WEBVTT 00:00:03.627 --> 00:00:07.838 "Осетив погреб во мојот мозок, 00:00:07.838 --> 00:00:10.240 а ожалостените напред-назад 00:00:10.240 --> 00:00:12.900 маршираат ли маршираат - сѐ додека не 00:00:12.900 --> 00:00:15.836 се појави она чувство. 00:00:15.836 --> 00:00:17.605 А кога сите седнаа, 00:00:17.605 --> 00:00:19.603 обред, како тапан 00:00:19.603 --> 00:00:22.315 непрестано бие, биеше додека 00:00:22.315 --> 00:00:25.831 умот ми отрпнуваше. 00:00:25.831 --> 00:00:27.707 Потоа слушнав како го креваат ковчегот 00:00:27.707 --> 00:00:29.994 и ми ја изгребаа душата, 00:00:29.994 --> 00:00:33.053 уште еднаш, со истите оние оловни чизми, 00:00:33.053 --> 00:00:36.070 и тогаш просторот почна да бие, 00:00:36.070 --> 00:00:38.210 ко небесата да беше ѕвоно, 00:00:38.210 --> 00:00:40.201 луѓето беа претворени во уво, 00:00:40.201 --> 00:00:43.284 а јас овде сум со една чудна раса, во тишина, 00:00:43.284 --> 00:00:46.493 скршена и осамена. 00:00:46.493 --> 00:00:49.670 И токму тогаш, го спуштија ковчегот в гроб, 00:00:49.670 --> 00:00:53.011 а јас паѓав надолу и надолу, 00:00:53.011 --> 00:00:55.686 открив нови светови со секое нурнување 00:00:55.686 --> 00:01:00.198 и тогаш престанав да знам." NOTE Paragraph 00:01:00.198 --> 00:01:03.680 Депресијата ни е позната преку метафори. 00:01:03.680 --> 00:01:07.389 Емили Дикинсон успеала да ја претстави преку јазик, 00:01:07.389 --> 00:01:10.130 Гоја преку слика. 00:01:10.130 --> 00:01:12.113 Половина од уметноста 00:01:12.113 --> 00:01:15.997 има за цел да ги опише овие иконски состојби. NOTE Paragraph 00:01:15.997 --> 00:01:19.587 Што се однесува до мене, отсекогаш мислев дека сум јак, 00:01:19.587 --> 00:01:21.460 еден од луѓето кои би преживеале 00:01:21.460 --> 00:01:24.614 во концентрационен логор. NOTE Paragraph 00:01:24.614 --> 00:01:27.497 Во 1991, имав неколку загуби. 00:01:27.497 --> 00:01:29.198 Умре мајка ми, 00:01:29.198 --> 00:01:31.324 раскинав една врска, 00:01:31.324 --> 00:01:33.167 се вратив во Соединетите Држави 00:01:33.167 --> 00:01:35.268 после години во странство, 00:01:35.268 --> 00:01:38.432 и низ сите овие искуства поминав недопрен. NOTE Paragraph 00:01:38.432 --> 00:01:41.539 Но во 1994, три години подоцна, 00:01:41.539 --> 00:01:45.932 почнав да губам интерес скоро за сѐ. 00:01:45.932 --> 00:01:47.577 Не сакав да ги правам работите 00:01:47.577 --> 00:01:49.959 во кои порано уживав, 00:01:49.959 --> 00:01:51.877 и не знаев зошто. 00:01:51.877 --> 00:01:53.697 Спротивноста на депресијата 00:01:53.697 --> 00:01:56.934 не е среќата, туку виталноста, 00:01:56.934 --> 00:01:58.429 и токму виталноста 00:01:58.429 --> 00:02:02.082 се одлеваше од мене во тој момент. 00:02:02.082 --> 00:02:04.237 Она што требаше да се сработи 00:02:04.237 --> 00:02:06.411 ми изгледаше премногу тешко. 00:02:06.411 --> 00:02:08.058 Ќе си дојдев дома 00:02:08.058 --> 00:02:11.440 и ќе видев како трепка црвената сијаличка на телефонската секретарка, 00:02:11.440 --> 00:02:13.585 и наместо да бидам возбуден што ќе ги слушнам пријателите, 00:02:13.585 --> 00:02:15.133 јас си велев, 00:02:15.133 --> 00:02:18.368 "Боже на колку многу луѓе ќе треба да им се јавам." 00:02:18.368 --> 00:02:20.755 Кога се подготвував да ручам, 00:02:20.755 --> 00:02:23.301 наеднаш помислував, но треба да ја извадам храната 00:02:23.301 --> 00:02:25.340 и да ја ставам во чинија, 00:02:25.340 --> 00:02:29.389 да ја исецкам, да ја изџвакам и да ја голтнам. 00:02:29.389 --> 00:02:33.090 Премногу напорно ми беше сето тоа. NOTE Paragraph 00:02:33.090 --> 00:02:35.541 Во разговорите за депресијата честопати 00:02:35.541 --> 00:02:37.443 не се споменува тоа дека 00:02:37.443 --> 00:02:39.801 сте свесни за овој апсурд. 00:02:39.801 --> 00:02:42.537 Знаете дека е апсурдно она што го доживувате. 00:02:42.537 --> 00:02:44.681 Знаете дека повеќето луѓе успеваат да 00:02:44.681 --> 00:02:46.995 ги слушнат пораките, го јадат ручекот, 00:02:46.995 --> 00:02:48.907 се подготвуваат за туширање, 00:02:48.907 --> 00:02:50.167 излегуваат надвор 00:02:50.167 --> 00:02:51.644 и дека тоа не е некоја голема работа, 00:02:51.644 --> 00:02:54.985 но сепак се чувствувате заробени 00:02:54.985 --> 00:02:58.737 и не знаете како да се ослободите. 00:02:58.737 --> 00:03:03.236 И така со тек на време бев сѐ помалку активен, 00:03:03.236 --> 00:03:05.326 сѐ помалку мислев 00:03:05.326 --> 00:03:07.694 и сѐ помалку чувствував. 00:03:07.694 --> 00:03:10.049 Едно чувство на ништожност. NOTE Paragraph 00:03:10.049 --> 00:03:12.415 И тогаш се јави анксиозноста. 00:03:12.415 --> 00:03:14.694 Ако ми кажевте дека морам 00:03:14.694 --> 00:03:16.283 да бидам депресивен следниот месец, 00:03:16.283 --> 00:03:19.507 ќе ви речев, "Знам дека ќе заврши во Ноември, ќе издржам." 00:03:19.507 --> 00:03:20.623 Но ако ми речевте, 00:03:20.623 --> 00:03:23.923 "Следниот месец ќе мора да имаш акутна анксиозност," 00:03:23.923 --> 00:03:26.296 попрво би си ги пресекол вените отколку да поминам низ тоа. 00:03:26.296 --> 00:03:28.078 Чувството беше како она 00:03:28.078 --> 00:03:30.306 кога одите и кога наеднаш ќе се лизнете или 00:03:30.306 --> 00:03:31.708 препнете 00:03:31.708 --> 00:03:33.593 и паѓате брзо надолу кон земјата, 00:03:33.593 --> 00:03:36.311 но паѓањето наместо да трае половина секунда, 00:03:36.311 --> 00:03:38.249 траеше шест месеци. 00:03:38.249 --> 00:03:41.281 Исплашени сте цело време, 00:03:41.281 --> 00:03:45.057 но не знаете од што всушност ви е страв. 00:03:45.057 --> 00:03:47.477 И токму во тој момент помислив 00:03:47.477 --> 00:03:51.476 дека е премногу болно да живеам, 00:03:51.476 --> 00:03:54.060 и не се убив само за да не ги повредам 00:03:54.060 --> 00:03:57.191 другите луѓе. NOTE Paragraph 00:03:57.191 --> 00:04:00.184 И најпосле еден ден, се разбудив 00:04:00.200 --> 00:04:02.208 и помислив дека сум доживеал инфаркт, 00:04:02.208 --> 00:04:04.939 бидејќи лежев во креветот целосно вкочанет, 00:04:04.939 --> 00:04:06.888 гледајќи во телефонот, мислејќи си, 00:04:06.888 --> 00:04:10.451 "Нешто не е во ред и треба да побарам помош," 00:04:10.451 --> 00:04:12.186 но не можев да ја кренам раката 00:04:12.186 --> 00:04:14.648 за да го земам телефонот и да свртам. 00:04:14.648 --> 00:04:18.802 И конечно, после четири часа лежење и зјапање во него, 00:04:18.802 --> 00:04:20.164 телефонот заѕвони, 00:04:20.164 --> 00:04:22.412 и некако успеав да кренам. 00:04:22.412 --> 00:04:24.212 Беше татко ми, 00:04:24.212 --> 00:04:27.365 и му реков, "Во сериозна невоља сум. 00:04:27.365 --> 00:04:29.528 Треба да направиме нешто." NOTE Paragraph 00:04:29.528 --> 00:04:32.856 Следниот ден започнав со лекарствата 00:04:32.856 --> 00:04:35.224 и терапијата. 00:04:35.224 --> 00:04:37.531 Истовремено почнав да се измачувам 00:04:37.531 --> 00:04:39.410 со ова ужасно прашање: 00:04:39.410 --> 00:04:41.483 Ако не сум онаа јака личност 00:04:41.483 --> 00:04:44.039 која може да преживее концентрационен логор, 00:04:44.039 --> 00:04:45.679 тогаш кој сум? 00:04:45.679 --> 00:04:47.628 И ако морам да земам лекарства, 00:04:47.628 --> 00:04:51.335 дали лековите ќе ме доближат до мојата суштина, 00:04:51.335 --> 00:04:53.754 или пак ќе ме направат некој друг? 00:04:53.754 --> 00:04:55.450 И како ќе се чувствувам 00:04:55.450 --> 00:04:57.989 доколку ме направат некој друг? NOTE Paragraph 00:04:57.989 --> 00:05:01.300 Во борбата влегов со две предности. 00:05:01.300 --> 00:05:04.280 Прво знаев, објективно кажано, 00:05:04.280 --> 00:05:05.901 дека имав убав живот, 00:05:05.901 --> 00:05:07.786 и дека ако закрепнам, 00:05:07.786 --> 00:05:09.224 ќе имам нешто за што вреди 00:05:09.224 --> 00:05:11.010 да се живее. 00:05:11.010 --> 00:05:14.052 И другото беше дека имав пристап до добар третман. NOTE Paragraph 00:05:14.052 --> 00:05:17.816 Но и покрај тоа, ќе се издигнев па ќе паднев, 00:05:17.816 --> 00:05:20.095 ќе се издигнев па ќе паднев, 00:05:20.095 --> 00:05:23.139 ќе се издигнев па ќе паднев, 00:05:23.139 --> 00:05:25.092 и најпосле сфатив 00:05:25.092 --> 00:05:27.336 дека ќе морам да примам лекарства 00:05:27.336 --> 00:05:29.632 и терапија засекогаш. 00:05:29.632 --> 00:05:32.006 Па си помислив, "Дали проблемот е хемиски 00:05:32.006 --> 00:05:33.770 или психолошки? 00:05:33.770 --> 00:05:37.466 И дали ми треба хемиски или филозофски лек?" 00:05:37.466 --> 00:05:39.525 И не можев да сфатам дали едното или другото. 00:05:39.525 --> 00:05:42.002 И најпосле сфатив дека всушност 00:05:42.002 --> 00:05:44.076 не сме доволно напредни и во двете области 00:05:44.076 --> 00:05:46.013 за да ги објасниме целосно работите. 00:05:46.013 --> 00:05:49.260 И хемискиот и психолошкиот лек 00:05:49.260 --> 00:05:51.062 играат улога, 00:05:51.062 --> 00:05:54.805 и сфатив дека депресијата е нешто толку длабоко 00:05:54.805 --> 00:05:57.308 вкоренето во нас, што 00:05:57.308 --> 00:05:58.927 не можеме да ја издвоиме 00:05:58.927 --> 00:06:01.413 од нашиот карактер и личност. NOTE Paragraph 00:06:01.413 --> 00:06:03.445 Сакам да кажам дека третманите кои ги имаме 00:06:03.445 --> 00:06:05.990 за депресија се ужасни. 00:06:05.990 --> 00:06:07.817 Не се многу ефикасни. 00:06:07.817 --> 00:06:09.650 Екстремно скапи се. 00:06:09.650 --> 00:06:12.099 Пропратени се со безброј нуспојави. 00:06:12.099 --> 00:06:13.888 Катастрофа се. 00:06:13.888 --> 00:06:16.766 Но многу сум благодарен што живеам сега, 00:06:16.766 --> 00:06:18.576 а не пред 50 години, 00:06:18.576 --> 00:06:20.087 кога не можело да се направи речиси 00:06:20.087 --> 00:06:21.488 ништо. 00:06:21.488 --> 00:06:24.069 Се надевам дека 50 години отсега, 00:06:24.069 --> 00:06:25.926 луѓето ќе слушнат за моите третмани 00:06:25.926 --> 00:06:28.059 и ќе се запрепастат од тоа колку 00:06:28.059 --> 00:06:30.885 примитивна била науката. NOTE Paragraph 00:06:30.885 --> 00:06:35.441 Депресијата е темната страна на љубовта. 00:06:35.441 --> 00:06:38.582 Ако сте во брак со некого и велите, 00:06:38.582 --> 00:06:42.177 "Добро, ако почине жена ми, ќе си најдам друга," 00:06:42.177 --> 00:06:45.223 тогаш тоа не е љубов. 00:06:45.223 --> 00:06:47.173 Не постои љубов 00:06:47.173 --> 00:06:49.817 без исчекување на загубата, 00:06:49.817 --> 00:06:52.401 и токму ваквата очај може 00:06:52.401 --> 00:06:56.130 да биде двигател на интимноста. NOTE Paragraph 00:06:56.130 --> 00:06:59.059 Има три работи кои луѓето ги мешаат: 00:06:59.059 --> 00:07:02.859 депресија, жалост и тага. 00:07:02.859 --> 00:07:06.145 Жалоста е реактивна состојба. 00:07:06.145 --> 00:07:09.104 Ако сте доживеале загуба и сте многу несреќни, 00:07:09.104 --> 00:07:10.737 а шест месеци подоцна, 00:07:10.737 --> 00:07:13.959 сѐ уште сте длабоко тажни, но функционирате малку подобро, 00:07:13.959 --> 00:07:15.687 тоа е веројатно жалост, 00:07:15.687 --> 00:07:17.979 и на крај ќе се разреши 00:07:17.979 --> 00:07:19.428 сама од себе. 00:07:19.428 --> 00:07:22.179 Ако доживеете катастрофална загуба 00:07:22.179 --> 00:07:23.393 и се чувствувате ужасно, 00:07:23.393 --> 00:07:26.390 и шест месеци подоцна едвај функционирате, 00:07:26.390 --> 00:07:28.975 тогаш е веројатно депресија која била активирана 00:07:28.975 --> 00:07:31.449 од катастрофалните околности. 00:07:31.449 --> 00:07:35.081 Траекторијата ни кажува многу. 00:07:35.081 --> 00:07:38.439 Луѓето мислат дека депресијата е само тага. 00:07:38.439 --> 00:07:40.775 Тука станува збор за премногу тага, 00:07:40.775 --> 00:07:42.439 премногу жалост 00:07:42.439 --> 00:07:45.368 без некоја очигледна причина. NOTE Paragraph 00:07:45.368 --> 00:07:48.115 Кога одлучив да ја разберам депресијата 00:07:48.115 --> 00:07:50.950 и почнав да ги интервјуирам луѓето кои ја доживеале, 00:07:50.950 --> 00:07:53.981 видов дека има луѓе кои на површината 00:07:53.981 --> 00:07:55.686 изгледаа ко да имаат релативно 00:07:55.686 --> 00:07:57.748 блага депресија, но и 00:07:57.748 --> 00:08:01.195 беа целосно онеспособени од неа. 00:08:01.195 --> 00:08:03.053 И имаше други луѓе кои се чинеше дека 00:08:03.053 --> 00:08:04.365 имаат 00:08:04.365 --> 00:08:06.616 ужасна и тешка депресија, 00:08:06.616 --> 00:08:09.431 но измеѓу депресивните епизоди сепак 00:08:09.431 --> 00:08:11.586 водеа добри животи. 00:08:11.586 --> 00:08:14.271 И така одлучив да откријам 00:08:14.271 --> 00:08:15.874 што е тоа што ги прави некои луѓе 00:08:15.874 --> 00:08:18.127 поотпорни за разлика од другите. 00:08:18.127 --> 00:08:19.686 Кои се механизмите 00:08:19.686 --> 00:08:21.530 кои им овозможуваат на луѓето да преживеат? 00:08:21.530 --> 00:08:24.699 Излегов и започнав да ги интервјуирам 00:08:24.699 --> 00:08:26.874 луѓето кои страдаа од депресија. NOTE Paragraph 00:08:26.874 --> 00:08:28.825 Еден од првите луѓе кои ги интервјуирав 00:08:28.825 --> 00:08:30.706 ја опиша депресијата 00:08:30.706 --> 00:08:33.967 како бавен начин да бидеш мртов, 00:08:33.967 --> 00:08:36.091 и беше добро што го слушнав ова уште од почеток 00:08:36.091 --> 00:08:37.457 оти ме потсети дека 00:08:37.457 --> 00:08:39.456 овој бавен начин да бидеш мртов 00:08:39.456 --> 00:08:41.491 може да доведе до самата смрт, 00:08:41.491 --> 00:08:43.495 дека ова е сериозна работа. 00:08:43.495 --> 00:08:46.154 Таа е водечки причинител на попреченост 00:08:46.154 --> 00:08:49.184 и луѓето умираат од неа секој ден. NOTE Paragraph 00:08:49.184 --> 00:08:50.953 Обидувајќи се да го разберам ова 00:08:50.953 --> 00:08:52.927 зборував со една сакана пријателка 00:08:52.927 --> 00:08:54.595 која ја знаев со години 00:08:54.595 --> 00:08:56.613 и која имала 00:08:56.613 --> 00:08:59.155 психотична епизода кога 00:08:59.155 --> 00:09:01.059 била бруцош на факултет, 00:09:01.059 --> 00:09:04.115 а потоа паднала во ужасна депресија. 00:09:04.115 --> 00:09:05.541 Таа имаше биполарна болест, 00:09:05.541 --> 00:09:08.184 или манично депресивна болест, како што се нарекуваше тогаш. 00:09:08.184 --> 00:09:10.228 Со години земаше литиум 00:09:10.228 --> 00:09:11.936 и добро ѝ одеше тогаш, 00:09:11.936 --> 00:09:13.311 и најпосле, 00:09:13.311 --> 00:09:15.271 литиумот ѝ беше прекинат 00:09:15.271 --> 00:09:17.106 за да видат како ќе функционира без него, 00:09:17.106 --> 00:09:19.081 и имаше уште една психоза, 00:09:19.081 --> 00:09:21.419 а потоа падна во најлошата депресија 00:09:21.419 --> 00:09:23.291 што сум ја видел. 00:09:23.291 --> 00:09:26.306 Седеше во станот на нејзините родители, 00:09:26.306 --> 00:09:29.383 повеќе или помалку во кататонија, неподвижна, 00:09:29.383 --> 00:09:31.865 ден за ден. 00:09:31.865 --> 00:09:35.082 И кога ја интервјуирав за ова искуство неколку години подоцна -- 00:09:35.082 --> 00:09:38.413 таа е поет и психотерапевт, се вика Маги Робинс - 00:09:38.413 --> 00:09:41.646 кога ја интервјуирав, рече, 00:09:41.646 --> 00:09:45.030 "Си ја пеев "Where Have All The Flowers Gone" 00:09:45.030 --> 00:09:48.240 одново и одново за да не мислам на друго. 00:09:48.240 --> 00:09:51.375 Пеев за да ги избришам работите што ми ги кажуваше мојот ум, 00:09:51.375 --> 00:09:55.865 кој повторуваше, "Ти си никој и ништо. 00:09:55.865 --> 00:09:58.691 Дури и не заслужуваш да живееш.' 00:09:58.691 --> 00:10:00.869 И токму во тој момент почнав да размислувам 00:10:00.869 --> 00:10:03.082 за самоубиство." NOTE Paragraph 00:10:03.082 --> 00:10:04.990 Депресивните не мислат 00:10:04.990 --> 00:10:07.127 дека ставиле сив превез 00:10:07.127 --> 00:10:09.107 и дека го набљудуваат светот низ призмата 00:10:09.107 --> 00:10:11.001 на лошото расположение. 00:10:11.001 --> 00:10:13.721 Обратно е. Мислат дека превезот им е тргнат, 00:10:13.721 --> 00:10:15.643 превезот на среќата, 00:10:15.643 --> 00:10:18.067 и дека сега ја гледаат вистината. 00:10:18.067 --> 00:10:21.031 Полесно е да им помогнете на шизофрениците 00:10:21.031 --> 00:10:22.842 кои сметаат дека има нешто туѓо во нив, 00:10:22.842 --> 00:10:25.029 нешто што треба да се избрка, 00:10:25.029 --> 00:10:27.193 но со депресивците е тешко, 00:10:27.193 --> 00:10:31.040 оти ние веруваме дека ја гледаме вистината. NOTE Paragraph 00:10:31.040 --> 00:10:33.987 Но вистината лаже. 00:10:33.987 --> 00:10:35.985 Станав преокупиран со таа реченица: 00:10:35.985 --> 00:10:38.360 "Но вистината лаже." 00:10:38.360 --> 00:10:40.813 И открив, зборувајќи со депресивни луѓе, 00:10:40.813 --> 00:10:43.495 дека тие имаат многу налудничави перцепции. 00:10:43.495 --> 00:10:45.162 Ако некој ви рече, "Никој не ме сака." 00:10:45.162 --> 00:10:46.813 Вие ќе му одговорите, "Јас те сакам, 00:10:46.813 --> 00:10:49.335 жена ти те сака, мајка ти те сака." 00:10:49.335 --> 00:10:51.258 Повеќето луѓе лесно 00:10:51.258 --> 00:10:52.923 ќе ги разубедите. 00:10:52.923 --> 00:10:55.190 Но депресивните луѓе ќе ви речат, 00:10:55.190 --> 00:10:56.895 "Без оглед што правиме, 00:10:56.895 --> 00:10:59.168 сите ќе умреме на крај." 00:10:59.168 --> 00:11:01.371 Или ќе ви речат, "Не може да постои вистинска 00:11:01.371 --> 00:11:03.024 поврзаност помеѓу две човечки битија. 00:11:03.024 --> 00:11:05.600 Секој од нас е заглавен во сопственото тело." 00:11:05.600 --> 00:11:07.449 На што ќе мора да речете, 00:11:07.449 --> 00:11:08.770 "Тоа е вистина, 00:11:08.770 --> 00:11:10.588 но сметам дека сега треба да се фокусираме 00:11:10.588 --> 00:11:12.484 на појадокот." 00:11:12.484 --> 00:11:14.669 (Смеа) 00:11:14.669 --> 00:11:16.338 Голем дел од времето 00:11:16.338 --> 00:11:19.234 тие демонстрираат увид во нештата, а не болест, 00:11:19.234 --> 00:11:21.891 и навистина е неверојатно тоа што 00:11:21.891 --> 00:11:24.825 повеќето од нас знаеме за овие егзистенцијални прашања, 00:11:24.825 --> 00:11:27.115 само што не им обрнуваме многу внимание. 00:11:27.115 --> 00:11:29.274 Имаше едно истражување што особено 00:11:29.274 --> 00:11:30.954 ми се допадна во кое група на депресивни 00:11:30.954 --> 00:11:32.855 и група на не-депресивни луѓе 00:11:32.855 --> 00:11:35.478 играа видео игра во текот на еден час, 00:11:35.478 --> 00:11:37.291 и на крајот од играта 00:11:37.291 --> 00:11:38.942 требаше да кажат колку чудовишта 00:11:38.942 --> 00:11:40.806 убиле. 00:11:40.806 --> 00:11:43.018 Одговорите на депресивните беа 00:11:43.018 --> 00:11:45.076 доста прецизни. 00:11:45.076 --> 00:11:46.547 Не-депресивните луѓе кажуваа 00:11:46.547 --> 00:11:50.092 дека убиле 15 до 20 пати 00:11:50.092 --> 00:11:51.834 повеќе чудовишта - (Смеа) - 00:11:51.834 --> 00:11:55.945 одошто беше случајот. NOTE Paragraph 00:11:55.945 --> 00:11:59.011 Кога решив да пишувам за мојата депресија, многу луѓе ми рекоа 00:11:59.011 --> 00:12:00.780 дека сигурно ми паѓа многу тешко 00:12:00.780 --> 00:12:03.904 тоа што другите знаат за мојата депресија. 00:12:03.904 --> 00:12:06.104 Велеа, "Дали луѓето ти зборуваат поинаку?" 00:12:06.104 --> 00:12:08.176 Јас реков, "Да, луѓето зборуваат поинаку со мене. 00:12:08.176 --> 00:12:10.090 Зборуваат поинаку со мене сѐ 00:12:10.090 --> 00:12:12.880 додека не почнат да ми кажуваат за нивните искуства, 00:12:12.880 --> 00:12:14.715 за искуствата на нивната сестра, 00:12:14.715 --> 00:12:16.489 или нивниот пријател. 00:12:16.489 --> 00:12:18.781 Работите се сменети бидејќи сега знам 00:12:18.781 --> 00:12:21.462 дека депресијата е семејна тајна 00:12:21.462 --> 00:12:23.539 која сите ја имаат. NOTE Paragraph 00:12:23.539 --> 00:12:27.167 Пред неколку години бев на една конференција, 00:12:27.167 --> 00:12:29.820 и на првиот ден од три-дневната конференција, 00:12:29.820 --> 00:12:32.711 една учесничка ме тргна настрана и рече, 00:12:32.711 --> 00:12:36.116 "Јас страдам од депресија и 00:12:36.116 --> 00:12:38.885 малку ми е срам заради тоа, 00:12:38.885 --> 00:12:40.988 но примам лекарства и само 00:12:40.988 --> 00:12:43.936 сакав да го слушнам вашето мислење?" 00:12:43.936 --> 00:12:46.770 Дадов сѐ од себе за да ѝ дадам добар совет. 00:12:46.770 --> 00:12:48.490 И потоа рече, "Знаете, 00:12:48.490 --> 00:12:51.281 маж ми некогаш не би ме разбрал. 00:12:51.281 --> 00:12:53.854 Тој е еден од оние кој ова не би го сфатил, 00:12:53.854 --> 00:12:56.721 и ова сакам да остане само меѓу нас." 00:12:56.721 --> 00:12:58.507 Јас реков, "Да, нема проблем." 00:12:58.507 --> 00:13:00.616 Последниот ден, истата конференција, 00:13:00.616 --> 00:13:03.660 маж ѝ ме тргна настрана, 00:13:03.660 --> 00:13:05.354 и рече, "Жена ми ќе помисли 00:13:05.354 --> 00:13:07.789 дека не сум вистински маж ако го знае ова, 00:13:07.789 --> 00:13:10.255 но се борам со депресија и примам 00:13:10.255 --> 00:13:11.609 одредени лекарства и 00:13:11.609 --> 00:13:14.114 ме интересира вашето мислење?" 00:13:14.114 --> 00:13:15.537 Ги криеја 00:13:15.537 --> 00:13:17.752 истите лекарства на две различни места 00:13:17.752 --> 00:13:20.397 во истата спална. 00:13:20.397 --> 00:13:22.418 И му реков дека можеби 00:13:22.418 --> 00:13:24.102 брачната комуникација 00:13:24.102 --> 00:13:26.116 е одговорна за дел од проблемите. 00:13:26.116 --> 00:13:30.307 (Смеа) 00:13:30.307 --> 00:13:31.962 Голем впечаток ми остави 00:13:31.962 --> 00:13:33.768 и големиот товар кој го 00:13:33.768 --> 00:13:36.141 носи ваквата заедничка тајна. 00:13:36.141 --> 00:13:38.026 Депресијата е многу исцрпувачка. 00:13:38.026 --> 00:13:40.794 Одзема голем дел од вашето време и енергија, 00:13:40.794 --> 00:13:42.298 а молкот за депресијата 00:13:42.298 --> 00:13:45.029 само ја влошува уште повеќе. NOTE Paragraph 00:13:45.029 --> 00:13:46.762 Тогаш започнав да размислувам што прават 00:13:46.762 --> 00:13:48.728 луѓето за да се чувствуваат подобро. 00:13:48.728 --> 00:13:51.167 Започнав како медицински конзервативец. 00:13:51.167 --> 00:13:53.539 Мислев дека има неколку видови терапија кои помагаат, 00:13:53.539 --> 00:13:55.348 и се знаеше кои се тие -- 00:13:55.348 --> 00:13:56.992 имате медикаменти, 00:13:56.992 --> 00:13:58.468 имате одредени психотерапии, 00:13:58.468 --> 00:14:00.913 имате можност за електроконвулзивен третман, 00:14:00.913 --> 00:14:03.588 а другите третмани беа бесмислени. 00:14:03.588 --> 00:14:05.420 Но тогаш открив нешто. 00:14:05.420 --> 00:14:07.172 Ако имате рак на мозокот, 00:14:07.172 --> 00:14:08.644 и речете дека стоењето на глава 00:14:08.644 --> 00:14:11.639 секое утро по 20 минути ве прави да се чувствувате подобро, 00:14:11.639 --> 00:14:13.153 можеби ќе се чувствувате подобро, 00:14:13.153 --> 00:14:14.741 но сепак сѐ уште имате рак на мозокот 00:14:14.741 --> 00:14:17.030 и најверојатно ќе умрете од него. 00:14:17.030 --> 00:14:19.542 Но ако имате депресија и ако стоењето 00:14:19.542 --> 00:14:21.647 на глава секој ден по 20 минути ве прави да се 00:14:21.647 --> 00:14:24.131 чувствувате подобро, тогаш терапијата успеала, 00:14:24.131 --> 00:14:26.491 оти депресијата е болест на чувствата, 00:14:26.491 --> 00:14:28.100 а ако се чувствувате подобро, 00:14:28.100 --> 00:14:30.930 тоа значи дека веќе не сте депресивни. 00:14:30.930 --> 00:14:32.963 И така станав многу потолерантен 00:14:32.963 --> 00:14:35.888 за големиот број на алтернативни третмани. NOTE Paragraph 00:14:35.888 --> 00:14:38.272 И добивам писма, добивам стотици писма 00:14:38.272 --> 00:14:40.788 од луѓе кои ми пишуваат и ми кажуваат што им помогнало најмногу. 00:14:40.788 --> 00:14:42.989 Денеска зад сцената еден ме праша 00:14:42.989 --> 00:14:44.452 за медитацијата. 00:14:44.452 --> 00:14:46.917 Моето омилено писмо ми е она 00:14:46.917 --> 00:14:48.391 од една жена која ми пиша и 00:14:48.391 --> 00:14:50.598 рече дека пробала терапија, 00:14:50.598 --> 00:14:52.985 пробала лекарства, пробала речиси сѐ, 00:14:52.985 --> 00:14:55.822 и најпосле нашла решение и изрази надеж да го пренесам на светот, 00:14:55.822 --> 00:14:59.634 а тоа е правење на мали работи од предиво. 00:14:59.634 --> 00:15:02.633 (Смеа) 00:15:02.633 --> 00:15:06.157 Ми испрати неколку. (Смеа) 00:15:06.157 --> 00:15:09.845 Не ги носам во моментов. 00:15:09.845 --> 00:15:12.360 И сугерирав да го ѕирне и опсесивно-компулсивното 00:15:12.360 --> 00:15:16.408 растројство во "ДиЕсЕм." NOTE Paragraph 00:15:16.408 --> 00:15:19.536 Кога отидов да ги истражувам алтернативните третмани, 00:15:19.536 --> 00:15:22.444 дознав и за други третмани. 00:15:22.444 --> 00:15:25.347 Поминав низ племенски егзорцизам во Сенегал 00:15:25.347 --> 00:15:27.360 кој вклучуваше голема количина на крв од овен 00:15:27.360 --> 00:15:29.422 и нема да навлегувам во детали сега, 00:15:29.422 --> 00:15:31.422 но неколку години подоцна бев во Руанда 00:15:31.422 --> 00:15:33.180 каде работев на поинаков проект, 00:15:33.180 --> 00:15:35.976 и на еден му зборував за моето искуство, 00:15:35.976 --> 00:15:37.736 а тој рече, "Добро, знаеш, 00:15:37.736 --> 00:15:39.556 тоа е Западна Африка, но ние сме Источна Африка, 00:15:39.556 --> 00:15:41.390 и нашите ритуали во одредени аспекти се многу различни, 00:15:41.390 --> 00:15:43.403 но имаме ритуали кои се слични со оние 00:15:43.403 --> 00:15:45.390 за кои ни зборуваш." 00:15:45.390 --> 00:15:47.053 Јас реков, "Ох." А тој рече, "Да," 00:15:47.053 --> 00:15:49.695 но имавме проблеми со Западните стручњаци за ментално здравје, 00:15:49.695 --> 00:15:52.452 особено оние кои дојдоа веднаш после геноцидот." 00:15:52.452 --> 00:15:54.779 Го прашав, "Какви проблеми имавте?" 00:15:54.779 --> 00:15:56.325 Тој рече, "Правеа 00:15:56.325 --> 00:15:58.989 една чудна работа. 00:15:58.989 --> 00:16:00.874 Не ги носеа луѓето на сонце за 00:16:00.874 --> 00:16:02.574 да се чувствуваат подобро. 00:16:02.574 --> 00:16:05.668 Не вклучуваа тропање или музика за да им ја раздвижат крвта. 00:16:05.668 --> 00:16:07.510 Не ја вклучуваа заедницата. 00:16:07.510 --> 00:16:09.285 Не зборуваа за депресијата како за 00:16:09.285 --> 00:16:10.718 натрапнички дух. 00:16:10.718 --> 00:16:13.349 Наместо тоа ги носеа луѓето еден по еден 00:16:13.349 --> 00:16:15.977 во едни мали и валкани соби 00:16:15.977 --> 00:16:17.320 и еден час ги тераа да зборуваат 00:16:17.320 --> 00:16:19.550 за лошите работи кои им се случиле.." 00:16:19.550 --> 00:16:25.010 (Смеа) (Аплауз) 00:16:25.010 --> 00:16:27.372 Рече, "Моравме да ги замолиме да ја напуштат државата." 00:16:27.372 --> 00:16:30.429 (Смеа) NOTE Paragraph 00:16:30.429 --> 00:16:32.873 Во однос на другите алтернативни третмани, 00:16:32.873 --> 00:16:34.908 дозволете ми да ви раскажам за Френк Русакоф. 00:16:34.908 --> 00:16:37.961 Френк Русакоф ја имаше најтешката депресија 00:16:37.961 --> 00:16:40.876 што некогаш сум ја видел. 00:16:40.876 --> 00:16:42.869 Постојано беше депресивен. 00:16:42.869 --> 00:16:45.010 Кога го запознав, се наоѓаше во ситуација 00:16:45.010 --> 00:16:48.168 каде секој месец мораше да прима електрошокови. 00:16:48.168 --> 00:16:50.743 Па ќе биде дезориентиран една недела. 00:16:50.743 --> 00:16:52.546 Па ќе ќе се чувствува добро недела дена. 00:16:52.546 --> 00:16:54.246 Па една недела ќе паѓа во депресија. 00:16:54.246 --> 00:16:56.931 И на крај пак одеше на третман со електрошокови. 00:16:56.931 --> 00:16:58.346 Кога го сретнав ми рече, 00:16:58.346 --> 00:17:00.898 Неподнослив е овој живот. 00:17:00.898 --> 00:17:02.405 Не можам веќе вака, 00:17:02.405 --> 00:17:04.669 и веќе решив како да ставам крај доколку 00:17:04.669 --> 00:17:06.226 не се подобри ситуацијата. 00:17:06.226 --> 00:17:08.934 Но," ми рече, "слушнав за една постапка 00:17:08.934 --> 00:17:11.157 која ја изведуваат во "Mass General," 00:17:11.157 --> 00:17:13.183 цингулотомија, операција на мозок, 00:17:13.183 --> 00:17:15.754 и решив да го пробам и тоа." 00:17:15.754 --> 00:17:17.708 И се сеќавам дека во тој момент бев вчудоневиден 00:17:17.708 --> 00:17:19.008 од фактот дека 00:17:19.008 --> 00:17:22.229 некој кој имал толку многу лоши искуства 00:17:22.229 --> 00:17:24.088 со толку многу различни третмани 00:17:24.088 --> 00:17:27.210 зачувал некаде во себе доволно оптимизам 00:17:27.210 --> 00:17:29.760 за да испроба уште еден. 00:17:29.760 --> 00:17:31.940 Му беше направена цингулотомија 00:17:31.940 --> 00:17:33.981 и беше неверојатно успешна. 00:17:33.981 --> 00:17:35.474 Сега ми е пријател. 00:17:35.474 --> 00:17:38.966 Има прекрасна жена и две убави деца. 00:17:38.966 --> 00:17:41.915 Ми напиша писмо на Божиќ после операцијата 00:17:41.915 --> 00:17:43.104 и рече, 00:17:43.104 --> 00:17:45.511 "Татко ми, ми испрати два подароци оваа година, 00:17:45.511 --> 00:17:48.113 Најпрвин, подвижен држач за дискови од "The Sharper Image" 00:17:48.113 --> 00:17:49.534 кој не ми вршеше работа, 00:17:49.534 --> 00:17:51.631 но знаев дека ми го дава по повод тоа што 00:17:51.631 --> 00:17:53.359 живеев самостојно и заради тоа 00:17:53.359 --> 00:17:55.406 што имам работа која ја сакам. 00:17:55.406 --> 00:17:56.967 Другиот подарок беше 00:17:56.967 --> 00:17:58.543 фотографија од баба ми, 00:17:58.543 --> 00:18:00.795 која изврши самоубиство. 00:18:00.795 --> 00:18:03.730 Додека ја одмотував, почнав да плачам, 00:18:03.730 --> 00:18:05.610 а мајка ми дојде и ми рече, 00:18:05.610 --> 00:18:08.925 'Плачеш за роднините кои никогаш не си ги знаел?' 00:18:08.925 --> 00:18:13.013 Јас реков, 'Баба ми ја имала истата болест што ја имам јас.' 00:18:13.013 --> 00:18:15.594 Во моментов додека ти пишувам, плачам. 00:18:15.594 --> 00:18:19.189 Не дека сум тажен, но чувствувам тежина, 00:18:19.189 --> 00:18:21.410 бидејќи и јас можеби ќе се убиев, 00:18:21.410 --> 00:18:23.113 но родителите постојано ме бодреа, 00:18:23.113 --> 00:18:24.862 исто и доккторите, 00:18:24.862 --> 00:18:26.716 имав и операција. 00:18:26.716 --> 00:18:29.531 Сега сум жив и благодарен. 00:18:29.531 --> 00:18:31.791 Живееме во вистинското време, 00:18:31.791 --> 00:18:35.670 иако можеби не изгледа секогаш така." NOTE Paragraph 00:18:35.670 --> 00:18:37.567 Бев изненаден од фактот што депресијата 00:18:37.567 --> 00:18:39.292 во глобала се смета за 00:18:39.292 --> 00:18:42.829 модерен, Западен, проблем на средната класа, 00:18:42.829 --> 00:18:44.981 па затоа решив да откријам како се пројавува 00:18:44.981 --> 00:18:46.984 во други поинакви средини, 00:18:46.984 --> 00:18:49.103 а најмногу ме интересираше депресијата 00:18:49.103 --> 00:18:50.893 кај сиромашните. 00:18:50.893 --> 00:18:52.674 И затоа почнав да истражувам 00:18:52.674 --> 00:18:55.254 што е направено за сиромашните луѓе со депресија. 00:18:55.254 --> 00:18:57.412 Открив дека сиромашните луѓе воглавно 00:18:57.412 --> 00:18:59.969 не добиваат третман за депресијата. 00:18:59.969 --> 00:19:02.888 Депресијата е резултат на генетска предиспозиција, 00:19:02.888 --> 00:19:06.046 која е еднакво распределена во популацијата, 00:19:06.046 --> 00:19:07.999 и активирачки околности, 00:19:07.999 --> 00:19:09.902 кои се особено критични за 00:19:09.902 --> 00:19:11.777 сиромашните луѓе. 00:19:11.777 --> 00:19:14.204 И доколку имаш 00:19:14.204 --> 00:19:16.344 прекрасен живот, но се чувствуваш мизерно цело време, 00:19:16.344 --> 00:19:18.344 ќе си речеш, "Зошто се чувствувам вака? 00:19:18.344 --> 00:19:20.013 Сигурно имам депресија." 00:19:20.013 --> 00:19:21.936 И почнуваш да бараш третман. 00:19:21.936 --> 00:19:24.029 Но ако имаш ужасен живот, 00:19:24.029 --> 00:19:25.896 и се чувствуваш мизерно цело време, 00:19:25.896 --> 00:19:28.722 тогаш твоето чувство е во склад со твојот живот, 00:19:28.722 --> 00:19:30.446 и не ти текнува да си речеш, 00:19:30.446 --> 00:19:32.229 "Можеби ова може да се лечи." 00:19:32.229 --> 00:19:35.365 И затоа во земјава имаме епидемија на 00:19:35.365 --> 00:19:38.278 депресија помеѓу сиромашните луѓе, депресија 00:19:38.278 --> 00:19:40.790 која е незабележана, која не е третирана 00:19:40.790 --> 00:19:42.846 и со која не се занимаваме, 00:19:42.846 --> 00:19:45.046 а тоа е трагедија од огромен размер. 00:19:45.046 --> 00:19:46.534 Налетав на еден научник 00:19:46.534 --> 00:19:48.351 кој вршеше истражување во 00:19:48.351 --> 00:19:50.092 сиромашните квартови надвор од Вашингтон, 00:19:50.092 --> 00:19:53.089 каде среќаваше жени кои доаѓаа за други здравствени проблеми, 00:19:53.089 --> 00:19:54.868 ги дијагностицираше со депресија, 00:19:54.868 --> 00:19:58.134 а потоа врз нив го применуваше експерименталниот протокол. 00:19:58.134 --> 00:20:00.463 Една од нив, Лоли, дојде, 00:20:00.463 --> 00:20:02.760 и еве што кажа денот кога дојде. 00:20:02.760 --> 00:20:06.155 Патем таа беше жена со 00:20:06.155 --> 00:20:08.247 седум деца. Рече, 00:20:08.247 --> 00:20:10.898 "Порано имав работа, но морав да напуштам оти 00:20:10.898 --> 00:20:12.958 не можев да излегувам од дома. 00:20:12.958 --> 00:20:15.186 Немав што да им кажам на децата. 00:20:15.186 --> 00:20:17.953 Наутро, едвај чекав да заминат, 00:20:17.953 --> 00:20:20.943 а потоа одев во кревет и се покривав до глава. 00:20:20.943 --> 00:20:22.589 Три часот, кога тие се враќаа дома, 00:20:22.589 --> 00:20:24.390 доаѓаше многу брзо." 00:20:24.390 --> 00:20:26.630 Рече, "Земав голема доза Тиленол, 00:20:26.630 --> 00:20:29.389 и други работи само за да спијам повеќе. 00:20:29.389 --> 00:20:33.159 Маж ми, ми велеше дека сум глупава, дека сум грда. 00:20:33.159 --> 00:20:36.664 Камо да можев да ја сопрам болката." NOTE Paragraph 00:20:36.664 --> 00:20:39.304 Таа беше вклучена во експериментот 00:20:39.304 --> 00:20:41.612 и кога ја интервјуирав шест месеци подоцна, 00:20:41.612 --> 00:20:46.019 работеше како негувателка во Американската 00:20:46.019 --> 00:20:49.824 морнарица, го напушти насилниот маж, 00:20:49.824 --> 00:20:51.906 и ми рече, 00:20:51.906 --> 00:20:54.275 "Сега децата се многу посреќни." 00:20:54.275 --> 00:20:56.252 Рече, "Во новиот дом имам една соба за момчињата 00:20:56.252 --> 00:20:58.860 и една соба за девојчињата, 00:20:58.860 --> 00:21:01.399 но ноќе, сите доаѓаат во мојот кревет, 00:21:01.399 --> 00:21:04.011 и сите заедно пишуваме домашна. 00:21:04.011 --> 00:21:05.684 Едното сака да биде свештеник, 00:21:05.684 --> 00:21:07.384 другото сака да биде пожарникар, 00:21:07.384 --> 00:21:10.350 а едно од девојчињата сака да биде адвокат. 00:21:10.350 --> 00:21:12.355 Не плачат и не се тепаат 00:21:12.355 --> 00:21:14.913 како порано. 00:21:14.913 --> 00:21:18.693 Децата се сѐ што ми треба. 00:21:18.693 --> 00:21:20.605 Работите постојано се менуваат, 00:21:20.605 --> 00:21:25.798 она како се облекувам, како се чувствувам, како се однесувам. 00:21:25.798 --> 00:21:29.485 Веќе не ми е страв да излегувам надвор 00:21:29.485 --> 00:21:32.894 и мислам дека лошите чувства веќе нема да се вратат. 00:21:32.894 --> 00:21:35.929 Ако не беше Др. Миранда 00:21:35.929 --> 00:21:39.546 сѐ уште ќе бев по дома со прекривка врз главата, 00:21:39.546 --> 00:21:41.895 ако воопшто бев жива. 00:21:41.895 --> 00:21:45.627 Го замолив Бог да ми испрати ангел, 00:21:45.627 --> 00:21:49.957 и тој ги слушна моите молитви." NOTE Paragraph 00:21:49.959 --> 00:21:53.312 Навистина бев трогнат од овие искуства, 00:21:53.312 --> 00:21:55.851 па затоа решив да пишувам за нив не само 00:21:55.851 --> 00:21:57.230 во книгата на која работев, 00:21:57.230 --> 00:21:58.541 туку и во списание, 00:21:58.541 --> 00:22:00.862 и така добив дозвола од списанието "The New York Times" 00:22:00.862 --> 00:22:02.878 да пишувам за депресијата кај сиромашните. NOTE Paragraph 00:22:02.878 --> 00:22:04.494 Им ја дадов приказната 00:22:04.494 --> 00:22:06.090 и ми се јави уредникот и рече, 00:22:06.090 --> 00:22:07.800 "Навистина не можеме да го објавиме ова." NOTE Paragraph 00:22:07.800 --> 00:22:09.550 Јас реков, "Зошто не?" NOTE Paragraph 00:22:09.550 --> 00:22:11.855 Таа рече, "Ова е претерано. 00:22:11.855 --> 00:22:15.633 Луѓе кои се на дното на општеството 00:22:15.633 --> 00:22:17.337 поминуваат низ неколку месечен третман 00:22:17.337 --> 00:22:19.969 и веднаш после тоа се спремни да бидат директори? 00:22:19.969 --> 00:22:21.823 Тоа е невозможно." 00:22:21.823 --> 00:22:24.028 Таа рече, никогаш не сум слушнала за такво нешто." NOTE Paragraph 00:22:24.028 --> 00:22:26.562 Јас реков, "Фактот дека никогаш не си слушнала 00:22:26.562 --> 00:22:29.562 е знак дека тоа е новост." 00:22:29.562 --> 00:22:35.696 (Смеа) (Аплауз) 00:22:37.317 --> 00:22:39.811 А вие сте списание за новости." NOTE Paragraph 00:22:39.811 --> 00:22:41.793 И така после малку преговарање, 00:22:41.793 --> 00:22:43.034 тие се сложија. 00:22:43.034 --> 00:22:44.649 Но голем дел од она што го кажаа 00:22:44.649 --> 00:22:46.944 е поврзано на чуден начин 00:22:46.944 --> 00:22:49.086 со одбивноста која луѓето сѐ уште ја имаат 00:22:49.086 --> 00:22:50.549 кон третманот, 00:22:50.549 --> 00:22:52.431 претпоставката дека лечењето 00:22:52.431 --> 00:22:55.127 на луѓето од сиромашните заедници е 00:22:55.127 --> 00:22:57.025 всушност нивна експлоатација, 00:22:57.025 --> 00:22:58.667 оти третманот подразбира нивно менување. 00:22:58.667 --> 00:23:00.700 Постои лажен морален императив 00:23:00.700 --> 00:23:02.489 кој е многу распространет, а тоа 00:23:02.489 --> 00:23:04.843 е дека лечењето на депресијата, 00:23:04.843 --> 00:23:07.142 лекарствата и така натаму, се всушност трикови, 00:23:07.142 --> 00:23:09.314 и дека тоа не е природно. 00:23:09.314 --> 00:23:12.163 Јас мислам дека тоа е погрешно. 00:23:12.163 --> 00:23:15.695 Природно е да им паѓаат забите на луѓето, 00:23:15.695 --> 00:23:19.025 но никој не се бори против забната паста, 00:23:19.025 --> 00:23:21.153 барем не во моите кругови. NOTE Paragraph 00:23:21.153 --> 00:23:23.655 Луѓето велат, "Но, зарем депресијата не е нешто 00:23:23.655 --> 00:23:25.840 што луѓето треба да го доживеат? 00:23:25.840 --> 00:23:27.581 Зарем не сме еволуирале да имаме депресија? 00:23:27.581 --> 00:23:29.488 Зарем таа не е дел од твојата личност?" 00:23:29.488 --> 00:23:32.234 На што ќе речам, емоциите се корисни. 00:23:32.234 --> 00:23:35.563 Да можете да доживеете тага, страв, 00:23:35.563 --> 00:23:37.405 радост, задоволство 00:23:37.405 --> 00:23:39.208 и сите други емоции, 00:23:39.208 --> 00:23:41.272 тоа е од огромна вредност. 00:23:41.272 --> 00:23:44.319 А тешката депресија е нешто што се јавува 00:23:44.319 --> 00:23:46.331 кога системот ќе се распадне. 00:23:46.331 --> 00:23:48.048 Таа е маладаптивна. NOTE Paragraph 00:23:48.048 --> 00:23:49.620 Луѓето доаѓаат кај мене и велат, 00:23:49.620 --> 00:23:52.388 "Ако издржам уште една година, 00:23:52.388 --> 00:23:54.464 ќе го надминам ова." NOTE Paragraph 00:23:54.464 --> 00:23:56.767 И јас секогаш им велам, "Можеби ќе ја надминеш, 00:23:56.767 --> 00:23:59.476 но никогаш повторно нема да бидеш 37. 00:23:59.476 --> 00:24:02.026 Животот е краток, а ти си спремен 00:24:02.026 --> 00:24:03.982 да се откажеш од цела година. 00:24:03.982 --> 00:24:05.520 Размисли." NOTE Paragraph 00:24:05.520 --> 00:24:08.366 Чудна е оскудноста на англискиот јазик, 00:24:08.366 --> 00:24:10.474 и навистина на многу други јазици, 00:24:10.474 --> 00:24:12.692 тоа дека имаме ист збор, депресија, 00:24:12.692 --> 00:24:14.497 кога треба да опишеме како се чувствува детето 00:24:14.497 --> 00:24:16.209 кога врне на неговиот роденден, 00:24:16.209 --> 00:24:18.737 и кога треба да опишеме како се чувствува 00:24:18.737 --> 00:24:21.191 некој моментот пред да изврши самоубиство. NOTE Paragraph 00:24:21.191 --> 00:24:24.296 Луѓето ми велат, "Дали е во континуитет со нормалната тага?" 00:24:24.296 --> 00:24:27.440 Јас им велам, на некој начин е во континуитет со нормалната тага. 00:24:27.440 --> 00:24:29.640 Има одредено ниво на континуитет, 00:24:29.640 --> 00:24:31.597 но на истиот начин на кој има континуитет 00:24:31.597 --> 00:24:33.584 помеѓу железната ограда надвор од вашата куќа 00:24:33.584 --> 00:24:35.261 која е малку 'рѓосана, 00:24:35.261 --> 00:24:38.007 и која треба само да ја префарбате 00:24:38.007 --> 00:24:40.654 и куќата која сте ја оставиле да 'рѓосува 100 години, 00:24:40.654 --> 00:24:43.552 и која ќе се претвори во 00:24:43.552 --> 00:24:44.786 портокалова прашина. 00:24:44.786 --> 00:24:46.959 А нас нѐ интересира токму 00:24:46.959 --> 00:24:48.748 портокаловата прашина, 00:24:48.748 --> 00:24:51.737 со неа сакаме да излеземе на крај. NOTE Paragraph 00:24:51.737 --> 00:24:53.977 Денес луѓето велат, 00:24:53.977 --> 00:24:56.708 "Ги земаш овие пилули на среќата, и дали си среќен?" 00:24:56.708 --> 00:24:58.594 Не сум. 00:24:58.594 --> 00:25:01.416 Но не се чувствувам тажен кога треба да јадам, 00:25:01.416 --> 00:25:04.252 не сум тажен кога ќе ја слушнам телефонската секретарка 00:25:04.252 --> 00:25:07.097 и не сум тажен кога треба да се туширам. 00:25:07.097 --> 00:25:09.951 Сега чувствувам повеќе, 00:25:09.951 --> 00:25:12.381 бидејќи ја чувствувам тагата без да чувствувам ништожност. 00:25:12.381 --> 00:25:16.728 Тажен сум заради професионалните разочарувања, 00:25:16.728 --> 00:25:19.075 заради раскинатите врски 00:25:19.075 --> 00:25:21.114 и заради глобалното затоплување. 00:25:21.114 --> 00:25:23.839 Овие нешта ме растажуваат сега. 00:25:23.839 --> 00:25:26.573 И си реков, добро, што е поуката? 00:25:26.573 --> 00:25:29.134 Како успеваат да излезат на крај 00:25:29.134 --> 00:25:31.688 луѓето со тешка депресија? 00:25:31.688 --> 00:25:34.485 Како функционира отпорноста? 00:25:34.485 --> 00:25:36.569 Со текот на времето дојдов до заклучок 00:25:36.569 --> 00:25:39.485 дека луѓето кои го негираат своето доживување, 00:25:39.485 --> 00:25:41.517 оние кои велат, "Многу оддамна бев депресивен 00:25:41.517 --> 00:25:43.254 и веќе никогаш не сакам да размислувам за тоа, 00:25:43.254 --> 00:25:44.496 нема да мислам на тоа 00:25:44.496 --> 00:25:46.386 и едноставно ќе си продолжам со животот," 00:25:46.386 --> 00:25:48.345 иронично, овие луѓе се најголемите 00:25:48.345 --> 00:25:51.043 робови на депресијата. 00:25:51.043 --> 00:25:53.607 Прикривајќи ја депресијата, вие само ја зајакнувате. 00:25:53.607 --> 00:25:56.887 Додека ја криете, таа расте. 00:25:56.887 --> 00:25:59.747 Подобро им оди на луѓето 00:25:59.747 --> 00:26:02.346 кои го прифатиле фактот дека 00:26:02.346 --> 00:26:03.968 ја имаат оваа состојба. 00:26:03.968 --> 00:26:06.438 Оние кои ја толерираат својата депресија 00:26:06.438 --> 00:26:08.220 успеваат да развијат отпорност. NOTE Paragraph 00:26:08.220 --> 00:26:10.003 Френк Русакоф ми рече, 00:26:10.003 --> 00:26:11.519 Ако треба пак да поминам низ ова, 00:26:11.519 --> 00:26:13.656 веројатно нема да постапам како сега, 00:26:13.656 --> 00:26:15.620 но на чуден начин, и сум благодарен 00:26:15.620 --> 00:26:17.123 за ова што го доживеав. 00:26:17.123 --> 00:26:20.940 Мило ми е што бев 40 пати во болница. 00:26:20.940 --> 00:26:23.543 Ме научи многу за љубовта, 00:26:23.543 --> 00:26:26.383 за мојата врска со моите родители, и докторите кои 00:26:26.383 --> 00:26:30.772 беа драгоцени за мене, и секогаш ќе бидат." NOTE Paragraph 00:26:30.772 --> 00:26:32.698 Меги Робинс рече, 00:26:32.698 --> 00:26:35.687 Порано волонтирав во клиника за СИДА, 00:26:35.687 --> 00:26:38.701 и само зборував, зборував и само зборував, 00:26:38.701 --> 00:26:40.514 а луѓето со кои работев 00:26:40.514 --> 00:26:42.581 не реагираа многу, и си помислив, 00:26:42.581 --> 00:26:46.542 'Ова не им помага.' 00:26:46.542 --> 00:26:48.184 И тогаш сфатив, 00:26:48.184 --> 00:26:50.311 сфатив дека немаат намера да зборуваат 00:26:50.311 --> 00:26:52.698 многу и дека ќе останеме само на оној краток муабет. 00:26:52.698 --> 00:26:54.755 Дека тоа ќе биде момент во кој 00:26:54.755 --> 00:26:57.633 јас немам СИДА и не умирам, 00:26:57.633 --> 00:27:00.606 но во кој ќе го толерирам фактот дека тие имаат 00:27:00.606 --> 00:27:02.393 и дека ќе умрат. 00:27:02.393 --> 00:27:05.996 Нашите најголеми ресурси се нашите потреби. 00:27:05.996 --> 00:27:08.135 Јас научив да ги давам 00:27:08.135 --> 00:27:12.160 сите работи кои ми требаат." NOTE Paragraph 00:27:12.160 --> 00:27:13.851 Ценејќи ја сопствената депресија 00:27:13.851 --> 00:27:16.045 не значи дека ќе спречите рецидив, 00:27:16.045 --> 00:27:18.706 но ќе можете полесно да го толерирате 00:27:18.706 --> 00:27:22.924 самиот рецидив, доколку дојде до тоа. 00:27:22.924 --> 00:27:24.969 Не е поентата да најдете 00:27:24.969 --> 00:27:27.144 смисла и да речете дека 00:27:27.144 --> 00:27:29.171 депресијата има смисла. 00:27:29.171 --> 00:27:31.342 Поентата лежи во потрагата 00:27:31.342 --> 00:27:33.146 по смислата и ставот кој вели, 00:27:33.146 --> 00:27:34.786 "Ќе биде пеколно, 00:27:34.786 --> 00:27:37.487 но ќе научам нешто од ова." 00:27:37.487 --> 00:27:39.751 Од мојата депресија научив 00:27:39.751 --> 00:27:41.764 колку се значајни емоциите, 00:27:41.764 --> 00:27:44.861 дека се пореални од фактите, 00:27:44.861 --> 00:27:47.810 и ова искуство ми овозможи 00:27:47.810 --> 00:27:50.702 да ги доживеам позитивните емоции 00:27:50.702 --> 00:27:54.222 на еден поинтензивен и пофокусиран начин. 00:27:54.222 --> 00:27:57.709 Спротивноста на депресијата не е среќата, 00:27:57.709 --> 00:27:59.163 туку виталноста, 00:27:59.163 --> 00:28:01.904 а денеска, мојот живот е витален, 00:28:01.904 --> 00:28:04.649 дури и во деновите кога сум тажен. 00:28:04.649 --> 00:28:07.962 Го осетив тој погреб во мојот мозок 00:28:07.962 --> 00:28:09.986 и седнав веднаш до џинот 00:28:09.986 --> 00:28:12.233 на работ на светот 00:28:12.233 --> 00:28:14.322 и открив нешто 00:28:14.322 --> 00:28:16.173 во мене, нешто што 00:28:16.173 --> 00:28:18.306 ќе морам да го наречам душа, 00:28:18.306 --> 00:28:22.062 која никогаш ја немав дефинирано сѐ до тој ден пред 20 години 00:28:22.062 --> 00:28:26.580 кога ѓаволот ненадејно ме посети. 00:28:26.580 --> 00:28:30.678 И покрај тоа што ја мразев депресијата и 00:28:30.678 --> 00:28:33.012 покрај тоа што не сакам пак да ми се повтори, 00:28:33.012 --> 00:28:35.756 сепак најдов начин како да ја сакам. 00:28:35.756 --> 00:28:37.781 Ја сакам бидејќи ме натера 00:28:37.781 --> 00:28:40.550 да ја пронајдам радоста. 00:28:40.550 --> 00:28:44.038 Ја сакам бидејќи секој ден ми помага 00:28:44.038 --> 00:28:45.578 да најдам 00:28:45.578 --> 00:28:48.276 причина за 00:28:48.276 --> 00:28:50.854 живеење. 00:28:50.854 --> 00:28:54.977 Мислам дека тоа е голема привилегија. NOTE Paragraph 00:28:54.977 --> 00:28:58.960 Ви благодарам. NOTE Paragraph 00:28:58.960 --> 00:29:02.096 (Аплауз)