Return to Video

Како свирењето на инструмент му влијае на вашиот мозок - Анита Колинс

  • 0:14 - 0:17
    Дали знаевте дека секој пат кога
    музичарите го земаат својот инструмент
  • 0:17 - 0:20
    Во нивниот мозок започнува огномет?
  • 0:20 - 0:23
    Однадвор, тие може да изгледаат
    смирени и фокусирани,
  • 0:23 - 0:26
    додека ги читаат нотите и изведуваат
    прецизно извежбани
  • 0:26 - 0:27
    движења кои им се неопходни.
  • 0:27 - 0:30
    Но, во нивните мозоци се случува урнебес.
  • 0:30 - 0:31
    Како го знаеме ова?
  • 0:31 - 0:33
    Па, во последните неколку децении,
  • 0:33 - 0:36
    невролозите имаат направено огромни чекори
  • 0:36 - 0:40
    во разбирање на функциjata на нашиот мозок
    набљудувајќи ја неговата работа во живо
  • 0:40 - 0:43
    со помош на инструменти,
    како што се ФМРИ и ПЕТ скенери.
  • 0:43 - 0:46
    Кога луѓето се поврзани со овие машини,
  • 0:46 - 0:49
    задачите како што се читање
    или решавање математички проблеми
  • 0:49 - 0:51
    имаат соодветни мозочни области
  • 0:51 - 0:53
    во кои активноста може да се набљудува.
  • 0:53 - 0:56
    Но, кога истражувачите им дале
    на учесниците да слушаат музика,
  • 0:56 - 0:58
    тие виделе огномет.
  • 0:58 - 1:01
    Повеќе области во мозокот
    се активирале истовремено,
  • 1:01 - 1:03
    додека го обработувале звукот,
  • 1:03 - 1:06
    и го разложувале на поединечни елементи
    како што се мелодијата и ритамот.
  • 1:06 - 1:10
    и на крајот ги синтетизирале
    во единствено музичко доживување.
  • 1:10 - 1:13
    Нашите мозоци ја вршат целата оваа работа
    во делот од секундата
  • 1:13 - 1:16
    од моментот кога ќе ја чуеме музиката, до
    моментот кога нашата нога почнува
  • 1:16 - 1:18
    да тапка заедно со ритамот.
  • 1:18 - 1:21
    Но, кога истражувачите се префрлиле
    од набљудување на мозоците
  • 1:21 - 1:23
    на слушателите до тие на музичарите,
  • 1:23 - 1:26
    малиот огномет
    се претворил во прослава на јубилеј.
  • 1:26 - 1:29
    Се воспоставило дека додека слушањето на
    музика го ангажира мозокот
  • 1:29 - 1:31
    во поприлично интересни активности,
  • 1:31 - 1:36
    свирењето на музика е мозочен еквивалент
    на тренинг за целото тело.
  • 1:36 - 1:39
    Невролозите приметиле дека
    бројни мозочни области се активираат,
  • 1:39 - 1:42
    додека истовремено обратуваат
    различни информации
  • 1:42 - 1:46
    во комплицирани, меѓусебно поврзани,
    и неверојатно брзи секвенци.
  • 1:46 - 1:50
    Но што е тоа во изведувањето на музика
    што толку многу го стимулира мозокот?
  • 1:50 - 1:54
    Истражувањето е се уште ново, но
    невролозите имаат доста јасна претстава.
  • 1:54 - 1:59
    Свирење на музички инструмент ангажира
    голем дел од мозокот истовремено,
  • 1:59 - 2:03
    особено во визуелниот, аудитивниот
    и моторниот кортекс.
  • 2:03 - 2:07
    Како и со било кој друг тренинг, 
    дисциплинираното и структурирано вежбање
  • 2:07 - 2:08
    и свирење на музика
  • 2:08 - 2:11
    ги зајакнува тие мозочни функции,
    што ни овозможува да се примени
  • 2:11 - 2:14
    тој потенцијал и на други активности.
  • 2:14 - 2:17
    Најочигледната разликата помеѓу
    слушање и свирење музика
  • 2:17 - 2:20
    е дека за свирењето се потребни
    истенчени моторни вештини
  • 2:20 - 2:22
    кои се под контрола на двете
    хемисфери на мозокот.
  • 2:22 - 2:26
    Тоа, исто така комбинира лингвистички
    и математички прецизности,
  • 2:26 - 2:28
    во кои левата хемисфера е повеќе вклучена,
  • 2:28 - 2:31
    со нови и креативни содржини
    во кои предничи десната хемисфера.
  • 2:31 - 2:34
    Поради овие причини, откриено е дека
    изведбата на музика
  • 2:34 - 2:39
    го зголемува обемот и активноста
    во „Corpus callosum“,
  • 2:39 - 2:41
    мостот помеѓу двете хемисфери,
  • 2:41 - 2:46
    овозможувајќи пренос на пораки низ мозокот
    побрзо и преку повеќе различни патишта.
  • 2:46 - 2:49
    Ова може да им овозможи на музичарите
    да решаваат проблеми
  • 2:49 - 2:53
    поефикасно и креативно,
    во академски и социјални контексти.
  • 2:53 - 2:56
    Бидејќи создавањето музика,
    исто така, вклучува креирање и разбирање
  • 2:56 - 2:59
    на емоционалната содржина и пораки
  • 2:59 - 3:02
    музичарите често поседуваат
    повисоко ниво на извршни функции,
  • 3:02 - 3:04
    што е категорија
    на меѓусебно поврзани задачи
  • 3:04 - 3:08
    кои вклучуваат планирање,
    стратегија и внимание на детали
  • 3:08 - 3:13
    и бара истовремена анализа
    на когнитивни и емоционални аспекти.
  • 3:13 - 3:17
    Оваа способност исто така влијае
    на работата на нашите системи за меморија.
  • 3:17 - 3:21
    Навистина, музичарите покажуваат
    подобрена меморија
  • 3:21 - 3:25
    и креираат, складираат и преземаат
    сеќавања побрзо и поефикасно.
  • 3:25 - 3:30
    Истражувањата покажаа дека музичарите
    ги користат своите добро вмрежени мозоци
  • 3:30 - 3:32
    да му дадат на секое сеќавање
    повеќе ознаки
  • 3:32 - 3:37
    како што се концептуални, емоционални,
    акустични и контекстуални ознаки,
  • 3:37 - 3:39
    како добар веб пребарувач.
  • 3:39 - 3:43
    Па, како да знаеме дека сите овие
    придобивки се единствени на музиката,
  • 3:43 - 3:45
    во споредба со, да речеме,
    спортување или сликање?
  • 3:45 - 3:47
    Или што ако луѓето кои се занимаваат
    со музика
  • 3:47 - 3:49
    биле веќе попаметни пред да започнат?
  • 3:49 - 3:53
    Невролозите ги испитувале овие прашања,
    но досега се покажало дека
  • 3:53 - 3:57
    уметничките и естетските аспекти
    на учењето да се свири музички инструмент
  • 3:57 - 4:01
    се разликуваат од сите други активности
    кои ги проучувале, вклучувајќи
  • 4:01 - 4:02
    ги и другите уметности.
  • 4:02 - 4:04
    Во неколку тестирања
    со случајно избрани учесници
  • 4:04 - 4:09
    кои покажале исто ниво на когнитивни
    функции и невронска обработка на
  • 4:09 - 4:13
    почетокот, се покажало дека оние кои
    изучувале музика,
  • 4:13 - 4:16
    покажале подобрување во многу
    области на мозокот во однос на другите.
  • 4:16 - 4:20
    Ова истражување за придобивките од
    свирењето во развојот на менталните
  • 4:20 - 4:23
    способности го подобри на нашето
    разбирање на менталните функции,
  • 4:23 - 4:26
    откривајќи го внатрешниот ритам
    и комплексните интеракции
  • 4:26 - 4:28
    кои го сочинуваат неверојатниот оркестар
    на нашиот мозок.
Title:
Како свирењето на инструмент му влијае на вашиот мозок - Анита Колинс
Speaker:
Анита Колинс
Description:

Погледнете ја целата лекција на: http://ed.ted.com/lessons/how-playing-an-instrument-benefits-your-brain-anita-collins

Кога слушате музика, мнозина од мозочните области се ангажираат и активираат. Но, кога свирите на инструмент таа активност станува повеќе како вежба со цело тело на мозокот. Што се случува? Анита Колинс објаснува како огнометот кој се активира во мозокот на музичарите кога тие свират на инструментот и истражува некои долготрајни позитивни ефекти од оваа ментална вежба.

Лекцијата е создадена од Анита Колинс, анимацијата од Шерон Коламн Грахам.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TED-Ed
Duration:
04:45

Macedonian subtitles

Revisions Compare revisions