а тука горе богатите и здравите. Визуелното претставување е, исто така, во средиштето и на мојата работа. Јас предавам Глобално здравје. И знам дека поседувањето на податоци не е доволно. Морам да ги претставам на начин кој на луѓето им е и допадлив и разбирлив. Сега ќе се обидам да направам нешто што никогаш порано не сум го направил: оживување на податоците во реален простор со мала техничка помош од екипата. Еве, почнуваме: прво оска за здравјето. очекуван животен век од 25 до 75 години. А тука долу, оска за благосостојбата: Приход по особа: 400, 4000 и 40000 долари. Значи, тука долу се сиромашните и болните, Сега ќе ви го покажам светот од пред 200 години во 1810. Еве ги сите земји: Европа кафеаво, Азија црвено, Среден Исток зелено, Африка јужно од Сахарата сино и двете Америки жолто. Големината на кругчето за земјата ја претставува големината на популацијата. Во 1810 било доста натрупано таму долу, зар не? Сите земји биле болни и сиромашни, очекуваниот животен век бил под 40 години во сите земји и само Обединетото Кралство и Холандија биле во нешто подобра положба, но не многу. И сега, го започнувам светот. Индустријската револуција ги одалечува земјите од Европа и други места од останатите, но колонизираните земји во Азија и Африка се заглавени таму долу. Со текот на времето западните земји стануваат поздрави и поздрави. А сега, забавуваме за да го прикажеме влијанието на Првата светска војна и на епидемијата на Шпанскиот грип. Каква катастрофа! Сега забрзувам низ 1920те и 1930те. И покрај Големата депресија западните земји продолжуваат кон поголема благосостојба и повеќе здравје. Јапонија и други се обидуваат да следат, но повеќето земји остануваат тука долу. Сега, по трагедиите на Втората светска војна запираме малку за да го погледнеме светот во 1948. 1948. беше одлична година: војната беше завршена, Шведска освои најмногу медали на Зимските олимпијски игри и јас сум роден. Но разликите помеѓу земјите во светот беа поголеми од кога и да е. Соединетите Американски Држави беа напред, Јапонија се приближуваше, Бразил беше далеку одзади, Иран стануваше малку побогат поради нафтата, но сеуште имаше куси животи. А азијските гиганти: Кина, Индија, Пакистан, Бангладеш и Индонезија беа сеуште болни и сиромашни тука долу, но погледенте што ќе се случи! Почнуваме повторно! Во текот на мојот животен век некогашните колонии се здобија со независност и конечно почнаа да стануваат поздрави, и поздрави, и поздрави. Во 1970те земјите од Азија и Латинска Америка почнаа да ги пристигаат западните земји: станаа економии во пробој. Некои од Африка следеа, некои беа заглавени во цивилни војни, a други погодени од ХИВ. А сега можеме да го видиме светот денес, со најново ажурирани статистики. Повеќето луѓе денес живеат во средината. Но, во исто време, постојат огромни разлики меѓу најдобрите и најлошите земји, како и огромни нееднаквости во рамките на една земја. Овие кругчиња ги прикажуваат просеците, но јас можам да ги разделам. Да ја земеме Кина, можам да ја разделам по провинции, Ене го Шангај, има иста благосостојба и здравје како Италија денес. А тука е сиромашната провинција Гансу во внатрешноста, таа е како Пакистан и ако ја разделам понатаму руралниот дел е како Гана во Африка. А сепак, и покрај енормните разлики денес сведоци сме на 200 години на забележителен напредок. Тој огромен историјски јаз помеѓу западот и останатите се затвора. Станавме потполно нов, конвергирачки свет, и јас гледам јасен тренд во иднината, со помош, размена, зелена технологија и мир потполно е возможно секој да го достигне ѕдравиот и богатиот ќош. Добро, она што го видовте во последните неколку минути е приказна за 200 земји прикажани низ 200 години и понатаму. Вклучуваше графички приказ на 120 илјади броеви. Баш згодно, нели?