Конкретни проблеми. Од кога можам да се сетам, јас одсекогаш размислував за моќта на науката, како може да реши важни прашања, проблеми. Кога студирав хеммија на Принстон, беше многу теоретска, неприменета. И си мислев, аха, добро, можеби ако се префрлам на физика ќе биде подобро. Така и сторив, и многу се разочарав. Учевме ширење на бранови и јас никако не можев да го разберам тој еден проблем, една равенка. Отидов до професорот и го прашав: за што е ова, каде постои ова? Тој рече, па всушност не постои, јас го измислив. Значи, аха, да, ете што правиме ние тука. Тоа беше одлучувачки момент кога си реков, боже што правам јас овде? И во апсолутно изобилство на ресурси, моќ, човечка развиеност и култура и сè, сè уште постојат многу прашања. Воглавно конфликт на ресурси. Сиромаштија, војна, опаѓање. Преживување со кул технологијата која ја имаме денеска? Преживување не треба да одземе многу време. Кога размислиш подобро, целото богатство кое го уживаме денеска со модерниот стандард на живеење се заснова на карпи, почва, сонце, растенија, вода. Овие сите ги има во изобилство. Сепак, продуктивниот механизам на едно општество е она што го прави истото сиромашно - на вештачки начин. Што ако преживуваме и се стремиме кон модерен стандард на живеење и повеќе со само два часа работа неделно и преку локални ресурси. Како би било тоа? Најважниот дел од „Опен Сорс Еколоџи“ е оваа идеа дека со мала количина на ресурси и мала сума на пари секој би можел да постигне висок стандард на живеење за себе и тоа на начин кој не бара многу време и пари. Луѓето ќе бидат помогнати од технологијата која ја креираме ние овде, така што наместо големи корпорации да одлучуваат што машините може да прават за нас, ние ќе одлучуваме што да прават машините за нас. Наместо да се потпираме на други луѓе за она што ни е потребно, ние ќе можеме самите да си го направиме за себе. И ние можеме да го направиме подобро од Волмарт, подобро од „робовска“ работна сила во Кина. Можеме да го имаме потребниот продуктивен капацитет во нашите дворови, и тоа на одржлив начин. Можеме да направиме машини кои ќе ги користиме за производство на материјали за нас самите, и потоа да ги учиме другите како да ги прават. Ако двесте луѓе се соберат и сакаат да основаат само-одржлива заедница, тие немаат многу опции што се однесува на опрема и машини за да се постигне тоа. Тука стапува „Опен Сорс Еколоџи“.