1 00:00:00,000 --> 00:00:07,000 Добро утро. Како сте? Одлично е досега, нели? 2 00:00:07,000 --> 00:00:11,000 Целава работа ме одвеа. 3 00:00:11,000 --> 00:00:15,000 Всушност, ќе си одам сега. (Смеа) 4 00:00:15,000 --> 00:00:19,000 Во текот на конференцијава имаше три теми 5 00:00:19,000 --> 00:00:23,000 кои што се релевантни за 6 00:00:23,000 --> 00:00:25,000 она за што сакам да зборувам. 7 00:00:25,000 --> 00:00:29,000 Едната се однесува на извонредните докази за човечката креативност 8 00:00:29,000 --> 00:00:32,000 во сите досегашни презентации 9 00:00:32,000 --> 00:00:35,000 и кај сите луѓе овде. Помислете само на разновидноста 10 00:00:35,000 --> 00:00:38,000 и опфатот. Втората е таа дека 11 00:00:38,000 --> 00:00:41,000 се наоѓаме на место од каде што не знаме што ќе се случи понатаму, 12 00:00:41,000 --> 00:00:43,000 во поглед на иднината. Немаме претстава 13 00:00:43,000 --> 00:00:45,000 како можат да се одвиваат работите. 14 00:00:45,000 --> 00:00:48,000 Јас се интересирам за образованието -- 15 00:00:48,000 --> 00:00:51,000 Всушност, сметам дека сите се интересираат за образованието. 16 00:00:51,000 --> 00:00:53,000 Нели? Мислам дека ова е многу интересно. 17 00:00:53,000 --> 00:00:56,000 Ако сте поканети некаде на вечера и кажете 18 00:00:56,000 --> 00:00:59,000 дека работите во образование -- 19 00:00:59,000 --> 00:01:06,000 всушност, доколку работите во образование, веројатно ретко одите на вечери. 20 00:01:06,000 --> 00:01:09,000 (Смеа) Не ве канат. 21 00:01:09,000 --> 00:01:14,000 А сигурно не ве канат повторно. Тоа ми е чудно. 22 00:01:14,000 --> 00:01:16,000 Но, доколку ве поканат и некој 23 00:01:16,000 --> 00:01:18,000 ве праша „Што работите?“ 24 00:01:18,000 --> 00:01:20,000 а вие одговорите дека сте во образование, 25 00:01:20,000 --> 00:01:24,000 ќе видите како им истекува крвта од лицето. Си велат, 26 00:01:24,000 --> 00:01:30,000 „О, господе, зошто јас? Мојата единствена слободна вечер цела недела.“ (Смеа) 27 00:01:30,000 --> 00:01:32,000 Но, ако ги прашате за нивното образование, 28 00:01:32,000 --> 00:01:34,000 ќе ве приковаат за ѕидот. Бидејќи тоа е една од оние работи 29 00:01:34,000 --> 00:01:37,000 кои што луѓето длабоко ги чувствуваат, нели сум во право? 30 00:01:37,000 --> 00:01:40,000 Како религијата, парите и останатите нешта. 31 00:01:40,000 --> 00:01:44,000 Јас сум мошне заинтересиран за образованието, како сите нас. 32 00:01:44,000 --> 00:01:46,000 Сите имаме огромен личен интерес во него, 33 00:01:46,000 --> 00:01:49,000 делумно затоа што образованието е наменето да не 34 00:01:49,000 --> 00:01:52,000 одведе во иднината која што не можеме да ја опфатиме. 35 00:01:52,000 --> 00:01:55,000 Ако размислите, децата што тргнуваат на училиште оваа година 36 00:01:55,000 --> 00:02:01,000 ќе се пензионираат во 2065. Никој нема претстава -- 37 00:02:01,000 --> 00:02:04,000 и покрај сета стручност што имавме можност да ја видиме минативе четири дена -- 38 00:02:04,000 --> 00:02:06,000 за тоа како ќе изгледа светот по 39 00:02:06,000 --> 00:02:08,000 пет години. А сепак, треба да ги 40 00:02:08,000 --> 00:02:11,000 образуваме за таа иднина. Непредвидливоста, ми се чини, 41 00:02:11,000 --> 00:02:13,000 е извонредна. 42 00:02:13,000 --> 00:02:15,000 А третиот дел од ова е дека сите 43 00:02:15,000 --> 00:02:20,000 се имаме согласено во однос на 44 00:02:20,000 --> 00:02:23,000 навистина извонреднот капацитет што го имаат децата -- 45 00:02:23,000 --> 00:02:25,000 нивниот капацитет за иновации. Мислам, Сирена сношти беше чудо, 46 00:02:25,000 --> 00:02:28,000 нели? Само да се види што таа може да направи. 47 00:02:28,000 --> 00:02:33,000 А таа е исклучителна, но мислам дека сепак не е 48 00:02:33,000 --> 00:02:36,000 исклучителна за целото детство. 49 00:02:36,000 --> 00:02:39,000 Станува збор за лице со извонредна посветеност 50 00:02:39,000 --> 00:02:41,000 што нашла талент. А јас тврдам дека 51 00:02:41,000 --> 00:02:43,000 сите деца имаат извонредни таленти. 52 00:02:43,000 --> 00:02:45,000 А ние им ги угушуваме, прилично немилосрдно. 53 00:02:45,000 --> 00:02:48,000 Затоа би сакал да зборувам за образованието 54 00:02:48,000 --> 00:02:51,000 и за креативност. Јас тврдам дека креативноста 55 00:02:51,000 --> 00:02:54,000 денес е подеднакво важна во образованието како писменоста, 56 00:02:54,000 --> 00:02:58,000 и треба да ја третираме со истиот статус. 57 00:02:58,000 --> 00:03:06,000 (Аплауз) Ви благодарам. Тоа беше се, патем речено. 58 00:03:06,000 --> 00:03:10,000 Ви благодарам многу. (Смеа) Значи, имаме уште 15 минути. 59 00:03:10,000 --> 00:03:17,000 Па, јас се родив -- не (Смеа) 60 00:03:17,000 --> 00:03:21,000 Неодамна слушнав одлична приказна -- многу сакам да ја раскажувам -- 61 00:03:21,000 --> 00:03:25,000 за едно мало девојче што била на час по ликовно. Шестгодишното 62 00:03:25,000 --> 00:03:27,000 девојче седело назад во училницата и цртало. 63 00:03:27,000 --> 00:03:29,000 Наставникот вели дека девојчево ретко обрнувало 64 00:03:29,000 --> 00:03:33,000 внимание, но во текот на оваа лекција по цртање внимавала. 65 00:03:33,000 --> 00:03:35,000 Наставникот бил фасциниран и отишол кај нејзе 66 00:03:35,000 --> 00:03:38,000 и ја прашал, „Што црташ?“ 67 00:03:38,000 --> 00:03:41,000 Девојчето одговорило, „Цртам слика од Господ.“ 68 00:03:41,000 --> 00:03:44,000 А наставникот рекол, „Но никој не знае како изгледа господ.“ 69 00:03:44,000 --> 00:03:51,000 А девојчето рекло, „Ќе дознаат наскоро.“ 70 00:03:51,000 --> 00:03:52,000 (Смеа) 71 00:03:52,000 --> 00:03:57,000 Кога син ми имаше четири години во Англија -- 72 00:03:57,000 --> 00:04:00,000 всушност, тој имаше четири години секаде, да бидам искрен. (Смеа) 73 00:04:00,000 --> 00:04:06,000 Ако го т'нчиме, каде и да отидеше, таа година имаше четири години. 74 00:04:06,000 --> 00:04:08,000 Тој играше во училишната претстава за Рождеството на Исус. 75 00:04:08,000 --> 00:04:11,000 Се сеќавате на приказната? Многу голема претстава. 76 00:04:11,000 --> 00:04:14,000 Приказната беше многу важна. Мел Гибсон го направи продолжението. 77 00:04:14,000 --> 00:04:19,000 Можеби сте го виделе: „Рождество 2.“ Но, Џејмс ја доби улогата на Јосиф 78 00:04:19,000 --> 00:04:22,000 за што бевме мошне возбудени. 79 00:04:22,000 --> 00:04:24,000 Сметавме дека ова е една од главните улоги. 80 00:04:24,000 --> 00:04:26,000 Целата сала беше полна со агенти облечени во маици со натписот: 81 00:04:26,000 --> 00:04:29,000 „Џејмс Робинсон Е Јосиф!“ (Смеа) 82 00:04:29,000 --> 00:04:31,000 Тој не мораше да зборува, но го знаете делот каде 83 00:04:31,000 --> 00:04:34,000 што доаѓаат тројцата мудреци. Тие носат подароци, 84 00:04:34,000 --> 00:04:36,000 злато, темјан и смирна. 85 00:04:36,000 --> 00:04:38,000 Ова е вистинска приказна. Ние седевме таму 86 00:04:38,000 --> 00:04:40,000 и мислам дека не излегоа по ред, 87 00:04:40,000 --> 00:04:42,000 бидејќи зборувавме со момчето потоа и го прашавме, 88 00:04:42,000 --> 00:04:44,000 „Во ред беше така?“ А тој ни рече, „Да, зошто, да не згрешив?“ 89 00:04:44,000 --> 00:04:46,000 Тие само се сменија, толку беше. 90 00:04:46,000 --> 00:04:47,000 Како и да е, трите момчиња излегоа на бината, 91 00:04:47,000 --> 00:04:49,000 четиригодишни деца со крпи на главите, 92 00:04:49,000 --> 00:04:52,000 и ги ставија своите кутии долу, 93 00:04:52,000 --> 00:04:54,000 и првото момче рече, „Ти носам злато.“ 94 00:04:54,000 --> 00:04:57,000 Второто момче рече, „Ти носам смирна“ 95 00:04:57,000 --> 00:05:11,000 А третото момче рече, „Ова ти е од Темјана.“ (Смеа) 96 00:05:11,000 --> 00:05:13,000 Заедничкото овде е тоа што децата се спремни на ризик. 97 00:05:13,000 --> 00:05:16,000 Ако не знаат точно, ќе пробаат. 98 00:05:16,000 --> 00:05:19,000 Во право ли сум? Тие не се плашат дека ќе згрешат. 99 00:05:19,000 --> 00:05:24,000 Немам намера да тврдам дека да се греши е исто што и да се биде креативен. 100 00:05:24,000 --> 00:05:25,000 Она што го знаеме е дека, 101 00:05:25,000 --> 00:05:28,000 доколку не сте подготвени да згрешите, 102 00:05:28,000 --> 00:05:31,000 никогаш нема да измислите ништо оригинално. 103 00:05:31,000 --> 00:05:34,000 Доколку не сте подготвени да згрешите. А најголемиот број деца ја 104 00:05:34,000 --> 00:05:36,000 губат способноста за тоа пред да пораснат. 105 00:05:36,000 --> 00:05:39,000 Тие се имаат уплашено да згрешат. 106 00:05:39,000 --> 00:05:41,000 А ние ги управуваме нашите компании на истиот начин, патем речено. 107 00:05:41,000 --> 00:05:44,000 Ги стигматизираме грешките. Сега имаме 108 00:05:44,000 --> 00:05:47,000 национални образовни системи каде што 109 00:05:47,000 --> 00:05:50,000 грешките се најлошото нешто што можете да го направите. 110 00:05:50,000 --> 00:05:53,000 Резултатот е дека ги заменуваме креативните капацитети на 111 00:05:53,000 --> 00:05:56,000 луѓето со образование. Пикасо еднаш го има речено ова: 112 00:05:56,000 --> 00:05:59,000 тој вели дека сите деца се родени уметници. 113 00:05:59,000 --> 00:06:03,000 Проблемот е да останат уметници додека растат. Јас страсно верувам во ова: 114 00:06:03,000 --> 00:06:05,000 дека не растеме да станеме креативни, 115 00:06:05,000 --> 00:06:08,000 туку со растењето ја губиме креативноста. Поточно, ја заменуваме со образувание. 116 00:06:08,000 --> 00:06:10,000 Зошто е ова вака? 117 00:06:10,000 --> 00:06:14,000 До пред пет години живеев во Стратфорд на Авон. 118 00:06:14,000 --> 00:06:16,000 Всушност, ние се преселивме од Стратфорд во Лос Ангелес. 119 00:06:16,000 --> 00:06:20,000 Можете да замислите колку тоа ни беше едноставна транзиција. 120 00:06:20,000 --> 00:06:22,000 (Смеа) Всушност, 121 00:06:22,000 --> 00:06:24,000 ние живеевме во едно место по име Снитерфилд, 122 00:06:24,000 --> 00:06:26,000 веднаш надвор од Стратфорд, каде што се има 123 00:06:26,000 --> 00:06:31,000 родено татко му на Шекспир. Дали ви дојде нова мисла? Мене да. 124 00:06:31,000 --> 00:06:33,000 Никогаш не сте размислувале за тоа дека Шекспир имал татко, нели? 125 00:06:33,000 --> 00:06:35,000 Нели? Бидејќи вие не мислите 126 00:06:35,000 --> 00:06:37,000 за Шекспир како дете, нели? 127 00:06:37,000 --> 00:06:40,000 Шекспир како седумгодишник? Никогаш не сум помислил. Мислам, 128 00:06:40,000 --> 00:06:42,000 тој некогаш имал седум години. И имал наставник 129 00:06:42,000 --> 00:06:51,000 по англиски, нели? Колку ли било тоа непријатно? 130 00:06:51,000 --> 00:07:05,000 (Смеа) „Треба повеќе да се трудиш.“ Татко му го праќа во кревет и му вели 131 00:07:05,000 --> 00:07:08,000 на Шекспир, „Ајде веднаш во кревет,“ на Вилијам Шекспир 132 00:07:08,000 --> 00:07:10,000 „и остави го моливот. 133 00:07:10,000 --> 00:07:18,000 И доста зборуваш така. Ги збунуваш луѓето.“ 134 00:07:18,000 --> 00:07:23,000 (Смеа) 135 00:07:23,000 --> 00:07:26,000 Како и да е, се преселивме од Стратфорд во Лос Ангелес, 136 00:07:26,000 --> 00:07:30,000 и сакав да кажам неколку збора за преселбата. 137 00:07:30,000 --> 00:07:33,000 Син ми не сакаше да дојде. 138 00:07:33,000 --> 00:07:36,000 Јас имам две деца. Тој сега има 21 година, а ќерка ми 16. 139 00:07:36,000 --> 00:07:38,000 Тој не сакаше да дојде во Лос Ангелес. Тој го сакаше градот, 140 00:07:38,000 --> 00:07:43,000 но имаше девојка во Англија. Тоа беше љубовта на неговиот живот, Сара. 141 00:07:43,000 --> 00:07:45,000 Ја познаваше еден месец. 142 00:07:45,000 --> 00:07:48,000 Внимавајте, ја спремаа нивната четврта годишнина, 143 00:07:48,000 --> 00:07:52,000 бидејќи тоа е долго време кога си 16. 144 00:07:52,000 --> 00:07:54,000 Како и да е, тој беше вистина вознемирен на авионот, 145 00:07:54,000 --> 00:07:56,000 и рече, „Никогаш нема да најдам девојка како Сара.“ 146 00:07:56,000 --> 00:07:58,000 Искрено, бевме доста среќни поради тоа, 147 00:07:58,000 --> 00:08:10,000 бидејќи таа беше главната причина што ја напуштавме земјата. 148 00:08:10,000 --> 00:08:13,000 (Смеа) 149 00:08:13,000 --> 00:08:16,000 Но нешто те погодува кога ќе се преселиш во Америка 150 00:08:16,000 --> 00:08:18,000 и кога патуваш низ светот: 151 00:08:18,000 --> 00:08:22,000 Секој образовен систем ја има истата хиерархија на предмети. 152 00:08:22,000 --> 00:08:24,000 Секој. Не е битно каде ќе отидете. 153 00:08:24,000 --> 00:08:26,000 Би си помислиле дека ќе биде поинаку, но не е. 154 00:08:26,000 --> 00:08:29,000 На врвот се математика и јазиците, 155 00:08:29,000 --> 00:08:31,000 потоа хуманистичките науки, и на дното се уметностите 156 00:08:31,000 --> 00:08:33,000 Секаде на Земјата. 157 00:08:33,000 --> 00:08:36,000 И во речиси секој систем истотака, 158 00:08:36,000 --> 00:08:38,000 има хиерархија во уметностите. 159 00:08:38,000 --> 00:08:40,000 Уметноста и музиката вообичаено добиваат повисок статус во школите 160 00:08:40,000 --> 00:08:43,000 од драмата и танцот. Не постои образовен систем на планетата 161 00:08:43,000 --> 00:08:45,000 кој не учи да танцуваме секој ден додека сме деца. 162 00:08:45,000 --> 00:08:48,000 на начин на кој учиме математика. Зошто? 163 00:08:48,000 --> 00:08:50,000 Зошто не? Мислам дека е ова доста битно. 164 00:08:50,000 --> 00:08:53,000 Мислам дека математиката е многу битна , но исто така е и танцот. 165 00:08:53,000 --> 00:08:56,000 Децата танцуваат цело време ако им е дозволено, како и сите ние. 166 00:08:56,000 --> 00:08:59,000 Сите ние имаме тело , нели? Или да не сум пропуштил нешто? 167 00:08:59,000 --> 00:09:03,000 (Смеа) Искрено, она што се случуава, 168 00:09:03,000 --> 00:09:05,000 само што ќе почнат да растат децата, ние почнуваме да ги образуваме. 169 00:09:05,000 --> 00:09:08,000 прогресивно од појасот па нагоре. и тогаш се фокусираме на нивните глави. 170 00:09:08,000 --> 00:09:10,000 И малку на едната страна. 171 00:09:10,000 --> 00:09:14,000 ако треба да го посетите образованието, како вонземјанин, 172 00:09:14,000 --> 00:09:17,000 и прашате „Зошто е, јавното образование?“ 173 00:09:17,000 --> 00:09:19,000 Сметам дека ќе заклучите -- ако го погледнете резултатот, 174 00:09:19,000 --> 00:09:21,000 кој вистински успева со ова, 175 00:09:21,000 --> 00:09:23,000 кој прави се што треба, 176 00:09:23,000 --> 00:09:26,000 кој ги добива сите поени, кои се победниците -- 177 00:09:26,000 --> 00:09:29,000 Мислам дека ќе треба да заклучите дека корист од јавното образование 178 00:09:29,000 --> 00:09:30,000 низ целиот свет 179 00:09:30,000 --> 00:09:34,000 е да произведува универзитетски професори. Нели? 180 00:09:34,000 --> 00:09:36,000 Тие се луѓето кои се на врвот. 181 00:09:37,000 --> 00:09:40,000 И јас бев еден од нив, па видете. (Смеа) 182 00:09:40,000 --> 00:09:44,000 А ги сакам универзитетските професори, но знаете, 183 00:09:44,000 --> 00:09:48,000 не треба да ги држиме како највисокиот симбол на човечкото достигнување. 184 00:09:48,000 --> 00:09:50,000 Тие се само форма на живот, 185 00:09:50,000 --> 00:09:52,000 уште една форма на живот. Но тие се доста љубопитни, 186 00:09:52,000 --> 00:09:54,000 и го кажувам ова со љубов кон нив. 187 00:09:54,000 --> 00:09:57,000 Има нешто интересно околу професорите во моето искуство -- 188 00:09:57,000 --> 00:10:00,000 не сите, но типично -- тие живеат во нивните глави. 189 00:10:00,000 --> 00:10:02,000 Тие живеат таму, и малку на едната страна. 190 00:10:02,000 --> 00:10:06,000 Тие се без телесни, знаете, на доста буквален начин. 191 00:10:06,000 --> 00:10:08,000 Тие гледаат на своето тело 192 00:10:08,000 --> 00:10:17,000 како форма на транспорт за нивните глави, нели? 193 00:10:17,000 --> 00:10:24,000 (Смеа) Тоа е начин за пренесување на нивните глави на состаноци. 194 00:10:24,000 --> 00:10:27,000 Ако сакате вистинско вонтелесно искуство, 195 00:10:27,000 --> 00:10:30,000 патем, отидете на конференција 196 00:10:30,000 --> 00:10:32,000 на постари академици, 197 00:10:32,000 --> 00:10:35,000 и појавете се во дискотеката последната вечер. 198 00:10:35,000 --> 00:10:39,000 (Смеа) И таму ќе видите, возрасни мажи и жени 199 00:10:39,000 --> 00:10:43,000 како се дрмаат неконтролирано, надвор од ритам, 200 00:10:43,000 --> 00:10:47,000 чекајќи да заврши музиката за да одат дома и напишат труд околу тоа. 201 00:10:47,000 --> 00:10:53,000 Значи нашиот едукациски систем е претпоставен на идејата за академската способност. 202 00:10:53,000 --> 00:10:56,000 и има причина. 203 00:10:56,000 --> 00:10:58,000 Целиот систем бил измислен -- низ светот, кога немало 204 00:10:58,000 --> 00:11:00,000 јавни системи на едукација, пред 19-иот век. 205 00:11:00,000 --> 00:11:03,000 Сите се појавија за да ги 206 00:11:03,000 --> 00:11:04,000 исполнат потребите на индустријализацијата. 207 00:11:04,000 --> 00:11:07,000 Така хиерархијата е вкоренета врз две идеи. 208 00:11:07,000 --> 00:11:11,000 Првата, дека најкорисните теми за работата се 209 00:11:11,000 --> 00:11:13,000 на врвот. Така вие сте веројатно бенигно одвлекувани на училиште 210 00:11:13,000 --> 00:11:15,000 како дете, од работите кои сте ги 211 00:11:15,000 --> 00:11:17,000 сакале врз основа дека 212 00:11:17,000 --> 00:11:20,000 никогаш нема да најдете работа ако го правите тоа. Нели? 213 00:11:20,000 --> 00:11:22,000 Немој да свириш, нема да бидеш музичар; 214 00:11:22,000 --> 00:11:24,000 Не сликај, нема да бидеш сликар. 215 00:11:25,000 --> 00:11:29,000 Добронамерен совет -- но сега, длабоко порешен. Целиот свет 216 00:11:29,000 --> 00:11:30,000 е опфатен во револуција. 217 00:11:30,000 --> 00:11:33,000 И втората е академската способност, која вистински доминира 218 00:11:33,000 --> 00:11:34,000 над тоа како гледаме на интелегенцијата, 219 00:11:34,000 --> 00:11:37,000 бидејќи универзитетите го дизајнираа системот со таа слика. 220 00:11:37,000 --> 00:11:39,000 Ако размислите, целиот систем 221 00:11:39,000 --> 00:11:41,000 на јавно образование низ светот е одложен процес 222 00:11:41,000 --> 00:11:43,000 на влез во универзитетите. 223 00:11:43,000 --> 00:11:46,000 Последицата е што многу талентирани, 224 00:11:46,000 --> 00:11:48,000 брилијантни, креативни луѓе мислат дека не се тоа, 225 00:11:48,000 --> 00:11:50,000 бидејќи работите за кои ги бивало на школо 226 00:11:50,000 --> 00:11:54,000 не биле вреднувани, или биле стигматизирани. 227 00:11:54,000 --> 00:11:56,000 Мислам дека не можеме да си го дозволиме тоа повеќе. 228 00:11:56,000 --> 00:11:58,000 Во следните 30 години, според УНЕСКО, 229 00:11:58,000 --> 00:12:01,000 повеќе луѓе низ светот ќе дипломираат 230 00:12:01,000 --> 00:12:03,000 низ образованието од почетокот на историјата. 231 00:12:03,000 --> 00:12:05,000 Повеќе луѓе, и е комбинација 232 00:12:05,000 --> 00:12:07,000 на сите работи за кои што зборувавме -- 233 00:12:07,000 --> 00:12:10,000 технологијата и нејзиниот трансформациски ефект на работата, и демографијата 234 00:12:10,000 --> 00:12:12,000 и огромната експлозија на населението. 235 00:12:12,000 --> 00:12:15,000 Одеднаш, дипломите не вредат ништо. Нели е тоа точно? 236 00:12:15,000 --> 00:12:19,000 Кога бев студент, ако имаше диплома, имаше работа. 237 00:12:19,000 --> 00:12:22,000 Ако немаше работа тоа беше бидејќи не си сакал. 238 00:12:22,000 --> 00:12:25,000 И јас , искрено, не сакав. (Смеа) 239 00:12:25,000 --> 00:12:30,000 Но сега деца со дипломи често 240 00:12:30,000 --> 00:12:31,000 седат дома и продолжуваат да играат видео игри, 241 00:12:31,000 --> 00:12:34,000 затоа што ти треба магистратура, на места кога порано требало диплома, 242 00:12:34,000 --> 00:12:37,000 и сега ти треба докторат кога ти требало магистратура. 243 00:12:37,000 --> 00:12:39,000 Тоа е процес на академска инфлација. 244 00:12:39,000 --> 00:12:41,000 И е индикатор дека целата структура на образованието 245 00:12:41,000 --> 00:12:43,000 ни се поместува пред нозете. Мораме радикално да го промениме 246 00:12:43,000 --> 00:12:44,000 нашиот поглед на интелигенцијата. 247 00:12:44,000 --> 00:12:46,000 Знаеме три работи околу интелигенцијата. 248 00:12:46,000 --> 00:12:49,000 прво, таа е разновидна. Ние размислуваме за светот на сите начини 249 00:12:49,000 --> 00:12:51,000 на кои го искусуваме. Мислиме визуелно, 250 00:12:51,000 --> 00:12:54,000 мислиме со звук, мислиме со Кинестетички. 251 00:12:54,000 --> 00:12:57,000 Размислуваме со абстрактни термини, мислиме во движење. 252 00:12:57,000 --> 00:12:59,000 второ, интелигенцијата е динамична. 253 00:12:59,000 --> 00:13:02,000 Ако ги погледнете интеракциите во мозокот, како што чувме 254 00:13:02,000 --> 00:13:05,000 вчера на неколку презентации, 255 00:13:05,000 --> 00:13:07,000 интелигенцијата е прекрасно интерактивна. 256 00:13:07,000 --> 00:13:10,000 Мозокот не е поделен во оддели. 257 00:13:10,000 --> 00:13:13,000 Всушност, креативноста -- која јас ја дефинирам како процес 258 00:13:13,000 --> 00:13:15,000 на добивање оригинални идеи кои имаат вредност -- 259 00:13:15,000 --> 00:13:18,000 најчесто доаѓа преку интеракција на 260 00:13:18,000 --> 00:13:21,000 интердисциплинарни начини на гледање на работите. 261 00:13:21,000 --> 00:13:23,000 мозокот е со причина -- патем, 262 00:13:23,000 --> 00:13:26,000 има спој на нерви кои ги поврзува двете половини на мозокот 263 00:13:26,000 --> 00:13:28,000 кој се нарекува корпус калосум. тој е подебел кај жените. 264 00:13:28,000 --> 00:13:30,000 Надоврзувајќи се на Хелен од вчера, мислам 265 00:13:30,000 --> 00:13:34,000 веројатно затоа жените се подобри во мулти таскинг. 266 00:13:34,000 --> 00:13:36,000 Бидејќи сте подобри, нели? 267 00:13:36,000 --> 00:13:39,000 Има голема количина на истражувања , но го знам од лично искуство. 268 00:13:39,000 --> 00:13:41,000 Ако жена ми готви јадење дома -- 269 00:13:41,000 --> 00:13:45,000 што не е често , фала боже. (Смеа) 270 00:13:45,000 --> 00:13:48,000 Знаете, таа прави -- не, таа е добра во некои работи -- 271 00:13:48,000 --> 00:13:50,000 но ако готви, знаете, 272 00:13:50,000 --> 00:13:52,000 таа се справува со луѓе на телефон, 273 00:13:52,000 --> 00:13:55,000 зборува со децата, го бои таванот, 274 00:13:55,000 --> 00:13:58,000 прави операција на отворено срце таму. 275 00:13:58,000 --> 00:14:01,000 Ако јас готвам, вратата е затворена, децата се надвор, 276 00:14:01,000 --> 00:14:04,000 телефонот е исклучен, и ако таа влезе се вознемирувам. 277 00:14:04,000 --> 00:14:17,000 и велам, „ Тери те молам, се обидувам да испржам јајце тука. Те молам дај ми простор.“ (Смеа) 278 00:14:17,000 --> 00:14:19,000 Всушност, ја знаете таа стара философска изрека, 279 00:14:19,000 --> 00:14:22,000 ако падне дрво во шумата и никој не го чуе, 280 00:14:22,000 --> 00:14:25,000 дали вистина се случило? се сеќавате на неа ? 281 00:14:25,000 --> 00:14:28,000 Видов одлична маица скоро што велеше, „Ако мажот каже што мисли 282 00:14:28,000 --> 00:14:31,000 во шума, и ниедна жена не го чуе, 283 00:14:31,000 --> 00:14:40,000 дали сеуште е во грешка?“ (Смеа) 284 00:14:40,000 --> 00:14:42,000 И третата поента околу интелигенцијата е, 285 00:14:43,000 --> 00:14:45,000 таа е различна. Пишувам нова книга во моментов 286 00:14:45,000 --> 00:14:47,000 се нарекува „Просветлување“, кое е базирано на серија на 287 00:14:47,000 --> 00:14:49,000 интервјуа со луѓе за тоа како го откриле 288 00:14:49,000 --> 00:14:51,000 нивниот талент. Ме фасцинира тоа како луѓето го пронашле тоа. 289 00:14:51,000 --> 00:14:54,000 Тоа беше поттикнато со разговор што го имав 290 00:14:54,000 --> 00:14:56,000 со прекрасна жена која можеби повеќето луѓе 291 00:14:56,000 --> 00:14:58,000 не чуле за неа, се вика Џилијан Лин, 292 00:14:58,000 --> 00:15:00,000 сте чуле за неа? Некои чуле. Таа е кореограф 293 00:15:00,000 --> 00:15:02,000 и сите ја знаат нејзината работа. 294 00:15:02,000 --> 00:15:04,000 Таа ги работеше „Мачки“, и „Фантомот од операта“. 295 00:15:04,000 --> 00:15:08,000 Таа е прекрасна. Јас бев член на комисијата на Кралскиот балет, во Англија, 296 00:15:08,000 --> 00:15:10,000 како што може да забележите. 297 00:15:10,000 --> 00:15:12,000 Како и да е, Џилијан и јас имавме ручек еден ден и ја прашав, 298 00:15:12,000 --> 00:15:14,000 „Џилијан како реши да станеш танчерка?“ И таа одговори 299 00:15:14,000 --> 00:15:16,000 многу интересно, кога била на училиште, 300 00:15:16,000 --> 00:15:19,000 и било многу тешко. А од училиштето , во 30-ите, 301 00:15:19,000 --> 00:15:21,000 и пишале на нејзините родите и рекле, „Мислиме 302 00:15:21,000 --> 00:15:23,000 Џилијан има проблем со учењето.“ Таа не можела да се конентрира, 303 00:15:23,000 --> 00:15:25,000 била многу нестрплива. Мислам дека сега би рекле 304 00:15:25,000 --> 00:15:29,000 дека има Синдорм на недостиг на внимание. Зарем не? Но ова беше во 30-ите 305 00:15:29,000 --> 00:15:32,000 и синдромот не беше уште пронајден тогаш. 306 00:15:32,000 --> 00:15:35,000 Не беше расположлива состојба. (Смеа) 307 00:15:35,000 --> 00:15:39,000 Луѓето не беа свесни дека можат да се разболат од тоа. 308 00:15:39,000 --> 00:15:43,000 Како и да е, таа отишла да види специјалист. во една соба обрабена со даб 309 00:15:43,000 --> 00:15:46,000 каде била со мајка и, 310 00:15:46,000 --> 00:15:49,000 ја однеле и седнале на столче при крајот, 311 00:15:49,000 --> 00:15:51,000 и таа седела на рацете 20 минути додека 312 00:15:51,000 --> 00:15:53,000 човекот разговарал со мајка и за сите 313 00:15:53,000 --> 00:15:57,000 проблеми што Џилијан ги имала на школо. И на крајот -- 314 00:15:57,000 --> 00:15:59,000 бидејќи им пречела на луѓето, 315 00:15:59,000 --> 00:16:01,000 домашната секогаш и доцнела , итн, 316 00:16:01,000 --> 00:16:04,000 мало 8 годишно девојче -- на крајот докторот отишол и седна до 317 00:16:04,000 --> 00:16:06,000 Џилијан и рекол, „Џилијан, 318 00:16:06,000 --> 00:16:08,000 ги чув сите работи кои мајка ти 319 00:16:08,000 --> 00:16:10,000 ми ги кажа и треба да зборам со неа насамо.“ 320 00:16:10,000 --> 00:16:13,000 Рекол, „ причекај тука, ние ќе се вратиме многу бргу.“ 321 00:16:13,000 --> 00:16:15,000 излегле и ја оставиле сама. 322 00:16:15,000 --> 00:16:17,000 Но како што излегувал од собата, го вклучил радиото 323 00:16:17,000 --> 00:16:19,000 кое било на неговото биро. И кога тие 324 00:16:19,000 --> 00:16:21,000 излегле од собата, и рекол на мајка и, 325 00:16:21,000 --> 00:16:24,000 „Стојте и видете ја.“ И во моментот кога ја напуштиле собата, 326 00:16:24,000 --> 00:16:28,000 таа рече, била на нозе, играјќи на музиката. 327 00:16:28,000 --> 00:16:30,000 Тие ја гледале неколку минути 328 00:16:30,000 --> 00:16:33,000 и докторот се свртел кон мајка и и рекол, 329 00:16:33,000 --> 00:16:37,000 „Г-го Лин, Џилијан не е болна, таа е танчерка. 330 00:16:37,000 --> 00:16:39,000 Однесете ја во училиште за танц.“ 331 00:16:39,000 --> 00:16:41,000 Јас реков, „што се случи?“ 332 00:16:41,000 --> 00:16:44,000 и рече, „Ме однесе. Не можам да ти кажам колку беше прекрасно. 333 00:16:44,000 --> 00:16:46,000 влеговме во соба која беше полна со 334 00:16:46,000 --> 00:16:49,000 луѓе како мене. Луѓе кои не можеа да седат мирни. 335 00:16:49,000 --> 00:16:52,000 Луѓе кои мораа да се движат за да мислат.“ Кои мораа да се движат да размислуваат. 336 00:16:52,000 --> 00:16:54,000 Ги учеле балет, тап, џез, 337 00:16:54,000 --> 00:16:56,000 модерен танц и современ. 338 00:16:56,000 --> 00:16:59,000 Таа евентуално била на аудиција за Кралската балетска школа, 339 00:16:59,000 --> 00:17:01,000 стана соло танчер, имаше прекрасна кариера 340 00:17:01,000 --> 00:17:03,000 со Кралскиот балет. На крајот дипломираше на 341 00:17:03,000 --> 00:17:05,000 Кралската балетска школа и ја 342 00:17:05,000 --> 00:17:08,000 основа сопствена компанија, Џилијан Лин танчерската компанија, 343 00:17:08,000 --> 00:17:11,000 го сретна Ендру Лојд Вебер. Таа е одговорна за 344 00:17:11,000 --> 00:17:13,000 некои од најуспешните театарски мјузикл 345 00:17:13,000 --> 00:17:18,000 продукции во историјата, им има пренесено задоволство на милиони, 346 00:17:18,000 --> 00:17:21,000 и сега е мулти-милионер. Некој друг 347 00:17:21,000 --> 00:17:25,000 би ја ставил на лекови и би и рекол 348 00:17:25,000 --> 00:17:27,000 да се смири. 349 00:17:27,000 --> 00:17:30,000 Значи, мислам -- (Аплауз) до она што доаѓаме е следново: 350 00:17:30,000 --> 00:17:32,000 Ал Гор говореше онаа вечер 351 00:17:32,000 --> 00:17:35,000 за екологијата, и за револуцијата што ја поттикнала Рејчел Карсон. 352 00:17:35,000 --> 00:17:39,000 Верувам дека единствената надеж за иднината 353 00:17:39,000 --> 00:17:42,000 е да прифатиме нов концепт на хумана екологија, 354 00:17:42,000 --> 00:17:46,000 онаа каде ние ќе почнеме да го реструктуираме нашиот концепт 355 00:17:46,000 --> 00:17:48,000 за богатството на човечкиот капацитет. 356 00:17:48,000 --> 00:17:52,000 Нашите образовни системи ни ги третираа мозоците на начин 357 00:17:52,000 --> 00:17:54,000 на кој ние копаме руда во земјата: за специфична суровина. 358 00:17:54,000 --> 00:17:57,000 А во иднината, тоа нема да ни служи. 359 00:17:57,000 --> 00:18:00,000 Мора да ги размислиме фундаменталните принципи 360 00:18:00,000 --> 00:18:02,000 според кои ги едуцираме нашите деца. Имаше прекрасен 361 00:18:02,000 --> 00:18:06,000 цитат од Јонас Салк, кој вели, „ Ако сите инсекти 362 00:18:06,000 --> 00:18:09,000 ги снема од земјата, 363 00:18:09,000 --> 00:18:12,000 за 50 години целиот живот на земјата ќе престане. 364 00:18:12,000 --> 00:18:15,000 Ако исчезнат сите луѓе од земјата, 365 00:18:15,000 --> 00:18:19,000 за 50 години сите форми на живот ќе процветаат.“ 366 00:18:19,000 --> 00:18:21,000 И во право е. 367 00:18:21,000 --> 00:18:24,000 Она што ТЕД го слави е подарокот на човечката имагинација. 368 00:18:24,000 --> 00:18:28,000 Мора да сме внимателни и да го користиме овој подарок 369 00:18:28,000 --> 00:18:31,000 мудро, и да ги избегнеме некои од сценаријата 370 00:18:31,000 --> 00:18:34,000 за кои што зборевме. Единствениот начин 371 00:18:35,000 --> 00:18:38,000 да го сториме тоа е да ги согледаме нашите креативни капацитети 372 00:18:38,000 --> 00:18:40,000 за богатството кое се, и да ги гледаме 373 00:18:40,000 --> 00:18:43,000 нашите деца како надежта која се. Нашата задача 374 00:18:43,000 --> 00:18:46,000 е да го едуцираме нивното целосно битие, за да може да ја дочекаат иднината. 375 00:18:46,000 --> 00:18:49,000 Патем -- ние можеби нема да ја видиме оваа иднина, 376 00:18:49,000 --> 00:18:52,000 но тие ќе ја видат. Нашата задача е да им помогнеме 377 00:18:52,000 --> 00:18:54,000 да успеат во тоа. Ви благодарам многу.