Return to Video

Лезли Морган Штајнер: Зошто жртвите на домашно насилство не бегаат од злоставувачот ?

  • 0:01 - 0:04
    Овде сум да зборувам за едно вознемирувачко прашање,
  • 0:04 - 0:08
    кое има исто толку вознемирувачки одговор.
  • 0:08 - 0:11
    Ќе зборувам за тајните на домашното насилство,
  • 0:11 - 0:14
    и ќе се осврнам на прашањето
  • 0:14 - 0:18
    кое сите постојано го поставуваат:
  • 0:18 - 0:19
    Зошто го трпи?
  • 0:19 - 0:23
    Зошто е сè уште со мажот кој ја тепа?
  • 0:23 - 0:26
    Јас не сум психијатар, социјален работник
  • 0:26 - 0:29
    или експерт за домашно насилство.
  • 0:29 - 0:32
    Јас сум само една жена со приказна.
  • 0:32 - 0:36
    Имав 22. Само што дипломирав на Харвард.
  • 0:36 - 0:39
    Се доселив во Њујорк за мојата прва работа
  • 0:39 - 0:42
    како текстописец и уредник во магазинот Севентин.
  • 0:42 - 0:44
    За првпат имав сопствен стан,
  • 0:44 - 0:48
    ја добив мојата прва мала зелена Американ Експрес картичка,
  • 0:48 - 0:51
    и си имав една многу голема тајна.
  • 0:51 - 0:54
    Мојата тајна се состоеше во тоа
  • 0:54 - 0:58
    што, мажот за кој мислев дека ми е сродна душа
  • 0:58 - 1:00
    многу, многу пати ми ставаше пиштол
  • 1:00 - 1:04
    на глава.
  • 1:04 - 1:07
    Човекот кој го сакав повеќе од сè
  • 1:07 - 1:11
    безброј пати ми ставаше пиштол на глава, и ми
  • 1:11 - 1:15
    се закануваше деќа ќе ме убие.
  • 1:15 - 1:17
    Овде сум за да ви ја раскажам приказната за лудата љубов,
  • 1:17 - 1:20
    психолошка стапица маскирана како љубов,
  • 1:20 - 1:23
    замка во која, секоја година, паѓаат милиони
  • 1:23 - 1:26
    жени, а дури и неколку мажи.
  • 1:26 - 1:28
    Ова можеби е, и ваша приказна.
  • 1:28 - 1:32
    Јас не изгледам како некој кој преживеал домашно насилство.
  • 1:32 - 1:34
    Имам диплома по aнглиски од Харвард,
  • 1:34 - 1:36
    магистратура по маркетинг од Вортон факултетот за бизнис.
  • 1:36 - 1:39
    Најголемиот дел од кариерата го поминав работејќи за компании од Форчн 500,
  • 1:39 - 1:44
    тука вклучувајќи ги Џонсон и Џонсон, Лио Барнет и Вашингтон Пост.
  • 1:44 - 1:48
    Со мојот втор сопруг во брак сум веќе 20 години,
  • 1:48 - 1:50
    и имаме три деца.
  • 1:50 - 1:55
    Имам куче од расата црн лабрадор и возам Хонда Одисеј мини-комбе.
  • 1:55 - 1:57
    (Смеа)
  • 1:57 - 2:00
    Оттука, мојата прва порака до вас е дека домашното насилство
  • 2:00 - 2:02
    може да му се случи на секого --
  • 2:02 - 2:06
    на сите раси, сите религии, на секое економско и образовно ниво.
  • 2:06 - 2:08
    Тоа е насекаде.
  • 2:08 - 2:11
    Мојата втора порака е дека секој мисли оти
  • 2:11 - 2:13
    домашното насилство е проблем
  • 2:13 - 2:15
    само на жените.
  • 2:15 - 2:17
    Не е баш така.
  • 2:17 - 2:21
    Над 85 проценти од злоставувачите се мажи, и домашното насилство
  • 2:21 - 2:27
    се јавува само во интимните, меѓузависни и долготрајни врски,
  • 2:27 - 2:30
    со други зборови, во семејствата,
  • 2:30 - 2:33
    последното место каде би сакале или би очекувале да го најдеме насилството,
  • 2:33 - 2:38
    една од причините поради која домашното насилство е ептен збунувачко.
  • 2:38 - 2:41
    Порано да сте ме прашале, веројатно ќе сум ви кажела
  • 2:41 - 2:44
    дека нема шанси да останам со маж кој ме тепа,
  • 2:44 - 2:47
    но всушност, поради моите години, јас бев одличен пример за тоа како изгледа една жртва.
  • 2:47 - 2:51
    Имав 22, а во Соединетите Држави,
  • 2:51 - 2:54
    жените помеѓу 16 и 24 години се трипати поподложни
  • 2:54 - 2:57
    на домашно насилство
  • 2:57 - 3:00
    во споредба со другите жени,
  • 3:00 - 3:03
    и преку 500 жени и девојчиња кои се на оваа возраст,
  • 3:03 - 3:07
    секоја година, се убивани од нивните насилни партнери,
  • 3:07 - 3:11
    момчиња и сопрузи, само во Соединетите Држави.
  • 3:11 - 3:15
    Бев многу типична жртва и поради тоа што не знаев ништо
  • 3:15 - 3:19
    за домашното насилство, неговите почетни знаци или обрасци.
  • 3:19 - 3:24
    Конор го сретнав во една ладна, и дождлива јануарска ноќ.
  • 3:24 - 3:27
    Седна до мене во њујоршкото градско метро,
  • 3:27 - 3:29
    и почна да ми муабети.
  • 3:29 - 3:31
    Ми кажа две работи.
  • 3:31 - 3:35
    Една беше дека, и тој, само што дипломирал на Ајви Лиг факултетот,
  • 3:35 - 3:39
    и дека работи во една неверојатна банка која се наоѓа на Вол Стрит.
  • 3:39 - 3:43
    Но најголем впечаток ми остави тоа што
  • 3:43 - 3:46
    беше паметен, забавен
  • 3:46 - 3:48
    и изгледаше како фармерско момче.
  • 3:48 - 3:50
    Имаше големи образи, големи јаболкови образи
  • 3:50 - 3:52
    и имаше руса коса,
  • 3:52 - 3:55
    и беше многу сладок.
  • 3:55 - 3:59
    Уште на самиот почеток, Конор одигра многу паметно,
  • 3:59 - 4:04
    односно, создаде илузија дека всушност јас сум доминантниот партнер во врската.
  • 4:04 - 4:07
    Ова го правеше особено на почетокот, на
  • 4:07 - 4:09
    тој начин што ме идолизираше.
  • 4:09 - 4:13
    Почнавме да се забавуваме, а на него му се допаѓаше сè во врска со мене,
  • 4:13 - 4:14
    дека сум паметна, дека сум била на Харвард,
  • 4:14 - 4:17
    дека многу сакам да им помагам на девојчињата, ја сакаше и мојата работа.
  • 4:17 - 4:20
    Сакаше да знае сè за моето семејство, за моето
  • 4:20 - 4:23
    детство, и за моите надежи и соништа.
  • 4:23 - 4:26
    Конор веруваше во мене, како писател и како жена,
  • 4:26 - 4:30
    на начин како никој друг порано.
  • 4:30 - 4:34
    Исто така, на еден магичен начин, создаде огромна доверба помеѓу нас,
  • 4:34 - 4:37
    кажувајќи ми ги неговите тајни,
  • 4:37 - 4:41
    дека кога бил многу мал, уште на четири годишна возраст,
  • 4:41 - 4:44
    бил постојано ѕверски тепан од страна на неговиот
  • 4:44 - 4:46
    очув, и дека злоставувањето
  • 4:46 - 4:50
    било толку сериозно, што морал уште во осмо одделение да го напушти училиштето,
  • 4:50 - 4:52
    и покрај тоа што бил многу паметен,
  • 4:52 - 4:56
    и дека 20 години потрошил обидувајќи се да си го обнови животот.
  • 4:56 - 4:59
    И дека токму поради ова, дипломата од Ајви Лиг,
  • 4:59 - 5:02
    работата на Вол Стрит и неговата светла иднина
  • 5:02 - 5:04
    му значат премногу.
  • 5:04 - 5:06
    Ако тогаш ми кажевте
  • 5:06 - 5:12
    дека овој паметен, забавен, чувствителен маж кој ме обожаваше,
  • 5:12 - 5:16
    еден ден ќе ми наредува дали да носам шминка,
  • 5:16 - 5:18
    колку да ми биде куса сукњата,
  • 5:18 - 5:20
    каде да живеам, што да работам,
  • 5:20 - 5:23
    ќе ми кажува со кого да се дружам и каде да го поминам Божиќ,
  • 5:23 - 5:25
    веројатно ќе ви се изнасмеев,
  • 5:25 - 5:28
    бидејќи кај Конор на почетокот, воопшто немаше знаци
  • 5:28 - 5:32
    на гнев и желба за контрола.
  • 5:32 - 5:35
    Не знаев дека првата фаза
  • 5:35 - 5:37
    во секоја насилна врска е
  • 5:37 - 5:41
    заведување и шармирање на жртвата.
  • 5:41 - 5:46
    Исто така не знаев дека вториот чекор е изолирање на жртвата.
  • 5:46 - 5:50
    Е сега, Конор не ми го кажа тоа на директен начин,
  • 5:50 - 5:53
    "Еј, знаеш, целата оваа Ромео и Јулија приказна беше супер,
  • 5:53 - 5:55
    ама сега морам да преминам во следната фаза
  • 5:55 - 5:59
    кога ќе те изолирам и ќе те злоставувам" - (Смеа) -
  • 5:59 - 6:01
    ''морам да те оттргнам од овој стан
  • 6:01 - 6:02
    за да не слушнат соседите како врескаш,
  • 6:02 - 6:05
    и да те оттргнам од градот во кој имаш пријатели, семејство
  • 6:05 - 6:08
    и соработници кои би ги виделе лузните."
  • 6:08 - 6:12
    Наместо тоа, една петочна вечер Конор си дојде дома,
  • 6:12 - 6:15
    и ми кажа дека морал да ја напушти работата,
  • 6:15 - 6:17
    неговата сакана работа,
  • 6:17 - 6:22
    и рече дека ја напуштил работата поради мене,
  • 6:22 - 6:25
    дека покрај мене се чувствувал толку сигурен и сакан
  • 6:25 - 6:28
    што веќе немал потреба да се докажува на Вол Стрит,
  • 6:28 - 6:30
    и само сакаше да се отселиме од градот
  • 6:30 - 6:33
    подалеку од неговото злоставувачко и дисфункционално семејство,
  • 6:33 - 6:36
    и да отидеме во едно мало градче во Њу Ингланд
  • 6:36 - 6:40
    каде што одново ќе си го започне животот со мене.
  • 6:40 - 6:44
    Е сега, воопшто не сакав да го напуштам Њујорк и
  • 6:44 - 6:48
    мојата прекрасна работа,
  • 6:48 - 6:50
    но од друга страна си мислев дека треба да се жртвуваме за нашите сакани,
  • 6:50 - 6:54
    па така се согласив, ја напуштив работата,
  • 6:54 - 6:56
    и заедно со Конор се отселивме од Менхетн.
  • 6:56 - 7:01
    Немав поим дека ова е луда љубов,
  • 7:01 - 7:04
    дека ќе паднам директно во една внимателно поставена
  • 7:04 - 7:09
    физичка, финансиска и психолошка стапица.
  • 7:09 - 7:11
    Следната фаза од домашното насилство
  • 7:11 - 7:16
    е започнување со заканите за да
  • 7:16 - 7:18
    видите како ќе реагира жртвата.
  • 7:18 - 7:21
    И тому овде пиштолите влегуваат во игра.
  • 7:21 - 7:24
    Веднаш штом се доселивме во Њу Ингланд -- знаете,
  • 7:24 - 7:26
    местото во кое Конор требаше да се чувствува безбедно --
  • 7:26 - 7:29
    тој си купи три пиштоли.
  • 7:29 - 7:32
    Еден од пиштолите го чуваше во колата.
  • 7:32 - 7:35
    Другиот го чуваше под перниците во нашиот кревет,
  • 7:35 - 7:38
    а третиот постојано го носеше со себе во џеб.
  • 7:38 - 7:40
    И рече дека овие пиштоли му требале
  • 7:40 - 7:43
    поради траумата што ја доживеал уште како мал.
  • 7:43 - 7:46
    Му требале за да се чувствува безбедно.
  • 7:46 - 7:49
    Но овие пиштоли, всушност, беа порака упатена кон мене,
  • 7:49 - 7:51
    и покрај тоа што немаше кренато рака врз мене,
  • 7:51 - 7:57
    сепак животот веќе ми беше во огромна опасност.
  • 7:57 - 8:01
    Конор за првпат физички ме нападна
  • 8:01 - 8:03
    на пет дена пред нашата свадба.
  • 8:03 - 8:08
    Беше 7 наутро. Сè уште бев во ноќница.
  • 8:08 - 8:12
    Работев на мојот компјутер, обидувајќи се да го завршам хонорарниот текст,
  • 8:12 - 8:14
    и тогаш се изнервирав,
  • 8:14 - 8:17
    а Конор го искористи мојот гнев како изговор
  • 8:17 - 8:20
    за да ги стави рацете околу мојот врат
  • 8:20 - 8:24
    и потоа да притисне толку силно што не можев ниту да дишам, ниту да викам.
  • 8:24 - 8:26
    Држејќи ме така
  • 8:26 - 8:30
    тој ми ја удри главата во ѕидот неколку пати.
  • 8:30 - 8:35
    Пет дена подоцна, десетте лузни на мојот врат избледеа,
  • 8:35 - 8:38
    а јас го облеков невестинскиот фустан од мајка ми,
  • 8:38 - 8:40
    и се омажив за него.
  • 8:40 - 8:42
    И покрај тоа што се случи,
  • 8:42 - 8:46
    јас бев сигурна дека понатаму ќе живееме среќно,
  • 8:46 - 8:50
    бидејќи го сакав, а и тој ме сакаше премногу.
  • 8:50 - 8:53
    На него му беше ептен жал.
  • 8:53 - 8:57
    Бил под многу голем стрес поради венчавката, и поради
  • 8:57 - 8:59
    тоа што ќе станел семејство со мене.
  • 8:59 - 9:00
    Тоа беше изолиран инцидент,
  • 9:00 - 9:04
    и рече дека никогаш повеќе нема да ме повреди.
  • 9:04 - 9:07
    Ме нападна уште двапати за време на медениот месец.
  • 9:07 - 9:10
    Првиот пат, возев барајќи некоја затскриена плажа,
  • 9:10 - 9:12
    и се изгубив,
  • 9:12 - 9:15
    а тој толку силно ме удри по глава, што со другата
  • 9:15 - 9:18
    страна неколку пати удрив во
  • 9:18 - 9:20
    возачкиот прозорец.
  • 9:20 - 9:23
    Неколку дена подоцна, враќајќи се од медениот месец,
  • 9:23 - 9:26
    тој се изнервира од сообраќајот,
  • 9:26 - 9:29
    и ме мавна во лице со еден ладен Биг Мак хамбургер.
  • 9:29 - 9:32
    Конор продолжи да ме тепа еднаш или два пати неделно
  • 9:32 - 9:35
    во текот на следните две и пол години од нашиот брак.
  • 9:35 - 9:38
    Си мислев дека ова само мене
  • 9:38 - 9:41
    ми се случува, но не бев во право.
  • 9:41 - 9:43
    Една на секоја три жени во Америка
  • 9:43 - 9:47
    е жртва на домашно насилство или демнење во одреден период од животот,
  • 9:47 - 9:51
    а извештајот на СиДиСи вели дека 15 милиони деца
  • 9:51 - 9:54
    се злоставувани секоја година, 15 милиони.
  • 9:54 - 9:59
    Што значи дека сум била во многу добро друштво.
  • 9:59 - 10:01
    Да се навратам на прашањето:
  • 10:01 - 10:03
    Зошто останав со него?
  • 10:03 - 10:06
    Одговорот е лесен.
  • 10:06 - 10:09
    Не знаев дека ме злоставува.
  • 10:09 - 10:13
    Иако ми ставаше пиштоли на глава, иако ме
  • 10:13 - 10:15
    туркаше надолу по скалите,
  • 10:15 - 10:16
    се закануваше дека ќе го убие кучето,
  • 10:16 - 10:20
    ги вадеше клучевите од колата додека возев по автопатот,
  • 10:20 - 10:23
    ми истураше мелено кафе врз глава
  • 10:23 - 10:25
    додека се облекував за работно интервју,
  • 10:25 - 10:29
    јас ниту еднаш за себе не помислив дека сум жртва.
  • 10:29 - 10:33
    Наместо тоа, јас бев многу силна жена
  • 10:33 - 10:35
    која е заљубена во човек со многу проблеми,
  • 10:35 - 10:37
    и си мислев дека само јас можам
  • 10:37 - 10:41
    да му помогнам на Конор да се соочи со неговите демони.
  • 10:41 - 10:45
    Другото прашање што сите го поставуваат е,
  • 10:45 - 10:47
    зошто едноставно не си замине?
  • 10:47 - 10:51
    Зошто не избега? Можев да си заминам во секое време.
  • 10:51 - 10:56
    За мене, ова е најтажното и најболното прашање што ми го поставиле,
  • 10:56 - 10:59
    бидејќи ние жртвите знаеме нешто што вие вообичаено не го знаете:
  • 10:59 - 11:03
    Ептен е опасно да го напуштите злоставувачот.
  • 11:03 - 11:06
    Бидејќи последната фаза од домашното насилство е
  • 11:06 - 11:09
    убиство на жртвата.
  • 11:09 - 11:12
    Преку 70 проценти од убиствата во рамки на домашното насилство
  • 11:12 - 11:16
    се случуваат откако жртвата ќе ја прекине врската,
  • 11:16 - 11:18
    откако ќе избега,
  • 11:18 - 11:21
    бидејќи тогаш злоставувачот веќе нема што да изгуби.
  • 11:21 - 11:24
    Другите исходи може да бидат долготрајно демнење,
  • 11:24 - 11:27
    дури и кога злоставувачот ќе се прежени;
  • 11:27 - 11:29
    кратење на финансиските средства;
  • 11:29 - 11:32
    и манипулирање на семејниот судски систем
  • 11:32 - 11:34
    за да ја преплаши жртвата и нејзините деца,
  • 11:34 - 11:39
    кои постојано се приморувани од страна на судиите
  • 11:39 - 11:41
    да поминуваат, без надзор, одредено време
  • 11:41 - 11:45
    со мажот кој ја тепал нивната мајка.
  • 11:45 - 11:49
    И пак прашуваме, зошто едноставно не си замине?
  • 11:49 - 11:51
    Јас успеав да си заминам,
  • 11:51 - 11:54
    заради последното садистичко тепање
  • 11:54 - 11:57
    кое конечно ме освести.
  • 11:57 - 12:00
    Сфатив дека мажот кој го сакам, на крај
  • 12:00 - 12:03
    веројатно ќе ме убие ако му дозволам.
  • 12:03 - 12:06
    Па така му ставив крај на молкот.
  • 12:06 - 12:08
    Им кажав на сите:
  • 12:08 - 12:12
    на полицијата, на соседите,
  • 12:12 - 12:16
    пријателите и семејството, на луѓе што не ги знаев,
  • 12:16 - 12:23
    и денес сум овде бидејќи сите вие ми помогнавте.
  • 12:23 - 12:25
    Честопати ги стереотипизираме жртвите,
  • 12:25 - 12:29
    им лепиме негативни етикети,
  • 12:29 - 12:32
    мазохистичка жена, потрошна роба.
  • 12:32 - 12:35
    Прашањето, "Зошто е сè уште со него?"
  • 12:35 - 12:40
    за некои луѓе значи, "Нејзина вина е што сè уште е со него,"
  • 12:40 - 12:44
    божем ние, жртвите, намерно се вљубуваме во мажи кои
  • 12:44 - 12:46
    сакаат да нè уништат.
  • 12:46 - 12:49
    Но откако ја објавив "Луда Љубов,"
  • 12:49 - 12:52
    слушнав стотици приказни од мажи и жени
  • 12:52 - 12:55
    кои успешно се справиле,
  • 12:55 - 12:59
    кои научиле една бесценета животна лекција од она што им се случило,
  • 12:59 - 13:03
    и кои си ги обновиле животите -- радосни, среќни животи --
  • 13:03 - 13:06
    како вработени, жени и мајки,
  • 13:06 - 13:10
    животи без насилство, токму како мене.
  • 13:10 - 13:15
    Бидејќи се испостави дека јас сум, всушност, еден многу типичен пример на жртва,
  • 13:15 - 13:18
    на некој кој преживеал домашно насилство.
  • 13:18 - 13:22
    Се премажив за еден пријатен и нежен маж,
  • 13:22 - 13:24
    и со него имаме три деца.
  • 13:24 - 13:28
    Како што реков, си имам црн лабрадор и мини-комбе.
  • 13:28 - 13:31
    Но повеќе нема да имам,
  • 13:31 - 13:34
    никогаш,
  • 13:34 - 13:36
    пиштол на мојата глава, пиштол
  • 13:36 - 13:40
    кој го држи некој кој ми вели дека ме сака.
  • 13:40 - 13:43
    Во моментов, можеби си мислите,
  • 13:43 - 13:44
    "Леле, ова е неверојатно,"
  • 13:44 - 13:48
    или, "Леле, колку била глупава,"
  • 13:48 - 13:54
    но цело време, јас всушност зборував за вас.
  • 13:54 - 13:57
    Ви гарантирам дека во моментов ме
  • 13:57 - 13:59
    слушаат неколку луѓе кои
  • 13:59 - 14:02
    и самите се жртви на насилство,
  • 14:02 - 14:04
    биле злоставувани како деца,
  • 14:04 - 14:08
    или и самите се злоставувачи.
  • 14:08 - 14:10
    Насилство, токму сега, можеби ја засега вашата ќерка,
  • 14:10 - 14:15
    вашата сестра или вашиот најдобар пријател.
  • 14:15 - 14:18
    Јас и ставив крај на мојата луда љубов, на
  • 14:18 - 14:21
    тој начин што го прекинав молкот.
  • 14:21 - 14:23
    И денес го правам истото.
  • 14:23 - 14:27
    На овој начин им помагам на другите жртви,
  • 14:27 - 14:30
    и за крај имам едно барање до вас.
  • 14:30 - 14:33
    Зборувајте за она што го слушнавте овде.
  • 14:33 - 14:36
    Злоставувањето вирее само во тишина.
  • 14:36 - 14:40
    Вие имате моќ да му ставите крај на домашното насилство
  • 14:40 - 14:44
    едноставно ако фрлите светлина врз истото.
  • 14:44 - 14:47
    Нам жртвите ни требаат сите.
  • 14:47 - 14:51
    Потребно ни е секој од вас да ги разбере
  • 14:51 - 14:55
    тајните на домашното насилство.
  • 14:55 - 14:58
    Разобличете го насилството зборувајќи за истото
  • 14:58 - 15:00
    со вашите деца, вашите соработници,
  • 15:00 - 15:02
    вашите пријатели и семејство.
  • 15:02 - 15:05
    Претставете ги жртвите како прекрасни, сакани луѓе
  • 15:05 - 15:08
    кои имаат иднина пред себе.
  • 15:08 - 15:11
    Препознајте ги раните знаци на насилство,
  • 15:11 - 15:14
    и интервенирајте совесно,
  • 15:14 - 15:18
    спречето го, покажете им на жртвите безбеден излез.
  • 15:18 - 15:22
    Заедно можеме да ги направиме нашите кревети,
  • 15:22 - 15:26
    нашите трепезарии и нашите семејства,
  • 15:26 - 15:29
    безбедни и мирни оази, баш како што и треба да бидат.
  • 15:29 - 15:31
    Ви благодарам.
  • 15:31 - 15:39
    (Аплауз)
Title:
Лезли Морган Штајнер: Зошто жртвите на домашно насилство не бегаат од злоставувачот ?
Speaker:
Leslie Morgan Steiner
Description:

Лезли Морган Штајнер доживеала "луда љубов" -- односно, била лудо вљубена во човек кој постојано ја злоставувал и се заканувал дека ќе ја убие. Штајнер зборува за темната страна од нејзината врска, притоа истакнувајќи ги погрешните сфаќања што повеќето луѓе ги имаат во однос на жртвите на домашно насилство, и воедно објаснува како да помогнеме да се стави крај на молкот.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
15:59

Macedonian subtitles

Revisions