WEBVTT 00:00:00.681 --> 00:00:03.969 Овде сум да зборувам за едно вознемирувачко прашање, 00:00:03.969 --> 00:00:07.667 кое има исто толку вознемирувачки одговор. 00:00:07.667 --> 00:00:11.269 Ќе зборувам за тајните на домашното насилство, 00:00:11.269 --> 00:00:13.603 и ќе се осврнам на прашањето 00:00:13.603 --> 00:00:17.684 кое сите постојано го поставуваат: 00:00:17.684 --> 00:00:19.296 Зошто го трпи? 00:00:19.296 --> 00:00:23.292 Зошто е сè уште со мажот кој ја тепа? 00:00:23.292 --> 00:00:26.269 Јас не сум психијатар, социјален работник 00:00:26.269 --> 00:00:28.604 или експерт за домашно насилство. 00:00:28.604 --> 00:00:31.803 Јас сум само една жена со приказна. NOTE Paragraph 00:00:31.803 --> 00:00:36.316 Имав 22. Само што дипломирав на Харвард. 00:00:36.316 --> 00:00:38.788 Се доселив во Њујорк за мојата прва работа 00:00:38.788 --> 00:00:42.084 како текстописец и уредник во магазинот Севентин. 00:00:42.084 --> 00:00:44.324 За првпат имав сопствен стан, 00:00:44.324 --> 00:00:47.524 ја добив мојата прва мала зелена Американ Експрес картичка, 00:00:47.524 --> 00:00:50.552 и си имав една многу голема тајна. 00:00:50.552 --> 00:00:54.251 Мојата тајна се состоеше во тоа 00:00:54.251 --> 00:00:57.689 што, мажот за кој мислев дека ми е сродна душа 00:00:57.689 --> 00:01:00.252 многу, многу пати ми ставаше пиштол 00:01:00.252 --> 00:01:03.737 на глава. 00:01:03.737 --> 00:01:07.297 Човекот кој го сакав повеќе од сè 00:01:07.297 --> 00:01:11.376 безброј пати ми ставаше пиштол на глава, и ми 00:01:11.376 --> 00:01:14.561 се закануваше деќа ќе ме убие. 00:01:14.561 --> 00:01:17.304 Овде сум за да ви ја раскажам приказната за лудата љубов, 00:01:17.304 --> 00:01:20.488 психолошка стапица маскирана како љубов, 00:01:20.488 --> 00:01:23.340 замка во која, секоја година, паѓаат милиони 00:01:23.340 --> 00:01:25.721 жени, а дури и неколку мажи. 00:01:25.721 --> 00:01:28.470 Ова можеби е, и ваша приказна. NOTE Paragraph 00:01:28.470 --> 00:01:31.513 Јас не изгледам како некој кој преживеал домашно насилство. 00:01:31.513 --> 00:01:33.819 Имам диплома по aнглиски од Харвард, 00:01:33.819 --> 00:01:36.181 магистратура по маркетинг од Вортон факултетот за бизнис. 00:01:36.181 --> 00:01:39.473 Најголемиот дел од кариерата го поминав работејќи за компании од Форчн 500, 00:01:39.473 --> 00:01:43.745 тука вклучувајќи ги Џонсон и Џонсон, Лио Барнет и Вашингтон Пост. 00:01:43.745 --> 00:01:47.541 Со мојот втор сопруг во брак сум веќе 20 години, 00:01:47.541 --> 00:01:50.330 и имаме три деца. 00:01:50.330 --> 00:01:54.559 Имам куче од расата црн лабрадор и возам Хонда Одисеј мини-комбе. 00:01:54.559 --> 00:01:57.039 (Смеа) NOTE Paragraph 00:01:57.039 --> 00:01:59.758 Оттука, мојата прва порака до вас е дека домашното насилство 00:01:59.758 --> 00:02:02.126 може да му се случи на секого -- 00:02:02.126 --> 00:02:06.302 на сите раси, сите религии, на секое економско и образовно ниво. 00:02:06.302 --> 00:02:08.241 Тоа е насекаде. 00:02:08.241 --> 00:02:10.761 Мојата втора порака е дека секој мисли оти 00:02:10.761 --> 00:02:12.879 домашното насилство е проблем 00:02:12.879 --> 00:02:15.147 само на жените. 00:02:15.147 --> 00:02:17.366 Не е баш така. 00:02:17.366 --> 00:02:21.478 Над 85 проценти од злоставувачите се мажи, и домашното насилство 00:02:21.478 --> 00:02:27.396 се јавува само во интимните, меѓузависни и долготрајни врски, 00:02:27.396 --> 00:02:29.565 со други зборови, во семејствата, 00:02:29.565 --> 00:02:33.430 последното место каде би сакале или би очекувале да го најдеме насилството, 00:02:33.430 --> 00:02:37.708 една од причините поради која домашното насилство е ептен збунувачко. NOTE Paragraph 00:02:37.708 --> 00:02:41.259 Порано да сте ме прашале, веројатно ќе сум ви кажела 00:02:41.259 --> 00:02:43.831 дека нема шанси да останам со маж кој ме тепа, 00:02:43.831 --> 00:02:47.238 но всушност, поради моите години, јас бев одличен пример за тоа како изгледа една жртва. 00:02:47.238 --> 00:02:50.523 Имав 22, а во Соединетите Држави, 00:02:50.523 --> 00:02:54.372 жените помеѓу 16 и 24 години се трипати поподложни 00:02:54.372 --> 00:02:57.133 на домашно насилство 00:02:57.133 --> 00:02:59.948 во споредба со другите жени, 00:02:59.948 --> 00:03:03.251 и преку 500 жени и девојчиња кои се на оваа возраст, 00:03:03.251 --> 00:03:06.822 секоја година, се убивани од нивните насилни партнери, 00:03:06.822 --> 00:03:11.455 момчиња и сопрузи, само во Соединетите Држави. NOTE Paragraph 00:03:11.455 --> 00:03:14.515 Бев многу типична жртва и поради тоа што не знаев ништо 00:03:14.515 --> 00:03:19.100 за домашното насилство, неговите почетни знаци или обрасци. NOTE Paragraph 00:03:19.100 --> 00:03:24.165 Конор го сретнав во една ладна, и дождлива јануарска ноќ. 00:03:24.165 --> 00:03:27.128 Седна до мене во њујоршкото градско метро, 00:03:27.128 --> 00:03:29.267 и почна да ми муабети. 00:03:29.267 --> 00:03:31.135 Ми кажа две работи. 00:03:31.135 --> 00:03:34.937 Една беше дека, и тој, само што дипломирал на Ајви Лиг факултетот, 00:03:34.937 --> 00:03:39.292 и дека работи во една неверојатна банка која се наоѓа на Вол Стрит. 00:03:39.292 --> 00:03:42.952 Но најголем впечаток ми остави тоа што 00:03:42.952 --> 00:03:46.240 беше паметен, забавен 00:03:46.240 --> 00:03:47.640 и изгледаше како фармерско момче. 00:03:47.640 --> 00:03:49.987 Имаше големи образи, големи јаболкови образи 00:03:49.987 --> 00:03:51.672 и имаше руса коса, 00:03:51.672 --> 00:03:54.959 и беше многу сладок. NOTE Paragraph 00:03:54.959 --> 00:03:58.743 Уште на самиот почеток, Конор одигра многу паметно, 00:03:58.743 --> 00:04:04.317 односно, создаде илузија дека всушност јас сум доминантниот партнер во врската. 00:04:04.317 --> 00:04:06.518 Ова го правеше особено на почетокот, на 00:04:06.518 --> 00:04:09.384 тој начин што ме идолизираше. 00:04:09.384 --> 00:04:12.670 Почнавме да се забавуваме, а на него му се допаѓаше сè во врска со мене, 00:04:12.670 --> 00:04:14.354 дека сум паметна, дека сум била на Харвард, 00:04:14.354 --> 00:04:17.384 дека многу сакам да им помагам на девојчињата, ја сакаше и мојата работа. 00:04:17.384 --> 00:04:19.915 Сакаше да знае сè за моето семејство, за моето 00:04:19.915 --> 00:04:22.531 детство, и за моите надежи и соништа. 00:04:22.531 --> 00:04:26.165 Конор веруваше во мене, како писател и како жена, 00:04:26.165 --> 00:04:29.844 на начин како никој друг порано. 00:04:29.844 --> 00:04:34.169 Исто така, на еден магичен начин, создаде огромна доверба помеѓу нас, 00:04:34.169 --> 00:04:36.689 кажувајќи ми ги неговите тајни, 00:04:36.689 --> 00:04:41.169 дека кога бил многу мал, уште на четири годишна возраст, 00:04:41.169 --> 00:04:44.080 бил постојано ѕверски тепан од страна на неговиот 00:04:44.080 --> 00:04:45.766 очув, и дека злоставувањето 00:04:45.766 --> 00:04:49.706 било толку сериозно, што морал уште во осмо одделение да го напушти училиштето, 00:04:49.706 --> 00:04:52.325 и покрај тоа што бил многу паметен, 00:04:52.325 --> 00:04:55.581 и дека 20 години потрошил обидувајќи се да си го обнови животот. 00:04:55.581 --> 00:04:58.737 И дека токму поради ова, дипломата од Ајви Лиг, 00:04:58.737 --> 00:05:01.550 работата на Вол Стрит и неговата светла иднина 00:05:01.550 --> 00:05:04.121 му значат премногу. 00:05:04.121 --> 00:05:06.265 Ако тогаш ми кажевте 00:05:06.265 --> 00:05:11.629 дека овој паметен, забавен, чувствителен маж кој ме обожаваше, 00:05:11.629 --> 00:05:16.012 еден ден ќе ми наредува дали да носам шминка, 00:05:16.012 --> 00:05:18.062 колку да ми биде куса сукњата, 00:05:18.062 --> 00:05:19.992 каде да живеам, што да работам, 00:05:19.992 --> 00:05:23.356 ќе ми кажува со кого да се дружам и каде да го поминам Божиќ, 00:05:23.356 --> 00:05:25.304 веројатно ќе ви се изнасмеев, 00:05:25.304 --> 00:05:28.352 бидејќи кај Конор на почетокот, воопшто немаше знаци 00:05:28.352 --> 00:05:31.836 на гнев и желба за контрола. 00:05:31.836 --> 00:05:34.961 Не знаев дека првата фаза 00:05:34.961 --> 00:05:37.336 во секоја насилна врска е 00:05:37.336 --> 00:05:40.988 заведување и шармирање на жртвата. NOTE Paragraph 00:05:40.988 --> 00:05:45.748 Исто така не знаев дека вториот чекор е изолирање на жртвата. 00:05:45.748 --> 00:05:49.902 Е сега, Конор не ми го кажа тоа на директен начин, 00:05:49.902 --> 00:05:53.036 "Еј, знаеш, целата оваа Ромео и Јулија приказна беше супер, 00:05:53.036 --> 00:05:55.041 ама сега морам да преминам во следната фаза 00:05:55.041 --> 00:05:59.220 кога ќе те изолирам и ќе те злоставувам" - (Смеа) - 00:05:59.220 --> 00:06:00.575 ''морам да те оттргнам од овој стан 00:06:00.575 --> 00:06:02.216 за да не слушнат соседите како врескаш, 00:06:02.216 --> 00:06:04.689 и да те оттргнам од градот во кој имаш пријатели, семејство 00:06:04.689 --> 00:06:07.995 и соработници кои би ги виделе лузните." 00:06:07.995 --> 00:06:12.216 Наместо тоа, една петочна вечер Конор си дојде дома, 00:06:12.216 --> 00:06:14.947 и ми кажа дека морал да ја напушти работата, 00:06:14.947 --> 00:06:17.412 неговата сакана работа, 00:06:17.412 --> 00:06:21.553 и рече дека ја напуштил работата поради мене, 00:06:21.553 --> 00:06:24.731 дека покрај мене се чувствувал толку сигурен и сакан 00:06:24.731 --> 00:06:27.854 што веќе немал потреба да се докажува на Вол Стрит, 00:06:27.854 --> 00:06:30.369 и само сакаше да се отселиме од градот 00:06:30.369 --> 00:06:33.347 подалеку од неговото злоставувачко и дисфункционално семејство, 00:06:33.347 --> 00:06:36.469 и да отидеме во едно мало градче во Њу Ингланд 00:06:36.469 --> 00:06:40.042 каде што одново ќе си го започне животот со мене. 00:06:40.042 --> 00:06:43.908 Е сега, воопшто не сакав да го напуштам Њујорк и 00:06:43.908 --> 00:06:47.515 мојата прекрасна работа, 00:06:47.515 --> 00:06:50.098 но од друга страна си мислев дека треба да се жртвуваме за нашите сакани, 00:06:50.098 --> 00:06:53.562 па така се согласив, ја напуштив работата, 00:06:53.562 --> 00:06:56.193 и заедно со Конор се отселивме од Менхетн. 00:06:56.193 --> 00:07:00.559 Немав поим дека ова е луда љубов, 00:07:00.559 --> 00:07:04.191 дека ќе паднам директно во една внимателно поставена 00:07:04.191 --> 00:07:09.171 физичка, финансиска и психолошка стапица. NOTE Paragraph 00:07:09.171 --> 00:07:11.491 Следната фаза од домашното насилство 00:07:11.491 --> 00:07:15.773 е започнување со заканите за да 00:07:15.773 --> 00:07:17.972 видите како ќе реагира жртвата. 00:07:17.972 --> 00:07:20.681 И тому овде пиштолите влегуваат во игра. 00:07:20.681 --> 00:07:23.599 Веднаш штом се доселивме во Њу Ингланд -- знаете, 00:07:23.599 --> 00:07:26.337 местото во кое Конор требаше да се чувствува безбедно -- 00:07:26.337 --> 00:07:28.753 тој си купи три пиштоли. 00:07:28.753 --> 00:07:32.193 Еден од пиштолите го чуваше во колата. 00:07:32.193 --> 00:07:34.849 Другиот го чуваше под перниците во нашиот кревет, 00:07:34.849 --> 00:07:38.011 а третиот постојано го носеше со себе во џеб. 00:07:38.011 --> 00:07:40.329 И рече дека овие пиштоли му требале 00:07:40.329 --> 00:07:43.125 поради траумата што ја доживеал уште како мал. 00:07:43.125 --> 00:07:45.609 Му требале за да се чувствува безбедно. 00:07:45.609 --> 00:07:48.521 Но овие пиштоли, всушност, беа порака упатена кон мене, 00:07:48.521 --> 00:07:51.215 и покрај тоа што немаше кренато рака врз мене, 00:07:51.215 --> 00:07:57.021 сепак животот веќе ми беше во огромна опасност. NOTE Paragraph 00:07:57.021 --> 00:08:00.594 Конор за првпат физички ме нападна 00:08:00.594 --> 00:08:03.419 на пет дена пред нашата свадба. 00:08:03.419 --> 00:08:07.611 Беше 7 наутро. Сè уште бев во ноќница. 00:08:07.611 --> 00:08:11.851 Работев на мојот компјутер, обидувајќи се да го завршам хонорарниот текст, 00:08:11.851 --> 00:08:13.665 и тогаш се изнервирав, 00:08:13.665 --> 00:08:16.752 а Конор го искористи мојот гнев како изговор 00:08:16.752 --> 00:08:19.903 за да ги стави рацете околу мојот врат 00:08:19.903 --> 00:08:23.723 и потоа да притисне толку силно што не можев ниту да дишам, ниту да викам. 00:08:23.723 --> 00:08:25.547 Држејќи ме така 00:08:25.547 --> 00:08:29.973 тој ми ја удри главата во ѕидот неколку пати. 00:08:29.973 --> 00:08:35.291 Пет дена подоцна, десетте лузни на мојот врат избледеа, 00:08:35.291 --> 00:08:37.766 а јас го облеков невестинскиот фустан од мајка ми, 00:08:37.766 --> 00:08:40.083 и се омажив за него. NOTE Paragraph 00:08:40.083 --> 00:08:42.364 И покрај тоа што се случи, 00:08:42.364 --> 00:08:45.883 јас бев сигурна дека понатаму ќе живееме среќно, 00:08:45.883 --> 00:08:49.964 бидејќи го сакав, а и тој ме сакаше премногу. 00:08:49.964 --> 00:08:53.336 На него му беше ептен жал. 00:08:53.336 --> 00:08:56.509 Бил под многу голем стрес поради венчавката, и поради 00:08:56.509 --> 00:08:58.706 тоа што ќе станел семејство со мене. 00:08:58.706 --> 00:09:00.427 Тоа беше изолиран инцидент, 00:09:00.427 --> 00:09:04.023 и рече дека никогаш повеќе нема да ме повреди. NOTE Paragraph 00:09:04.023 --> 00:09:06.603 Ме нападна уште двапати за време на медениот месец. 00:09:06.603 --> 00:09:09.690 Првиот пат, возев барајќи некоја затскриена плажа, 00:09:09.690 --> 00:09:12.392 и се изгубив, 00:09:12.392 --> 00:09:15.362 а тој толку силно ме удри по глава, што со другата 00:09:15.362 --> 00:09:17.506 страна неколку пати удрив во 00:09:17.506 --> 00:09:19.913 возачкиот прозорец. 00:09:19.913 --> 00:09:23.279 Неколку дена подоцна, враќајќи се од медениот месец, 00:09:23.279 --> 00:09:25.562 тој се изнервира од сообраќајот, 00:09:25.562 --> 00:09:28.994 и ме мавна во лице со еден ладен Биг Мак хамбургер. 00:09:28.994 --> 00:09:31.602 Конор продолжи да ме тепа еднаш или два пати неделно 00:09:31.602 --> 00:09:35.019 во текот на следните две и пол години од нашиот брак. NOTE Paragraph 00:09:35.019 --> 00:09:38.144 Си мислев дека ова само мене 00:09:38.144 --> 00:09:40.787 ми се случува, но не бев во право. 00:09:40.787 --> 00:09:42.978 Една на секоја три жени во Америка 00:09:42.978 --> 00:09:47.130 е жртва на домашно насилство или демнење во одреден период од животот, 00:09:47.130 --> 00:09:50.771 а извештајот на СиДиСи вели дека 15 милиони деца 00:09:50.771 --> 00:09:54.181 се злоставувани секоја година, 15 милиони. 00:09:54.181 --> 00:09:58.554 Што значи дека сум била во многу добро друштво. NOTE Paragraph 00:09:58.554 --> 00:10:00.970 Да се навратам на прашањето: 00:10:00.970 --> 00:10:03.465 Зошто останав со него? 00:10:03.465 --> 00:10:06.203 Одговорот е лесен. 00:10:06.203 --> 00:10:08.891 Не знаев дека ме злоставува. 00:10:08.891 --> 00:10:12.739 Иако ми ставаше пиштоли на глава, иако ме 00:10:12.739 --> 00:10:14.962 туркаше надолу по скалите, 00:10:14.962 --> 00:10:16.343 се закануваше дека ќе го убие кучето, 00:10:16.343 --> 00:10:20.266 ги вадеше клучевите од колата додека возев по автопатот, 00:10:20.266 --> 00:10:22.783 ми истураше мелено кафе врз глава 00:10:22.783 --> 00:10:25.099 додека се облекував за работно интервју, 00:10:25.099 --> 00:10:29.469 јас ниту еднаш за себе не помислив дека сум жртва. 00:10:29.469 --> 00:10:33.046 Наместо тоа, јас бев многу силна жена 00:10:33.046 --> 00:10:35.298 која е заљубена во човек со многу проблеми, 00:10:35.298 --> 00:10:37.355 и си мислев дека само јас можам 00:10:37.355 --> 00:10:40.795 да му помогнам на Конор да се соочи со неговите демони. NOTE Paragraph 00:10:40.795 --> 00:10:44.506 Другото прашање што сите го поставуваат е, 00:10:44.506 --> 00:10:46.923 зошто едноставно не си замине? 00:10:46.923 --> 00:10:50.874 Зошто не избега? Можев да си заминам во секое време. 00:10:50.874 --> 00:10:55.586 За мене, ова е најтажното и најболното прашање што ми го поставиле, 00:10:55.586 --> 00:10:58.677 бидејќи ние жртвите знаеме нешто што вие вообичаено не го знаете: 00:10:58.677 --> 00:11:03.070 Ептен е опасно да го напуштите злоставувачот. 00:11:03.070 --> 00:11:06.389 Бидејќи последната фаза од домашното насилство е 00:11:06.389 --> 00:11:09.284 убиство на жртвата. 00:11:09.284 --> 00:11:11.825 Преку 70 проценти од убиствата во рамки на домашното насилство 00:11:11.825 --> 00:11:15.893 се случуваат откако жртвата ќе ја прекине врската, 00:11:15.893 --> 00:11:17.786 откако ќе избега, 00:11:17.786 --> 00:11:21.037 бидејќи тогаш злоставувачот веќе нема што да изгуби. 00:11:21.037 --> 00:11:24.128 Другите исходи може да бидат долготрајно демнење, 00:11:24.128 --> 00:11:27.080 дури и кога злоставувачот ќе се прежени; 00:11:27.080 --> 00:11:29.235 кратење на финансиските средства; 00:11:29.235 --> 00:11:31.624 и манипулирање на семејниот судски систем 00:11:31.624 --> 00:11:34.447 за да ја преплаши жртвата и нејзините деца, 00:11:34.447 --> 00:11:39.373 кои постојано се приморувани од страна на судиите 00:11:39.373 --> 00:11:41.342 да поминуваат, без надзор, одредено време 00:11:41.342 --> 00:11:45.013 со мажот кој ја тепал нивната мајка. 00:11:45.013 --> 00:11:49.188 И пак прашуваме, зошто едноставно не си замине? NOTE Paragraph 00:11:49.188 --> 00:11:50.942 Јас успеав да си заминам, 00:11:50.942 --> 00:11:53.844 заради последното садистичко тепање 00:11:53.844 --> 00:11:57.003 кое конечно ме освести. 00:11:57.003 --> 00:12:00.173 Сфатив дека мажот кој го сакам, на крај 00:12:00.173 --> 00:12:03.083 веројатно ќе ме убие ако му дозволам. 00:12:03.083 --> 00:12:05.598 Па така му ставив крај на молкот. 00:12:05.598 --> 00:12:08.428 Им кажав на сите: 00:12:08.428 --> 00:12:12.213 на полицијата, на соседите, 00:12:12.213 --> 00:12:16.053 пријателите и семејството, на луѓе што не ги знаев, 00:12:16.053 --> 00:12:22.907 и денес сум овде бидејќи сите вие ми помогнавте. NOTE Paragraph 00:12:22.907 --> 00:12:25.445 Честопати ги стереотипизираме жртвите, 00:12:25.445 --> 00:12:28.507 им лепиме негативни етикети, 00:12:28.507 --> 00:12:31.803 мазохистичка жена, потрошна роба. 00:12:31.803 --> 00:12:34.806 Прашањето, "Зошто е сè уште со него?" 00:12:34.806 --> 00:12:40.442 за некои луѓе значи, "Нејзина вина е што сè уште е со него," 00:12:40.442 --> 00:12:43.766 божем ние, жртвите, намерно се вљубуваме во мажи кои 00:12:43.766 --> 00:12:46.398 сакаат да нè уништат. NOTE Paragraph 00:12:46.398 --> 00:12:48.902 Но откако ја објавив "Луда Љубов," 00:12:48.902 --> 00:12:52.425 слушнав стотици приказни од мажи и жени 00:12:52.425 --> 00:12:54.870 кои успешно се справиле, 00:12:54.870 --> 00:12:59.250 кои научиле една бесценета животна лекција од она што им се случило, 00:12:59.250 --> 00:13:03.463 и кои си ги обновиле животите -- радосни, среќни животи -- 00:13:03.463 --> 00:13:05.797 како вработени, жени и мајки, 00:13:05.797 --> 00:13:10.478 животи без насилство, токму како мене. 00:13:10.478 --> 00:13:14.509 Бидејќи се испостави дека јас сум, всушност, еден многу типичен пример на жртва, 00:13:14.509 --> 00:13:17.953 на некој кој преживеал домашно насилство. 00:13:17.953 --> 00:13:21.978 Се премажив за еден пријатен и нежен маж, 00:13:21.978 --> 00:13:24.314 и со него имаме три деца. 00:13:24.314 --> 00:13:27.715 Како што реков, си имам црн лабрадор и мини-комбе. 00:13:27.715 --> 00:13:31.181 Но повеќе нема да имам, 00:13:31.181 --> 00:13:34.139 никогаш, 00:13:34.139 --> 00:13:36.264 пиштол на мојата глава, пиштол 00:13:36.264 --> 00:13:39.907 кој го држи некој кој ми вели дека ме сака. NOTE Paragraph 00:13:39.907 --> 00:13:42.538 Во моментов, можеби си мислите, 00:13:42.538 --> 00:13:44.445 "Леле, ова е неверојатно," 00:13:44.445 --> 00:13:47.573 или, "Леле, колку била глупава," 00:13:47.573 --> 00:13:53.576 но цело време, јас всушност зборував за вас. 00:13:53.576 --> 00:13:57.093 Ви гарантирам дека во моментов ме 00:13:57.093 --> 00:13:58.835 слушаат неколку луѓе кои 00:13:58.835 --> 00:14:01.847 и самите се жртви на насилство, 00:14:01.847 --> 00:14:04.362 биле злоставувани како деца, 00:14:04.362 --> 00:14:07.732 или и самите се злоставувачи. 00:14:07.732 --> 00:14:09.669 Насилство, токму сега, можеби ја засега вашата ќерка, 00:14:09.669 --> 00:14:14.962 вашата сестра или вашиот најдобар пријател. NOTE Paragraph 00:14:14.962 --> 00:14:18.406 Јас и ставив крај на мојата луда љубов, на 00:14:18.406 --> 00:14:20.607 тој начин што го прекинав молкот. 00:14:20.607 --> 00:14:23.122 И денес го правам истото. 00:14:23.122 --> 00:14:26.938 На овој начин им помагам на другите жртви, 00:14:26.938 --> 00:14:30.306 и за крај имам едно барање до вас. 00:14:30.306 --> 00:14:33.138 Зборувајте за она што го слушнавте овде. 00:14:33.138 --> 00:14:36.466 Злоставувањето вирее само во тишина. 00:14:36.466 --> 00:14:40.169 Вие имате моќ да му ставите крај на домашното насилство 00:14:40.169 --> 00:14:43.678 едноставно ако фрлите светлина врз истото. 00:14:43.678 --> 00:14:46.752 Нам жртвите ни требаат сите. 00:14:46.752 --> 00:14:50.825 Потребно ни е секој од вас да ги разбере 00:14:50.825 --> 00:14:54.603 тајните на домашното насилство. 00:14:54.603 --> 00:14:57.587 Разобличете го насилството зборувајќи за истото 00:14:57.587 --> 00:14:59.714 со вашите деца, вашите соработници, 00:14:59.714 --> 00:15:01.651 вашите пријатели и семејство. 00:15:01.651 --> 00:15:05.097 Претставете ги жртвите како прекрасни, сакани луѓе 00:15:05.097 --> 00:15:07.912 кои имаат иднина пред себе. 00:15:07.912 --> 00:15:11.393 Препознајте ги раните знаци на насилство, 00:15:11.393 --> 00:15:14.226 и интервенирајте совесно, 00:15:14.226 --> 00:15:18.388 спречето го, покажете им на жртвите безбеден излез. 00:15:18.388 --> 00:15:22.383 Заедно можеме да ги направиме нашите кревети, 00:15:22.383 --> 00:15:26.000 нашите трепезарии и нашите семејства, 00:15:26.000 --> 00:15:29.257 безбедни и мирни оази, баш како што и треба да бидат. NOTE Paragraph 00:15:29.257 --> 00:15:31.229 Ви благодарам. NOTE Paragraph 00:15:31.229 --> 00:15:38.937 (Аплауз)