0:00:00.681,0:00:03.969 Овде сум да зборувам за едно вознемирувачко прашање, 0:00:03.969,0:00:07.667 кое има исто толку вознемирувачки одговор. 0:00:07.667,0:00:11.269 Ќе зборувам за тајните на домашното насилство, 0:00:11.269,0:00:13.603 и ќе се осврнам на прашањето 0:00:13.603,0:00:17.684 кое сите постојано го поставуваат: 0:00:17.684,0:00:19.296 Зошто го трпи? 0:00:19.296,0:00:23.292 Зошто е сè уште со мажот кој ја тепа? 0:00:23.292,0:00:26.269 Јас не сум психијатар, социјален работник 0:00:26.269,0:00:28.604 или експерт за домашно насилство. 0:00:28.604,0:00:31.803 Јас сум само една жена со приказна. 0:00:31.803,0:00:36.316 Имав 22. Само што дипломирав на Харвард. 0:00:36.316,0:00:38.788 Се доселив во Њујорк за мојата прва работа 0:00:38.788,0:00:42.084 како текстописец и уредник во магазинот Севентин. 0:00:42.084,0:00:44.324 За првпат имав сопствен стан, 0:00:44.324,0:00:47.524 ја добив мојата прва мала зелена Американ Експрес картичка, 0:00:47.524,0:00:50.552 и си имав една многу голема тајна. 0:00:50.552,0:00:54.251 Мојата тајна се состоеше во тоа 0:00:54.251,0:00:57.689 што, мажот за кој мислев дека ми е сродна душа 0:00:57.689,0:01:00.252 многу, многу пати ми ставаше пиштол 0:01:00.252,0:01:03.737 на глава. 0:01:03.737,0:01:07.297 Човекот кој го сакав повеќе од сè 0:01:07.297,0:01:11.376 безброј пати ми ставаше пиштол на глава, и ми 0:01:11.376,0:01:14.561 се закануваше деќа ќе ме убие. 0:01:14.561,0:01:17.304 Овде сум за да ви ја раскажам приказната за лудата љубов, 0:01:17.304,0:01:20.488 психолошка стапица маскирана како љубов, 0:01:20.488,0:01:23.340 замка во која, секоја година, паѓаат милиони 0:01:23.340,0:01:25.721 жени, а дури и неколку мажи. 0:01:25.721,0:01:28.470 Ова можеби е, и ваша приказна. 0:01:28.470,0:01:31.513 Јас не изгледам како некој кој преживеал домашно насилство. 0:01:31.513,0:01:33.819 Имам диплома по aнглиски од Харвард, 0:01:33.819,0:01:36.181 магистратура по маркетинг од Вортон факултетот за бизнис. 0:01:36.181,0:01:39.473 Најголемиот дел од кариерата го поминав работејќи за компании од Форчн 500, 0:01:39.473,0:01:43.745 тука вклучувајќи ги Џонсон и Џонсон, Лио Барнет и Вашингтон Пост. 0:01:43.745,0:01:47.541 Со мојот втор сопруг во брак сум веќе 20 години, 0:01:47.541,0:01:50.330 и имаме три деца. 0:01:50.330,0:01:54.559 Имам куче од расата црн лабрадор и возам Хонда Одисеј мини-комбе. 0:01:54.559,0:01:57.039 (Смеа) 0:01:57.039,0:01:59.758 Оттука, мојата прва порака до вас е дека домашното насилство 0:01:59.758,0:02:02.126 може да му се случи на секого -- 0:02:02.126,0:02:06.302 на сите раси, сите религии, на секое економско и образовно ниво. 0:02:06.302,0:02:08.241 Тоа е насекаде. 0:02:08.241,0:02:10.761 Мојата втора порака е дека секој мисли оти 0:02:10.761,0:02:12.879 домашното насилство е проблем 0:02:12.879,0:02:15.147 само на жените. 0:02:15.147,0:02:17.366 Не е баш така. 0:02:17.366,0:02:21.478 Над 85 проценти од злоставувачите се мажи, и домашното насилство 0:02:21.478,0:02:27.396 се јавува само во интимните, меѓузависни и долготрајни врски, 0:02:27.396,0:02:29.565 со други зборови, во семејствата, 0:02:29.565,0:02:33.430 последното место каде би сакале или би очекувале да го најдеме насилството, 0:02:33.430,0:02:37.708 една од причините поради која домашното насилство е ептен збунувачко. 0:02:37.708,0:02:41.259 Порано да сте ме прашале, веројатно ќе сум ви кажела 0:02:41.259,0:02:43.831 дека нема шанси да останам со маж кој ме тепа, 0:02:43.831,0:02:47.238 но всушност, поради моите години, јас бев одличен пример за тоа како изгледа една жртва. 0:02:47.238,0:02:50.523 Имав 22, а во Соединетите Држави, 0:02:50.523,0:02:54.372 жените помеѓу 16 и 24 години се трипати поподложни 0:02:54.372,0:02:57.133 на домашно насилство 0:02:57.133,0:02:59.948 во споредба со другите жени, 0:02:59.948,0:03:03.251 и преку 500 жени и девојчиња кои се на оваа возраст, 0:03:03.251,0:03:06.822 секоја година, се убивани од нивните насилни партнери, 0:03:06.822,0:03:11.455 момчиња и сопрузи, само во Соединетите Држави. 0:03:11.455,0:03:14.515 Бев многу типична жртва и поради тоа што не знаев ништо 0:03:14.515,0:03:19.100 за домашното насилство, неговите почетни знаци или обрасци. 0:03:19.100,0:03:24.165 Конор го сретнав во една ладна, и дождлива јануарска ноќ. 0:03:24.165,0:03:27.128 Седна до мене во њујоршкото градско метро, 0:03:27.128,0:03:29.267 и почна да ми муабети. 0:03:29.267,0:03:31.135 Ми кажа две работи. 0:03:31.135,0:03:34.937 Една беше дека, и тој, само што дипломирал на Ајви Лиг факултетот, 0:03:34.937,0:03:39.292 и дека работи во една неверојатна банка која се наоѓа на Вол Стрит. 0:03:39.292,0:03:42.952 Но најголем впечаток ми остави тоа што 0:03:42.952,0:03:46.240 беше паметен, забавен 0:03:46.240,0:03:47.640 и изгледаше како фармерско момче. 0:03:47.640,0:03:49.987 Имаше големи образи, големи јаболкови образи 0:03:49.987,0:03:51.672 и имаше руса коса, 0:03:51.672,0:03:54.959 и беше многу сладок. 0:03:54.959,0:03:58.743 Уште на самиот почеток, Конор одигра многу паметно, 0:03:58.743,0:04:04.317 односно, создаде илузија дека всушност јас сум доминантниот партнер во врската. 0:04:04.317,0:04:06.518 Ова го правеше особено на почетокот, на 0:04:06.518,0:04:09.384 тој начин што ме идолизираше. 0:04:09.384,0:04:12.670 Почнавме да се забавуваме, а на него му се допаѓаше сè во врска со мене, 0:04:12.670,0:04:14.354 дека сум паметна, дека сум била на Харвард, 0:04:14.354,0:04:17.384 дека многу сакам да им помагам на девојчињата, ја сакаше и мојата работа. 0:04:17.384,0:04:19.915 Сакаше да знае сè за моето семејство, за моето 0:04:19.915,0:04:22.531 детство, и за моите надежи и соништа. 0:04:22.531,0:04:26.165 Конор веруваше во мене, како писател и како жена, 0:04:26.165,0:04:29.844 на начин како никој друг порано. 0:04:29.844,0:04:34.169 Исто така, на еден магичен начин, создаде огромна доверба помеѓу нас, 0:04:34.169,0:04:36.689 кажувајќи ми ги неговите тајни, 0:04:36.689,0:04:41.169 дека кога бил многу мал, уште на четири годишна возраст, 0:04:41.169,0:04:44.080 бил постојано ѕверски тепан од страна на неговиот 0:04:44.080,0:04:45.766 очув, и дека злоставувањето 0:04:45.766,0:04:49.706 било толку сериозно, што морал уште во осмо одделение да го напушти училиштето, 0:04:49.706,0:04:52.325 и покрај тоа што бил многу паметен, 0:04:52.325,0:04:55.581 и дека 20 години потрошил обидувајќи се да си го обнови животот. 0:04:55.581,0:04:58.737 И дека токму поради ова, дипломата од Ајви Лиг, 0:04:58.737,0:05:01.550 работата на Вол Стрит и неговата светла иднина 0:05:01.550,0:05:04.121 му значат премногу. 0:05:04.121,0:05:06.265 Ако тогаш ми кажевте 0:05:06.265,0:05:11.629 дека овој паметен, забавен, чувствителен маж кој ме обожаваше, 0:05:11.629,0:05:16.012 еден ден ќе ми наредува дали да носам шминка, 0:05:16.012,0:05:18.062 колку да ми биде куса сукњата, 0:05:18.062,0:05:19.992 каде да живеам, што да работам, 0:05:19.992,0:05:23.356 ќе ми кажува со кого да се дружам и каде да го поминам Божиќ, 0:05:23.356,0:05:25.304 веројатно ќе ви се изнасмеев, 0:05:25.304,0:05:28.352 бидејќи кај Конор на почетокот, воопшто немаше знаци 0:05:28.352,0:05:31.836 на гнев и желба за контрола. 0:05:31.836,0:05:34.961 Не знаев дека првата фаза 0:05:34.961,0:05:37.336 во секоја насилна врска е 0:05:37.336,0:05:40.988 заведување и шармирање на жртвата. 0:05:40.988,0:05:45.748 Исто така не знаев дека вториот чекор е изолирање на жртвата. 0:05:45.748,0:05:49.902 Е сега, Конор не ми го кажа тоа на директен начин, 0:05:49.902,0:05:53.036 "Еј, знаеш, целата оваа Ромео и Јулија приказна беше супер, 0:05:53.036,0:05:55.041 ама сега морам да преминам во следната фаза 0:05:55.041,0:05:59.220 кога ќе те изолирам и ќе те злоставувам" - (Смеа) - 0:05:59.220,0:06:00.575 ''морам да те оттргнам од овој стан 0:06:00.575,0:06:02.216 за да не слушнат соседите како врескаш, 0:06:02.216,0:06:04.689 и да те оттргнам од градот во кој имаш пријатели, семејство 0:06:04.689,0:06:07.995 и соработници кои би ги виделе лузните." 0:06:07.995,0:06:12.216 Наместо тоа, една петочна вечер Конор си дојде дома, 0:06:12.216,0:06:14.947 и ми кажа дека морал да ја напушти работата, 0:06:14.947,0:06:17.412 неговата сакана работа, 0:06:17.412,0:06:21.553 и рече дека ја напуштил работата поради мене, 0:06:21.553,0:06:24.731 дека покрај мене се чувствувал толку сигурен и сакан 0:06:24.731,0:06:27.854 што веќе немал потреба да се докажува на Вол Стрит, 0:06:27.854,0:06:30.369 и само сакаше да се отселиме од градот 0:06:30.369,0:06:33.347 подалеку од неговото злоставувачко и дисфункционално семејство, 0:06:33.347,0:06:36.469 и да отидеме во едно мало градче во Њу Ингланд 0:06:36.469,0:06:40.042 каде што одново ќе си го започне животот со мене. 0:06:40.042,0:06:43.908 Е сега, воопшто не сакав да го напуштам Њујорк и 0:06:43.908,0:06:47.515 мојата прекрасна работа, 0:06:47.515,0:06:50.098 но од друга страна си мислев дека треба да се жртвуваме за нашите сакани, 0:06:50.098,0:06:53.562 па така се согласив, ја напуштив работата, 0:06:53.562,0:06:56.193 и заедно со Конор се отселивме од Менхетн. 0:06:56.193,0:07:00.559 Немав поим дека ова е луда љубов, 0:07:00.559,0:07:04.191 дека ќе паднам директно во една внимателно поставена 0:07:04.191,0:07:09.171 физичка, финансиска и психолошка стапица. 0:07:09.171,0:07:11.491 Следната фаза од домашното насилство 0:07:11.491,0:07:15.773 е започнување со заканите за да 0:07:15.773,0:07:17.972 видите како ќе реагира жртвата. 0:07:17.972,0:07:20.681 И тому овде пиштолите влегуваат во игра. 0:07:20.681,0:07:23.599 Веднаш штом се доселивме во Њу Ингланд -- знаете, 0:07:23.599,0:07:26.337 местото во кое Конор требаше да се чувствува безбедно -- 0:07:26.337,0:07:28.753 тој си купи три пиштоли. 0:07:28.753,0:07:32.193 Еден од пиштолите го чуваше во колата. 0:07:32.193,0:07:34.849 Другиот го чуваше под перниците во нашиот кревет, 0:07:34.849,0:07:38.011 а третиот постојано го носеше со себе во џеб. 0:07:38.011,0:07:40.329 И рече дека овие пиштоли му требале 0:07:40.329,0:07:43.125 поради траумата што ја доживеал уште како мал. 0:07:43.125,0:07:45.609 Му требале за да се чувствува безбедно. 0:07:45.609,0:07:48.521 Но овие пиштоли, всушност, беа порака упатена кон мене, 0:07:48.521,0:07:51.215 и покрај тоа што немаше кренато рака врз мене, 0:07:51.215,0:07:57.021 сепак животот веќе ми беше во огромна опасност. 0:07:57.021,0:08:00.594 Конор за првпат физички ме нападна 0:08:00.594,0:08:03.419 на пет дена пред нашата свадба. 0:08:03.419,0:08:07.611 Беше 7 наутро. Сè уште бев во ноќница. 0:08:07.611,0:08:11.851 Работев на мојот компјутер, обидувајќи се да го завршам хонорарниот текст, 0:08:11.851,0:08:13.665 и тогаш се изнервирав, 0:08:13.665,0:08:16.752 а Конор го искористи мојот гнев како изговор 0:08:16.752,0:08:19.903 за да ги стави рацете околу мојот врат 0:08:19.903,0:08:23.723 и потоа да притисне толку силно што не можев ниту да дишам, ниту да викам. 0:08:23.723,0:08:25.547 Држејќи ме така 0:08:25.547,0:08:29.973 тој ми ја удри главата во ѕидот неколку пати. 0:08:29.973,0:08:35.291 Пет дена подоцна, десетте лузни на мојот врат избледеа, 0:08:35.291,0:08:37.766 а јас го облеков невестинскиот фустан од мајка ми, 0:08:37.766,0:08:40.083 и се омажив за него. 0:08:40.083,0:08:42.364 И покрај тоа што се случи, 0:08:42.364,0:08:45.883 јас бев сигурна дека понатаму ќе живееме среќно, 0:08:45.883,0:08:49.964 бидејќи го сакав, а и тој ме сакаше премногу. 0:08:49.964,0:08:53.336 На него му беше ептен жал. 0:08:53.336,0:08:56.509 Бил под многу голем стрес поради венчавката, и поради 0:08:56.509,0:08:58.706 тоа што ќе станел семејство со мене. 0:08:58.706,0:09:00.427 Тоа беше изолиран инцидент, 0:09:00.427,0:09:04.023 и рече дека никогаш повеќе нема да ме повреди. 0:09:04.023,0:09:06.603 Ме нападна уште двапати за време на медениот месец. 0:09:06.603,0:09:09.690 Првиот пат, возев барајќи некоја затскриена плажа, 0:09:09.690,0:09:12.392 и се изгубив, 0:09:12.392,0:09:15.362 а тој толку силно ме удри по глава, што со другата 0:09:15.362,0:09:17.506 страна неколку пати удрив во 0:09:17.506,0:09:19.913 возачкиот прозорец. 0:09:19.913,0:09:23.279 Неколку дена подоцна, враќајќи се од медениот месец, 0:09:23.279,0:09:25.562 тој се изнервира од сообраќајот, 0:09:25.562,0:09:28.994 и ме мавна во лице со еден ладен Биг Мак хамбургер. 0:09:28.994,0:09:31.602 Конор продолжи да ме тепа еднаш или два пати неделно 0:09:31.602,0:09:35.019 во текот на следните две и пол години од нашиот брак. 0:09:35.019,0:09:38.144 Си мислев дека ова само мене 0:09:38.144,0:09:40.787 ми се случува, но не бев во право. 0:09:40.787,0:09:42.978 Една на секоја три жени во Америка 0:09:42.978,0:09:47.130 е жртва на домашно насилство или демнење во одреден период од животот, 0:09:47.130,0:09:50.771 а извештајот на СиДиСи вели дека 15 милиони деца 0:09:50.771,0:09:54.181 се злоставувани секоја година, 15 милиони. 0:09:54.181,0:09:58.554 Што значи дека сум била во многу добро друштво. 0:09:58.554,0:10:00.970 Да се навратам на прашањето: 0:10:00.970,0:10:03.465 Зошто останав со него? 0:10:03.465,0:10:06.203 Одговорот е лесен. 0:10:06.203,0:10:08.891 Не знаев дека ме злоставува. 0:10:08.891,0:10:12.739 Иако ми ставаше пиштоли на глава, иако ме 0:10:12.739,0:10:14.962 туркаше надолу по скалите, 0:10:14.962,0:10:16.343 се закануваше дека ќе го убие кучето, 0:10:16.343,0:10:20.266 ги вадеше клучевите од колата додека возев по автопатот, 0:10:20.266,0:10:22.783 ми истураше мелено кафе врз глава 0:10:22.783,0:10:25.099 додека се облекував за работно интервју, 0:10:25.099,0:10:29.469 јас ниту еднаш за себе не помислив дека сум жртва. 0:10:29.469,0:10:33.046 Наместо тоа, јас бев многу силна жена 0:10:33.046,0:10:35.298 која е заљубена во човек со многу проблеми, 0:10:35.298,0:10:37.355 и си мислев дека само јас можам 0:10:37.355,0:10:40.795 да му помогнам на Конор да се соочи со неговите демони. 0:10:40.795,0:10:44.506 Другото прашање што сите го поставуваат е, 0:10:44.506,0:10:46.923 зошто едноставно не си замине? 0:10:46.923,0:10:50.874 Зошто не избега? Можев да си заминам во секое време. 0:10:50.874,0:10:55.586 За мене, ова е најтажното и најболното прашање што ми го поставиле, 0:10:55.586,0:10:58.677 бидејќи ние жртвите знаеме нешто што вие вообичаено не го знаете: 0:10:58.677,0:11:03.070 Ептен е опасно да го напуштите злоставувачот. 0:11:03.070,0:11:06.389 Бидејќи последната фаза од домашното насилство е 0:11:06.389,0:11:09.284 убиство на жртвата. 0:11:09.284,0:11:11.825 Преку 70 проценти од убиствата во рамки на домашното насилство 0:11:11.825,0:11:15.893 се случуваат откако жртвата ќе ја прекине врската, 0:11:15.893,0:11:17.786 откако ќе избега, 0:11:17.786,0:11:21.037 бидејќи тогаш злоставувачот веќе нема што да изгуби. 0:11:21.037,0:11:24.128 Другите исходи може да бидат долготрајно демнење, 0:11:24.128,0:11:27.080 дури и кога злоставувачот ќе се прежени; 0:11:27.080,0:11:29.235 кратење на финансиските средства; 0:11:29.235,0:11:31.624 и манипулирање на семејниот судски систем 0:11:31.624,0:11:34.447 за да ја преплаши жртвата и нејзините деца, 0:11:34.447,0:11:39.373 кои постојано се приморувани од страна на судиите 0:11:39.373,0:11:41.342 да поминуваат, без надзор, одредено време 0:11:41.342,0:11:45.013 со мажот кој ја тепал нивната мајка. 0:11:45.013,0:11:49.188 И пак прашуваме, зошто едноставно не си замине? 0:11:49.188,0:11:50.942 Јас успеав да си заминам, 0:11:50.942,0:11:53.844 заради последното садистичко тепање 0:11:53.844,0:11:57.003 кое конечно ме освести. 0:11:57.003,0:12:00.173 Сфатив дека мажот кој го сакам, на крај 0:12:00.173,0:12:03.083 веројатно ќе ме убие ако му дозволам. 0:12:03.083,0:12:05.598 Па така му ставив крај на молкот. 0:12:05.598,0:12:08.428 Им кажав на сите: 0:12:08.428,0:12:12.213 на полицијата, на соседите, 0:12:12.213,0:12:16.053 пријателите и семејството, на луѓе што не ги знаев, 0:12:16.053,0:12:22.907 и денес сум овде бидејќи сите вие ми помогнавте. 0:12:22.907,0:12:25.445 Честопати ги стереотипизираме жртвите, 0:12:25.445,0:12:28.507 им лепиме негативни етикети, 0:12:28.507,0:12:31.803 мазохистичка жена, потрошна роба. 0:12:31.803,0:12:34.806 Прашањето, "Зошто е сè уште со него?" 0:12:34.806,0:12:40.442 за некои луѓе значи, "Нејзина вина е што сè уште е со него," 0:12:40.442,0:12:43.766 божем ние, жртвите, намерно се вљубуваме во мажи кои 0:12:43.766,0:12:46.398 сакаат да нè уништат. 0:12:46.398,0:12:48.902 Но откако ја објавив "Луда Љубов," 0:12:48.902,0:12:52.425 слушнав стотици приказни од мажи и жени 0:12:52.425,0:12:54.870 кои успешно се справиле, 0:12:54.870,0:12:59.250 кои научиле една бесценета животна лекција од она што им се случило, 0:12:59.250,0:13:03.463 и кои си ги обновиле животите -- радосни, среќни животи -- 0:13:03.463,0:13:05.797 како вработени, жени и мајки, 0:13:05.797,0:13:10.478 животи без насилство, токму како мене. 0:13:10.478,0:13:14.509 Бидејќи се испостави дека јас сум, всушност, еден многу типичен пример на жртва, 0:13:14.509,0:13:17.953 на некој кој преживеал домашно насилство. 0:13:17.953,0:13:21.978 Се премажив за еден пријатен и нежен маж, 0:13:21.978,0:13:24.314 и со него имаме три деца. 0:13:24.314,0:13:27.715 Како што реков, си имам црн лабрадор и мини-комбе. 0:13:27.715,0:13:31.181 Но повеќе нема да имам, 0:13:31.181,0:13:34.139 никогаш, 0:13:34.139,0:13:36.264 пиштол на мојата глава, пиштол 0:13:36.264,0:13:39.907 кој го држи некој кој ми вели дека ме сака. 0:13:39.907,0:13:42.538 Во моментов, можеби си мислите, 0:13:42.538,0:13:44.445 "Леле, ова е неверојатно," 0:13:44.445,0:13:47.573 или, "Леле, колку била глупава," 0:13:47.573,0:13:53.576 но цело време, јас всушност зборував за вас. 0:13:53.576,0:13:57.093 Ви гарантирам дека во моментов ме 0:13:57.093,0:13:58.835 слушаат неколку луѓе кои 0:13:58.835,0:14:01.847 и самите се жртви на насилство, 0:14:01.847,0:14:04.362 биле злоставувани како деца, 0:14:04.362,0:14:07.732 или и самите се злоставувачи. 0:14:07.732,0:14:09.669 Насилство, токму сега, можеби ја засега вашата ќерка, 0:14:09.669,0:14:14.962 вашата сестра или вашиот најдобар пријател. 0:14:14.962,0:14:18.406 Јас и ставив крај на мојата луда љубов, на 0:14:18.406,0:14:20.607 тој начин што го прекинав молкот. 0:14:20.607,0:14:23.122 И денес го правам истото. 0:14:23.122,0:14:26.938 На овој начин им помагам на другите жртви, 0:14:26.938,0:14:30.306 и за крај имам едно барање до вас. 0:14:30.306,0:14:33.138 Зборувајте за она што го слушнавте овде. 0:14:33.138,0:14:36.466 Злоставувањето вирее само во тишина. 0:14:36.466,0:14:40.169 Вие имате моќ да му ставите крај на домашното насилство 0:14:40.169,0:14:43.678 едноставно ако фрлите светлина врз истото. 0:14:43.678,0:14:46.752 Нам жртвите ни требаат сите. 0:14:46.752,0:14:50.825 Потребно ни е секој од вас да ги разбере 0:14:50.825,0:14:54.603 тајните на домашното насилство. 0:14:54.603,0:14:57.587 Разобличете го насилството зборувајќи за истото 0:14:57.587,0:14:59.714 со вашите деца, вашите соработници, 0:14:59.714,0:15:01.651 вашите пријатели и семејство. 0:15:01.651,0:15:05.097 Претставете ги жртвите како прекрасни, сакани луѓе 0:15:05.097,0:15:07.912 кои имаат иднина пред себе. 0:15:07.912,0:15:11.393 Препознајте ги раните знаци на насилство, 0:15:11.393,0:15:14.226 и интервенирајте совесно, 0:15:14.226,0:15:18.388 спречето го, покажете им на жртвите безбеден излез. 0:15:18.388,0:15:22.383 Заедно можеме да ги направиме нашите кревети, 0:15:22.383,0:15:26.000 нашите трепезарии и нашите семејства, 0:15:26.000,0:15:29.257 безбедни и мирни оази, баш како што и треба да бидат. 0:15:29.257,0:15:31.229 Ви благодарам. 0:15:31.229,0:15:38.937 (Аплауз)