-Реалноста за мене- Замислете дека се будите на место каде никогаш не сте биле Место со чудни бои и чудни форми Се’ се движи на свој начин Што мислите каде сте? Дали сте дел од експеримент на владата? Дали сте во вселената, грабнати од вонземјани? Можеби некое мистично или божествено место? Дали сонувате? Дали сте во некоја виртуелна реалност? Каде сте? Што и да помислите за вашата ситуација тоа е екстраполација од средината во која сте пораснале Надвор од тоа не можете да замислите Што и да слушате, што и да гледате, како телевизија, наука, пријатели, филмови, фамилија, итн. тие го даваат одговорот на вашата ситуација. Се потпирате на она што веќе го познавате Па така откриваме нешто неверојатно: Средината е таа која не дефинира. Затоа, ќе пробаме нешто што никој не го пробал, Ќе ја анализираме нашата моментална средина и ќе видиме дали нашата перцепција за светот е базирана на нешто реално Една веб страна, 13 часа 4 големи делови најголемиот документарец некогаш направен, може да ја смени вашата реалност НАУКА ЕВОЛУЦИЈАТА НА СЕ’ ВЛИЈАНИЕТО НА СРЕДИНАТА МОНЕТАРНИОТ СИСТЕМ Документи/ Едукативен систем/ Работа/ Профит/ Политичари/ Јазик Право/ Правда/ Потрошувачка/ Мир и слобода/ Војни/ Ропство Рекламирање/ Убавина и дизајн/ Чуство на сопственост и Социјален статус/ Самодоверба/ НЛО и Вонземски живот/ Мистерија и Паранормални моќи/ Среќа/ Смрт/ Парична Ограниченост И некој вели: “Сакам здраво тело“ Јас велам: “Што ќе ти е?“ Ако си само здрав тогаш што? Попрво би имал здрав разум и криво тело Да разберам дека железото од метеоритот и она железо во вашата крв потекнуваат од она истото во јадрото на ѕвездата. Да ми кажат кој дел од мозокот ми се активирал затоа што тоа ме возбудува. Тоа ме тера да потегнам некој на улица и да му кажам: “Си слушнал за ова?“ Се’ уште нема очигледни знаци на вонземски интелегентен живот Ова не тера да се запрашаме дали постојат цивилизации како нашата која неизбежно и безглаво оди кон самоуништување. Јас понекогаш го сонувам ова, и понекогаш се многу лоши овие соништа. Земете некоја луда идеја. Не знам, тешко ми е да замислам некоја многу луда еве вештерки или нешто такво-- ќе им кажете за тоа како ги гледале вештерките и секако, никој повеќе не верува во нив сега. И ќе кажете: “Како може да верувале во вештерки?“, и тогаш се вртиш и велиш: “Епа да видиме: Во кои вештерки ние веруваме сега?“ Големи мозоци, правење направи. Прави направи, големи мозоци. Големи мозоци прават подобри направи. Говор. Мора да поврзеш јазик. Го земаш тоа, го сташав тука. Учиме. Јазик. Мозокот се развил. Јазик. Еволуиравме. Сме имале големи дарби и сме се откажале од нив само за пари и Бога. Светот е како вртелешка во луна-парк и кога ќе одлучиш да се качиш, мислиш дека е реално затоа што толку се моќни нашите мозоци и вртелешката оди горе доле, и се врти има високи и ниски моменти, многу весело е обоена и многу е гласна. И забавно ни е--некое време. Некои луѓе долго време се на оваа вртелешка и почнуваат да се прашуваат: “Дали е реално ова?“ “Или е само вртелешка?“ Она што се обидуваме со сите овие дискусии и разговори е да видиме дали не можеме радикално да го трансформираме мозокот. Не да ги прифатиме работите какви што се’, ниту пак да ги одрекуваме Одрекувањето не објаснува ништо. Туку да ги разбереме, да навлеземе, да ги истражиме да вложиме срце и мозок и се’ само за да дознаеме. -И уште подалеку одиме... Кога ние физичарите ќе погледнеме во вселената во потрага по вонземски живот, ние не бараме мали зелени луѓе. Ние бараме тип 1, тип 2 и тип 3 цивилизации. Тип 1 цивилизацијата ја црпи планетарната моќ. Тие ги контролираат земјотресите, климата, вулканите, имаат градови на океанот. Се’ што произлегува од планетата тие го контролираат.Тоа е првиот тип. Тип 2 се оние ѕвездени цивилизации Тие ја потрошиле планетарната моќ и енергијата ја примаат директно од нивната мајка ѕвезда. Не само да се сончаат преку викенд туку ги користат сончевите зрачења, ја користат самата моќ на сонцето за да ги напојуваат нивните големи машини Со тек на време ја исцрпуваат и оваа ѕвездена енергија и преминуваат на галактичката. Црпат енергија од милиони ѕвезди во галаксијата Па сега, кој тип сме ние? Ние сме тип 0. Не ни припаѓаме на ова мерило. Ние енергија добиваме од-- не од ѕвезди или галаксии, ние добиваме енергија од мртви растенија, нафта и јаглен. Но кога и да отворам весник гледам некој доказ за онаа историска транзиција од тип 0 на тип 1. И среќен сум што живеам, во најважната ера во историјата на човекот Преминот од тип 0 на тип 1. Читам весник и насекаде гледам докази за ова. И така сфаќам дека оваа транзиција е можеби најважната транзиција Некои не го сакаат ова, се плашат од неа, затоа што овој премин е за планетарна цивилизација која е толерантна кон многу култури, Овој премин е исто така најважен затоа што не се знае дали ќе успееме. Кога ќе погледнеме во вселената никаде не гледаме докази за тип1, 2 или 3. До сега никаков доказ. Математиката вели дека треба да постојат илјадници од тип 1,2 и 3 цивилизации во галаксијата, но ние никаде не гледаме доказ за истите. И зошто е тоа така? Затоа што преминот од тип 0 кон тип 1 е најопасниот од сите премини Можно е да не успееме Тоа е трка со времето.