Добро утро. Како сте? Одлично е досега, нели? Целава работа ме одвеа. Всушност, ќе си одам сега. (Смеа) Во текот на конференцијава имаше три теми кои што се релевантни за она за што сакам да зборувам. Едната се однесува на извонредните докази за човечката креативност во сите досегашни презентации и кај сите луѓе овде. Помислете само на разновидноста и опфатот. Втората е таа дека се наоѓаме на место од каде што не знаме што ќе се случи понатаму, во поглед на иднината. Немаме претстава како можат да се одвиваат работите. Јас се интересирам за образованието -- Всушност, сметам дека сите се интересираат за образованието. Нели? Мислам дека ова е многу интересно. Ако сте поканети некаде на вечера и кажете дека работите во образование -- всушност, доколку работите во образование, веројатно ретко одите на вечери. (Смеа) Не ве канат. А сигурно не ве канат повторно. Тоа ми е чудно. Но, доколку ве поканат и некој ве праша „Што работите?“ а вие одговорите дека сте во образование, ќе видите како им истекува крвта од лицето. Си велат, „О, господе, зошто јас? Мојата единствена слободна вечер цела недела.“ (Смеа) Но, ако ги прашате за нивното образование, ќе ве приковаат за ѕидот. Бидејќи тоа е една од оние работи кои што луѓето длабоко ги чувствуваат, нели сум во право? Како религијата, парите и останатите нешта. Јас сум мошне заинтересиран за образованието, како сите нас. Сите имаме огромен личен интерес во него, делумно затоа што образованието е наменето да не одведе во иднината која што не можеме да ја опфатиме. Ако размислите, децата што тргнуваат на училиште оваа година ќе се пензионираат во 2065. Никој нема претстава -- и покрај сета стручност што имавме можност да ја видиме минативе четири дена -- за тоа како ќе изгледа светот по пет години. А сепак, треба да ги образуваме за таа иднина. Непредвидливоста, ми се чини, е извонредна. А третиот дел од ова е дека сите се имаме согласено во однос на навистина извонреднот капацитет што го имаат децата -- нивниот капацитет за иновации. Мислам, Сирена сношти беше чудо, нели? Само да се види што таа може да направи. А таа е исклучителна, но мислам дека сепак не е исклучителна за целото детство. Станува збор за лице со извонредна посветеност што нашла талент. А јас тврдам дека сите деца имаат извонредни таленти. А ние им ги угушуваме, прилично немилосрдно. Затоа би сакал да зборувам за образованието и за креативност. Јас тврдам дека креативноста денес е подеднакво важна во образованието како писменоста, и треба да ја третираме со истиот статус. (Аплауз) Ви благодарам. Тоа беше се, патем речено. Ви благодарам многу. (Смеа) Значи, имаме уште 15 минути. Па, јас се родив -- не (Смеа) Неодамна слушнав одлична приказна -- многу сакам да ја раскажувам -- за едно мало девојче што била на час по ликовно. Шестгодишното девојче седело назад во училницата и цртало. Наставникот вели дека девојчево ретко обрнувало внимание, но во текот на оваа лекција по цртање внимавала. Наставникот бил фасциниран и отишол кај нејзе и ја прашал, „Што црташ?“ Девојчето одговорило, „Цртам слика од Господ.“ А наставникот рекол, „Но никој не знае како изгледа господ.“ А девојчето рекло, „Ќе дознаат наскоро.“ (Смеа) Кога син ми имаше четири години во Англија -- всушност, тој имаше четири години секаде, да бидам искрен. (Смеа) Ако го т'нчиме, каде и да отидеше, таа година имаше четири години. Тој играше во училишната претстава за Рождеството на Исус. Се сеќавате на приказната? Многу голема претстава. Приказната беше многу важна. Мел Гибсон го направи продолжението. Можеби сте го виделе: „Рождество 2.“ Но, Џејмс ја доби улогата на Јосиф за што бевме мошне возбудени. Сметавме дека ова е една од главните улоги. Целата сала беше полна со агенти облечени во маици со натписот: „Џејмс Робинсон Е Јосиф!“ (Смеа) Тој не мораше да зборува, но го знаете делот каде што доаѓаат тројцата мудреци. Тие носат подароци, злато, темјан и смирна. Ова е вистинска приказна. Ние седевме таму и мислам дека не излегоа по ред, бидејќи зборувавме со момчето потоа и го прашавме, „Во ред беше така?“ А тој ни рече, „Да, зошто, да не згрешив?“ Тие само се сменија, толку беше. Како и да е, трите момчиња излегоа на бината, четиригодишни деца со крпи на главите, и ги ставија своите кутии долу, и првото момче рече, „Ти носам злато.“ Второто момче рече, „Ти носам смирна“ А третото момче рече, „Ова ти е од Темјана.“ (Смеа) Заедничкото овде е тоа што децата се спремни на ризик. Ако не знаат точно, ќе пробаат. Во право ли сум? Тие не се плашат дека ќе згрешат. Немам намера да тврдам дека да се греши е исто што и да се биде креативен. Она што го знаеме е дека, доколку не сте подготвени да згрешите, никогаш нема да измислите ништо оригинално. Доколку не сте подготвени да згрешите. А најголемиот број деца ја губат способноста за тоа пред да пораснат. Тие се имаат уплашено да згрешат. А ние ги управуваме нашите компании на истиот начин, патем речено. Ги стигматизираме грешките. Сега имаме национални образовни системи каде што грешките се најлошото нешто што можете да го направите. Резултатот е дека ги заменуваме креативните капацитети на луѓето со образование. Пикасо еднаш го има речено ова: тој вели дека сите деца се родени уметници. Проблемот е да останат уметници додека растат. Јас страсно верувам во ова: дека не растеме да станеме креативни, туку со растењето ја губиме креативноста. Поточно, ја заменуваме со образувание. Зошто е ова вака? До пред пет години живеев во Стратфорд на Авон. Всушност, ние се преселивме од Стратфорд во Лос Ангелес. Можете да замислите колку тоа ни беше едноставна транзиција. (Смеа) Всушност, ние живеевме во едно место по име Снитерфилд, веднаш надвор од Стратфорд, каде што се има родено татко му на Шекспир. Дали ви дојде нова мисла? Мене да. Никогаш не сте размислувале за тоа дека Шекспир имал татко, нели? Нели? Бидејќи вие не мислите за Шекспир како дете, нели? Шекспир како седумгодишник? Никогаш не сум помислил. Мислам, тој некогаш имал седум години. И имал наставник по англиски, нели? Колку ли било тоа непријатно? (Смеа) „Треба повеќе да се трудиш.“ Татко му го праќа во кревет и му вели на Шекспир, „Ајде веднаш во кревет,“ на Вилијам Шекспир „и остави го моливот. И доста зборуваш така. Ги збунуваш луѓето.“ (Смеа) Како и да е, се преселивме од Стратфорд во Лос Ангелес, и сакав да кажам неколку збора за преселбата. Син ми не сакаше да дојде. Јас имам две деца. Тој сега има 21 година, а ќерка ми 16. Тој не сакаше да дојде во Лос Ангелес. Тој го сакаше градот, но имаше девојка во Англија. Тоа беше љубовта на неговиот живот, Сара. Ја познаваше еден месец. Внимавајте, ја спремаа нивната четврта годишнина, бидејќи тоа е долго време кога си 16. Како и да е, тој беше вистина вознемирен на авионот, и рече, „Никогаш нема да најдам девојка како Сара.“ Искрено, бевме доста среќни поради тоа, бидејќи таа беше главната причина што ја напуштавме земјата. (Смеа) Но нешто те погодува кога ќе се преселиш во Америка и кога патуваш низ светот: Секој образовен систем ја има истата хиерархија на предмети. Секој. Не е битно каде ќе отидете. Би си помислиле дека ќе биде поинаку, но не е. На врвот се математика и јазиците, потоа хуманистичките науки, и на дното се уметностите Секаде на Земјата. И во речиси секој систем истотака, има хиерархија во уметностите. Уметноста и музиката вообичаено добиваат повисок статус во школите од драмата и танцот. Не постои образовен систем на планетата кој не учи да танцуваме секој ден додека сме деца. на начин на кој учиме математика. Зошто? Зошто не? Мислам дека е ова доста битно. Мислам дека математиката е многу битна , но исто така е и танцот. Децата танцуваат цело време ако им е дозволено, како и сите ние. Сите ние имаме тело , нели? Или да не сум пропуштил нешто? (Смеа) Искрено, она што се случуава, само што ќе почнат да растат децата, ние почнуваме да ги образуваме. прогресивно од појасот па нагоре. и тогаш се фокусираме на нивните глави. И малку на едната страна. ако треба да го посетите образованието, како вонземјанин, и прашате „Зошто е, јавното образование?“ Сметам дека ќе заклучите -- ако го погледнете резултатот, кој вистински успева со ова, кој прави се што треба, кој ги добива сите поени, кои се победниците -- Мислам дека ќе треба да заклучите дека корист од јавното образование низ целиот свет е да произведува универзитетски професори. Нели? Тие се луѓето кои се на врвот. И јас бев еден од нив, па видете. (Смеа) А ги сакам универзитетските професори, но знаете, не треба да ги држиме како највисокиот симбол на човечкото достигнување. Тие се само форма на живот, уште една форма на живот. Но тие се доста љубопитни, и го кажувам ова со љубов кон нив. Има нешто интересно околу професорите во моето искуство -- не сите, но типично -- тие живеат во нивните глави. Тие живеат таму, и малку на едната страна. Тие се без телесни, знаете, на доста буквален начин. Тие гледаат на своето тело како форма на транспорт за нивните глави, нели? (Смеа) Тоа е начин за пренесување на нивните глави на состаноци. Ако сакате вистинско вонтелесно искуство, патем, отидете на конференција на постари академици, и појавете се во дискотеката последната вечер. (Смеа) И таму ќе видите, возрасни мажи и жени како се дрмаат неконтролирано, надвор од ритам, чекајќи да заврши музиката за да одат дома и напишат труд околу тоа. Значи нашиот едукациски систем е претпоставен на идејата за академската способност. и има причина. Целиот систем бил измислен -- низ светот, кога немало јавни системи на едукација, пред 19-иот век. Сите се појавија за да ги исполнат потребите на индустријализацијата. Така хиерархијата е вкоренета врз две идеи. Првата, дека најкорисните теми за работата се на врвот. Така вие сте веројатно бенигно одвлекувани на училиште како дете, од работите кои сте ги сакале врз основа дека никогаш нема да најдете работа ако го правите тоа. Нели? Немој да свириш, нема да бидеш музичар; Не сликај, нема да бидеш сликар. Добронамерен совет -- но сега, длабоко порешен. Целиот свет е опфатен во револуција. И втората е академската способност, која вистински доминира над тоа како гледаме на интелегенцијата, бидејќи универзитетите го дизајнираа системот со таа слика. Ако размислите, целиот систем на јавно образование низ светот е одложен процес на влез во универзитетите. Последицата е што многу талентирани, брилијантни, креативни луѓе мислат дека не се тоа, бидејќи работите за кои ги бивало на школо не биле вреднувани, или биле стигматизирани. Мислам дека не можеме да си го дозволиме тоа повеќе. Во следните 30 години, според УНЕСКО, повеќе луѓе низ светот ќе дипломираат низ образованието од почетокот на историјата. Повеќе луѓе, и е комбинација на сите работи за кои што зборувавме -- технологијата и нејзиниот трансформациски ефект на работата, и демографијата и огромната експлозија на населението. Одеднаш, дипломите не вредат ништо. Нели е тоа точно? Кога бев студент, ако имаше диплома, имаше работа. Ако немаше работа тоа беше бидејќи не си сакал. И јас , искрено, не сакав. (Смеа) Но сега деца со дипломи често седат дома и продолжуваат да играат видео игри, затоа што ти треба магистратура, на места кога порано требало диплома, и сега ти треба докторат кога ти требало магистратура. Тоа е процес на академска инфлација. И е индикатор дека целата структура на образованието ни се поместува пред нозете. Мораме радикално да го промениме нашиот поглед на интелигенцијата. Знаеме три работи околу интелигенцијата. прво, таа е разновидна. Ние размислуваме за светот на сите начини на кои го искусуваме. Мислиме визуелно, мислиме со звук, мислиме со Кинестетички. Размислуваме со абстрактни термини, мислиме во движење. второ, интелигенцијата е динамична. Ако ги погледнете интеракциите во мозокот, како што чувме вчера на неколку презентации, интелигенцијата е прекрасно интерактивна. Мозокот не е поделен во оддели. Всушност, креативноста -- која јас ја дефинирам како процес на добивање оригинални идеи кои имаат вредност -- најчесто доаѓа преку интеракција на интердисциплинарни начини на гледање на работите. мозокот е со причина -- патем, има спој на нерви кои ги поврзува двете половини на мозокот кој се нарекува корпус калосум. тој е подебел кај жените. Надоврзувајќи се на Хелен од вчера, мислам веројатно затоа жените се подобри во мулти таскинг. Бидејќи сте подобри, нели? Има голема количина на истражувања , но го знам од лично искуство. Ако жена ми готви јадење дома -- што не е често , фала боже. (Смеа) Знаете, таа прави -- не, таа е добра во некои работи -- но ако готви, знаете, таа се справува со луѓе на телефон, зборува со децата, го бои таванот, прави операција на отворено срце таму. Ако јас готвам, вратата е затворена, децата се надвор, телефонот е исклучен, и ако таа влезе се вознемирувам. и велам, „ Тери те молам, се обидувам да испржам јајце тука. Те молам дај ми простор.“ (Смеа) Всушност, ја знаете таа стара философска изрека, ако падне дрво во шумата и никој не го чуе, дали вистина се случило? се сеќавате на неа ? Видов одлична маица скоро што велеше, „Ако мажот каже што мисли во шума, и ниедна жена не го чуе, дали сеуште е во грешка?“ (Смеа) И третата поента околу интелигенцијата е, таа е различна. Пишувам нова книга во моментов се нарекува „Просветлување“, кое е базирано на серија на интервјуа со луѓе за тоа како го откриле нивниот талент. Ме фасцинира тоа како луѓето го пронашле тоа. Тоа беше поттикнато со разговор што го имав со прекрасна жена која можеби повеќето луѓе не чуле за неа, се вика Џилијан Лин, сте чуле за неа? Некои чуле. Таа е кореограф и сите ја знаат нејзината работа. Таа ги работеше „Мачки“, и „Фантомот од операта“. Таа е прекрасна. Јас бев член на комисијата на Кралскиот балет, во Англија, како што може да забележите. Како и да е, Џилијан и јас имавме ручек еден ден и ја прашав, „Џилијан како реши да станеш танчерка?“ И таа одговори многу интересно, кога била на училиште, и било многу тешко. А од училиштето , во 30-ите, и пишале на нејзините родите и рекле, „Мислиме Џилијан има проблем со учењето.“ Таа не можела да се конентрира, била многу нестрплива. Мислам дека сега би рекле дека има Синдорм на недостиг на внимание. Зарем не? Но ова беше во 30-ите и синдромот не беше уште пронајден тогаш. Не беше расположлива состојба. (Смеа) Луѓето не беа свесни дека можат да се разболат од тоа. Како и да е, таа отишла да види специјалист. во една соба обрабена со даб каде била со мајка и, ја однеле и седнале на столче при крајот, и таа седела на рацете 20 минути додека човекот разговарал со мајка и за сите проблеми што Џилијан ги имала на школо. И на крајот -- бидејќи им пречела на луѓето, домашната секогаш и доцнела , итн, мало 8 годишно девојче -- на крајот докторот отишол и седна до Џилијан и рекол, „Џилијан, ги чув сите работи кои мајка ти ми ги кажа и треба да зборам со неа насамо.“ Рекол, „ причекај тука, ние ќе се вратиме многу бргу.“ излегле и ја оставиле сама. Но како што излегувал од собата, го вклучил радиото кое било на неговото биро. И кога тие излегле од собата, и рекол на мајка и, „Стојте и видете ја.“ И во моментот кога ја напуштиле собата, таа рече, била на нозе, играјќи на музиката. Тие ја гледале неколку минути и докторот се свртел кон мајка и и рекол, „Г-го Лин, Џилијан не е болна, таа е танчерка. Однесете ја во училиште за танц.“ Јас реков, „што се случи?“ и рече, „Ме однесе. Не можам да ти кажам колку беше прекрасно. влеговме во соба која беше полна со луѓе како мене. Луѓе кои не можеа да седат мирни. Луѓе кои мораа да се движат за да мислат.“ Кои мораа да се движат да размислуваат. Ги учеле балет, тап, џез, модерен танц и современ. Таа евентуално била на аудиција за Кралската балетска школа, стана соло танчер, имаше прекрасна кариера со Кралскиот балет. На крајот дипломираше на Кралската балетска школа и ја основа сопствена компанија, Џилијан Лин танчерската компанија, го сретна Ендру Лојд Вебер. Таа е одговорна за некои од најуспешните театарски мјузикл продукции во историјата, им има пренесено задоволство на милиони, и сега е мулти-милионер. Некој друг би ја ставил на лекови и би и рекол да се смири. Значи, мислам -- (Аплауз) до она што доаѓаме е следново: Ал Гор говореше онаа вечер за екологијата, и за револуцијата што ја поттикнала Рејчел Карсон. Верувам дека единствената надеж за иднината е да прифатиме нов концепт на хумана екологија, онаа каде ние ќе почнеме да го реструктуираме нашиот концепт за богатството на човечкиот капацитет. Нашите образовни системи ни ги третираа мозоците на начин на кој ние копаме руда во земјата: за специфична суровина. А во иднината, тоа нема да ни служи. Мора да ги размислиме фундаменталните принципи според кои ги едуцираме нашите деца. Имаше прекрасен цитат од Јонас Салк, кој вели, „ Ако сите инсекти ги снема од земјата, за 50 години целиот живот на земјата ќе престане. Ако исчезнат сите луѓе од земјата, за 50 години сите форми на живот ќе процветаат.“ И во право е. Она што ТЕД го слави е подарокот на човечката имагинација. Мора да сме внимателни и да го користиме овој подарок мудро, и да ги избегнеме некои од сценаријата за кои што зборевме. Единствениот начин да го сториме тоа е да ги согледаме нашите креативни капацитети за богатството кое се, и да ги гледаме нашите деца како надежта која се. Нашата задача е да го едуцираме нивното целосно битие, за да може да ја дочекаат иднината. Патем -- ние можеби нема да ја видиме оваа иднина, но тие ќе ја видат. Нашата задача е да им помогнеме да успеат во тоа. Ви благодарам многу.