1 00:00:13,688 --> 00:00:17,094 Дали знаевте дека секој пат кога музичарите го земаат својот инструмент 2 00:00:17,094 --> 00:00:19,943 Во нивниот мозок започнува огномет? 3 00:00:19,943 --> 00:00:22,875 Однадвор, тие може да изгледаат смирени и фокусирани, 4 00:00:22,879 --> 00:00:25,549 додека ги читаат нотите и изведуваат прецизно извежбани 5 00:00:25,549 --> 00:00:26,889 движења кои им се неопходни. 6 00:00:26,889 --> 00:00:30,201 Но, во нивните мозоци се случува урнебес. 7 00:00:30,201 --> 00:00:31,408 Како го знаеме ова? 8 00:00:31,408 --> 00:00:33,225 Па, во последните неколку децении, 9 00:00:33,225 --> 00:00:35,719 невролозите имаат направено огромни чекори 10 00:00:35,719 --> 00:00:40,353 во разбирање на функциjata на нашиот мозок набљудувајќи ја неговата работа во живо 11 00:00:40,353 --> 00:00:43,465 со помош на инструменти, како што се ФМРИ и ПЕТ скенери. 12 00:00:43,465 --> 00:00:45,718 Кога луѓето се поврзани со овие машини, 13 00:00:45,718 --> 00:00:48,624 задачите како што се читање или решавање математички проблеми 14 00:00:48,624 --> 00:00:51,112 имаат соодветни мозочни области 15 00:00:51,112 --> 00:00:53,161 во кои активноста може да се набљудува. 16 00:00:53,161 --> 00:00:56,316 Но, кога истражувачите им дале на учесниците да слушаат музика, 17 00:00:56,316 --> 00:00:58,300 тие виделе огномет. 18 00:00:58,299 --> 00:01:01,195 Повеќе области во мозокот се активирале истовремено, 19 00:01:01,195 --> 00:01:02,844 додека го обработувале звукот, 20 00:01:02,844 --> 00:01:06,385 и го разложувале на поединечни елементи како што се мелодијата и ритамот. 21 00:01:06,385 --> 00:01:09,605 и на крајот ги синтетизирале во единствено музичко доживување. 22 00:01:09,605 --> 00:01:12,583 Нашите мозоци ја вршат целата оваа работа во делот од секундата 23 00:01:12,583 --> 00:01:16,227 од моментот кога ќе ја чуеме музиката, до моментот кога нашата нога почнува 24 00:01:16,227 --> 00:01:17,587 да тапка заедно со ритамот. 25 00:01:17,587 --> 00:01:20,562 Но, кога истражувачите се префрлиле од набљудување на мозоците 26 00:01:20,562 --> 00:01:22,635 на слушателите до тие на музичарите, 27 00:01:22,635 --> 00:01:25,916 малиот огномет се претворил во прослава на јубилеј. 28 00:01:25,915 --> 00:01:29,087 Се воспоставило дека додека слушањето на музика го ангажира мозокот 29 00:01:29,087 --> 00:01:31,192 во поприлично интересни активности, 30 00:01:31,192 --> 00:01:35,518 свирењето на музика е мозочен еквивалент на тренинг за целото тело. 31 00:01:35,518 --> 00:01:38,706 Невролозите приметиле дека бројни мозочни области се активираат, 32 00:01:38,706 --> 00:01:41,638 додека истовремено обратуваат различни информации 33 00:01:41,638 --> 00:01:46,233 во комплицирани, меѓусебно поврзани, и неверојатно брзи секвенци. 34 00:01:46,233 --> 00:01:49,884 Но што е тоа во изведувањето на музика што толку многу го стимулира мозокот? 35 00:01:49,884 --> 00:01:54,427 Истражувањето е се уште ново, но невролозите имаат доста јасна претстава. 36 00:01:54,427 --> 00:01:59,432 Свирење на музички инструмент ангажира голем дел од мозокот истовремено, 37 00:01:59,432 --> 00:02:03,106 особено во визуелниот, аудитивниот и моторниот кортекс. 38 00:02:03,106 --> 00:02:07,168 Како и со било кој друг тренинг,  дисциплинираното и структурирано вежбање 39 00:02:07,168 --> 00:02:08,348 и свирење на музика 40 00:02:08,348 --> 00:02:11,450 ги зајакнува тие мозочни функции, што ни овозможува да се примени 41 00:02:11,450 --> 00:02:13,783 тој потенцијал и на други активности. 42 00:02:13,783 --> 00:02:17,048 Најочигледната разликата помеѓу слушање и свирење музика 43 00:02:17,049 --> 00:02:19,728 е дека за свирењето се потребни истенчени моторни вештини 44 00:02:19,728 --> 00:02:22,298 кои се под контрола на двете хемисфери на мозокот. 45 00:02:22,298 --> 00:02:25,866 Тоа, исто така комбинира лингвистички и математички прецизности, 46 00:02:25,876 --> 00:02:27,947 во кои левата хемисфера е повеќе вклучена, 47 00:02:27,956 --> 00:02:31,465 со нови и креативни содржини во кои предничи десната хемисфера. 48 00:02:31,465 --> 00:02:34,150 Поради овие причини, откриено е дека изведбата на музика 49 00:02:34,150 --> 00:02:39,123 го зголемува обемот и активноста во „Corpus callosum“, 50 00:02:39,123 --> 00:02:41,473 мостот помеѓу двете хемисфери, 51 00:02:41,473 --> 00:02:46,078 овозможувајќи пренос на пораки низ мозокот побрзо и преку повеќе различни патишта. 52 00:02:46,079 --> 00:02:48,974 Ова може да им овозможи на музичарите да решаваат проблеми 53 00:02:48,973 --> 00:02:52,830 поефикасно и креативно, во академски и социјални контексти. 54 00:02:52,830 --> 00:02:56,489 Бидејќи создавањето музика, исто така, вклучува креирање и разбирање 55 00:02:56,490 --> 00:02:58,670 на емоционалната содржина и пораки 56 00:02:58,669 --> 00:03:01,753 музичарите често поседуваат повисоко ниво на извршни функции, 57 00:03:01,753 --> 00:03:04,115 што е категорија на меѓусебно поврзани задачи 58 00:03:04,116 --> 00:03:07,961 кои вклучуваат планирање, стратегија и внимание на детали 59 00:03:07,961 --> 00:03:12,671 и бара истовремена анализа на когнитивни и емоционални аспекти. 60 00:03:12,670 --> 00:03:16,875 Оваа способност исто така влијае на работата на нашите системи за меморија. 61 00:03:16,875 --> 00:03:20,705 Навистина, музичарите покажуваат подобрена меморија 62 00:03:20,705 --> 00:03:25,149 и креираат, складираат и преземаат сеќавања побрзо и поефикасно. 63 00:03:25,149 --> 00:03:29,548 Истражувањата покажаа дека музичарите ги користат своите добро вмрежени мозоци 64 00:03:29,548 --> 00:03:32,014 да му дадат на секое сеќавање повеќе ознаки 65 00:03:32,014 --> 00:03:37,204 како што се концептуални, емоционални, акустични и контекстуални ознаки, 66 00:03:37,204 --> 00:03:39,385 како добар веб пребарувач. 67 00:03:39,385 --> 00:03:42,765 Па, како да знаеме дека сите овие придобивки се единствени на музиката, 68 00:03:42,765 --> 00:03:45,130 во споредба со, да речеме, спортување или сликање? 69 00:03:45,130 --> 00:03:47,277 Или што ако луѓето кои се занимаваат со музика 70 00:03:47,277 --> 00:03:49,059 биле веќе попаметни пред да започнат? 71 00:03:49,059 --> 00:03:52,937 Невролозите ги испитувале овие прашања, но досега се покажало дека 72 00:03:52,937 --> 00:03:57,447 уметничките и естетските аспекти на учењето да се свири музички инструмент 73 00:03:57,447 --> 00:04:00,864 се разликуваат од сите други активности кои ги проучувале, вклучувајќи 74 00:04:00,864 --> 00:04:02,094 ги и другите уметности. 75 00:04:02,094 --> 00:04:04,483 Во неколку тестирања со случајно избрани учесници 76 00:04:04,483 --> 00:04:08,807 кои покажале исто ниво на когнитивни функции и невронска обработка на 77 00:04:08,807 --> 00:04:12,640 почетокот, се покажало дека оние кои изучувале музика, 78 00:04:12,640 --> 00:04:16,319 покажале подобрување во многу области на мозокот во однос на другите. 79 00:04:16,319 --> 00:04:19,853 Ова истражување за придобивките од свирењето во развојот на менталните 80 00:04:19,853 --> 00:04:22,992 способности го подобри на нашето разбирање на менталните функции, 81 00:04:22,992 --> 00:04:25,699 откривајќи го внатрешниот ритам и комплексните интеракции 82 00:04:25,699 --> 00:04:28,454 кои го сочинуваат неверојатниот оркестар на нашиот мозок.