1 00:00:00,760 --> 00:00:02,616 Кога првпат учев да медитирам, 2 00:00:02,640 --> 00:00:05,696 ми беше дадена инструкција едноставно да го набљудувам дишењето, 3 00:00:05,720 --> 00:00:08,390 а кога ќе залутам со умот, пак да се вратам на дишењето. 4 00:00:08,640 --> 00:00:10,000 Звучеше едноставно. 5 00:00:10,680 --> 00:00:13,896 Но кога ќе отидев да медитирам, се потев во маица, иако беше зима. 6 00:00:14,148 --> 00:00:17,148 Секогаш кога ќе ми се укажеше прилика гледав да дремнам 7 00:00:17,280 --> 00:00:20,616 бидејќи беше многу тешко. 8 00:00:20,640 --> 00:00:22,640 Всушност, беше исцрпувачко. 9 00:00:23,400 --> 00:00:25,136 Инструкцијата беше многу едноставна, 10 00:00:25,160 --> 00:00:27,280 но јас испуштав нешто навистина важно. 11 00:00:28,320 --> 00:00:30,560 Зошто е толку тешко да одржуваш внимание? 12 00:00:31,080 --> 00:00:32,536 Студиите покажуваат 13 00:00:32,560 --> 00:00:35,736 дека дури и кога навистина се обидуваме да внимаваме на нешто -- 14 00:00:35,760 --> 00:00:37,336 како на овој говор -- 15 00:00:37,360 --> 00:00:38,576 во одреден момент, 16 00:00:38,600 --> 00:00:40,936 околу половина од нас залутуваат со мислите, 17 00:00:40,960 --> 00:00:43,040 или имаат потреба да проверат Твитер. 18 00:00:44,360 --> 00:00:45,880 Што всушност се случува? 19 00:00:47,000 --> 00:00:50,456 Ние се бориме со еден од најстарите процеси 20 00:00:50,480 --> 00:00:53,010 на учење кој е продукт на долгата еволуција, 21 00:00:53,010 --> 00:00:54,576 процес на учење кој се среќава 22 00:00:54,600 --> 00:00:57,260 и кај наједноставните нервни системи познати на човекот. 23 00:00:57,410 --> 00:00:59,496 Овој процес на учење заснован на награди 24 00:00:59,520 --> 00:01:01,696 се вика позитивно и негативно поткрепување, 25 00:01:01,720 --> 00:01:03,280 и во основа оди вака. 26 00:01:04,200 --> 00:01:05,896 Ќе видиме храна која изгледа добро, 27 00:01:05,920 --> 00:01:08,460 нашиот мозок вели, "Калории! ... Преживување!" 28 00:01:08,460 --> 00:01:10,136 Ја јадеме храната, ја вкусуваме -- 29 00:01:10,160 --> 00:01:11,376 има добар вкус. 30 00:01:11,400 --> 00:01:12,936 И особено ако има шеќер, 31 00:01:12,960 --> 00:01:15,406 нашите тела испраќаат сигнал до мозокот, кој вели, 32 00:01:15,406 --> 00:01:18,120 "Запамти што јадеш и од каде си го нашол тоа." 33 00:01:19,280 --> 00:01:22,016 Го зачувуваме ова контекстуално сеќавање 34 00:01:22,040 --> 00:01:24,496 и учиме да го повторуваме процесот и следниот пат. 35 00:01:24,520 --> 00:01:25,736 Гледаш храна, 36 00:01:25,760 --> 00:01:27,456 јадеш храна, добро се чувствуваш, 37 00:01:27,480 --> 00:01:28,936 повтори. 38 00:01:28,960 --> 00:01:31,576 Поттик, однесување, награда. 39 00:01:31,600 --> 00:01:32,800 Едноставно, така? 40 00:01:33,500 --> 00:01:36,056 После некое време, нашите креативни мозоци велат, 41 00:01:36,080 --> 00:01:37,296 "Знаеш што? 42 00:01:37,320 --> 00:01:40,936 Може да ме користиш и за друго, а не само за памтење каде е храната. 43 00:01:40,960 --> 00:01:43,136 Знаеш, следниот пат кога ќе ти биде лошо, 44 00:01:43,160 --> 00:01:46,600 зошто не пробаш нешто вкусно за да се чувствуваш подобро?" 45 00:01:47,330 --> 00:01:49,736 Му благодариме на мозокот за оваа одлична идеја, 46 00:01:49,760 --> 00:01:51,336 пробај и брзо ќе научиш 47 00:01:51,360 --> 00:01:54,656 дека ако јадеш чоколадо или сладолед кога си лут или тажен, 48 00:01:54,680 --> 00:01:56,150 потоа подобро се чувствуваш. 49 00:01:56,640 --> 00:01:58,016 Ист процес, 50 00:01:58,040 --> 00:01:59,776 само друг поттик. 51 00:01:59,800 --> 00:02:02,896 Наместо сигналот на глад кој доаѓа од стомакот, 52 00:02:02,920 --> 00:02:04,896 емоционалниот сигнал -- тагата -- 53 00:02:04,920 --> 00:02:06,660 го активира нагонот за јадење. 54 00:02:07,040 --> 00:02:08,560 Можеби во тинејџерските години, 55 00:02:09,199 --> 00:02:10,600 сме биле бубалица во школо, 56 00:02:11,600 --> 00:02:14,260 и сме виделе како фраерите надвор пушат и сме помислиле, 57 00:02:14,260 --> 00:02:15,766 "Еј, сакам и јас да сум фраер." 58 00:02:15,766 --> 00:02:17,040 И сме почнале да пушиме. 59 00:02:17,800 --> 00:02:21,536 "Марлборо Мажот" не беше шутрак, а тоа не е случајно. 60 00:02:21,560 --> 00:02:22,776 Гледаш фраер, 61 00:02:22,800 --> 00:02:24,096 пушиш за да си фраер, 62 00:02:24,120 --> 00:02:25,936 убаво ти е. Повтори. 63 00:02:25,960 --> 00:02:27,960 Поттик, однесување, награда. 64 00:02:28,310 --> 00:02:29,896 И секој пат кога го правиме ова, 65 00:02:29,920 --> 00:02:31,866 учиме да го повторуваме процесот 66 00:02:31,866 --> 00:02:33,200 и ни станува навика. 67 00:02:33,920 --> 00:02:35,216 Па подоцна, 68 00:02:35,240 --> 00:02:38,856 самиот стрес ја активира потребата да пушиме цигари 69 00:02:38,880 --> 00:02:40,280 или да јадеме нешто благо. 70 00:02:41,200 --> 00:02:44,136 Значи, способноста да формираме навика 71 00:02:44,160 --> 00:02:46,056 прво ни помагала да преживееме, 72 00:02:46,080 --> 00:02:48,936 а сега буквално нè убива. 73 00:02:48,960 --> 00:02:50,216 Дебелината и пушењето 74 00:02:50,240 --> 00:02:54,520 се меѓу водечките причинители на морбидност и смртност во светот. 75 00:02:55,060 --> 00:02:56,880 Да се навратам на моето дишење. 76 00:02:57,720 --> 00:03:00,096 Што ако наместо да се бориме со нашиот мозок, 77 00:03:00,120 --> 00:03:02,656 наместо да се присилуваме да внимаваме, 78 00:03:02,680 --> 00:03:06,696 ако наместо тоа го користиме природниот, процес на учење заснован на награди, 79 00:03:06,720 --> 00:03:07,920 но со мала измена? 80 00:03:08,520 --> 00:03:10,576 Што ако едноставно станеме љубопитни 81 00:03:10,600 --> 00:03:13,096 за тоа што ни се случува во самиот момент? 82 00:03:13,120 --> 00:03:14,656 Ќе ви дадам пример. 83 00:03:14,680 --> 00:03:16,466 Во мојата лабораторија, истражувавме 84 00:03:16,466 --> 00:03:20,076 дали медитацијата може да им помогне на луѓето да се откажат од пушењето. 85 00:03:20,076 --> 00:03:22,936 Исто како што јас се присилував да внимавам на дишењето, 86 00:03:22,960 --> 00:03:26,216 тие би можеле да се натераат самите себе да прекинат со пушењето. 87 00:03:26,240 --> 00:03:29,176 Повеќето од нив го пробале веќе ова, но безуспешно -- 88 00:03:29,200 --> 00:03:31,120 во просек, шест пати. 89 00:03:31,960 --> 00:03:33,456 Преку медитацијата, 90 00:03:33,480 --> 00:03:36,800 не вршиме присила, туку се обидуваме да ја користиме љубопитноста. 91 00:03:37,600 --> 00:03:40,816 Всушност, дури и им кажавме да пушат. 92 00:03:40,840 --> 00:03:42,816 Што? Да, им рековме, "Слободно пушете, 93 00:03:42,840 --> 00:03:46,376 само бидете навистина љубопитни за тоа како е кога го правите тоа." 94 00:03:46,400 --> 00:03:48,096 И што забележаа? 95 00:03:48,120 --> 00:03:50,816 Еве еден пример од еден од нашите пушачи. 96 00:03:50,840 --> 00:03:52,576 Таа рече, "Потполно свесно пушење: 97 00:03:52,600 --> 00:03:54,216 мириса на расипано сирење 98 00:03:54,240 --> 00:03:55,856 и има вкус на хемикалии, 99 00:03:55,880 --> 00:03:57,080 Одвратно!" 100 00:03:57,680 --> 00:04:01,056 На интелектуално ниво таа знаеше дека пушењето е лошо за неа, 101 00:04:01,080 --> 00:04:02,960 затоа и се приклучи на нашата програма. 102 00:04:03,680 --> 00:04:08,216 Она што откри едноставно со тоа што беше љубопитно свесна додека пушеше 103 00:04:08,240 --> 00:04:11,376 е дека пушењето има вкус на гомна. 104 00:04:11,400 --> 00:04:13,080 (Смеа) 105 00:04:14,360 --> 00:04:18,375 Напредуваше од знаење кон мудрост. 106 00:04:18,399 --> 00:04:21,495 Дотогаш знаеше со главата дека пушењето е лошо за неа, 107 00:04:21,519 --> 00:04:23,976 а тогаш знаењето ѝ се врежа и во коските 108 00:04:24,000 --> 00:04:26,296 и клетвата наречена пушење беше симната. 109 00:04:26,320 --> 00:04:29,680 Таа почна да го преиспитува своето однесување. 110 00:04:30,960 --> 00:04:33,056 Префронталниот кортекс, 111 00:04:33,080 --> 00:04:36,616 најмладиот дел од мозокот гледано еволуциски, 112 00:04:36,640 --> 00:04:40,696 на интелектуално ниво разбира дека не треба да пушиме. 113 00:04:40,720 --> 00:04:44,536 И се труди да ни помогне да го смениме однесувањето, 114 00:04:44,560 --> 00:04:45,896 да ни помогне да не пушиме, 115 00:04:45,920 --> 00:04:50,040 да ни помогне да прекинеме со јадењето на благи работи. 116 00:04:50,580 --> 00:04:52,456 Ова го нарекуваме когнитивна контрола. 117 00:04:52,480 --> 00:04:55,920 Ја користиме когницијата за да го контролираме сопственото однесување. 118 00:04:55,960 --> 00:04:57,176 За жал, 119 00:04:57,200 --> 00:04:59,136 ова е и првиот дел од нашиот мозок 120 00:04:59,160 --> 00:05:01,176 што се исклучува кога сме под стрес, 121 00:05:01,200 --> 00:05:02,456 што не е добро. 122 00:05:02,480 --> 00:05:04,957 Сите сме имале такво искуство. 123 00:05:04,981 --> 00:05:07,970 Многу почесто им се дереме на партнерите и децата 124 00:05:07,970 --> 00:05:09,776 тогаш кога сме уморни или под стрес, 125 00:05:09,800 --> 00:05:12,136 иако знаеме дека тоа нема да ни помогне. 126 00:05:12,160 --> 00:05:14,070 Едноставно не можеме да одолееме. 127 00:05:15,120 --> 00:05:17,296 Кога ќе се исклучи префронталниот кортекс, 128 00:05:17,320 --> 00:05:19,536 ни се враќаат старите навики, 129 00:05:19,560 --> 00:05:22,416 и токму затоа нивното преиспитување е многу важно. 130 00:05:22,440 --> 00:05:24,096 Гледајќи што ни носат навиките 131 00:05:24,120 --> 00:05:26,296 ни помага да ги разбереме суштински -- 132 00:05:26,320 --> 00:05:27,576 да ги спознаеме длабоко 133 00:05:27,600 --> 00:05:29,600 а со самото тоа и нема да имаме 134 00:05:29,600 --> 00:05:31,916 потреба со сила да го контролираме однесувањето. 135 00:05:31,916 --> 00:05:34,416 Тоа едноставно нас не нè интересира. 136 00:05:34,440 --> 00:05:36,976 Медитацијата се состои од ова: 137 00:05:37,000 --> 00:05:40,680 Да видиме јасно што ни се случува кога правиме нешто, 138 00:05:41,560 --> 00:05:45,136 да се ослободиме од илузиите и од оваа позиција 139 00:05:45,160 --> 00:05:48,280 да оставиме работите да течат по својот тек природно. 140 00:05:48,920 --> 00:05:52,220 Не велам дека, наеднаш ќе престанеме да пушиме. 141 00:05:52,220 --> 00:05:55,056 Но со тек на време, како што учиме да гледаме сè појасно, 142 00:05:55,080 --> 00:05:56,416 резултатот од тоа е 143 00:05:56,440 --> 00:05:59,080 ослободување од старите и градење на нови навики. 144 00:06:00,120 --> 00:06:01,456 Парадоксот е тоа 145 00:06:01,480 --> 00:06:04,296 што медитацијата подразбира љубопитност 146 00:06:04,320 --> 00:06:05,736 и желба за спознавање на она 147 00:06:05,760 --> 00:06:08,336 што всушност се случува во нашите тела и умови 148 00:06:08,360 --> 00:06:09,976 од еден до друг момент. 149 00:06:10,000 --> 00:06:12,546 Тоа е спремност да се свртиме кон нашето доживување 150 00:06:12,546 --> 00:06:16,220 наместо да се обидуваме да ги потиснеме непријатните чувства. 151 00:06:16,760 --> 00:06:19,336 Спремноста да се свртиме кон нашето доживување 152 00:06:19,360 --> 00:06:21,216 е поддржана од љубопитноста, 153 00:06:21,240 --> 00:06:22,976 која природно ни носи задоволство. 154 00:06:23,000 --> 00:06:24,736 Какво е чувството кога си љубопитен? 155 00:06:24,760 --> 00:06:25,960 Тогаш ни е убаво. 156 00:06:26,750 --> 00:06:28,960 И што се случува кога сме љубопитни? 157 00:06:28,960 --> 00:06:32,816 Почнуваме да забележуваме дека нагоните се состојат од телесни сензации -- 158 00:06:32,840 --> 00:06:35,096 ту напнатост, ту тензија, 159 00:06:35,120 --> 00:06:36,776 или немир -- 160 00:06:36,800 --> 00:06:39,240 и дека овие телесни сензации доаѓаат и си одат. 161 00:06:39,880 --> 00:06:42,856 Ова се малечки делчиња од нашето искуство 162 00:06:42,880 --> 00:06:45,356 со кои можеме да се носиме од еден до друг момент 163 00:06:45,356 --> 00:06:49,056 наместо да дозволиме да нè проголта 164 00:06:49,080 --> 00:06:50,456 големиот и страшен нагон. 165 00:06:50,480 --> 00:06:52,976 Со други зборови, кога сме љубопитни, 166 00:06:53,000 --> 00:06:57,736 ние се ослободуваме од нашите стари, реактивни навики водени од страв, 167 00:06:57,760 --> 00:06:59,976 и зачекоруваме во бивствувањето. 168 00:07:00,000 --> 00:07:02,896 Стануваме научник на внатрешниот свет 169 00:07:02,920 --> 00:07:06,136 каде со нетрпение го чекаме следниот податок. 170 00:07:06,160 --> 00:07:10,696 Ова можеби ви звучи како многу едноставно за да може да влијае врз однесувањето. 171 00:07:10,720 --> 00:07:13,176 Но во една студија, откривме дека медитацијата 172 00:07:13,200 --> 00:07:17,096 е двапати подобра од најдобрата терапија за откажување на цигарите. 173 00:07:17,120 --> 00:07:18,560 Значи функционира. 174 00:07:19,800 --> 00:07:22,616 Кога ги проучувавме мозоците на искусни медитатори, 175 00:07:22,640 --> 00:07:26,320 откривме дека улога играат делови од нервната мрежа за себе-процесирање. 176 00:07:26,320 --> 00:07:28,056 Оваа мрежа е позната како мрежа на 177 00:07:28,080 --> 00:07:29,296 вообичаен режим. 178 00:07:29,320 --> 00:07:32,256 Моментално постои теза дека еден регион од оваа мрежа, 179 00:07:32,280 --> 00:07:34,496 наречен постериорен цингулатен кортекс, 180 00:07:34,520 --> 00:07:37,256 се активира не од самиот нагон 181 00:07:37,280 --> 00:07:39,896 туку тогаш кога тој ќе нè зароби, кога ќе не вшмука, 182 00:07:39,920 --> 00:07:41,616 и ќе почне да нè вози. 183 00:07:41,640 --> 00:07:43,736 Од друга страна пак, кога 184 00:07:43,760 --> 00:07:45,136 ќе излеземе од овој процес 185 00:07:45,160 --> 00:07:48,286 со самото тоа што сме љубопитно свесни за она што се случува -- 186 00:07:48,286 --> 00:07:50,020 истиот овој мозочен регион се гаси. 187 00:07:51,320 --> 00:07:55,416 Моментално тестираме апликација и онлајн програми за медитација 188 00:07:55,440 --> 00:07:58,576 кои ги таргетираат овие клучни механизми 189 00:07:58,600 --> 00:08:02,630 и, иронично, ја користиме технологијата која ни го одвлекува вниманието, 190 00:08:02,630 --> 00:08:05,656 овојпат за да ни помогне да се ослободиме од нездравите навики 191 00:08:05,680 --> 00:08:09,470 како што е пушењето, јадење за време на стрес и другите зависности. 192 00:08:09,470 --> 00:08:12,296 Е сега, нели рековме дека меморијата зависи од контекстот? 193 00:08:12,320 --> 00:08:15,216 Овие алатки можеме да им ги понудиме на луѓето 194 00:08:15,240 --> 00:08:17,496 токму тогаш кога им се најпотребни. 195 00:08:17,520 --> 00:08:18,736 Можеме да им помогнеме 196 00:08:18,760 --> 00:08:21,946 да го разбудат нивниот вроден капацитет за љубопитна свесност 197 00:08:21,946 --> 00:08:25,540 токму кога ќе се појави нагонот за пушење, јадење или што да е. 198 00:08:25,540 --> 00:08:28,456 Ако не пушите или не ве тера да јадете кога сте под стрес, 199 00:08:28,480 --> 00:08:32,135 можеби некогаш ќе осетите потреба да го проверите мејлот кога ви е досадно, 200 00:08:32,159 --> 00:08:34,399 или ќе пробате да не мислите на работата, 201 00:08:34,423 --> 00:08:38,222 или непрекинато ќе одговарате на пораки додека возите, 202 00:08:39,080 --> 00:08:42,260 во тој момент пробајте да го разбудите овој природен капацитет, 203 00:08:42,260 --> 00:08:44,120 бидете едноставно љубопитни и свесни 204 00:08:44,120 --> 00:08:47,096 за тоа што се ви се случува во телото и умот во самиот момент. 205 00:08:47,096 --> 00:08:48,656 Тоа ќе биде уште една прилика 206 00:08:48,680 --> 00:08:52,336 да ги зајакнеме уште повеќе нашите навики 207 00:08:52,360 --> 00:08:53,840 или да се ослободиме од нив. 208 00:08:54,080 --> 00:08:56,976 Наместо компулзивно да враќате на пораките, 209 00:08:57,000 --> 00:08:58,736 како би се чувствувале подобро, 210 00:08:58,760 --> 00:09:00,216 забележете го нагонот, 211 00:09:00,240 --> 00:09:01,696 станете љубопитни, 212 00:09:01,720 --> 00:09:03,786 осетете ја радоста на слободното препуштање 213 00:09:03,786 --> 00:09:04,880 и така повторувајте. 214 00:09:05,440 --> 00:09:06,656 Ви благодарам. 215 00:09:06,680 --> 00:09:09,040 (Аплауз)