Return to Video

Добредојде на Твитер!

  • 0:01 - 0:03
    Здраво, добредојде на Твитер.
  • 0:03 - 0:06
    Ајде на брзина да поминеме неколку основи.
  • 0:06 - 0:07
    Во срцето на Твитер има
  • 0:07 - 0:09
    мали извори од информации наречени Твитови,
  • 0:09 - 0:12
    брзи ажурирања како текстуална порака.
  • 0:12 - 0:13
    Но Твит може да биде повеќе од само текст.
  • 0:13 - 0:16
    Може да вклучува слика прикачена на Твитер,
  • 0:16 - 0:18
    видео кое можеш да го гледаш во самиот Твит
  • 0:18 - 0:20
    или линк до супер содржина на интернет.
  • 0:20 - 0:22
    Текот од Твитови е твојот Твитер,
  • 0:22 - 0:23
    и го создаваш со следење акаунти
  • 0:23 - 0:25
    кои ти се интересни.
  • 0:25 - 0:27
    Кога прв пат се приклучуваш, твојот Твитер е празен,
  • 0:27 - 0:30
    но за време на регистрацијата ќе ти помогнеме да најдеш супер акаунти
  • 0:30 - 0:31
    кои се совпаѓаат со твоите интереси.
  • 0:31 - 0:33
    Само одбери категории кои ти се допаѓаат како
  • 0:33 - 0:37
    забава, вести, спорт, или внеси го твоето омилено хоби,
  • 0:37 - 0:40
    и ние ќе ти покажеме некои препорачани акаунти во тие области.
  • 0:40 - 0:42
    Кога ќе стиснеш на „Следи“ копчето ќе почнеш да гледаш
  • 0:42 - 0:45
    Твитови од тој акаунт на твојот Твитер.
  • 0:45 - 0:46
    Кликнувањето на нечие име или слика
  • 0:46 - 0:48
    ќе ти каже повеќе за акаунтот,
  • 0:48 - 0:51
    исто така ќе ти ја даде опцијата да го следиш или да престанеш да го следиш.
  • 0:51 - 0:53
    Следењето не е трајно, секогаш можеш
  • 0:53 - 0:55
    да престанеш да следиш акаунти кои не ти се допаѓаат толку,
  • 0:55 - 0:57
    или да пребараш акаунти кои можеби си ги пропуштил
  • 0:57 - 0:58
    откако си завршил со регистрацијата.
  • 0:58 - 1:00
    Битно е да знаеш дека немаш потреба да твиташ
  • 1:00 - 1:02
    за да уживаш во Твитер.
  • 1:02 - 1:05
    Многумина го користат само за да слушаат, отколку да споделуваат.
  • 1:05 - 1:06
    Кога ќе го завршиш својот Твитер профил
  • 1:06 - 1:09
    со прикачување на слика и комплетирање на твојата биографија,
  • 1:09 - 1:10
    земи во предвид преземање на апликацијата
  • 1:10 - 1:12
    за да го понесеш Твитер со себе на твојот смартфон.
  • 1:12 - 1:14
    Тоа е одличен начин да бидеш во тек со
  • 1:14 - 1:16
    сé што те засега додека си во движење.
  • 1:16 - 1:17
    Па, ете!
  • 1:17 - 1:18
    Само стисни на „Следно“ копчето долу
  • 1:18 - 1:20
    и ќе те водиме низ остатокот.
Title:
Добредојде на Твитер!
Description:

Брз водич за регистрација на Твитер.

Видео на @origiful
Музика обезбедена од: http://www.apmmusic.com

more » « less
Video Language:
English
Duration:
01:24
Adriana Popovich edited Macedonian subtitles for Welcome to Twitter!

Macedonian subtitles

Revisions