1 00:00:05,504 --> 00:00:07,398 Кога бев дете, 2 00:00:07,398 --> 00:00:10,959 најмногу стравувавме од нуклеарна војна. 3 00:00:11,819 --> 00:00:15,085 Затоа, во подрумот имавме вакво буре 4 00:00:15,085 --> 00:00:17,656 полно со конзерви храна и вода. 5 00:00:18,256 --> 00:00:19,901 Во случај на нуклеарен напад, 6 00:00:19,901 --> 00:00:24,637 требаше да слеземе долу, да се скриеме и да јадеме од бурето. 7 00:00:25,877 --> 00:00:29,597 Денес, најголемиот ризик од глобална катастрофа 8 00:00:29,597 --> 00:00:32,457 не изгледа вака. 9 00:00:32,457 --> 00:00:35,238 Сега, изгледа вака. 10 00:00:36,438 --> 00:00:41,929 Ако нешто убие над 10 милиони луѓе во наредните неколку децении, 11 00:00:41,929 --> 00:00:45,314 најверојатно тоа ќе биде високо заразен вирус, 12 00:00:45,314 --> 00:00:47,792 а не војна. 13 00:00:47,792 --> 00:00:51,679 Не проектили, туку микроби. 14 00:00:51,679 --> 00:00:53,878 Делумно, причината за ова е 15 00:00:53,878 --> 00:00:58,081 големата инвестиција во одвикнување од нуклеарното оружје. 16 00:00:58,081 --> 00:01:03,179 Но, немаме инвестирано доволно во систем што би сопрел епидемија. 17 00:01:04,129 --> 00:01:07,463 Не сме подготвени за следната епидемија. 18 00:01:08,023 --> 00:01:09,758 Да го погледеме примерот со еболата. 19 00:01:09,758 --> 00:01:13,615 Сигурно сите читавте за неа во весниците, 20 00:01:13,615 --> 00:01:15,221 за многуте предизвици. 21 00:01:15,221 --> 00:01:18,876 Јас ја следев внимателно преку аналитички алатки 22 00:01:18,876 --> 00:01:23,721 со кои го набљудувавме искоренувањето на детската парализа. 23 00:01:23,721 --> 00:01:25,573 И кога ќе видите што се случи, 24 00:01:25,573 --> 00:01:30,081 сфаќате дека проблемот не беше нефункционалниот систем, 25 00:01:30,081 --> 00:01:33,649 туку неговото непостоење. 26 00:01:34,589 --> 00:01:39,028 Всушност, имаше видливи недостатоци. 27 00:01:39,028 --> 00:01:43,940 Немавме група на епидемиолози подготвени да реагираат на терен, 28 00:01:43,940 --> 00:01:47,696 да видат каква е болеста, да видат колку се раширила. 29 00:01:47,696 --> 00:01:50,452 Извештаите доаѓаа на хартија. 30 00:01:50,452 --> 00:01:52,808 На интернет се поставуваа со задоцнување, 31 00:01:52,808 --> 00:01:55,032 и беа многу неверодостојни. 32 00:01:55,402 --> 00:01:57,958 Немавме медицински тим што е подготвен да дејствува. 33 00:01:57,958 --> 00:02:00,453 Немавме начин како да ги подготвиме луѓето. 34 00:02:00,453 --> 00:02:05,784 "Лекари без граници" одлично ги координираа доброволците. 35 00:02:05,784 --> 00:02:08,880 Но сепак, бевме поспори од што требаше 36 00:02:08,880 --> 00:02:12,022 при носењето илјадници стручни лица во овие земји. 37 00:02:12,022 --> 00:02:19,507 За голема епидемија, потребни ни се стотици илјади стручни лица. 38 00:02:20,752 --> 00:02:25,155 Немаше кој да го надгледува пристапот на лекување. 39 00:02:25,155 --> 00:02:26,946 Никој да види како се дијагностицира. 40 00:02:26,946 --> 00:02:30,243 Никој, кој може да одреди кои средства треба да се користат. 41 00:02:30,243 --> 00:02:33,723 На пример, можевме да земеме крв од преживеаните, 42 00:02:33,723 --> 00:02:39,158 да ја процесираме и искористиме плазмата за да ги заштитиме луѓето. 43 00:02:39,158 --> 00:02:41,764 Но, тоа никогаш не се испроба. 44 00:02:41,764 --> 00:02:43,520 Имаше многу недостатоци. 45 00:02:43,520 --> 00:02:47,415 А ваквите нешта се глобален неуспех. 46 00:02:48,305 --> 00:02:54,863 СЗО е финансирана да ги следи епидемиите, но не и да ги прави останативе работи. 47 00:02:55,049 --> 00:02:57,842 Во филмовите сè е поинаку. 48 00:02:57,842 --> 00:03:02,674 Имате група од згодни епидемиолози подготвени за акција. 49 00:03:02,674 --> 00:03:08,446 Упаѓаат, ја спасуваат ситуацијата, но сето тоа е само Холивуд. 50 00:03:10,177 --> 00:03:14,287 Ако не се подготвиме соодветно, следната епидемија 51 00:03:14,287 --> 00:03:18,085 може да биде драстично попогубна од еболата. 52 00:03:18,735 --> 00:03:23,531 Да ја погледнеме прогресијата на ебола во текот на годинава (2015). 53 00:03:24,311 --> 00:03:27,149 Околу 10 000 луѓе починаа, 54 00:03:27,149 --> 00:03:31,846 и речиси сите беа од три западноафрички земји. 55 00:03:31,846 --> 00:03:34,433 Има 3 причини зошто не се рашири повеќе. 56 00:03:34,433 --> 00:03:38,874 Првата е поради херојската работа на здравствените работници. 57 00:03:38,874 --> 00:03:42,136 Тие ги најдоа луѓето и спречија понатамошни инфекции. 58 00:03:42,136 --> 00:03:44,621 Втората е поради природата на вирусот. 59 00:03:44,621 --> 00:03:47,697 Еболата не се пренсува преку воздух. 60 00:03:47,697 --> 00:03:49,810 И додека се заразни, 61 00:03:49,810 --> 00:03:53,120 повеќето луѓе се толку болни, што не стануваат од кревет. 62 00:03:54,220 --> 00:03:58,411 Третата е затоа што не стигна до многу урбани места. 63 00:03:58,411 --> 00:04:00,115 А тоа беше чиста среќа. 64 00:04:00,115 --> 00:04:02,355 Да стигнеше до повеќе урбани места, 65 00:04:02,355 --> 00:04:05,877 бројот на случаи ќе беше далеку поголем. 66 00:04:05,877 --> 00:04:09,466 Следниот пат, можеби ќе немаме ваквка среќа. 67 00:04:09,466 --> 00:04:14,530 Може да имаме вирус каде заболените се чувствуваат добро, иако се заразни 68 00:04:14,530 --> 00:04:17,842 па се возат со авион или одат во продавница. 69 00:04:17,842 --> 00:04:20,846 Изворот на вирусот може да е природна епидемија како еболата, 70 00:04:20,846 --> 00:04:22,826 но може да биде и биотероризам. 71 00:04:22,826 --> 00:04:27,474 Значи, постои можност нештата да бидат далеку полоши. 72 00:04:27,474 --> 00:04:33,475 Всушност, да погледнеме модел на вирус кој се шири преку воздух, 73 00:04:33,475 --> 00:04:37,070 како шпанскиот грип од 1918 г. 74 00:04:37,630 --> 00:04:39,560 Еве што би се случило: 75 00:04:39,560 --> 00:04:43,558 би се проширил низ светот со огромна брзина. 76 00:04:43,558 --> 00:04:48,683 Можете да видите дека над 30 милиони луѓе починале од таа епидемија. 77 00:04:48,683 --> 00:04:50,496 Ова е сериозен проблем. 78 00:04:50,496 --> 00:04:52,257 И треба да нè загрижи. 79 00:04:52,257 --> 00:04:56,692 Всушност, можеме да изградиме солиден одбранбен систем. 80 00:04:56,692 --> 00:05:01,836 Ги имаме научните и технолошките придобивки. 81 00:05:01,836 --> 00:05:02,973 Имаме мобилни телефони 82 00:05:02,973 --> 00:05:06,140 за да добиваме и даваме информации на јавноста. 83 00:05:06,140 --> 00:05:10,319 Имаме сателитски мапи, со кои следиме каде се луѓето и каде се движат. 84 00:05:10,319 --> 00:05:12,627 Имаме предност во биологијата 85 00:05:12,627 --> 00:05:16,453 која може драматично да го намали времето за испитување на патогенот 86 00:05:16,453 --> 00:05:21,322 и да создадеме соодветни лекови и вакцини. 87 00:05:21,322 --> 00:05:22,888 Ги имаме средствата, 88 00:05:22,888 --> 00:05:27,500 но тие треба да се стават во глобален здравствен систем. 89 00:05:27,500 --> 00:05:29,793 И ни треба подготвеност за тоа. 90 00:05:29,793 --> 00:05:32,257 Според мене, најдобри лекции како да се подготвиме 91 00:05:32,257 --> 00:05:34,758 добиваме од начинот на кој војуваме. 92 00:05:34,758 --> 00:05:39,005 Имаме доволно време додека војниците чекаат. 93 00:05:39,005 --> 00:05:42,316 Имаме резерви во голем број. 94 00:05:42,316 --> 00:05:46,005 НАТО има мобилна единица што може да се распореди многу брзо. 95 00:05:46,005 --> 00:05:49,455 НАТО спроведува воени вежби за да провери дали луѓето се подготвени. 96 00:05:49,455 --> 00:05:51,883 Проверува дали се разбираат во гориво и логистика 97 00:05:51,883 --> 00:05:54,241 и дали се разбираат на исти радио фреквенции? 98 00:05:54,241 --> 00:05:56,779 Значи, апсолутно се подготвени за акција. 99 00:05:56,779 --> 00:06:01,134 Тоа се потребните нешта за соочување со епидемија. 100 00:06:01,134 --> 00:06:03,301 Кои се најважните работи? 101 00:06:03,301 --> 00:06:08,591 Прво - цврсти здравствени системи во сиромашните земји. 102 00:06:08,591 --> 00:06:11,778 Таму каде мајките можат да се породат безбедно, 103 00:06:11,778 --> 00:06:13,465 и децата ќе ги примат сите вакцини. 104 00:06:13,465 --> 00:06:17,634 Но исто така, и каде што заразата ќе се открие многу брзо. 105 00:06:17,854 --> 00:06:19,935 Потребни ни се резервни медицински корпуси; 106 00:06:19,935 --> 00:06:22,501 многу обучени и искусни луѓе, 107 00:06:22,501 --> 00:06:25,853 подготвени да дејствуваат, со нивната експертиза. 108 00:06:25,853 --> 00:06:30,266 Потоа, треба да ги поврземе медицинските лица со војската, 109 00:06:30,266 --> 00:06:34,417 и да ја искористиме војската за брзо движење, логистика 110 00:06:34,417 --> 00:06:36,220 и за обезбедување на подрачјата. 111 00:06:36,220 --> 00:06:39,129 Потребно е да направиме симулации, 112 00:06:39,129 --> 00:06:43,927 "вирусни" вежби, наместо воени вежби, за да видиме каде се пропустите. 113 00:06:43,927 --> 00:06:46,723 Последниот пат кога спроведовме "вирусна" вежба во САД 114 00:06:46,723 --> 00:06:50,443 беше во 2001 г., и не помина добро. 115 00:06:50,453 --> 00:06:55,490 До сега, вирусите водат 1:0. 116 00:06:55,490 --> 00:07:01,609 На крај, потребно е истражување и развој на вакцините и дијагностиката. 117 00:07:01,609 --> 00:07:05,246 Постојат големи откритија, како адено-асоцираниот вирус, 118 00:07:05,246 --> 00:07:09,229 кои би можеле да делуваат многу брзо. 119 00:07:09,229 --> 00:07:12,599 Немам точни пресметки колку ова би чинело, 120 00:07:12,599 --> 00:07:17,095 но, знам дека е многу поевтино споредено со потенцијалната штета. 121 00:07:17,095 --> 00:07:21,740 Светската банка проценува дека при светска епидемија на грип, 122 00:07:21,740 --> 00:07:25,465 светското богатство ќе се намали за над 3 трилиони долари 123 00:07:25,465 --> 00:07:29,332 и ќе имаме милиони и милиони смртни случаи. 124 00:07:29,332 --> 00:07:32,317 Овие инвестиции нудат значајни придобивки 125 00:07:32,317 --> 00:07:34,518 и значат повеќе од подготвеност за епидемија. 126 00:07:34,518 --> 00:07:36,982 Примарното здравство, истражувањето и развојот, 127 00:07:36,982 --> 00:07:39,812 ќе ги намалат трошоците во светското здравство 128 00:07:39,812 --> 00:07:43,502 и ќе го направат светот поправичен и побезбеден. 129 00:07:43,502 --> 00:07:46,864 Затоа, сметам дека ова треба да ни биде приоритет. 130 00:07:47,514 --> 00:07:48,980 Нема потерба од паника. 131 00:07:48,980 --> 00:07:53,469 Не треба да складираме шпагети или да се криеме во подрум. 132 00:07:53,469 --> 00:07:57,309 Но, мора да почнеме веднаш, бидејќи времето не е на наша страна. 133 00:07:57,309 --> 00:08:03,524 Една позитивна работа од епидемијата на ебола е 134 00:08:03,524 --> 00:08:09,330 дека може да послужи како предупредување, повик да се освестиме и подготвиме. 135 00:08:09,330 --> 00:08:14,978 Ако почнеме сега, ќе бидеме подготвени за следната епидемија. 136 00:08:14,978 --> 00:08:16,574 Ви благодарам. 137 00:08:16,574 --> 00:08:19,868 (Аплауз)