1 00:00:00,681 --> 00:00:03,969 Овде сум да зборувам за едно вознемирувачко прашање, 2 00:00:03,969 --> 00:00:07,667 кое има исто толку вознемирувачки одговор. 3 00:00:07,667 --> 00:00:11,269 Ќе зборувам за тајните на домашното насилство, 4 00:00:11,269 --> 00:00:13,603 и ќе се осврнам на прашањето 5 00:00:13,603 --> 00:00:17,684 кое сите постојано го поставуваат: 6 00:00:17,684 --> 00:00:19,296 Зошто го трпи? 7 00:00:19,296 --> 00:00:23,292 Зошто е сè уште со мажот кој ја тепа? 8 00:00:23,292 --> 00:00:26,269 Јас не сум психијатар, социјален работник 9 00:00:26,269 --> 00:00:28,604 или експерт за домашно насилство. 10 00:00:28,604 --> 00:00:31,803 Јас сум само една жена со приказна. 11 00:00:31,803 --> 00:00:36,316 Имав 22. Само што дипломирав на Харвард. 12 00:00:36,316 --> 00:00:38,788 Се доселив во Њујорк за мојата прва работа 13 00:00:38,788 --> 00:00:42,084 како текстописец и уредник во магазинот Севентин. 14 00:00:42,084 --> 00:00:44,324 За првпат имав сопствен стан, 15 00:00:44,324 --> 00:00:47,524 ја добив мојата прва мала зелена Американ Експрес картичка, 16 00:00:47,524 --> 00:00:50,552 и си имав една многу голема тајна. 17 00:00:50,552 --> 00:00:54,251 Мојата тајна се состоеше во тоа 18 00:00:54,251 --> 00:00:57,689 што, мажот за кој мислев дека ми е сродна душа 19 00:00:57,689 --> 00:01:00,252 многу, многу пати ми ставаше пиштол 20 00:01:00,252 --> 00:01:03,737 на глава. 21 00:01:03,737 --> 00:01:07,297 Човекот кој го сакав повеќе од сè 22 00:01:07,297 --> 00:01:11,376 безброј пати ми ставаше пиштол на глава, и ми 23 00:01:11,376 --> 00:01:14,561 се закануваше деќа ќе ме убие. 24 00:01:14,561 --> 00:01:17,304 Овде сум за да ви ја раскажам приказната за лудата љубов, 25 00:01:17,304 --> 00:01:20,488 психолошка стапица маскирана како љубов, 26 00:01:20,488 --> 00:01:23,340 замка во која, секоја година, паѓаат милиони 27 00:01:23,340 --> 00:01:25,721 жени, а дури и неколку мажи. 28 00:01:25,721 --> 00:01:28,470 Ова можеби е, и ваша приказна. 29 00:01:28,470 --> 00:01:31,513 Јас не изгледам како некој кој преживеал домашно насилство. 30 00:01:31,513 --> 00:01:33,819 Имам диплома по aнглиски од Харвард, 31 00:01:33,819 --> 00:01:36,181 магистратура по маркетинг од Вортон факултетот за бизнис. 32 00:01:36,181 --> 00:01:39,473 Најголемиот дел од кариерата го поминав работејќи за компании од Форчн 500, 33 00:01:39,473 --> 00:01:43,745 тука вклучувајќи ги Џонсон и Џонсон, Лио Барнет и Вашингтон Пост. 34 00:01:43,745 --> 00:01:47,541 Со мојот втор сопруг во брак сум веќе 20 години, 35 00:01:47,541 --> 00:01:50,330 и имаме три деца. 36 00:01:50,330 --> 00:01:54,559 Имам куче од расата црн лабрадор и возам Хонда Одисеј мини-комбе. 37 00:01:54,559 --> 00:01:57,039 (Смеа) 38 00:01:57,039 --> 00:01:59,758 Оттука, мојата прва порака до вас е дека домашното насилство 39 00:01:59,758 --> 00:02:02,126 може да му се случи на секого -- 40 00:02:02,126 --> 00:02:06,302 на сите раси, сите религии, на секое економско и образовно ниво. 41 00:02:06,302 --> 00:02:08,241 Тоа е насекаде. 42 00:02:08,241 --> 00:02:10,761 Мојата втора порака е дека секој мисли оти 43 00:02:10,761 --> 00:02:12,879 домашното насилство е проблем 44 00:02:12,879 --> 00:02:15,147 само на жените. 45 00:02:15,147 --> 00:02:17,366 Не е баш така. 46 00:02:17,366 --> 00:02:21,478 Над 85 проценти од злоставувачите се мажи, и домашното насилство 47 00:02:21,478 --> 00:02:27,396 се јавува само во интимните, меѓузависни и долготрајни врски, 48 00:02:27,396 --> 00:02:29,565 со други зборови, во семејствата, 49 00:02:29,565 --> 00:02:33,430 последното место каде би сакале или би очекувале да го најдеме насилството, 50 00:02:33,430 --> 00:02:37,708 една од причините поради која домашното насилство е ептен збунувачко. 51 00:02:37,708 --> 00:02:41,259 Порано да сте ме прашале, веројатно ќе сум ви кажела 52 00:02:41,259 --> 00:02:43,831 дека нема шанси да останам со маж кој ме тепа, 53 00:02:43,831 --> 00:02:47,238 но всушност, поради моите години, јас бев одличен пример за тоа како изгледа една жртва. 54 00:02:47,238 --> 00:02:50,523 Имав 22, а во Соединетите Држави, 55 00:02:50,523 --> 00:02:54,372 жените помеѓу 16 и 24 години се трипати поподложни 56 00:02:54,372 --> 00:02:57,133 на домашно насилство 57 00:02:57,133 --> 00:02:59,948 во споредба со другите жени, 58 00:02:59,948 --> 00:03:03,251 и преку 500 жени и девојчиња кои се на оваа возраст, 59 00:03:03,251 --> 00:03:06,822 секоја година, се убивани од нивните насилни партнери, 60 00:03:06,822 --> 00:03:11,455 момчиња и сопрузи, само во Соединетите Држави. 61 00:03:11,455 --> 00:03:14,515 Бев многу типична жртва и поради тоа што не знаев ништо 62 00:03:14,515 --> 00:03:19,100 за домашното насилство, неговите почетни знаци или обрасци. 63 00:03:19,100 --> 00:03:24,165 Конор го сретнав во една ладна, и дождлива јануарска ноќ. 64 00:03:24,165 --> 00:03:27,128 Седна до мене во њујоршкото градско метро, 65 00:03:27,128 --> 00:03:29,267 и почна да ми муабети. 66 00:03:29,267 --> 00:03:31,135 Ми кажа две работи. 67 00:03:31,135 --> 00:03:34,937 Една беше дека, и тој, само што дипломирал на Ајви Лиг факултетот, 68 00:03:34,937 --> 00:03:39,292 и дека работи во една неверојатна банка која се наоѓа на Вол Стрит. 69 00:03:39,292 --> 00:03:42,952 Но најголем впечаток ми остави тоа што 70 00:03:42,952 --> 00:03:46,240 беше паметен, забавен 71 00:03:46,240 --> 00:03:47,640 и изгледаше како фармерско момче. 72 00:03:47,640 --> 00:03:49,987 Имаше големи образи, големи јаболкови образи 73 00:03:49,987 --> 00:03:51,672 и имаше руса коса, 74 00:03:51,672 --> 00:03:54,959 и беше многу сладок. 75 00:03:54,959 --> 00:03:58,743 Уште на самиот почеток, Конор одигра многу паметно, 76 00:03:58,743 --> 00:04:04,317 односно, создаде илузија дека всушност јас сум доминантниот партнер во врската. 77 00:04:04,317 --> 00:04:06,518 Ова го правеше особено на почетокот, на 78 00:04:06,518 --> 00:04:09,384 тој начин што ме идолизираше. 79 00:04:09,384 --> 00:04:12,670 Почнавме да се забавуваме, а на него му се допаѓаше сè во врска со мене, 80 00:04:12,670 --> 00:04:14,354 дека сум паметна, дека сум била на Харвард, 81 00:04:14,354 --> 00:04:17,384 дека многу сакам да им помагам на девојчињата, ја сакаше и мојата работа. 82 00:04:17,384 --> 00:04:19,915 Сакаше да знае сè за моето семејство, за моето 83 00:04:19,915 --> 00:04:22,531 детство, и за моите надежи и соништа. 84 00:04:22,531 --> 00:04:26,165 Конор веруваше во мене, како писател и како жена, 85 00:04:26,165 --> 00:04:29,844 на начин како никој друг порано. 86 00:04:29,844 --> 00:04:34,169 Исто така, на еден магичен начин, создаде огромна доверба помеѓу нас, 87 00:04:34,169 --> 00:04:36,689 кажувајќи ми ги неговите тајни, 88 00:04:36,689 --> 00:04:41,169 дека кога бил многу мал, уште на четири годишна возраст, 89 00:04:41,169 --> 00:04:44,080 бил постојано ѕверски тепан од страна на неговиот 90 00:04:44,080 --> 00:04:45,766 очув, и дека злоставувањето 91 00:04:45,766 --> 00:04:49,706 било толку сериозно, што морал уште во осмо одделение да го напушти училиштето, 92 00:04:49,706 --> 00:04:52,325 и покрај тоа што бил многу паметен, 93 00:04:52,325 --> 00:04:55,581 и дека 20 години потрошил обидувајќи се да си го обнови животот. 94 00:04:55,581 --> 00:04:58,737 И дека токму поради ова, дипломата од Ајви Лиг, 95 00:04:58,737 --> 00:05:01,550 работата на Вол Стрит и неговата светла иднина 96 00:05:01,550 --> 00:05:04,121 му значат премногу. 97 00:05:04,121 --> 00:05:06,265 Ако тогаш ми кажевте 98 00:05:06,265 --> 00:05:11,629 дека овој паметен, забавен, чувствителен маж кој ме обожаваше, 99 00:05:11,629 --> 00:05:16,012 еден ден ќе ми наредува дали да носам шминка, 100 00:05:16,012 --> 00:05:18,062 колку да ми биде куса сукњата, 101 00:05:18,062 --> 00:05:19,992 каде да живеам, што да работам, 102 00:05:19,992 --> 00:05:23,356 ќе ми кажува со кого да се дружам и каде да го поминам Божиќ, 103 00:05:23,356 --> 00:05:25,304 веројатно ќе ви се изнасмеев, 104 00:05:25,304 --> 00:05:28,352 бидејќи кај Конор на почетокот, воопшто немаше знаци 105 00:05:28,352 --> 00:05:31,836 на гнев и желба за контрола. 106 00:05:31,836 --> 00:05:34,961 Не знаев дека првата фаза 107 00:05:34,961 --> 00:05:37,336 во секоја насилна врска е 108 00:05:37,336 --> 00:05:40,988 заведување и шармирање на жртвата. 109 00:05:40,988 --> 00:05:45,748 Исто така не знаев дека вториот чекор е изолирање на жртвата. 110 00:05:45,748 --> 00:05:49,902 Е сега, Конор не ми го кажа тоа на директен начин, 111 00:05:49,902 --> 00:05:53,036 "Еј, знаеш, целата оваа Ромео и Јулија приказна беше супер, 112 00:05:53,036 --> 00:05:55,041 ама сега морам да преминам во следната фаза 113 00:05:55,041 --> 00:05:59,220 кога ќе те изолирам и ќе те злоставувам" - (Смеа) - 114 00:05:59,220 --> 00:06:00,575 ''морам да те оттргнам од овој стан 115 00:06:00,575 --> 00:06:02,216 за да не слушнат соседите како врескаш, 116 00:06:02,216 --> 00:06:04,689 и да те оттргнам од градот во кој имаш пријатели, семејство 117 00:06:04,689 --> 00:06:07,995 и соработници кои би ги виделе лузните." 118 00:06:07,995 --> 00:06:12,216 Наместо тоа, една петочна вечер Конор си дојде дома, 119 00:06:12,216 --> 00:06:14,947 и ми кажа дека морал да ја напушти работата, 120 00:06:14,947 --> 00:06:17,412 неговата сакана работа, 121 00:06:17,412 --> 00:06:21,553 и рече дека ја напуштил работата поради мене, 122 00:06:21,553 --> 00:06:24,731 дека покрај мене се чувствувал толку сигурен и сакан 123 00:06:24,731 --> 00:06:27,854 што веќе немал потреба да се докажува на Вол Стрит, 124 00:06:27,854 --> 00:06:30,369 и само сакаше да се отселиме од градот 125 00:06:30,369 --> 00:06:33,347 подалеку од неговото злоставувачко и дисфункционално семејство, 126 00:06:33,347 --> 00:06:36,469 и да отидеме во едно мало градче во Њу Ингланд 127 00:06:36,469 --> 00:06:40,042 каде што одново ќе си го започне животот со мене. 128 00:06:40,042 --> 00:06:43,908 Е сега, воопшто не сакав да го напуштам Њујорк и 129 00:06:43,908 --> 00:06:47,515 мојата прекрасна работа, 130 00:06:47,515 --> 00:06:50,098 но од друга страна си мислев дека треба да се жртвуваме за нашите сакани, 131 00:06:50,098 --> 00:06:53,562 па така се согласив, ја напуштив работата, 132 00:06:53,562 --> 00:06:56,193 и заедно со Конор се отселивме од Менхетн. 133 00:06:56,193 --> 00:07:00,559 Немав поим дека ова е луда љубов, 134 00:07:00,559 --> 00:07:04,191 дека ќе паднам директно во една внимателно поставена 135 00:07:04,191 --> 00:07:09,171 физичка, финансиска и психолошка стапица. 136 00:07:09,171 --> 00:07:11,491 Следната фаза од домашното насилство 137 00:07:11,491 --> 00:07:15,773 е започнување со заканите за да 138 00:07:15,773 --> 00:07:17,972 видите како ќе реагира жртвата. 139 00:07:17,972 --> 00:07:20,681 И тому овде пиштолите влегуваат во игра. 140 00:07:20,681 --> 00:07:23,599 Веднаш штом се доселивме во Њу Ингланд -- знаете, 141 00:07:23,599 --> 00:07:26,337 местото во кое Конор требаше да се чувствува безбедно -- 142 00:07:26,337 --> 00:07:28,753 тој си купи три пиштоли. 143 00:07:28,753 --> 00:07:32,193 Еден од пиштолите го чуваше во колата. 144 00:07:32,193 --> 00:07:34,849 Другиот го чуваше под перниците во нашиот кревет, 145 00:07:34,849 --> 00:07:38,011 а третиот постојано го носеше со себе во џеб. 146 00:07:38,011 --> 00:07:40,329 И рече дека овие пиштоли му требале 147 00:07:40,329 --> 00:07:43,125 поради траумата што ја доживеал уште како мал. 148 00:07:43,125 --> 00:07:45,609 Му требале за да се чувствува безбедно. 149 00:07:45,609 --> 00:07:48,521 Но овие пиштоли, всушност, беа порака упатена кон мене, 150 00:07:48,521 --> 00:07:51,215 и покрај тоа што немаше кренато рака врз мене, 151 00:07:51,215 --> 00:07:57,021 сепак животот веќе ми беше во огромна опасност. 152 00:07:57,021 --> 00:08:00,594 Конор за првпат физички ме нападна 153 00:08:00,594 --> 00:08:03,419 на пет дена пред нашата свадба. 154 00:08:03,419 --> 00:08:07,611 Беше 7 наутро. Сè уште бев во ноќница. 155 00:08:07,611 --> 00:08:11,851 Работев на мојот компјутер, обидувајќи се да го завршам хонорарниот текст, 156 00:08:11,851 --> 00:08:13,665 и тогаш се изнервирав, 157 00:08:13,665 --> 00:08:16,752 а Конор го искористи мојот гнев како изговор 158 00:08:16,752 --> 00:08:19,903 за да ги стави рацете околу мојот врат 159 00:08:19,903 --> 00:08:23,723 и потоа да притисне толку силно што не можев ниту да дишам, ниту да викам. 160 00:08:23,723 --> 00:08:25,547 Држејќи ме така 161 00:08:25,547 --> 00:08:29,973 тој ми ја удри главата во ѕидот неколку пати. 162 00:08:29,973 --> 00:08:35,291 Пет дена подоцна, десетте лузни на мојот врат избледеа, 163 00:08:35,291 --> 00:08:37,766 а јас го облеков невестинскиот фустан од мајка ми, 164 00:08:37,766 --> 00:08:40,083 и се омажив за него. 165 00:08:40,083 --> 00:08:42,364 И покрај тоа што се случи, 166 00:08:42,364 --> 00:08:45,883 јас бев сигурна дека понатаму ќе живееме среќно, 167 00:08:45,883 --> 00:08:49,964 бидејќи го сакав, а и тој ме сакаше премногу. 168 00:08:49,964 --> 00:08:53,336 На него му беше ептен жал. 169 00:08:53,336 --> 00:08:56,509 Бил под многу голем стрес поради венчавката, и поради 170 00:08:56,509 --> 00:08:58,706 тоа што ќе станел семејство со мене. 171 00:08:58,706 --> 00:09:00,427 Тоа беше изолиран инцидент, 172 00:09:00,427 --> 00:09:04,023 и рече дека никогаш повеќе нема да ме повреди. 173 00:09:04,023 --> 00:09:06,603 Ме нападна уште двапати за време на медениот месец. 174 00:09:06,603 --> 00:09:09,690 Првиот пат, возев барајќи некоја затскриена плажа, 175 00:09:09,690 --> 00:09:12,392 и се изгубив, 176 00:09:12,392 --> 00:09:15,362 а тој толку силно ме удри по глава, што со другата 177 00:09:15,362 --> 00:09:17,506 страна неколку пати удрив во 178 00:09:17,506 --> 00:09:19,913 возачкиот прозорец. 179 00:09:19,913 --> 00:09:23,279 Неколку дена подоцна, враќајќи се од медениот месец, 180 00:09:23,279 --> 00:09:25,562 тој се изнервира од сообраќајот, 181 00:09:25,562 --> 00:09:28,994 и ме мавна во лице со еден ладен Биг Мак хамбургер. 182 00:09:28,994 --> 00:09:31,602 Конор продолжи да ме тепа еднаш или два пати неделно 183 00:09:31,602 --> 00:09:35,019 во текот на следните две и пол години од нашиот брак. 184 00:09:35,019 --> 00:09:38,144 Си мислев дека ова само мене 185 00:09:38,144 --> 00:09:40,787 ми се случува, но не бев во право. 186 00:09:40,787 --> 00:09:42,978 Една на секоја три жени во Америка 187 00:09:42,978 --> 00:09:47,130 е жртва на домашно насилство или демнење во одреден период од животот, 188 00:09:47,130 --> 00:09:50,771 а извештајот на СиДиСи вели дека 15 милиони деца 189 00:09:50,771 --> 00:09:54,181 се злоставувани секоја година, 15 милиони. 190 00:09:54,181 --> 00:09:58,554 Што значи дека сум била во многу добро друштво. 191 00:09:58,554 --> 00:10:00,970 Да се навратам на прашањето: 192 00:10:00,970 --> 00:10:03,465 Зошто останав со него? 193 00:10:03,465 --> 00:10:06,203 Одговорот е лесен. 194 00:10:06,203 --> 00:10:08,891 Не знаев дека ме злоставува. 195 00:10:08,891 --> 00:10:12,739 Иако ми ставаше пиштоли на глава, иако ме 196 00:10:12,739 --> 00:10:14,962 туркаше надолу по скалите, 197 00:10:14,962 --> 00:10:16,343 се закануваше дека ќе го убие кучето, 198 00:10:16,343 --> 00:10:20,266 ги вадеше клучевите од колата додека возев по автопатот, 199 00:10:20,266 --> 00:10:22,783 ми истураше мелено кафе врз глава 200 00:10:22,783 --> 00:10:25,099 додека се облекував за работно интервју, 201 00:10:25,099 --> 00:10:29,469 јас ниту еднаш за себе не помислив дека сум жртва. 202 00:10:29,469 --> 00:10:33,046 Наместо тоа, јас бев многу силна жена 203 00:10:33,046 --> 00:10:35,298 која е заљубена во човек со многу проблеми, 204 00:10:35,298 --> 00:10:37,355 и си мислев дека само јас можам 205 00:10:37,355 --> 00:10:40,795 да му помогнам на Конор да се соочи со неговите демони. 206 00:10:40,795 --> 00:10:44,506 Другото прашање што сите го поставуваат е, 207 00:10:44,506 --> 00:10:46,923 зошто едноставно не си замине? 208 00:10:46,923 --> 00:10:50,874 Зошто не избега? Можев да си заминам во секое време. 209 00:10:50,874 --> 00:10:55,586 За мене, ова е најтажното и најболното прашање што ми го поставиле, 210 00:10:55,586 --> 00:10:58,677 бидејќи ние жртвите знаеме нешто што вие вообичаено не го знаете: 211 00:10:58,677 --> 00:11:03,070 Ептен е опасно да го напуштите злоставувачот. 212 00:11:03,070 --> 00:11:06,389 Бидејќи последната фаза од домашното насилство е 213 00:11:06,389 --> 00:11:09,284 убиство на жртвата. 214 00:11:09,284 --> 00:11:11,825 Преку 70 проценти од убиствата во рамки на домашното насилство 215 00:11:11,825 --> 00:11:15,893 се случуваат откако жртвата ќе ја прекине врската, 216 00:11:15,893 --> 00:11:17,786 откако ќе избега, 217 00:11:17,786 --> 00:11:21,037 бидејќи тогаш злоставувачот веќе нема што да изгуби. 218 00:11:21,037 --> 00:11:24,128 Другите исходи може да бидат долготрајно демнење, 219 00:11:24,128 --> 00:11:27,080 дури и кога злоставувачот ќе се прежени; 220 00:11:27,080 --> 00:11:29,235 кратење на финансиските средства; 221 00:11:29,235 --> 00:11:31,624 и манипулирање на семејниот судски систем 222 00:11:31,624 --> 00:11:34,447 за да ја преплаши жртвата и нејзините деца, 223 00:11:34,447 --> 00:11:39,373 кои постојано се приморувани од страна на судиите 224 00:11:39,373 --> 00:11:41,342 да поминуваат, без надзор, одредено време 225 00:11:41,342 --> 00:11:45,013 со мажот кој ја тепал нивната мајка. 226 00:11:45,013 --> 00:11:49,188 И пак прашуваме, зошто едноставно не си замине? 227 00:11:49,188 --> 00:11:50,942 Јас успеав да си заминам, 228 00:11:50,942 --> 00:11:53,844 заради последното садистичко тепање 229 00:11:53,844 --> 00:11:57,003 кое конечно ме освести. 230 00:11:57,003 --> 00:12:00,173 Сфатив дека мажот кој го сакам, на крај 231 00:12:00,173 --> 00:12:03,083 веројатно ќе ме убие ако му дозволам. 232 00:12:03,083 --> 00:12:05,598 Па така му ставив крај на молкот. 233 00:12:05,598 --> 00:12:08,428 Им кажав на сите: 234 00:12:08,428 --> 00:12:12,213 на полицијата, на соседите, 235 00:12:12,213 --> 00:12:16,053 пријателите и семејството, на луѓе што не ги знаев, 236 00:12:16,053 --> 00:12:22,907 и денес сум овде бидејќи сите вие ми помогнавте. 237 00:12:22,907 --> 00:12:25,445 Честопати ги стереотипизираме жртвите, 238 00:12:25,445 --> 00:12:28,507 им лепиме негативни етикети, 239 00:12:28,507 --> 00:12:31,803 мазохистичка жена, потрошна роба. 240 00:12:31,803 --> 00:12:34,806 Прашањето, "Зошто е сè уште со него?" 241 00:12:34,806 --> 00:12:40,442 за некои луѓе значи, "Нејзина вина е што сè уште е со него," 242 00:12:40,442 --> 00:12:43,766 божем ние, жртвите, намерно се вљубуваме во мажи кои 243 00:12:43,766 --> 00:12:46,398 сакаат да нè уништат. 244 00:12:46,398 --> 00:12:48,902 Но откако ја објавив "Луда Љубов," 245 00:12:48,902 --> 00:12:52,425 слушнав стотици приказни од мажи и жени 246 00:12:52,425 --> 00:12:54,870 кои успешно се справиле, 247 00:12:54,870 --> 00:12:59,250 кои научиле една бесценета животна лекција од она што им се случило, 248 00:12:59,250 --> 00:13:03,463 и кои си ги обновиле животите -- радосни, среќни животи -- 249 00:13:03,463 --> 00:13:05,797 како вработени, жени и мајки, 250 00:13:05,797 --> 00:13:10,478 животи без насилство, токму како мене. 251 00:13:10,478 --> 00:13:14,509 Бидејќи се испостави дека јас сум, всушност, еден многу типичен пример на жртва, 252 00:13:14,509 --> 00:13:17,953 на некој кој преживеал домашно насилство. 253 00:13:17,953 --> 00:13:21,978 Се премажив за еден пријатен и нежен маж, 254 00:13:21,978 --> 00:13:24,314 и со него имаме три деца. 255 00:13:24,314 --> 00:13:27,715 Како што реков, си имам црн лабрадор и мини-комбе. 256 00:13:27,715 --> 00:13:31,181 Но повеќе нема да имам, 257 00:13:31,181 --> 00:13:34,139 никогаш, 258 00:13:34,139 --> 00:13:36,264 пиштол на мојата глава, пиштол 259 00:13:36,264 --> 00:13:39,907 кој го држи некој кој ми вели дека ме сака. 260 00:13:39,907 --> 00:13:42,538 Во моментов, можеби си мислите, 261 00:13:42,538 --> 00:13:44,445 "Леле, ова е неверојатно," 262 00:13:44,445 --> 00:13:47,573 или, "Леле, колку била глупава," 263 00:13:47,573 --> 00:13:53,576 но цело време, јас всушност зборував за вас. 264 00:13:53,576 --> 00:13:57,093 Ви гарантирам дека во моментов ме 265 00:13:57,093 --> 00:13:58,835 слушаат неколку луѓе кои 266 00:13:58,835 --> 00:14:01,847 и самите се жртви на насилство, 267 00:14:01,847 --> 00:14:04,362 биле злоставувани како деца, 268 00:14:04,362 --> 00:14:07,732 или и самите се злоставувачи. 269 00:14:07,732 --> 00:14:09,669 Насилство, токму сега, можеби ја засега вашата ќерка, 270 00:14:09,669 --> 00:14:14,962 вашата сестра или вашиот најдобар пријател. 271 00:14:14,962 --> 00:14:18,406 Јас и ставив крај на мојата луда љубов, на 272 00:14:18,406 --> 00:14:20,607 тој начин што го прекинав молкот. 273 00:14:20,607 --> 00:14:23,122 И денес го правам истото. 274 00:14:23,122 --> 00:14:26,938 На овој начин им помагам на другите жртви, 275 00:14:26,938 --> 00:14:30,306 и за крај имам едно барање до вас. 276 00:14:30,306 --> 00:14:33,138 Зборувајте за она што го слушнавте овде. 277 00:14:33,138 --> 00:14:36,466 Злоставувањето вирее само во тишина. 278 00:14:36,466 --> 00:14:40,169 Вие имате моќ да му ставите крај на домашното насилство 279 00:14:40,169 --> 00:14:43,678 едноставно ако фрлите светлина врз истото. 280 00:14:43,678 --> 00:14:46,752 Нам жртвите ни требаат сите. 281 00:14:46,752 --> 00:14:50,825 Потребно ни е секој од вас да ги разбере 282 00:14:50,825 --> 00:14:54,603 тајните на домашното насилство. 283 00:14:54,603 --> 00:14:57,587 Разобличете го насилството зборувајќи за истото 284 00:14:57,587 --> 00:14:59,714 со вашите деца, вашите соработници, 285 00:14:59,714 --> 00:15:01,651 вашите пријатели и семејство. 286 00:15:01,651 --> 00:15:05,097 Претставете ги жртвите како прекрасни, сакани луѓе 287 00:15:05,097 --> 00:15:07,912 кои имаат иднина пред себе. 288 00:15:07,912 --> 00:15:11,393 Препознајте ги раните знаци на насилство, 289 00:15:11,393 --> 00:15:14,226 и интервенирајте совесно, 290 00:15:14,226 --> 00:15:18,388 спречето го, покажете им на жртвите безбеден излез. 291 00:15:18,388 --> 00:15:22,383 Заедно можеме да ги направиме нашите кревети, 292 00:15:22,383 --> 00:15:26,000 нашите трепезарии и нашите семејства, 293 00:15:26,000 --> 00:15:29,257 безбедни и мирни оази, баш како што и треба да бидат. 294 00:15:29,257 --> 00:15:31,229 Ви благодарам. 295 00:15:31,229 --> 00:15:38,937 (Аплауз)