Да размислиме што значи да се собираат броеви. Да започнеме со еден. Еден плус -- еден плус еден. На што ќе биде ова еднакво? Еден начин да се гледа на ова е дека имаме едно нешто. И ќе -- тоа нешто ќе биде виолетов круг. Па да го ставам тука. Значи ова е едното нешто. Ќе го претставувам само со виолетов круг. И ќе додадам уште едно нешто. И бидејќи ова е сино, ќе го направам другиот круг. И тоа ќе го направам сино. Ајде да го ставам тука. Значи, 1 плус 1. 1 плус 1. Колку вкупно кругови имам? Па, сега имам 2 круга. Сега имам 2 круга. 1 плус 1 е еднакво на 2. Добро, сега велите, „Добро Сал, има смисла.“ Да направиме вака со поголеми броеви. Да речеме дека сакаме да знаеме на што е еднакво-- и ќе ставам прашалник тука. Значи, прашалник. На што е еднакво -- Па нешто е еднакво на, да речеме, 2, 2, 2 плус 3. Нешто е еднакво на 2 плус 3. Што ќе биде ова нешто? И ви препорачувам да го паузирате видеото и да размислите сами. Па, може на ова да гледате како да имам 2 предмета, и потоа ќе додадам уште 3 предмета. Колку вкупно предмети би имал? Значи имаме 2 предмета, за кои повторно ќе користам виолетови кругови. Дозволете ми -- значи имам 1 и 2 виолетови кругови. Ова тука е 2. И потоа на тоа, ќе додадеме уште 3. уште 3 круга. И тие ќе ги претставам со сино, затоа што 3 таму ја напишавме со сино. Значи тоа се 1, 2 и 3. Значи колку вкупно кругови имаме сега? Па, можеме да ги изброиме. Имаме 1,2,3,4,5. Всушност, ајде да избројам. 1,2,3,4,5 круга. Значи, 2 плус 3 2 нешта плус 3 други нешта се 5 нешта. Значи нашиот прашалник тука е еднаков на 5. Па, наместо да напишеме прашалник тука, ајде да го избришам. Можам да кажам 5 е еднакво на -- Можам да напишам дека 5 е еднакво на 2 плус 3.