WEBVTT 00:00:00.000 --> 00:00:07.000 Добро утро. Како сте? Одлично е досега, нели? 00:00:07.000 --> 00:00:11.000 Целава работа ме одвеа. 00:00:11.000 --> 00:00:15.000 Всушност, ќе си одам сега. (Смеа) 00:00:15.000 --> 00:00:19.000 Во текот на конференцијава имаше три теми 00:00:19.000 --> 00:00:23.000 кои што се релевантни за 00:00:23.000 --> 00:00:25.000 она за што сакам да зборувам. 00:00:25.000 --> 00:00:29.000 Едната се однесува на извонредните докази за човечката креативност 00:00:29.000 --> 00:00:32.000 во сите досегашни презентации 00:00:32.000 --> 00:00:35.000 и кај сите луѓе овде. Помислете само на разновидноста 00:00:35.000 --> 00:00:38.000 и опфатот. Втората е таа дека 00:00:38.000 --> 00:00:41.000 се наоѓаме на место од каде што не знаме што ќе се случи понатаму, 00:00:41.000 --> 00:00:43.000 во поглед на иднината. Немаме претстава 00:00:43.000 --> 00:00:45.000 како можат да се одвиваат работите. NOTE Paragraph 00:00:45.000 --> 00:00:48.000 Јас се интересирам за образованието -- 00:00:48.000 --> 00:00:51.000 Всушност, сметам дека сите се интересираат за образованието. 00:00:51.000 --> 00:00:53.000 Нели? Мислам дека ова е многу интересно. 00:00:53.000 --> 00:00:56.000 Ако сте поканети некаде на вечера и кажете 00:00:56.000 --> 00:00:59.000 дека работите во образование -- 00:00:59.000 --> 00:01:06.000 всушност, доколку работите во образование, веројатно ретко одите на вечери. 00:01:06.000 --> 00:01:09.000 (Смеа) Не ве канат. 00:01:09.000 --> 00:01:14.000 А сигурно не ве канат повторно. Тоа ми е чудно. 00:01:14.000 --> 00:01:16.000 Но, доколку ве поканат и некој 00:01:16.000 --> 00:01:18.000 ве праша „Што работите?“ 00:01:18.000 --> 00:01:20.000 а вие одговорите дека сте во образование, 00:01:20.000 --> 00:01:24.000 ќе видите како им истекува крвта од лицето. Си велат, 00:01:24.000 --> 00:01:30.000 „О, господе, зошто јас? Мојата единствена слободна вечер цела недела.“ (Смеа) 00:01:30.000 --> 00:01:32.000 Но, ако ги прашате за нивното образование, 00:01:32.000 --> 00:01:34.000 ќе ве приковаат за ѕидот. Бидејќи тоа е една од оние работи 00:01:34.000 --> 00:01:37.000 кои што луѓето длабоко ги чувствуваат, нели сум во право? 00:01:37.000 --> 00:01:40.000 Како религијата, парите и останатите нешта. 00:01:40.000 --> 00:01:44.000 Јас сум мошне заинтересиран за образованието, како сите нас. 00:01:44.000 --> 00:01:46.000 Сите имаме огромен личен интерес во него, 00:01:46.000 --> 00:01:49.000 делумно затоа што образованието е наменето да не 00:01:49.000 --> 00:01:52.000 одведе во иднината која што не можеме да ја опфатиме. 00:01:52.000 --> 00:01:55.000 Ако размислите, децата што тргнуваат на училиште оваа година 00:01:55.000 --> 00:02:01.000 ќе се пензионираат во 2065. Никој нема претстава -- 00:02:01.000 --> 00:02:04.000 и покрај сета стручност што имавме можност да ја видиме минативе четири дена -- 00:02:04.000 --> 00:02:06.000 за тоа како ќе изгледа светот по 00:02:06.000 --> 00:02:08.000 пет години. А сепак, треба да ги 00:02:08.000 --> 00:02:11.000 образуваме за таа иднина. Непредвидливоста, ми се чини, 00:02:11.000 --> 00:02:13.000 е извонредна. NOTE Paragraph 00:02:13.000 --> 00:02:15.000 А третиот дел од ова е дека сите 00:02:15.000 --> 00:02:20.000 се имаме согласено во однос на 00:02:20.000 --> 00:02:23.000 навистина извонреднот капацитет што го имаат децата -- 00:02:23.000 --> 00:02:25.000 нивниот капацитет за иновации. Мислам, Сирена сношти беше чудо, 00:02:25.000 --> 00:02:28.000 нели? Само да се види што таа може да направи. 00:02:28.000 --> 00:02:33.000 А таа е исклучителна, но мислам дека сепак не е 00:02:33.000 --> 00:02:36.000 исклучителна за целото детство. 00:02:36.000 --> 00:02:39.000 Станува збор за лице со извонредна посветеност 00:02:39.000 --> 00:02:41.000 што нашла талент. А јас тврдам дека 00:02:41.000 --> 00:02:43.000 сите деца имаат извонредни таленти. 00:02:43.000 --> 00:02:45.000 А ние им ги угушуваме, прилично немилосрдно. 00:02:45.000 --> 00:02:48.000 Затоа би сакал да зборувам за образованието 00:02:48.000 --> 00:02:51.000 и за креативност. Јас тврдам дека креативноста 00:02:51.000 --> 00:02:54.000 денес е подеднакво важна во образованието како писменоста, 00:02:54.000 --> 00:02:58.000 и треба да ја третираме со истиот статус. 00:02:58.000 --> 00:03:06.000 (Аплауз) Ви благодарам. Тоа беше се, патем речено. 00:03:06.000 --> 00:03:10.000 Ви благодарам многу. (Смеа) Значи, имаме уште 15 минути. 00:03:10.000 --> 00:03:17.000 Па, јас се родив -- не (Смеа) NOTE Paragraph 00:03:17.000 --> 00:03:21.000 Неодамна слушнав одлична приказна -- многу сакам да ја раскажувам -- 00:03:21.000 --> 00:03:25.000 за едно мало девојче што била на час по ликовно. Шестгодишното 00:03:25.000 --> 00:03:27.000 девојче седело назад во училницата и цртало. 00:03:27.000 --> 00:03:29.000 Наставникот вели дека девојчево ретко обрнувало 00:03:29.000 --> 00:03:33.000 внимание, но во текот на оваа лекција по цртање внимавала. 00:03:33.000 --> 00:03:35.000 Наставникот бил фасциниран и отишол кај нејзе 00:03:35.000 --> 00:03:38.000 и ја прашал, „Што црташ?“ 00:03:38.000 --> 00:03:41.000 Девојчето одговорило, „Цртам слика од Господ.“ 00:03:41.000 --> 00:03:44.000 А наставникот рекол, „Но никој не знае како изгледа господ.“ 00:03:44.000 --> 00:03:51.000 А девојчето рекло, „Ќе дознаат наскоро.“ 00:03:51.000 --> 00:03:52.000 (Смеа) NOTE Paragraph 00:03:52.000 --> 00:03:57.000 Кога син ми имаше четири години во Англија -- 00:03:57.000 --> 00:04:00.000 всушност, тој имаше четири години секаде, да бидам искрен. (Смеа) 00:04:00.000 --> 00:04:06.000 Ако го т'нчиме, каде и да отидеше, таа година имаше четири години. 00:04:06.000 --> 00:04:08.000 Тој играше во училишната претстава за Рождеството на Исус. 00:04:08.000 --> 00:04:11.000 Се сеќавате на приказната? Многу голема претстава. 00:04:11.000 --> 00:04:14.000 Приказната беше многу важна. Мел Гибсон го направи продолжението. 00:04:14.000 --> 00:04:19.000 Можеби сте го виделе: „Рождество 2.“ Но, Џејмс ја доби улогата на Јосиф 00:04:19.000 --> 00:04:22.000 за што бевме мошне возбудени. 00:04:22.000 --> 00:04:24.000 Сметавме дека ова е една од главните улоги. 00:04:24.000 --> 00:04:26.000 Целата сала беше полна со агенти облечени во маици со натписот: 00:04:26.000 --> 00:04:29.000 „Џејмс Робинсон Е Јосиф!“ (Смеа) 00:04:29.000 --> 00:04:31.000 Тој не мораше да зборува, но го знаете делот каде 00:04:31.000 --> 00:04:34.000 што доаѓаат тројцата мудреци. Тие носат подароци, 00:04:34.000 --> 00:04:36.000 злато, темјан и смирна. 00:04:36.000 --> 00:04:38.000 Ова е вистинска приказна. Ние седевме таму 00:04:38.000 --> 00:04:40.000 и мислам дека не излегоа по ред, 00:04:40.000 --> 00:04:42.000 бидејќи зборувавме со момчето потоа и го прашавме, 00:04:42.000 --> 00:04:44.000 „Во ред беше така?“ А тој ни рече, „Да, зошто, да не згрешив?“ 00:04:44.000 --> 00:04:46.000 Тие само се сменија, толку беше. 00:04:46.000 --> 00:04:47.000 Како и да е, трите момчиња излегоа на бината, 00:04:47.000 --> 00:04:49.000 четиригодишни деца со крпи на главите, 00:04:49.000 --> 00:04:52.000 и ги ставија своите кутии долу, 00:04:52.000 --> 00:04:54.000 и првото момче рече, „Ти носам злато.“ 00:04:54.000 --> 00:04:57.000 Второто момче рече, „Ти носам смирна“ 00:04:57.000 --> 00:05:11.000 А третото момче рече, „Ова ти е од Темјана.“ (Смеа) NOTE Paragraph 00:05:11.000 --> 00:05:13.000 Заедничкото овде е тоа што децата се спремни на ризик. 00:05:13.000 --> 00:05:16.000 Ако не знаат точно, ќе пробаат. 00:05:16.000 --> 00:05:19.000 Во право ли сум? Тие не се плашат дека ќе згрешат. 00:05:19.000 --> 00:05:24.000 Немам намера да тврдам дека да се греши е исто што и да се биде креативен. 00:05:24.000 --> 00:05:25.000 Она што го знаеме е дека, 00:05:25.000 --> 00:05:28.000 доколку не сте подготвени да згрешите, 00:05:28.000 --> 00:05:31.000 никогаш нема да измислите ништо оригинално. 00:05:31.000 --> 00:05:34.000 Доколку не сте подготвени да згрешите. А најголемиот број деца ја 00:05:34.000 --> 00:05:36.000 губат способноста за тоа пред да пораснат. 00:05:36.000 --> 00:05:39.000 Тие се имаат уплашено да згрешат. 00:05:39.000 --> 00:05:41.000 А ние ги управуваме нашите компании на истиот начин, патем речено. 00:05:41.000 --> 00:05:44.000 Ги стигматизираме грешките. Сега имаме 00:05:44.000 --> 00:05:47.000 национални образовни системи каде што 00:05:47.000 --> 00:05:50.000 грешките се најлошото нешто што можете да го направите. 00:05:50.000 --> 00:05:53.000 Резултатот е дека ги заменуваме креативните капацитети на 00:05:53.000 --> 00:05:56.000 луѓето со образование. Пикасо еднаш го има речено ова: 00:05:56.000 --> 00:05:59.000 тој вели дека сите деца се родени уметници. 00:05:59.000 --> 00:06:03.000 Проблемот е да останат уметници додека растат. Јас страсно верувам во ова: 00:06:03.000 --> 00:06:05.000 дека не растеме да станеме креативни, 00:06:05.000 --> 00:06:08.000 туку со растењето ја губиме креативноста. Поточно, ја заменуваме со образувание. 00:06:08.000 --> 00:06:10.000 Зошто е ова вака? NOTE Paragraph 00:06:10.000 --> 00:06:14.000 До пред пет години живеев во Стратфорд на Авон. 00:06:14.000 --> 00:06:16.000 Всушност, ние се преселивме од Стратфорд во Лос Ангелес. 00:06:16.000 --> 00:06:20.000 Можете да замислите колку тоа ни беше едноставна транзиција. 00:06:20.000 --> 00:06:22.000 (Смеа) Всушност, 00:06:22.000 --> 00:06:24.000 ние живеевме во едно место по име Снитерфилд, 00:06:24.000 --> 00:06:26.000 веднаш надвор од Стратфорд, каде што се има 00:06:26.000 --> 00:06:31.000 родено татко му на Шекспир. Дали ви дојде нова мисла? Мене да. 00:06:31.000 --> 00:06:33.000 Никогаш не сте размислувале за тоа дека Шекспир имал татко, нели? 00:06:33.000 --> 00:06:35.000 Нели? Бидејќи вие не мислите 00:06:35.000 --> 00:06:37.000 за Шекспир како дете, нели? 00:06:37.000 --> 00:06:40.000 Шекспир како седумгодишник? Никогаш не сум помислил. Мислам, 00:06:40.000 --> 00:06:42.000 тој некогаш имал седум години. И имал наставник 00:06:42.000 --> 00:06:51.000 по англиски, нели? Колку ли било тоа непријатно? 00:06:51.000 --> 00:07:05.000 (Смеа) „Треба повеќе да се трудиш.“ Татко му го праќа во кревет и му вели 00:07:05.000 --> 00:07:08.000 на Шекспир, „Ајде веднаш во кревет,“ на Вилијам Шекспир 00:07:08.000 --> 00:07:10.000 „и остави го моливот. 00:07:10.000 --> 00:07:18.000 И доста зборуваш така. Ги збунуваш луѓето.“ 00:07:18.000 --> 00:07:23.000 (Смеа) NOTE Paragraph 00:07:23.000 --> 00:07:26.000 Како и да е, се преселивме од Стратфорд во Лос Ангелес, 00:07:26.000 --> 00:07:30.000 и сакав да кажам неколку збора за преселбата. 00:07:30.000 --> 00:07:33.000 Син ми не сакаше да дојде. 00:07:33.000 --> 00:07:36.000 Јас имам две деца. Тој сега има 21 година, а ќерка ми 16. 00:07:36.000 --> 00:07:38.000 Тој не сакаше да дојде во Лос Ангелес. Тој го сакаше градот, 00:07:38.000 --> 00:07:43.000 но имаше девојка во Англија. Тоа беше љубовта на неговиот живот, Сара. 00:07:43.000 --> 00:07:45.000 Ја познаваше еден месец. 00:07:45.000 --> 00:07:48.000 Внимавајте, ја спремаа нивната четврта годишнина, 00:07:48.000 --> 00:07:52.000 бидејќи тоа е долго време кога си 16. 00:07:52.000 --> 00:07:54.000 Како и да е, тој беше вистина вознемирен на авионот, 00:07:54.000 --> 00:07:56.000 и рече, „Никогаш нема да најдам девојка како Сара.“ 00:07:56.000 --> 00:07:58.000 Искрено, бевме доста среќни поради тоа, 00:07:58.000 --> 00:08:10.000 бидејќи таа беше главната причина што ја напуштавме земјата. 00:08:10.000 --> 00:08:13.000 (Смеа) NOTE Paragraph 00:08:13.000 --> 00:08:16.000 Но нешто те погодува кога ќе се преселиш во Америка 00:08:16.000 --> 00:08:18.000 и кога патуваш низ светот: 00:08:18.000 --> 00:08:22.000 Секој образовен систем ја има истата хиерархија на предмети. 00:08:22.000 --> 00:08:24.000 Секој. Не е битно каде ќе отидете. 00:08:24.000 --> 00:08:26.000 Би си помислиле дека ќе биде поинаку, но не е. 00:08:26.000 --> 00:08:29.000 На врвот се математика и јазиците, 00:08:29.000 --> 00:08:31.000 потоа хуманистичките науки, и на дното се уметностите 00:08:31.000 --> 00:08:33.000 Секаде на Земјата. 00:08:33.000 --> 00:08:36.000 И во речиси секој систем истотака, 00:08:36.000 --> 00:08:38.000 има хиерархија во уметностите. 00:08:38.000 --> 00:08:40.000 Уметноста и музиката вообичаено добиваат повисок статус во школите 00:08:40.000 --> 00:08:43.000 од драмата и танцот. Не постои образовен систем на планетата 00:08:43.000 --> 00:08:45.000 кој не учи да танцуваме секој ден додека сме деца. 00:08:45.000 --> 00:08:48.000 на начин на кој учиме математика. Зошто? 00:08:48.000 --> 00:08:50.000 Зошто не? Мислам дека е ова доста битно. 00:08:50.000 --> 00:08:53.000 Мислам дека математиката е многу битна , но исто така е и танцот. 00:08:53.000 --> 00:08:56.000 Децата танцуваат цело време ако им е дозволено, како и сите ние. 00:08:56.000 --> 00:08:59.000 Сите ние имаме тело , нели? Или да не сум пропуштил нешто? 00:08:59.000 --> 00:09:03.000 (Смеа) Искрено, она што се случуава, 00:09:03.000 --> 00:09:05.000 само што ќе почнат да растат децата, ние почнуваме да ги образуваме. 00:09:05.000 --> 00:09:08.000 прогресивно од појасот па нагоре. и тогаш се фокусираме на нивните глави. 00:09:08.000 --> 00:09:10.000 И малку на едната страна. NOTE Paragraph 00:09:10.000 --> 00:09:14.000 ако треба да го посетите образованието, како вонземјанин, 00:09:14.000 --> 00:09:17.000 и прашате „Зошто е, јавното образование?“ 00:09:17.000 --> 00:09:19.000 Сметам дека ќе заклучите -- ако го погледнете резултатот, 00:09:19.000 --> 00:09:21.000 кој вистински успева со ова, 00:09:21.000 --> 00:09:23.000 кој прави се што треба, 00:09:23.000 --> 00:09:26.000 кој ги добива сите поени, кои се победниците -- 00:09:26.000 --> 00:09:29.000 Мислам дека ќе треба да заклучите дека корист од јавното образование 00:09:29.000 --> 00:09:30.000 низ целиот свет 00:09:30.000 --> 00:09:34.000 е да произведува универзитетски професори. Нели? 00:09:34.000 --> 00:09:36.000 Тие се луѓето кои се на врвот. 00:09:37.000 --> 00:09:40.000 И јас бев еден од нив, па видете. (Смеа) 00:09:40.000 --> 00:09:44.000 А ги сакам универзитетските професори, но знаете, 00:09:44.000 --> 00:09:48.000 не треба да ги држиме како највисокиот симбол на човечкото достигнување. 00:09:48.000 --> 00:09:50.000 Тие се само форма на живот, 00:09:50.000 --> 00:09:52.000 уште една форма на живот. Но тие се доста љубопитни, 00:09:52.000 --> 00:09:54.000 и го кажувам ова со љубов кон нив. 00:09:54.000 --> 00:09:57.000 Има нешто интересно околу професорите во моето искуство -- 00:09:57.000 --> 00:10:00.000 не сите, но типично -- тие живеат во нивните глави. 00:10:00.000 --> 00:10:02.000 Тие живеат таму, и малку на едната страна. 00:10:02.000 --> 00:10:06.000 Тие се без телесни, знаете, на доста буквален начин. 00:10:06.000 --> 00:10:08.000 Тие гледаат на своето тело 00:10:08.000 --> 00:10:17.000 како форма на транспорт за нивните глави, нели? 00:10:17.000 --> 00:10:24.000 (Смеа) Тоа е начин за пренесување на нивните глави на состаноци. 00:10:24.000 --> 00:10:27.000 Ако сакате вистинско вонтелесно искуство, 00:10:27.000 --> 00:10:30.000 патем, отидете на конференција 00:10:30.000 --> 00:10:32.000 на постари академици, 00:10:32.000 --> 00:10:35.000 и појавете се во дискотеката последната вечер. 00:10:35.000 --> 00:10:39.000 (Смеа) И таму ќе видите, возрасни мажи и жени 00:10:39.000 --> 00:10:43.000 како се дрмаат неконтролирано, надвор од ритам, 00:10:43.000 --> 00:10:47.000 чекајќи да заврши музиката за да одат дома и напишат труд околу тоа. NOTE Paragraph 00:10:47.000 --> 00:10:53.000 Значи нашиот едукациски систем е претпоставен на идејата за академската способност. 00:10:53.000 --> 00:10:56.000 и има причина. 00:10:56.000 --> 00:10:58.000 Целиот систем бил измислен -- низ светот, кога немало 00:10:58.000 --> 00:11:00.000 јавни системи на едукација, пред 19-иот век. 00:11:00.000 --> 00:11:03.000 Сите се појавија за да ги 00:11:03.000 --> 00:11:04.000 исполнат потребите на индустријализацијата. 00:11:04.000 --> 00:11:07.000 Така хиерархијата е вкоренета врз две идеи. 00:11:07.000 --> 00:11:11.000 Првата, дека најкорисните теми за работата се 00:11:11.000 --> 00:11:13.000 на врвот. Така вие сте веројатно бенигно одвлекувани на училиште 00:11:13.000 --> 00:11:15.000 како дете, од работите кои сте ги 00:11:15.000 --> 00:11:17.000 сакале врз основа дека 00:11:17.000 --> 00:11:20.000 никогаш нема да најдете работа ако го правите тоа. Нели? 00:11:20.000 --> 00:11:22.000 Немој да свириш, нема да бидеш музичар; 00:11:22.000 --> 00:11:24.000 Не сликај, нема да бидеш сликар. 00:11:25.000 --> 00:11:29.000 Добронамерен совет -- но сега, длабоко порешен. Целиот свет 00:11:29.000 --> 00:11:30.000 е опфатен во револуција. 00:11:30.000 --> 00:11:33.000 И втората е академската способност, која вистински доминира 00:11:33.000 --> 00:11:34.000 над тоа како гледаме на интелегенцијата, 00:11:34.000 --> 00:11:37.000 бидејќи универзитетите го дизајнираа системот со таа слика. 00:11:37.000 --> 00:11:39.000 Ако размислите, целиот систем 00:11:39.000 --> 00:11:41.000 на јавно образование низ светот е одложен процес 00:11:41.000 --> 00:11:43.000 на влез во универзитетите. 00:11:43.000 --> 00:11:46.000 Последицата е што многу талентирани, 00:11:46.000 --> 00:11:48.000 брилијантни, креативни луѓе мислат дека не се тоа, 00:11:48.000 --> 00:11:50.000 бидејќи работите за кои ги бивало на школо 00:11:50.000 --> 00:11:54.000 не биле вреднувани, или биле стигматизирани. 00:11:54.000 --> 00:11:56.000 Мислам дека не можеме да си го дозволиме тоа повеќе. NOTE Paragraph 00:11:56.000 --> 00:11:58.000 Во следните 30 години, според УНЕСКО, 00:11:58.000 --> 00:12:01.000 повеќе луѓе низ светот ќе дипломираат 00:12:01.000 --> 00:12:03.000 низ образованието од почетокот на историјата. 00:12:03.000 --> 00:12:05.000 Повеќе луѓе, и е комбинација 00:12:05.000 --> 00:12:07.000 на сите работи за кои што зборувавме -- 00:12:07.000 --> 00:12:10.000 технологијата и нејзиниот трансформациски ефект на работата, и демографијата 00:12:10.000 --> 00:12:12.000 и огромната експлозија на населението. 00:12:12.000 --> 00:12:15.000 Одеднаш, дипломите не вредат ништо. Нели е тоа точно? 00:12:15.000 --> 00:12:19.000 Кога бев студент, ако имаше диплома, имаше работа. 00:12:19.000 --> 00:12:22.000 Ако немаше работа тоа беше бидејќи не си сакал. 00:12:22.000 --> 00:12:25.000 И јас , искрено, не сакав. (Смеа) 00:12:25.000 --> 00:12:30.000 Но сега деца со дипломи често 00:12:30.000 --> 00:12:31.000 седат дома и продолжуваат да играат видео игри, 00:12:31.000 --> 00:12:34.000 затоа што ти треба магистратура, на места кога порано требало диплома, 00:12:34.000 --> 00:12:37.000 и сега ти треба докторат кога ти требало магистратура. 00:12:37.000 --> 00:12:39.000 Тоа е процес на академска инфлација. 00:12:39.000 --> 00:12:41.000 И е индикатор дека целата структура на образованието 00:12:41.000 --> 00:12:43.000 ни се поместува пред нозете. Мораме радикално да го промениме 00:12:43.000 --> 00:12:44.000 нашиот поглед на интелигенцијата. NOTE Paragraph 00:12:44.000 --> 00:12:46.000 Знаеме три работи околу интелигенцијата. 00:12:46.000 --> 00:12:49.000 прво, таа е разновидна. Ние размислуваме за светот на сите начини 00:12:49.000 --> 00:12:51.000 на кои го искусуваме. Мислиме визуелно, 00:12:51.000 --> 00:12:54.000 мислиме со звук, мислиме со Кинестетички. 00:12:54.000 --> 00:12:57.000 Размислуваме со абстрактни термини, мислиме во движење. 00:12:57.000 --> 00:12:59.000 второ, интелигенцијата е динамична. 00:12:59.000 --> 00:13:02.000 Ако ги погледнете интеракциите во мозокот, како што чувме 00:13:02.000 --> 00:13:05.000 вчера на неколку презентации, 00:13:05.000 --> 00:13:07.000 интелигенцијата е прекрасно интерактивна. 00:13:07.000 --> 00:13:10.000 Мозокот не е поделен во оддели. 00:13:10.000 --> 00:13:13.000 Всушност, креативноста -- која јас ја дефинирам како процес 00:13:13.000 --> 00:13:15.000 на добивање оригинални идеи кои имаат вредност -- 00:13:15.000 --> 00:13:18.000 најчесто доаѓа преку интеракција на 00:13:18.000 --> 00:13:21.000 интердисциплинарни начини на гледање на работите. NOTE Paragraph 00:13:21.000 --> 00:13:23.000 мозокот е со причина -- патем, 00:13:23.000 --> 00:13:26.000 има спој на нерви кои ги поврзува двете половини на мозокот 00:13:26.000 --> 00:13:28.000 кој се нарекува корпус калосум. тој е подебел кај жените. 00:13:28.000 --> 00:13:30.000 Надоврзувајќи се на Хелен од вчера, мислам 00:13:30.000 --> 00:13:34.000 веројатно затоа жените се подобри во мулти таскинг. 00:13:34.000 --> 00:13:36.000 Бидејќи сте подобри, нели? 00:13:36.000 --> 00:13:39.000 Има голема количина на истражувања , но го знам од лично искуство. 00:13:39.000 --> 00:13:41.000 Ако жена ми готви јадење дома -- 00:13:41.000 --> 00:13:45.000 што не е често , фала боже. (Смеа) 00:13:45.000 --> 00:13:48.000 Знаете, таа прави -- не, таа е добра во некои работи -- 00:13:48.000 --> 00:13:50.000 но ако готви, знаете, 00:13:50.000 --> 00:13:52.000 таа се справува со луѓе на телефон, 00:13:52.000 --> 00:13:55.000 зборува со децата, го бои таванот, 00:13:55.000 --> 00:13:58.000 прави операција на отворено срце таму. 00:13:58.000 --> 00:14:01.000 Ако јас готвам, вратата е затворена, децата се надвор, 00:14:01.000 --> 00:14:04.000 телефонот е исклучен, и ако таа влезе се вознемирувам. 00:14:04.000 --> 00:14:17.000 и велам, „ Тери те молам, се обидувам да испржам јајце тука. Те молам дај ми простор.“ (Смеа) 00:14:17.000 --> 00:14:19.000 Всушност, ја знаете таа стара философска изрека, 00:14:19.000 --> 00:14:22.000 ако падне дрво во шумата и никој не го чуе, 00:14:22.000 --> 00:14:25.000 дали вистина се случило? се сеќавате на неа ? 00:14:25.000 --> 00:14:28.000 Видов одлична маица скоро што велеше, „Ако мажот каже што мисли 00:14:28.000 --> 00:14:31.000 во шума, и ниедна жена не го чуе, 00:14:31.000 --> 00:14:40.000 дали сеуште е во грешка?“ (Смеа) NOTE Paragraph 00:14:40.000 --> 00:14:42.000 И третата поента околу интелигенцијата е, 00:14:43.000 --> 00:14:45.000 таа е различна. Пишувам нова книга во моментов 00:14:45.000 --> 00:14:47.000 се нарекува „Просветлување“, кое е базирано на серија на 00:14:47.000 --> 00:14:49.000 интервјуа со луѓе за тоа како го откриле 00:14:49.000 --> 00:14:51.000 нивниот талент. Ме фасцинира тоа како луѓето го пронашле тоа. 00:14:51.000 --> 00:14:54.000 Тоа беше поттикнато со разговор што го имав 00:14:54.000 --> 00:14:56.000 со прекрасна жена која можеби повеќето луѓе 00:14:56.000 --> 00:14:58.000 не чуле за неа, се вика Џилијан Лин, 00:14:58.000 --> 00:15:00.000 сте чуле за неа? Некои чуле. Таа е кореограф 00:15:00.000 --> 00:15:02.000 и сите ја знаат нејзината работа. 00:15:02.000 --> 00:15:04.000 Таа ги работеше „Мачки“, и „Фантомот од операта“. 00:15:04.000 --> 00:15:08.000 Таа е прекрасна. Јас бев член на комисијата на Кралскиот балет, во Англија, 00:15:08.000 --> 00:15:10.000 како што може да забележите. 00:15:10.000 --> 00:15:12.000 Како и да е, Џилијан и јас имавме ручек еден ден и ја прашав, 00:15:12.000 --> 00:15:14.000 „Џилијан како реши да станеш танчерка?“ И таа одговори 00:15:14.000 --> 00:15:16.000 многу интересно, кога била на училиште, 00:15:16.000 --> 00:15:19.000 и било многу тешко. А од училиштето , во 30-ите, 00:15:19.000 --> 00:15:21.000 и пишале на нејзините родите и рекле, „Мислиме 00:15:21.000 --> 00:15:23.000 Џилијан има проблем со учењето.“ Таа не можела да се конентрира, 00:15:23.000 --> 00:15:25.000 била многу нестрплива. Мислам дека сега би рекле 00:15:25.000 --> 00:15:29.000 дека има Синдорм на недостиг на внимание. Зарем не? Но ова беше во 30-ите 00:15:29.000 --> 00:15:32.000 и синдромот не беше уште пронајден тогаш. 00:15:32.000 --> 00:15:35.000 Не беше расположлива состојба. (Смеа) 00:15:35.000 --> 00:15:39.000 Луѓето не беа свесни дека можат да се разболат од тоа. NOTE Paragraph 00:15:39.000 --> 00:15:43.000 Како и да е, таа отишла да види специјалист. во една соба обрабена со даб 00:15:43.000 --> 00:15:46.000 каде била со мајка и, 00:15:46.000 --> 00:15:49.000 ја однеле и седнале на столче при крајот, 00:15:49.000 --> 00:15:51.000 и таа седела на рацете 20 минути додека 00:15:51.000 --> 00:15:53.000 човекот разговарал со мајка и за сите 00:15:53.000 --> 00:15:57.000 проблеми што Џилијан ги имала на школо. И на крајот -- 00:15:57.000 --> 00:15:59.000 бидејќи им пречела на луѓето, 00:15:59.000 --> 00:16:01.000 домашната секогаш и доцнела , итн, 00:16:01.000 --> 00:16:04.000 мало 8 годишно девојче -- на крајот докторот отишол и седна до 00:16:04.000 --> 00:16:06.000 Џилијан и рекол, „Џилијан, 00:16:06.000 --> 00:16:08.000 ги чув сите работи кои мајка ти 00:16:08.000 --> 00:16:10.000 ми ги кажа и треба да зборам со неа насамо.“ 00:16:10.000 --> 00:16:13.000 Рекол, „ причекај тука, ние ќе се вратиме многу бргу.“ 00:16:13.000 --> 00:16:15.000 излегле и ја оставиле сама. 00:16:15.000 --> 00:16:17.000 Но како што излегувал од собата, го вклучил радиото 00:16:17.000 --> 00:16:19.000 кое било на неговото биро. И кога тие 00:16:19.000 --> 00:16:21.000 излегле од собата, и рекол на мајка и, 00:16:21.000 --> 00:16:24.000 „Стојте и видете ја.“ И во моментот кога ја напуштиле собата, 00:16:24.000 --> 00:16:28.000 таа рече, била на нозе, играјќи на музиката. 00:16:28.000 --> 00:16:30.000 Тие ја гледале неколку минути 00:16:30.000 --> 00:16:33.000 и докторот се свртел кон мајка и и рекол, 00:16:33.000 --> 00:16:37.000 „Г-го Лин, Џилијан не е болна, таа е танчерка. 00:16:37.000 --> 00:16:39.000 Однесете ја во училиште за танц.“ NOTE Paragraph 00:16:39.000 --> 00:16:41.000 Јас реков, „што се случи?“ 00:16:41.000 --> 00:16:44.000 и рече, „Ме однесе. Не можам да ти кажам колку беше прекрасно. 00:16:44.000 --> 00:16:46.000 влеговме во соба која беше полна со 00:16:46.000 --> 00:16:49.000 луѓе како мене. Луѓе кои не можеа да седат мирни. 00:16:49.000 --> 00:16:52.000 Луѓе кои мораа да се движат за да мислат.“ Кои мораа да се движат да размислуваат. 00:16:52.000 --> 00:16:54.000 Ги учеле балет, тап, џез, 00:16:54.000 --> 00:16:56.000 модерен танц и современ. 00:16:56.000 --> 00:16:59.000 Таа евентуално била на аудиција за Кралската балетска школа, 00:16:59.000 --> 00:17:01.000 стана соло танчер, имаше прекрасна кариера 00:17:01.000 --> 00:17:03.000 со Кралскиот балет. На крајот дипломираше на 00:17:03.000 --> 00:17:05.000 Кралската балетска школа и ја 00:17:05.000 --> 00:17:08.000 основа сопствена компанија, Џилијан Лин танчерската компанија, 00:17:08.000 --> 00:17:11.000 го сретна Ендру Лојд Вебер. Таа е одговорна за 00:17:11.000 --> 00:17:13.000 некои од најуспешните театарски мјузикл 00:17:13.000 --> 00:17:18.000 продукции во историјата, им има пренесено задоволство на милиони, 00:17:18.000 --> 00:17:21.000 и сега е мулти-милионер. Некој друг 00:17:21.000 --> 00:17:25.000 би ја ставил на лекови и би и рекол 00:17:25.000 --> 00:17:27.000 да се смири. NOTE Paragraph 00:17:27.000 --> 00:17:30.000 Значи, мислам -- (Аплауз) до она што доаѓаме е следново: 00:17:30.000 --> 00:17:32.000 Ал Гор говореше онаа вечер 00:17:32.000 --> 00:17:35.000 за екологијата, и за револуцијата што ја поттикнала Рејчел Карсон. 00:17:35.000 --> 00:17:39.000 Верувам дека единствената надеж за иднината 00:17:39.000 --> 00:17:42.000 е да прифатиме нов концепт на хумана екологија, 00:17:42.000 --> 00:17:46.000 онаа каде ние ќе почнеме да го реструктуираме нашиот концепт 00:17:46.000 --> 00:17:48.000 за богатството на човечкиот капацитет. 00:17:48.000 --> 00:17:52.000 Нашите образовни системи ни ги третираа мозоците на начин 00:17:52.000 --> 00:17:54.000 на кој ние копаме руда во земјата: за специфична суровина. 00:17:54.000 --> 00:17:57.000 А во иднината, тоа нема да ни служи. 00:17:57.000 --> 00:18:00.000 Мора да ги размислиме фундаменталните принципи 00:18:00.000 --> 00:18:02.000 според кои ги едуцираме нашите деца. Имаше прекрасен 00:18:02.000 --> 00:18:06.000 цитат од Јонас Салк, кој вели, „ Ако сите инсекти 00:18:06.000 --> 00:18:09.000 ги снема од земјата, 00:18:09.000 --> 00:18:12.000 за 50 години целиот живот на земјата ќе престане. 00:18:12.000 --> 00:18:15.000 Ако исчезнат сите луѓе од земјата, 00:18:15.000 --> 00:18:19.000 за 50 години сите форми на живот ќе процветаат.“ 00:18:19.000 --> 00:18:21.000 И во право е. NOTE Paragraph 00:18:21.000 --> 00:18:24.000 Она што ТЕД го слави е подарокот на човечката имагинација. 00:18:24.000 --> 00:18:28.000 Мора да сме внимателни и да го користиме овој подарок 00:18:28.000 --> 00:18:31.000 мудро, и да ги избегнеме некои од сценаријата 00:18:31.000 --> 00:18:34.000 за кои што зборевме. Единствениот начин 00:18:35.000 --> 00:18:38.000 да го сториме тоа е да ги согледаме нашите креативни капацитети 00:18:38.000 --> 00:18:40.000 за богатството кое се, и да ги гледаме 00:18:40.000 --> 00:18:43.000 нашите деца како надежта која се. Нашата задача 00:18:43.000 --> 00:18:46.000 е да го едуцираме нивното целосно битие, за да може да ја дочекаат иднината. 00:18:46.000 --> 00:18:49.000 Патем -- ние можеби нема да ја видиме оваа иднина, 00:18:49.000 --> 00:18:52.000 но тие ќе ја видат. Нашата задача е да им помогнеме 00:18:52.000 --> 00:18:54.000 да успеат во тоа. Ви благодарам многу.