15.000,0:07:17.000 Сигурно го мислите тоа. 0:07:17.000,0:07:19.000 Зборувате за тоа. 0:07:19.000,0:07:22.000 Секогаш ви е на ум. 0:07:22.000,0:07:25.000 Си велите „Како е можно тоа?“. 0:07:25.000,0:07:28.000 Овој човек, тој е секој човек... 0:07:28.000,0:07:30.000 вашиот дедо, вашиот чичко, 0:07:30.000,0:07:32.000 вашиот татко, син, 0:07:32.000,0:07:35.000 вашиот сосед, професор, ученик. 0:07:35.000,0:07:38.000 Некогаш, живот на среќа и радост, 0:07:38.000,0:07:41.000 и наеднаш болка и тага. 0:07:41.000,0:07:44.000 Секој човек во вашата земја 0:07:44.000,0:07:47.000 е погоден од насилството, 0:07:47.000,0:07:49.000 крвопроливањето, болката, 0:07:49.000,0:07:51.000 ужасот... сите луѓе. 0:07:51.000,0:07:54.000 Ниту еден човек од вашата земја 0:07:54.000,0:07:56.000 не останал непогоден. 0:07:56.000,0:07:58.000 Но, има и нешто друго 0:07:58.000,0:08:00.000 во врска со овие луѓе, 0:08:00.000,0:08:02.000 овие Американци. 0:08:02.000,0:08:05.000 Има уште нешто што вие го гледате, а тие не. 0:08:05.000,0:08:08.000 Што е тоа? Тие се христијани. 0:08:08.000,0:08:10.000 Христијани. 0:08:10.000,0:08:13.000 Го обожаваат христијанскиот бог, имаа крстови, носат Библии. 0:08:13.000,0:08:15.000 На Библиите имаат мал знак, 0:08:15.000,0:08:18.000 на кој пишува „Армија на САД“. 0:08:19.000,0:08:22.000 А, нивните водачи... 0:08:22.000,0:08:24.000 пред да ги пратат своите синови и ќерки 0:08:24.000,0:08:26.000 во војна во вашата земја, 0:08:26.000,0:08:28.000 а вие ја знаете причината за тоа, 0:08:28.000,0:08:30.000 пред да ги пратат, 0:08:30.000,0:08:32.000 одат во христијанска црква, се молат на нивниот христијански бог, 0:08:32.000,0:08:35.000 и бараат заштита и поддршка од тој бог. 0:08:35.000,0:08:37.000 Зошто? 0:08:37.000,0:08:41.000 Па, очигледно е, кога ќе умрат луѓе во војната, 0:08:41.000,0:08:43.000 тоа да бидат муслимани, Ирачани, 0:08:43.000,0:08:45.000 а не Американци. 0:08:45.000,0:08:48.000 Не сакаат Американци да умираат. Заштити ги нашите трупи. 0:08:48.000,0:08:50.000 И чувствувате нешто во врска со тоа. 0:08:50.000,0:08:52.000 Секако дека чувствувате. 0:08:52.000,0:08:54.000 Тие прават и убави нешта. 0:08:54.000,0:08:56.000 Читате и слушате за тоа. 0:08:56.000,0:08:58.000 Градат училишта, им помагаат на луѓето. Тоа е она што сакаат да го прават. 0:08:58.000,0:09:00.000 Прават убави работи, ама исто така прават и лоши работи, 0:09:00.000,0:09:02.000 а вие не можете да ја видите разликата. 0:09:02.000,0:09:06.000 Овој тип, полковник генерал Вилијам Бојкин... 0:09:06.000,0:09:09.000 вели дека вашиот бог е лажен бог. 0:09:09.000,0:09:11.000 Вашиот бог е идол, а неговиот бог е вистинскиот. 0:09:11.000,0:09:14.000 Решението за проблемот на Блискиот Исток, според него, 0:09:14.000,0:09:16.000 е сите вие да станете христијани. 0:09:16.000,0:09:18.000 Само откажете се од вашата религија. 0:09:18.000,0:09:20.000 Го знаете тоа. Американците не читаат за овој тип. 0:09:20.000,0:09:23.000 Тие не знаат ништо за него, но вие знаете. 0:09:23.000,0:09:25.000 Зборувате за него и неговите изјави. 0:09:25.000,0:09:28.000 Ова е сериозна работа. 0:09:28.000,0:09:31.000 Тој беше еден од водечките команданти при втората инвазија на Ирак. 0:09:31.000,0:09:34.000 И си мислите „Боже, ако тој така мисли, 0:09:34.000,0:09:36.000 тогаш сите војници мора да го мислат истото.“ 0:09:36.000,0:09:38.000 А, овој збор... (крстоносна) 0:09:38.000,0:09:40.000 Џорџ Буш ја нарече оваа војна крстоносна. 0:09:40.000,0:09:42.000 За Американците тоа ништо не значи. 0:09:42.000,0:09:44.000 „Големото чудо“. 0:09:44.000,0:09:46.000 Но, вие знаете што значи. 0:09:46.000,0:09:48.000 Тоа е света војна против муслиманите. 0:09:48.000,0:09:51.000 Нападни ги, потчини ги, земи им ги ресурсите. 0:09:51.000,0:09:53.000 Ако не сакаат да се потчинат, убиј ги. 0:09:53.000,0:09:55.000 Во тоа е работата. 0:09:55.000,0:09:58.000 И си мислите „Боже мој, па овие христијани доаѓаат да нè убијат.“ 0:09:58.000,0:10:00.000 Тоа е страшно. 0:10:00.000,0:10:03.000 Преплашени сте. Се разбира дека сте исплашени. 0:10:03.000,0:10:06.000 Овој човек, Тери Џоунс... 0:10:06.000,0:10:08.000 тој е тип кој сака да спалува Курани. 0:10:08.000,0:10:10.000 Американците велат „Ма, тој е удрен во главата. 0:10:10.000,0:10:12.000 Порано бил хотелски менаџер. 0:10:12.000,0:10:14.000 Има триесеттина членови во својата црква.“ 0:10:14.000,0:10:16.000 Го исмеваат. Вам не ви е смешно. 0:10:16.000,0:10:18.000 Бидејќи во контекст на сè друго, 0:10:18.000,0:10:20.000 сите делови се вклопуваат. 0:10:20.000,0:10:22.000 Американците така го сфаќаат, 0:10:22.000,0:10:24.000 па затоа луѓето низ целиот Блиски Исток, не само во вашата земја, 0:10:24.000,0:10:26.000 протестираат. 0:10:26.000,0:10:28.000 „Тој сака да спалува Курани, нашата света книга. 0:10:28.000,0:10:30.000 Кои се овие христијани? 0:10:30.000,0:10:32.000 Толку се злобни. 0:10:32.000,0:10:34.000 Такви се сите.“ 0:10:34.000,0:10:36.000 Вака размислувате како арапски муслиман, 0:10:36.000,0:10:38.000 како Ирачанец. 0:10:38.000,0:10:40.000 Се разбира дека ќе размислувате така. 0:10:40.000,0:10:42.000 И тогаш вашиот братучед вели 0:10:42.000,0:10:44.000 „Еј, види ја оваа веб страница. 0:10:44.000,0:10:46.000 Мора да го видиш ова. Библиски воен логор. 0:10:46.000,0:10:48.000 Овие христијаните се луди. 0:10:48.000,0:10:51.000 Ги тренираат своите деца да бидат Исусови војници. 0:10:51.000,0:10:53.000 Ги подложуваат децата на вакви работи, 0:10:53.000,0:10:55.000 додека не научат како да викаат „да, капетане“ 0:10:55.000,0:10:58.000 и како да фрлаат гранати, како да носат оружје. 0:10:58.000,0:11:00.000 Оди на веб страницата. 0:11:00.000,0:11:02.000 Пишува „Армија на САД“. 0:11:02.000,0:11:05.000 Христијаниве се луди. Како можат да им го прават тоа на своите деца?“ 0:11:05.000,0:11:07.000 Ја читате веб страницата... 0:11:07.000,0:11:10.000 Се разбира, христијаните во САД 0:11:10.000,0:11:12.000 велат „Тоа е некоја црквичка, во некое зафрлено место“. 0:11:12.000,0:11:14.000 Ама, вие не го знаете тоа. 0:11:14.000,0:11:17.000 За вас, вака изгледаат сите христијани. 0:11:17.000,0:11:19.000 Ги има на интернет... Библиски воен логор. 0:11:19.000,0:11:21.000 Видете го ова... 0:11:21.000,0:11:23.000 Дури и ги тренираат своите деца 0:11:23.000,0:11:25.000 исто како и американските маринци. 0:11:25.000,0:11:27.000 Интересно, нели? 0:11:27.000,0:11:29.000 Тоа ве плаши. 0:11:29.000,0:11:31.000 Ги гледате овие момци? 0:11:31.000,0:11:34.000 Јас, Сем Ричардс, знам кои се тие. 0:11:34.000,0:11:36.000 Тие се моите студенти, моите пријатели. 0:11:36.000,0:11:38.000 Знам што мислат. Но, вие не знаете. 0:11:38.000,0:11:40.000 За вас... 0:11:40.000,0:11:43.000 тие се нешто друго. 0:11:43.000,0:11:46.000 За вас, тие се ова... (христијански окупатори). 0:11:46.000,0:11:49.000 Ние не ги гледаме така во САД, 0:11:49.000,0:11:52.000 но вие така ги гледате. 0:11:54.000,0:11:56.000 Така... 0:11:56.000,0:11:58.000 Секако, погрешно сте разбрале. 0:11:58.000,0:12:01.000 Генерализирате. Тоа е погрешно. 0:12:01.000,0:12:03.000 Не ги разбирате Американците. 0:12:03.000,0:12:05.000 Тоа не е христијанска инвазија. 0:12:05.000,0:12:07.000 Не сме таму само заради нафта, таму сме заради многу причини. 0:12:07.000,0:12:09.000 Погрешно сте разбрале. Сте ја промашиле поентата. 0:12:09.000,0:12:12.000 Се разбира, повеќето од вас не ги поддржуваат бунтовниците. 0:12:12.000,0:12:14.000 Не го поддржувате убивањето на Американци. 0:12:14.000,0:12:16.000 Не ги поддржувате терористите. 0:12:16.000,0:12:18.000 Се разбира дека не. Многу малку луѓе го прават тоа. 0:12:18.000,0:12:21.000 Ама, некои од вас ги поддржуваат. 0:12:21.000,0:12:24.000 Ова е една гледна точка. 0:12:24.000,0:12:26.000 Еве што ќе направиме сега... 0:12:26.000,0:12:28.000 Излезете од кожата 0:12:28.000,0:12:30.000 во која што сте сега 0:12:30.000,0:12:32.000 и вратете се во својата нормална кожа. 0:12:32.000,0:12:34.000 Сите сте назад во собава... 0:12:34.000,0:12:36.000 Сега следува радикалниот експеримент. 0:12:36.000,0:12:38.000 Сите се вративме дома. 0:12:38.000,0:12:40.000 Фотографија на една жена... 0:12:40.000,0:12:42.000 Сочувствувам со неа. 0:12:42.000,0:12:44.000 Сочувствувам... 0:12:44.000,0:12:46.000 Таа ми е сестра, 0:12:46.000,0:12:49.000 жена, братучетка, сосед... 0:12:49.000,0:12:51.000 Таа ми е секој. 0:12:51.000,0:12:53.000 Овие луѓе... сите на фотографијата... 0:12:53.000,0:12:56.000 Сочувствувам со сите нив. 0:12:56.000,0:12:58.000 Еве што сакам да направите. 0:12:58.000,0:13:01.000 Да се вратиме на првиот пример со Кинезите. 0:13:02.000,0:13:04.000 Сакам да се префрлите таму. 0:13:04.000,0:13:07.000 Значи, сè е околу јагленот, а Кинезите се во САД. 0:13:07.000,0:13:09.000 Сакам да ја замислите како Кинескиња, 0:13:09.000,0:13:12.000 која го прима кинеското знаме, 0:13:12.000,0:13:15.000 бидејќи нејзиниот сакан умрел во Америка 0:13:15.000,0:13:17.000 за време на бунтот за јагленот. 0:13:17.000,0:13:19.000 Војниците се Кинези, 0:13:19.000,0:13:21.000 сите други се Кинези. 0:13:21.000,0:13:24.000 Како Американец, како се чувствувате во врска со оваа слика? 0:13:26.000,0:13:29.000 Што мислите за оваа сцена? 0:13:31.000,0:13:33.000 Обидете се вака... Премотајте назад. 0:13:33.000,0:13:35.000 Еве ја сцената. 0:13:35.000,0:13:37.000 Тоа се Американци, американски војници, 0:13:37.000,0:13:39.000 една Американка која го загубила својот сакан 0:13:39.000,0:13:42.000 на Блискиот Исток - во Ирак или Авганистан. 0:13:42.000,0:13:44.000 Сега, ставете се во кожата... 0:13:44.000,0:13:46.000 вратете се во кожата 0:13:46.000,0:13:49.000 на арапот муслиман кој живее во Ирак. 0:13:50.000,0:13:53.000 Што мислите и чувствувате 0:13:53.000,0:13:55.000 во врска со оваа фотографија, 0:13:55.000,0:13:58.000 за оваа жена? 0:14:05.000,0:14:07.000 Добро... 0:14:07.000,0:14:09.000 Сега следете ме, 0:14:09.000,0:14:11.000 затоа што превземам голем ризик. 0:14:11.000,0:14:14.000 Ќе ве повикам и вие да ризикувате со мене. 0:14:14.000,0:14:16.000 Овие господа се бунтовници. 0:14:16.000,0:14:18.000 Фатени се од страна на американски војници, 0:14:18.000,0:14:20.000 додека се обидувале да убијат Американци. 0:14:20.000,0:14:23.000 Можеби и успеале во тоа. 0:14:23.000,0:14:25.000 Ставете се во кожата 0:14:25.000,0:14:29.000 на Американците кои што ги фатиле. 0:14:29.000,0:14:31.000 Можете ли да го почувствувате гневот? 0:14:31.000,0:14:33.000 Можете ли да почувствувате како само сакате 0:14:33.000,0:14:35.000 да им го свиткате вратот? 0:14:35.000,0:14:37.000 Можете ли да го замислите тоа? 0:14:37.000,0:14:39.000 Не би требало да биде толку тешко. 0:14:39.000,0:14:42.000 Кога само би ги фатиле... 0:14:44.000,0:14:48.000 Сега, ставете се во нивна кожа. 0:14:50.000,0:14:52.000 Дали се брутални убијци 0:14:52.000,0:14:55.000 или патриотски бранители? 0:14:55.000,0:14:57.000 Што се? 0:14:58.000,0:15:01.000 Можете ли да ја почувствувате нивната лутина, 0:15:01.000,0:15:03.000 нивниот страв, 0:15:03.000,0:15:05.000 нивниот гнев 0:15:05.000,0:15:07.000 за она што се случило во нивната земја? 0:15:07.000,0:15:09.000 Можете ли да замислите 0:15:09.000,0:15:12.000 дека можеби еден од нив утрото тој ден 0:15:12.000,0:15:15.000 се наведнал кон своето дете, го прегрнал 0:15:15.000,0:15:19.000 и рекол „Мило, ќе се вратам подоцна. 0:15:19.000,0:15:22.000 Одам да ја бранам твојата слобода, вашите животи. 0:15:22.000,0:15:26.000 Одам да се борам за нас, 0:15:26.000,0:15:28.000 за иднината на нашата земја.“ 0:15:28.000,0:15:30.000 Можете ли да го замислите тоа? 0:15:30.000,0:15:33.000 Замислите вие да го кажете тоа. 0:15:33.000,0:15:36.000 Можете ли? 0:15:37.000,0:15:40.000 Што мислите, што чувствуваат тие? 0:15:47.000,0:15:49.000 Тоа е емпатија. 0:15:49.000,0:15:52.000 Тоа е разбирање. 0:15:52.000,0:15:54.000 Можеби ќе прашате... 0:15:54.000,0:15:57.000 „Сем, зошто го правиш ова? 0:15:57.000,0:15:59.000 Зошто го користиш токму овој пример од толку многу примери?“. 0:15:59.000,0:16:02.000 Јас ќе речам затоа што... затоа што... 0:16:02.000,0:16:04.000 Дозволено ви е да ги мразите овие луѓе. 0:16:04.000,0:16:07.000 Може да ги мразите 0:16:07.000,0:16:09.000 со секој дел од вашето битие. 0:16:09.000,0:16:11.000 И доколку успеам да ве натерам 0:16:11.000,0:16:13.000 да влезете во нивна кожа 0:16:13.000,0:16:15.000 и да почувствувате малку, 0:16:15.000,0:16:17.000 само малку, 0:16:17.000,0:16:20.000 тогаш замислете каква социолошка анализа 0:16:20.000,0:16:24.000 може да направите во сите други аспекти од вашите животи? 0:16:24.000,0:16:26.000 Многу подобро 0:16:26.000,0:16:28.000 ќе можете да разберете 0:16:28.000,0:16:31.000 зошто некој вози 65 километри на час 0:16:31.000,0:16:34.000 во лентата за претекнување, 0:16:34.000,0:16:36.000 или вашиот син тинејџер, 0:16:36.000,0:16:38.000 вашиот сосед кој ве нервира 0:16:38.000,0:16:40.000 кога го коси тревникот во недела наутро. 0:16:40.000,0:16:43.000 Што и да е, ќе можете да го разберете многу подобро. 0:16:43.000,0:16:45.000 Ова им го кажуваме на моите студенти. 0:16:45.000,0:16:49.000 Излезете од вашиот ситен, мал свет. 0:16:49.000,0:16:51.000 Влезете во ситниот, мал свет 0:16:51.000,0:16:53.000 на некој друг. 0:16:53.000,0:16:57.000 Направете го тоа пак... и пак... и пак... 0:16:57.000,0:16:59.000 И наеднаш сите овие ситни, мали светови 0:16:59.000,0:17:01.000 се поврзуваат во сложена мрежа. 0:17:01.000,0:17:04.000 Градат голем, сложен свет. 0:17:04.000,0:17:06.000 И наеднаш, без да забележите, 0:17:06.000,0:17:09.000 го гледате светот поинаку. 0:17:09.000,0:17:11.000 Сè се сменило. 0:17:11.000,0:17:13.000 Сè во вашиот живот се сменило. 0:17:13.000,0:17:16.000 Во тоа е поентата. 0:17:16.000,0:17:19.000 Насочете се кон животите на другите, 0:17:19.000,0:17:21.000 кон визиите на другите. 0:17:21.000,0:17:23.000 Слушајте ги другите луѓе. 0:17:23.000,0:17:26.000 Да се просветлиме. 0:17:26.000,0:17:28.000 Не велам 0:17:28.000,0:17:30.000 дека ги поддржувам терористите во Ирак, 0:17:30.000,0:17:32.000 но како социолог 0:17:32.000,0:17:34.000 велам дека 0:17:34.000,0:17:37.000 јас разбирам. 0:17:38.000,0:17:42.000 А, сега можеби - можеби - разбирате и вие. 0:17:42.000,0:17:44.000 Ви благодарам. 0:17:44.000,0:17:46.000 (аплауз)