Return to Video

Кен Робинсон вели дека училиштата ја убиваат креативноста

  • 0:00 - 0:07
    Добро утро. Како сте? Одлично е досега, нели?
  • 0:07 - 0:11
    Целава работа ме одвеа.
  • 0:11 - 0:15
    Всушност, ќе си одам сега. (Смеа)
  • 0:15 - 0:19
    Во текот на конференцијава имаше три теми
  • 0:19 - 0:23
    кои што се релевантни за
  • 0:23 - 0:25
    она за што сакам да зборувам.
  • 0:25 - 0:29
    Едната се однесува на извонредните докази за човечката креативност
  • 0:29 - 0:32
    во сите досегашни презентации
  • 0:32 - 0:35
    и кај сите луѓе овде. Помислете само на разновидноста
  • 0:35 - 0:38
    и опфатот. Втората е таа дека
  • 0:38 - 0:41
    се наоѓаме на место од каде што не знаме што ќе се случи понатаму,
  • 0:41 - 0:43
    во поглед на иднината. Немаме претстава
  • 0:43 - 0:45
    како можат да се одвиваат работите.
  • 0:45 - 0:48
    Јас се интересирам за образованието --
  • 0:48 - 0:51
    Всушност, сметам дека сите се интересираат за образованието.
  • 0:51 - 0:53
    Нели? Мислам дека ова е многу интересно.
  • 0:53 - 0:56
    Ако сте поканети некаде на вечера и кажете
  • 0:56 - 0:59
    дека работите во образование --
  • 0:59 - 1:06
    всушност, доколку работите во образование, веројатно ретко одите на вечери.
  • 1:06 - 1:09
    (Смеа) Не ве канат.
  • 1:09 - 1:14
    А сигурно не ве канат повторно. Тоа ми е чудно.
  • 1:14 - 1:16
    Но, доколку ве поканат и некој
  • 1:16 - 1:18
    ве праша „Што работите?“
  • 1:18 - 1:20
    а вие одговорите дека сте во образование,
  • 1:20 - 1:24
    ќе видите како им истекува крвта од лицето. Си велат,
  • 1:24 - 1:30
    „О, господе, зошто јас? Мојата единствена слободна вечер цела недела.“ (Смеа)
  • 1:30 - 1:32
    Но, ако ги прашате за нивното образование,
  • 1:32 - 1:34
    ќе ве приковаат за ѕидот. Бидејќи тоа е една од оние работи
  • 1:34 - 1:37
    кои што луѓето длабоко ги чувствуваат, нели сум во право?
  • 1:37 - 1:40
    Како религијата, парите и останатите нешта.
  • 1:40 - 1:44
    Јас сум мошне заинтересиран за образованието, како сите нас.
  • 1:44 - 1:46
    Сите имаме огромен личен интерес во него,
  • 1:46 - 1:49
    делумно затоа што образованието е наменето да не
  • 1:49 - 1:52
    одведе во иднината која што не можеме да ја опфатиме.
  • 1:52 - 1:55
    Ако размислите, децата што тргнуваат на училиште оваа година
  • 1:55 - 2:01
    ќе се пензионираат во 2065. Никој нема претстава --
  • 2:01 - 2:04
    и покрај сета стручност што имавме можност да ја видиме минативе четири дена --
  • 2:04 - 2:06
    за тоа како ќе изгледа светот по
  • 2:06 - 2:08
    пет години. А сепак, треба да ги
  • 2:08 - 2:11
    образуваме за таа иднина. Непредвидливоста, ми се чини,
  • 2:11 - 2:13
    е извонредна.
  • 2:13 - 2:15
    А третиот дел од ова е дека сите
  • 2:15 - 2:20
    се имаме согласено во однос на
  • 2:20 - 2:23
    навистина извонреднот капацитет што го имаат децата --
  • 2:23 - 2:25
    нивниот капацитет за иновации. Мислам, Сирена сношти беше чудо,
  • 2:25 - 2:28
    нели? Само да се види што таа може да направи.
  • 2:28 - 2:33
    А таа е исклучителна, но мислам дека сепак не е
  • 2:33 - 2:36
    исклучителна за целото детство.
  • 2:36 - 2:39
    Станува збор за лице со извонредна посветеност
  • 2:39 - 2:41
    што нашла талент. А јас тврдам дека
  • 2:41 - 2:43
    сите деца имаат извонредни таленти.
  • 2:43 - 2:45
    А ние им ги угушуваме, прилично немилосрдно.
  • 2:45 - 2:48
    Затоа би сакал да зборувам за образованието
  • 2:48 - 2:51
    и за креативност. Јас тврдам дека креативноста
  • 2:51 - 2:54
    денес е подеднакво важна во образованието како писменоста,
  • 2:54 - 2:58
    и треба да ја третираме со истиот статус.
  • 2:58 - 3:06
    (Аплауз) Ви благодарам. Тоа беше се, патем речено.
  • 3:06 - 3:10
    Ви благодарам многу. (Смеа) Значи, имаме уште 15 минути.
  • 3:10 - 3:17
    Па, јас се родив -- не (Смеа)
  • 3:17 - 3:21
    Неодамна слушнав одлична приказна -- многу сакам да ја раскажувам --
  • 3:21 - 3:25
    за едно мало девојче што била на час по ликовно. Шестгодишното
  • 3:25 - 3:27
    девојче седело назад во училницата и цртало.
  • 3:27 - 3:29
    Наставникот вели дека девојчево ретко обрнувало
  • 3:29 - 3:33
    внимание, но во текот на оваа лекција по цртање внимавала.
  • 3:33 - 3:35
    Наставникот бил фасциниран и отишол кај нејзе
  • 3:35 - 3:38
    и ја прашал, „Што црташ?“
  • 3:38 - 3:41
    Девојчето одговорило, „Цртам слика од Господ.“
  • 3:41 - 3:44
    А наставникот рекол, „Но никој не знае како изгледа господ.“
  • 3:44 - 3:51
    А девојчето рекло, „Ќе дознаат наскоро.“
  • 3:51 - 3:52
    (Смеа)
  • 3:52 - 3:57
    Кога син ми имаше четири години во Англија --
  • 3:57 - 4:00
    всушност, тој имаше четири години секаде, да бидам искрен. (Смеа)
  • 4:00 - 4:06
    Ако го т'нчиме, каде и да отидеше, таа година имаше четири години.
  • 4:06 - 4:08
    Тој играше во училишната претстава за Рождеството на Исус.
  • 4:08 - 4:11
    Се сеќавате на приказната? Многу голема претстава.
  • 4:11 - 4:14
    Приказната беше многу важна. Мел Гибсон го направи продолжението.
  • 4:14 - 4:19
    Можеби сте го виделе: „Рождество 2.“ Но, Џејмс ја доби улогата на Јосиф
  • 4:19 - 4:22
    за што бевме мошне возбудени.
  • 4:22 - 4:24
    Сметавме дека ова е една од главните улоги.
  • 4:24 - 4:26
    Целата сала беше полна со агенти облечени во маици со натписот:
  • 4:26 - 4:29
    „Џејмс Робинсон Е Јосиф!“ (Смеа)
  • 4:29 - 4:31
    Тој не мораше да зборува, но го знаете делот каде
  • 4:31 - 4:34
    што доаѓаат тројцата мудреци. Тие носат подароци,
  • 4:34 - 4:36
    злато, темјан и смирна.
  • 4:36 - 4:38
    Ова е вистинска приказна. Ние седевме таму
  • 4:38 - 4:40
    и мислам дека не излегоа по ред,
  • 4:40 - 4:42
    бидејќи зборувавме со момчето потоа и го прашавме,
  • 4:42 - 4:44
    „Во ред беше така?“ А тој ни рече, „Да, зошто, да не згрешив?“
  • 4:44 - 4:46
    Тие само се сменија, толку беше.
  • 4:46 - 4:47
    Како и да е, трите момчиња излегоа на бината,
  • 4:47 - 4:49
    четиригодишни деца со крпи на главите,
  • 4:49 - 4:52
    и ги ставија своите кутии долу,
  • 4:52 - 4:54
    и првото момче рече, „Ти носам злато.“
  • 4:54 - 4:57
    Второто момче рече, „Ти носам смирна“
  • 4:57 - 5:11
    А третото момче рече, „Ова ти е од Темјана.“ (Смеа)
  • 5:11 - 5:13
    Заедничкото овде е тоа што децата се спремни на ризик.
  • 5:13 - 5:16
    Ако не знаат точно, ќе пробаат.
  • 5:16 - 5:19
    Во право ли сум? Тие не се плашат дека ќе згрешат.
  • 5:19 - 5:24
    Немам намера да тврдам дека да се греши е исто што и да се биде креативен.
  • 5:24 - 5:25
    Она што го знаеме е дека,
  • 5:25 - 5:28
    доколку не сте подготвени да згрешите,
  • 5:28 - 5:31
    никогаш нема да измислите ништо оригинално.
  • 5:31 - 5:34
    Доколку не сте подготвени да згрешите. А најголемиот број деца ја
  • 5:34 - 5:36
    губат способноста за тоа пред да пораснат.
  • 5:36 - 5:39
    Тие се имаат уплашено да згрешат.
  • 5:39 - 5:41
    А ние ги управуваме нашите компании на истиот начин, патем речено.
  • 5:41 - 5:44
    Ги стигматизираме грешките. Сега имаме
  • 5:44 - 5:47
    национални образовни системи каде што
  • 5:47 - 5:50
    грешките се најлошото нешто што можете да го направите.
  • 5:50 - 5:53
    Резултатот е дека ги заменуваме креативните капацитети на
  • 5:53 - 5:56
    луѓето со образование. Пикасо еднаш го има речено ова:
  • 5:56 - 5:59
    тој вели дека сите деца се родени уметници.
  • 5:59 - 6:03
    Проблемот е да останат уметници додека растат. Јас страсно верувам во ова:
  • 6:03 - 6:05
    дека не растеме да станеме креативни,
  • 6:05 - 6:08
    туку со растењето ја губиме креативноста. Поточно, ја заменуваме со образувание.
  • 6:08 - 6:10
    Зошто е ова вака?
  • 6:10 - 6:14
    До пред пет години живеев во Стратфорд на Авон.
  • 6:14 - 6:16
    Всушност, ние се преселивме од Стратфорд во Лос Ангелес.
  • 6:16 - 6:20
    Можете да замислите колку тоа ни беше едноставна транзиција.
  • 6:20 - 6:22
    (Смеа) Всушност,
  • 6:22 - 6:24
    ние живеевме во едно место по име Снитерфилд,
  • 6:24 - 6:26
    веднаш надвор од Стратфорд, каде што се има
  • 6:26 - 6:31
    родено татко му на Шекспир. Дали ви дојде нова мисла? Мене да.
  • 6:31 - 6:33
    Никогаш не сте размислувале за тоа дека Шекспир имал татко, нели?
  • 6:33 - 6:35
    Нели? Бидејќи вие не мислите
  • 6:35 - 6:37
    за Шекспир како дете, нели?
  • 6:37 - 6:40
    Шекспир како седумгодишник? Никогаш не сум помислил. Мислам,
  • 6:40 - 6:42
    тој некогаш имал седум години. И имал наставник
  • 6:42 - 6:51
    по англиски, нели? Колку ли било тоа непријатно?
  • 6:51 - 7:05
    (Смеа) „Треба повеќе да се трудиш.“ Татко му го праќа во кревет и му вели
  • 7:05 - 7:08
    на Шекспир, „Ајде веднаш во кревет,“ на Вилијам Шекспир
  • 7:08 - 7:10
    „и остави го моливот.
  • 7:10 - 7:18
    И доста зборуваш така. Ги збунуваш луѓето.“
  • 7:18 - 7:23
    (Смеа)
  • 7:23 - 7:26
    Како и да е, се преселивме од Стратфорд во Лос Ангелес,
  • 7:26 - 7:30
    и сакав да кажам неколку збора за преселбата.
  • 7:30 - 7:33
    Син ми не сакаше да дојде.
  • 7:33 - 7:36
    Јас имам две деца. Тој сега има 21 година, а ќерка ми 16.
  • 7:36 - 7:38
    Тој не сакаше да дојде во Лос Ангелес. Тој го сакаше градот,
  • 7:38 - 7:43
    но имаше девојка во Англија. Тоа беше љубовта на неговиот живот, Сара.
  • 7:43 - 7:45
    Ја познаваше еден месец.
  • 7:45 - 7:48
    Внимавајте, ја спремаа нивната четврта годишнина,
  • 7:48 - 7:52
    бидејќи тоа е долго време кога си 16.
  • 7:52 - 7:54
    Како и да е, тој беше вистина вознемирен на авионот,
  • 7:54 - 7:56
    и рече, „Никогаш нема да најдам девојка како Сара.“
  • 7:56 - 7:58
    Искрено, бевме доста среќни поради тоа,
  • 7:58 - 8:10
    бидејќи таа беше главната причина што ја напуштавме земјата.
  • 8:10 - 8:13
    (Смеа)
  • 8:13 - 8:16
    Но нешто те погодува кога ќе се преселиш во Америка
  • 8:16 - 8:18
    и кога патуваш низ светот:
  • 8:18 - 8:22
    Секој образовен систем ја има истата хиерархија на предмети.
  • 8:22 - 8:24
    Секој. Не е битно каде ќе отидете.
  • 8:24 - 8:26
    Би си помислиле дека ќе биде поинаку, но не е.
  • 8:26 - 8:29
    На врвот се математика и јазиците,
  • 8:29 - 8:31
    потоа хуманистичките науки, и на дното се уметностите
  • 8:31 - 8:33
    Секаде на Земјата.
  • 8:33 - 8:36
    И во речиси секој систем истотака,
  • 8:36 - 8:38
    има хиерархија во уметностите.
  • 8:38 - 8:40
    Уметноста и музиката вообичаено добиваат повисок статус во школите
  • 8:40 - 8:43
    од драмата и танцот. Не постои образовен систем на планетата
  • 8:43 - 8:45
    кој не учи да танцуваме секој ден додека сме деца.
  • 8:45 - 8:48
    на начин на кој учиме математика. Зошто?
  • 8:48 - 8:50
    Зошто не? Мислам дека е ова доста битно.
  • 8:50 - 8:53
    Мислам дека математиката е многу битна , но исто така е и танцот.
  • 8:53 - 8:56
    Децата танцуваат цело време ако им е дозволено, како и сите ние.
  • 8:56 - 8:59
    Сите ние имаме тело , нели? Или да не сум пропуштил нешто?
  • 8:59 - 9:03
    (Смеа) Искрено, она што се случуава,
  • 9:03 - 9:05
    само што ќе почнат да растат децата, ние почнуваме да ги образуваме.
  • 9:05 - 9:08
    прогресивно од појасот па нагоре. и тогаш се фокусираме на нивните глави.
  • 9:08 - 9:10
    И малку на едната страна.
  • 9:10 - 9:14
    ако треба да го посетите образованието, како вонземјанин,
  • 9:14 - 9:17
    и прашате „Зошто е, јавното образование?“
  • 9:17 - 9:19
    Сметам дека ќе заклучите -- ако го погледнете резултатот,
  • 9:19 - 9:21
    кој вистински успева со ова,
  • 9:21 - 9:23
    кој прави се што треба,
  • 9:23 - 9:26
    кој ги добива сите поени, кои се победниците --
  • 9:26 - 9:29
    Мислам дека ќе треба да заклучите дека корист од јавното образование
  • 9:29 - 9:30
    низ целиот свет
  • 9:30 - 9:34
    е да произведува универзитетски професори. Нели?
  • 9:34 - 9:36
    Тие се луѓето кои се на врвот.
  • 9:37 - 9:40
    И јас бев еден од нив, па видете. (Смеа)
  • 9:40 - 9:44
    А ги сакам универзитетските професори, но знаете,
  • 9:44 - 9:48
    не треба да ги држиме како највисокиот симбол на човечкото достигнување.
  • 9:48 - 9:50
    Тие се само форма на живот,
  • 9:50 - 9:52
    уште една форма на живот. Но тие се доста љубопитни,
  • 9:52 - 9:54
    и го кажувам ова со љубов кон нив.
  • 9:54 - 9:57
    Има нешто интересно околу професорите во моето искуство --
  • 9:57 - 10:00
    не сите, но типично -- тие живеат во нивните глави.
  • 10:00 - 10:02
    Тие живеат таму, и малку на едната страна.
  • 10:02 - 10:06
    Тие се без телесни, знаете, на доста буквален начин.
  • 10:06 - 10:08
    Тие гледаат на своето тело
  • 10:08 - 10:17
    како форма на транспорт за нивните глави, нели?
  • 10:17 - 10:24
    (Смеа) Тоа е начин за пренесување на нивните глави на состаноци.
  • 10:24 - 10:27
    Ако сакате вистинско вонтелесно искуство,
  • 10:27 - 10:30
    патем, отидете на конференција
  • 10:30 - 10:32
    на постари академици,
  • 10:32 - 10:35
    и појавете се во дискотеката последната вечер.
  • 10:35 - 10:39
    (Смеа) И таму ќе видите, возрасни мажи и жени
  • 10:39 - 10:43
    како се дрмаат неконтролирано, надвор од ритам,
  • 10:43 - 10:47
    чекајќи да заврши музиката за да одат дома и напишат труд околу тоа.
  • 10:47 - 10:53
    Значи нашиот едукациски систем е претпоставен на идејата за академската способност.
  • 10:53 - 10:56
    и има причина.
  • 10:56 - 10:58
    Целиот систем бил измислен -- низ светот, кога немало
  • 10:58 - 11:00
    јавни системи на едукација, пред 19-иот век.
  • 11:00 - 11:03
    Сите се појавија за да ги
  • 11:03 - 11:04
    исполнат потребите на индустријализацијата.
  • 11:04 - 11:07
    Така хиерархијата е вкоренета врз две идеи.
  • 11:07 - 11:11
    Првата, дека најкорисните теми за работата се
  • 11:11 - 11:13
    на врвот. Така вие сте веројатно бенигно одвлекувани на училиште
  • 11:13 - 11:15
    како дете, од работите кои сте ги
  • 11:15 - 11:17
    сакале врз основа дека
  • 11:17 - 11:20
    никогаш нема да најдете работа ако го правите тоа. Нели?
  • 11:20 - 11:22
    Немој да свириш, нема да бидеш музичар;
  • 11:22 - 11:24
    Не сликај, нема да бидеш сликар.
  • 11:25 - 11:29
    Добронамерен совет -- но сега, длабоко порешен. Целиот свет
  • 11:29 - 11:30
    е опфатен во револуција.
  • 11:30 - 11:33
    И втората е академската способност, која вистински доминира
  • 11:33 - 11:34
    над тоа како гледаме на интелегенцијата,
  • 11:34 - 11:37
    бидејќи универзитетите го дизајнираа системот со таа слика.
  • 11:37 - 11:39
    Ако размислите, целиот систем
  • 11:39 - 11:41
    на јавно образование низ светот е одложен процес
  • 11:41 - 11:43
    на влез во универзитетите.
  • 11:43 - 11:46
    Последицата е што многу талентирани,
  • 11:46 - 11:48
    брилијантни, креативни луѓе мислат дека не се тоа,
  • 11:48 - 11:50
    бидејќи работите за кои ги бивало на школо
  • 11:50 - 11:54
    не биле вреднувани, или биле стигматизирани.
  • 11:54 - 11:56
    Мислам дека не можеме да си го дозволиме тоа повеќе.
  • 11:56 - 11:58
    Во следните 30 години, според УНЕСКО,
  • 11:58 - 12:01
    повеќе луѓе низ светот ќе дипломираат
  • 12:01 - 12:03
    низ образованието од почетокот на историјата.
  • 12:03 - 12:05
    Повеќе луѓе, и е комбинација
  • 12:05 - 12:07
    на сите работи за кои што зборувавме --
  • 12:07 - 12:10
    технологијата и нејзиниот трансформациски ефект на работата, и демографијата
  • 12:10 - 12:12
    и огромната експлозија на населението.
  • 12:12 - 12:15
    Одеднаш, дипломите не вредат ништо. Нели е тоа точно?
  • 12:15 - 12:19
    Кога бев студент, ако имаше диплома, имаше работа.
  • 12:19 - 12:22
    Ако немаше работа тоа беше бидејќи не си сакал.
  • 12:22 - 12:25
    И јас , искрено, не сакав. (Смеа)
  • 12:25 - 12:30
    Но сега деца со дипломи често
  • 12:30 - 12:31
    седат дома и продолжуваат да играат видео игри,
  • 12:31 - 12:34
    затоа што ти треба магистратура, на места кога порано требало диплома,
  • 12:34 - 12:37
    и сега ти треба докторат кога ти требало магистратура.
  • 12:37 - 12:39
    Тоа е процес на академска инфлација.
  • 12:39 - 12:41
    И е индикатор дека целата структура на образованието
  • 12:41 - 12:43
    ни се поместува пред нозете. Мораме радикално да го промениме
  • 12:43 - 12:44
    нашиот поглед на интелигенцијата.
  • 12:44 - 12:46
    Знаеме три работи околу интелигенцијата.
  • 12:46 - 12:49
    прво, таа е разновидна. Ние размислуваме за светот на сите начини
  • 12:49 - 12:51
    на кои го искусуваме. Мислиме визуелно,
  • 12:51 - 12:54
    мислиме со звук, мислиме со Кинестетички.
  • 12:54 - 12:57
    Размислуваме со абстрактни термини, мислиме во движење.
  • 12:57 - 12:59
    второ, интелигенцијата е динамична.
  • 12:59 - 13:02
    Ако ги погледнете интеракциите во мозокот, како што чувме
  • 13:02 - 13:05
    вчера на неколку презентации,
  • 13:05 - 13:07
    интелигенцијата е прекрасно интерактивна.
  • 13:07 - 13:10
    Мозокот не е поделен во оддели.
  • 13:10 - 13:13
    Всушност, креативноста -- која јас ја дефинирам како процес
  • 13:13 - 13:15
    на добивање оригинални идеи кои имаат вредност --
  • 13:15 - 13:18
    најчесто доаѓа преку интеракција на
  • 13:18 - 13:21
    интердисциплинарни начини на гледање на работите.
  • 13:21 - 13:23
    мозокот е со причина -- патем,
  • 13:23 - 13:26
    има спој на нерви кои ги поврзува двете половини на мозокот
  • 13:26 - 13:28
    кој се нарекува корпус калосум. тој е подебел кај жените.
  • 13:28 - 13:30
    Надоврзувајќи се на Хелен од вчера, мислам
  • 13:30 - 13:34
    веројатно затоа жените се подобри во мулти таскинг.
  • 13:34 - 13:36
    Бидејќи сте подобри, нели?
  • 13:36 - 13:39
    Има голема количина на истражувања , но го знам од лично искуство.
  • 13:39 - 13:41
    Ако жена ми готви јадење дома --
  • 13:41 - 13:45
    што не е често , фала боже. (Смеа)
  • 13:45 - 13:48
    Знаете, таа прави -- не, таа е добра во некои работи --
  • 13:48 - 13:50
    но ако готви, знаете,
  • 13:50 - 13:52
    таа се справува со луѓе на телефон,
  • 13:52 - 13:55
    зборува со децата, го бои таванот,
  • 13:55 - 13:58
    прави операција на отворено срце таму.
  • 13:58 - 14:01
    Ако јас готвам, вратата е затворена, децата се надвор,
  • 14:01 - 14:04
    телефонот е исклучен, и ако таа влезе се вознемирувам.
  • 14:04 - 14:17
    и велам, „ Тери те молам, се обидувам да испржам јајце тука. Те молам дај ми простор.“ (Смеа)
  • 14:17 - 14:19
    Всушност, ја знаете таа стара философска изрека,
  • 14:19 - 14:22
    ако падне дрво во шумата и никој не го чуе,
  • 14:22 - 14:25
    дали вистина се случило? се сеќавате на неа ?
  • 14:25 - 14:28
    Видов одлична маица скоро што велеше, „Ако мажот каже што мисли
  • 14:28 - 14:31
    во шума, и ниедна жена не го чуе,
  • 14:31 - 14:40
    дали сеуште е во грешка?“ (Смеа)
  • 14:40 - 14:42
    И третата поента околу интелигенцијата е,
  • 14:43 - 14:45
    таа е различна. Пишувам нова книга во моментов
  • 14:45 - 14:47
    се нарекува „Просветлување“, кое е базирано на серија на
  • 14:47 - 14:49
    интервјуа со луѓе за тоа како го откриле
  • 14:49 - 14:51
    нивниот талент. Ме фасцинира тоа како луѓето го пронашле тоа.
  • 14:51 - 14:54
    Тоа беше поттикнато со разговор што го имав
  • 14:54 - 14:56
    со прекрасна жена која можеби повеќето луѓе
  • 14:56 - 14:58
    не чуле за неа, се вика Џилијан Лин,
  • 14:58 - 15:00
    сте чуле за неа? Некои чуле. Таа е кореограф
  • 15:00 - 15:02
    и сите ја знаат нејзината работа.
  • 15:02 - 15:04
    Таа ги работеше „Мачки“, и „Фантомот од операта“.
  • 15:04 - 15:08
    Таа е прекрасна. Јас бев член на комисијата на Кралскиот балет, во Англија,
  • 15:08 - 15:10
    како што може да забележите.
  • 15:10 - 15:12
    Како и да е, Џилијан и јас имавме ручек еден ден и ја прашав,
  • 15:12 - 15:14
    „Џилијан како реши да станеш танчерка?“ И таа одговори
  • 15:14 - 15:16
    многу интересно, кога била на училиште,
  • 15:16 - 15:19
    и било многу тешко. А од училиштето , во 30-ите,
  • 15:19 - 15:21
    и пишале на нејзините родите и рекле, „Мислиме
  • 15:21 - 15:23
    Џилијан има проблем со учењето.“ Таа не можела да се конентрира,
  • 15:23 - 15:25
    била многу нестрплива. Мислам дека сега би рекле
  • 15:25 - 15:29
    дека има Синдорм на недостиг на внимание. Зарем не? Но ова беше во 30-ите
  • 15:29 - 15:32
    и синдромот не беше уште пронајден тогаш.
  • 15:32 - 15:35
    Не беше расположлива состојба. (Смеа)
  • 15:35 - 15:39
    Луѓето не беа свесни дека можат да се разболат од тоа.
  • 15:39 - 15:43
    Како и да е, таа отишла да види специјалист. во една соба обрабена со даб
  • 15:43 - 15:46
    каде била со мајка и,
  • 15:46 - 15:49
    ја однеле и седнале на столче при крајот,
  • 15:49 - 15:51
    и таа седела на рацете 20 минути додека
  • 15:51 - 15:53
    човекот разговарал со мајка и за сите
  • 15:53 - 15:57
    проблеми што Џилијан ги имала на школо. И на крајот --
  • 15:57 - 15:59
    бидејќи им пречела на луѓето,
  • 15:59 - 16:01
    домашната секогаш и доцнела , итн,
  • 16:01 - 16:04
    мало 8 годишно девојче -- на крајот докторот отишол и седна до
  • 16:04 - 16:06
    Џилијан и рекол, „Џилијан,
  • 16:06 - 16:08
    ги чув сите работи кои мајка ти
  • 16:08 - 16:10
    ми ги кажа и треба да зборам со неа насамо.“
  • 16:10 - 16:13
    Рекол, „ причекај тука, ние ќе се вратиме многу бргу.“
  • 16:13 - 16:15
    излегле и ја оставиле сама.
  • 16:15 - 16:17
    Но како што излегувал од собата, го вклучил радиото
  • 16:17 - 16:19
    кое било на неговото биро. И кога тие
  • 16:19 - 16:21
    излегле од собата, и рекол на мајка и,
  • 16:21 - 16:24
    „Стојте и видете ја.“ И во моментот кога ја напуштиле собата,
  • 16:24 - 16:28
    таа рече, била на нозе, играјќи на музиката.
  • 16:28 - 16:30
    Тие ја гледале неколку минути
  • 16:30 - 16:33
    и докторот се свртел кон мајка и и рекол,
  • 16:33 - 16:37
    „Г-го Лин, Џилијан не е болна, таа е танчерка.
  • 16:37 - 16:39
    Однесете ја во училиште за танц.“
  • 16:39 - 16:41
    Јас реков, „што се случи?“
  • 16:41 - 16:44
    и рече, „Ме однесе. Не можам да ти кажам колку беше прекрасно.
  • 16:44 - 16:46
    влеговме во соба која беше полна со
  • 16:46 - 16:49
    луѓе како мене. Луѓе кои не можеа да седат мирни.
  • 16:49 - 16:52
    Луѓе кои мораа да се движат за да мислат.“ Кои мораа да се движат да размислуваат.
  • 16:52 - 16:54
    Ги учеле балет, тап, џез,
  • 16:54 - 16:56
    модерен танц и современ.
  • 16:56 - 16:59
    Таа евентуално била на аудиција за Кралската балетска школа,
  • 16:59 - 17:01
    стана соло танчер, имаше прекрасна кариера
  • 17:01 - 17:03
    со Кралскиот балет. На крајот дипломираше на
  • 17:03 - 17:05
    Кралската балетска школа и ја
  • 17:05 - 17:08
    основа сопствена компанија, Џилијан Лин танчерската компанија,
  • 17:08 - 17:11
    го сретна Ендру Лојд Вебер. Таа е одговорна за
  • 17:11 - 17:13
    некои од најуспешните театарски мјузикл
  • 17:13 - 17:18
    продукции во историјата, им има пренесено задоволство на милиони,
  • 17:18 - 17:21
    и сега е мулти-милионер. Некој друг
  • 17:21 - 17:25
    би ја ставил на лекови и би и рекол
  • 17:25 - 17:27
    да се смири.
  • 17:27 - 17:30
    Значи, мислам -- (Аплауз) до она што доаѓаме е следново:
  • 17:30 - 17:32
    Ал Гор говореше онаа вечер
  • 17:32 - 17:35
    за екологијата, и за револуцијата што ја поттикнала Рејчел Карсон.
  • 17:35 - 17:39
    Верувам дека единствената надеж за иднината
  • 17:39 - 17:42
    е да прифатиме нов концепт на хумана екологија,
  • 17:42 - 17:46
    онаа каде ние ќе почнеме да го реструктуираме нашиот концепт
  • 17:46 - 17:48
    за богатството на човечкиот капацитет.
  • 17:48 - 17:52
    Нашите образовни системи ни ги третираа мозоците на начин
  • 17:52 - 17:54
    на кој ние копаме руда во земјата: за специфична суровина.
  • 17:54 - 17:57
    А во иднината, тоа нема да ни служи.
  • 17:57 - 18:00
    Мора да ги размислиме фундаменталните принципи
  • 18:00 - 18:02
    според кои ги едуцираме нашите деца. Имаше прекрасен
  • 18:02 - 18:06
    цитат од Јонас Салк, кој вели, „ Ако сите инсекти
  • 18:06 - 18:09
    ги снема од земјата,
  • 18:09 - 18:12
    за 50 години целиот живот на земјата ќе престане.
  • 18:12 - 18:15
    Ако исчезнат сите луѓе од земјата,
  • 18:15 - 18:19
    за 50 години сите форми на живот ќе процветаат.“
  • 18:19 - 18:21
    И во право е.
  • 18:21 - 18:24
    Она што ТЕД го слави е подарокот на човечката имагинација.
  • 18:24 - 18:28
    Мора да сме внимателни и да го користиме овој подарок
  • 18:28 - 18:31
    мудро, и да ги избегнеме некои од сценаријата
  • 18:31 - 18:34
    за кои што зборевме. Единствениот начин
  • 18:35 - 18:38
    да го сториме тоа е да ги согледаме нашите креативни капацитети
  • 18:38 - 18:40
    за богатството кое се, и да ги гледаме
  • 18:40 - 18:43
    нашите деца како надежта која се. Нашата задача
  • 18:43 - 18:46
    е да го едуцираме нивното целосно битие, за да може да ја дочекаат иднината.
  • 18:46 - 18:49
    Патем -- ние можеби нема да ја видиме оваа иднина,
  • 18:49 - 18:52
    но тие ќе ја видат. Нашата задача е да им помогнеме
  • 18:52 - 18:54
    да успеат во тоа. Ви благодарам многу.
Title:
Кен Робинсон вели дека училиштата ја убиваат креативноста
Speaker:
Sir Ken Robinson
Description:

Витезот Кен Робинсон нуди забавни и длабоко трогателни аргументи за создавање образовен систем што ја негува (наместо да ја поткопува) креативноста.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
19:00
Marko Marcevski added a translation

Macedonian subtitles

Revisions