WEBVTT 00:00:05.504 --> 00:00:07.398 Кога бев дете, 00:00:07.398 --> 00:00:10.959 најмногу стравувавме од нуклеарна војна. 00:00:11.819 --> 00:00:15.085 Затоа, во подрумот имавме вакво буре 00:00:15.085 --> 00:00:17.656 полно со конзерви храна и вода. 00:00:18.256 --> 00:00:19.901 Во случај на нуклеарен напад, 00:00:19.901 --> 00:00:24.637 требаше да слеземе долу, да се скриеме и да јадеме од бурето. NOTE Paragraph 00:00:25.877 --> 00:00:29.597 Денес, најголемиот ризик од глобална катастрофа 00:00:29.597 --> 00:00:32.457 не изгледа вака. 00:00:32.457 --> 00:00:35.238 Сега, изгледа вака. 00:00:36.438 --> 00:00:41.929 Ако нешто убие над 10 милиони луѓе во наредните неколку децении, 00:00:41.929 --> 00:00:45.314 најверојатно тоа ќе биде високо заразен вирус, 00:00:45.314 --> 00:00:47.792 а не војна. 00:00:47.792 --> 00:00:51.679 Не проектили, туку микроби. 00:00:51.679 --> 00:00:53.878 Делумно, причината за ова е 00:00:53.878 --> 00:00:58.081 големата инвестиција во одвикнување од нуклеарното оружје. 00:00:58.081 --> 00:01:03.179 Но, немаме инвестирано доволно во систем што би сопрел епидемија. 00:01:04.129 --> 00:01:07.463 Не сме подготвени за следната епидемија. NOTE Paragraph 00:01:08.023 --> 00:01:09.758 Да го погледеме примерот со еболата. 00:01:09.758 --> 00:01:13.615 Сигурно сите читавте за неа во весниците, 00:01:13.615 --> 00:01:15.221 за многуте предизвици. 00:01:15.221 --> 00:01:18.876 Јас ја следев внимателно преку аналитички алатки 00:01:18.876 --> 00:01:23.721 со кои го набљудувавме искоренувањето на детската парализа. 00:01:23.721 --> 00:01:25.573 И кога ќе видите што се случи, 00:01:25.573 --> 00:01:30.081 сфаќате дека проблемот не беше нефункционалниот систем, 00:01:30.081 --> 00:01:33.649 туку неговото непостоење. 00:01:34.589 --> 00:01:39.028 Всушност, имаше видливи недостатоци. NOTE Paragraph 00:01:39.028 --> 00:01:43.940 Немавме група на епидемиолози подготвени да реагираат на терен, 00:01:43.940 --> 00:01:47.696 да видат каква е болеста, да видат колку се раширила. 00:01:47.696 --> 00:01:50.452 Извештаите доаѓаа на хартија. 00:01:50.452 --> 00:01:52.808 На интернет се поставуваа со задоцнување, 00:01:52.808 --> 00:01:55.032 и беа многу неверодостојни. 00:01:55.402 --> 00:01:57.958 Немавме медицински тим што е подготвен да дејствува. 00:01:57.958 --> 00:02:00.453 Немавме начин како да ги подготвиме луѓето. 00:02:00.453 --> 00:02:05.784 "Лекари без граници" одлично ги координираа доброволците. 00:02:05.784 --> 00:02:08.880 Но сепак, бевме поспори од што требаше 00:02:08.880 --> 00:02:12.022 при носењето илјадници стручни лица во овие земји. 00:02:12.022 --> 00:02:19.507 За голема епидемија, потребни ни се стотици илјади стручни лица. 00:02:20.752 --> 00:02:25.155 Немаше кој да го надгледува пристапот на лекување. 00:02:25.155 --> 00:02:26.946 Никој да види како се дијагностицира. 00:02:26.946 --> 00:02:30.243 Никој, кој може да одреди кои средства треба да се користат. 00:02:30.243 --> 00:02:33.723 На пример, можевме да земеме крв од преживеаните, 00:02:33.723 --> 00:02:39.158 да ја процесираме и искористиме плазмата за да ги заштитиме луѓето. 00:02:39.158 --> 00:02:41.764 Но, тоа никогаш не се испроба. NOTE Paragraph 00:02:41.764 --> 00:02:43.520 Имаше многу недостатоци. 00:02:43.520 --> 00:02:47.415 А ваквите нешта се глобален неуспех. 00:02:48.305 --> 00:02:54.863 СЗО е финансирана да ги следи епидемиите, но не и да ги прави останативе работи. 00:02:55.049 --> 00:02:57.842 Во филмовите сè е поинаку. 00:02:57.842 --> 00:03:02.674 Имате група од згодни епидемиолози подготвени за акција. 00:03:02.674 --> 00:03:08.446 Упаѓаат, ја спасуваат ситуацијата, но сето тоа е само Холивуд. NOTE Paragraph 00:03:10.177 --> 00:03:14.287 Ако не се подготвиме соодветно, следната епидемија 00:03:14.287 --> 00:03:18.085 може да биде драстично попогубна од еболата. 00:03:18.735 --> 00:03:23.531 Да ја погледнеме прогресијата на ебола во текот на годинава (2015). 00:03:24.311 --> 00:03:27.149 Околу 10 000 луѓе починаа, 00:03:27.149 --> 00:03:31.846 и речиси сите беа од три западноафрички земји. 00:03:31.846 --> 00:03:34.433 Има 3 причини зошто не се рашири повеќе. 00:03:34.433 --> 00:03:38.874 Првата е поради херојската работа на здравствените работници. 00:03:38.874 --> 00:03:42.136 Тие ги најдоа луѓето и спречија понатамошни инфекции. 00:03:42.136 --> 00:03:44.621 Втората е поради природата на вирусот. 00:03:44.621 --> 00:03:47.697 Еболата не се пренсува преку воздух. 00:03:47.697 --> 00:03:49.810 И додека се заразни, 00:03:49.810 --> 00:03:53.120 повеќето луѓе се толку болни, што не стануваат од кревет. 00:03:54.220 --> 00:03:58.411 Третата е затоа што не стигна до многу урбани места. 00:03:58.411 --> 00:04:00.115 А тоа беше чиста среќа. 00:04:00.115 --> 00:04:02.355 Да стигнеше до повеќе урбани места, 00:04:02.355 --> 00:04:05.877 бројот на случаи ќе беше далеку поголем. NOTE Paragraph 00:04:05.877 --> 00:04:09.466 Следниот пат, можеби ќе немаме ваквка среќа. 00:04:09.466 --> 00:04:14.530 Може да имаме вирус каде заболените се чувствуваат добро, иако се заразни 00:04:14.530 --> 00:04:17.842 па се возат со авион или одат во продавница. 00:04:17.842 --> 00:04:20.846 Изворот на вирусот може да е природна епидемија како еболата, 00:04:20.846 --> 00:04:22.826 но може да биде и биотероризам. 00:04:22.826 --> 00:04:27.474 Значи, постои можност нештата да бидат далеку полоши. NOTE Paragraph 00:04:27.474 --> 00:04:33.475 Всушност, да погледнеме модел на вирус кој се шири преку воздух, 00:04:33.475 --> 00:04:37.070 како шпанскиот грип од 1918 г. 00:04:37.630 --> 00:04:39.560 Еве што би се случило: 00:04:39.560 --> 00:04:43.558 би се проширил низ светот со огромна брзина. 00:04:43.558 --> 00:04:48.683 Можете да видите дека над 30 милиони луѓе починале од таа епидемија. 00:04:48.683 --> 00:04:50.496 Ова е сериозен проблем. 00:04:50.496 --> 00:04:52.257 И треба да нè загрижи. NOTE Paragraph 00:04:52.257 --> 00:04:56.692 Всушност, можеме да изградиме солиден одбранбен систем. 00:04:56.692 --> 00:05:01.836 Ги имаме научните и технолошките придобивки. 00:05:01.836 --> 00:05:02.973 Имаме мобилни телефони 00:05:02.973 --> 00:05:06.140 за да добиваме и даваме информации на јавноста. 00:05:06.140 --> 00:05:10.319 Имаме сателитски мапи, со кои следиме каде се луѓето и каде се движат. 00:05:10.319 --> 00:05:12.627 Имаме предност во биологијата 00:05:12.627 --> 00:05:16.453 која може драматично да го намали времето за испитување на патогенот 00:05:16.453 --> 00:05:21.322 и да создадеме соодветни лекови и вакцини. 00:05:21.322 --> 00:05:22.888 Ги имаме средствата, 00:05:22.888 --> 00:05:27.500 но тие треба да се стават во глобален здравствен систем. 00:05:27.500 --> 00:05:29.793 И ни треба подготвеност за тоа. NOTE Paragraph 00:05:29.793 --> 00:05:32.257 Според мене, најдобри лекции како да се подготвиме 00:05:32.257 --> 00:05:34.758 добиваме од начинот на кој војуваме. 00:05:34.758 --> 00:05:39.005 Имаме доволно време додека војниците чекаат. 00:05:39.005 --> 00:05:42.316 Имаме резерви во голем број. 00:05:42.316 --> 00:05:46.005 НАТО има мобилна единица што може да се распореди многу брзо. 00:05:46.005 --> 00:05:49.455 НАТО спроведува воени вежби за да провери дали луѓето се подготвени. 00:05:49.455 --> 00:05:51.883 Проверува дали се разбираат во гориво и логистика 00:05:51.883 --> 00:05:54.241 и дали се разбираат на исти радио фреквенции? 00:05:54.241 --> 00:05:56.779 Значи, апсолутно се подготвени за акција. 00:05:56.779 --> 00:06:01.134 Тоа се потребните нешта за соочување со епидемија. NOTE Paragraph 00:06:01.134 --> 00:06:03.301 Кои се најважните работи? 00:06:03.301 --> 00:06:08.591 Прво - цврсти здравствени системи во сиромашните земји. 00:06:08.591 --> 00:06:11.778 Таму каде мајките можат да се породат безбедно, 00:06:11.778 --> 00:06:13.465 и децата ќе ги примат сите вакцини. 00:06:13.465 --> 00:06:17.634 Но исто така, и каде што заразата ќе се открие многу брзо. 00:06:17.854 --> 00:06:19.935 Потребни ни се резервни медицински корпуси; 00:06:19.935 --> 00:06:22.501 многу обучени и искусни луѓе, 00:06:22.501 --> 00:06:25.853 подготвени да дејствуваат, со нивната експертиза. 00:06:25.853 --> 00:06:30.266 Потоа, треба да ги поврземе медицинските лица со војската, 00:06:30.266 --> 00:06:34.417 и да ја искористиме војската за брзо движење, логистика 00:06:34.417 --> 00:06:36.220 и за обезбедување на подрачјата. 00:06:36.220 --> 00:06:39.129 Потребно е да направиме симулации, 00:06:39.129 --> 00:06:43.927 "вирусни" вежби, наместо воени вежби, за да видиме каде се пропустите. 00:06:43.927 --> 00:06:46.723 Последниот пат кога спроведовме "вирусна" вежба во САД 00:06:46.723 --> 00:06:50.443 беше во 2001 г., и не помина добро. 00:06:50.453 --> 00:06:55.490 До сега, вирусите водат 1:0. 00:06:55.490 --> 00:07:01.609 На крај, потребно е истражување и развој на вакцините и дијагностиката. 00:07:01.609 --> 00:07:05.246 Постојат големи откритија, како адено-асоцираниот вирус, 00:07:05.246 --> 00:07:09.229 кои би можеле да делуваат многу брзо. NOTE Paragraph 00:07:09.229 --> 00:07:12.599 Немам точни пресметки колку ова би чинело, 00:07:12.599 --> 00:07:17.095 но, знам дека е многу поевтино споредено со потенцијалната штета. 00:07:17.095 --> 00:07:21.740 Светската банка проценува дека при светска епидемија на грип, 00:07:21.740 --> 00:07:25.465 светското богатство ќе се намали за над 3 трилиони долари 00:07:25.465 --> 00:07:29.332 и ќе имаме милиони и милиони смртни случаи. 00:07:29.332 --> 00:07:32.317 Овие инвестиции нудат значајни придобивки 00:07:32.317 --> 00:07:34.518 и значат повеќе од подготвеност за епидемија. 00:07:34.518 --> 00:07:36.982 Примарното здравство, истражувањето и развојот, 00:07:36.982 --> 00:07:39.812 ќе ги намалат трошоците во светското здравство 00:07:39.812 --> 00:07:43.502 и ќе го направат светот поправичен и побезбеден. NOTE Paragraph 00:07:43.502 --> 00:07:46.864 Затоа, сметам дека ова треба да ни биде приоритет. 00:07:47.514 --> 00:07:48.980 Нема потерба од паника. 00:07:48.980 --> 00:07:53.469 Не треба да складираме шпагети или да се криеме во подрум. 00:07:53.469 --> 00:07:57.309 Но, мора да почнеме веднаш, бидејќи времето не е на наша страна. NOTE Paragraph 00:07:57.309 --> 00:08:03.524 Една позитивна работа од епидемијата на ебола е 00:08:03.524 --> 00:08:09.330 дека може да послужи како предупредување, повик да се освестиме и подготвиме. 00:08:09.330 --> 00:08:14.978 Ако почнеме сега, ќе бидеме подготвени за следната епидемија. NOTE Paragraph 00:08:14.978 --> 00:08:16.574 Ви благодарам. NOTE Paragraph 00:08:16.574 --> 00:08:19.868 (Аплауз)