WEBVTT 00:00:00.000 --> 00:00:03.000 Денес сакам да зборувам за пари и среќа, 00:00:03.000 --> 00:00:04.720 што се две работи 00:00:04.720 --> 00:00:07.250 на кои поминуваме голем дел од времето размислувајќи, 00:00:07.250 --> 00:00:09.970 или обидувајќи се да ги заработиме, или да ги зголемиме. 00:00:09.970 --> 00:00:12.240 И многумина од нас се сложуваат со оваа фраза. 00:00:12.240 --> 00:00:14.620 Така, од религиските и книгите за само-помош учиме 00:00:14.620 --> 00:00:16.380 дека не можеме да ја купиме среќата. 00:00:16.380 --> 00:00:19.420 Но, денес би сакал да предложам дека всушност, тоа е погрешно. 00:00:19.420 --> 00:00:21.000 (Смеа) 00:00:21.000 --> 00:00:23.870 Предавам на факултет за бизнис, и тоа е тоа што го работиме. 00:00:23.870 --> 00:00:26.690 Значи, тоа е погрешно и всушност, ако сметате дека е така, 00:00:26.690 --> 00:00:28.380 вие всушност не трошите правилно. 00:00:28.380 --> 00:00:31.710 Значи тоа, наместо трошејќи ги онака како што обично би ги потрошиле, 00:00:31.710 --> 00:00:33.250 можеби ако ги трошите поинаку, 00:00:33.250 --> 00:00:35.330 тоа би можело да функционира малку подобро. 00:00:35.330 --> 00:00:38.210 И, пред да ви откријам како да трошите за да бидете посреќни, 00:00:38.210 --> 00:00:40.750 ајде да размислиме за начините на кои обично трошиме 00:00:40.750 --> 00:00:42.770 кои, всушност, и не нè прават посреќни. 00:00:42.770 --> 00:00:44.780 Ние направивме еден природен екперимент. 00:00:44.780 --> 00:00:47.630 Така, CNN пред некое време, напиша една интересна статија 00:00:47.630 --> 00:00:50.700 за тоа што им се случува на луѓето кога ќе добијат на лотарија. 00:00:50.700 --> 00:00:54.530 Луѓето мислат дека ако добијат на лотарија, нивните животи ќе станат прекрасни. 00:00:54.530 --> 00:00:57.220 Оваа статија е за тоа како нивните животи се уништуваат. 00:00:57.220 --> 00:00:59.860 Па, што се случува кога луѓето ќе добијат на лотарија 00:00:59.860 --> 00:01:02.470 е следново: број еден, тие ги трошат сите пари и заглавуваат во долгови, 00:01:02.470 --> 00:01:03.200 и број два, сите нивни пријатели и секој кој некогаш го сретнале 00:01:03.200 --> 00:01:04.000 ги наоѓаат и им додеваат за пари. 00:01:04.000 --> 00:01:06.000 Всушност, со тоа се уништуваат нивните друштвени односи. 00:01:06.000 --> 00:01:08.000 Така, тие имаат поголеми долгови и полоши пријателства 00:01:08.000 --> 00:01:10.000 отколку пред да добијат на лотарија. 00:01:10.000 --> 00:01:12.000 Тоа што беше интересно за статијата, 00:01:12.000 --> 00:01:15.000 е тоа што луѓето, читателите започнаа да коментираат. 00:01:15.000 --> 00:01:17.000 И наместо да зборуваат за тоа 00:01:17.000 --> 00:01:19.000 како статијата ги натерала да сфатат дека парите не водат до среќа, 00:01:19.000 --> 00:01:21.000 сите веднаш започнаа да велат: 00:01:21.000 --> 00:01:23.000 „Знаете што би направил/а јас ако добијам на лотарија...?“ 00:01:23.000 --> 00:01:25.000 и да си фантазираат за тоа што би го направиле. 00:01:25.000 --> 00:01:28.000 И тука се само две од тие кои сметаме дека се навистина интересни за размислување. 00:01:28.000 --> 00:01:31.000 Една личност напиша: „Кога ќе добијам, ќе си купам сопствена, малечка планина 00:01:31.000 --> 00:01:33.000 и ќе имам куќарка на врвот.“ 00:01:33.000 --> 00:01:35.000 (Смеа) 00:01:35.000 --> 00:01:38.000 А, друга личност напиша: „Ќе исполнам голема када со пари 00:01:38.000 --> 00:01:40.000 и ќе влезам во неа пушејќи голема, дебела пура 00:01:40.000 --> 00:01:42.000 и ќе си турам чаша шампањ.“ 00:01:42.000 --> 00:01:44.000 Ова е дури и полошо: „Потоа, ќе се сликам 00:01:44.000 --> 00:01:46.000 и ќе ги развијам сликите. 00:01:46.000 --> 00:01:48.000 Секој кој ќе моли за пари или ќе проба да ми изнуди, 00:01:48.000 --> 00:01:51.000 ќе добие само примерок од сликата и ништо друго.“ 00:01:51.000 --> 00:01:54.000 (Смеа) 00:01:54.000 --> 00:01:56.000 И толку многу коментари беа токму од овој вид, 00:01:56.000 --> 00:01:58.000 каде што луѓето добиваат пари, 00:01:58.000 --> 00:02:00.000 а, тоа ги прави недружељубиви. 00:02:00.000 --> 00:02:03.000 Ви кажав дека тоа ги уништува животите на луѓето и дека нивните пријатели им додеваат. 00:02:03.000 --> 00:02:05.000 Исто така, парите прават да се чувствуваме доста себично 00:02:05.000 --> 00:02:07.000 и правиме работи само за себе. 00:02:07.000 --> 00:02:09.000 Па, можеби причината за тоа зошто парите не нѐ прават среќни 00:02:09.000 --> 00:02:11.000 лежи во тоа што ние секогаш ги трошиме на погрешни работи, 00:02:11.000 --> 00:02:14.000 а особено - дека ние ги трошиме на себе. 00:02:14.000 --> 00:02:16.000 И си помисливме, се прашувам што би се случило 00:02:16.000 --> 00:02:18.000 ако ги натераме луѓето да трошат повеќе од своите пари на други луѓе. 00:02:18.000 --> 00:02:21.000 Па, наместо да бидете недружељубиви со своите пари, 00:02:21.000 --> 00:02:23.000 што ако сте малку повеќе повеќе-дружељубиви со своите пари? 00:02:23.000 --> 00:02:25.000 И си помисливме, ајде да ги натераме луѓето да го направат тоа и да видиме што ќе се случи. 00:02:25.000 --> 00:02:27.000 Значи, ајде да собереме некои луѓе кои го прават тоа што обично го прават 00:02:27.000 --> 00:02:29.000 и ги трошат парите на себе, 00:02:29.000 --> 00:02:31.000 и ајде да натераме некои луѓе да дадат пари, 00:02:31.000 --> 00:02:34.000 и да ја мериме нивната среќа и да видиме дали тие навистина стануваат посреќни. 00:02:34.000 --> 00:02:36.000 Значи, првиот пат кога го направивме ова... 00:02:36.000 --> 00:02:38.000 Едно утро во Ванкувер, отидовме на кампусот 00:02:38.000 --> 00:02:40.000 на Универзитетот на Британска Колумбија, 00:02:40.000 --> 00:02:42.000 им пристапивме на луѓето и ги прашавме: „Дали сакате да бидете дел од експеримент?' 00:02:42.000 --> 00:02:44.000 Тие рекоа „Да“. 00:02:44.000 --> 00:02:47.000 Ги запрашавме колку се среќни, и потоа им дадовме плик. 00:02:47.000 --> 00:02:49.000 И дел од пликоата имаа белешка во нив на која пишуваше: 00:02:49.000 --> 00:02:52.000 „Потроши ги париве на себе до 17:00 денес.“ 00:02:52.000 --> 00:02:55.000 И, така им дадовме некои примери на што би можеле да ги потрошат. 00:02:55.000 --> 00:02:57.000 Тоа утро, други луѓе добија парче хартија на која пишуваше: 00:02:57.000 --> 00:03:00.000 „Потроши ги париве на некој друг до 17:00 денес.“ 00:03:00.000 --> 00:03:02.000 Исто така, во пликоата имаше и пари. 00:03:02.000 --> 00:03:04.000 И изманипулиравме колку пари им дадовме. 00:03:04.000 --> 00:03:07.000 Така, некои луѓе добија белешка и пет долари. 00:03:07.000 --> 00:03:10.000 Некои луѓе добија белешка и дваесет долари. 00:03:10.000 --> 00:03:13.000 Ги оставивме да си го продолжат денот. 00:03:13.000 --> 00:03:16.000 Дознавме дека тие навистина ги потрошиле парите онака како што го побаравме тоа од нив. 00:03:16.000 --> 00:03:18.000 Им се јавивме вечерта и ги прашавме: 00:03:18.000 --> 00:03:20.000 „На што ги потрошивте прите, и колку среќно се чувствувате сега?“ 00:03:20.000 --> 00:03:22.000 На што ги потрошиле? 00:03:22.000 --> 00:03:24.000 Па, тоа беа студенти, па многу од тоа на што го потрошиле за себе 00:03:24.000 --> 00:03:26.000 беше на работи како обетки и шминка. 00:03:26.000 --> 00:03:29.000 Една жена рече дека купила плишано животно за нејзината внука. 00:03:29.000 --> 00:03:31.000 Луѓето им давале пари на бездомници. 00:03:31.000 --> 00:03:34.000 Огромен ефект врз Starbucks. 00:03:34.000 --> 00:03:36.000 (Смеа) 00:03:36.000 --> 00:03:39.000 Па, ако им дадете пет долари на студенти, тоа им изгледа како кафе, 00:03:39.000 --> 00:03:42.000 па претрчуваат до Starbucks и ги трошат колку што е можно побрзо. 00:03:42.000 --> 00:03:45.000 Но, некои луѓе купиле кафе за себе си, така како што обично би направиле, 00:03:45.000 --> 00:03:47.000 но, некои други луѓе рекоа дека купиле кафе за некој друг. 00:03:47.000 --> 00:03:49.000 Значи, истиот производ, 00:03:49.000 --> 00:03:51.000 но насочен кон себе си 00:03:51.000 --> 00:03:53.000 или насочен кој некој друг. 00:03:53.000 --> 00:03:55.000 Што дознавме кога им се јавивме на крајот од денот? 00:03:55.000 --> 00:03:57.000 Луѓето кои ги потрошиле парите на други луѓе станале посреќни. 00:03:57.000 --> 00:03:59.000 Луѓето кои ги потрошиле парите на себе си, ништо не се случило. 00:03:59.000 --> 00:04:02.000 Тоа не ги направило помалку среќни, туку само не ги поттикнало нешто повеќе. 00:04:02.000 --> 00:04:05.000 И, уште една работа која ја забележавме беше дека сумата не е толку важна. 00:04:05.000 --> 00:04:08.000 Така, луѓето мислеа дека 20 долари би биле далеку подобри од пет долари. 00:04:08.000 --> 00:04:11.000 Всушност, не е важно колку многу пари трошите. 00:04:11.000 --> 00:04:13.000 Тоа што навистина е важно е дека ги трошите на некој друг, 00:04:13.000 --> 00:04:15.000 не на себе си. 00:04:15.000 --> 00:04:17.000 Го забележуваме ова повторно и повторно, 00:04:17.000 --> 00:04:20.000 кога им даваме пари на луѓето да ги трошат на други луѓе, наместо на себе си. 00:04:20.000 --> 00:04:22.000 Секако, ова се студенти од Канада, 00:04:22.000 --> 00:04:24.000 не се најпретставителното население на светот. 00:04:24.000 --> 00:04:27.000 Тие се исто така и доволно богати, и се многу други работи. 00:04:27.000 --> 00:04:30.000 Сакавме да видиме дали е ова вистина насекаде во светот, 00:04:30.000 --> 00:04:32.000 или само во богатите земји. 00:04:32.000 --> 00:04:34.000 Така, всушност, отидовме во Уганда и направивме доста сличен експеримент. 00:04:34.000 --> 00:04:36.000 Па замислете, наместо само луѓето во Канада, 00:04:36.000 --> 00:04:39.000 ги запрашавме: „Кога последен пат сте потрошиле пари на себе или други луѓе. 00:04:39.000 --> 00:04:41.000 Опишете. Колку Ве направи тоа посреќни?“ 00:04:41.000 --> 00:04:43.000 Или во Уганда: „Кога последен пат сте потрошиле пари 00:04:43.000 --> 00:04:46.000 на себе или други луѓе и опишете го тоа.“ 00:04:46.000 --> 00:04:48.000 И потоа повторно ги запрашавме колку биле среќни. 00:04:48.000 --> 00:04:50.000 И, тоа што го забележуваме е прекрасно, 00:04:50.000 --> 00:04:52.000 затоа што постои општо човечко однесување за тоа што правите со своите пари 00:04:52.000 --> 00:04:55.000 а потоа и вистински културолошки разлики за тоа и што го правите. 00:04:55.000 --> 00:04:57.000 Така на пример, 00:04:57.000 --> 00:04:59.000 еден тип од Уганда го вели следново: 00:04:59.000 --> 00:05:01.000 тој рече: „И' се јавив на девојка која посакував да ја љубам.“ 00:05:01.000 --> 00:05:03.000 Тие во основа излегле на состанок, 00:05:03.000 --> 00:05:06.000 и на крајот вели дека не ја „постигнал“ сè досега. 00:05:06.000 --> 00:05:09.000 Еве еден тип од Канада. 00:05:09.000 --> 00:05:11.000 Многу слично. 00:05:11.000 --> 00:05:13.000 „Ја одведов девојка ми на вечера, 00:05:13.000 --> 00:05:15.000 Бевме на кино, заминавме порано, 00:05:15.000 --> 00:05:19.000 и потоа отидовме назад во нејзината соба на...“ само на торта - само на парче торта. 00:05:19.000 --> 00:05:21.000 Човечко однесување - трошите пари на други луѓе, 00:05:21.000 --> 00:05:23.000 фини сте со нив. 00:05:23.000 --> 00:05:25.000 Можеби имате нешто на ум, можеби немате. 00:05:25.000 --> 00:05:27.000 Но, тогаш гледаме необични разлики. 00:05:27.000 --> 00:05:29.000 Па, погледнете ги овие две. 00:05:29.000 --> 00:05:31.000 Ова е една жена од Канада. 00:05:31.000 --> 00:05:33.000 Велиме: „Кога имате потрошено пари на некој друг?“ 00:05:33.000 --> 00:05:35.000 Таа вели: „И' купив подарок на мајка ми. 00:05:35.000 --> 00:05:37.000 Се одвезов до трговскиот во мојот автомобил, купив подарок, ѝ го дадов на мајка ми.“ 00:05:37.000 --> 00:05:39.000 Совршено фина работа да направите. 00:05:39.000 --> 00:05:41.000 Добро е да се купуваат подароци за луѓето кои ги знаете. 00:05:41.000 --> 00:05:43.000 Споредете го тоа со оваа жена од Уганда. 00:05:43.000 --> 00:05:45.000 „Пешачев и сретнав долгогодишна пријателка 00:05:45.000 --> 00:05:47.000 чиј син беше болен од маларија. 00:05:47.000 --> 00:05:50.000 Тие немаа пари, отидоа на клиника, а јас ѝ ги дадов овие пари.“ 00:05:50.000 --> 00:05:53.000 Тоа не се $10.000, тоа е локална валута. 00:05:53.000 --> 00:05:55.000 Тоа е многу мала сума на пари, всушност. 00:05:55.000 --> 00:05:57.000 Но, мотивациите се премногу различни тука. 00:05:57.000 --> 00:05:59.000 Ова е вистинска медицинска потреба, 00:05:59.000 --> 00:06:01.000 буквално донација која спасува живот. 00:06:01.000 --> 00:06:03.000 Претходното, тоа е некако, купив подарок за мајка ми. 00:06:03.000 --> 00:06:05.000 Тоа што повторно го гледаме, 00:06:05.000 --> 00:06:07.000 е тоа што специфичниот начин на кој трошите пари на други луѓе 00:06:07.000 --> 00:06:09.000 не е ниту одблиску важен 00:06:09.000 --> 00:06:11.000 како фактот што трошите на други луѓе 00:06:11.000 --> 00:06:13.000 со цел да се направите себе си посреќни, 00:06:13.000 --> 00:06:15.000 што е навистина важно. 00:06:15.000 --> 00:06:18.000 Значи не морате да правите неверојатни работи со вашите пари за да станете среќни. 00:06:18.000 --> 00:06:21.000 Можете да правите малечки, обични работи, а сепак да ги добиете придобивките правејќи го тоа. 00:06:21.000 --> 00:06:23.000 Ова се само две земји. 00:06:23.000 --> 00:06:26.000 Ние, исто така, сакавме да отидеме и понатаму и да ја анализираме секоја земја во светот да можевме, 00:06:26.000 --> 00:06:29.000 за да видиме каков е односот помеѓу парите и среќата. 00:06:29.000 --> 00:06:31.000 Добивме податоци од Организацијата „Галуп“, 00:06:31.000 --> 00:06:34.000 која ја знаете од сите политички анкети кои во последно време се случуваат. 00:06:34.000 --> 00:06:36.000 Тие ги прашуваат луѓето: „Дали во последно време сте донирале пари во доброволни цели?“, 00:06:36.000 --> 00:06:39.000 и ги прашуваат „Колку сте среќни со Вашиот живот воопшто?“ 00:06:39.000 --> 00:06:41.000 И можеме да видиме каков е односот помеѓу тие две работи. 00:06:41.000 --> 00:06:44.000 Дали се позитивно поврзани? Давањето пари ве прави среќни. 00:06:44.000 --> 00:06:46.000 Или, дали се негативно поврзани? 00:06:46.000 --> 00:06:48.000 На оваа мапа, зелено значи дека се позитивно порзани, 00:06:48.000 --> 00:06:51.000 а, црвено значи дека се негативно поврзани. 00:06:51.000 --> 00:06:53.000 И, како што можете да видите, светот е лудо - зелен. 00:06:53.000 --> 00:06:55.000 Значи, во речиси секоја земја во светот 00:06:55.000 --> 00:06:57.000 каде ги имаме овие податоци, 00:06:57.000 --> 00:06:59.000 луѓето кои даваат пари во добротворни цели се посреќни 00:06:59.000 --> 00:07:01.000 од луѓето кои не даваат пари во добротворни цели. 00:07:01.000 --> 00:07:04.000 Знам дека гледате во таа црвена земја во средината. 00:07:04.000 --> 00:07:06.000 Би бил идиот да не ви кажам која е, 00:07:06.000 --> 00:07:08.000 но, всушност, тоа е Централно Афричка Република. 00:07:08.000 --> 00:07:10.000 Можете да си измислите приказни. Можеби таму е поразлично поради една или друга причина. 00:07:10.000 --> 00:07:12.000 Само малку подолу, од десно, тоа е Руанда, 00:07:12.000 --> 00:07:14.000 која е неверојатно зелена. 00:07:14.000 --> 00:07:16.000 Значи, речиси каде и да погледнеме, 00:07:16.000 --> 00:07:18.000 гледаме дека давањето пари нѐ прави посреќни, 00:07:18.000 --> 00:07:20.000 отколу да ги чуваме за себе. 00:07:20.000 --> 00:07:23.000 Што е со вашата работа, што е местото каде го поминуваме остатокот од нашето време, 00:07:23.000 --> 00:07:25.000 кога не сме со луѓето кои ги знаеме. 00:07:25.000 --> 00:07:28.000 Одлучивме да вклучиме некои компании, и да направиме нешто слично. 00:07:28.000 --> 00:07:30.000 Така, ова се тимови за продажба во Белгија. 00:07:30.000 --> 00:07:32.000 Тие работаат во тимови; одат надвор и им продаваат на доктори 00:07:32.000 --> 00:07:34.000 и се обидуваат да ги натраат да им купат од лековите. 00:07:34.000 --> 00:07:37.000 Така, можеме да видиме колку добро тие продаваат, 00:07:37.000 --> 00:07:39.000 како функција од тоа да се биде член на еден тим. 00:07:39.000 --> 00:07:41.000 Некои тимови, им даваме пари за себе на некои од тимовите, 00:07:41.000 --> 00:07:43.000 и им велиме: „Потрошете ги како сакате на себе.“, 00:07:43.000 --> 00:07:45.000 исто како што направивме со студентите во Канада. 00:07:45.000 --> 00:07:47.000 Но, на некои други тимови им велиме: „Еве ви 15 евра. 00:07:47.000 --> 00:07:49.000 Потрошете ги на некој од членовите на вашиот тим оваа недела. 00:07:49.000 --> 00:07:52.000 Купете им нешто како подарок и дајте им го.“ 00:07:52.000 --> 00:07:55.000 И тогаш, ние можеме да видиме, па - сега имаме тимови кои трошат на себе, 00:07:55.000 --> 00:07:57.000 и имаме про-друштвени тимови 00:07:57.000 --> 00:07:59.000 на кои им даваме пари за да го направат тимот малку подобар. 00:07:59.000 --> 00:08:01.000 Причината поради која ја имам оваа смешна пињата тука 00:08:01.000 --> 00:08:03.000 е поради тоа што еден од тимовите ги собра своите пари и купи пињата, 00:08:03.000 --> 00:08:06.000 и сите се собраа и ја удираа пињатата и сите слатки паднаа од неа. 00:08:06.000 --> 00:08:08.000 Многу смешна и проста работа да се направи, 00:08:08.000 --> 00:08:11.000 но помислете на тимот кој не го направи тоа воопшто, 00:08:11.000 --> 00:08:13.000 тие имаа 15 евра, ги ставија во џебовите, 00:08:13.000 --> 00:08:15.000 можеби си купиле кафе за себе, 00:08:15.000 --> 00:08:17.000 или пак, на тимовите кои го имаа ова про-друштвено искуство 00:08:17.000 --> 00:08:20.000 каде сите се поврзаа за да купат нешто и да се вклучат во групна активност. 00:08:20.000 --> 00:08:23.000 Тоа што го забележуваме е, всушност, дека тимовите кои се про-друштвени продаваат повеќе работи, 00:08:23.000 --> 00:08:25.000 отколку тимовите кои добија пари само за себе. 00:08:25.000 --> 00:08:27.000 И, еден од начините да размислувате за тоа 00:08:27.000 --> 00:08:29.000 е дека за секои 15 евра кои им ги давате на луѓето за нив, 00:08:29.000 --> 00:08:32.000 тие ги ставаат во својот џеб, не прават ништо поинакво од тоа што го правеле претходно. 00:08:32.000 --> 00:08:34.000 Не добивате никакви пари од тоа. 00:08:34.000 --> 00:08:37.000 Вие всушност губите пари, затоа што тоа не ги мотивира нивната изведба да се повтори. 00:08:37.000 --> 00:08:39.000 Но, кога им давате 15 евра за да ги потрошат на нивните колеги од тимот, 00:08:39.000 --> 00:08:41.000 тие стануваат многу подобри како тим, 00:08:41.000 --> 00:08:44.000 со што Вие всушност и имате поголема придобивка со инвестирањето на ваков вид пари. 00:08:44.000 --> 00:08:46.000 Сфаќам дека најверојатно си мислите 00:08:46.000 --> 00:08:48.000 дека сето тоа е во ред, 00:08:48.000 --> 00:08:50.000 но, постои еден контекст кој е неверојатно важен за јавната политика, 00:08:50.000 --> 00:08:52.000 а за кој не можам ниту да замислам дека би функционирал тука. 00:08:52.000 --> 00:08:54.000 И, во основа, дека ако не ми покаже дека тоа функционира тука, 00:08:54.000 --> 00:08:56.000 не верувам во ништо од тоа што го кажа. 00:08:56.000 --> 00:08:59.000 И знам дека сѐ на што помислувате се тимови за доџбол. 00:08:59.000 --> 00:09:01.000 (Смеа) 00:09:01.000 --> 00:09:03.000 Ова беше една од најголемите критики кои ги добивме, 00:09:03.000 --> 00:09:06.000 да речеме, ако не можете да го прикажете преку тимови за доџбол, сето ова е глупаво. 00:09:06.000 --> 00:09:08.000 Така, излеговме и пронајдовме некои доџбол тимови 00:09:08.000 --> 00:09:10.000 и се смешавме со нив. 00:09:10.000 --> 00:09:12.000 И го направивме истото како и претходно. 00:09:12.000 --> 00:09:15.000 Така, на некои луѓе од тимовите им даваме пари, тие ги трошат на себе си. 00:09:15.000 --> 00:09:17.000 Други тимови - им даваме пари 00:09:17.000 --> 00:09:19.000 за да ги потрошат на нивните доџбол-соиграчи. 00:09:19.000 --> 00:09:21.000 Тимовите кои потрошија пари на себе, 00:09:21.000 --> 00:09:23.000 го имаат истиот процент на победи како и претходно. 00:09:23.000 --> 00:09:25.000 Тимовите на кои им дадовме пари за да ги потрошат на други, 00:09:25.000 --> 00:09:27.000 тие станаа поинакви тимови, 00:09:27.000 --> 00:09:29.000 и всушност, тие доминираа во лигата пред да завршат. 00:09:29.000 --> 00:09:31.000 Преку сите овие различни контексти, 00:09:31.000 --> 00:09:33.000 вашиот личен живот, вашиот професионален живот, 00:09:33.000 --> 00:09:35.000 дури и смешни работи како внатрешни спортови - 00:09:35.000 --> 00:09:37.000 забележуваме дека трошењето на други луѓе ви носи поголема придобивка, 00:09:37.000 --> 00:09:40.000 отколку трошењето на себе си. 00:09:40.000 --> 00:09:42.000 Така, јас само ќе кажам, сметам дека ако мислите дека парите не купуваат среќа 00:09:42.000 --> 00:09:44.000 тоа значи не ги трошите правилно. 00:09:44.000 --> 00:09:47.000 Не се мисли на тоа дека треба да го купите овој производ, наместо тој, 00:09:47.000 --> 00:09:49.000 и така ќе станете посреќни. 00:09:49.000 --> 00:09:51.000 Туку, дека треба да престанете да размислувате 00:09:51.000 --> 00:09:53.000 за тоа кој производ да го купите за себе, 00:09:53.000 --> 00:09:56.000 и да се обидете да дадете дел од него на некој друг. 00:09:56.000 --> 00:09:59.000 И, за среќа, имаме една можност за вас. 00:09:59.000 --> 00:10:01.000 DonorsChoose.org е непрофитна организација, 00:10:01.000 --> 00:10:04.000 главно за наставници во државни училишта со ниски приходи. 00:10:04.000 --> 00:10:06.000 Тие поставуваат проекти, 00:10:06.000 --> 00:10:08.000 и така велат: „Сакам да го предавам Хаклбери Фин на моето одделение, но немаме книги.“ 00:10:08.000 --> 00:10:10.000 Или „Сакам микроскоп, за да им предавам наука на моите ученици, 00:10:10.000 --> 00:10:12.000 а немаме микроскоп.“ 00:10:12.000 --> 00:10:14.000 Вие и јас можеме да ги купиме за нив. 00:10:14.000 --> 00:10:17.000 Наставникот Ви дава белешка со изразена благодарност. Децата Ви даваат белешка со изразена благодарност. 00:10:17.000 --> 00:10:19.000 Понекогаш Ви испраќаат и фотографија како го употребуваат микроскопот. 00:10:19.000 --> 00:10:21.000 Тоа е навистина необично. 00:10:21.000 --> 00:10:23.000 Одете на веб-страната и навлезете во процесот 00:10:23.000 --> 00:10:26.000 на размислување - помалку од тоа „Како можам да потрошам пари на себе си?“ 00:10:26.000 --> 00:10:29.000 и повеќе од тоа „Ако имам пет или 15 долари, 00:10:29.000 --> 00:10:31.000 што можам да направам за да им помогнам на другите луѓе?“ 00:10:31.000 --> 00:10:34.000 Затоа што на крајот, кога ќе го направите тоа, ќе сфатите дека вашата лична придобивка е уште поголема. 00:10:34.000 --> 00:10:36.000 Ви благодарам. 00:10:36.000 --> 00:10:38.000 (Аплауз)