Лезли Морган Штајнер: Зошто жртвите на домашно насилство не бегаат од злоставувачот ?
-
0:01 - 0:04Овде сум да зборувам за едно вознемирувачко прашање,
-
0:04 - 0:08кое има исто толку вознемирувачки одговор.
-
0:08 - 0:11Ќе зборувам за тајните на домашното насилство,
-
0:11 - 0:14и ќе се осврнам на прашањето
-
0:14 - 0:18кое сите постојано го поставуваат:
-
0:18 - 0:19Зошто го трпи?
-
0:19 - 0:23Зошто е сè уште со мажот кој ја тепа?
-
0:23 - 0:26Јас не сум психијатар, социјален работник
-
0:26 - 0:29или експерт за домашно насилство.
-
0:29 - 0:32Јас сум само една жена со приказна.
-
0:32 - 0:36Имав 22. Само што дипломирав на Харвард.
-
0:36 - 0:39Се доселив во Њујорк за мојата прва работа
-
0:39 - 0:42како текстописец и уредник во магазинот Севентин.
-
0:42 - 0:44За првпат имав сопствен стан,
-
0:44 - 0:48ја добив мојата прва мала зелена Американ Експрес картичка,
-
0:48 - 0:51и си имав една многу голема тајна.
-
0:51 - 0:54Мојата тајна се состоеше во тоа
-
0:54 - 0:58што, мажот за кој мислев дека ми е сродна душа
-
0:58 - 1:00многу, многу пати ми ставаше пиштол
-
1:00 - 1:04на глава.
-
1:04 - 1:07Човекот кој го сакав повеќе од сè
-
1:07 - 1:11безброј пати ми ставаше пиштол на глава, и ми
-
1:11 - 1:15се закануваше деќа ќе ме убие.
-
1:15 - 1:17Овде сум за да ви ја раскажам приказната за лудата љубов,
-
1:17 - 1:20психолошка стапица маскирана како љубов,
-
1:20 - 1:23замка во која, секоја година, паѓаат милиони
-
1:23 - 1:26жени, а дури и неколку мажи.
-
1:26 - 1:28Ова можеби е, и ваша приказна.
-
1:28 - 1:32Јас не изгледам како некој кој преживеал домашно насилство.
-
1:32 - 1:34Имам диплома по aнглиски од Харвард,
-
1:34 - 1:36магистратура по маркетинг од Вортон факултетот за бизнис.
-
1:36 - 1:39Најголемиот дел од кариерата го поминав работејќи за компании од Форчн 500,
-
1:39 - 1:44тука вклучувајќи ги Џонсон и Џонсон, Лио Барнет и Вашингтон Пост.
-
1:44 - 1:48Со мојот втор сопруг во брак сум веќе 20 години,
-
1:48 - 1:50и имаме три деца.
-
1:50 - 1:55Имам куче од расата црн лабрадор и возам Хонда Одисеј мини-комбе.
-
1:55 - 1:57(Смеа)
-
1:57 - 2:00Оттука, мојата прва порака до вас е дека домашното насилство
-
2:00 - 2:02може да му се случи на секого --
-
2:02 - 2:06на сите раси, сите религии, на секое економско и образовно ниво.
-
2:06 - 2:08Тоа е насекаде.
-
2:08 - 2:11Мојата втора порака е дека секој мисли оти
-
2:11 - 2:13домашното насилство е проблем
-
2:13 - 2:15само на жените.
-
2:15 - 2:17Не е баш така.
-
2:17 - 2:21Над 85 проценти од злоставувачите се мажи, и домашното насилство
-
2:21 - 2:27се јавува само во интимните, меѓузависни и долготрајни врски,
-
2:27 - 2:30со други зборови, во семејствата,
-
2:30 - 2:33последното место каде би сакале или би очекувале да го најдеме насилството,
-
2:33 - 2:38една од причините поради која домашното насилство е ептен збунувачко.
-
2:38 - 2:41Порано да сте ме прашале, веројатно ќе сум ви кажела
-
2:41 - 2:44дека нема шанси да останам со маж кој ме тепа,
-
2:44 - 2:47но всушност, поради моите години, јас бев одличен пример за тоа како изгледа една жртва.
-
2:47 - 2:51Имав 22, а во Соединетите Држави,
-
2:51 - 2:54жените помеѓу 16 и 24 години се трипати поподложни
-
2:54 - 2:57на домашно насилство
-
2:57 - 3:00во споредба со другите жени,
-
3:00 - 3:03и преку 500 жени и девојчиња кои се на оваа возраст,
-
3:03 - 3:07секоја година, се убивани од нивните насилни партнери,
-
3:07 - 3:11момчиња и сопрузи, само во Соединетите Држави.
-
3:11 - 3:15Бев многу типична жртва и поради тоа што не знаев ништо
-
3:15 - 3:19за домашното насилство, неговите почетни знаци или обрасци.
-
3:19 - 3:24Конор го сретнав во една ладна, и дождлива јануарска ноќ.
-
3:24 - 3:27Седна до мене во њујоршкото градско метро,
-
3:27 - 3:29и почна да ми муабети.
-
3:29 - 3:31Ми кажа две работи.
-
3:31 - 3:35Една беше дека, и тој, само што дипломирал на Ајви Лиг факултетот,
-
3:35 - 3:39и дека работи во една неверојатна банка која се наоѓа на Вол Стрит.
-
3:39 - 3:43Но најголем впечаток ми остави тоа што
-
3:43 - 3:46беше паметен, забавен
-
3:46 - 3:48и изгледаше како фармерско момче.
-
3:48 - 3:50Имаше големи образи, големи јаболкови образи
-
3:50 - 3:52и имаше руса коса,
-
3:52 - 3:55и беше многу сладок.
-
3:55 - 3:59Уште на самиот почеток, Конор одигра многу паметно,
-
3:59 - 4:04односно, создаде илузија дека всушност јас сум доминантниот партнер во врската.
-
4:04 - 4:07Ова го правеше особено на почетокот, на
-
4:07 - 4:09тој начин што ме идолизираше.
-
4:09 - 4:13Почнавме да се забавуваме, а на него му се допаѓаше сè во врска со мене,
-
4:13 - 4:14дека сум паметна, дека сум била на Харвард,
-
4:14 - 4:17дека многу сакам да им помагам на девојчињата, ја сакаше и мојата работа.
-
4:17 - 4:20Сакаше да знае сè за моето семејство, за моето
-
4:20 - 4:23детство, и за моите надежи и соништа.
-
4:23 - 4:26Конор веруваше во мене, како писател и како жена,
-
4:26 - 4:30на начин како никој друг порано.
-
4:30 - 4:34Исто така, на еден магичен начин, создаде огромна доверба помеѓу нас,
-
4:34 - 4:37кажувајќи ми ги неговите тајни,
-
4:37 - 4:41дека кога бил многу мал, уште на четири годишна возраст,
-
4:41 - 4:44бил постојано ѕверски тепан од страна на неговиот
-
4:44 - 4:46очув, и дека злоставувањето
-
4:46 - 4:50било толку сериозно, што морал уште во осмо одделение да го напушти училиштето,
-
4:50 - 4:52и покрај тоа што бил многу паметен,
-
4:52 - 4:56и дека 20 години потрошил обидувајќи се да си го обнови животот.
-
4:56 - 4:59И дека токму поради ова, дипломата од Ајви Лиг,
-
4:59 - 5:02работата на Вол Стрит и неговата светла иднина
-
5:02 - 5:04му значат премногу.
-
5:04 - 5:06Ако тогаш ми кажевте
-
5:06 - 5:12дека овој паметен, забавен, чувствителен маж кој ме обожаваше,
-
5:12 - 5:16еден ден ќе ми наредува дали да носам шминка,
-
5:16 - 5:18колку да ми биде куса сукњата,
-
5:18 - 5:20каде да живеам, што да работам,
-
5:20 - 5:23ќе ми кажува со кого да се дружам и каде да го поминам Божиќ,
-
5:23 - 5:25веројатно ќе ви се изнасмеев,
-
5:25 - 5:28бидејќи кај Конор на почетокот, воопшто немаше знаци
-
5:28 - 5:32на гнев и желба за контрола.
-
5:32 - 5:35Не знаев дека првата фаза
-
5:35 - 5:37во секоја насилна врска е
-
5:37 - 5:41заведување и шармирање на жртвата.
-
5:41 - 5:46Исто така не знаев дека вториот чекор е изолирање на жртвата.
-
5:46 - 5:50Е сега, Конор не ми го кажа тоа на директен начин,
-
5:50 - 5:53"Еј, знаеш, целата оваа Ромео и Јулија приказна беше супер,
-
5:53 - 5:55ама сега морам да преминам во следната фаза
-
5:55 - 5:59кога ќе те изолирам и ќе те злоставувам" - (Смеа) -
-
5:59 - 6:01''морам да те оттргнам од овој стан
-
6:01 - 6:02за да не слушнат соседите како врескаш,
-
6:02 - 6:05и да те оттргнам од градот во кој имаш пријатели, семејство
-
6:05 - 6:08и соработници кои би ги виделе лузните."
-
6:08 - 6:12Наместо тоа, една петочна вечер Конор си дојде дома,
-
6:12 - 6:15и ми кажа дека морал да ја напушти работата,
-
6:15 - 6:17неговата сакана работа,
-
6:17 - 6:22и рече дека ја напуштил работата поради мене,
-
6:22 - 6:25дека покрај мене се чувствувал толку сигурен и сакан
-
6:25 - 6:28што веќе немал потреба да се докажува на Вол Стрит,
-
6:28 - 6:30и само сакаше да се отселиме од градот
-
6:30 - 6:33подалеку од неговото злоставувачко и дисфункционално семејство,
-
6:33 - 6:36и да отидеме во едно мало градче во Њу Ингланд
-
6:36 - 6:40каде што одново ќе си го започне животот со мене.
-
6:40 - 6:44Е сега, воопшто не сакав да го напуштам Њујорк и
-
6:44 - 6:48мојата прекрасна работа,
-
6:48 - 6:50но од друга страна си мислев дека треба да се жртвуваме за нашите сакани,
-
6:50 - 6:54па така се согласив, ја напуштив работата,
-
6:54 - 6:56и заедно со Конор се отселивме од Менхетн.
-
6:56 - 7:01Немав поим дека ова е луда љубов,
-
7:01 - 7:04дека ќе паднам директно во една внимателно поставена
-
7:04 - 7:09физичка, финансиска и психолошка стапица.
-
7:09 - 7:11Следната фаза од домашното насилство
-
7:11 - 7:16е започнување со заканите за да
-
7:16 - 7:18видите како ќе реагира жртвата.
-
7:18 - 7:21И тому овде пиштолите влегуваат во игра.
-
7:21 - 7:24Веднаш штом се доселивме во Њу Ингланд -- знаете,
-
7:24 - 7:26местото во кое Конор требаше да се чувствува безбедно --
-
7:26 - 7:29тој си купи три пиштоли.
-
7:29 - 7:32Еден од пиштолите го чуваше во колата.
-
7:32 - 7:35Другиот го чуваше под перниците во нашиот кревет,
-
7:35 - 7:38а третиот постојано го носеше со себе во џеб.
-
7:38 - 7:40И рече дека овие пиштоли му требале
-
7:40 - 7:43поради траумата што ја доживеал уште како мал.
-
7:43 - 7:46Му требале за да се чувствува безбедно.
-
7:46 - 7:49Но овие пиштоли, всушност, беа порака упатена кон мене,
-
7:49 - 7:51и покрај тоа што немаше кренато рака врз мене,
-
7:51 - 7:57сепак животот веќе ми беше во огромна опасност.
-
7:57 - 8:01Конор за првпат физички ме нападна
-
8:01 - 8:03на пет дена пред нашата свадба.
-
8:03 - 8:08Беше 7 наутро. Сè уште бев во ноќница.
-
8:08 - 8:12Работев на мојот компјутер, обидувајќи се да го завршам хонорарниот текст,
-
8:12 - 8:14и тогаш се изнервирав,
-
8:14 - 8:17а Конор го искористи мојот гнев како изговор
-
8:17 - 8:20за да ги стави рацете околу мојот врат
-
8:20 - 8:24и потоа да притисне толку силно што не можев ниту да дишам, ниту да викам.
-
8:24 - 8:26Држејќи ме така
-
8:26 - 8:30тој ми ја удри главата во ѕидот неколку пати.
-
8:30 - 8:35Пет дена подоцна, десетте лузни на мојот врат избледеа,
-
8:35 - 8:38а јас го облеков невестинскиот фустан од мајка ми,
-
8:38 - 8:40и се омажив за него.
-
8:40 - 8:42И покрај тоа што се случи,
-
8:42 - 8:46јас бев сигурна дека понатаму ќе живееме среќно,
-
8:46 - 8:50бидејќи го сакав, а и тој ме сакаше премногу.
-
8:50 - 8:53На него му беше ептен жал.
-
8:53 - 8:57Бил под многу голем стрес поради венчавката, и поради
-
8:57 - 8:59тоа што ќе станел семејство со мене.
-
8:59 - 9:00Тоа беше изолиран инцидент,
-
9:00 - 9:04и рече дека никогаш повеќе нема да ме повреди.
-
9:04 - 9:07Ме нападна уште двапати за време на медениот месец.
-
9:07 - 9:10Првиот пат, возев барајќи некоја затскриена плажа,
-
9:10 - 9:12и се изгубив,
-
9:12 - 9:15а тој толку силно ме удри по глава, што со другата
-
9:15 - 9:18страна неколку пати удрив во
-
9:18 - 9:20возачкиот прозорец.
-
9:20 - 9:23Неколку дена подоцна, враќајќи се од медениот месец,
-
9:23 - 9:26тој се изнервира од сообраќајот,
-
9:26 - 9:29и ме мавна во лице со еден ладен Биг Мак хамбургер.
-
9:29 - 9:32Конор продолжи да ме тепа еднаш или два пати неделно
-
9:32 - 9:35во текот на следните две и пол години од нашиот брак.
-
9:35 - 9:38Си мислев дека ова само мене
-
9:38 - 9:41ми се случува, но не бев во право.
-
9:41 - 9:43Една на секоја три жени во Америка
-
9:43 - 9:47е жртва на домашно насилство или демнење во одреден период од животот,
-
9:47 - 9:51а извештајот на СиДиСи вели дека 15 милиони деца
-
9:51 - 9:54се злоставувани секоја година, 15 милиони.
-
9:54 - 9:59Што значи дека сум била во многу добро друштво.
-
9:59 - 10:01Да се навратам на прашањето:
-
10:01 - 10:03Зошто останав со него?
-
10:03 - 10:06Одговорот е лесен.
-
10:06 - 10:09Не знаев дека ме злоставува.
-
10:09 - 10:13Иако ми ставаше пиштоли на глава, иако ме
-
10:13 - 10:15туркаше надолу по скалите,
-
10:15 - 10:16се закануваше дека ќе го убие кучето,
-
10:16 - 10:20ги вадеше клучевите од колата додека возев по автопатот,
-
10:20 - 10:23ми истураше мелено кафе врз глава
-
10:23 - 10:25додека се облекував за работно интервју,
-
10:25 - 10:29јас ниту еднаш за себе не помислив дека сум жртва.
-
10:29 - 10:33Наместо тоа, јас бев многу силна жена
-
10:33 - 10:35која е заљубена во човек со многу проблеми,
-
10:35 - 10:37и си мислев дека само јас можам
-
10:37 - 10:41да му помогнам на Конор да се соочи со неговите демони.
-
10:41 - 10:45Другото прашање што сите го поставуваат е,
-
10:45 - 10:47зошто едноставно не си замине?
-
10:47 - 10:51Зошто не избега? Можев да си заминам во секое време.
-
10:51 - 10:56За мене, ова е најтажното и најболното прашање што ми го поставиле,
-
10:56 - 10:59бидејќи ние жртвите знаеме нешто што вие вообичаено не го знаете:
-
10:59 - 11:03Ептен е опасно да го напуштите злоставувачот.
-
11:03 - 11:06Бидејќи последната фаза од домашното насилство е
-
11:06 - 11:09убиство на жртвата.
-
11:09 - 11:12Преку 70 проценти од убиствата во рамки на домашното насилство
-
11:12 - 11:16се случуваат откако жртвата ќе ја прекине врската,
-
11:16 - 11:18откако ќе избега,
-
11:18 - 11:21бидејќи тогаш злоставувачот веќе нема што да изгуби.
-
11:21 - 11:24Другите исходи може да бидат долготрајно демнење,
-
11:24 - 11:27дури и кога злоставувачот ќе се прежени;
-
11:27 - 11:29кратење на финансиските средства;
-
11:29 - 11:32и манипулирање на семејниот судски систем
-
11:32 - 11:34за да ја преплаши жртвата и нејзините деца,
-
11:34 - 11:39кои постојано се приморувани од страна на судиите
-
11:39 - 11:41да поминуваат, без надзор, одредено време
-
11:41 - 11:45со мажот кој ја тепал нивната мајка.
-
11:45 - 11:49И пак прашуваме, зошто едноставно не си замине?
-
11:49 - 11:51Јас успеав да си заминам,
-
11:51 - 11:54заради последното садистичко тепање
-
11:54 - 11:57кое конечно ме освести.
-
11:57 - 12:00Сфатив дека мажот кој го сакам, на крај
-
12:00 - 12:03веројатно ќе ме убие ако му дозволам.
-
12:03 - 12:06Па така му ставив крај на молкот.
-
12:06 - 12:08Им кажав на сите:
-
12:08 - 12:12на полицијата, на соседите,
-
12:12 - 12:16пријателите и семејството, на луѓе што не ги знаев,
-
12:16 - 12:23и денес сум овде бидејќи сите вие ми помогнавте.
-
12:23 - 12:25Честопати ги стереотипизираме жртвите,
-
12:25 - 12:29им лепиме негативни етикети,
-
12:29 - 12:32мазохистичка жена, потрошна роба.
-
12:32 - 12:35Прашањето, "Зошто е сè уште со него?"
-
12:35 - 12:40за некои луѓе значи, "Нејзина вина е што сè уште е со него,"
-
12:40 - 12:44божем ние, жртвите, намерно се вљубуваме во мажи кои
-
12:44 - 12:46сакаат да нè уништат.
-
12:46 - 12:49Но откако ја објавив "Луда Љубов,"
-
12:49 - 12:52слушнав стотици приказни од мажи и жени
-
12:52 - 12:55кои успешно се справиле,
-
12:55 - 12:59кои научиле една бесценета животна лекција од она што им се случило,
-
12:59 - 13:03и кои си ги обновиле животите -- радосни, среќни животи --
-
13:03 - 13:06како вработени, жени и мајки,
-
13:06 - 13:10животи без насилство, токму како мене.
-
13:10 - 13:15Бидејќи се испостави дека јас сум, всушност, еден многу типичен пример на жртва,
-
13:15 - 13:18на некој кој преживеал домашно насилство.
-
13:18 - 13:22Се премажив за еден пријатен и нежен маж,
-
13:22 - 13:24и со него имаме три деца.
-
13:24 - 13:28Како што реков, си имам црн лабрадор и мини-комбе.
-
13:28 - 13:31Но повеќе нема да имам,
-
13:31 - 13:34никогаш,
-
13:34 - 13:36пиштол на мојата глава, пиштол
-
13:36 - 13:40кој го држи некој кој ми вели дека ме сака.
-
13:40 - 13:43Во моментов, можеби си мислите,
-
13:43 - 13:44"Леле, ова е неверојатно,"
-
13:44 - 13:48или, "Леле, колку била глупава,"
-
13:48 - 13:54но цело време, јас всушност зборував за вас.
-
13:54 - 13:57Ви гарантирам дека во моментов ме
-
13:57 - 13:59слушаат неколку луѓе кои
-
13:59 - 14:02и самите се жртви на насилство,
-
14:02 - 14:04биле злоставувани како деца,
-
14:04 - 14:08или и самите се злоставувачи.
-
14:08 - 14:10Насилство, токму сега, можеби ја засега вашата ќерка,
-
14:10 - 14:15вашата сестра или вашиот најдобар пријател.
-
14:15 - 14:18Јас и ставив крај на мојата луда љубов, на
-
14:18 - 14:21тој начин што го прекинав молкот.
-
14:21 - 14:23И денес го правам истото.
-
14:23 - 14:27На овој начин им помагам на другите жртви,
-
14:27 - 14:30и за крај имам едно барање до вас.
-
14:30 - 14:33Зборувајте за она што го слушнавте овде.
-
14:33 - 14:36Злоставувањето вирее само во тишина.
-
14:36 - 14:40Вие имате моќ да му ставите крај на домашното насилство
-
14:40 - 14:44едноставно ако фрлите светлина врз истото.
-
14:44 - 14:47Нам жртвите ни требаат сите.
-
14:47 - 14:51Потребно ни е секој од вас да ги разбере
-
14:51 - 14:55тајните на домашното насилство.
-
14:55 - 14:58Разобличете го насилството зборувајќи за истото
-
14:58 - 15:00со вашите деца, вашите соработници,
-
15:00 - 15:02вашите пријатели и семејство.
-
15:02 - 15:05Претставете ги жртвите како прекрасни, сакани луѓе
-
15:05 - 15:08кои имаат иднина пред себе.
-
15:08 - 15:11Препознајте ги раните знаци на насилство,
-
15:11 - 15:14и интервенирајте совесно,
-
15:14 - 15:18спречето го, покажете им на жртвите безбеден излез.
-
15:18 - 15:22Заедно можеме да ги направиме нашите кревети,
-
15:22 - 15:26нашите трепезарии и нашите семејства,
-
15:26 - 15:29безбедни и мирни оази, баш како што и треба да бидат.
-
15:29 - 15:31Ви благодарам.
-
15:31 - 15:39(Аплауз)
- Title:
- Лезли Морган Штајнер: Зошто жртвите на домашно насилство не бегаат од злоставувачот ?
- Speaker:
- Leslie Morgan Steiner
- Description:
-
Лезли Морган Штајнер доживеала "луда љубов" -- односно, била лудо вљубена во човек кој постојано ја злоставувал и се заканувал дека ќе ја убие. Штајнер зборува за темната страна од нејзината врска, притоа истакнувајќи ги погрешните сфаќања што повеќето луѓе ги имаат во однос на жртвите на домашно насилство, и воедно објаснува како да помогнеме да се стави крај на молкот.
- Video Language:
- English
- Team:
- closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 15:59
Dimitra Papageorgiou approved Macedonian subtitles for Why domestic violence victims don't leave | ||
Charlie Psy accepted Macedonian subtitles for Why domestic violence victims don't leave | ||
Charlie Psy edited Macedonian subtitles for Why domestic violence victims don't leave | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for Why domestic violence victims don't leave | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for Why domestic violence victims don't leave | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for Why domestic violence victims don't leave | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for Why domestic violence victims don't leave | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for Why domestic violence victims don't leave |